In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифа-тул Месих II: Бисери на мудроста

Бог го пратил Ветениот Месија а.с. поради оживување на верата во сегашното доба во покорност на Чесниот Пратеник с.а.в.с. Тој ни ја покажал чистата форма на верата и не советувал да ги напуштиме штетните и погрешни новини во верата. Во ова доба тој е вистински пример на учењето и на благословениот пример на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и во тој поглед тој за нас е светилник на светлината. Ние сме среќни што нашите предци и другите асхаби ги пренеле преданијата на Ветениот Месија а.с. кои не збогатуваат. Многумина од долгогодишните Ахмади муслимани лично од своите постари ги слушнале мислењата на Ветениот Месија а.с..

Хазрети Муслех Мауд р.а. во својот единствен стил ја пренел важноста на овие преданија и извлекол совет од учењето на исламот и за на око мали обични преданија. Многумина од овие асхаби живееле доволно долго во текот на времето на Муслех Мауд р.а. и тој ним и нивните семејства ги советувал да ги соберат и да ги средат овие преданија бидејќи тие ќе овозможат совет и решение за многу прашања за идните генерации.

Во светлината на проблемите кои се раѓаат внатре во Џемаатот, хазрети Муслех Мауд р.а. го свртел вниманието на важноста на средувањето на овие излагања. Тој секое скратување дури и на најмалите детали од преданијата за Ветениот Месија а.с. ги нарекувал јавно предавство. Тој објаснил дека и малите преданија  понекогаш се исклучително значајни бидејќи од нив можат да се извлечат големи заклучоци. Хадисот пренесува дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. сакал да јаде парчиња тикви варени во чорба и рекол дека тиквата е убава работа. Ова привидно мало предание за некои Ахмади можеби е безначајно. Меѓутоа, постоело време кога хинду културата на многу начини имала влијание на муслиманите и едно од нив било тоа што за побожни се сметале само оние кои не јаделе добра храна. Така, ако виделе било која високо побожна личност да јаде добра храна тие кажувале: каква побожна личност тоа би го правела!

Исто така, еднаш еден хинду граѓанин на Кадијана го прашал Халифа-тул Месих I р.а. дали е вистина дека Ветениот Месија а.с. јаде ориз варен со месо и употребува бадемово масло? Хазрети Халифа-тул Месих I р.а. му рекол дека во неговата вера (ислам) тоа е дозволено. Тогаш човекот го прашал дали тоа се однесува и на аскетите и светите луѓе. Му било кажано дека во исламот тоа се однесува и на аскетите и на светите луѓе. Човекот замолчел. Замислете, овој човек дошол со овој голем приговор за тоа како некој може да биде Ветениот Месија ако јаде ориз со варено месо и користи бадемово масло.

Ако асхабите на Ветениот Месија не ја спомнале случката со тиквата, многу важна работа ќе останела нерешена. Друг хадис пренесува дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. облекувал фина наметка на џума намаз. Ако некој говори дека нé облекувањето на убава облека е ознака на света личност можеме да им го спомнеме овој хадис. Чесниот Пратеник с.а.в.с. бил толку педантен што некои суфи евлии, како на пример Схах Вали Уллахкоји, секој ден ја менувале својата облека. Хазрети Халифа-тул Месих I р.а. бил многу едноставен човек и поради својот многу презафатен распоред понекогаш заборавал да се избања и да ја смени облеката за џума намаз. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека еден ден, кога одел да го проучува Бухари (книга за хадисите) од хазрети Халифа-тул Месих I, Ветениот Месија го прашал каде тргнал. Кога тој објаснил, Ветениот Месија а.с. му рекол дека на маулви сахиб треба да му се постави едно прашање. Рекол да го праша дали некаде во Бухари е кажано дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. се капел и облекувал нова облека во петок; но во сегашно време светоста на луѓето се изведува од запуштеноста. Исламскиот шеријат остро препорачува капење во многу прилики и употреба на парфеми а забранува земање храна која има силен мирис пред одење во џамија. Накратко, светот ги користи преданијата за Чесниот Пратеник с.ав.с. и ќе продолжи да ги користи. Светот исто така ќе ги користи и преданијата од Ветениот Месија а.с.. Наша должност е да ги забележиме.  Еден млад човек еднаш рекол дека во текот на животот на Ветениот Месија а.с. бил дете и единствено на што се сеќава е дека еднаш ја држел раката на Ветениот Месија а.с. кој по некое време требало нешто да направи и му ја пуштил раката. На прв поглед ова не е големо предание но од него можат да се извлечат големи заклучоци. На пример, малите деца треба да се водат на собирите со побожни луѓе. Можно е дека во иднина некои луѓе ќе мислат дека децата не треба да се водат на собирите со високо побожни луѓе. Луѓето примаат такви мислења кога световното знаење станува широко распространето. Ова предание во иднина ќе ги негира таквите мислења. Тоа, навистина ни зборува дека кога е потребно нешто да направиме можеме да пуштиме нечија рака. Можно е во иднина луѓето да мислат дека побожната личност не ја испушта раката на другиот. Ова предание тоа ќе го објасни. Се разбира, ако е потребно, личноста може ако треба нешто да направи нежно да ја пушти раката на другиот; хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека овие нешта можеби немаат значај во некое време но во иднина, кога луѓето ќе се стекнат со различни мислења многумина мислители ќе скокнат од радост кога ќе најдат такви преданија бидејќи тие ќе ги решат сложените нешта.

