In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Ширење на исправните пораки на исламот

Денешната хутба во петок Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја одржа во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. После ташахуд и после учењето на сура Фатиха, Хузур го рече следното.

Во денешниот свет состојбата се влошува со сè поголема брзина и за жал причината за тоа се одредени муслимански групи. Дури и водачите на исламските држави не сфаќаат дека против исламските сили настојуваат да ги заробат. Суровостите кои се спроведуваат во името на исламот не се поврзани со учењето на исламот. Слично на тоа, неправдите од страната на власта дури ни од далеку немаат никаква врска со учењето на исламот. Каде во исламот е кажано дека е дозволено да се убиваат невини луѓе? Овие луѓе кои погрешно го покажуваат значењето на исламот не само што во името на религија убиваат не муслимани туку тие ги убиваат и муслиманите. Тоа ги вклучува и невините муслимани, како што се децата, постарите луѓе, мажите и жените. Факт е дека моќта на муслиманските држави нагло опаѓа, што е и желба на силите кои се против исламот. Тие сакаат муслиманските држави никогаш да не досегнат финансиска моќ или пак мир и хармонија.

Водачите на муслиманските држави како и улемата (која ги поддржува), не ги разбираат вистинските учења на исламот ниту се обидуваат да ги разберат. Тие потполно го негираат Имамот на добата, кој бил пратен во согласност со Аллаховото ветување и претскажувањето на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Тие го отфрлаат човекот кој Бог го пратил, кој бил одреден за ова доба на денешниот свет да ги претстави исламските учења.

Резултат од тоа е, како што спомнав, дека исламот кој е религија на мирот и правдината и е најголем носител на оваа порака со што во исламските земји треба да воспостави мир и правдина (што е и најголема одговорност на исламските држави), овие луѓе и ваквите власти потполно го уништуваат мирот во светот.

Безредието кое денес го гледате во секоја исламска држава и луѓето кои имаат некакви сопствени цели и настојуваат да имаат корист од непријателска ситуација, претежно е поради владите кои повеќе ги сакаат сопствените мотиви наместо да работат за доброто на заедницата.

Муслиманите ги убиваат муслимани. Нивото на толеранција меѓу водачите ја снемува. Неодамнешниот удар во Турција не може да се оправда според учењето на исламот и дури и постапките кои сега владата ги спроведува исто така се сурови. Постапките се спроведуваат против сите противници, без оглед на тоа дали тие се дел од побуната или не. Овој чин на владата ќе донесе негативни резултати и сега а и подоцна. Оние сили кои се против исламот ќе дадат сè од себе тоа да го искористат.

Големите сили го продаваат своето наоружување и стануваат симпатизери на сите страни и на Ирак, Либија Сирија итн. И наспроти тоа што ги гледаат овие примери муслиманските водачи не ја разбираат работата.  Ако тие не го пратат учењето на Чесниот Кур‘ан и не живеат како муслимани, тогаш барем мудроста бара да ги преземат сите мерки со длабоко разбирање и разгледување. И треба да видат кој има корист од разликите меѓу муслиманите и од безредието во нивните држави. Но тие не ја разбираат оваа работа. Така, овие денови многу треба да молиме за овие муслимански земји, нека Аллах им даде мудрост да разберат.

Терористичките организации во западните држави убиваат невини луѓе и преземаат исклучително сурови чекори со што му наметнуваат лошо име на исламот. Овие анти исламски сили во странските држави се одговорни за сите овие суровости кои го калат исламот. Овие држави во името на помошта и во името на заштита на луѓето од тероризмот го користат тој изговор во рацете во исламските држави. Ако тие беа запознаени со вистинските учења на исламот, тогаш би знаеле дека не постои такво исламско учење кое дозволува убивање на невини луѓе. Воопшто не е дозволено да се убиваат патниците на аеродромите, автобуските станици или пак да се убиваат деца, жени, постари луѓе, болни или оние кои се во црква.

Кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. ја праќал војската во џихад, тој давал строга наредба дека не смеат да се убиваат деца, жени, постари луѓе, патници, свештеници или врски зналци. Исто така не е дозволено да се убие оној кој не се бори или оној кој не е против муслиманите во било каква форма. Ова што тие го прават ниту е учењето на Кур‘анот ниту е учењето на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Исто така, тоа не го правеле ниту халифите ниту асхабите.

Возвишениот Аллах на нашата религија и го дал името ислам токму поради тоа што го отфрла концептот на тероризмот и екстремизмот. Наместо тоа дал порака на мирот и хармонијата, како што е и значењето на зборот ’ислам‘, односно, да донесеме мир или да живееме во мир.

