In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Посета на Канада, 2016 година

Хазрети Халифа-тул Месих V, нека Бог ги засили неговите раце, одржа хутба на 18 ноември 2016 година во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. После ташахуд и сура Ал Фатиха, Хузур рече:

Како што сите вие знаете јас неодамна бев во посета на Канада и програмата приближно траеше шест недели. Со Аллаховата милост, по сите мерила посетата беше успешна во поглед на програмите на Џемаатот како и со останатите програми. После Џалса Салана во Канада, во хутбите ги пренесов впечатоците на луѓето, одредени управни работи и благодарноста на Аллаховите благослови во поглед на Џалса Салана. Денес ќе зборувам за други активности и програми.

Со Аллаховата милост, како и многу други џемаати и Џемаатот во Канада е меѓу оние кои тежнеат кон верноста. Со Аллаховата милост, младите момчиња и девојчиња го поседуваат тој дух на учествување во работите на Џемаатот. Посебно, што се однесува до медиумите и печатот, младите луѓе многу работеа. Тие во работата беа на високо ниво, и Бог направи нивниот труд да вроди со плод. Тие ги зголемија постоечките подготовки и добриот однос со политичарите и владините службеници. Но, овој пат постоеше јасна и видлива разлика во односите со медиумите. Всушност, тоа се чисто благослови на Возвишениот Аллах. Тие само се обидуваа но Аллах обилно ги благословил. Овие млади, овие работници самите признаваат дека одговорот кој го примиле на големо ги надминува нивните очекувања.

Во минатото се обидувавме да не спомнат, или да добиеме простор во весниците, за Џемаатот и исламот да се претстават, но медиумите немаа слух за нас. Меѓутоа, овој пат, медиумите постојано не пратеа, бараа време да зборуваат со нас и да го интервјуираат Имамот на Ахамдија муслиманскиот џемаат. Поради недостигот на време разговаравме со медиумите колку што можевме, дававме интервјуа а на некои моравме да им се извиниме. Сега тимот за медиуми кој го имаме треба да дојде до нив и лично да им се извини, како и писмено и да остане во контакт со нив. Тоа е важно за понатамошниот однос. Во секој случај ќе ви раскажам за впечатоците од различните собири.

Со Аллаховата милост, изградени се три нови џамии, но само во две имаше собир кај што беа поканети и другите. Овој собир е одржан во Парламентот. Зборував на собирот на универзитетот во Јорк. Беа одржани состаноци во Торонто и Калгари каде добив прилика на другите да им ги претставам исламските учења. Поради Аллаховите благослови секаде луѓето ја сфатија убавината на исламското учење.

Пред сè, јас накратко ќе зборувам за медиумската покриеност во Торонто. Подоцна ќе го спомнам универзитетот. Покрај другите работи одржани се и три интервјуа. Едното интервју беше со позната станица ’Глобал Њус‘ (Global News) во Торонто. Прилика да го погледнат интервјуто имаа 300 000 луѓе и 100 000 можеа во живо да го видат извештајот за тоа. Второто интервју го водеше Петер Мансбриџ (Peter Mansbridge) познат новинар и дописник на СБС (CBC). Интервјуто е направено порано но е емитувано две недели подоцна. Тоа беше програма од половина час која се прикажуваше на националната телевизија. Како што веќе кажав, водителот е еден од најстарите новинари кој има голема репутација. Разговорот во главно се водеше околу случувањата во светот, доаѓањето на хазрети Ветениот Месија а.с. и многу зборувавме за екстремистите кои исламот го донесоа на лош глас. Дел од тоа го објавија а некои делови беа исфрлени. Меѓутоа, имаше голема гледаност. Имаше и едно интервју кое го објави националниот весник Глобе и Мејл (Globe I Mail). Едно поранешно интервју на СБС (CBC) според нивната процена го гледаа 10 милиони Канаѓани.  Потоа, преку весници објавувани се детални вести а преку ју тјуб вестите стасаа до повеќе од милион луѓе. И известувањето од предавањето на универзитетот стасаа до весниците, односно до приближно 500 000 луѓе.

Сега ќе зборувам за програмата која прва се одржа по Џалса Салана. Одржана е во Парламентот во Отава, нивниот главен град. Имаше многу активности и програмата траеше цел ден и јас се сретнав со неколку личности. Одржан беше и одвоен состанок со премиерот. Исто така одржавме и состанок со неколку негови министри во една срдечна атмосфера, и јас им се заблагодарив на нивната соработка со Џемаатот, која секогаш е присутна.

