In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Вера и ислам

Откако сите ги поздрави со „Ассаламо алеикум ве рахматуллахи“ – Нека е мир и Аллахова милост над вас и со учењето на шехадетот, хазрети Халифа-тул Месих го проучи Бисмиллахи рахманиррахим  (ја побара  заштитата на Аллах од шејтанот) и ја проучи сурата Ал-Фатиха и тогаш кажа:

„Личноста која тврди дека е муслиман може да биде дефинирана како муслиман само ако има силна вера и ја разбира реалноста на учењето на исламот. Верата е да му се посветиме на Бог и да постапуваме според Неговите наредби. Исламот подразбира разбирање на сите наредби и додека се спасуваме од секој вид на зло исто така треба да бидеме извор на ширење на сигурност на другите. Тоа е суштината на верата на исламот. Кога исламскиот свет би ги разбрал овие два принципи би можеле да видиме величествени призори на трајниот мир и ширењето на сигурноста кои можат да создадат Џеннет на Земјата.“

Во оваа ера, Возвишениот Аллах на светот му го пратил Ветениот Месија а.с. за да втемели вистинска вера во срцата на луѓето и на светот да му ги покаже вистинските примери на таквите вистински  учења на исламот; и прифаќајќи го и прогласувајќи дека сме врзани со него, тоа станува наша одговорност. Имајќи ја вистинската вера и претставувајќи вистински пример за исламот, треба да станеме помошници на Ветениот Месија а.с. во оваа благословена работа и да направиме светот да биде запознаен со вистинската вера и да шириме мир и сигурност.

Со Аллаховата милост, преку систем и организација, Ахмадија Џемаатот секаде во светот ја извршува оваа  задача, но задача на секој Ахмади муслиман е да биде пример на учењето на исламот така што секој од нас може да ја исполни својата должност.

За жал, нередите во муслиманските земји го извалкале името на исламот. О, колку силно ние посакуваме муслиманските земји да разберат колку штета предизвикале нивните политики на лични интереси и дека екстремизмот и екстремистичките организации настанале и се здобиле со сила само поради тоа што овие егоистични интереси се наоѓаат на секаде. Разбиен е мирот на целите нации. Ниту тие самите уживаат во мирот ниту се извор на мирот на другите.

Власта  не го одржува принципот  на правда за своите граѓани,  а ниту граѓаните ги исполнуваат своите должности кон властите.

Во врска со ова на едно место Ветениот Месија а.с. вели дека сè додека власта и граѓаните се однесуваат праведно едни кон други во таа земја владее мирот, но кога неправдата која луѓето ќе ја направат избие на површина или пак ја направат управувачите тогаш мирот на таа земја станува нарушен. За жал, ова е тоа на што сме сведоци дека се случува во муслиманските земји. И покрај ова гледаме дека интересите кои се против исламот  исто така се вмешани во обид да извлечат корист од таквата ситуација.

Од една страна и двата блока се помогнати да обезбедат ситуацијата на нередот да продолжи додека од друга страна, на активностите на екстремистите им е даден преголем публицитет и печатот и медиумите овозможуваат неограничено известување за таквите недела и со тоа исламот се клевети.

Хузур а.т.б.а. вели дека во своите интервјуа рекол дека медиумите играле улога на ширење омраза кон исламот и во претставувањето на исламот како религија на екстремизам и дека медиумите не се праведни кога се во прашање ваквите случки.

Политичкото свртување му е припишано на исламот, политичките водачи така се претставени и даден им е таков публицитет што луѓето мислат дека исламот е страшна вера. Меѓутоа, таму каде што се вклучени нивните сопствени интереси понекогаш тие ги потиснуваат вестите, но само кога таквите лоши постапки не се направени од страна на таканаречените муслимани. Тоа на пример неодамна се случи во Ирска кога одредени луѓе насилно настапуваа и печатот одлучи да не ги објавува овие вести или беа принудени да не известуваат за таквите случки. Таквите случки само предизвикуваат нештата да зовријат во тоа подрачје и властите беа во состојба во краток период ситуацијата да ја вратат во нормала.

Можеби е вистина дека нередот кој го создале екстремистите или оние кои се спротивставуваат на властите во муслиманските земји е поголем, но како таквите луѓе се во состојба непрекинато да ги спроведуваат таквите недела оружјето кое им е потребно за одржување на огнот донесено им е некаде од надвор.

