In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Ислам ахмадија – успех и брз напредок

Во текот на неодамнешна посета на Холандија еден новинар кој пишува за регионален весник, а исто така објавувал и во националните весници, го прашал Халифа-тул Месих дали Џемаатот е заедница која во светот најбргу расте. Хузур му одговорил дека нашата заедница на меѓународно ниво најбргу расте. Тоа сега исто така го признаваат и другите и тоа навистина е величествено сведоштво за вистинитоста на Ветениот Месија а.с. што гласот кој започнал во малата населба во Индија сега одекнува во секој град и населба ширум светот. Оваа невообичаена величественост е уште по сјајна кога се земе во предвид дека обичните луѓе никогаш не замислувале дека овој глас ќе биде признаен и почитуван секаде во светот иако Ветениот Месија а.с., откако Бог го известил, со големо уверување рекол дека ќе дојде време кога тој глас ќе биде признаен во светот и ќе биде знак на Божјата помош.

Ветениот Месија а.с. рекол: „Возвишениот Аллах ја шири оваа заедница во светот, навистина Возвишениот Аллах сакал да ја рашири во светот.“ Исто така е пренесено дека тој рекол: „Постепено Возвишениот Аллах ќе ја рашири оваа заедница до таква мера што нејзините луѓе ќе извојуваат победа над секој и сегашните искушенија и тешкотии ќе бидат отстранети.“ Тој рекол дека Божјиот начин è, сите нешта постепено да поминат. Ниедно дрво не донесува плодови како што расте нашата заедница. Ова е од Бог и тоа е Негов знак и Неговото чудо.

Ние цврсто веруваме дека Бог, онака како што секаде во светот го раширил гласот кој бил кренат од мало оддалечено место само пред 125 години и како што Бог ја направил оваа заедница како заедница на искрени луѓе кои постојано напредуваат во верата, тогаш Он навистина ќе го исполни моментот на сите искушенија и тешкотии – дека тие ќе бидат отстранети и заедницата ќе ги победи сите други.

Светот е сведок на нашиот постепен напредок и затоа овој новинар на хазрети Халифа-тул Месих му го поставил ова прашање. Другите исто така го поставувале ова прашање и го признавале нашиот напредок.

Навистина, ние исто така се соочуваме со искушенијата. Меѓутоа, овие искушенија, било да се лични или заеднички, здружени се со знаците на Божјата помош повеќе од секогаш. Секој Пакистанец кој од Пакистан дошол на Запад и кој има чувство на благодарност нема да негира дека Бог изобилно го благословил по преселувањето. Исто така, од целиот свет добиваме извештаи за новите баи‘ати и тие ни кажуваат дека и наспроти спротивставувањата, Бог продолжува да ни ги покажува знаците на Неговата помош. Толкаво е нивото на спротивставување и степенот на прогонување на следбениците на Ветениот Месија а.с. што, ако оваа Заедница била создадена од страна на луѓе до сега ќе ја снемаше и нејзината невистинитост ќе беше покажана. Меѓутоа, тука Бог ни покажува напредок!

На еден свој собир Ветениот Месија а.с. рекол: „Нашите противници на секој начин се обиделе да се спротивстават но Бог направил да напредуваме. Тоа е сведоштво на вистината дека светот се обидува да направи се што може (против таа вистина) но сепак вистината се шири. Кој елемент на спротивставување останал а противниците да не го испробале против нас! Сепак, нашите противници се тие кои не успеваат. Ова е Божји знак.“

Денес, противниците се уште се обидуваат да направат се што можат и важни, моќни верски водачи, дури и влади постапуваат против нас но зборовите на Ветениот Месија а.с. се покажале точни. Противниците не успееле и луѓето продолжуваат да доаѓаат во Џемаат со давање на баи‘ат.

За време на Ветениот Месија а.с. еден човек кој бил следбеник на некој аскет видел во сон дека Ветениот Месија а.с. бил вистинит. Се советувал со аскетот кој рекол дека напредокот на Мирза сахиб во текот на долг период е доказ на неговата вистинитост. Друг аскет кој во тоа време бил во близина рекол дека и тој сакал да го праша Бог за таа работа. Следниот ден и тој како и првиот аскет го потврдил истото.

