In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Повикајте го Аллах џ.ш. со мудрост и со добрите поттици

Преводот на овој ајет гласи:

„Повикувај на патот на Господарот свој со мудрост и убав совет, и расправај со нив со најдобар аргумент. Сигурно, Господарот твој најдобро знае кој заталкал на Неговиот пат: и, Он ги знае оние кои се исправно упатени.“          

 (16:126)

Препораката е вклучена во Мајлис-е-Шура до бројните Џемаати ширум светот. Препораката беше во врска со проширувањето и подобрувањето на целта на Таблигх за да се пренесе вистинска порака на исламот на што поголем број на луѓе во секоја држава.

Ахамдија џемаатот на Велика Британија истата препорака ја вклучи оваа година во програмата на Шура. Беа одржани продуктивни расправи по што предложија програма за спроведување која ми беше пратена на одобрување. По одобрувањето одговорноста им припаѓа на членовите на Шура кои треба сите свои способности и сили да ги искористат за да препораката премине во дело и самостојно да ја спроведат. Исто така, обврска на вршителот на должност е да на секое ниво во Џемаатот делува според одобрени препораки. На секој вршител на должноста сакам да му свртам внимание дека е потребно севкупната соработка да ја прошири со секретаријатот на Таблигх за спроведувањето на овој предлог во своите Џемаати.

Должноста на националниот секретар на Таблигх е да го испрати воспоставениот програм на делување на Таблигх секретарите на локалните Џемаати. Понатаму, треба да бидат сигурни дека планот на делување е пренесен на секој член на Џемаатот, односно на оној дел кој не е дел од управата. Најмногу од сè потребно е да се разбере упатство кое во овој ајет ни го дал Возвишениот Аллах џ.ш. и секој Таблигх секретар, секој вршител на должност и секој Даејаан Кхасооси (стручњак за проповед) треба да делуваат согласно на тоа.

Денес терористички организации и таканаречени муслимански зналци во својот фанатизам, бесмисленост и употреба на ирационални аргументи го клеветат исламот до таа мера што не муслиманскиот свет верува дека на исламот му недостасува мудрост и дека е ирационална религијата, Боже. Тие веруваат дека исламот подучува на екстремизам. Ваквите околности даваат голема важност на одговорноста да секој Ахмади муслиман го спроведува Таблигх и да формира контакти согласно на наредбата на Возвишениот Аллах џ.ш..

Мораме да направивме напор во спроведувањето на Таблигх на начин на кој не подучил Возвишениот Аллах џ.ш.. Најнапред, Возвишениот Аллах џ.ш. вели Таблигх да го спроведуваме  користејќи ја мудроста (хикмах). Што е хикмах? Хикмах има голем број на значења и за да бидеме успешни во Таблигх е неопходно да бидеме свесни за нив и да ги имаме на ум. Едната ознака на хикмах е знаењето. Знаењето е неопходно во спроведувањето на Таблигх. Значи, најпрво треба да го зголемите своето знаење за да можете да имате интелектуална расправа со некого, со човекот мора да разговарате на начин кој одговара на неговото ниво на разбирање.

Друго, треба да знаете каде во наша литература и на кои страни можете да добие интелектуални одговори на нивните прашања. Потоа, аргументите треба да се изнесат на луѓе од различни религии и на оние кои го одрекуваат постоењето на Бог, согласно на нивните менталитети, перспективи и гледања.

Хикмах (мудрост) исто така значи ’решителен и цврст збор‘ и уверлив аргумент кој не бара понатамошни докази за да ја воспостави својата вистина.

Значи, наместо да влегува во долги расправии, човекот треба да ги анализира и разгледа актуелните трендови – да постави такви тврдења и реплики и да ги направи достапни на Џемаатите за да максимален број на луѓе има интелектуални и силни аргументи на располагање.

Уште повеќе, хикмах (мудрост) исто така означува ’праведност‘. Човекот во расправите не смее да претставува такви аргументи кои како одговор можат да бидат употребени против нас. Муслиманите кои ни се противат понекогаш изговараат такви тврдења против Ветениот Месија а.с. кои како одговор можат да послужат и против останатите пратеници. Така да, Таблигх одделението исто така треба да состави тврдења од овој вид и нивните одговори да ги направи достапни за Џемаатите.