Хузур вели дека исто така им рекол дека кога луѓето доживуваат немир биваат вплеткани во такви постапки во муслиманските земји и тогаш им се дава голем публицитет на тие случки и до детали се известува колку луѓе учествувале од тука колку од таму и така натаму и во секој случај исламот е нападнат што всушност ја зголемува вознемиреноста и создава реакција. Но, кога илјади, стотици муслимани дискутираат за мирот медиумите тоа воопшто не го пренесуваат и не им е посветено внимание како што им е посветено на оние кои се однесуваат негативно.

Ахмадија Џемаатот ги шири учењата на љубов и сочувство, исламски учења и ревносно е вклучен во правење на тоа ширум светот и како резултат стотици илјади луѓе му се придружуваат на Ахмадијатот и доаѓајќи под знамето на мирот се колнат дека ќе го шират мирот и сигурноста. Сепак медиумите за тоа не известуваат. Повеќето извештаи се за неколку муслимани или муслимански групи кои прават негативни работи и така се отсликува само негативната слика за исламот и тоа му се претставува на светот. Како резултат оние кои не се муслимани мислат дека единствена цел на исламот е екстремизмот и неправдата, и дека тоа е вистинската слика на исламот. Така како што веќе кажав, оние кои не се муслимани продолжуваат да ја зголемуваат својата омраза кон исламот.

Печатот и останатите медиуми во секој случај се бизнис и нивна работа е да  претставуваат зачинети привлечни наслови за да можат да профитираат, но  како што веќе кажав, илјадници луѓе се собираат под знамето на мирот и сигурноста секоја година и јас во текот на Џалса Салана (годишен собир) ги претставувам мислењата на таквите луѓе и ги претставив и оваа година на вториот ден на џалса програмата.

Јас сега ќе ви кажам само за неколку примери на такви луѓе кои преку Ахмадијатот го видоа вистинското лице на исламот и нивните срца беа преполни со впечатоци. Меѓу нив се муслимани и исто така и оние кои не се муслимани и многу од нив кои кога го здогледа преубавото лице на исламот дојдоа во закрила на Ахмадијатот заветувајќи се на верноста кон Ветениот Месија а.с. и дадоа завет дека ќе настојуваат колку можат да им служат на Аллаховите суштества и да ги практикуваат вистинските учења на исламот. Тие ветија дека ќе ги шират вистинските учења на исламот, учењата кои го унапредуваат мирот и сигурноста.

Некои исто така посведочија дека светот има потреба токму за такво учење и дека медиумите со сталното претставување на погрешна слика за исламот ги блокирале сите патишта за примањето на ова преубава порака. Нашите напори, напорите на Ахмадија заедницата дојдоа за да се исправат впечатоците за исламот.

Во Бенин еден христијански свештеник при отварањето на џамијата отворено посведочил и рекол: ’денес е преубав ден во мојот живот‘. Денес христијаните и муслиманите  седат на едно место и на иста говорница. Јас во минатото работев во муслимански предели но никогаш не бев сведок на прилика каде муслиманите и христијаните се заедно. Нема сомневање дека Ахмадија Џемаат е тој кој не собира сите заедно. Јас го поздравувам Ахмадијатот со поздравот на мирот.

Постојат и такви кои сакаат правда и се импресионирани со работата на Џемаатот. Некои од нив ги изразија своите чувства тука во текот на Џалса. Со Аллаховата милост, учењето на исламот кое го претставува Ахмадија Џемаатот, примерите во пракса на Ахмади муслимани и нивното служење на луѓето и нивните други напори почитувани се ширум светот и  омилени се и сите велат дека овие учења се преубави.

Бенин (отворањето на џамијата). Министерот за транспорт рекол дека Ахмадија муслиманска заедница за нив не е нова и непозната. Нејзините  хуманитарни напори се очигледни и на сите им се познати. Ние кои сме претставници на власта ги истражуваме овие групи и ентитети и нашата работа е да внимаваме на нивните цели и јас можам да кажам дека хуманитарните услуги кои Ахмадија Џемаатот ги дал во Бенин и нивните напори во ширењето на љубов и мир имаат најистакнат углед – тие се на прво место. Поради напорите во ширењето на љубов и мир, јас го поздравувам Ахмадија Џемаатот со поздравот на мирот и оваа љубов е тоа што ме привлече да бидам присутен во оваа прилика. Потоа кажа дека сите владини институции се тука за да ни помогнат бидејќи мотото ’љубов секому, омраза никому‘ ги приморале на тоа.

