In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Суштината на искушенијата и тешкотиите

„А ние навистина ќе ве испробаме со стравот и со гладот, и со губењето на имотот и животот, и плодовите; и подај им радосни вести на трпеливите;

На оние кои, кога ќе ги снајде несреќа велат: ’Навистина, ние на Аллах му припаѓаме и Нему му се враќаме‘.“

    (2:156-157)

Овие ајети ги спомнуваат одликите на вистинските верници кои тие ги покажуваат во време на тешкотии, искушенија или било кој вид на загуба. Бог вели дека вистинскиот верник е легитимиран само тогаш кога ги има овие одлики. Вистинските верници понекогаш имаат лична а понекогаш заедничка загуба но тие од овие загуби успешно излегуваат откако ќе го побараат Божјото задоволство; навистина, тие треба да го бараат Божјото задоволство.

Ветениот Месија а.с. вака го објаснил овој предмет:

„Искушенијата не треба да се сметаат за лоши. Оној кој искушението го смета за лошо не вистински верник. Возвишениот Аллах вели:

„А ние навистина ќе ве испробаме со стравот и со гладот, и со губењето  на имотот и животот, и плодовите; и подај им радосни вести на трпеливите, на оние кои, кога ќе ги снајде несреќа велат: ’Навистина, ние на Аллах му припаѓаме и Нему му се враќаме‘.“

Кога таквите тешкотии се спуштале на Божјите пратеници тие им носеле радосни вести за благословите и кога некои тешкотии се спуштале на безбожни луѓе тие луѓе биле уништени. Во времето на тешкотии треба да кажете: „Навистина, ние на Аллах му припаѓаме и Нему му се враќаме“, за да во време на тешкотии барате задоволство од Возвишениот Аллах. Животот на вистинскиот верник има два дела. Кога верникот ќе направи нешто добро тој за тоа бива награден, но наградата на трпението е немерлива и неограничена. Семоќниот Бог вели дека трпеливите се луѓе кои го сфатиле Бог. Животот на оние кои ја разбираат смислата на трпението Аллах го дели на  два дела. Прво кога тој моли, Возвишениот Аллах  ја прима неговата дова, како што е кажано:

„… Повикајте ме Мене, Јас ќе ви одговорам…“ (40:61)

и

„… Јас одговарам на молитвата на молителот кога ќе ме повика…“ (2:187)

Друго, понекогаш Возвишениот Аллах поради одредена цел не ја прима молбата на вистинскиот верник и во такво време вистинскиот верник и се приклонува на волјата на Возвишениот Аллах… Кажано е дека Возвишениот Аллах со вистинскиот верник постапува како со пријател. Токму како што вистинските пријатели се слушаат еден со друг. Врската помеѓу Возвишениот Аллах и вистинскиот верник е иста. Понекогаш Он ја ислушува молбата на вистинскиот верник и Он вели    „…Повикајте ме Мене и Јас ќе ви одговорам…“

Друг пат Он сака верниците да го слушнат Него и вели:

„А Ние сигурно ќе ве искушаме со стравот…“

„Верноста е во разбирањето а не во нагласувањето на едностраноста во овој поглед. Вистинскиот верник не треба да биде тажен во времето на искушенијата, тој не е поголем од Божјиот пратеник. Вистина е дека во времето на тешкотии започнува вистинскиот вруток на љубовта. Вистинскиот верник не оди низ тешкотија која не му донесува илјада видови на задоволства …. Саканите на Семоќниот Аллах со тешкотиите не се соочуваат поради гревот. Тешкотиите ги откриваат достигнувањата на вистинските верници. Инаку, како високиот морал на Чесниот Пратеник с.а.в.с. би бил покажан во време на болката и победата! Ако Чесниот Пратеник с.а.в.с. не поминал преку искушенија што сега ние ќе зборувавме за неговиот висок морал! Нема сомневање дека другите на искушенијата на вистинските верници гледаат како на искушенија но вистинските верници не ги сметат за искушенија. Важно е човекот да остане цврст во своето вистинско покајание и ќе сфати дека покајанието ќе му даде нов живот. Ако сакате да ги доживеете плодовите на покајанието тогаш своето покајание остварете го со трпение. Кога земјоделецот сади младо дрво тој го наводнува и прави да расте. Исто така, верата е младо дрво кое се одгледува со трпение. Затоа, праксата е многу важна работа за верата. Ако со вера не постои пракса, младото дрво ќе свене и ќе биде безживотно.“

