In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифа-тул Месих II: Бисери на мудроста

Во еден извадок од книгата на Ветениот Месија, нека е мир на него, кој минатиот петок беше наведен, се вели дека се среќни оние кои се родени во времето на Ветениот Месија, нека е мир со него, и дека треба да бидат радосни што Бог нив ги избрал да бидат родени во тоа време и што ги приклучил во групата на среќни луѓе кои доживееле длабока старост.

Ние Ахмади муслиманите навистина се наоѓаме меѓу тие среќни луѓе кои земале баи‘ат од Ветениот Месија, нека е мир на него, и на тој начин станавме дел од оние кои го практикуваат тоа што Бог го наредил. Постојат и такви кои не го земале овој баи‘ат, иако тој бил тука.

Тука се и оние несреќни луѓе кои претерале во непријателството и спротивставувањето и станале лишени од водството кое Бог го пратил и тие луѓе се расфрлани на сите страни.

Ветениот Месија, нека е мир на него, одредени прашања преку примери ги објаснил во своите говори, писанија и на собирите. И тие можат да се најдат во обичаите на неговите следбеници. Меѓутоа, хазрети Муслех Мауд, нека Аллах џ.ш. џ.ш. е задоволен со него, ни направил голема услуга спомнувајќи ги нештата од собирите и обраќањата кои тој самиот ги видел или ги слушнал од блиските следбеници.

Тие обичаи веќе некое време се спомнуваат во хутбите во петок и луѓето пишуваат дека тие примери им помогнале нештата да ги разберат полесно. Денешната хутба се однесува токму на тоа.

Ветениот Месија, нека е мир на него, зборувал за тоа дали е во ред да се штрајкува или не. Најчесто, главна причина за штрајк е кога правата на луѓето се загрозени. Понекогаш работодавачот им ги одзема правата на работниците а во други прилики работниците му ги одземаат правата на работодавачот. Државата им го одзема правото на граѓаните а се случува и обратно. Сериозни мерки се преземаат кога правата на јавноста и на работниците не се исполнети. Таков е маѓепсаниот круг на земскиот живот во кој е вклучен човечкиот род. Исламот не учи да се обидеме да ги исполниме правата на другите како што се исполнети права помеѓу браќата.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах џ.ш. е задоволен со него, рекол дека културата на исламот е изградена на принципите на правдина и љубов. Ако во времето на животот на Ветениот Месија, нека е мир на него, некој од Ахмади муслиманите би учествувал во штрајк тој строго би ги укорил.

Овие денови во муслиманските држави често се штрајкува во главно поради судирот помеѓу државата и граѓаните. Ако муслиманските влади беа праведни, надворешните моќници со нечесни мотиви не би имале прилика да создадат немир меѓу нив.

Нека Бог ги вразуми муслиманските влади, посебно пакистанската влада, да им се овозможат правата на луѓето. Ако Ахмади муслиманите присилно се вклучени во тие работи, тие треба да се молат да не предизвикаат никаква штета на имотот на државата.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах џ.ш. е задоволен со него, рекол дека кога професионалец се одмора после чесно изработен ден, било тој да е генерал, адвокат, судија, трговец, говорник или владин министер, тој вели дека неговата работа била напорна. Меѓутоа, ние можеме да го видиме благословениот пример на Чесниот Пратеник, нека е мир и Аллаховите благослови на него, кој ги извршувал сите работи и во световниот живот. Тој бил судија, учител и управител и ги објаснувал законите но секогаш наоѓал време и за домашни работи за да им помогне на своите сопруги. И никогаш не кажал дека е премногу зафатен за да не може да помогне во куќата.

Тој ги исполнувал правата на своите жени до таа мера што секоја жена чувствувала дека центар на неговото внимание. Иако имал девет жени, ниту една од нив не се чувствувала занемарено. Неговиот обичај бил по икиндија намаз да ги посети сите жени да припомогне и да ги праша  дали им е потребно нешто. Навистина тој имал и многу други обврски и воопшто немал слободно време.