Седницата се одржа во салата на Парламентот. Беа присутни шест министри, 57 парламентарци, единаесет амбасадори од различни држави, првиот секретар на американската амбасада и претставници на либиската амбасада и министри на провинцијата Онтарио.

Покрај преку 30-те великодостојници исто така беа присутни началници и министри. Потоа, тука беа и директорот на Евангелистичко друштво, главниот претставник на канадскиот Црвен крст, помошникот на комесарот на РЦМП, професори од универзитетите во Отава и Карлетон, одредени потпретседатели и декани, директорот на канадското собрание на муслиманите, претставници на американската влада и членови на Тинк Танк. Така, тоа беше собир на луѓето кои имаат значајна улога во светот. Имав прилика да го претставам светлото учење на исламот. Исто така, го појаснив и карактерот и лицемерството на луѓето и тоа дека тие не треба да ги обвинуваат само муслиманите. Треба да ги погледнат и своите лични дела. Поедини нереди во светот тие ги имаат создадено. Во секој случај впечатоците ќе ги претставам понатаму.

Јуџ Сегро, МП, рече дека обраќањето на Имамот на Џемаатот содржело многу совети за избегнување на трета светска војна. Било очигледно дека мораме многу да работиме и да соработуваме едни со други за да се спасиме од тој ужас. Понатаму кажа дека оваа порака треба да се прошири ширум светот.

МП, Кевин Вауг, рече дека Имамот многу теми ги осветлил со само неколку збора. Понатаму кажа дека посебно му оставило впечаток тоа што Имамот на Џемаатот во своето обраќање претставил многу ајети од Чесниот Кур‘ан. За луѓето како него тоа било посебно задоволство бидејќи немал многу знаење за муслиманката вера.

Тоа го зголеми знаењето. Сите бодови се собрани и го изнесе своето мислење во согласност со своето размислување.

Израелскиот амбасадор исто така присуствуваше и рече: „Беше тоа битна порака на мирот дека сите религии треба да се почитуваат меѓусебно.“

Тој исто така го кажа следното: „Тој ден го смени моето мислење за исламот и сега повеќе го почитувам. Пораката треба да биде објавена и пренесена на останатите луѓе. Ако луѓето ја следат таа порака, светските длабоки и сериозни проблеми можат да бидат решени.“

Понатаму кажа дека во обраќањето многу му се допаднал тој агол на ’толеранција“ каде правото им е дадено на сите луѓе без оглед на тоа дали тие се муслимани или Евреи.

Потоа, Луис Арбур, виш имиграционен судија и добитник на овогодишниот Сир Зафар Уллах Кхан Евард, го изрази своето мислење и кажа дека Имамот на Џемаатот со јасни зборови ги истакнал нашите недостатоци и мани и го свртел вниманието кон проблемите на западното општество кое понекогаш покажува лицемерство во она што го прави и не им дава права на малцинствата.

Потоа, Рај Саини рече како е кажано дека исламот е религија на мирот и муслиманите кои не ја следат оваа порака на мирот не се вистински муслимани.

Мајид Јовхари, веројатно од некоја арапска држава, рече дека е голем предизвик да се воспостави мир во светот и дека сите заедно треба да најдеме решение. Тука се и други предизвици, како што се економската криза и тероризмот, и затоа е потребна взаемна работа.

Кристи Данкан, министерка за наука даде личен коментар: „Еднаш пријател, засекогаш пријател.“ Таа истакна многу точки од обраќањето како што се правдата, еднаквоста, мирот, младите, Обединетите нации и тоа дека сите заеднички треба да работиме за доброто на човештвото. Кажа дека за неа Ахмадија Џемаатот и е второ семејство.