Медиумите играат важна улога во влијанието врз луѓето и не само што предизвикуваат страв кај возрасните туку исто така создаваат страв во срцата на децата и понекогаш такви несреќни случки се случуваат во училиштата во кои не муслимански деца им се закануваат на муслиманските деца на толку грд начин што е тоа толку несреќно и тоа покажува дека омразата кон муслиманите е во пораст.

За тоа време, од друга страна чудесно е како дејствието на овие негативни пропаганди станува превртено со напорите на Ахмадија муслиманскиот Џемаат. Јас со вас ќе споделам една мала случка која се однесува токму на тоа.

Ние во Кебабир имаме мала џамија и нашиот мисионер оттаму пишува дека пред некое време еден Евреин учител бил во посета и на децата пред џамијата им го претставувал Џемаатот. Многу веројатно е дека овој учител знаел Арапски јазик. На влезот на нашата џамија пишува:

„Кој и да влезе во неа, влегува во мир.“ (3:96)

Учителот тоа го читал и го преведувал од Арапскиот јазик и им рекол на децата дека тоа значи дека оној што влегува во ова живеалиште ќе влезе во живеалиштето на мирот. Овој учител им рекол на децата дека овие зборови сите муслимани ги изговараат и дека тие се наоѓаат во Чесниот Кур‘ан и дека сите ги повторуваат, но на децата им кажал дека треба да знаат дека вистинското значење, практично значење на овие  зборови ќе бидат во состојба да ги најдат внатре во  Ахмадија џамии.

Исто така вредно е да се спомне како прекрасно Возвишениот Аллах го свртува вниманието на луѓето кон Џемаатот. Во Буркина Фасо  земја во која се зборува француски има едно подрачје каде е изградена џамија и при отворањето еден пријател рекол дека Џемаатот му е претставен пред десет години и дека во тоа време мислел дека тоа е само уште една исламска заедница и поради тоа не ја прифатил нејзината порака ниту тоа во оваа област го спомнал. Но сега, денес, гледајќи го отворањето на нашата џамија увидел дека муслиманската заедница која тој ја занемарил мислејќи дека е само уште една обична муслиманска заедница всушност е заедница која ги покажува вистинските учења на исламот и дека му служи на исламот и денес исто така втемелиле и кренале џамија во неговото село – и  денес му станало јасно дека овој Џемаат е вистински и ја ужива помоќта од Возвишениот Аллах.

И уште еден пример од Бенин во кој сите луѓе се многубошци – сите кои таму живеат му придружуваат партнери на Бог. Нашиот мисионер отишол во едно село во тоа подрачје поради пропагирањето на исламот и откако го одржал говорот и го претставил Џемаатот прашал дали некој сака да постави прашање. Еден постар човек станал и рекол дека имал многу лошо мислење за исламот и кога ние сме стасале тој помислил дека меѓу нив дошол Боко Харам (терористичка организација кој нарочно  овие денови создава многу проблеми во Нигерија) и дека влегле овде, но сега,  откако нè слушнал сите негови сомнежи и грижи околу исламот се отстранети и тој рекол дека е прв кој ќе ја прифати пораката на исламот на Ахмадијатот. По него 40 луѓе од тоа село го прифатиле исламот на Ахмадијатот и во тоа село е основан нов Џемаат во земја каде инаку луѓето биле многубошци.

Во неговото село при смртен случај се правеле долги обреди кои вклучувале големи трошоци и многу време но старешината на селото рекол дека сака да ги прифати исламските обичаи и дека обичаите кои тие ги имаат не треба да се следат. Тој исто така еден ден сведочел дека по прифаќањето на Ахмадијатот во него бил всаден нов дух и кога било време да се прави намаз неговото тело му зборувало дека е време за намаз. Во него се случила толку голема промена што кога било време да се прави намаз, тој станувал да клања и на неговата душа и тело му бил подарен мир и задоволство. Затоа тие меѓу вас кои сте мрзеливи во правењето на намаз треба да запомните дека оние кои влегуваат во исламот на Ахмадијатот имаат толку прекрасно внимание да го обожаваат Аллах и својот намаз го прават со големо внимание и грижа. И тој вели дека сега чувствува голема промена во себе. Денес, како што кажав, само преку Ветениот Месија а.с. вистинските учења на исламот можат да се рашират во светот. Често се спомнува во извештаите како чудесно Возвишениот Аллах овозможува пораката на исламот на Ахмадијатот да стаса до луѓето и како на луѓето влијае оваа порака. Јас ќе спомнам една случка за да ви го покажам тоа.

