In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Постигнување на Аллаховото задоволство

По учењето на ташахуд, та‘уза, тасмиа и сура Ал Фатиха хазрети Амеер-ул-Му‘минеен а.т.б.а. го проучи 21-от ајет од сура Ал Хадид. Преводот е следниот:

„Знајте дека животот на овој свет е само игра и забава, и исполнување на желбите на душата кои ве прават невнимателни кон главната цел, и украс и меѓусебно фалење и натпреварување во имотот и децата; овој живот е како дожд што ќе ги вчудоневиди земјоделците со растенија што толку бргу растат и потоа ги гледаш пожолтени, а потоа ги гледаш како се ронат. А на другиот свет е остра казна одредена, а и прошка од Аллах и задоволство. А животот на овој свет е една привремена варлива корист.“

(57:21)

Хузур-е-Анвар а.т.б.а. рече дека Семоќниот Аллах џ.ш. на различни места во Чесниот Кур‘ан го свртел нашето внимание, односно, дека Он не предупредил дека нашиот живот е на овој свет, и целата негова благосостојба, погодност и добробит се привремени, и тие не се ништо повеќе од спорт и забава. Тие кои не се послушни на Семоќниот Аллах џ.ш. и кои ја занемаруваат основна цел на животот, можат да бидат наклонети кон световните нешта. Меѓутоа, Мумин (верник) кој има многу високи цели (верник) (кои сигурно би требало да ги има) е ослободен од такви работи и го нема тоа размислување. Всушност, Мумин сака да постигне високи цели, љубов и близина на Возвишениот Аллах џ.ш..

Хузур а.т.б.а. потоа вели:

„Милоста на Возвишениот Аллах џ.ш. е немерлива. И затоа луѓето можат да ја постигнат Неговата милост преку одредени честити дела. Меѓутоа, Возвишениот Аллах џ.ш. вели дека световниот живот не е сè, со оглед дека правиот живот е по овој. Затоа е потребно да се создадеме однос со Возвишениот Аллах џ.ш. и да се покориме на Неговите наредби, за да го постигнеме Неговото задоволство и да доживееме успех.“

Хузур а.т.б.а. потоа го спомна цитатот на Ветениот Месија а.с. во кој тој рекол:

„Тие кои доаѓаат од Бог, го напуштат светот.“

Всушност, тоа значи дека тие не копнеаат овој свет да им стане главна и конечна цел. Тие не се придржуваат само на животот на овој свет. Кога ова ќе стане нивна состојба, тогаш светот станува подреден на нив.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Но оние кои световниот живот го земаат за конечна цел, дури и ако се здобијат со тој свет, на крајот ќе се соочат со пустелија.“

Хузур-е-Анвар а.т.б.а. реше:

„Зборовите на Ветениот Месија а.с. не се однесувале само за тоа време. Всушност, дури и денес кога е воспоставен финансиски систем и кога постојат силни богати и моќни банки сепак бизнисите и компаниите кои се потпираат на банките се уништуваат и доживуваат банкрот, и знаеме дека дури и на банките понекогаш претрпуваат загуба.“

Хузур а.т.б.а. понатаму рече:

„Наспроти фактот дека Возвишениот Аллах џ.ш. ги благословил муслиманските држави со толку многу богатство кое за жал е во рацете на нивните владари, челници и политички водачи, и тие го трошат на раскош наместо да го трошат покорувајќи му се на Возвишениот Аллах џ.ш. и да го направат средство за постигање на Неговото задоволство. Тие требало богатството од нафтата да го употребат за спас на човештвото и да им помогнат на сиромашните муслимански земји, како и на останатите држави да станат на нозе, а исто така и да ги нахранат и облечат сиромашните во своите сопствени држави. Меѓутоа, тие не обрнуваат внимание на ова и само се зафатени со полнење на сопствените џепови, и тоа постојано се случува. Тие се понизени пред светот, но не го разбират тоа и не ја сфаќаат казната која ги чека по овој свет а за која Возвишениот Аллах џ.ш. предупредил, и која навистина е понижувачка.“

