In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Правилно однесување, доверба во Аллах и спомнувањето на Аллах

Ако на световна личност ѝ биде кажано дека човекот сите благодати на светот ги наоѓа кога во него ќе биде всадено вистинско правилно однесување тој сигурно тоа ќе го смета за бесмислица и ќе каже дека тоа е нешто што луѓето го велат кога во името на религијата сакаат да соберат маса, дека е во ред некој во името на религијата да зборува такво нешто, но дека сепак има скриени мотиви за да го прават тоа и дека ни тие ни нивните следбеници правилно не постапуваат. Спротивно на ова Божјите Пратеници и нивните заедници се проникливи и имаат сфаќање за правилното однесување. Тие својот живот го водат вплеткани во световните работи како што е заработката за средства за животот итн. но секогаш бараат и се држат до правилното однесување.

Стотици луѓе му пишуваат писма на хазрети Халифа-тул Месих во кои изразуваат желба да всадат во себе и во своите деца правилно однесување. Ова се случува по прифаќањето на Ветениот Месија а.с. и давањето на неговиот баи‘ат. Стравот од Бог ги прави немарни за материјалното но тие не се лишени од световните благодати. Аллах им ги дава световните благодати на Своите пратеници и на вистинските верници. Понекогаш тие се соочуваат со привремени тешкотии но со Божјата милост времињата се променуваат на подобро. Луѓето со правилно однесување имаат задоволство во срцето и тие тешкотии ги поднесуваат трпеливо и се благодарни за сè што Бог им дава без оглед колку тоа е мало. Оваа пракса на благодарност ја собира понатаму Божјата милост и доживувајќи ја Божјата милост верниците се вдахновени да прават жртви и навистина ги прават.  Во сегашното доба Ахмади муслимани имаат вистинска проникливост за овој предмет. Тие пред себе го имаат времето на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и времето на неговиот вистински поклоник, Ветениот Месија а.с..

Објаснувајќи го оваа, хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Аллах им одземал сè на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и на неговите асхаби но нив, поради Аллах, не им било грижа за тоа и на крајот Бог ги наградил. Ветениот Месија а.с. исто така поради Аллах сè оставил. Тој со својот брат имал ист удел во наследството но неговата снаа (жената на братот), која подоцна го прифатила Ахмадијатот, го сметала за бескорисен. Тој поднесувал тешкотии но подоцна Аллах во изобилство го наградил. Во една од строфите на песната Ветениот Месија а.с. рекол дека постоело време кога тој живеел на остатоците од храната на другите но сега Бог му овозможил на масата да нахрани илјада луѓе. Размислувањето за раните околности на Ветениот Месија а.с. и за она што уследило ја зголемува верата на Ахмади муслиманите.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека родителите на Ветениот Месија а.с. веројатно се радувале на неговото раѓање но кога тој подоцна станал резигниран кон световните работи, неговиот татко почувствувал големо разочарување. Како што спомнав, еден човек од сик верата пренел дека таткото на Ветениот Месија а.с. побарал од него да го посоветува неговиот син. Овој човек отишол да го посоветува и му рекол на Ветениот Месија а.с. дека неговиот татко е тажен што неговиот помлад син (Ветениот Месија а.с.) ќе живее од тоа што постариот брат ќе му го даде. Рекол дека желбата на таткото е во текот на неговиот живот да најде некое вработување бидејќи сметал дека по неговата смрт сите негови извори на помош ќе престанат. Таткото на Ветениот Месија а.с. уредил да га вработи како службеник за образование во Капуртала и понудата за работата била продолжена. Кога овој човек сето тоа му го кажал на Ветениот Месија а.с. тој одговорил дека неговиот татко без причина е тажен и се грижи за неговата иднина, и додал дека тој веќе земал работа кај оној кај кого ќе биде вработен.

Ова бил почеток на животот и времето на Ветениот Месија а.с., и минувачкиот врв на овој почеток во времето на неговата смрт бил тоа дека илјади луѓе биле подготвени да се жртвуваат за него. Неговиот почеток навистина бил на мал степен но високата точка која ја достигнал била таква што покрај многуте луѓе кои му служеле биле и тие, преку двесте луѓе, што секој ден јаделе од отворената кујна (лангер). Тој подеднакво со братот го користел имотот на својот татко но традицијата во земјоделските кругови навистина во тоа време била таква ако некој не зема активна улога не добивал дел. Во раните денови кога Ветениот Месија а.с. имал гости тој од својата снаа барал храна за нив и нејзините негативни забелешки биле со такво значење што Ветениот Месија а.с. на своите гости им го давал својот дел од храната а тој останувал гладен и јадел само (суви) леблебии. Оваа е истата снаа која подоцна станала Ахмад на раката на хазрети Муслех Мауд.