Во Гвинеја на некои 500 километри од главниот град во некое село делегација на Ахмади муслимани отпатувала да ја пренесува пораката. Некој верски службеник стасал и се обидел да направи неред. Рекол дека не ни е дозволено да пренесуваме порака. Еден човек станал и му се спротивставил. Тој рекол дека овој службеник долго време е таму но никогаш не подучувал на толку убави учења на исламот. Како резултат на тоа тој службеник си заминал и 15 луѓе го прифатиле Ахмадијатот.

Тука е уште една случка од Гвинеја. Кога нашиот мисионер отишол во село оддалечено 200 километри од главниот град, еден човек рекол дека и порано ги посетил Џемаатот кој пренесувал порака и тие зборувале за Бог и Пратеникот но сепак се однесувале толку лошо што дури не е за спомнување. Затоа, ако вие сте дојдени истото тоа да го правите ние сакаме да си одите пред насилно ве исфрлиме.

Нашите луѓе побарале одобрение да зборуваат и старешината на заедницата ги посоветувал луѓето да нè ислушаат бидејќи сме им изгледале некако поинаку. Им било кажано за целта на доаѓањето на Ветениот Месија а.с., за Судниот Ден и затоа дека Чесниот Пратеник  с.а.в.с. дал претскажување за подоцнежното доба и за доаѓањето на Ветениот Месија а.с. на ова доба.

Луѓето добиле толку силен впечаток што целото село заедно со имамот  го прифатило Ахмадијатот и со Аллаховата милост и селаните од околината во текот на една недела исто така го прифатиле Ахмадијатот.

За жал, поради лошите постапки на верските службеници муслиманските водачи се свртеле од исламот а оние кои не се муслимани нашле начин да го напаѓаат исламот.

Јас сега ќе раскажам за тоа како Ахмадија Џемаатот ги доведува назад луѓето кои се разочарале во исламот.

Во Африка на едно место била поставена изложба на Кур‘анот со книгите. Дошле двајца луѓе и кога им бил претставен Ахмадијатот им било кажано дека дошол Имам Мехди и дека тој бил Имам на ова доба и тие веднаш прашале: „Но Чесниот Пратеник е Кхатам ун Небијиин дали некој ќе дојде по него?“ Им биле дадени книги на француски јазик за вистинитоста на Ветениот Месија а.с. и биле запознаени со претскажувањата кои се наоѓаат во хадисите на Чесниот Пратеник  с.а.в.с. и за жалната состојба во која муслиманите ќе се најдат во подоцнежното доба. Им било кажано за Ахмадијатот , вистинскиот ислам, вистинскиот ислам кој го донел Чесниот Пратеник с.а.в.с. и за преубавото лице кои денешните муслимани го направиле грдо и тие не знаат дека исламот е за љубов, мир, склад и спокој.

Кога овие двајца тоа го слушнале дека што се однесува до нивното верување навистина биле муслимани но дека им било доста од екстремизмот и насилството во исламот и дека одлучиле да поминат во христијанство, но сега, откако го слушнале описот на вистинскиот ислам од страна на Ахмади муслиманите виделе дека исламот не е религија на која подучуваат овие оџи и дека нивната погрешна претстава за исламот е исправена. Мисионерот сахиб пишува дека му заблагодариле што ги спасил од напуштањето на исламот и влегување во христијанство.

Дури и оние кои не се муслимани, кога ќе слушнат за преубавите учења на исламот, нивните срца биваат допрени и посакуваат да ја шират оваа порака и почнуваат да ни помагаат во оваа работа. Во Јапонија еден господин будист дошол до нашиот штанд со книгите и рекол дека неговото знаење за исламот било многу мало но кога му било кажано за вистинските учења на исламот и кога му било покажано што Чесниот Кур‘ан зборува за другите вери тоа силно му се допаднало и не само да се заблагодарил за оваа информација туку рекол дека ова преубаво учење заслужува да се шири во светот и дека погрешните сфаќања за исламот треба да бидат отстранети. Овој господин рекол дека ако му биде одобрено сака да го потроши денот со нас во ширењето на пораката меѓу луѓето и на светот да му каже дека исламот е религија на мирот. Така еден ден тој дојде до нашиот штанд и иако самиот беше будист го помина целиот ден од 10 часот наутро до 4 часот попладне прогласувајќи на глас дека исламот е религија на мирот и продолжи да ги споделува информациите.