(Тафсир хазрети Муслех Мауд, том I, стр. 603-604)

„Не сметајте ги искушенијата за лоши ако сте вистински верник. Оној кој ги смета за лоши не е потполн верник. Чесниот Кур‘ан вели: „А ние навистина ќе ве испробаме со стравот и со гладот, и со губењето  на имотот и животот, и плодовите; и подај им радосни вести на трпеливите,на оние кои, кога  ќе ги снајде несреќа велат: ’Навистина, ние на Аллах му припаѓаме и Нему му се враќаме‘.

Семоќниот Аллах вели дека понекогаш ќе ве испробува со губење  на имотот, губење на животот, децата, посевите … А на оние кои во такви времиња останат трпеливи и бидат благодарни треба да им бидат дадени радосни вести дека за нив вратата на милоста на Возвишениот Аллах е ширум отворена и ќе ги имаат Божјите благослови оние кои во тоа време кажат: ’Навистина, ние на Аллах му припаѓаме и Нему му се враќаме‘. Односно, ние и сè што имаме е од Бог и на крајот се ќе му се врати Нему. Тие се жалосни над било која загуба. Овие луѓе ја населуваат положбата на Божјата волја. Таквите луѓе се трпеливи а кај Бог е наградата за безмерно трпение.“

(Тафсир хазрети Муслех Мауд, том I, стр. 605)

„Некои луѓе изјавуваат дека Возвишениот Аллах ги слуша нивните дови или се критични за евлиите дека таа и таа дова не била примена. Всушност, овие луѓе се глупи и не се запознаени со Божјите закони. Секој кој искусил такво нешто во целост ќе биде запознаен со принципот дека Возвишениот Аллах претставил два аспекта каде Он слуша и исто така сака Него да го слушаат. Вера е да ги прифатите овие принципи за да не постапувате спротивно на тоа што Бог го кажува и да не будете оној кој се обидува да го крши Неговиот закон.“

(Тафсир хазрети Муслех Мауд, том I, стр. 605)

„Постојат само дава начини на духовен напредок на човекот. Прво, се обврзува да се држи до религиски должности така како што Бог наредил, како што се намаз, пост, давање на зекат и извршување на аџилак. Меѓутоа, додека се држи до овие нешта во негови сопствени раце е понекогаш да биде немарен а друг пат повторно наоѓа едноставен начин на излез од нив. Затоа, вториот начин е оној кој од Бог директно се спушта на човекот и навистина е извор на човековиот развој. Тоа е причината што во религиските обврски човекот наоѓа еден или друг пат на благост и леснотија. Ако некому му биде даден камшик и му биде побарано да се удри  , поради принципот и поради сопствено чувство на сопствено добро, кој би сакал самиот на себе да нанесе болка? Поради тоа Возвишениот Аллах дал друг начин за завршеток на човечки развој и кажано е: „А ние навистина ќе ве испробаме со стравот и со гладот, и со губењето на имотот и животот, и плодовите; и подај им радосни вести на трпеливите, на оние кои, кога ќе ги снајде несреќа велат: ’Навистина, ние на Аллах му припаѓаме и Нему му се враќаме‘.“ Односно, Ние ќе продолжиме да ве искушуваме, понекогаш со стравот, со гладот а понекогаш со губењето на животот или имотот или посевите. Сепак, подај ги радосните вести за големата награда и за посебните Божји благослови на они кои останат трпеливи наспроти овие искушенија и гладот и кажи: „Навистина, ние на Аллах му припаѓаме и Нему му се враќаме.“ Погледни како само земјоделецот се труди да ја подготви земјата, сади семе и тогаш поминува низ тешкотии за да ја навади земјата. На крајот, откако ќе ги поднесе сите тешкотии, трудот и заштита кога неговиот род е подготвен, понекогаш во Божјата мудрост ќе дојде невреме со град или посевите ќе бидат уништени поради суша. Ова е само пример на тешкотии со кои се среќава  поради природните несреќи. Учењето кое е  дадено на муслиманите низ таквите ситуации е вистински пример и понекогаш остануваат помирени со Божјата волја и одредба и ова учење е особито за муслиманите.“

(Тафсир хазрети Муслех Мауд, том I, стр. 618-619)

Ние секогаш треба да имаме во предвид и никогаш не смееме ниту да помислиме на тоа зошто Бог не става на големи искушенија. Истото се однесува на исмејувањето на противникот или пак помислата дека ако Бог е со нас, зошто тогаш сме се здобиле со загуба која не требало да ни ја наметне.

