In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Упорност во обожавањето на Аллах

Некои луѓе прашуваат како да развијат ревност и жар во обожавањето на Бог. Тие велат дека се обидуваат но не можат да ја најдат бараната состојба. Треба да се запомни дека човекот постојано треба да се обидува во овој поглед, и дека треба да биде цврст во верата дека сè што му е дадено е од Бог. Тоа ќе всади состојба која човекот ќе го доведе поблиску до Бог и ќе ја зголеми неговата ревност во обожавањето.

Некој го прашал Ветениот Месија а.с. како да се всади жар и ревност во обожавање на Бог. Тој одговорил:

„Ревност во добрите дела и обожавање на Бог не можат да бидат всадени сами од себе или преку напорите на човекот. Тоа доаѓа со милоста, или, ако Бог ве оспособи за тоа. Затоа е важно да не се чувствувате вознемирено и да продолжите да го молите Бог за Неговата милост за да ве оспособи да не се изморите молејќи за ова. Кога човекот тоа го следи, Бог преку Својата милост на крајот создава состојба за која човекот копнее, односно, биваат создадени љубов, жар и задоволство во обожавањето на Бог. Тоа не се случува ако човекот не се бори духовно и настојува во тоа и замислува дека оваа состојба ќе се постигне со едноставно дување од уста.

Тоа не е принцип и Божји пат. Таквото однесување е еднакво на поигрување со Бог и секој кој тоа го следи на крајот бива уништен. Треба добро да запомните дека човековото срце е во Божјите раце и без Неговата милост човекот во било кое време може да стане христијанин или нерелигиозен. Затоа, цело време треба да се прави ибадет и да се бара Божјата помоќ да останеме на правиот пат. Оној кој не го почитува Бог станува шејтански. Затоа за човекот е важно постојано да се зафаќа во истигхфар (барање на опростување од Бог) за да не биде создаден отров кој го уништува човекот. Предуслов е  човекот да биде постојан и да остане упорен во верата дека освен Бог не постои никој друг кон кого би се свртел. Кога личноста ќе ги затвори сите други патишта и се сврти само кон Бог, се создава состојба која човекот го води поблиску до Бог. Но за ова постојано треба да се бара Божја помоќ. Кога човекот ќе се зафати во истигхфар тој ќе го одврати шејтанот и како резултат на тоа со љубов ќе прави ибадет за да дојде во Божјата закрила и до поголема Божја близина. Божјата милост доаѓа кога ќе се постигне оваа состојба.

Нека Аллах не оспособи да бидеме Негови вистински робови и да правиме добри дела и исто така да бидеме упорни.“