In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Ветениот Месија а.с.

Денот, 23 март е многу важен за Ахмадија Заедницата. Ова е ден кога Божјото ветување дадено на Чесниот Пратеник (нека е мир и Аллаховите благослови на него) е исполнето и кога неговото пратеништво се потврдило и втората фаза – ренесансата на исламот – започнала. Бог му дал дозвола на хазрети Мирза Гулам Ахмад од Кадијана (нека е мир над него) да објави дека тој е Ветениот Месија и Мехди. Тој повторно, со докази и образложенија, требало да го воспостави Божјото Единство и да ја докаже супериорноста на исламот над сите останати светски религии и во срцата на луѓето да всади љубов кон последниот Пратеник, шеријатскиот Пратеник (нека е мир и Аллаховите благослови на него).

Ние навистина сме среќни што и припаѓаме на заедницата на Ветениот Месија (нека е мир над него). Со оглед на значењето на овој ден, денот на Ветениот Месија а.с. во Џемаатот е обележен со одржување на состаноци. На овие состаноци се зборува за целта на доаѓањето на Ветениот Месија (нека е мир над него), за основањето на заедницата и за тоа колку народот бил благодарен што му е овозможено да го прифати Ветениот Месија а.с., почитувајќи ги упатствата на Чесниот Пратеник (нека е мир и Аллаховите благослови на него) и на тој начин да ги испрати селамите на Месијата.

Треба да се има на ум дека и покрај радоста што сме го прифатиле Ветениот Месија а.с., тоа сепак ги зголемува нашите одговорности на кои треба да обрнеме внимание и да ги извршуваме. Кои се тие одговорности? Пред сè, треба да ја исполниме причината поради која Ветениот Месија а.с. дошол и на тој начин да бидеме меѓу оние кои прифаќајќи го Ветениот Месија а.с. основале нови небеса и нова Земја.

Кои се целите на доаѓањето на Ветениот Месија а.с. и колку добро сме ги разбрале, практикувале и што правиме за да ги рашириме овие цели?

Ветениот Месија а.с. рекол дека Бог му наредил да ја отстрани злонамерноста која се појавила помеѓу Бог и човекот и повторно да воспостави однос на љубов, да ги искорени верските војни, да ги обелодени оние вери кои биле скриени од светот, да претстави модел на духовност кој бил скриен под себичниот светски мрак, да ги претстави Божествените моќи кои се манифестираат во луѓето низ делата а не само низ зборовите, и над сè, уште еднаш да засади младо стебло на сјајната Еднаквост на Бог меѓу луѓето. Тој рекол дека сето тоа ќе се случи низ Божјата моќ. Сега, задачата на следбениците на Ветениот Месија а.с. е да му ја покажат на светот убавината на живата вера на исламот.

Тоа е наша голема обврска за подобрување и засилување на нашата врска со Бог. Да го известиме светот дека со доаѓањето на Ветениот Месија а.с. им дошол крајот на верските војни и дека сега искрениот следбеник на Чесниот Пратеник с.а.в.с. е тој кој може да направи Умметот да биде еден, бидејќи е дојден во наметката на Пратеникот. За овие вистини да станат очигледни ние мораме да покажеме добри духовни примери, да ја отстраниме себичноста и да му објасниме на светот дека дури и денес Бог им се обраќа на луѓето. Ние на светот мораме да му кажеме дека Бог е Еден, дека сè на светот е смртно, дека само Бог може да не спаси од уништувањето и дека нашата постојаност е поврзана за Него.

Ветениот Месија а.с. напишал:

„Оваа скромна личност е пратена само поради пренесувањето на пораката на Божјите суштества дека, од сите вери во светот, искрената вера која е во единство со Божествената волја е онаа која ја донел Чесниот Кур‘ан и дека вратата низ кои се отвора куќата на спасот се: ’Никој не е вреден за обожавање освен Аллах џ.ш., Мухаммед е Аллаховиот Пратеник‘.“

(Суштината на исламот, поглавје IV, стр. 113)

Ветениот Месија а.с. рекол дека целта на неговото доаѓање е оживувањето на исламот. Рекол, не мислете дека јас носам некој нов закон, односно шеријат, или пак нова книга. Рекол дека таквото размислување потполно е погрешно. Рекол дека никаков нов закон не може да дојде бидејќи тоа е завршено со Чесниот Пратеник с.а.в.с. и Чесниот Кур‘ан е печат на сите книги. Меѓутоа, точно е дека благословите и добротворството на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и упатствата на Чесниот Кур‘ан се тука за да се оживуваат во секое доба и како доказ на овие благослови и добротворства Бог го одредил него. Зборувал за кревката состојба на исламот во текот на која Бог го пратил како поддршка и како старател а во согласност со Неговото ветување:

„Навистина, Ние ја објавивме оваа опомена и навистина ќе ја чуваме.“

(15:10)

Ветениот Месија а.с. запрашал, кога исламот имал потреба од старател и поддршка ако не во времето на неговото доаѓање? Тој рекол дека состојбата во неговото време била како во времето на Битката кај Бедр за која Бог вели:

„А Аллах веќе ви помогна на Бедр кога бевте слаби …“

(3:124)

Ветениот Месија а.с. вели дека овој ајет носи пророштво за исламот во 14-от век кој ќе биде во слаба ситуација, и во согласност со Неговото ветување, Бог ќе му помогне на исламот.

Ветениот Месија а.с. рекол дека постојат две причини за неговото доаѓање: муслиманите да ги зацврсти во богобојазливоста и чистотата за да станат вистински муслимани, онакви како што Бог посакувал во суштината на зборот муслиман; а што се однесува до христијаните неговото доаѓање значело отстранување на начелото на крстот и да го намали вештачкиот бог кој христијаните го создале,  и светот потполно да го заборави и само вистинскиот Бог да го обожава. Тој рекол дека неговите противници ќе ги уништи отровот на нивните подли реакции во светлината на неговите цели, како што Бог вели:

„… навистина Аллах не упатува оној кој е престапник, (и) голем лажго.“

(40:29)

Според тоа, Бог со лажговците се однесува во согласност со тоа, но она што е направено поради Божјата величественост и поради благословите на Неговиот Пратеник, мелеките го чуваат. Ако неговата мисија била световна работа Бог тоа би го уништил, но таа била од Бог и сигурно е од Бог, и затоа мелеките ја штитат. Ветениот Месија а.с. рекол дека никогаш не се случило Божји Пратеник или Божји Халифа да дојдат на овој свет а светот тивко да ги прифати.

Ветениот Месија а.с. рекол дека Бог го пратил на светот да му ги покаже скриените блага и да ги очисти од калта која ги оцрнила, која била нафрлана на нив. Божјото чувство за чест се засилило и Бог сакал да ја обнови почитта кон Чесниот Кур‘ан. Тој рекол дека противниците го користат пишаниот збор за да го напаѓаат исламот и затоа, во таква ситуација, ако било кој користи сила за да го одбрани исламот, тој исламот ќе го доведе на лош глас. Исламот никогаш не одредил употреба на бесмислена сила. Ветениот Месија а.с. рекол дека сега војните немаат никакви религиски основи и се водат од световни причини; затоа е погрешно на противниците да им се одговори со сила. Тој рекол дека суштините на војните се смениле и затоа е важно прво да ги употребиме своите срца и умовите, да се исчистиме и од Бог искрено да побараме помош и победа. Ако муслиманите сакаат да успеат и да ги победат зборовите, тоа не е можно. Бог тоа не го сака. Он ја сака богобојазливоста и чистота, како што е кажано:

„Навистина, Аллах е со оние кои се богобојазливи и кои се добротвори.“

(16:129)

Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека нападите спроведени во името на исламот не му помагаат на исламот туку му наметнуваат лош глас. Убивањето на невините луѓе предизвикува Божјо незадоволство. Оние кои неодамна убија невини души во Белгија, сурово терористичко дело, со убивањето на десетици невини и со ранувањето на стотици, никогаш не можат да го стекнат Божјото задоволство. Ветениот Месија а.с. јасно објаснил дека во ова време борбата во името на религијата е забранета и дека таа предизвикува Божјо незадоволство. Никој не може да каже дека оваа порака не стасала до секого – дека сега битката поради религија е забранета. Нека Аллах џ.ш. им даде разум на оние муслимани кои прават суровост, било тоа да се влади или групи; нека обрнат внимание на гласот на Имамот на Своето доба, нека престанат со суровоста и нека почнат да го употребуваат вистинското оружје на ова доба кое му било дадено на Ветениот Месија а.с..

Ветениот Месија а.с. рекол дека сега треба да се користи перо а не сабја (сила). Тој рекол дека нашите непријатели вистинската вера на исламот ја нападнале со средствата на науката и вештините. Тој рекол дека ова го инспирирало на полето на науката да ја употреби својата способност за пишување и да го покаже чудото на исламската духовна храброст. Тој рекол дека без Божјата милост не би можел тоа да го направи. Тој сакал Ветениот Месија а.с. да ја одбрани Неговата вера.