Како што Ветениот Месија а.с. рекол (во горниот пасус), секогаш треба да запомниме дека дури и пратениците и Божјите миленици се соочувале со искушенија како и нивните заедници. Кога милите на Бог поминуваат низ тешкотии не е можно тие да доаѓаат по Божја казна. Всушност овие искуства носат радосни вести за благословите. Меѓутоа, кога таквите тешкотии ги снајдат безбожните и грешните тие ги уништуваат.

Ветениот Месија а.с. рекол дека се благословени оние кои се трпеливи. Трпеливост не значи дека човекот не жали над загубата. Тоа значи дека човек не дозволува тоа да го совлада и во тој процес да ја изгуби разборитоста. Во ред е да се биде тажен но од тоа треба да следи решителност својата пракса повеќе да ја подобриме. Исто така, треба да се запомни дека само оние кои се трпеливи ја знаат реалноста на довите. Тие разбираат дека довата некогаш бргу бива примена а друг пат поради целисходноста не бива веднаш примена. Вистинските верници секогаш треба да и се покоруваат на Божјата волја; тоа е вистинско трпение и добро е наградено од Бог.

Ветениот Месија а.с. рекол дека вистински Божји робови доживуваат задоволство дури и во времето на загубата бидејќи можат да ги забележат стални и неограничени Божји благодати. Тој објаснил дека верниците низ тешкотиите не минуваат поради гревовите, всушност за нив тешкотиите се искушението од Бог за да светот може да види дека овие луѓе се задоволни и среќни во секоја ситуација. Ветениот Месија а.с. рекол дека на Бог најомилена личност му бил Чесниот Пратеник с.а.в.с. но сепак поднел безброј искушенија, и лични и заеднички. Неговите искушенија биле многу сериозни какви никој друг немал, но сепак останал помирен со Божјата волја низ секоја тешкотија и неговиот благословен пример е единствен и беспримерен.

Ветениот Месија а.с. рекол дека токму онака како што градинарот ги наводнува своите растенија исто така вистинските верници треба да ја хранат својата вера со добрите искуства за да бидат успешни. Тој советувал да не нè вознемирува тоа што луѓето ќе кажат бидејќи луѓето ги критикувале дури и евлиите. Тие не се запознаени со Божјите закони но вистинските верници знаат дека понекогаш Бог слуша а друг пат треба да го послуша Него и ние не смееме да го прекршиме овој закон.

Кога комплексот на Баит-ул Футух џамијата бил во пламен еден не ахмадија кој бил пријател на еден Ахмадија прашал зошто ако довите на Ахмадиите се примени се случила оваа несреќа. Ахмад образлагал и рекол: зарем искушенијата не му доаѓале на Чесниот Пратеник с.а.в.с. – зошто да не им се случат и на верниците!

Затоа, Ветениот Месија а.с. рекол да не ги кршиме Божјите закони. Тешкотиите им се случуваат на верниците и потоа поминуваат, тоа што е потребно е да ја бараме Божјата милост со трпение и со довите и да бидеме како тие кои кога ќе се соочат со искушенија велат: ’Навистина ние на Аллах му припаѓаме не Нему му се враќаме‘.

Кога ние велиме: ’Навистина ние на Аллах му припаѓаме не Нему му се враќаме‘, тоа значи дека ние сме од Бог и со изговарањето на ова во време на тешкотии значи дека ние сме од Бог и дека Он нема да не уништи. Кога ќе се соочиме со искушенија можеби Бог сака да не подготви повеќе од секогаш за Неговите благослови. Говорејќи: ’Навистина ние на Аллах му припаѓаме не Нему му се враќаме‘, ние се свртуваме кон Бог и се надеваме дека на наша страна не постојат пречки за во иднина да собереме големи благослови.