Во истото подрачје од светот во кој живеел, луѓето припишувале и понатаму ја припишуваат мрзеливоста на болеста како што е на пример маларијата. Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах џ.ш. е задоволен со него, рекол дека Ветениот Месија, нека е мир на него, бил одраз на Чесниот Пратеник, нека е мир и Аллаховите благослови на него. Рекол дека се сеќава дека многупати кога одел да спие би го видел Ветениот Месија, нека е мир на него, како работи и кога ќе се разбудил повторно гледал како Ветениот Месија бил зафатен со работа.

Сепак Ветениот Месија, нека е мир на него, ги почитувал своите читатели (луѓето кои ги прегледувале списите) до таа мера што доколку читателот дошол со доказ што задоцнил на јација намаз, Ветениот Месија, нека е мир на него, би станал и би го примил, и повеќе пати му се заблагодарувал за неугодноста иако неговата задача била многу мала во споредба со она што Ветениот Месија а.с.  го направил. Понекогаш поради лошото здравје морал да оди на прошетка, но и во текот на прошетката тој продолжувал да работи. Дури иако бил излезен на прошетка тој расправал за проблемите и одговарал на прашањата.

Невниманието и мрзеливоста не треба да се сметаат за болест. Да не зборуваме за луѓето кои живеат во подрачја каде што владее маларија. Многумина од оние кои емигрирале во Европа седат дома, гледаат ТВ или се караат со жените, или со децата се однесуваат на таков начин што тие стануваат изморени. Ова не е болест туку невнимание. Постојат такви кои не се грижат за заработка бидејќи можат да добијат социјална помош. Оние кои живеат овде на Запад треба да се ослободат од таквото однесување.

Во исламскиот брак постои мираз кој се нарекува хак мехр. Луѓето мислат дека тој на жената се дава единствено во случај на развод  каде мехр е правото на жената. Тоа е одредена сума на пари кои таа ги чува и троши кога е потребно, кога се предомислува да го праша сопругот за помош или доколку тој не може да исполни одредени обврски. Таа може да има потреба од било што, како што е, на пример, помош за роднините или помош за некој друг. Тие пари се за нејзина лична употреба да ги користи во итен случај или кога таа ќе посака. И не е само хак мехр, постојат и такви кои ставаат ограничување на заработката на сопругата или бараат одреден дел или на својата сметка ги ставаат парите. Во неразвиените држави родителите на  загрозените семејства бараат мехр да им биде доделен во време на венчавката. Тоа е погрешно и се сведува на продажба на ќерката, а тоа е нешто што исламот строго го забранува. Сопругата може да го предаде својот мехр но во случај кога прво нејзе ќе и биде даден. Хазрети Омер, нека Аллах џ.ш. е задоволен со него, и некои други чесни луѓе рекле дека хак мехр мора да се плати, и после година дена жената ако сака може да го предаде.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах џ.ш. е задоволен со него, рекол дека Хакеем Фазл Дин Сахиб имал две жени и еден ден го слушнал Ветениот Месија, нека е мир на него, како зборува дека плаќањето на хак мехр е обврска која мора да се исполни. Тој одговорил дека неговите жени се одрекле од нивниот мехр. Ветениот Месија, нека е мир на него, го прашал дали тие се одрекле од него откако Хакеем Сахиб им го ставил на дланките на нивните раце? Тој рекол дека мора прво да им го предадеа а потоа тие можат да се одрекнат од него. Мехр за жените на Хакеем Сахиб бил 500 рс поединечно за секоја од нив. Тој позајмил пари и на двете им исплатил, говорејќи, како што знаете вие го одбивте правото на мехр и сега ве молам да го вратите. Жените одговориле дека не знаеле дека тој еден ден ќе им исплати мехр и сега кога го имаат не сакаат да го вратат. Ветениот Месија, нека е мир на него, убаво се насмеал кога Хакеем Сахиб му ја раскажал приказната. Тој рекол дека правилно е прво да се исплати, а ако е вратен во одредено време, тогаш тоа е во ред. Еднаш кога жената ќе го прими мехр но е среќна да го врати, тогаш тоа е во ред, во спротивно дури мехр да е во вредноста од милион долари таа ќе го одбие бидејќи знае дека никој всушност нема да и го исплати тој мехр и дека тоа е само вербален договор. Поради тоа важно е прво да се исплати мехр , па ако жената сака подоцна може да го врати.