Исто така, својот став го изрази и Никола ди Ироио кој кажа: „Вие (Имам) ги расветливте светските проблеми од гледиштето на верата. Ахмадија Џемаатот е прекрасен џемаат и пример за другите организации. Не фокусиравте на тоа дека треба да постои толеранција во верските работи и дека агресивноста доведува до уште поголема агресивност. Ако ја усвоиме таквата доблест како што е толеранцијата, можеме да донесеме промена.“

Понатаму кажа: „Мислев дека Имам на Џемаатот ќе дојде овде, ќе каже вообичаени зборови, ќе се заблагодари и ќе седне. Но, обраќањето кое се случи, тешко дека некогаш сум доживеал такво нешто. Ги објасни сите проблеми со кои светот се соочува, на пример климатските промени, економските проблеми и граѓанската војна. Наведена причина е неправдата. Зборуваше за проблемите на ова доба, кажа дека не би требало да има пречки во верата и дека не треба да постои трговија со оружје во што се вплеткуваат западните земји.“

Понатаму продолжи: „Ми беше големо задоволство што присуствувам на програмата бидејќи слушнав како некој зборува за мирот. Тој го претставува исламот на светот и ова е начин на кој тоа треба да се прави.“

Германски амбасадор, Вернер Внендт рече: „Имамот на Џемаатот ја наслика иднината. Ние сите сакаме таква мирна иднина. Од неговото обраќање научивме дека исламот е вера на мирот. Ние сите можеме да живееме со оние кои емигрирале во Европа. Најважната порака во обраќањето е дека сите мораме да тежнееме кон доброто на светот и треба да се погрижиме луѓето во заедницата да ги живеат своите животи поединечно. Имамот кажа дека владите не треба да се вплеткуваат во верските работи. Тоа се однесува на проблемите во поглед на џамиите и хиџаби во Европа. Ако таквите проблеми се раздвижат тоа ќе создаде нереди.“

Исто така, главниот Имам и зналец Мухаммад Јаббар, веројатно некаде од арапските држави рече: „Јас сум сунни Имам, и нема да се двоумам да кажам дека овој говор ги постави темелите на мирот. Овој говор навистина му е потребен на светот. Говорот на Имамот беше полн со мудрост, бидејќи не ја обвинуваше ниту една групација. Од друга страна, кажа дека немир во светот е поради слабоста на овие групи. Ние треба да се ослободиме од нашите слабости и недостатоци и да тргнеме понатаму кон подобрување. Исто така истакна дека во исламското учење човечкото суштество не е лишено од грешки. Беше тоа убаво обраќање. Исламското гледиште е претставено на прекрасен начин и многу тешки аспекти се претставени на толку пријателски начин што никој не се почувствува повреден.“

Потоа гостинот, Гарнер Јанус рече: „Пораката беше многу пријатна, верата и верските лидери можат да ги решат проблемите на ова доба и да се воспостави мир во светот.“

Тој исто така истакна како сите ние можеме да живееме во мир ако ја контролираме трговијата со оружје. Потоа додаде: „Општо, ние се обвинуваме едни со други, но Имамот на Џемаатот објасни дека западните и другите држави можат да ја подобрат ситуацијата во светот само ако ја одиграат својата улога.“

Сик гостинот кажа: „Имамот во Парламентот кажа дека и Запад е одговорен за нередот во светот.“ На пример, го расветли предметот како терористите ги ставаат своите раце на оружје кое им го продале западните држави. Објасни дека 20% Канаѓани кои одат во водите на тероризмот се жени кои и наредните генерации ќе ги обојат со иста боја.

Тој истакна дека никогаш не размислувал за тоа и потоа продолжи: „Многу ми се допадна што Имамот го употребуваше Чесниот Кур‘ан додека зборуваше дека мораме да ги исполниме нашите завети и довербата и на убав начин да се каже дека управување е исто така и доверба и владините службеници пријателски треба да ја достават својата доверба. Имамот на Џемаатот исто така кажа, дека верските зналци ги завеле луѓето и поради тоа нередот се зголемува. Исто така им даде предизвик на западните земји кои тврдат дека воспоставиле слобода на совеста и слобода на правата. Сега нивната одговорност е тоа практично да го покажат и да не се вплеткуваат во работите во врска со џамиите и забраните за хиџаби и места на обожавање. Кажа дека многу добро го потсетил Западот.“

Наведов неколку примери од собирот во Парламентот. Имаше многу коментари од министрите и од останатите. Во поглед на медиумската покриеност пред сè сакам да го истакнам примерот на премиерот кој на својот Твитер кажа дека му било задоволство да го види Халифата на Ахмадија Џемаатот во Отава тој ден и дури поставил и слика. Тоа се прошири и покриеноста на собирот преку весниците достигна четири и половина милиони луѓе.

Беше одржан мирен состанок во Тахир салата во Торонто на кој присуствуваа 614 не-муслимани и не-ахмади гости. Меѓу нив беа градоначалници и советници од околните подрачја, новинари, доктори, професори, учители, адвокати и луѓе кои им припаѓаат на најразлични животни ориентации.

