In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Докази за вистината

По учењето на Тахаџуд, Та‘уза и сура Ал-Фатиха Хазрети Амеер-ул-Му‘минен (а.т.б.а.) рече:

Денес, западниот печат и медиумите зборуваат дека Ахмади муслиманите зборуваат за мирните учења на исламот, додека мнозинството муслимани не ги спомнуваат тие учења и сметаат дека Ахмади муслиманите, всушност, не се муслимани. Ахмади муслиманите се многу помалку во однос на другите муслимани. Кога  состојбата е таква како тогаш Ахмади муслиманите можат да тврдат дека токму тие ги почитуваат вистинските учења на исламот?

Неодамна, во текот на мојата турнеја во Германија беше поставено истото прашање. Потоа, тие се прашуваат:

„Како ќе ги убедите другите муслимани да го пратат ова учење ако верувате дека тоа е вистинското?„

Нашиот одговор е секогаш ист. Доказите за вистинското учење на исламот кои ние ги претставуваме можат да се најдат во Чесниот Кур‘ан, хадисите и суннетот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Ние докажуваме со јасни докази дека учењето на исламот секогаш наредува да се исполнат правата на Возвишениот Аллах џ.ш. и на Неговите суштества.

Што се однесува до прашањето како ќе ги убедиме другите муслимани во ова учење, тогаш одговорот е пророштвото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кое вели дека кога муслиманите ќе скршнат од правиот пат, ќе биде испратен Ветениот Месија а.с. кој ќе ги реформира муслиманите и на светот ќе му го претстави вистинското учење на исламот. Така, пророштвото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на најсјаен начин е исполнето.

Во времето кога муслиманите не го прателе вистинското учење на исламот, Возвишениот Аллах џ.ш. го пратил Ветениот Месија а.с. и Мехди (оној кој е упатен). Ветениот Месија а.с. не научил да го почитуваме вистинското учење на исламот и на Чесниот Кур‘ан. Ние Ахмади муслиманите, кои го прифативме Ветениот Месија а.с., го шириме ова јасно учење на исламот и на муслиманите, и на нè муслиманите. Нашата задача е да ја проповедаме пораката како мисионери. Така, ние ја извршуваме нашата задача на проповедање на исламот и ако Бог даде ќе продолжиме тоа да го правиме.

Напредокот на Божјите заедници и следбеници на пратениците не се случува за неколку дена. Оваа Заедница се шири и полека напредува. На прашањето на западните медиуми:

„Како ќе ги охрабриме другите муслимани да го пратат ова наше учење?“,

нашиот одговор се наоѓа во десетте милиони следбеници на Ахмадија муслиманската заедница, кои повеќето се придружиле од други муслимански секти. Кога луѓето ја разберат оваа порака вистинското учење на исламот им станува очигледно, кога стануваат свесни за тврдењето на Ветениот Месија а.с. и почнуваат да ги разбираат упатствата и пророштвата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и тогаш муслиманите и луѓето од други религии почнуваат да и се придружуваат на нашата Заедница. Ако Бог даде еден ден нашето малцинство ќе стане мнозинство. Ова е Божјо ветување и гледаме дека секој ден се исполнува. Секоја година, стотици илјади луѓе и се придружуваат на Ахамдија муслиманската заедница и повеќето од нив се муслимани.

Еве неколку примери како Возвишениот Аллах џ.ш. ги отвора патиштата за нив и ги упатува луѓето кон Заедницата. Постојат и луѓе кои поради сонот и се придружиле на Заедницата.