Хузур а.т.б.а. потоа рече:

„Луѓето исто така велат дека тие ги извршуваат своите молитви, постат и тука не гледам штета во тоа ако тие ги постигнат одредбите кои Возвишениот Аллах џ.ш. ги пропишал.“

Како прво, личноста мора да ги усвои искреноста и побожноста во своето обожавање бидејќи Возвишениот Аллах џ.ш. рекол дека намазот треба да биде исполнет со искреност и посветеност.

Второ, личноста овие одредби треба да ги користи за да ги исполни правата на другите.

Меѓутоа, во нашите држави се случуваат настани да кога водачите одат на патување изнајмуваат цела флота авиони со сите услуги и погодности, и прават трошок од милиони долари. Цело време во нивните држави постојат сиромашни граѓани кои се борат за еден оброк дневно. Тие, всушност, се оддалечуваат од наредбите на Возвишениот Аллах џ.ш..

Хузур-е-Анвар а.т.б.а. потоа рече:

„Асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. постојано биле во потрага по средства за постигање на добри дела и постигање на задоволството на Возвишениот Аллах џ.ш.. Тие редовно за тоа го испрашувале и се советувале со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Во една прилика еден човек му пришол на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и рекол:

’О Аллахов Пратенику! Кажи ми за делото поради кое доколку го направам ќе ја добијам Божјата љубов и ќе постигнам другите да ме почитуваат‘.

Сакал Аллах џ.ш. да биде задоволен со него и другите да му се восхитуваат. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

’Одвој се од овој свет и отстрани ја зависноста од него. Возвишениот Аллах џ.ш. тогаш ќе те сака‘.“

Хузур а.т.б.а рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. објаснил што значи одвојување од световните работи и тоа го нагласил на следниот начин:

„Одвојувањето од светот не значи забрана на нештата кои Аллах џ.ш. ги дозволил, како ниту уништувањето на своето богатство и имот. Тоа исто така значи дека не треба да го уништите имот кој Аллах џ.ш ви го дал. Всушност, воздржување и богобојазливост значат дека треба да имате повеќе доверба во наградата на Семоќниот Аллах џ.ш. и проштавање над личното богатство (не потпирајте се само на своето богатство и имот).“

Потоа Хузур а.т.б.а. рече:

„Ние гледаме како во Пакистан и во други места противниците предизвикуваат загуба од стотици илјади дури и милиони од работата на трговијата на нашите Ахмади муслимани унишувајќи ги и запалувајќи ги. Всушност, еден од министрите еднаш кажа дека Ахмади муслиманите ќе ги доведе до просјачки стап, што ќе мора да просат. Меѓутоа, овие Ахмади муслимани имале доверба во Семоќниот Бог, ништо не барале од државата ниту од некој друг и не оделе со просјачки стап.

Всушност, поради тоа што имале доверба во Семоќниот Аллах џ.ш., нивната загуба од илјадници била превртена во заработка од милиони. Додека овие примери треба да ја зголемат верата на Ахмади муслиманите, во исто време треба да направат овие Ахмади муслимани да увидат дека тоа е само поради благословите на Семоќниот Аллах џ.ш., Кој им овозможил да доживеат финансиски напредок по напуштањето на Пакистан и доаѓањето во развиените земји.“

Хузур-е-Анвар а.т.б.а. рече дека во една прилика Ветениот Месија а.с. кажал:

„Човекот не треба да има идеја и со тоа да ги пресече сите врски со овој свет.“

Ветениот Месија а.с. понатаму кажал:

„Ова не е поради тоа што јас така мислам, ниту Семоќниот Аллах џ.ш. на било кој забранува да бара световни нешта. Всушност, исламот го забранува манастирскиот живот. Тоа е пракса на кукавици бидејќи кукавичлук е воздржувањето од светот. Широките релации кои еден  верник ги има со луѓето од светот, всушност, стануваат средство за воздигање на неговиот статус. (Иако личноста има врска со светот, во исто време тоа не е нејзината крајна цел) бидејќи правата цел е верата, и светот со целото свое богатство и имот е потчинет на верата. Затоа, главната работа е дека стекнувањето на светот не треба да биде крајна цел на човековиот живот. Всушност, вистинската цел треба да биде верата а световните средства треба да се бараат потчинувајќи и се на верата. На пример, кога човекот ќе се подготви и ќе одбере начин на превоз за да стаса од едно до друго место, вистинската цел е да стаса до другата точка а не начинот на превоз или начинот на подготовка. На истиот начин личноста треба да ги бара световните средства но истите да ги смета како средства за служење на верата.“

Во врска со казната на Другиот свет Ветениот Месија а.с. вели:

„Човекот треба да сфати што е Џехеннем. Постои еден Џехеннем на кој Семоќниот Бог однапред не предупредил. Друго, ако некој не го троши овој свет во потрага по Семоќниот Бог, тогаш и тоа е Џехеннем. Семоќниот Бог не е одговорен за заштита или сигурност на таков поединец. Не мислете дека било каков имот, власт, чест или достоинство или нечие потомство ќе бидат извор на просветленост, мир и хармонија кои би го довеле до Џеннет.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Пратениците како што е Ибрахим а.с., а посебно Јакуб а.с., во своите завештанија нагласиле (арапски):

’Нека смртта не ве затекне во друга состојба освен во состојба на покорност.‘

Човекот не е свесен кога е донесен на овој свет и кога ќе си оди, и оваа изјава значи дека секогаш треба да се води сметка за наредбите на Аллах џ.ш. и да се размислува за Ахирет. Радостите на светот влеваат во човек отровна алчност која ги зголемува неговите желби и копнежи. Што се сластите на светот? Тоа се нешта кои ги зголемуваат човковите (телесни) желби и копнежи, токму како претерана жед на оној кој боледува од полидипсија.“

Хузур а.т.б.а. потоа рече:

„Според тоа, раскошот и удобноста на овој свет не смеаат да не направат невнимателни кон обожавање на Семоќниот Бог, ниту да не оттргнат од исполнувањето на правата на Него (Семоќниот Бог). Нашето богатство не треба да не попречи во исполнувањето на правата на нашите сиромашни браќа. Понатаму, ние треба да ја исполниме својата улога во ширењето на исламот и во пропагирањето на неговата порака, наместо да преминуваме преку и да не се осврнуваме кон оваа цел. Причина за влегувањето во заветот на баи‘атот со Ветениот Месија а.с. е не само исполнување на правата на Семоќниот Бог туку и исполнување на правата кои им ги должиме на луѓето, како и правото за пропагирање на пораката на исламот. Само тогаш можеме да ја исполниме сопствената цел за давање предност на верата над световните нешта.“

Нека Семоќниот Аллах џ.ш. не оспособи секогаш да го бараме Неговото задоволство и никогаш да не подлегнеме на овој варлив свет. Нека се спасиме од овој свет како и од Џехеннем во Ахирет. Нека милоста на Семоќниот Бог го направи овој свет Џеннет за нас и нека исто така не оспособи да влеземе во Џеннет на Ахирет.

Хузур а.т.б.а. рече дека по џума намаз ќе клања џеназа во отсуство (на телото) за две личности. Првата е за господин Башарат Ахмад сахиб, синот на Мухаммед Абдуллах сахиб. Тој и припаѓал на областа Рахим Јар Кан, и убиен е на 3 мај 2017 година. На Аллах џ.ш. му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Според деталите (во извештајот) починатиот господин Башарат Ахмад сахиб живеел во Грин Таун и имал бензиска пумпа која се наоѓала околу четири ипол километри оттаму. На 3 мај пумпата ја напуштил околу 20 часот и по обичај се возел со мотор. По еден километар од патот непознати напаѓачи го запреле и од близина пукале во него, така што бил погоден на десната страна од слепоочницата и куршумот излегол од другата страна а тој веднаш починал.