Свештеникот од презбитеријанската црка кажа: „Јас навистина сум импресиониран од обраќањето на Имамот на Џемаатот на овој мирен состанок бидејќи тоа беше порака за мир, љубов и надеж без оглед на бојата, расата, Исток, Запад или на одредено место и време. Наместо тоа беше за целиот свет. Друга важна работа на ова обраќање е дека постојат многу несогласувања, грижа и страв во светот но од обраќањето очигледно е дека имаме повеќе сличности одошто разлики. Ова е силно важна и добра вест која луѓето мора да ја слушнат.“

Еден друг гостин чија сестра неодамна го примила исламот кажа: „Јас денес дојдов овде со својата сестра затоа што таа неодамна го прими исламот и ние сакавме да дознаеме што е учењето на Ахмадија џемаатот. Мојата радост нема граници после она што го слушнав од Имамот на Џемаатот и драго ми е што мојата сестра се придружила на луѓето кои се полни со љубов, кои се грижливи и внимателни. Многу сум среќен поради тоа што го слушнав денес. На истиот симпозиум јас слушнав за услугите кои Џемаатот ги дава поради мирот во светот.“

Во Парламентот беше присутен претседателот на Нике организацијата, Мухаммед Алвахаји кој кажа: „Денешната порака беше јасна и сите ние треба да живееме со љубов и никого не треба да мразиме. Мирот не може да одржи ако продолжиме да се мразиме меѓусебно.“

Тој кажа: „Кога го слушав говорот на Имамот на Џемаатот не можев да верувам дека муслимански водач може во Парламентот да зборува на таков начин. Тука немаше ни сенка на сомнеж и тој зборуваше бестрашно по што луѓето беа уверени дека тоа е вистинита и точната порака на исламот. Постојат луѓе кои стојат зад војните од кои имаат корист.“

Тој понатаму рекол дека Хузур денес исто така зборувал повикувајќи се на максимата ’љубов секому, омраза никому‘ и тоа мора да биде нашиот правец на делување бидејќи тоа е вистината.

Потоа член на замбиската заедница Абу Јусуф рекол: „Бев многу импресиониран со тоа што го слушнав и видов денес. Имамот на Џемаатот во својот говор ги претстави многуте примери на (Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.) и го насочи нашето внимание кон тоа дека треба да настојуваме да се однесуваме според нив. Имамот на Ахмадија џемаатот исто така покажа како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. никогаш никого со сила не го превел во вера и секогаш им служел на сите луѓе. Тој исто така го објасни исламското учење повикувајќи се на Чесниот Кур‘ан. Во Чесниот Кур‘ан се наоѓа: „Нема присила во верата“ (2:257). И зборуваше за тоа како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им дал права на Евреите, христијаните, индусите и на следбениците на било која вера и истакнал дека сите човечки суштества се исти.“

Потоа, третата програма беше одржана на универзитетот Јорк. Тој се смета за еден од најголемите универзитети во Канада. Има 11 факултети, 53 000 студенти и 700 професори. Околу 300 000 илјади студенти дипломирале на овој факултет. Јас го прашав заменикот на советниците и тој ми кажа дека тоа е трет универзитет по големина во Канада. Еден пријател, староседелец и член на универзитет во Торонто, господинот Кар Кариер, се придружи на оваа прослава и кажа: „Овој ден беше подарок. Ми беше драго да слушнам дека сите ние заедно работиме за мир.“

Тој смета дека нивните права исто така биле нарушени и владата не направила ништо во врска со тоа. Тој понатаму рекол: „Она што посебно ми се допадна е дека Имамот на Џемаатот сè што кажа го кажа од длабочината на срцето. Кога некој ја зборува вистината од длабочината на срцето тоа секогаш се запомнува. Доаѓајќи од друг дел на светот тој ни  претставува порака која на сите ни се допаѓа.“

Еден студент Шерил Грес кажал: „Ова беше извонредна прилика да го научам вистинското учење на исламот. Сега имам некакво знаење за исламот а не само лаичко размислување. Имамот на Џемаатот кажа убави работи во поглед на мирот. Овие работи се вредни за пофалба посебно објаснувањето на Имамот на Џемаатот дека во учењето имаме многу заеднички работи. Мене силно ми се допадна тоа што нашето и вашето основно учење на Џемаатот е исто.“

Еден професор од одделението за новинарство од друг универзитет ги пратил сите свои студенти да го слушаат предавањето.