Божјата мисија започнала на мал степен но кога дошла до врвот го восхитила светот. Денес отворената кујна не работи само во Кадијана туку во целиот свет; денес овие отворени кујни имаат поставени постројки за правење на погачи. Стотици илјади од овој леб се вари во Кадијана, Рабва и Лондон.  Како што порано беше спомнато, кога новинарите дошле на Џалса во Велика Британија, која со Аллаховата милост има голема организација, биле особено импресионирани со овој леб. Еден од нив посакал да го проба и посакал уште. Ахмади муслиманот кој бил во друштвото на овој новинар му рекол дека може да земе колку сака и дека тоа е кујната на Ветениот Месија а.с. каде ништо не недостасува. Навистина, постоело време кога Ветениот Месија а.с. морал да ја даде сопствената порција јадење. Ова навистина не е крајната точка на врвот. Оваа кујна и понатаму ќе се шири и милиони ќе јадат од неа како што, навистина, милионите ќе го зголемат своето правилно однесување по прифаќањето на Ветениот Месија а.с.. Сегашното ниво на жртвувањето на Ахмади муслиманите ќе расте до голем степен. Споредбата помеѓу сегашното и тогашното време е една од знаците на вистинитоста на Ветениот Месија а.с. и средство да ја зголемиме нашата вера. Духот на жртвувањето е создаден со цел да се водат сите аспекти на оваа мисија и тоа е овозможено низ придржување на правилното однесување кое за возврат се случува со поврзувањето со Ветениот Месија а.с.

Објаснувајќи го начинот на земањето на храна од страна на Ветениот Месија а.с., хазрет Муслех Мауд пишува:

„Начинот на кој Ветениот Месија земал храна беше за восхит. Јас никогаш никој друг немам видено да јаде на овој начин. Тој прво би ја прекршил погачата и тогаш пред да го направи залакот, и понатаму би ја кршел во мали парчиња додека го изговарал ’СубханАллах, субхан Аллах‘ (нека е слава на Аллах). Тогаш би ги земал малите парчиња и ги макал во сос и ги јадел. Оваа била неговата редовна пракса што посматрачите биле восхитени. Некои луѓе мислеле дека можеби барал алал парчиња од лебот за да ги изеде. Меѓутоа, причина за ова било тоа што додека јадеме Аллаховата религија пати од проблеми. Секој залак му застанувал во грлото и изговарајќи го ’СубханАллах, субхан Аллах‘ како да нудел извинување на Возвишениот Аллах Кој храната ја направил неопходна а за нас воопшто не била сигурна во текот на времето кога верата поминувала низ проблемите. Изгледало како да земањето на храна е напор; борба помеѓу длабоки, фини чувства кои настанале во поткрепа на исламот и верата, и помеѓу барањата кои Семоќниот Аллах ги поставил поради законите на природата.“

Всушност, Ветениот Месија а.с. храната ја јадел само од нужност.

Овој благословен пример на Ветениот Месија а.с. го свртува нашето внимание на тоа дека кога ќе ги земеме Божјите благодати треба да изразиме благодарност и треба да Го величаме и исто така да чувствуваме болка поради верата и да правиме напори и да настојуваме да бидеме дел од ширењето на религијата.

Начинот на кој Ветениот  Месија земал храна го објаснува предметот на величање на Бог како што хазрети Муслех Мауд р.а. извлекол префинета точка од изразот во Кур‘анот:

„Сè што е на небесата и на Земјата го велича Аллах…“ (62:2)

Тој рекол дека Ветениот Месија а.с. одвај јадел една погача и кога би завршил со јадењето останувале многу мали парчиња. Кога лебот би го искршил во мали парчиња јадел само неколку парчиња а останатото го оставал на маса. Не е познато зошто ова го правел, иако многумина рекле дека тој ги барал парчиња кои го величаат Аллах. Хазрети Муслех Мауд не се сеќава дека Ветениот Месија а.с. ова некогаш го кажал но пријателите околу него тоа го мислеле.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Аллах вели:

„Сè што е на небесата и на Земјата го велича Аллах…“

т.е. небото и Земјата  одекнуваат со величањето на Бог. Зошто Бог го кажал ова кога ние не можеме да го слушнеме звукот на ова величање? Никаде не е напишано каков е престојот во Џеннетот во задните илјада години бидејќи никаква корист нема тоа да се каже! Затоа, кога Бог вели;

