In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Ибадет, садака (давање на милостина) и истигхфар (барање на проштевање од Аллах)

Денес Хузур а.т.б.а. одржа хутба во петок за опасната состојба на нештата во светот и како истигхфар (барање на проштевање од Аллах) и давање садака (финансиско жртвување/милостина) можат да помогнат да се одвратат Божјите казни и катастрофата.

Хузур а.т.б.а. рече дека денес силите кои се против исламот него го обвинуваат поради неред и караници кои преовладуваат во светот. Се разбира, вистина е дека некои таканаречени муслимански групи прават ужасни призори и во муслиманскиот и во не муслиманскиот свет. Меѓутоа, исто така е вистина дека постои свесна и смислена завера таква состојба да се создаде меѓу муслиманите. Навистина, одредени муслимани со своите лични интереси најмногу се виновни за предизвикување на штета на името на исламот. Општо, луѓето во светот исто така ги вбројуваат Ахмади муслиманите меѓу севкупното муслиманско граѓанство и со тоа и Ахмади муслиманите исто така се мета на критика, додека оние кои се запознаени со Ахмадија муслиманската заедница знаат дека ние само ги унапредуваме мирот и љубовта. Меѓутоа, многумина нам ни го припишуваат истото однесување бидејќи сликата која ја гледаат во медиумите им дава воопштено мислење за муслиманите.

Понатаму, националните партии ширум Европа се засилуваат и не го слушаат разумот а и очигледна е и состојбата во Соединетите Американски Држави. Како Ахмади муслимани ние се наоѓаме на два фронта: како муслимани кои живеат на Запад, и како Ахмади во муслиманските земји каде ни се спротивставуваат токму поради тоа што сме Ахмади. Во Пакистан не прогонуваат со помош на суровиот закон кој му е доверен на свештенството кое е против нас. Меѓутоа, сега и во Алжир се создаде слична ситуација и правниот систем стана огледало на оној во Пакистан. Најмалку 16-мина невини Ахмади муслимани лежат во затворите во Алжир.

Што тогаш еден Ахмади муслиман треба да направи во таква ситуација? Ние треба да ставиме голем акцент на ибадет, истигхфар (барање на проштевање од Аллах) и на садака (финансиско жртвување/давање на милостина). Ова е начинот за да влеземе во засолништето на Семоќниот Аллах џ.ш. и да ја поттикнеме Неговата милост.

Хузур а.т.б.а. рече дека во претходните хутби објаснувал за намазот и ибадетот но дека денес ќе се концентрира на садака (давањето на милостина) и на истигхфар (барање на проштевање од Аллах).

Човек често го занемарува давањето на садака и го занемарува истигхфар, и само тогаш кога ќе се соочи со тешкотија му текнува да даде малку садака (милостина). Семоќниот Аллах џ.ш. ни наредил да ги почитуваме садака и истигхфар и ни кажал дека тогаш Он ќе ги отстрани нашите тешкотии и грижи и ќе не награди со Својата близина.

Чесниот Кур‘ан вели:

„Зарем не знаат дека Аллах е Оној кој го прима покајанието од своите робови и ја пруфаќа садака, и Аллах често прима покајание (и) милостив е?“

   (9:104)

Ветениот Месија а.с. објаснил дека зборот ’садака‘ е изведен од зборот ’Сидк‘, што значи дека оној кој дава милостина на Аллаховиот пат кон Аллах покажува однос ’Сидк‘ (вистинољубивост и искреност). Друго, Ветениот Месија а.с. рекол дека намазот кај човекот треба да создаде болен оган и длабочина на чувствата.

Хузур а.т.б.а. рече: „Според тоа истигхфар е некој вид на ибадет. Кога ќе се зафатиме во истигхфар тоа треба да биде испратено со страдање и со страста во срцето. Самото изговарање ’Естагхфируллах, естагхфируллах‘ ако е површно и со празни зборови нема да ви користи се додека вистински не се концентрирате на Бог кога тоа го изговарате и воопшто нема да ви користи доколку тоа не го направите со искрено чувство на жар во срцето и искрено земајќи ги вашите слабости во предвид.“

Што се случува кога личноста дава садака (финансиско жртвување) на Аллаховиот пат само за да ја постигне Неговата милост и исто така ветува дека колку што може ќе се бори за да го избегне гревот.