Еден новинар, Јосер Албарани, рекол: „Мене силно ми се допадна што Имамот на Џемаатот кажа дека сите треба да живееме во мир. Како новинар јас често пишувам за мирот и за правата на жените. Но посебно е важно кога верските водачи говорат за тоа. Имамот на Џемаатот богато ги опиша прашањата со кои се соочува исламскиот свет како и дека зад тоа стојат други влади. Јас се чувствував многу убаво кога слушнав дека Имамот на Џемаатот чувствува болка кога чита за состојбата во светот.“

Еден свештеник рекол: „Ги разбравме нештата претставени во Чесниот Кур‘ан на едноставен јазик. Мене посебно ми се допадна дека сите битки во светот се со поддршка на одредени сили или се одвиваат во нивно име, ѝ, ако големите сили престанат да помагаат сето тоа може да се заврши.“

Потоа отидовме во Саскатон. Таму беа одржани конференции за печат и програми на Џемаатот. Таму немаше програми во лични контакти со други туку преку печатот и радиото пораката стаса до 1.8 милион луѓе.

Потоа се случи свеченоста за отворање на џамијата Месјид Махмоод Регина. Таму по џума намаз во петок се случи прием во хотел по повод отворање на џамијата. На приемот беа присутни 200 гости. Тука беа присутни: главниот министер и заменик на министерот од Саскатчеван провинцијата, градоначалникот на градот Регина, министерот за јавна безбедност, заменикот на домашниот водач, свештеници, шефот на полицијата и гости од други професии.

Еден професор по светски религии кажал: „Тоа беше многу мудар и привлечен говор. Тоа беше најистакнатиот говор кој некогаш сум го слушнал како професор по светски религии. Она што ми се силно допадна кај Имамот е неговата недвосмислена и практична порака дека ако секој посакува мир тој не може да се постигне со занемарување на сиромашните кои се во тешка мака. Според моето мислење оваа порака беше многу јасна.“

Тој понатаму рекол: „Според моето мислење, бидејќи некои луѓе се заплеткани во погрешно сфаќање заа исламското решение на светските проблеми, неговата (на Имамот) порака е неопходна. Тој (Имам) преземал на себе одговорност да ги отстрани сомнежите и неговата порака во нашето мулти-културолошко и мулти-религиско општество е многу важна.“

Членот на законодавното собрание на Саскатчеван, Пол Мериман кажал: „Политичката и световната улога е различна. Луѓето силно го изразуваат своето мислење и настојуваат да влијаат на луѓето. Јас кај Имамот на Џемаатот не видов ништо слично на тоа. Јас сметам дека тој (Имам) ме повикува кон себе со голема љубов и подготвен е секого да сака. Јас мислам дека ова всушност е значењето на религија и духовноста, односно, да ги сакаме соседите и да им помагаме на другите.“

Хузур рече дека зборувал за исламското учење, за однесувањето кон соседите и професорот на тоа мислел. Тој понатаму рекол: „,Неопходно е таквата заедница да гради џамии кои го шират вистинското учење на исламот бидејќи луѓето на Саскатчеван им припаѓаат на разни религии и сите треба да се однесуваат со почит и толеранција.“

Потоа водачот на опозицијата на Саскатчеван, Трент Веатхерспоон рекол: „Денешниот собир беше преубав.“ Потоа кажал дека пораката на Имамот на Џемаатот била важна и силна и во која биле истакнати заеднички работи. „Кажано ни е дека Канадските Ахмади муслимани ја унапредуваат верата и им даваат предност на луѓето. Пораката на Имамот на Ахмадија џемаатот беше на другите да им го посакуваме она што го сакаме за себе и е значајна за сите нас.“ Потоа тој рекол дека оваа порака била втемелување на толеранцијата и мирот. Имамот на Џемаатот ги истакнал вредностите според кои сите ние треба да се однесуваме. Овие вредности ќе помогнат да го засилиме не само својот град Регина или својата провинција Саскатчеван туку и целата земја и целиот свет.

После свеченоста на отворањето на џамијата и приемот, имало конференција за печат. Имало и поединечни интервјуа и биле присутни шест до седум луѓе од медиумите,  како од телевизиите така и од радијата и весниците. Поради свеченоста на отворањето на џамијата во Регина и поради конференцијата за печат пораката на исламот стасала до 1,97 милиони луѓе.