Луѓето кои станале неправедни и кои не веруваат во учењето на исламот и не го пратат нема да ги заслужат Аллаховите благослови. Тие измислиле сопствена религија и сопствен Шеријат. Во секој случај, кога искрените муслимани веруваат и се молат за мирот и сигурноста и извршуваат намаз, тогаш се заштитени од интриги и лошите случувања.

Аллах вели дека намазот штити од лоши и зли работи. Исламот не учи да ја шириме пораката на ’селам‘ и да ја упатиме на други луѓе. Да се упати селам не е ограничено само на муслиманите. Меѓутоа, ситуацијата во Пакистан е поинаква. Во согласност со законите на државата која е под влијание на верските водачи, тие контролираат само муслиманите да можат да велат селам а останати малцинства и Ахмадии не смеат да упатуваат селам.

Во времето на Чесниот Пратеник с.а.в.с. селам им се упатувал на сите, без било каква дискриминација врз основа на религијата и националноста. Особините кои се спомнати за исламот се со цел за воспоставување на мирот. Ако ги разгледаме деталите и погледнеме низ секој агол и во сите наредби за да расправаме за религијата на исламот, ќе најдеме дека тоа е религија на мирот, хармонијата и добрата волја. Таа не го промовира тероризмот. Исламот во светот може да се шири единствено низ своите убави учења а не низ новите учења на екстремизам и на верските учители. Патот може да го покаже само личноста која е создадена за Имам на ова доба. Правдата може да ја воспостави само личноста која е пратена да воспостави правда и таа е пратена како вистинска и праведна личност која треба да одлучи. Таа може да ги засили вистинските учења на исламот бидејќи таа е избрана за тоа. Ние, Ахмади муслиманите, многу сме среќни бидејќи веруваме во Имамот и Мехди на ова доба и на тој начин сме заштитени од суровостите во светот.

Ветениот Месија а.с. вели дека исламот своето учење го поделил на два дела. Првиот дел се должностите кон Бог и должностите кон луѓето. Должноста која ја имаме кон Аллах е да веруваме во Него и да сме Му послушни. Човечкото право е дека треба да бидеме љубезни кон другите човечки суштества. Сигурно не е исправно некого да повредиме поради разликата во религијата. Љубезноста кон некој човек е една работа додека разликата во религијата е друга. Оние кои погрешно го разбрале концептот на џихадот исто така дозволиле и грабеж на поседот на неверниците.

Ветениот Месија а.с. вели дека дури и во поглед на него донеле закон по кој е дозволено да се ограбува неговиот имот. Оваа фетва и одлука се донесува дури и денес во случај на Ахмади муслиманите. Тие донеле фетва дека е дозволено да им се одземе имотот како и дека е дозволено да им се одземат жените. Факт е сепак дека таквите нечисти учења не се наоѓаат во исламот. Исламот е чиста и праведна религија. Пример на тоа е таткото на кого му е мило да биде поглавар на своето семејство. Тој сака кон секој член од семејството да биде љубезен. Аллах не ги сака луѓето кои убиваат други луѓе. Исламот вели дека на сите луѓе треба да им се упати порака на взаемна љубов и благост. Така мора да се создаде взаемна врска. Ова е учењето на исламот кое сигурно може во светот да ја воспостави славата на исламот доколку муслиманите го следат.

Тие треба да ја препознаат должноста кон Бог како и правата на едните кон другите. Тие исто така треба да воспостават согласност и љубов меѓу луѓето без оглед на нивната религија. Наместо правење неправедни работи и убивање на невини луѓе, тие треба да го шират вистинското учење на исламот. Тие треба да ги освојат срцата на луѓето и да ги поведат кон Аллах. Наместо тоа што се здобиваат со Аллаховиот бес со правењето на неправда и со повредувањето на другите луѓе, тие треба да се здобијат со Аллаховата љубов.

Љубовта и благоста кон Аллах треба да биде исто како љубовта кон родителите. Не треба да биде извор на тиранија и повредување што подоцна им дава повеќе прилика на противниците на исламот.

Ако не се откажат од ваквите зли дела тие треба да запомнат дека во денешниот свет светските методи и измамите не можат да ја шират пораката на исламот. Ние Ахмади муслиманите треба исто така да запомниме дека секој напад кој од таквите луѓе е извршен во името на исламот нас треба да не поттикне нашите должности да ги исполнуваме со сè поголем жар. Ние нашите задачи треба да ги исполнуваме со многу поголем интерес одошто во минатото.