Нашиот мисионер на должност во Казан пишува:

„Воспоставивме контакт со Сафи Лоиф сахиб преку проповед. Разменувавме прашања и одговори. По некое време тој даде баи‘ат.“

Објаснувајќи го овој настан на давање на баи‘ат тој вели:

„Возвишениот Аллах а.с. во сонот ми покажа како се наоѓам во Сирија каде две групи се бореа една со друга. Во текот на борбата им се придружи и трета група. Таа група се обидуваше да ги убеди да не прават суровости убивајќи се едни со други. Потоа, првите две групи по советот на третата група го фрлија оружјето и се гушнаа едни со други.“

Понатаму, спомнатиот руски пријател продолжува:

„Потоа запрашав некого која е оваа трета група која направи мир помеѓу овие двете сопернички групи? Ми беше кажано дека тоа се членови на Ахмади муслиманската заедница.“

Госпоѓата, Маликах сахиба од Франција, објаснува како го прифатила Ахмадијатот, раскажувајќи:

„Еден ден го молев Возвишениот Аллах џ.ш. да ме упати дали Ахмадијатот е исправен пат или не.“

Вели дека три ноќи едно по друго Возвишениот Аллах џ.ш. и покажал три сона.

„Во мојот прв сон се чинеше како да е Судниот ден и дека владее безредие. Моите браќа и сестри кои веќе го беа прифатиле Ахамдијтот воопшто не беа под стрес туку беа мирни и среќни додека пак јас непрекинато врескав поради таа страшна ситуација. Тие воопшто не беа загрижени и ми рекоа дека одат на состанок во Ахмадија муслиманската заедница. Во сонот, во состојба на голем страв, се држев за нив.“

Таа ги раскажа и другите два сона и кажа дека после тие соништа и било дадено задоволство бидејќи се однесувале на вистинитоста на Заедницата. Таа дала баи‘ат и целото нејзино семејство го прифатило Ахмадијатот.

Абдул Азиз Траоре сахиб, кој има можност да и служи на Заедницата во Шапо село, блиску до Брегот на Слоновата Коска, рекол:

„Една постара личност од селото Ваамаар Траоре сахиб видел во сон како некои Арапи дошле да го посетат селото. Во сонот слушнал како луѓето зборуваат дека тоа не се вистински Арапи и дека треба да се држат подалеку од нив“.

Тој рекол:

„Во текот на сонот, слушнав глас кој зборуваше дека ако го барам Бог, тогаш ќе Го најдам преку овие луѓе.“

Рекол дека после неколку дена Ахмади мисионери дошле во селото за кои луѓето зборувале како тоа не се вистински муслимани и тогаш тој знаел дека всушност тоа се Ахмади мисионери. Кога старешината на селото го видел сето ова се сетил на својот сон и после кратко време го прифатил Ахмадијатот давајќи баи‘ат. На Џалса Салана, одржана во Брегот на Слоновата Коска, тој присуствувал со голема жар и посветеност.

Башир Сакиа сахиб од Бразавил, Конго, пишува:

„Почнав да ја проучувам литературата и да ги читам книгите на Ахмадија муслиманската заедница и потоа почнав да ја почитувам вистинитоста на Ахмадијатот. Во текот на тој период една ноќ во сон видов како еден човек ми дава шарено одело во розова и бела боја кое беше многу убаво. Потоа, во текот на месец Рамазан сонував како патувам во луксузен автобус. Тој сон ми даде задоволство бидејќи автобусот претставува почеток на патување, што значи дека патувањето на кое требаше да тргнам е големо и величествено. По овој сон го прифатив Ахамдијатот.“

Еден човек од Киргистан кој го прифатил Ахмадијатот, Ашиан Рамил сахиб, раскажа како го прифатил Ахмадијатот. Тој е роден во муслиманско семејство и верата ислам не била непозната за него. „Меѓутоа, никогаш не размислував за целта и потребата од религија. На моето работно место го запознав Садр на џемаатот на Киргистан. Расправавме за најразлични теми. Кога зборувавме за религијата јас лесно и постепено почнав да ја сфаќам вистината за исламот и станав свесен за фактот дека муслиманите во денешно време не го практикуваат вистинскиот ислам.  Откако зборував со него, почнав да наоѓам одговори на моите прашања преку Чесниот Кур‘ан, праксата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., автентичните книги на Ветениот Месија а.с. и преку проповеди.“

Рекол дека почнал да се задлабочува во сето тоа.