По Регина отворена е и џамијата Месџид Баит-ул Амаан во Лојд Министер. Тоа е мало место и воглавно таму одат трговци со нафта. На приемот присуствувале 49 гости на Џемаатот. Членот на законодавното собрание на Саскатчеван, бивши членови на законодавното собрание, бивши членови на парламентот, новоизбрани градоначалници, градоначалници и заменици на градоначалници на околните области, членови на собранието, професори и учители, новинари и луѓе со други професии беа меѓу присутните.

Бившиот министер за емиграција и одбрана, Јејсон Кени (тој има старо пријателство со Џемаатот и личен однос со мене) исто така беше присутен овде. Тој кажа: „Ахмадија џемаатот е мала заедница но безрезервно работи и го покажува светлото лице на исламот, наспроти погрешните идеи за екстремизмот и тоа дека исламот го одобрува екстремизмот Ахмадија џемаатот дава против лек. Ова е исламот кој е точно во согласност со Канадската цивилизација. Тоа е гаранција за мир. Тој кажа дека отворањето на џамијата и посетата на Имамот на Ахмадија џемаатот ќе биде повод за зголемување на знаење, и убавото лице на исламот ќе им биде претставено на луѓето. Потоа тој кажал: „Во денешниот говор на Имамот на џемаатот ги отстранил сите негативни мислења кои можат да се појават во умовите на луѓето. Отворањето на џамијата е позитивен чекор и навистина е во согласност со нашите вредности.“

Тој инаку беше прв министер кој ми се јави за да изјави сочувство за случката во Дарулзикр Модел Таун во Лахор; и ми вети дека во Канада ќе ги прими семејствата на шехидите (убиените) и го исполни ветувањето. Со Аллаховата милост семејствата на шехидите дојдоа во Канада.

Еден гостин на свеченоста, Џон Гормлеј, водител на едно радио шоу кажал: „Имамот на џемаатот повикувајќи се на улогата на Џемаатот, претстави многу важни точки.“

Потоа повикувајќи се на Хузур тој рекол: „Тој (Имам) кажа дека џамијата не е само за ибадет туку е и место за собирање на заедницата. Ахмадија џемаатот многу работи во поглед на тоа. Кога и да се случи тероризам, Ахмадија џемаатот е тој кој настојува да ги подобри взаемни односи и да ги здружи различните религии.“

Тој понатаму кажувал: „Тие порачуваат дека љубовта кон татковината е дел од верата. Ова е исламско учење. Луѓето на Ахмадија џемаатот целосно се дел од општеството. Каде и да живеат тие потполно се обединети со другите луѓе. Каде и да се луѓето од Ахамдија џемаатот се зафатени со засилувањето на заедницата.“

Потоа отидовме во Калгари. Таму Џемаатот е голем и нашата џамија е голема и убава. На 11 октомври по џума намаз беше одржан симпозиум. Околу 644 гости беа присутни. Меѓу гостите беше и некогашниот главен министер на Канада, министерот за човечки служби во Алберт, бившиот и сегашниот градоначалник на Калгари, бившиот министер Џејсон Кени Дин и заменикот на членовите на советот на универзитетот во Калгари, градоначалници и заменици на градоначалници на одредени соседни области, претседателот на Ред деар колеџот, членови на законодавниот совет и луѓе од разни одделенија. Тоа беше добар собир од преку 60 високо образовани луѓе.

Бившиот министер на Канада, Стивен Харпер кажал: „Јас го слушав Имамот на Ахамдија џемаатот како зборува на разни места. Тој секогаш ја упатува мирољубивата порака на исламот кон светот.“

По говорот тој дадал коментар: „Тој истото тоа го направи и денес. Ова е величествена порака која исто така ја истакнуваат и членовите на оваа заедница.“

Потоа тој кажал: „Според моето мислење опсервациите на Имамот на Ахмадија џемаатот се многу итни и секој треба да ги послуша бидејќи денес екстремизмот му нанесува лошо име на исламот и обичните луѓе сметаат дека тоа е вистинскиот ислам.“

Понатаму кажал: „Ислам значи мир. Халифа-тул Месих вели дека значењето на зборот ’ислам‘ значи мир. Ислам значи да го сакаме Бог и Неговите суштества.“