По секој таков чин кој придонесува за зол глас на исламот, ние на светот треба да му кажеме дека темелот на нашата вера е мирот. Ако меѓу следбениците на исламот има некој кој го уништува мирот и хармонијата на религиите тогаш таа личност или таа заедница се обидува да постигне сопствена корист. Тоа ни од далеку не е поврзано со учењето на исламот. Одговорноста паѓа на тие луѓе кои така се однесуваат и за тоа не треба да се обвинува исламот.

Аллахов благослов е Ахмадија Џемаатот напорно да работи за оваа цел во сите земји и сега со Аллаховата милост низ медиумите се создава добар впечаток, за што пишуваат и разни писатели. По суровото убиство на христијанскиот свештеник во Франција еден писател напишал дека ова дело го свртува вниманието на фактот дека религиската војна веќе започнала во светот. Потоа, тој пишува дека ова не е стварност. Ова е всушност војна која ја започнале луѓе кои во името на исламот настојуваат да остварат корист и кои имаат некакво ментално пореметување.

Папата исто така кажал оти нема сомневање дека ова е меѓународна војна, но дека тоа не е религиска војна. Наместо тоа, ова е војна каде се настојува да се извлече сопствена корист, и војна на оние кои сакаат да ги постигнат своите сопствени цели. Тоа е затоа што не постои вера која подучува на неправда.

Меѓутоа, сега нашите одговорности се многу поголеми со оглед на зголемувањето на неправдата која без сомневање создава реакција. Ние треба да ја шириме пораката на исламот секаде и на секој човек. Во секој случај, од една страна ситуацијата е ваква. Некои луѓе ја добиле нашата порака но други се обидуваат да и дадат негативно значење.

Некој ми пишуваше дека некој кој го напуштил исламот повикувајќи се на мене оставил порака на Твитер и можеби ставил моја слика и тоа дека исламот е религија на мирот и дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. забранил неправда и суровост. Но, потоа исто така додал коментар дека ова не е упатство за жените или за оние кои го напуштиле исламот. Постојат луѓе кои прават такви дела за да го ослабат тој добар впечаток кој го оставаме и кога сведочат за тоа дека другите се под  влијанието на нашата мирна порака на исламот.

Твитер и Фејсбук се вообичаен метод денес а и на други начини се шири пораката. Ние мораме да ги држиме на око тие луѓе и да им одговараме. Толку многу има работа која треба да се направи за да се пренесе пораката на исламот во светот. Иако од страна на Џемаатот е направен добар увод, се уште не можеме да кажеме дека тоа е на задоволувачко ниво. Ова е период на спротивставување, спротивставување на исламот од страна на не муслиманите и спротивставување на Џемаатот, и во оваа ситуација ние мораме да користиме мудрост и разбирање.

Нема сомневање дека исламот е религија за која е одредено да се прошири во светот иншаАллах. Нема сомневање дека ова оживување на исламот ќе се случи преку Ахмадија Џемаатот и Заедницата. Ова е она што Аллах го одредил и го пресудил. Но, нашата должност и одговорност е да се молиме овие примери на подобрување да се покажат во нашите животи и нашето невнимание и нашата слабост да не нè оддалечат од оваа победа и успех.

Поради нашето сопствено опростување и за да ги добиеме Аллаховите благослови треба да правиме што повеќе дови (да му се молиме на Бог). Анти исламските сили заедно со таканаречените следбеници на верските учители се против нас, но ние од умовите мораме да ги отстраниме сите видови на страв и мораме да ја довршиме и надополниме мисијата на Ветениот Месија а.с. правејќи сè што можеме.

Сега одредени новинари и известувачи прашуваат за оваа работа. Во текот на последната посета на Шведска ми го поставија следното прашање: „Вам ви се спротивставуваат екстремистите и вашите животи се во опасност, како тогаш ќе ја извршите вашата должност?“

Иако нема сомневање дека постои овој страв и членовите на Заедницата го имаат истиот страв, но сепак сето тоа не може да не запре во извршувањето на нашите должности. Опасноста демне насекаде и за секого. Како што кажавте, постои опасност и за вас. Не постои разлика помеѓу Ахмади и не-Ахмади. Секој кој не работи по волјата на екстремистите, кои работат за своите себични цели, и кој не се согласува со нив, сигурно е во опасност. Но, на Ахмади муслиманите им се спротивставуваат дури и националисти и оние кои се против исламот. Така, ние имаме страв од двете страни. Но во секој случај вистинскиот верник не се грижи за вакви нешта и тој е цврсто втемелен во верата. ИншаАллах секој Ахмади муслиман ќе остане таков.