Зекат е нешто задолжително во исламот за сите оние кои ги исполнуваат неговите критериуми а постоеле и чесни луѓе кои својата заработка ја давале на Божјиот пат. Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах џ.ш. е задоволен со него, рекол дека Бог одредени луѓе ги создал како пример за останатите. Рекол дека слушнал од Ветениот Месија, нека е мир на него, како некој го прашал на колку рупии зекатот е задолжителен. Тој одговорил: „За тебе едена рупија за секои  четириесет рупии.“ Човекот прашал: „Што мислиш под тоа ’за тебе‘? Дали постојат различити тарифи?“ Тој одговорил дека постојат. Ако имам четириесет, задолжително треба да платам четириесет и една рупија. Со оглед на твојот статус, Бог наредил да заработиш, и да уживаш во заработката а со оглед на мојот статус, Бог обезбедува за мене, така ако глупо би сакал да сочувам 40 рупии, би морал да дадам 40 рупии и додатно една рупија како казна.

Одредени луѓе кои имаат бизнис интуиција имитирајќи ги другите прават работи кои се против обичаите на Џемаатот и на учењето на исламот. Луѓето во администрацијата исто така можат да бидат дел од овој вид на луѓе. Еднаш еден локален службеник во Кадијана објавил образец и почнал за неколку пени да го продава на луѓето. Советувајќи ги луѓето во Џемаатот во тоа време Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах џ.ш. е задоволен со него, рекол дека тие во сè треба да го пратат Шеријатот и Чесниот Пратеник, нека е мир и Аллах џ.ш.овите благослови на него, и дека треба да го пратат Ветениот Месија, нека е мир над него.

Рекол дека му било покажано парче хартија кое изгледало како образец кој бил продаден по мала цена од страна на локален службеник. Прашал, како може да биде наша работа да ја копираме владата? Додал дека вакви нешта на противниците им даваат прилика за критика. Дал пример за некој кој работел во судот за прекршоци како некој кој ги пишува апликациите и бил задолжен за работа со документите и фајловите. И тој посакал да имитира, како што локалниот анџуман имитирал, и посакал да биде судија, и бидејќи не успеал да ја исполни таа своја желба, начинот го нашол дома. Тој подготвил многу документи дома, еден за сол, еден за масло, еден за гориво, еден за лути пиперки итн.

По враќањето од работа тој превртувал земјана чинија со вода седнувал на неа и кога жената кажувала како повеќе нема сол, тој на читачот му кажувал да го донесе тој и тој документ. Откако би го прочитал документот кажувал: „Запиши дека сум ја нарачал таа и таа количина на сол.“ За жал, еден ден неколку документи во судот биле украдени. Неговиот сосед кој секој ден го слушал како секој ден зборува за документи го пријавил во полиција. Полицијата дошла во неговиот дом и по претресот нашла единствено документи за сол, лути пиперки, масло и гориво.

Поуката од ова е дека треба да го избегнуваме имитирањето кое е против нашите учења и традиции. Ако нешто треба да се имитира тогаш тоа е благословениот пример на Чесниот Пратеник, нека е мир и Аллах џ.ш.овите благослови на него, или пак во ова време примерот на Ветениот Месија, нека е мир над него, кој ни покажал што тој научил од својот учител.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах џ.ш. е задоволен со него, рекол дека се сеќава како во последната година од животот на Ветениот Месија а.с., или во првите години на халифатот во текот на рамазан чувствувал голема жед. Тоа било или поради големата жештина или пак затоа што не пиел вода на сехур. Еден час пред заоѓањето на сонцето, чувствувал дека ќе се онесвести. Исцрпен паднал на креветот и имал визија како некој му става чаша на устата од која тој пие вода и жедта се гаси. Кога жедта се изгасила, чувствувал дека повеќе и не му е потребна вода. Главна работа во таква ситуација е да исполниме нечија потреба било да го дадеме тоа што е потребно или да направиме некој да ја изгуби желбата за таа иста работа.