Слично е и во Индија, во Карнатак бил поставен штанд со книги и еден не муслиман дошол и откако ги видел нашите книги рекол дека порано видел и други штандови со книги но никогаш не видел луѓе кои шират преубава порака на исламот за мирот и складот на овој начин. Бил многу импресиониран и купил голем број од книгите на нашиот штанд.

Во Луксембург е направена изложба за градот и во оваа прилика дошол и градоначалникот и му бил претставен Џемаатот, ги разгледал книгите и локалниот претседател на Џемаатот му дал кратко претставување на Џемаатот и му подарил книга. Кога сето ова го слушнал, градоначалникот рекол дека нашата заедница извршува величествена работа и дека ова преубаво учење на исламот треба насекаде во светот  да го шириме и тоа во најбрзо можно време.

Дозволете ми сега да ви претставам една случка за човекот со скршено срце за кој ни пишуваше нашиот мисионер од Холандија. Ова се однесува за еден муслиман од Холандија по името Билал кој станал  многу вознемирен и со скршено срце врз тажната состојба на муслиманите. Еднаш отишол во продавница со намера да купи подарок за своето дете и тогаш го видел штандот со книгите на Џемаатот застанал таму и за прв пат го видел Чесниот Кур‘ан кој го објавил Џемаатот и поразговарал со младиот член на Џемаатот кој бил присутен на штандот и земал уште некоја книга да однесе дома.

Подоцна, кога повторно се сретнал со членовите на Џемаатот им рекол дека бил многу импресиониран со Џемаатот но кога со среќа и радост им го спомнал Џемаатот на своите сунити  пријатели и им спомнал дека кај себе има некоја литература од Џемаатот, тие толку се налутиле што биле подготвени да се тепаат со него и кога неговата жена, која е од Мароко, на сличен начин се однесувала станало невозможно во куќата да зборува за Ахмадијатот.

Тој сепак одлучил во тајност да го проучува Ахмадијатот  и Аллах,  Возвишениот за него направил можно повторно да го сретне младиот човек кого го сретнал на штандот за книги и тој го поканил да учествува на Џалса Салана во Холандија и тој поминал два дена на Џалса. Во текот на тоа време тој нашол неколку видео снимки на Холандски јазик кои многу му помогнале и гледајќи ги тие видео снимки неговата жена го сменила мислењето за Ахмадијатот. Вака Возвишениот Аллах му ја предочил вистината за Ахмадијатот и бил благословен со прилика да даде баи‘ат и сега учествува во програмите на Џемаатот и смета дека духовно напредува и дека неговата претходна вознемиреност ја снемува.

Тука е и впечаток кој учењето на Чесниот Кур‘ан го има врз луѓето и вредно е да се спомне. Еден пријател кој е редовно зафатен со повикувањето на луѓето кон Аллах, пишува од Канада како некој пар дошол до нашиот штанд со книги и откако го виделе Чесниот Кур‘ан побарале да им кажеме кои се одликите и доблестите карактеристични за Чесниот  Кур‘ан. Им бил даден краток вовед во Кур‘анот.

Мажот посакал да купи копија од Кур‘анот но жената која била закоравена христијанка, рекла поинаку. На Ахмади муслиманот кој бил на штандот мажот му рекол:

„Убеди ја мојата жена, кажи нешто за Чесниот Кур‘ан што ќе ја убеди.“

Тој самиот сакал да го купи Кур‘анот но не сакал да го наруши мирот во домот. Така нашиот Ахмад рекол дека во Чесниот Кур‘ан постои сура во која се наоѓа излагање за Иса а.с. и за неговата мајка Мерјем а.с. и дека таму ќе пронајде детали кои не постојат во Библија.

И тој го отворил Чесниот Кур‘ан на оваа сура го ставил пред нив и жената почнала да чита. По некое време рекла дека оваа е навистина интересна книга. Таа рекла дека медиумите и весниците рекле како е Кур‘ан полн со омраза но дека оваа книга содржи материјал за Иса и за неговата мајка и дека е полна со љубов и потоа го купиле Чесниот Кур‘ан.