Потоа тој кажал: „Имамот на Џемаатот проникливо ги објаснил сите светски проблеми посебноо темата за Средниот Исток. Тоа е тешка работа но е разгледана и дискутирана многу разборито и промислено. Јас ќе ги советувам сите луѓе, ако се уште не го слушале говорите на Имамот на Џемаатот задолжително да ги послушаат.“

И градоначалникот на Калгари, Нахеед Ненши, кажал: „Беше тоа величествен говор. Тој го претстави убавото учење на исламот многу храбро и рече дека нема место за никаков вид на екстремизам во исламот. Пријатно е да се слушне таква работа во претставувањето на исламот.“ Тој е Агха Кхани и исто така градоначалник овде.

Потоа еден професор од универзитетот во Калгари, кој дошол со својата жена рекол: „Ова беше порака на мирот и беше многу итна. Ние во основа сме Холанѓани и имаме изрека: ’Непознатото е несакано‘ што значи: како можете да го сакате она што не го знаете. Истиот случај е и со исламот. Исламот изгледа пријатен кога ја знаете вистината за него. Ние добивме прилика да го слушаме Имамот на Џемаатот. Од денес ние подобро ќе го разбереме исламот и подобро ќе го сакаме одошто порано.“

Потоа водачот на партијата Алберт и член на законодавното собрание, Гранд Кларк рече: „Тоа на големо беше впечатлива порака, соодветна за сегашната состојба во светот и за сите времиња. Луѓето на Калгари и на Канада дознаа дека исламот е мирољубива религија и ние тоа треба да им го пренесеме на другите.“

Брајан Литосцхиеф Изразил мислење: „Имамот на Џемаатот одржа говор сосредоточен на мирот. Тоа беше величествен пристап. Јас многу малку знаев за исламот и се плашев. Бев збунет поради негативните известувања на медиумите. Мислев дека Чесниот Кур‘ан навистина подучува на неред. После сè, јас денес добив одговор на своите прашања. Имамот на Џемаатот ги претстави наводите од Чесниот Кур‘ан и докажа дека исламот е религија на мирот. Пред ова, во текот на патувањата кога и да сретнам личност од Средниот Исток се плашев дека е терорист и дека може да ме нападне, но денес дознав дека не треба да се плашам од исламското учење. Ние силно имавме потреба од оваа порака која ни ја даде Имамот на Џемаатот бидејќи во светот е создаден неред и Имамот на Џемаатот ни кажа дека со љубов и сочувство мораме да се бориме против омразата.“

Потоа една госпоѓа Калај кажала: „Јас не можам ниту да замислам дека ќе присуствувам на ваква важна програма. Јас дојдов само поради молбата на пријателка. (Таа исто така е образована жена). Но сепак многу сум среќна што дојдов. Никогаш не видов таква програма во која секаде се пројавуваше позитивно размислување. Пораката на Имамот на Џемаатот беше врвна. Човек со малку знаење каков што сум јас многу добро разбрав дека исламот е религија во која е добредојдена секоја заедница, раса и религија. Затоа не треба да се плашиме од исламот. Она што треба да се обидеме е што подобро да ги разбереме муслиманите.“

Јас ги изложив наводите на ориенталистите како што е Стенли Мур, кои се однесуваа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за тоа како тој го втемелил мирот и колкава толерантност тој имал. Таа во тој контекст кажал: „Многу сум задоволна од наводите на не-муслимани и од начинот на кој тие го претставиле своето мислење и докажале дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на исламот бил мирољубив.“

Хузур рече: „Тие туку така луѓето ги водат на програмите но Ахмади муслиманите исто така треба да ги известат своите познаници за убавото учење на исламот. Потоа, на тој начин патот за пренесување на пораката полека се отвора преку разговор. Не треба многу да зборувате за световните нешта а тие да немаат никакво знаење за исламот. Оваа жена сметала дека само поради пријателката присуствува на програмата и никогаш од нејзина страна не слушнала ништо за исламот. Нашите млади мажи и жени и девојчиња треба да посветат внимание на ова.“

Службеник во полицијата на Калгари рекол: „Говорот беше многу интересен. Имамот на Џемаатот кажа дека исламот промовира мулти-култура.“