Исто така, хикмах (мудрост) означува ’трпеливост и мудрост‘. Потребно е да се користи љубезност и рационалност во текот на Таблигх. Потоа, хикмах означува и ’пратеништво‘. Од оваа точка на гледиште треба да преземеме Таблигх додека ги применуваме аргументите и учењето на Чесниот Кур‘ан, што всушност и ни го открил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Едно од значењата на зборот хикмах е и ’воздржување од незнаење‘. Човекот мора да зборува другите лесно да го разберат. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. исто така кажал со луѓето да зборуваме согласно на нивното разбирање. Мораме да имаме постојаност и доследност во нашите Таблигх програми.

Не е доволно еднаш или два пати годишно да се прославува Ашра-е-Тарбијјат или Ашра-е-Таблигх (програма во траење од десет дена каде посебно внимание му е дадено на Таблигх/Тарбијјат), како и да се расподели литература на улиците и со тоа да мислиме дека праведно сме ја пренеле пораката.

Така, нашата должност е да делуваме согласно на наредбите на Возвишениот Бог и пораката да ја шириме мудро, со добар совет и со силен аргумент и сето тоа мораме истрајно да го правиме.

Возвишениот Аллах џ.ш. вели дека Он Самиот ќе доведе до посакуваните резултати, а тоа значи дека за скршнувањето и за водењето единствено знае Возвишениот Бог.

Он на друго место кажал дека на сила никому не можеме да му го дадеме упатството. Вашата должност е пораката на вистината да ја пренесете до секоја личност во светот. Морате на другите да им ја покажете убавината на исламот и на неговите убави учења. Единствено Возвишениот Аллах џ.ш. знае кој ќе биде упатен а кој нема да биде. Единствено, Возвишениот Бог знае дали на човекот ќе му биде дадена прилика да прифати или не, но во секој случај ние сме ја исполниле должноста претставувајќи му ги вистинските учења на исламот.

Наредено ни е да ја пренесуваме пораката и ние не можеме да се оттргнеме од тоа, ниту ќе го направиме тоа. Ние ќе го завршиме тоа што мораме да го направиме. Единствено, Возвишениот Аллах џ.ш. знае кој ќе биде упатен а кој нема да биде. Ние ќе ја исполниме задачата која ни е дадена, но во исто време ветувањето на Возвишениот е дека Он и Неговиот Пратеник ќе превладаат, ако Бог даде.

Затоа, имаме надеж дека еден ден мнозинството ќе и се придружи на нашата група. Ветениот Месија а.с. исто така ни дал насоки кои се темелат на стихот кој го кажав:

„Возвишениот Бог знае дека јас никогаш не ја заборавив љубезноста и нежноста при одговорите (со други зборови, никогаш не се случило тој да ги напушти пристојноста и убавиот говор, и секогаш зборувал со добри и љубезни зборови), освен неколку пати кога непријателот пишуваше исклучително лошо и непристојно, но и тогаш до извесна мера се поставив строго.“

Така, секогаш на ум треба да ја имаме оваа разлика и не треба да покажуваме никаков вид на слабост каде ја губиме смислата на интегритетот и честа, бидејќи, едноставно чувствуваме дека треба да подучуваме и пораката да ја пренесуваме на другите. Иако нема да се караме и да создаваме безредие сепак понекогаш е потребно да се спротивставиме на кажаното. Во секој случај треба да бидеме мудри. Потребно е да се обраќаме со благ тон и морално да се однесуваме, но во исто време и да укажеме на она што е погрешно. Така, човекот секогаш треба да има на ум дека мудроста не значи покажување на слабост или да сведочиме неточно за да некого привлечеме кон себе.

На пример, световните луѓе во името на слобода носат закони кои исламскиот закон и шеријатот потполно ги забрануваат. Ако зборуваме против нив тие велат дека, иако Ахмади муслиманите тврдат дека не се екстремисти и зборуваат против тоа и со пример покажуваат дека не се тоа, сепак во поглед на одредени проблеми тие сепак се екстремисти. Примерот кој начесто го наведуваат е ракувањето со жена и ставовите околу хомосексуалноста. Ние не треба да се караме но мораме да го истакнеме тоа што е погрешно.