Ова Семоќниот Аллах го пренел преку Чесниот Пратеник с.а.в.с. кој не известил дека Бог рекол:

„Кажи им на Моите робови дека кога тие еден чекор напредуваат кон Мене, Јас напредувам два чекора кон нив. А кога тие ќе забрзаат кон Мене, Јас трчам кон нив.“

Според тоа, Божјата милост е безмерна и неограничена. Кога човекот ќе ги испружи рацете кон Него молејќи за нешто, Семоќниот Аллах џ.ш.   никогаш човекот не го остава со празни раце и без награда или благослов.  Меѓутоа, не се случува секогаш довите да бидат примени на начин на кој очекуваме. Понекогаш Бог веднаш одговара на довите, но понекогаш Божјата мудрост налага на довите да им се одговори подоцна или пак на некој друг начин. Во секој случај, ние треба да одржиме совршено верување во она што Семоќниот Аллах џ.ш. го кажал дека Он ги прима нашите дови, го прима нашиот истигхфар (барање на проштевање од Него) и садака (давање милостина).

Секогаш треба да запомниме дека Аллах џ.ш. ја знае состојбата на нашето срце. Делата кои се направени поради покажување да не видат другите не се примени, примени се само оние кои се направени искрено. Семоќниот Аллах џ.ш. добрите дела никогаш не ги остава без награда. Бог е толку добар и благороден, како што објаснил Чесниот Пратеник с.а.в.с., што ако некој е сиромашен и не може да даде милостина но ако прави добри дела и се држи настрана од лошите ќе му даде еднаква награда на наградата за давање на милостина. Според тоа, човекот треба исклучително да му биде благодарен на Семоќниот Аллах џ.ш., Кој не само што не подучил како да се сочуваме од нашите мани, туку Он исто така ги прима нашите скромни напори и не штити од идните тешкотии и искушенија. Единствениот начин на кој можеме да ги избегнеме тешкотиите е поклонување пред Аллах Семоќниот со потполна преданост и искреност во срцето. Ние исто така мораме да посветиме посебно внимание на истигхфар (барање на проштевање од Аллах) и на садака (давање на милостина).

Ветениот Месија а.с. го објаснил предметот на истигхфар и на садака и Хузур а.т.б.а. ќе претстави неколку делови:

Ветениот Месија а.с. вели дека гревот е како штетник кој се наоѓа во човечката крв и единствениот начин за лекување е истигхфар. Што е истигхфар? Тоа барање за проштевање на гревовите кои веќе сме ги направиле и исто така барање на заштита и во иднина да не правиме гревови. Луѓето од сите вери веруваат дека садака (милостината) може да ја одврати Божјата казна, но тоа е можно само кога тоа е направено пред тоа некоја одредена казна да му се случи на човекот  бидејќи кога Божјата казна ќе се раздвижи тогаш не постои начин таа да сопре и да се спречи. Според тоа, човекот треба да биде постојано зафатен во истигхфар.

Објаснувајќи го понатаму предметот на истигхфар, Ветениот Месија а.с. вели дека во Чесниот Кур‘ан Семоќниот Аллах џ.ш.  е наречен Ал-Хаји (Живиот) и Ал-Кајум (Самоодржувачки, Оној кој се одржува). Неговиот атрибут Ал-Хаји бара да Го обожаваме, а Ал-Кајум бара да бараме помош од Него како и сила да се воздржиме од правење грев. На тој начин, вистинскиот истигхфар е барање помош за да не направиме никаков грев, но понатаму тоа значи дека во сето тоа се вклучени и оние кои веќе направиле грев за да бидат сочувани од лошите последици на гревот.

Со цел да ја постигнеме близината на Семоќниот Аллах џ.ш. за значењето на истигхфар Ветениот Месија а.с. вели:

„Човекот е создаден за многу благородна цел. Неговата цел е да ја стекне близината на Семоќниот Аллах џ.ш. преку Неговото обожавање. Меѓутоа, кога човекот не ја исполнува оваа цел тогаш Семоќниот Аллах џ.ш. завршува со него. Затоа, човекот треба обилно да прави истигхфар за да Семоќниот Аллах џ.ш. продолжи да ја покажува Својата милост.“

Ветениот Месија а.с. исто така кажува дека ибадетот е средство за постигање на големи достигнувања. Ревносениот ибадет го спасил од Божјиот грев народот на пратеникот Јунуз а.с. (Јона). Кога казната била одвратена пратеникот Јунуз а.с. сметал дека неговите дови и претскажувања биле залудни. Меѓутоа, од ова може да се научи важна поука дека силните и чувствителните молби (дови) и садака можат да ја променат одредбата. Од ова можеме да го изведеме поимот за давањето на милостина и со тој дел Семоќниот Аллах џ.ш. во целост е задоволен. Во книгата Илм-ул-Роја (Дисциплина на толкување на соништата), црниот дроб го претставува имотот и затоа давањето на садака е сродно со давањето на животот. Факт е дека самото зборување не е од корист доколку личноста и практично не се однесува според тоа.