Некој на Ветениот Месија а.с. му пишал и барал дови за да се ожени со одредена жена. Ветениот Месија а.с. му одговорил и рекол дека ќе прави дови но под услов да не биде неопходно женидбата со таа жена да биде исход на довата туку да биде во состојба да ја ожени или да почне да чувствува дека повеќе не ја сака. Ветениот Месија а.с. правел дови и овој човек по неколку дена му напишал дека веќе не и е наклонет на таа жена. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека и нему некој му пишувал за такво нешто и тој дал одговор следејќи го Ветениот Месија а.с., а човекот подоцна го известил хазрети Муслех Мауд р.а. дека го изгубил интересот за жената.

Хазрети Халифа-тул Месих р.а. рекол дека прима такви писма во кои луѓето изразуваат желба да склопат брак, бараат дови, и бараат Џемаатот да разговара со родителите и во писмата велат дека ако тоа не се случи и двајцата ќе умрат. Ова се бесмислени зборови. Вистинската цел на бракот е да се најде мир и продолжение на видот. Во тоа треба да се бара Божјата милост и благослов. Ако парот е добар во Божјите очи, нека се случи тоа, ако не е нека човекот го изгуби интересот. Световната љубов исто така треба да се бара поради Божјата љубов.

Објаснувајќи дека ништо во себе не е штетно, хазрети Муслех Мауд р.а. дал пример за отровот кој може да убие, но сепак стотици илјади луѓе го земаат како лек. Опиумот е нешто погубно но неговата корисност ја надминува неговата штетност. Ветениот Месија а.с. зборувал дека половина од лековите во себе содржат опиум. Неговата корист е голема. Кога човекот е вознемирен и не може да спие, кога има толку големи болки што е склон кон самоубиство, му се дава морфиум кој донесува олеснување. Ништо не е штетно само од себе, штетата доаѓа од неговата погрешна употреба која е во човековото сопствено невнимание. Затоа хазрети Ибрахим р.а. болеста ја доведувал во врска со самиот човек а лечењето му го припишувал на Бог. Луѓето правеле секаков напор за нешто но Бог не им дал успех. Како тоа што е добро го припишуваат сами на себе а тоа што е лошо го припишуваат на Бог. Верникот вели дека сета благодарност му припаѓа на Бог Кој му дава успех и кога нештата ќе тргнат погрешно тој вели: „Инна лиллахи ве инна илејхи раџиуун“. (На Аллах џ.ш. му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме) и неуспехот го припишуваат на сопствено невнимание.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека од Ветениот Месија а.с. слушнал како единец син на некоја жена тргнал во војна и ја прашал мајката каков подарок да и донесе, што е тоа што ќе ја израдува. Таа на синот му одговорила дека сака само тој да и се врати здрав и жив. Но синот сепак бил упорен мајката да му каже што сака да и донесе. Затоа таа рекла: „Добро, донеси ми што повеќе изгорени парчиња леб, тоа ќе ме израдува.“ Синот сепак сметал дека тоа не е доволно добро и ја прашал што уште сака но мајката инсистирала дека тоа е сè што посакува. Додека бил далеку од дома нејзиниот син секој пат кога печел леб се трудел малку да го загори за да собере што повеќе парчиња за својата мајка. Тој ги јадел деловите на лебот а загорените парчиња ги ставал во вреќа. Кога се вратил дома на мајката и дал многу вреќи загорен леб и кажал дека иако го прифатил нејзиниот совет всушност не разбрал каква мудрост стои зад тоа. Мајката одговорила дека не можела да му каже порано но многу болести се предизвикани од земањето на храна која не е добро сварена. Причината поради која барала да и донесе изгорени парчиња леб била таа да биде сигурна дека лебот ќе го испече како треба и ако нешто од тоа ќе загори тој ќе го јаде останатото а изгорените делови ќе ги остави и ќе биде во добро здравје. Сега ако мајката на синот му кажала да избегнува да јаде наполу печен леб можеби тој би рекол дека не е глупав да јаде наполу испечен леб! Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека оваа приказна ја раскажал за да објасни дека кога се зборува за прифаќањето на довите луѓето мислат дека се работи за мали нешта, нешта со кои се запознаени. Навистина, тие се запознаени со тие нешта но дали ги практикуваат?