Неколку недели подоцна, кога поминале покрај нашата маса со книгите, пренеле благодарност и рекле дека го прочитале Чесниот Кур‘ан и дека омразата која е раширена во медиумите  и весниците кон Чесниот Пратеник с.а.в.с.  и исламот, ако некој го прочита Кур’анот или барем набрзина помине преку него, целото негово погрешно сфаќање ќе биде разјаснето. Тој рекол дека им кажал на своите пријатели, дури и на оние кои се христијани само да го прочитаат Чесниот Кур’ан.

Во Бенин на еден штанд со книги дојде еден учител и кога ги виде и ги разбра преубавите учења на исламот рече дека сака литература од Џемаатот за да им даде на своите студенти за и тие исто така да можат да го проучуваат тоа, за нашето општество да биде полно со мир и сигурност. Со цел да се исполни општеството со љубов, хармонија и мир, она што всушност е потребно се преубавите учења на исламот. Така тој зеде од литературата на Џемаатот и ја имаше дадено на своите студенти и после, кога некои од студентите дојдоа до нашиот штанд со книги и ја видоа литературата рекоа дека ја добиле од својот учител.

Чесните муслимани исто така се восхитени од управата на Џемаатот кој е во склад со учењето на исламот и тоа за нив стануваат средства за тие да бидат упатени правилно.

Нашиот мисионер од Буркина Фасо вели дека отишле на некое место каде што се дискутирало до доцна во ноќта. На собирот е речено дека нашиот Џемаат е обединет на една рака. Еден човек рекол дека видел во сон како му се вели да даде придонес за заедницата во која постои соодветен финансиски систем. Тој го дал својот придонес. Многумина посведочиле дека неговиот сон се остварил. Повеќе од двесте луѓе од ова село го примило Ахмадијатот.

Во Гватемала еден човек бил контактиран за време на делењето на летоци. Тој го примил Ахмадијатот. Тој го имал примено исламот само пред неколку месеци но не се чувствувал мирен додека бил во посета на не-ахмадиските џамии. Во сонот видел некоја многу побожна личност која му рекла да ја следи. Каде што ќе поминела оваа личност, патот станувал јасен. Му се покажал ликот на Ветениот Месија а.с. и тој увидел дека тој бил побожниот човек од неговиот свет.

Во Франција некој човек дошол и рекол дека е муслиман само по име. Тој бил во двоумење и сакал докази. Му бил претставен Џемаатот и коментарот на Чесниот Кур’ан од Халифа-тул Месих II р.а.. Тој останал во страхопочит пред величествениот коментар, гледал МТА и увидел дека тие се побожни и дека ќе ги добие доказите. Сметал дека открил ризница и сите негови погрешни сфаќања се отстранети и тој го прифатил Ахмадијатот.

Кога светот ја примил пораката на исламот преку Ахмадијатот, тој ја прифатил. Во Гватемала осумдесет и девет луѓе ја прифатиле пораката на Ахмадијатот, вклучувајќи и еден христијански свештеник.

Некои студенти од Џамија (Муслиманскиот Колеџ за обука) во Канада биле пратени ви Гватемала. Тие поделиле сто илјади летоци и често обиколувале по различни градови. Еден судија исто така ја посети нашата мисионерска куќа и рече дека ќе ја пренесе оваа порака во својот град. Тој подоцна дојде со делегација од седум луѓе. Со Аллахова милост овој судија и неговата жена го прифатија Ахмадијатот. Ахмади муслиманите на Гватемала го претставиле тој пример на нивното прифаќање и тоа довело осумдесет и девет луѓе да даде баи’ат (завет).

Во Швајцарија една личност, кога го примила летокот, рекол дека нашиот леток многу му се допаднал. Друг рекол: „Мене ми се допадна темата на овој леток. Јас сакав некој од муслиманите да почне со ова.“

Во Цирих еден човек рече дека многу му се допаѓа Џемаатот. Црквата одлучи за триесет и третата седмица од 2015 година да го прослави нашето мото. Летокот кој тие го имаа припремено за својата кампања го спомнува Џемаатот на многу убав начин. Тие во него имаа речено дека Џемаатот има два основни принципи. Едниот е: Љубов за секого, омраза за никого, а другиот: нема присилување во верата и тие велат дека со следење на овие два принципи на Џемаатот Ахмадија во светот може да биде втемелен мирот.