Ветениот Месија а.с. рекол дека е стварно само тоа што исламот го донел. Рекол дека верува оти и да не постоело Евангелието или Кур‘анот или книгите на други Божји пратеници, Божјата Единственост сепак би била докажана бидејќи нејзините знаци/траги се наоѓаат во човечката природа. Да се предложи Бог да има син е исто како да се предложило Бог да ја доживее смртта затоа што тука е синот, наследникот кој ќе ја продолжи лозата. Ако Иса а.с. е Божји син, се поставува прашањето дали Бог ќе умре? Накратко, во својата вера христијаните немаат посебна почит кон Бог или било какво разбирање за човечката способност и имаат верување кое не носи светлина во себе. Одликата на исламот е дека во секое доба има знаци кои го поткрепуваат, токму како што Бог ниту ова доба не го оставил без знаци. Ветениот Месија а.с. рекол дека Бог го пратил на светот да му ја покаже вистината на исламот. Рекол дека е благословен оној кој во потрага по вистината ќе дојде кај него и благословен е оној кој тогаш ќе ја прифати.

Ветениот Месија а.с. рекол дека Кур‘анот дава конечно знаење за Иса а.с. а тоа е дека тој жив се симнал од крстот. Илјада години (пред него) додека исламот се соочувал со многу проблеми, меѓу муслиманите влегла погрешна вера дека Иса а.с. бил жив воздигнат на небесата и дека ќе се симне на земјата на Судниот ден. Меѓутоа, тој рекол дека Бог него го одредил за да ги отстрани погрешните верувања кои се вовлекле меѓу муслиманите и да му ја покаже вистината на исламот. Тој рекол дека требало тој да ја изложи стварноста зад другите лажни религии, особено да го отстрани начелото на крстот кое е пречка за духовниот развој на човекот.

Ветениот Месија а.с. рекол, дури и ако останатите причини за доаѓањето на Месија се остават на страна, потребата за неговото доаѓање е поради сличноста на состојбата на исламот со времето на Муса а.с.. Иса а.с. дошол 1400 години после Муса а.с.. Ветениот Месија а.с. рекол дека ова е пример за некој кој ќе дојде како одраз на Божјиот пратеник, меѓутоа, оние кои тврдат дека Иса а.с. лично ќе се врати треба да замислат пример кој сигурно не може да се замисли. И ако тие можат да замислат некаков пример зошто се зафаќаат со нови идеи? Ветениот Месија а.с. рекол дека таквите идеи треба да се избегнуваат затоа што тие доведуваат до уништување. Евреите го навлекле Божјиот гнев затоа што го одбиле Божјиот пратеник и затоа што нешто што е метафорично го сметале за вистинско. Слична ситуација постои и сега. Ветениот Месија а.с. рекол дека иако муслиманите денес пред себе го имаат примерот на поранешните Евреи, тие сепак не разбрале.

Ветениот Месија а.с. рекол дека постојат три знака за неговата вистинитост. Првиот знак е неговото чудно знаење на арапскиот јазик, вториот знак бил примањето на безбројни дови, третиот знак бил за неговите претскажувања и четвртиот знак бил тоа што му биле откриени духовни знаења за Чесниот Кур‘ан. Ветениот Месија а.с. рекол:

„Јас бев испратен на ист начин како оној после Муса а.с. чија душа била воздигната на небото откако ги поднела сите видови на искушенија за време на владеењето на Херодот.“

Кога другиот Калимуллах (Чесен Пратеник) – кој всушност бил прв и бил Поглавар на Пратениците с.а.в.с. – дошол поради уништувањето на фараоните, во врска со него било кажано:

„Да, ние навистина ви пративме Пратеник кој ќе сведочи против вас, онака како што на фараонот му испративме пратеник.“

(73:16)