Ахмадијатот во неговото семејство влегол преку неговиот татко, господин Мухаммед Абдуллах сахиб, кој дал баи‘ат на рацете на хазрети Халифа-тул Месих II р.а., пред создавањето на Пакистан. Во 1947 година семејството на починатиот од Кадијана се преселило во Мианвали, во Пакистан. Тој е роден во 1955 година во Бикхар. Првото образование го стекнал во своето село и потоа запишал школо во Ахмад Нагар во Чиниот, Рабва. Потоа, некое време работел на Тарбела Дам за да замине за Дубаи. По враќањето оттаму се вработил во Карачи и имал личен бизнис со автомобили. Во 1985 година поради несигурната ситуација во Карачи се преселил во Канпур и отворил бензиска пумпа.

Со Аллаховата милост починатиот бил муси (член на програмата на Завештание) и во времето на убиството имал 62 години. Имал прилика да служи во различни својства. Три години служел како претседател на Карпур џемаатот. Долг период служел како секретар во одделението за Внатрешни работи. Имал многу доблести. Бил исклучително искрен, бил секогаш со насмевка на лицето и другите ги правел среќни. Која должност и да му била дадена тој ја исполнувал со голема љубов и напор. Работел во надзор на џамјата во Карпур.

Внимавал за хигиената во џамијата а посебно на дворот и зеленилото, и сето тоа го правел од своите пари. Бил редовен во плаќањето на членарината (задолжителниот придонес) и бил најредовен од целото свое семејство. Секогаш бил редовен во извршувањето на петте дневни намази. Зад него остана жена, два сина и две ќерки. Нека Аллах џ.ш. ја воздигне неговата положба на шехид и нека ги оспособи неговите потомци да останат врзани за Халифатот.

Втората џеназа е за професорка Тахира Парвеен Малик ќерка на рахметли Малик Мухаммед Абдуллах сахиб. Таа е убиена на 17 април откако со нож ја избол вработен на универзитетот. Иако напаѓачот дошол со намера да ограби во моментот кога видел дека е откриен тој го направил ова дело, но како и да е, во Пакистан е дозволено секој да може да повреди Ахмади муслиман бидејќи никакви мерки нема да се преземат против него. Тоа е причината што овој вработен имал храброст да ја повреди кога увидел дека е откриен (знаел дека таа живее сама). Нејзиниот маж и семејството се оддалечиле од Ахмадијатот и тогаш таа се развела од него и живеела сама. Била многу образована. Иако минатата година побарала да оди во пензија, универзитетот повторно ја вработил бидејќи била многу спсобна.

Ахмадијатот во нејзиното семејство дошол преку нејзиниот дедо по татко, хазрети малик Хасан Мухаммед сахиб. Тој бил близок со Ветениот Месија а.с.. Нејзиниот татко исто така бил дервиш (го посветил живот на служењето на верата) и служел во разни својства. Тој исто така имал прилика да ја проучува верата во Талеем-ул-ислам колеџот. Имал прилика да служи во многу својства. Во текот на создавањето на Пакистан служел во одделението за сигурност. Во 1953 година бил во затвор.

Починатата била многу интелигентна личност. Првото образование го добила на Пенџаб универзитетот, по што магистрирала ботаника на универзитет во Калифорнија.

Нека Аллах џ.ш. ја подари Својата милост на починатите и нека ги воздигне нивните статуси. Единствена мака која таа ја имала било тоа што нејзината ќерка заедно со таткото го напуштила Џемаатот. Нека Аллах џ.ш. и подари прилика повторно да му се придружи на Џемаатот и нека Аллах џ.ш. ги прими нејзините (на мајката) дови. Како што веќе спомнав, јас ќе клањам џеназа по џума намаз.