Обрнувајќи им се (во една прилика) на членовите на Џемаатот (Ахмадија заедницата) кои што туку дале завет на баи‘ат на неговата рака, Ветениот Месија а.с. рекол дека тие треба често да ги советуваат своите домашни да прават добри дела. Онака како што дрвото или полето не носат плодови ако немаат доволно вода, на ист начин ако на срцето не му дадена водата на доблеста и побожноста тоа не е од корист. Таков совет секогаш треба да се дава бидејќи тоа ќе ги оспособи да останат сосредоточени на ибадет и на правењето на истигхфар.

Со цел да ги стекне благословите на Семоќниот Бог човекот треба не само да се држи до пропишаниот ибадет туку во исто време мора да се воздржува од сите видови неправда. Ветениот Месија а.с. вели дека заедничкото учење во сите религии е дека давањето на милостина може да го одврати искушението или казната која Бог веќе ја одредил. Сите 124.000 пратеници се согласуваат со овој факт. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш рекол дека давање на милостина може да го одврати Божјиот бес. Во една прилика Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека човекот ќе се спаси од огнот со давање на милостина па дури ако е тоа давање и само на пола урма.

Хузур а.т.б.а. потоа рече дека засекогаш треба да ги запомниме порано спомнатите точки како и дека треба постојано да го учиме истигхфар (барање на проштевање од Аллах). Истигхфар не одвраќа од гревот во иднина и ја привикува Божјата милост.

Ветениот Месија а.с. рекол дека порокот направен од невнимание е полош од порокот на кој му додадено покајание. Ако личноста вистински се покае за своите претходни гревови и вети (се заколне) дека во иднина ќе се воздржува од нив, тогаш тоа е како тие луѓе никогаш да и не направиле грев. Ако поединецот од невнимание дури и не знае дека прави грев, тогаш тоа е многу опасна особина. Затоа, мора да се избегне невниманието и секој поединец треба добро да ги разбере своите дела.

Нека Семоќниот Аллах џ.ш. не оспособи да ја разбереме вистината за овие работи и нека не оспособи да се поклонуваме пред Него со полна искреност. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. секогаш не чува од секој напад на непријателот и нека плановите на непријателите им ги врати назад.

Хузур а.т.б.а. рече дека после џума намаз ќе клања џеназа во отсуство за Са‘да Бартави сахиба која била жена на Мурее Бартави сахиб. Таа се здобила со тешки изгореници при истекување на гас. Кога ја однеле во болница здравјето значајно и се подобрило. Меѓутоа, четири дена подоцна таа добила срцев удар и како последица на тоа починала на 10 јануари 2017 година.

’На Аллах џ.ш. му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.‘

Таа Ахмадијатот го прифатила после својот сопруг во 2004 година но во поглед на искреноста и верноста била многу по предадена од својот маж и децата. Нејзиниот маж, Мурее сахиб вели дека наскоро по прифаќањето на Ахмадијатот таа останала бремена. Еден ден паднала по скалите и постоела опасност да го изгуби бебето. Во текот на ноќта во сон  слушнала глас од небесата кој рекол: „Не плаши се! Аллах ќе го заштити твојот плод.“ После ова искуство решила дека ако добие машко дете ќе го нарече Ахмад. Така, кога добиле момче му дале име Ахмад. Слично на тоа во друг сон слушнала глас од небото кој рекол: „Аллах ќе го сочува ова дете!“ Еднаш одела покрај автопат со својот син. Детето и се извлекло од раката и тргнало да го минува автопатот. Таа застанала и ги прекрила очите. На нејзино изненадување кога ги отворила очите видела дека детето безбедно го поминало автопатот и дека стои на другата страна. Нејзиниот зет, Мусаб Схе‘ери сахиб кој живее во Германија вели дека таа имала побожна природа и дека била едноставната жена која никогаш со никого не се расправала. Нејзиниот маж бил затворен во 2009 и таа до 2013 внимавала на децата најдобро што можела. Морала да работи за да ги изгледа децата и да го плати долгот. Погребана е во Хосраб, областа на Дамаск. Нека Аллах џ.ш. има милост кон неа и нека ги оспособи нејзините деца цврсто да останат поврзани со Халифатот.