Ветениот Месија а.с. рекол: „Овие денови многу луѓе доживуваат соништа и визии. Се чини дека Семоќниот Бог сака луѓето да ги извести преку соништа. Групи на Божји мелеци кружат на небесата и тоа го ставаат во срцата на луѓето, инсистирајќи да го прифатат (Ветениот Месија).“

Еден човек одлучил да пишува книга за негирањето на Ветениот Месија а.с.. Тој во сон слушнал како Чесниот Пратеник с.а.в.с. му зборува: „Ти сакаш да пишуваш и да го негираш а Мирза Сахиб е вистинит.“ Такво е Божјото упатство за луѓе со чиста природа.

Денес постои обилие на средства за ширење на пораката но сепак луѓето во голем степен биваат упатени преку соништата. Навистина, пренесувањето на пораката исто така делува но Бог продолжува директно да ги упатува луѓето. Од минатата година постојат сведоштва каде луѓето и од најоддалечените места каде не постојат средства за комуникација биле упатени.

Нашиот мисионер посетил еден мал остров блиску до брегот на Маурициус каде еден човек рекол дека во сон го видел Ветениот Месија а.с.. Подоцна, кога имал прилика да го види МТА и кога ја видел сликата на Ветениот Месија а.с. рекол дека тоа е личност која ја видел во сонот. Тоа го уверило дека Ахмадијатот е вистинскиот ислам и тој дал баи‘ат.

Во Гвинеја Конакри на еден студент на универзитетот му била пренесена порака но тој не бил наклонет кон давање на баи‘ат. На крај рекол дека бил задоволен и сакал да даде завет на баи‘ат, и кога бил запрашан што го довело до тоа тој рекол дека видел на сон како бил на брод и видел друг брод кој потонувал и луѓето на него викале за помош. Луѓето од неговиот брод помагале и ги спасиле луѓето од бродот кој тонел. Тој видел дека сите седат на тркалезна маса и меѓу нив и Ветениот Месија а.с. и им дава да пијат исклучително вкусно млеко. Овој студент разбрал дека овој сон значи: како еликсирот на животот може да се стекне само ако бидеме на бродот на Ветениот Месија а.с. и ако му се придружиме на Џемаатот, и така дал баи‘ат.

Еден граѓанин на Брегот на Слоновата Коска во сон видел огромна група и неговиот пријател му рекол дека  Имам Мехди е во таа група и му советувал да стане Ахмад муслиман. Тој во сонот го примил Ахмадијатот. Тогаш во сонот го видел Ветениот Месија а.с. како ја пренесува пораката. Овој човек подоцна го дал заветот на баи‘атот.

Еден човек од Керала, Индија пред неколку месеци бил во состојба низ сонот да го даде заветот на баи‘атот. Подоцна имал прилика да ја гледа МТА и неговата заинтересираност пораснала. Тој во минатото му дал завет на некој верски водач. По неколку месеци, по гледањето на МТА во сон видел дека се наоѓа на гробот на Ветениот Месија а.с и дека со него е и неговиот починат верски водач. После тоа овој човек инсистирал да даде баи‘ат иако два пати му било кажано да чита за Ахмадијатот. На крајот отпатувал во Кадијана и додека бил таму го дал заветот на баи‘атот.

Една личност од Тунис рекла дека иако бил импресиониран од Џемаатот, не бил уверен во давањето на баи‘атот бидејќи не би подготвен да го прифати Имам Мехди како Божји пратеник. Тој одлучил да верува само ако Бог Лично му каже дека Мирза Гулам Ахмад е Имам Мехди. За тоа време еден Ахмад му дал исечок од хадис кој вели дека секој кој нема да го прифати Имам Мехди откако ќе го препознае ќе умре со смртта на незнајко. Тој клањал истихар и во сон видел како го учи Чесниот Кур‘ан и одреден ајет. После тоа го дал заветот на баи‘атот.