Нека Аллах направи да бидеме трпеливи и да ја подобриме својата пракса и нека направи да се свртиме кон Него. Ова е начин да напредуваме понатаму, иншаАллах. Подбивањето на нашите противници воопшто не може да не повреди ако нашата врска со Бог е правилна.

Многу штета беше направена во неодамнешниот оган во двете помошни сали на џамијата. Беше тоа голем оган. Кога медиумите известија за тоа злобните луѓе изразија радост што изгорела џамија, всушност, кажаа дека тоа не е џамија, дека овие луѓе не се муслимани и затоа нивното место на обожавање е во пламен. Подоцна изразија жалење што само две сали изгореле а џамијата останала. Таков е начинот на некои муслимани денес. Но не се сите исти. Муслиманите од некои подрачја сочувствуваа. Муслиманите од едно соседно место изразија сочувство наведувајќи го сопствено искуство за својата џамија која била оштетена во пожар и рекоа дека пред некој ден повторно ја отвориле.

Некои непознати Британци исто така изјавија дека им е драго што џамијата гори. Против муслимански чувства секако се раширени но нашите соседи и оние кои не познаваат ги замолчија не муслиманите и не ахамадиите кои зборува против нас и рекоа дека треба да се срамат поради себе бидејќи Ахмадиите го следат вистинското исламско учење.

Медиумите ширум светот ја пренесоа веста говорејќи дека најголемата џамија во Западна Европа е запалена. Тоа довело до коментари за тоа кои се тие луѓе, каков вид на заедницата е тоа и така Џемаатот беше широко изложен. Иако ние бевме тажни, бевме и трпеливи и рековме: ’Навистина ние на Аллах му припаѓаме не Нему му се враќаме‘, и Бог ги воздигна луѓето во оваа загуба во наша поткрепа и тоа на светот му кажа дека Он е со нас.

Полицијата немаше објаснување за тоа што го предизвикало пожарот но веројатно огнот започнал во шпајзот покрај кујната што каде пластиката и останатите нешта предизвикале огнот брзо да се распали и рашири преку дрвените греди на плафонот или преку уредите за разладување. Која и да е причината за пожарот, тоа исто така го покажува пропустот на персоналот и на управата на џамијата. Тие на големо треба да се заземаат во истигфар. Можело да дојде и до многу поголема штета ако пожарот се раширил. Дури и пожарникарската служба кажа дека тоа некако сме го избегнале. Толку силен пожар како што бил овој, со температура од стотини степени можел да предизвика многу поголема штета која сепак не се случила. Навистина Бог овозможува другите да добијат добар впечаток за Џемаатот. Во текот на пожарот еден новинар на тротоарот почнал да прави интервју со нашиот секретар за печат и го прашал каков однос имаме со соседите и какви се нивните впечатоци. Токму тогаш застанал автомобил од кој излегла една госпоѓа Англичанка и рекла дека е сосетка и ја понудила својата помош и поткрепа. Дошле и други, дури и претставници од црква, и директно ги дале своите коментари. Слушајќи ги овие луѓе новинар рекол дека добил одговор на прашањето!

Од една страна ова е однесување на мнозинството на оние кои не се муслимани а од друга страна неколку муслимани изразувале радост и привикувале ’субханаллах‘,. Во ред, тие денес повикуваат ’субханаллах‘ со исмејување и го повикуваат Божјото чувство за чест, тие тоа можат да го прават. Но, иншаАллах, ние наскоро уште подобро и поубаво ќе ја изградиме џамијата и вистински ќе повикуваме ’субханаллах‘ како и ’машаллах‘. Како што порано е спомнато, Божјиот пат е да Он луѓето ги става на искушение. Ние не знаеме што го предизвикало пожарот и како сето тоа се случило. Ако тоа била завера, таквите нешта не можат да го попречат напредокот на Џемаатот. Меѓутоа, како што беше спомнато претходно управата оваа случка треба да ја гледа како предупредувачки повик и да ги идентификува своите пропусти и да размисли за нив. О, тоа не успева. Ако ова било предизвикано со зла намера, загубата е релативно мала и Бог им донесува радосни вести на оние кои остануваат трпеливи.

Како што беше спомнато во хутба на Бајрам, понекогаш нанесувањето на загуба или палењето на оган е направено со цел да се сопре целта на Заедницата или на Божјиот пратеник, но ова не успева. Ако ова било предизвикано со зла намера, загубата е релативно мала и Бог им дава радосни вести на оние кои остануваат трпеливи.