Хадисот пренесува дека еднаш кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. бил во положба на сеџда неговиот внук хазрети Хасан му седнал на глава. Чесниот Пратеник с.а.в.с. не ја кренал својата благословена глава сè додека неговиот внук не станал. Некој можеби таквата постапка ќе ја смета за нерелигиозна но ова предание ќе го присили својата грешка да ја признае со благословениот пример на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Еднаш некој од Патан родот некаде прочитал дека ситните работи во текот на намазот го прават неважечки и поништен. Читајќи ги хадисите наишол на хадис каде Чесниот Пратеник с.а.в.с. го земал своето дете во тек на намазот и го ставал на земја само во период на положба на руку и сеџда. Овој Патан сметал дека намазот на Чесниот Пратеник с.а.в.с. е неважечки. Како Шеријатот да го составил писателот на оваа книга која ја читал а не Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Затоа, хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека не е важно колку преданието за Ветениот Месија а.с. е мало, тоа треба да се каже, дури ако се однесува на тоа како Ветениот Месија а.с. седнал на трава додека шетал. Тој рекол дека се сеќава дека еднаш Ветениот Месија а.с. со пријателите  отишол во градината и рекол: ајде да јадеме шатоот (црница). Тие простреле платно во градината и тресејќи го дрвото го јаделе ова овошје. Луѓето во иднина можат да кажат дека само чисти работи треба да се јадат или некој може да каже дека не е соодветно да се јаде заедно но ние тука го имаме пример на Ветениот Месија а.с. како јадел овошје од дрвото. Некои преданија можат да ги решат идните религиски, културни и политички прашања. Многумина асхаби ги запишале своите искуства и направени се забелешки и записи кои хазрети Халифа-тул Месих ги изнел во своите дискусии. Сега, овие преданија повторно се средени во соодветна форма и многу детали се истакнуваат. Некои зналци кои ги составуваат овие преданија склони се да покажат наклонетост кон некои преданија и сметат дека другите преданија можат да имаат помало дејство. Кога хазрети Халифа-тул Месих овие преданија ги чита за себе, смета дека ова е непотребно внимание.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека овие преданија ќе им користат на луѓето во иднина, на пример, ако луѓето имаат мислење против покривањето на главата. Нема сомневање дека може да се најде хадис во врска со тоа, и Чесниот Пратеник с.а.в.с. е тој кој го донел Шеријатот но преданијата за Пратеникот ги потврдуваат преданијата за Пратеникот со законот. Слично на тоа, во времињата кои доаѓаат, луѓето овие хадиси ќе ги сметаат за точни бидејќи Ветениот Месија а.с. ги потврдил во пракса а хадисите кои тој не ги потврдил во пракса ќе ги сметаат за слаби или погрешни.

Хазрети Муслех Мауд  р.а. рекол дека сега можеби не е во ред да се објават некои од овие преданија но тие треба  да бидат забележани и сочувани. Навистина, хазрети Халифа-тул Месих рекол дека дури и денес можеби има преданија кој не треба да бидат објавени но треба да бидат сочувани и објавени во иднина во соодветно време.