„Сè што е на небесата и на Земјата го велича Аллах…“

тоа единствено може да значи: О луѓе! Слушајте го ова величање.  Кога луѓето на пример ќе речат дека месечината изгреала, тие мислат да кажат: погледнете ја месечината, или кога се вели дека таа и таа личност пее тоа значи: ајде да го слушнеме ова пеење. Затоа, Бог вели:

„Сè што е на небесата и на Земјата го велича Аллах…“

тоа значи: послушајте го ова величање и тоа за возврат ни зборува дека ние навистина тоа можеме да го слушнеме! Тука е слухот на понизок степен и слухот на повисокиот степен. Затоа на вистинските верници им е кажано да велат ’Бисмиллах‘ пред јадењето и ’Алхамдулиллах‘ по завршувањето на јадењето и со тоа да го величаат Аллах како да доживуваат нешто добро. Според тоа, величањето на Бог од страна на вистинскиот верник е всушност потврда на величањето на оние нешта за кои тој го упатува величањето!

Меѓутоа, колку луѓе ова го практикуваат? Тие јадат и пијат по цели денови и ноќи и ги гледаат чудата на природата но остава ли тоа на нивните срца некаков впечаток? Дали тоа ги вдахнува да го величаат Бог? Ако не, тогаш тие не го слушнале ова величање! Некој може да каже дека таков звук не постои но постои звук кој не може да се слушне со ушите туку од внатре.

Хазрети Халифа-тул Месих објаснил дела овој звук потоа е изразен со зборовите. Овој начин на величање на Бог треба да биде прифатен, всушност правилно однесување е тоа да го направиме како навика.

Еднаш некој христијанин дошол да го види Ветениот Месија а.с. и рекол:

„Ти кажуваш дека јазикот на Кур‘анот е мајка на сите јазици иако Макс Милер и другите напишале дека мајката на сите јазици има скратувања и постепено бива продолжена од страната на луѓето.“

Ветениот Месија а.с. одговорил:

„Ние не ја прифаќаме оваа формула на Макс Милер. Меѓутоа ние тоа ќе го прифатиме поради дискусијата и ќе видиме дали арапскиот јазик доаѓа до тоа обележје или не. Овој човек исто така ја подржувал надмоќноста на англискиот јазик над арапскиот. Ветениот Месија а.с. не го знаел англискиот јазик и побарал од овој човек да му каже како на англиски се изговара ’моја вода‘. Човекот одговорил ’My water‘, ’Моја вода‘. Ветениот Месија а.с. рекол: ,,На арапски јазик доволно е само да се каже ’ма‘и‘ кога сакаме да кажеме ’моја вода‘. Кажи дали е пократко ’моја вода‘ или ’ма‘и‘. Иако тој не го знаел англискиот јазик Бог му дал на Ветениот Месија а.с. да ги каже овие зборови кои го збуниле и посрамиле овој човек и тој признал дека арапскиот јазик има повеќе скратувања.

Слично на тоа Аллах на Чесниот Пратеник с.а.в.с. му ветил дека секогаш ќе го заштити од нападот на непријателите и секогаш ќе создава луѓе кои ќе го разбираат и силно ќе го сакаат Чесниот Кур‘ан и ќе го толкуваат и ќе го објаснуваат и ќе ги замолчат критичарите. Навистина, во Чесниот Кур‘ан се наоѓаат сите одговори.

Ветениот Месија а.с. се натпреварувал со непријателите толку многу долго што по неговата смрт непријателите признале дека ниту еден друг муслимански зналец не го бранел исламот така сјајно како што тој тоа го правел. Тоа била манифестација на:

„Аллах ќе те заштити од луѓето…“ (5:68)