Во мало село во Мали, во 1964 година еден човек во сон видел како двајца луѓе зборуваат дека Имам Мехди дошол за да му даде завет на баи‘атот. Поминало многу време и тој заборавил на овој сон. Се случило да минатата година наишол на нашата радио станица која му пренела вест за доаѓањето на Имам Мехди. Тоа го потсетило на сонот и тој бил многу благодарен што бил во состојба да го даде баи‘атот пред да замине од овој свет и што исполнил нешто за што бил известен пред 50 години.

Во Свазиленд еден млад човек кој пред некое време во сонот го дал баи‘атот, на 27 во ноќта на рамазанот видел како месечината сјае со сета своја светлина и е сјајна како светлината во денот. Го слушнал гласот кој зборува дека светлината која ја нашол треба цврсто да ја држи и дека таа постепено ќе се рашири ширум Свазиленд. Во сонот му било објаснето дека тоа е светлината на Ахмадијатот.

Еден постар човек од Мали слушнал за Џемаатот но не бил уверен. Одлучил да преземе духовни вежби на осамување и правење на ибадет четириесет дена и ноќи. Во дваесет и првата ноќ во сонот  видел како Ветениот Месија а.с. и хазрети Халифа-тул Месих V  дошле во неговата куќа и го однеле со себе на небесата. Овој сон бил доволен и тој го дал заветот на баи‘атот.

Еден човек од Мали слушнал за Џемаатот но не бил сигурен дали е тоа вистина или не. Клањал истихар и на третиот ден видел дека се наоѓа на бродот и дека бродот тоне. Од водата се појавило некое дете и рекло: „Ако сакаш да бидеш спасен, прифати го Ахмадијатот“. Човекот во сон го прифатил Ахмадијатот и се разбира исто тоа подоцна го направил и во стварноста.

Во Сиера Леоне синот на еден Ахмад од некоја причина се оддалечил од Џемаатот и му се придружил на Таблигхи џемаатот. Нашиот мисионер и неговиот татко го советувале но немало фајде. Тој во сон на небесата ја видел преубавата слика на Ветениот Месија а.с. и  следниот ден повторно го прифатил Ахмадија џемаатот.

Не само дека луѓето преку сон се упатени во вистинитоста на Ветениот Месија а.с. туку исто така по него упатени се и во тоа дека Халифатот ја има Божјата помош и ја спроведува мисијата на Ветениот Месија а.с..

Еден човек од Нигерија во сон видел како патува со брод. Кога бродот стасал до средината на морето фатило невреме и бродот почнал да тоне. Токму тогаш некој човек му пружил раце и го спасил. Тој не знаел кој бил тој човек. Подоцна сретнал еден Ахмад кој му ја пренесувал пораката и овој човек на МТА го видел хазрети Халифа-тул Месих. Тој во Хузур го препознал човекот кој го спасил од бродот кој потонувал. Како резултат на тоа целото негово семејство го примило Ахмадијатот.

Еден лекар од Судан сакал да даде баи‘ат. Дошол поради џума намаз и рекол дека неговата жена во сон го видела хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. кој ја прашал зошто тие се уште не го дале заветот на баи‘атот. За тоа време неговата ќерка рекла дека во сон го видела хазрети Халифа-тул Месих V заедно со Омер р.а.. Тоа овој лекар го уверило дека Џемаатот е вистинит. Тој потекнувал од семејство кое било суфи. Во неговата заедница се советувал со една суфи побожна личност која имала вистински соништа и визии и го прашал дали знае за доаѓањето на Имам Мехди. Оваа побожна личност му рекла дека Имам Мехди навистина дошол и дека сега починал. Лекарот му рекол дека сега тој сака да му даде завет на баи‘атот на петтиот наследник на Имам Мехди и го прашал дали треба тоа да го направи. Побожниот човек му одговорил потврдно. Неговата жена исто така го прашала овој побожен човек за давањето на баи‘ат и тој одговорил дека кога некој еднаш ќе го даде заветот на баи‘атот тој повеќе не се плаши од никој освен од Бог.