Од времето на Ветениот Месија а.с. се случувале завери и пожари. Еден вид на оган е оној кој секој го гледа. Друг вид е оган на љубомора и завист. Очигледно е дека огнот ги зафатил помошните делови на џамијата но Аллах нашата загуба ќе ја направи добра, иншаАллах, и нашето трпение и дови ќе ни го подарат ладот на Божјата сенка. Очигледниот оган го распалил огнот на завист во многумина и додека се радуваа над овој пожар исто така им беше жал зошто целата џамија не била зафатена. Очигледниот оган кој бил запален против нас, ги изгорува нашите противници во огнот на зависта.

Нашите задачи не застанаа дури и кога огнот се уште гореше. Ова не се однесува на целиот свет туку за Лондон, каде се извршуваше работата токму како што е вообичаено. Одредени наши работници навистина беа загрижени. Природно е да се биде тажен над загубата но не треба со тоа да бидете совладани. Големиот дел од МТА оттука работи. Тој ден требаше директно да се пренесува програма на Рах е Худа. Тимот на оваа програма одлучил, наместо директен пренос да прикажат снимка од програмата. Кога хазрети Халифа-тул Месих дознал за тоа рекол дека програмата треба директно да се пренесува од Ал Фазл студиото и дека ништо не смее да се случи тоа да го попречи. Тимот на програмата не требало да одлучува самостојно без консултација со хазрети Халифа-тул Месих. Тие требало да побараат совет за тоа што да направат со програмата. Тие во дадената ситуација не можеле да донесат правилна одлука. Ако директно не се пренесуваше, пораката на светот и на Ахмади муслиманите ќе беше дека оваа случка не довела во хаос, а тоа не е така. Директниот пренос е направен од студиото на Ал Фазл џамијата каде се примени повици, дадени се одговори и луѓето биле уверени.

Ние не смееме да изгубиме надеж дека кога доживуваме загуба не смееме да ги напуштиме нашите задачи и едноставно да стоиме како посматрачи, како што многумина тој ден стоеле и го гледале пожарот. Секој треба да ја извршува својата задача и за тоа моментално треба да се направат нови комбинации како што треба и останато да му се препушти на Божјите раце.

Мир Мухамед сахиб раскажал дека кога започнала изградбата на Рабва по иселувањето од Пакистан, Џемаатот финансиски бил многу слаб. Требало да се изградат згради и џамии и требало да се изгради град од ништо на тоа што всушност било дивина.

Кога била изградена џамијата Месјид Мубарак им станало јасно дека за покривот не бил употребен соодветен материјал. Хазрети Муслех Мауд р.а. дошол во џамијата и рекол дека слушнал како се зборува дека покривот ќе се урне и дека тоа го испитал и ако она што го велат е правилно тогаш добро, додека се соочуваме со другите искушенија, нека тоа биде уште едно, укажувајќи така на повторна изградба. Навистина, во тоа време по одвојувањето Џемаатот се соочувал со многу искушенија, само тие што ја знаат тогашната финансиска ситуација на Џемаатот ќе го почитуваат тоа. Голема е разликата во финансиите денес и во тоа време. Меѓутоа, ние никогаш не смееме да дозволиме таквите ситуации да не попречат и вознемират.

Ако оваа неодамнешна случка, исто така, е искушение тогаш треба да ветиме и практично да се свртиме кон Бог и да правиме дови и успешно да минеме низ искушенијата. Со Божјата милост, по реновирањето ќе биде подобро од порано.  Не е важно кој ни ја нанел оваа штета, и ако тоа се случило поради нашата неспособност или невнимание, и што и да е причината, иншаАллах, ние тоа мораме повторно да го изградиме и да му ја вратиме убавината на овој комплекс. Не е потребен никаков повик за посебни придонеси но членовите на Џемаатот сепак почнале да испраќаат помош. Децата почнале да ги праќаат своите кутијки со пари. Едно девојче од седум години му рекло на својот татко дека од салите (кои биле оштетени во пожарот)  имала многу придобивки и сакала да придонесе за повторна изградба и ја пратила својата кутијка полна со метални пари. Кој може да очајува со такви луѓе кои имаат толку решителни деца!