Божјото ветување на Чесниот Пратеник с.а.в.с. било дека Он ќе го спаси во секој случај. Кога непријателот нападнал со сабја неговата сабја била истапена, и кога била нападната историјата, Бог ги воздигнал муслиманите кои ги побиле сите обвиненија повикувајќи се на историските книги и ги цитирале книгите на старите приговори за да докажат дека сите изнесени приговори против муслиманите исто така се применети и вредат и за нивната сопствена вера. Што се однесува на Чесниот Кур‘ан и Хадисите, Ветениот Месија а.с. сеопфатно се занимавал и со нив. Денес знаењето кое Ветениот Месија а.с. го толкувал е она што нас нè оспособува да ги замолчиме оние кои приговараат. Коментирајќи за знаењето и за погрешниот концепт на размислување, хазрети Муслех Мауд р.а. дал сведоштво за некој кој подоцна станал Ахмад муслиман но во времето на Ветениот Месија а.с., кога рекол дека арапскиот јазик е мајка на сите јазици, овој човек се ангажирал тоа да го проучи повеќе иако всушност му недостасувало академско (научно) знаење. Ветениот Месија а.с. бил запознаен со лексиконот, бил запознаен со јазикот и до сите заклучоци доаѓал на база на знаење. Кога Ветениот Месија а.с. рекол дека сето знаење се наоѓа во Чесниот Кур‘ан тој не мислел дека на пример тој ги докажува принципите на земјоделието итн. Тој сметал дека во него се содржани сите неопходни потреби на верата. Човекот кој го преземал овој проект, меѓутоа, рекол дека Кур‘анот има сè во себе. Некој му рекол дека во Кур‘анот не се спомнуваат компири и зачини. Човекот не можел да се воздржи и одговорил дека спомнувањето на

„…бисери и корали“ (55:23)

се однесува на компир и зачини.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека од една страна луѓето мислат дека Божјата Реч како и зборот на правникот се непроменливи а од друга страна луѓето прават промени и создаваат хаос. Човекот треба да биде подготвен да прифати промена но промената е во Божјите раце и Он ја прави кога Он сака и никој не може да Го сопре.

Хазрети Халифатул Месих рекол дека во побуната во 1974 година во Пакистан еден оџа го објаснувал ајетот од Кур‘анот:

„Он е Аллах, Едниот“ (112:2)

и неговото толкување било дека Ахмади се кафири!

Еден човек во времето на Ветениот Месија а.с. дошол во Кадијана и рекол дека ако Мирза сахиб е познат како Ибрахим, Нух, Иса и Муса него исто така Бог Лично го нарекол Мухаммед. Рекол дека го слушнал Божјиот глас кој тоа му го зборувал. Луѓето се обидувале да му објаснат но немало фајде. Одлучиле да го одведат кај Ветениот Месија а.с. Кога му бил претставен на Ветениот Месија а.с. тој го повторил своето тврдење и рекол дека Бог цело време така му зборувал. Ветениот Месија а.с. рекол дека Бог не му зборувал дека бил Ибрахим, Иса или Муса, но кога Бог го нарекол Иса Он му ги дал одликите на Иса и кога го нарекол Муса, Бог му ги подарил знаците слични на Муса. Потоа го прашал: Ако Бог личноста ја нарекува Мухаммед, дали исто така Бог ѝ дал вистинско знаење на Кур‘анот? Човекот одговорил дека не, и дека немал ништо од тоа. Оваа е разликата помеѓу вистинитиот и лажливецот. Ако човекот угости некој, тој пред него ќе стави храна а оној кој измамува ќе повика некој да дојде и ќе стави празна чинија пред него и ќе рече дека тоа е фина храна.  Бог не измамува, шејтанот тоа го прави. На човекот му било кажано дека ако тој бил наречен Мухаммед но не му било дадено било какво знаење за Кур‘анот, тогаш всушност шејтанот го нарекол Мухаммед. Кога Бог подарува нешто Он подарува и додатни нешта во склад со тоа и ако на човекот не му е дадено нешто додатно тогаш треба да биде сигурен дека шејтанот го нарекол Мухаммед а не Бог.

Вистина е дека само Бог доведува до промени и дава промени. Некои луѓе погрешно ги разбираат нештата откако ќе доживеат вистински соништа и изнесуваат тешки тврдења. Тие всушност се под влијанието на шејтанот. Кога Бог некому нешто дава Он исто така дава и сјај и светлина и можат да се забележат знаци со Божјо практично сведоштво кое сведочи во името на личноста како што можеме да видиме во случај на Ветениот Месија а.с. Тоа исто тако можеме да го видиме и со Халифите на Ахмадијатот.

Највена е џеназа за Сахибзади Аматул Бегум сахиб која починала во ноќта помеѓу 31 август и 1 септември во 87-та година.

Таа била внука на Ветениот Месија а.с., ќерка на Мирза Шариф Ахмад сахиб, внука по мајка на хазрети Мухаммед Али Кхан и снаа на сајед Аматул хафиз Бегум сахиб и Наваб Абдуллах Кхан. Му била тетка по татко на хазрети Халифатул Месих.