На пример, Ветениот Месија а.с. имал објава:

„Британската империја ќе трае осум години; потоа ќе се појави слабост, вознемиреност и опаѓање.“

(Тахдкирах, стр. 1017)

Луѓето заклучуваат дека тоа е објава за времето кое уследило после смртта на кралица Викторија. Британската империја постепено ја губела својата моќ, и ова не се случило наеднаш иако се појавиле одредени знаци.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека сакал да пронајде некој навод во Чесниот Кур‘ан и мислел дека ќе му биде потребно доста време пред да го го пронајде ајетот кој му бил потребен. Погледнал во индексот на Кур‘анот и бргу го нашол ајетот. Потрошил неколку минути искрено правејќи дова за личноста која тоа го средила. Сега, наоѓањето на наводите е многу олеснето преку компјутерските програми. Направени се дови за луѓето кои ги овозможиле овие програми. Сè за Ветениот Месија а.с. се базира на знаењето кое е важно за нас како што навистина и е практична страна за сè што се однесува на него. Секој Ахмад кој ќе слушне за тоа ќе има корист и сигурно ќе прави дови за секој оној кој ја средил таа информација.

Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека кога почнал со средувањето на преданијата на асхабите на Ветениот Месија а.с. некои семејства ги пратиле своите сознанија од постарите. Тие сега овие преданија треба соодветно да ги запишат и да ги пратат на Аддитионал Вакалат Таснееф (Additional Vakalat Tesneef) кој понатаму ќе ги испрати на одборот формиран за уредување на преданија.

Ветениот Месија а.с. од самиот почеток се грижел за напредокот на исламот и сакал муслиманите практично да се подобрат. Најважниот аспект во практичното подобрување во исламот е извршувањето на намазот. Затоа, Ветениот Месија а.с. луѓето на Кадијана ги научил да прават намаз. Тоа било пред да ја основа Ахмади заедница. Тој ги повикувал луѓето да дојдат и да прават намаз. Повеќето луѓе во таа област биле земјоделци и нивниот изговор бил дека намазот е нешто за богатите а тие мора да ја обработуваат земјата и да работат напорно за да не гладуваат. Ветениот Месија а.с. им рекол дека ако дојдат на намаз ќе добијат еден оброк бесплатно. Неколку дена околу 25 до 30 луѓе дошле поради намаз и поради јадењето но тогаш станале мрзеливи и се појавувале само кога било време за магриб (акшам) намаз односно кога се служела храна. Тогаш тоа морало да се затвори.

Ветениот Месија а.с. силно сакал да ја претстави вистинската слика на исламот и Аллах тоа го исполнил. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Кадијана има четири џамии (во текот на неговото време) од кои две се големи и се исполнети со оние кои клањаат.

Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека сега на секаде имаме џамии но не е посветено доволно внимание на тоа џамиите да се исполнат. Ахмади муслиманите во Рабва и Кадијана, во другите места во Пакистан како и во остатокот на светот треба да ги исполнат џамиите. Некои луѓе критикуваат дека во некои џамии навечер се организира спорт за младите и дека тие на тој начин се примамени да прават намаз. Тоа е не така. Други критикуваат дека на програмите се служи храна (во џамија) и затоа луѓето доаѓаат на овие програми за да јадат и клањаат намаз. Ова е лошо мислење за другите. Некои џамии имаат додатни сали или постојат џамии со млади мисионери кои се наклонети кон спортот и ја собираат младината. Ова довело до позитивен резултат и младите доаѓаат барем два пати дневно поради намазот и џамиите се исполнети. Затоа, погрешно е да се критикува што додатните сали покрај џамиите даваат спортски можности и собираат млади луѓе или да се критикува служењето храна на програмите во џамијата бидејќи луѓето се собираат и прават намаз. Исто така од праксата на Ветениот Месија а.с. јасно е дека ова може да се случи и во тоа нема ништо погрешно.

Најавени се џенази во отсуство за двајца починати. Алхај Јакуб сахиб од Гана. Веројатно дека има повеќе од сто години. Почина на 30 август. Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека ги видел неговите големи напори во ширењето на пораката додека живеел во Гана. Тој бил весела и понизна личност. Нека Аллах ја воздигне неговата положба и нека го оспособи неговото семејство да ја продолжат неговата побожна пракса.

Маулана Фазл Иллахи Басхир сахиб бил Ахмад кој долго му служел на Џемаатот и починал на 3 август и неговиот погреб е одложен поради административно недоразбирање. Роден е во 1918 година и својот живот го посветил на служењето на верата во 1944 година. Иако бил пензиониран до својот последен здив служел и тоа најмногу работел на проверка на ракописите. Служел во многу земји вклучувајќи ги Суринам, Гајана, Иран и Маурициус. Го положил камен темелникот на нашата џамија во Кебабир. Напишал единаесет книги на англиски, француски и арапски јазик, и тој навистина се ослонувал на Бог и и ѝ дал предност на верата пред световните нешта и имал силна врска со Халифатот. Нека Аллах ја воздигне неговата положба и нека го оспособи неговото семејство да остане побожно.