„Преку сето тоа почнав за прв пат да го читам Чесниот Кур‘ан и еден ден решив да дадам баи‘ат. Истата вечер во сон видов како пријателот на мојот татко покажува во одреден правец и ми зборува дека таму има знак кажувајќи ми никому да не зборувам за ова бидејќи ќе дојдат терористи и ќе го уништат. Меѓутоа јас отидов да го видам знакот. Беше тоа голема градина во која пеперутките летаа како да беа суштества. Почнав да размислувам како да го прикријам знакот. Во меѓувреме во сонот почнав да летам како птица. Одлетав до куќата на татковите пријатели. Тие пиеја чај и кога ме здогледаа мислеа дека сум само птица. Меѓутоа, јас реков Аллаху Акбар три пати, и тие се исплашија бидејќи како птицата може да зборува. Потоа, одлетав кон небото и додека летав се претворив во мелек. Погледнав кон земјата и видов дека сите се мртви и никој не останал жив. Потоа, одлетав до својот дом и додека влегував во куќата се разбудив од сонот.“

Тој вели дека следејќи го сонот сфатил како Возвишениот Аллах џ.ш. го благословил со духовна сила и тој дал баи‘ат и влегол во Ахмадија џемаатот.

Абд-ул-Хади сахиб од Египет вели дека долго време пред да дознае за Ахмадијатот сонувал како трчи по напуштен пат кон непозната дестинација.

„Во меѓувреме ми пријде побожна личност и ме упати на друг пат. Необичната работа е тоа дека, без било каков отпор, почнав среќен да трчам по тој новиот пат. Причина за тоа беше што поради неговото сочувство чувствував како да ме спасил од несреќа и ме пренасочил на патот на богатство и благослови.“

Откако некое време трчав по  овој пат и стасав до една висорамнина, се свртев кон другиот пат и видов еден тирани кој од луѓето бараше да работат. Кога го здогледав ова помислив, ако побожниот човек не ме упатеше на овој пат, јас денес ќе бев жртва на терор како што беа оние луѓе. Во сонот во мојот ум влезе мисла дека овој побожен човек можеби бил Божјиот Пратеник Муса а.с..“

Тој вели дека по некое време дознал за Џемаатот и сфатил дека патот по кој трчал водел кон пропаста и уништувањето.

„Покрај тоа, јас исто така разбрав дека побожниот човек кој ме упати на новиот пат бил Ветениот Месија а.с. и овој нов пат бил патот на Ахмадијатот, односно на вистинскиот ислам.“

Ете така, тоа се неколку примери за кои ви раскажав. Многумина од нив се од Казахстан, Киргистан, бившите Советски републики, од Европа, потоа од Африка и на крајот од Арапските држави. Тоа се луѓе од различни нации, со различни јазици; меѓутоа сите тие биле упатени на ист начин. Кој ова го прави? Сигурно дека тоа е Возвишениот Аллах џ.ш., Кој за нив го овозможил ова упатство, Кој му кажал на Ветениот Месија а.с. дека ќе ја зголеми неговата група на искрени и верни членови.

Еден Ахмади муслиман од Мароко, Шакур сахиб, вели дека во визија го видел хазрети Халифа-тул Месих IV како оди по некој пат до врвот на планината. Бил облечен во бела пакистанска облека. Халифата му кажал да го следи и стасале до врвот на планината. Оттаму виделе како зад ридот се појавува светлина која се раширила преку целиот хоризонт. Изгледала како светлината на зората. Халифата забележал дека некако му било страв и дека неговите чекори станале бавни, на што хазрети Халифа-тул Месих IV се свртел кон него, го погледнал и се насмеал говорејќи:

„Продолжи да ме следиш и не плаши се.“

Потоа, Др. Хијаз Кареем сахиб од Алжир, вели:

„Јас станав потполно разочаран со искривеното учење и лажното толкување на Чесниот Кур‘ан. Во сонот видов како ноќе поминувам низ градот со своите пријатели и светлото заедно со нас одеше. Наеднаш заѕвони телефонот, погледнав во него и видов дека тоа е бројот на Имам Мехди а.с.. Одлучив да возвратам повик и ако не одговори на повикот тоа ќе значи дека е вистински пратеник, а во спротивно дека не е. Јас не знам зошто, но во текот на сонот мислев дека пратениците на одговараат на телефонски повик. Така, јас го повикав него. Телефонот ѕвонеше долго време но тој не се јавуваше. Потоа јасно се покажа влевајќи страво почитување. После тоа од голем страв се разбудив. Беше време за фаџр (сабах) намаз. Бев сигурен дека овој сон е вистинит. Потоа го дадов заветот на баи‘атот.“

Мисионерот на должност во Сенегал ми пишуваше за една случка во врска со ова. Тој вели:

„Ахмадијатот е основан во три села во Касаманка во областа на Сенегал. Откако се уверија во напредокот на Џемаатот во овие села оние кои беа против Ахмади улемата, заедно со (селскиот) поглавар, решија да прават дови против Џемаатот. Го учеа Чесниот Кур‘ан и потоа удираа силно со рацете од земјата – сите беа муслимани – и зборуваа:

’Семоќен Аллах уништи го овој Џемаат и нивниот мисионер‘.

Меѓутоа, Семоќниот Аллах џ.ш. презема дејство на овој пат што само по неколку дела нивниот поглавар кој колнеше го касна змија. Многумина од тие противници ги касна змија и тие починаа. После тоа, луѓето пријдоа до нашиот мисионер кој не знаеше дека тие истите правеле дови против Џемаатот. Самите селани му ја раскажале случката и рекле:

’Спаси не, бидејќи сопствените клетви не окружија. Направи нешто за нас‘.

Тогаш мисионерот отишол во нивното село и им раскажал за повикот на Ветениот Месија а.с. и за тоа дека Бог ќе ги сврти клетвите против нив, и дека Он ќе му подари напредок на Џемаатот.“

Сега, со Аллаховата милост повеќе од 700 луѓе од сите три села, по давањето на завет на баи‘атот му се приклучија на Ахмадијатот. Понекогаш, противниците самите ги отвораат вратите за да богобојазливите луѓе ја откријат вистината.

Еден муалим (верски учител) од Гором областа на Буркина Фасо пренесува:

„Од нашиот Гуроми џемаат синот на еден вахаби имам го прими Ахмадијатот и беше соочен со големо спротивставување од страна на таткото. Овој, нови Ахмади муслиман, беше силно загрижен и почна да прави дови. Еден ден сонувал како некој му кажува:

’Остани цврст и истраен во Ахмадијатот ако сакаш спас‘.

Тој сон му дал голема решителност и тој на таткото му кажал:

’Прави што сакаш, меѓутоа, јас сега не можам да го напуштам Ахмадијатот‘.“

Така, Семоќниот Аллах џ.ш. го всадува Ахмадијатот во срцата на оние кои живеат и илјадници километри подалеку. Тој исто така им дава цврстина и истрајност.

Еден локален муалим од Бенин, Тауфеек сахиб, пишува:

„Еден познаник, Бамаисоор Кареем сахиб, кој од христијанството помина во Ахмадијатот не повика во своето село Хаитее за да таму ја пренесеме пораката и ни кажа:

’Дури и ако никој не го прими Ахмадијатот, и колку и да ми се спротивставуваат, јас сум Ахмад и ќе останам Ахмад и ќе продолжам да ја пренесувам пораката‘.“

Ова е пример на љубовта за пренесување на пораката која ја имаат новите Ахмади муслимани од кој и старите Ахмади можат да извлечат поука.

Еден познаник од Брегот на Слоновата Коска, Демајла сахиб, ја пренесува случката на своето примање на Ахмадијатот. Тој вели:

„Јас обожавав кипови (идоли) но еден ден во сон видов како некоја стара жена ми дава сад со вода и сеџда и вели:

’Треба да клањаш намаз‘.

Затоа почнав да клањам намаз во не Ахмади џамија, но дури и тогаш моето внимание беше насочено кон киповите. И после неколку дена го сонував истиот сон.“

Потоа вели:

„Јас станав збунет со таа работа бидејќи веќе почнав да извршувам намаз. Што всушност треба да значи овој сон? Така, сонот му го раскажав на мојот брат кој веќе беше Ахмади муслиман. Тој ми кажа:

’Сонот ти кажува дека треба да го прифатиш Ахмадијатот‘.