Во Бенин еден човек кој се преселил во нова област во соседството видел две џамии и се прашувал во која да оди! Прво отишол во не Ахмади џамијата а потоа во Ахмади џамијата. За двете џамии барал информации. Овие другите ги критикувале Ахмади муслиманите. Овој човек мислел како Ахмади џамијата е подобра но сепак слушал критики за неа. Правел дови и го молел Аллах за упатство и помош. Тој пронашол мир во Ахмади џамијата но другите Ахмади муслимани ги нарекувале неверници но тој сепак во другата џамија не се чувствувал мирно. Почнал намазот да го клања дома. По неколку дена во сон видел две табли сапун, една била од Германско производство  и со сина боја а друга била локален сапун. Во полу свесна состојба овој сон му бил протолкуван дека сината боја значи сини сеџди. Кога се разбудил помисли дека сеџдите во Ахмади џамијата се зелени а не сини. Меѓутоа, повторно отишол во двете џамии и видел дека сеџдите на Ахмади џамијата се сини. Почнал да клања во Ахмади џамијата. Во другиот сон видел како имамот му дал книга која имала исклучително убава слика. По џума намаз на имамот му побарал да му даде нешто да прочита за Ахмадијатот. Имамот му рекол дека за неколку дена ќе му даде некоја книга. Книгата која му ја дал не била за теолошки прашања или за доаѓањето на Ветениот Месија а.с. или за хадисите, туку книга со наслов „Светската криза и патот до мирот“. Кога ја отворил книгата, на првата страница ја видел сликата на хазрети Халифа-тул Месих V и рекол дека тоа е сликата која ја видел во сон. Во сонот исто така му бил покажан Чесниот Кур‘ан и неколку дена потоа тој во џамијата ја видел копијата на Чесниот Кур‘ан со Француски превод кој го видел во сонот. Во полу свесна состојба му било кажано за десетте наредби и секоја наредба го допрела. Подоцна нашиот мисионер му дал лист хартија и рекол дека тој содржи десет услови за практикување на исламот. Кога ги прочитал овие услови се чувствувал многу емотивно за тоа како Бог му дал упатство. Тој го дал баи‘атот.

Еден човек од Египет во 2004 година имал сон во кој го видел сегашниот Халифа со хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. кој се одмарал и рекол: „Мораш да пронајдеш за оваа работа“. Овој човек не го разбрал сонот бидејќи тој никогаш не го видел  хазрети Халифа-тул Месих IV р.а.. Околу четири години подоцна тој ја гледал МТА и почнал да истражува. Бог го упатил. Во ноември 2014 година, пред давањето на баи‘атот во сон видел дека се наоѓа во џамија полна со оние кои клањаат и во присуство на Ветениот Месија а.с. кој гледал во него. Тој му се доближил на Ветениот Месија а.с. и го видел хазрети Халифа-тул Месих I р.а кого луѓето го нарекувале Абу Бакр Сидик. Тој се доближил и видел дека на неговото место се наоѓа хазрети Халифа-тул Месих V р.а. кој брзо ги кренал рацете да клања и побарал од него и тој да клања и да му се придружи во намазот. Овој човек протолкувал дека сонот значи примање на намазот со благословите на Ветениот  Месија а.с. и неговиот халифа.

Еднаш Ветениот Месија а.с. на некој нов Ахмад му рекол дека е многу среќен што вратата која Бог ги затворил кон важните оџи Он ги отворил кон него.

Огромна е Божјата наклонетост кон Ахмади муслиманите што биле во состојба да го прифатат Ветениот Месија а.с., и секогаш треба да водиме сметка за оваа Божја наклонетост и да бидеме благодарни за тоа. Сосема е можно дека предците на некои од нас биле присутни на собирите на кои Ветениот Месија а.с. ги кажувал овие зборови.

Ветениот Месија а.с. рекол: „Погледајте  го само нашиот Џемаат, него во целост го чинат оние кои некогаш биле наши противници. Тие немале способност и поволна прилика за да дојдат тука. Тој рекол дека прима многу писма кои зборуваат: ’Јас бев навредлив кон вас но сега се покајувам и барам опростување‘.“

Дури и сега постојат оние кои се однесувале непријателски, но по давањето на баи‘атот се понеле кон искреноста.