Нашите комшии исто така нудат помош. Амир сахиб рекол дека директорот на едно училиште пратил порака дека децата во неговото училиште собираат пари за обнова на џамијата. Таква љубезност и висок морал покажале не муслимани, а која всушност требало да дојде од муслимани. Не е важно дали ние ќе ја примиме оваа помош или не но секако треба да ги почитуваме нивните чувства.

Токму како што веќе спомнав пожарот бил силен и железните носачи/греди и рамки се претвориле во прав, а сепак некои канцеларии го избегнале опожарувањето и нивните материјали се сигурни, на пример канцеларијата за работа на Завештанија и Кадии, како и неколку други. МТА потполно го избегнал пожарот а таму се наоѓа многу скапа опрема. Со Божјата милост тие денес започнаа со работа. МТА е сместен покрај оштетените сали. Кога хазрети Халифа-тул Месих бил известен за ова бил загрижен и од тој момент почнал да прави дови, бидејќи постоела можност огнот да се прошири на џамијата. Нивната архива страдала но 70% останало; слично на тоа 100% од архивата на преводите е спасена. Некои ленти се изгубени, дел на кои се наоѓаат детални снимки од патувањата, но сепак не се големи размерите на губењето на дел од историјата бидејќи деловите не овие случки се поддржани со снимки без тон. Чудо е дека МТА ја избегнал штетата бидејќи пожарот започнал под додатниот плафон. Бог им дал прилика на пожарникарите на оваа точка да го изгаснат пожарот. Тахир салата и џамијата останале недопрени.

Бог не спасил со тоа што немало човечки жртви. Една личност која работела во библиотеката не знаела што се случува надвор. Кога завршила со работата и се обидела да ја напушти библиотеката ја прекрил црн чад. Загрижена, со обидела да отрча но црниот чад ги  исполнил просториите и ништо не можела да види. Се борела за воздух. Со големи тешкотии дошла до ѕидот во ходникот и почнала да оди покрај ѕидот. Дишењето станувало се потешко и таа почнала да го моли Бог повикувајќи се на објавата на Ветениот Месија а.с. дека огнот е слуга на неговите слуги. Така таа личност молела да биде спасена бидејќи и таа била слуга на Ветениот Месија а.с.. Неколку пати почувствувала дека ќе падне. И за неколку секунди ако паднела огнот бил толку силен што би ја проголтал. Таа храбро одела низ темниот ходник и стасала до врата кај што здогледала светлина.

Подоцна кога устата ја испрала со вода, водата била црна. Големо чудо е за таа личност дека преживеела; неколку секунди доцнење и би била изгорена.

Огнот на злото на злобниците ќе расте, затоа многу треба да правиме дови. Хазрети Халифа-тул Месих не поттикнува да ги правиме следните дови:

„О Господару, сè на Тебе е потчинето. О Господару, заштити не, помогни ни и имај милост кон нас.“

„О Аллах, ние Тебе те земаме за штит против непријателите и ние Тебе те земаме за засолниште од нивното зло.“

„О Господару, подари ни добро на овој свет и добро на Другиот свет, и заштити не од казната на огнот.“

Ако ова се случило поради нашата неспособност, ненадлежност и пропуст, постои голема потреба да правиме истигфар. Нека Аллах не оспособи своите должности во иднина да ги извршуваме на правилен начин, нека Аллах ги отстрани нашите слабости и ако ова е искушение тогаш нека успешно поминеме низ тоа и нека Аллах ни ги подари Своите благослови повеќе од секогаш. Нека Аллах не вклучи меѓу трпеливите кои Он ги благословил и нека доживееме напредок повеќе од секогаш!

Најавени се три џенази во отсуство:

Чаудру Махмоод Ахмад Мубасрих сахиб, дервишот на Кадијана кој починал на 18 септември во 1997 година. Кхалид Салеем сахиб, долгогодишен искрен Ахмад од Сирија, кој починал на 27 август од срцев удар и уште еден Ахмад од Сирија кој починал по погодувањето од шрапнел во судир во Сирија.

Треба да се прават дови за ситуацијата во Сирија. Нека Аллах им даде разум на муслиманските земји и нека бидат во состојба да го прифатат Имамот на ова доба.