Родена е во Кадијана во 1928. Нејзиното верско венчање (никах) одржано е во 1944 година. Хазрети Халифатул Месих II р.а. долго зборувал пред никах. Тој рекол дека пред половина век Ветениот Месија а.с. објавил една од своите објави која гласела:

„…и ти ќе живееш доволно долго да се осведочиш во своите далеки потомци“

        (Тадхкирах, стр. 9)

тој понатаму рекол: Ние го гледаме исполнувањето на оваа објава. Понекогаш во текот на времето објавата ја губи својата слава и понекогаш славата и величественоста на објавата бидува зголемена со текот на времето. Во времето кога ја примил оваа објава, Ветениот Месија а.с. имал само два сина.  Подоцна имал повеќе деца и Аллах го проширил неговото семејство и сега неговите потомци се жени за мажење. Навистина, може да се приговори дека луѓето имаат големо потомство, што е така единствено во тоа! Но прашањето е колку од овие семејства се врзани со своите претци и се чувствуваат горди поради тоа. Оваа објава ни зборува дека потомците на Ветениот Месија а.с. ќе бидат поврзани со него и луѓето ќе кажат дека тоа е знакот на неговата вистинитост. Оваа објава не значи едноставно дека тој ќе има големо семејство туку исто така значи дека големината и славата на Ветениот Месија а.с. ќе биде толку високо што неговото семејство ниту една минута нема да посака да не биде поврзано со него и нивната чест токму со оваа врска ќе се зголемува. Не е важно колку висока положба семејството може да стекне, дури и ако му биде дадена власт, тоа ќе биде почестено од врската со Ветениот Месија а.с. Оваа објава значи дека Аллах му рекол на Ветениот Месија а.с. дека неговото семејство никогаш нема да ја  загуби неговата знаменитост.

Во објаснувањето на оваа објава Ветениот Месија а.с. рекол:

„Еден ден на тага (жалост) и четири на среќа.“

Тоа значи дека луѓето  (во неговото семејство) ќе умираат, но таму кај што еден ќе умре четири ќе бидат родени.

Семејството на Ветениот Месија а.с. ќе остане знак на неговата величественост и ќе чувствуваат гордост во потврда на неговата истакнатост и светот тоа исто така ќе го признае.

Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека толку детално го спомнал ова излагање бидејќи на семејството на Ветениот Месија а.с. лежи голема одговорност, која треба да се почитува и треба да се запомни изјавата на Ветениот Месија а.с.: Бидејќи сте поврзани  со нас не ширете зол глас за нас. Тој рекол дека големина не е во тоа само да се биде негово семејство, должноста на секој поединец е да се држи до неговите учења и да ја  подржува неговата висока положба.

Сахибзади Аматул Бари Бегум сахиб имала чест во времето на раздвојувањето на Индија да патува во Пакистан во исто возило со хазрети Амаа Јан. Кога стасала во Пакистан живеела во Ратан Багх, Лахор и потоа останала во Лахор. Многу им помагала на сиромашните и била крајно гостопримлива. Често нејзината куќа била полна со гости вклучувајќи го и семејството, сиромашните итн. Нејзиното гостопримство било извонредно. Нејзиниот општествен круг бил огромен и таа одржувала добри односи со роднините од Малеркотл кои не биле Ахмади. Имала студенти кои како редовни гости престојувале во Лахор и биле семејство како и другите гости. Била подготвена секого да угости. Многу историски факти знаела од животот на хазрети муслех Мауд и ги кажувала на семејството и така биле сочувани. Аллах направил да биде богата и секогаш трошела на сиромашните. На многу деца им го плаќала образованието и исто така им помагала при склучување на бракот. По смртта на нејзиниот маж започнала стипендија во негово име.

Во една прилика паднала и имала неколку операции но сето тоа цврсто го поднела. Починала од срцев удар. Била крајно извонредна во плаќањето на својот придонес и од 1958 до 1994 година во различни својства  служела во Леѓна (организација на жени).

Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека не видел некој друг во времето на радост и тага да ја собира фамилијата и другите така присно како што таа тоа го правела.

Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека оваа година во време на интернационалниот баи‘ат носел поинаков мантил. Овој мантил му припаѓал на Ветениот Месија а.с. и му бил даден на хазрети Мирза Шариф Ахмад сахиб а подоцна на Сахибзади Аматул Бари сахиб која му го пратила на Хазур. Имала силна врска со халифатот и контактите ги одржувала и преку телефон. Изразила загриженост за децата, да бидат во состојба да ја практикуваат побожноста и да живеат во склад. Нека Аллах даде да така биде! Нека Аллах ја воздигне нејзината положба и нека ѝ подари проштевање.