За прифаќањето на довите потребни се две гледишта.

„… оѕвивајте се на Мене и верувајте во Мене …“

(2:187)

Постојат и многу други гледишта и луѓето велат дека се запознаени со нив. Навистина, тие се запознаени со овие гледишта, но дали ги практикуваат? Луѓето пишуваат и велат дека правеле многу дови но нивните дови не се прифатени. Ова преставува изнесување на обвиненија против Бог и ја покажува слабоста на верата.

Хазрети Халифа-тул Месих р.а. раскажува како некој дошол да го види и рекол дека правел многу дови и го прашал зошто неговите дови не биле примени. Хузур го прашал: „Бог ни кажува да се држиме до неговите наредби, дали ти се држиш до нив?“ Овој човек одговорил: „Не“. Ние прво треба да ја видиме сопствената состојба, дали нашата вера е слаба или не. Тоа што е потребно е верата на хазрети Ибрахим а.с., кој слабоста ја припишувал на самиот себе а успехот му го препишувал на Бог. Нека не Аллах џ.ш. оспособи да се држиме до неговите наредби и нека нашите дови бидат прифатени.

Потоа е најавена џеназа во отсуство за Сајед Асадул Ислам Схаха од Глазгов, синот на Сајед Наеем Схаха. Неговото семејство долги години се Ахмади муслимани и му служат на Џемаатот.

Тој почина на 24 март 2016 година во напад на екстремистите. „Навистина на Аллах џ.ш. му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.“

Бил сериозно повреден пред неговиот дуќан во Глазгов на 24 март и бил однесен во болница но веднаш по пристигањето починал. Тој е убиен бидејќи бил Ахмади муслиман. Тој го жртвувал својот живот и стекнал статус на шехид. Печатот и владините институции изразија шок и сочувство. На државните институции е да преземат чекори за да ги сопрат екстремистите. Ако на овие луѓе тука им се даде слободно владеење, тие ќе создадат неред во оваа земја како што го создадоа во другите муслимански земји.

Асад Шахид е роден во февруари 1974 во Рабва. Стекнал ФСц од Нусрат Јахан академијата. Во Глазгов се доселил во 1988 година и му се придружил на таткото во работата. Бил зачленет во програмата на Завештание и бил редовен во финансиските придонеси. Според извештаите на Кхуддамул Ахмадија тој бил прв член и присуствувал на Иштема. Редовно присуствувал на џума намаз во петок.

Понекогаш минувал разни фази со проблеми од менталното здравје поради што понекогаш се повлекувал, но подрачниот Амир сахиб рекол дека кога последен пат се сретнале тој ја изразил својата врска со Халифатот. Имало некакво недоразбирање дека тој го напуштил Џемаатот но тоа не било точно. Тој бил Ахмад и поради тоа и бил убиен. До крајот бил редовен во присуствувањето на Кхудама и на Џемаатот.

Шамс-уд-Дин сахиб, мисионер од Кабабира пишува дека жената на Асад сахиб е од Кадијана и дека е роднина на жената на Шамс сахиб. Пред неколку години Шамс сахиб два пати ја посетил куќата на Сахах сахиб и еднаш и преноќил, а во текот на овие посети Асад сахиб го прашал за ширењето на пораката и за работите на Џемаатот и не зборувале за никакви световни работи. Шамс сахиб двата пати го видел како прави тахаџуд намаз. Нека Аллах џ.ш. џ.ш. му опрости и нека има милост кон него, и нека на семејството му подари мир.