Тој исто така бидејќи бил сличен на првиот Калимуллах (Муса) но со повисок статус, бил Ветениот Месија сличен на Првиот Месија. А Ветениот Месија, откако му била дадена моќ и нарав и одлика на Месија, синот на Мерјем а.с. се симнал од небото во времето кое било еднакво на времето на првиот Месија и помалку или повеќе – во ист период кој го раздвојувал Месијата а.с., синот на Мерјем, од првиот Калимуллах (Муса а.с.), односно во 14-от век. Тој бил духовно симнат, како симнувањето на оние совршени кои после духовното воздигање се симнуваат поради поправањето (реформата) на Божјите суштества. Тој се симнал во времето кое било слично на времето на симнувањето на Иса а.с., синот на Мерјем, така што ова треба да биде знак за луѓето кои разбираат. Секој треба да поведе сметка да не брза да го одбие, за да не биде осуден да се бори со Семоќниот Бог. Световните луѓе со своите слепи прифаќања на старите поими нема да го прифатат, но набргу доаѓа време кога нивната грешка ќе им биде покажана. Оној кој предупредува дошол во светот, а светот не го прифаќа, но Бог ќе го прифати и ќе ја втемели неговата вистинитост со силни напади.“

(Суштината на исламот, том IV, стр. 114-115)

Хазрети Халифа-тул Месих рекол:

„Неодамна, по повод 23 март Ахмади муслиманите си пратија пораки со честитки (мубарек) преку телефон, како што тоа денес се прави преку Ватцап. Ако овие пораки со честитки се пратени со намера дека по прифаќањето на Ветениот Месија а.с. се придружиле на оние муслимани кои се упатени и кои ја помагаат верата, тогаш сигурно имаат оправдување за праќањето на пораките, тука нема ништо погрешно во таа постапка и тоа не се штетни нови обичаи.

Бев изненаден кога една личност преку писмо, луѓето кои си праќаат пораки јавно ги укори поради тоа што го прават сметајќи дека со тоа ќе бидат вплеткани во штетни не исламски обичаи, како што тоа го прават другите муслимани. Бев изненаден како ова личност за која сметам дека има верско знаење и знае како работи управата на Џемаатот може да им каже на луѓето дека ќе бидат вплеткани во штетни нови обичаи!

Останатите муслимани го немаат благословот на Халифатот, кој го имаат Ахмади муслиманите бидејќи тие го прифатиле Ветениот Месија а.с.. Ако се забележи нешто штетно или се развие некаков не муслимански обичај, во тој случај, ако Халифатот е исправен и праведен, тоа ќе се сопре. Исто така треба да се има на ум дека не треба да се има сомнеж и треба да се земе во предвид (хадис) дека на делата им се суди според намерите. Оваа личност требало да направи неговото гледиште да остане зад штитот на Халифатот. Не обидувајте се да ги пречекорите ингеренциите на Халифатот. Кој прави така ќе падне. Ова треба да се запомни. Треба да се одржува единството и не треба да се прават напори на Џемаатот да му се наметнат било какви лични приоритети.

Јас ќе ви дадам пример за такви нешта, тоа не е толку голем проблем од она што е гледиштето на Ветениот Месија а.с. за одредени штетни обичаи кои муслиманите ги следат! Ветениот Месија а.с. го прашале за Каза е Умри намаз кој некои луѓе го клањаат во последниот петок од рамазан за да го надоместат претходно пропуштениот намаз. Тој одговорил: ’Тоа е лекоумна работа‘. Меѓутоа, еднаш во времето на хазрети Али р.а. некој човек клањал намаз надвор од времето на намазот. Друг човек го прашал хазрети Али р.а. зошто не го сопрел човекот? Хазрети Али р.а. одговорил дека се плашел да не се пронајде во ајетот:

„Дали го виде оној кој му забранува?“

(96:10)

Навистина, ако некој го напушта намазот со мисла дека ќе клања Каза е Умри, тој греши но ако клања поради тоа што жали тогаш нека клања, зошто да го сопирате? И покрај сè тој клања. Кога тоа го велиме, на таквата личност и недостасува храброст. Погледнете, вие исто така можете да се пронајдете во овој ајет ако го сопрете.

Така, овие предупредувања биле за оние кои имаат право да донесат наредба и укази но овој човек донесува укази и ги предупредува луѓето кои едни на други си испраќаат честитки. Ако имал нешто на ум требало на мене да ми пишува. Ако нешто треба да се сопре, тоа е должност на Халифата на време тоа да го направи преку управата на Џемаатот. Нека Аллах џ.ш. го оспособи секој поединец да ги разбере целите на доаѓањето на Ветениот Месија а.с. и нека ги оспособи тоа да го практикуваат.

Најавена е џеназа за двајца чии тела се присутни и за една личност чие тело не е присутно.

Мехмоода Саади сахиб починал на 22 март на 94 години.

Нур-уд-Дин Чираг починал на 45 години.

Саједа Мубарака Бегум починала на 20 март на 83 години.