Нашиот мисионер од Мали пишува дека жената на еден млад човек кој дал баи‘ат отишла кај неговиот брат и му кажала дека неговиот брат веќе не е муслиман. Братот бил бесен и му рекол дека со него веќе нема да има никаква врска доколку не го напушти Ахмадијатот и рекол дека нема да клања џеназа за него. Меѓутоа, овој нов Ахмад бил решителен. За тоа време братот на Ахмади муслиманот го слушал радиото на Ахмадијатот за да изнајде материјал да го спаси својот брат но се случило спротивното, наместо тоа и тој лично го дал заветот на баи‘атот!

Нашиот мисионер од Индија пишува дека некои не Ахмади муслимани присуствувале на програмата на пренесувањето на пораката во Бенгал. Подоцна еден од нив рекол како неговиот внук бил Ахмад и дека тој ги мразел Ахмади муслиманите но сега со Бог може да се заколне дека Ахмдиите се вистински муслимани. Од ова уследиле неколку баи‘ати.

Овие изнесувања ја засилуваат нашата вера.

Ветениот Месија а.с. рекол: „Благослови ги овие Божји мисии бидејќи тоа е негувано и расте меѓу непријателите. Тие прават големи, величествени планови, дури и фалсификуваат судски процеси за убиство, но она што е од Возвишениот Аллах не бива уништено. Јас навистина ви велам дека ова е од Бог. Ако беше резултат на човечки планови, човечки проекти и човечки тврдења до сега ќе беше избришано. Фактот дека расте и напредува наспроти човечките планирања е доказ дека тоа е од Бог. Според тоа, што повеќе ја развивате својата сила на верување со тоа вашето срце ќе биде посветло!“

Зборовите не Ветениот Месија а.с. се Божји зборови и ние гледаме како оваа мисија расте и наспроти непријателствата. Ние сите треба да размислуваме за себе и да видиме дали силата на нашето верување расте, дали нашите срца стануваат посветли, дали сме наклонети и привлечени кон верата и дали ги практикуваме исламските наредби!

Многумина луѓе пишуваат и велат дека по баи‘атот нивната духовна состојба се променила. Жените за мажите кажуваат дека по придружувањето на Ахмадијатот нивното однесување се променило и сега во домовите имаат мир. Погледнете како овие луѓе прават промени во своите животи, такви сите треба да бидеме.

Ветениот Месија а.с. рекол: „Учете го Чесниот Кур‘ан и не бидете безнадежни за Бог. Вистинскиот верник никогаш не е безнадежен за Бог. Тоа е пракса на  неверниците да бидат безнадежни за Семоќниот Бог. Нашиот Бог е Бог Кој ’…има моќ да прави се што сака‘.“ (2:21) Исто така читајте го преводот на Чесниот Кур‘ан и украсете го својот намаз кога клањате и исто така разберете го неговото значење. Исто така молете го (Бог) на својот сопствен јазик. Не учете го Чесниот Кур‘ан како да е обична книга, туку учете го како да е Божјата Реч. Клањајте намаз како што го клањал Чесниот Пратеник с.а.в.с. Меѓутоа, клањањето на пропишаните учења своите дови и своите потреби изразете ги на својот јазик со кој го молите Возвишениот Бог. Овие денови луѓето го расипале намаз. Се што прават само се некакви движења со тресење. Тие брзо го клањат намазот како што кокошка јаде храна и потоа седнуваат и прават дови. Јадрото и суштината на намазот е дова. Како може да се постигне неговиот дух кога довите бидат направени по намазот? Тоа е како човекот да  оди на кралски двор каде има прилика да ги поднесе своите молби но ништо не кажува.  Наместо тоа, тој молбите ги изнесува откако ќе го напушти дворот. Како ќе има придобивка од ова? Таков е случај со оние кои довите во текот на намазот  не ги упатуваат со понизност и мекост (нежност). Вие во текот на намазот треба да молите  за она што саката имајќи ги во предвид сите начини на одржувањето  на намазот.