Неодамна, овде во Велика Британија, член на политичка партија кој стана многу популарен, објави дека не може да стои зад челниците на партијата бидејќи е против хомосексуалноста и абортусот, а двата предмети се такви што општеството никому не му дозволува да зборува против тоа. Што се однесува до проблемот со хомосексуалноста, Чесниот Кур‘ан и Библијата спомнуваат дека кога оваа болест ќе се рашири меѓу луѓето тие ќе бидат казнети од страна на Возвишениот Бог. Меѓутоа, кога се работи за абортус сметаме дека тој во одредени околности е дозволен. Слично на тоа, еден друг политички водач пред неколку месеци даде оставка бидејќи беше против хомосексуалноста и изјави дека како резултат на тоа бил присилен да бира помеѓу политиката и својата вера, ѝ, за да ја сочува верата го жртвувал водството.

Значи, ако световните луѓе чија религија не се наоѓа дури ниту во оригинална форма ги жртвуваат своите световни работи поради својата вера и не се прилагодуваат и не се кукавици, тогаш колку силна вера треба да имаат оние кои веруваат во завршен и вечен шеријат?

Вршителите на должност во Џемаатот треба да обрнат внимание на ова бидејќи забележав дека се наклонети кон ваква слабост. Човекот не треба да се грижи за спротивставувањето бидејќи тоа отвора нови патишта за Таблигх.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Колку што е поголема невистина која се спротивставува на вистината, моќта и силата на вистината станува еднакво голема.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Меѓу земјоделците често се зборува дека колку што се поголеми  летните горештини, толку е посилен монсунот.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Ова е природен феномен; колку што е посилно спротивставувањето на вистината, таа повеќе сјае и го покажува својот сјај. Самите тоа го искусивме, бидејќи каде силно ни се спротивставуваа токму таму Џемаатот беше воспоставуван. А таму каде луѓето не ислушаа и останаа тивки тука забележуваме помал напредок.“

На ова сведочиме дури и денес. Неодамна во Германија запознав истакнати не Ахмади гости од Алжир кои дојдоа да ме видат. Рекоа дека без сомневање мојот Џемаат се соочува со многу тешкотии, но дека сепак е претставен на целата држава и токму поради тоа спротивставување луѓето го запознале Џемаатот.

За Таблигх исто така е важно да постои согласност помеѓу говорот и праксата. Човекот треба да го практикува тоа што го подучува и само тогаш може да искаже зборови на мудрост и исто така ќе има влијание на другите кога ќе покаже хармонија во говорот и во праксата. Говорот на личноста која проповеда единствено ќе биде важна кога постои доследност во нејзиниот говор и во нејзиното однесување.

„Ветениот Месија а.с вели:

„Ако таквите луѓе поседуваат знаење и го практикуваат тоа што го проповедаат тогаш која е потребата Чесниот Кур‘ан да кажува:

Зошто го зборувате она што не го правите‘?“,

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Мумин (верникот) не треба да води двоен живот и секогаш треба да биде оддалечен од слабоста и лицемерството. Секогаш својот говор и  пракса држете ги во целина и покажете хармонија помеѓу нив, онака како што тоа го правеле асхабите. Вие, исто така, треба да одите по нивните стапки и да ја покажувате својата искреност и посветеност.“

Најпрво,  станете пример, а потоа проповедајте ја пораката на исламот и ширете ја неговата совршеност во целиот свет. Ако човекот сака да прави Таблигх мора да направи чиста промена во себе самиот. Кога човекот ќе стане вистински пример за муслиманите тогаш нема сомневање дека луѓето ќе му обрнат внимание. Посматрајќи го твојот сопствен пример човечкото внимание ќе биде свртено кон тебе и на овој начин, и без формално правење Таблигх, ќе се отвораат патишта за Таблигх. Нека Возвишениот Аллах џ.ш. овозможи да се однесуваме согласно на ова.