Во Швајцарија многу е зборувано против исламот но тука исто така постои и ветар кој доведува до тоа поединци да стануваат и да го бранат исламот.

Еден свештеник од православната црква рекол: „Јас сум навистина импресиониран со начинот на вашето проповедање и решив да го прифатам исламот и пред сè друго ќе направам и моето дете да го прими исламот и Ахмадијатот.“ И како што рекол, неговиот син го даде заветот на баи’тот и го прифати Ахмадија исламот.

Во Конго директорот на радиото рекол: „Јас сум видел како проповедаат христијанските свештеници, но начинот на вашите проповеди е нешто сосема друго. Во сите ваши предавања вие не фрлате со кал по другите. Вие едноставно го концентрирате вниманието на убавината на исламот и ги учите луѓето како да станат корисни членови на општеството. “

Во Нигерија еден муслиман рече дека целиот наш Џемаат има одлики на мирот кои нè здружуваат со асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с.

Нека Аллах ги прими довите на нашиот Халиф кои ги прави во прилог на исламот. Амин

Од Бенин нашиот мисионер пишува дека за време на отворањето на една џамија, кралот на едно село исто така дошол. Тој рекол дека ќе рече на секој да стане Ахмади муслиман, бидејќи тоа навистина се вистински луѓе. Тој исто така рецитирал некои поетични строфи на локалниот јазик кои го имаат следното значење: „Билката што ќе ја посади човек ќе се исуши ако не е полевана со вода, но на дрвото посадено од Бога тоа не му треба. Ахмадијатот е дрвото посадено од Бога и градбата на џамијата е очигледен доказ за тоа. Мојата куќа е близу до џамијата, па зошто да одам во далечната црква са се молам, оваа билка е билка на исламот. Зошто да не одам во Џамија.“

Тоа е навистина билка посадена од Аллах, Возвишениот и во ова доба, во оваа епоха, и во склад со претскажувањата на Чесниот Пратеник с.а.в.с. испратен е Ветениот Месија а.с. да се грижи и да ја полева оваа билка. И иншаАллах ова дрво и понатаму ќе цвета и ќе прима вода од Аллах, Возвишениот до Судниот Ден, впивајќи и користејќи се од Чесниот Пратеник.

Ова беа само неколку настани од илјадниците што помагаат нашата вера да се засили. Како Аллах ги отвора срцата на сите луѓе ширум светот и како Тој прави луѓето да зборуваат во наша корист насекаде низ светот.

Сите се восхитени дека постои само едно универзално учење, а тоа е учењето на исламот. Секоја праведна личност е должна да разбере дека исламот е единствениот пат за светскиот мир.

Ниедна праведна личност нема да рече дека постапките на екстремистичките струи можат да го осрамотат името на исламот. Само некој неправеден може да рече такво нешто. Не е важно колку ја спроведуваат пропагандата против исламот оние кои се спротивставуваат на исламот, исламот е единствениот кој ќе ги покаже патиштата кои водат кон Бог и пошироко, во мир и сигурност. Ако не денеска, тогаш утре светот ќе мора да прифати дека само исламот може да ги гарантира мирот и сигурноста во светот.

Нека Аллах не оспособи да бидеме дел од овој иден успех и да бидеме помеѓу оние кои се сведоци на овие многустрани Божји благослови и да бидеме оние кои себе ќе се поправат во склад со учењето на исламот.Амин.

Сета благодарност му припаѓа на Аллах. Ние Него го повикуваме гласно, ние од Него бараме помош и Негова заштита: Ние му се доверуваме на Него, на Него се потпираме, на Него се надеваме и бараме заштита од злото.Кој тој ќе упати на прав пат, повеќе никој не може да го заведе. Тој е еден и нема другар. Ние сведочиме дека Мухаммед е Негов роб и пратеник. О слуги Аллахови! Нека Аллах ви се смилува. Навистина, Аллах ви наредува да постапувате праведно. Го забранува злото што ви е од корист и злото што им штети на другите. Тој ве опоменува да не бидете невнимателни. Спомнувајте го Аллах! Тој исто така ќе се сеќава на вас. Повикувајте го Него и Тој ќе одговори на вашиот повик. Навистина спомнувањето на Аллах е најголема доблест.