Јас затоа го прифатив неговиот совет, го контактирав мисионерот на Ахмадија џемаатот, и по одредено истражување го дадов заветот на верност.“

Мисионерот од Казан пишува дека во јуни во 2014 година, Фареед Ибрахим сахиб, кој е член на Ахмадија џемаатот во Казан, во својот дуќан закачил слика од Ветениот Месија а.с. и под неа напишал:

„Ова е долго очекуваниот Имам Мехди а.с. кој дошол.“

Заедно со тоа направил и веб страна. Неговиот дуќан е сместен на главниот пазар и неколку илјади луѓе секојдневно поминуваат покрај него и на тој начин стапуваат во контакт со Џемаатот. Ова отвора нови патишта на пренесување на пораката, и ова е еден начин кој луѓе го откриле за да ја пренесат пораката.

Амир сахиб од Буркина Фасо пишува:

„Еден наш член, Парех Идреес сахиб, кој е нов Ахмади муслиман рекол:

’Откако го дадов заветот на верност јас еднаш во сонот видов дека мојата состојба пред давањето на баи‘атот била прекриена со темнина а дека мојата сегашна состојба е исполнета со светлина’.“

Со Аллаховата милост, Пареех сахиб на Аллаховиот пат станал редовен пренесувач на пораката и прави голем напор на полето на ширењето на пораката.

Така, Семоќниот Бог полека ги води луѓето кон вистинските учења на исламот и ако Бог даде, преку Ветениот Месија а.с., вистинската порака на Ахмадијатот ќе превлада секаде во светот. Нека Аллах џ.ш. го оспособи секој од нас да учествуваме во благословите на постојано повикување на другите кон Божјиот пат.

После џума намаз јас ќе клањам џеназа намаз за личности чии тела се отсутни.

Првиот е за госпоѓата Кхурдиш Рукајја сахиб, која беше жена на маулви Манзоор Ахмад сахиб Ганокха, еден од дервишите во Кадијана. Со Божја волја таа почина на 1-ви септември, на денот на Хаџи бајрам. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Починатата беше редовна во извршувањето на петте дневни намази како и во тахаџуд намаз (доброволен намаз). Редовно ги извршуваше намазите и беше гостопримлива. Беше верно предадена на Халифатот и секогаш внимаваше на оние кои имаа проблеми. Починатата беше мусси (член на институцијата на Завештание). Зад неа остана два сина и две ќерки. Едниот зет, кој моментално живее во Франција, со потекло е од Мароко. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. ја воздигне положбата на починатата и нека ги оспособи нејзините деца да ги продолжат нејзини добри дела.

Друга џеназа се однесува за Ср. Салах-уд-Дин сахиб, кој живееше во Њу Џерси, САД. Беше син на маулви Имам-уд-Дин сахиб, мисионер во Индонезија. Почина на 10-ти септември 2017 година од срцев удар. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Починатиот имаше докторат на полето на науката. Во времето на Халифа-тул Месих IV р.а. често го посетуваше Лондон, и освен во службата на ПС (Приватен секретар) исто така работеше како дел од обезбедувањето. Било да беше работа во канцеларија или како обезбедување сите работи ги завршуваше со полна одговорност. Тој имаше толку благородни одлики што ги привлекуваше луѓето кон себе и беше многу популарен. Наспроти тие одлики беше со понизна и блага природа. Знаеше да разговара со луѓе од сите можни ориентации. Јас уште од детство го знам од Рабва и дури и по мојот Халифат видов дека одржал посебен однос на верност, кој беше однос на љубов и наклонетост кон Халифатот.

Нека Семоќниот Аллах џ.ш. ја воздигне неговата положба. Тој никогаш не се женеше, и нека Семоќниот Аллах џ.ш. на неговите сестри им даде цврстина и Нека Аллах џ.ш. овозможи неговите доблести да продолжат кај потомците.