Имајќи ја во предвид сегашната ситуација во светот, секој Ахмади муслиман треба да биде заштитен од злото. Затоа треба да дадеме огромна важност на довите (ибадетот) и на давањето на милостина за да бидеме заштитени заеднички како Заедница од интригите на овие луѓе. Посебно во овие денови треба да посветиме внимание затоа што состојбата секој ден станува се полоша. Нека Семоќниот Аллах не заштити од интригите и од оние кои во името на исламот неправедно се однесуваат. Правејќи така тие исламот го доведуваат на зол глас. Нека Аллах ги зграпчи овие луѓе и нека ги казни.

Нека Аллах ги отстрани сите наши искушенија и тешкотии. Чесниот Пратеник с.а.в.с. го свртувал вниманието на ибадетот. Во една прилика рекол дека на личноста за која вратите на ибадетот и се отворени, исто така и се отворени и вратите на милоста.  Што и да барате од Бог, од сите нешта најголема работа со која Аллах е задоволен е да дојдете во Аллаховата заштита.

И потоа Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека довата во време на искушение која е веќе упатена и исто така е против она искушение кое ќе дојде во иднина секогаш е корисна. Аллахови робови, за вас е задолжително секогаш да го усвоите патот на довата. Во една прилика рекол дека во Аллаховите очи ништо не добива поголема чест од довата. Довата за вас преставува најчесното дело во очите на Аллах.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. во поглед на милостината рекол дека за заштита од огнот мора да давате милостина и дека давањето на милостина на Аллаховиот пат (садака) е задолжително за муслиманите. Еден асхаб прашал: „Ако некој нема ништо, што во името на милостина треба да се даде?“ Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека тој тогаш мора да постапува според учењето на исламот. Да се живее во согласност со прописите на исламот и да се прават добри работи и да се воздржува од злото. Ова ќе биде милостина од него и во негово име.

Но ова не значи дека некој тоа треба да го земе во контекст да тој или таа, ако давал парична милостина, не е обврзан да прави добри дела и да се воздржува од лоши работи. Како и да е, ова не треба да биде случај. Ова е милоста на Семоќниот Аллах кон Неговите робови и ако нешто е надвор од нивната контрола и немаат пари да дадат милостина тогаш, ако човекот прави добри дела и се воздржува од погрешни дела, тоа во негово име ќе се смета за милостина. Инаку, ако не постапува според тоа и не се воздржува од пороците тогаш неговата финансиска милостина ќе биде безначајна токму како што довите и намазите направени поради истакнување немаат никакво значење и му се фрлени во лицето на оној кој ги прави. Слично на тоа, таквата парична милостина не е примена и за Аллах нема вредност. Од вистинскиот верник се очекува кога дава милостина и му се моли на Аллах тогаш треба да настојува да живее во согласност со Аллаховите наредби. Кога е присутна оваа состојба тогаш човекот може да ги впие Аллаховите благослови и е заштитен од искушенијата и тешкотиите. Во поглед на ова Ветениот Месија а.с. во една прилика рекол дека милостината и довите ги отстрануваат тешкотиите. За состојбата на довите тој вели дека за примањето на довите неопходно е човекот во себе да направи промена. Ако не може да се воздржи од пороците и ги крши границите на Семоќниот Аллах тогаш од неговите дови ќе нема никаква корист. Така, останувајќи во границите кои Аллах ни ги пропишал ние треба да посветиме внимание на довите и на милостината за да бидеме во состојба да ги добиеме Аллаховите благослови.

Ветениот Месија а.с. свртувајќи го вниманието на довите вели: „Јас секогаш правам дови но и вие исто така треба да го правите истото тоа.“

Што повеќе да се зафатиме во довите и да правиме добро поради покајувањето и Аллах ќе не заштити. Ако во куќата постои еден човек кој тоа го прави, Аллах ќе ги заштити и останатите членови. Тој рекол дека на луѓето кои имаат посебна вера, Аллах се свртува кон нив и Лично ги штити, и Семоќниот Аллах воопшто не ја предава вистинољубивата личност! И Он не ја остава сама. Ако сите луѓе ја оставаат на цедило сепак не можат да и нанесат штета. Семоќниот Аллах е Семоќен. Личноста со благослов на верата доаѓа под заштита на Аллах и ќе ги види чудата на Неговата моќ и никогаш нема да биде осрамотена. Запомнете дека Аллах Најмоќниот е помоќен од било кој друг. Аллах има контрола над Своите наредби. Извршувајте го намазот сесрдно и зафатете се во тоа и на истото подучувајте ги членовите на своето семејство како и роднините, и свртете се кон Аллах со целото срце и потполно бидејќи никој никогаш не страда кога прави така. Свртете се кон Бог потполно и никогаш нема да поднесете никаква штета. Местото на загубата е недостатокот на верата и потребно е човекот да го моли Семоќниот Аллах и Аллах ќе ги отстрани сите тешкотии, ќе ги осуети непријателите и ќе ги направи неуспешни.