Тој продолжил: „На нашето општество тоа му е силно потребно. Имамот на Џемаатот ги собира сите луѓе заедно и го унапредува меѓу религискиот дијалог. Говорот на Имамот на Џемаатот го допре моето срце особено кога зборуваше за односите во светот и кога кажа дека може да најде решение за проблемите. Тој со наводите од Чесниот Кур‘ан докажа дека исламот е религија на мирот и дека на муслиманите им е наредено под сите околности да го прифаќаат, дури и кога другата страна има лоши намери.“

Една гостинка Анила Де Хуан, кажала: „Мене ми се допадна тоа што Имамот на Џемаатот го кажа за западниот свет во присуство на главниот министер, а тоа е дека треба да бидат праведни и да размислат за своето однесување кога се работи за проблемите во светот. Имамот на Џемаатот имаше право кога кажа дека не може само една страна да се смета за одговорна кога се работи за проблемите во светот.“

Староседелците на заедницата во Канада живеат во племиња. Тие често доаѓаат во градовите. Оваа заедница се нарекува Фрст Нејшн (прва нација). Еден од нив Ли Прушиелд кажал: „Мене ми се допадна тоа што Имамот на Џемаатот покажувајќи голема храброст и искреност ги оспори приговорите изнесени против исламот – дека исламот подучува на тероризам. Мене силно ми се допадна дека Имамот на Џемаатот низ наводите од книгите (мислејќи на Чесниот Кур‘ан) докажал дека овие обвиненија се лажни.“

Потоа тој рекол: „Начинот на кој Имамот на Џемаатот им кажа на западните земји дека тие му го овозможуваат оружјето на Средниот Исток е вистина. Опишувајќи ја мудроста зад исламските војни, Имамот на Џемаатот изговори реченица: ’Да се сопре раката на угнетувачот‘.“

Тој кажал: „Таа реченица многу ми се допадна и секогаш ќе ја помнам. Тоа значи дека исламските војни се воделе за да се сопре раката на угнетувачот.“

Тој рекол: „Вашиот Халифа добро го разбира значењето на угнетување и терор. Затоа чувствувам дека Халифата добро може да ја препознае нашата мака.“

Тие имаат многу племиња и десет од нив дојдоа тука. Јас се сретнав со нив и ние ќе направиме програми за пренесување на пораката и овде. Ако Бог даде патиштата ќе се отворат.

Имаше известување од страна на медиумите преку каналите кои пренесуваат вести, ТВ и радио. Осум до десет канали и весници, вклучувајќи ги и весниците на национално ниво, ја објавија веста. На овој начин, преку интервјуа и конференции за печат, пораката стаса до 5 милиони луѓе.

Во текот на посетата на Канада, известувањето на медиумите вклучи 32 ТВ канали кои веста ја пренесоа на пет јазици и 40 милиони луѓе ја примија пораката. Заедно, триесет дела на вестите беа пренесени на разни радио станици и тоа на шест јазици. Осум милиони луѓе преку нив ја примија пораката. Вкупно 227 весници ја објавија веста и интервјуто на 12 различни јазици и 4.8 милиони луѓе преку нив ја примија пораката. 14.6 милиони луѓе пораката ја примија преку општествените медиуми, останатите медиуми, електричните медиуми итн. Луѓето проценија дека ако се додадат сите средства, повеќе од 60 милиони луѓе ја примија пораката. Нека е фален Аллах.

Тоа е Божја милост и ние треба да ја почитуваме Божјата милост и да ја сочуваме. Посебно Ахмади муслиманите на Канада треба да обрнат внимание на ова, за Божјите благослови да се зголемат. Запомнете засекогаш дека во сите свои настојувања треба да имаме намера за ширење на пораката на Ахмадијатот за вистинскиот ислам. Мора да постои намера за ширење на Божјата Единственост. Ако тоа се случи тогаш Бог ќе ја благослови нашата работа. Нека Возвишениот Аллах ни даде способност тоа да го направиме.

Сега јас, на Ахмади муслимани во Пис Вилуџ (селото на мирот), (99% и повеќе од нивните жители се Ахмади) им кажувам таму да создадат Ахмади атмосфера. Треба да настојуваат колку што можат повеќе да бидат оние кои ќе го втемелат вистинскиот пример на исламот и начинот на кој ја покажавте љубовта кон Халифатот во моето присуство треба да го зголемите и да продолжите така. Не заборавајте дека вашата вистинска цел е создавање на однос со Бог и никогаш не смеете да станете мрзливи во обожавањето на Бог. Нека Аллах ни даде и вам и на мене способност за тоа. Амин.