Ветениот Месија а.с. рекол: „Задолжително е на намазот да ја учиме сура Ал-Фатиха и оваа дова е таа која јасно покажува дека вистинската дова се прави во текот на намазот.“ Затоа Возвишениот Аллах не подучил на оваа дова:

„Во името на Аллах, Милостивиот, Дарител без барање, Сомилосниот. Сета благодарност му припаѓа на Аллах, Господарот на сите светови, Сомилосниот, Милостивиот, Господарот на Судниот ден. Ние само тебе те обожаваме и само Тебе те молиме за помош. Упати не на Правиот пат – Патот на оние на кои им ги даде своите благослови, оние кои не навлекоа нездоволство и оние кои не залутаа.“

(1:7)

Односно, неопходно е пред довите да се фали Возвишениот Аллах бидејќи тие во душата создаваат страст и љубов кон Аллах. Затоа е кажано: ’Сета благодарност му припаѓа на Аллах, Господарот на сите светови, Милостивиот, Кој ни дава а не сме побарале и немаме никакви заслуги, Сомилосниот, Кој исто така наградува она што е заслужено и на овој и на Другиот свет, Господарот на Судниот ден, сето судење е кај него, и добро и зло‘. Личноста е совршен верник во Божјата Единственост тогаш кога ќе го признае Возвишениот Аллах како Господар на Судниот ден. Погледнете, грев е за оние на власт тоа да им се признае бидејќи тоа е рамно на припишување на партнер на Бог. Навистина, нивната послушност е важна во смисла дека Возвишениот Аллах ги поставил на власт но човекот не треба да ги смета за богови. Дајте им на луѓето она што им припаѓа а на Возвишениот Бог она што Нему му припаѓа. Тогаш кажете: „Ние само Тебе те обожаваме и само Тебе ти се молиме за помош. Упати не на правиот пат, патот на оние на кои си им ги дал Своите благослови. А тоа се: групата на пратеници, вистинољубивите, шехидите и искрените. Во оваа дова се бара благослов и милост за оваа група. Спаси не од патот на оние кои го навлекле Твоето нездоволство и кои залута.“

                         (Тафсир хазрети Месих е Мауд,том I, стр. 22)

Ветениот Месија а.с. додал: „Накратко, ова е краток превод на сура Ал-Фатиха. На истиот начин треба да го разберете и остатокот од намазот и потоа клањајте намаз со разбирање на преводот. Ова по правило е однесувањето во правењето на намаз. Нема корист од учење на сите зборови по сеќавање. Бидете сигурни дека човекот не може да постигне вистинско верување во Божјата Единственост – се додека намазот го прави како папагал, тоа не ја допира душата и човекот не е заштитен од слизнување – вистинското верување во Божјата Единственост е состојба која човекот го води во извонредна духовност. Држете ја верата така што Бог ќе нема што да прави и покажете го тоа практично.“

Ако ние во своите зборови не сме исти како во своите дела тоа е повод за загриженост. Луѓето кои подоцна се придружиле ќе не надминат и ние ќе бидеме оставени назад и ќе бидат потребни децении своите генерации да ги вратиме во форма. Важно е намазот да го правиме со разбирање. Ние не сакаме нашите идни генерации да бидат оставени толку далеку назад што новодојдените ќе ги воздигнат своите стандарди толку високо и ќе станат приматели на благословите кои му се ветени на Ветениот Месија а.с.. Замислете се над овие зборови на Ветениот Месија а.с., тоа е обврска на секој Ахмади муслиман. Развијте ја силата на своето верување и осветлете ги своите срца и станете оние кои ја примаат милоста и благословите. Настојувајте и никогаш не ја раскинувајте врската која сте ја направиле со Ветениот Месија а.с.. Нека Аллах не оспособи да имаме силна врска со Бог и да ја разбереме целта на доаѓањето на Ветениот Месија а.с. и да бидеме цврсти и активни членови на Џемаатот! Нека Аллах не оспособи во светот да го шириме учењето на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и секогаш да бидеме приматели на Божјата милост!