Нека Аллах направи да се изјаловат сите планови на противниците на Ахмадија Заедницата и нека ги ослаби. Аллах не подучил на дова во Чесниот Кур‘ан која мора да се учи и тоа со потполно разбирање. Ветениот Месија а.с. не упатил во поглед на Кур‘анските дови и истакнато е дека во Чесниот Кур‘ан сме подучени на овие дови со цел, кога вистинскиот верник сесрдно се моли со овие зборови, Аллах тоа ќе го прими. Со цел да ни бидат опростени нашите гревови и да бидеме заштитени од пороците и повредите мораме да ставиме акцент на овие дови. Во Чесниот Кур‘ан постои дова која нормално ја учиме во текот на намаз, и Ветениот Месија а.с. исто така го свртел нашето внимание на тоа дека секогаш мораме да ја учиме; таа гласи:

„О наш Аллах! Подари ни добро на овој свет и добро на идниот свет, и сочувај не од казната огнена.“

(2:202)

Ветениот Месија а.с. вели дека човекот бара две работи за да постигне лична благосостојба. Едната е во ограничениот живот да биде заштитен од проблемите и тешкотиите со кои се соочува во животот и другата е да биде ослободен од духовна смрт и зли дела кое го оддалечуваат од Бог. Доброто на овој живот било тоа да е физичко или духовно, е човекот да биде заштитен од сите искушенија и нечист живот и истото да се случи во животот по смртта. Ако на човекот му биде подарено световно добро тогаш тоа ќе му користи во идниот живот а за заштитата од огнот тој рекол дека тоа не е огнот кој ќе биде на Судниот ден туку тука се наоѓаат многу други огнови во светот како што се грижите, стравовите, однесувањето кон членовите на семејството или некои други тешкотии. Така, вистинскиот верник моли да биде заштитен од сите видови на оган.

И потоа сме подучени на дова со која треба да стекнеме цврстина во текот на времето на искушението и за цврстина против непријателот, и да ја стекнеме Аллаховата љубов, а таа гласи:

„О Господару наш! Прости ни ги гревовите наши и пропустите наши во однесувањата наши, и зацврсти ги чекорите наши и помогни ни против народот невернички.“ (3:148)

Ветениот Месија а.с. рекол: „Се разбира, ако Семоќниот Аллах не е оној Кој ќе ни опрости тогаш не би не подучил на оваа дова.“

Овде е довата од Кур‘анот:

„Рабби инни лима ензелте илејје мин хајрин факир.“

„О Господару мој, јас сум навистина сиромав за какво било добро да ми дадеш.“

(28:25)

Оваа дова треба редовно да се учи. Постојат и многу други дови во Чесниот Кур‘ан кои треба да се учат за да ја стекнеме Аллаховата милост. Како што кажав, Ветениот Месија а.с. рекол дека Аллах овие дови ги спомнал во Чесниот Кур‘ан за редовно и сесрдно да ги учиме така што Аллах ќе ги прими.

Тука се и довите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и довите на Ветениот Месија а.с.. Во поглед на една дова Ветениот Месија а.с. вели: „Ова ми беше објавено од Аллах; Он ме подучи на оваа дова:“

„Рабби кули шеин хадимуке, Рабби фаф азни, версурни, верхамни.“

Тој рекол дека Аллах тоа го ставил во неговото срце и дека тоа е волшебен збор и секој кој ќе ја слушне оваа дова ќе биде слободен од сите видови на искушение и тешкотии. Нека Аллах го заштити Џемаатот, Заедницата и секој поединец од сите видови штета и сите напори на непријателите нека им се вратат и нека ги слушнат повиците на Ветениот Месија а.с., кого Аллах го пратил, и станувајќи една заедница нека бидат во состојба да ја воспостават и шират пораката на исламот во целиот свет.

По џума намаз Хузур клањал џеназа за три личности чии тела не биле присутни: за Евон Бернаан сахиб, Сајед Надир Сајеедаин сахиб и Назир Ахмад Ајаз сахиб (претседател на Џематот во Њујорк).

Инна лиллахи ве инна илејхи раџи‘ун.