In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Суштината на финансиското жртвување, Тахрик-е-џадид, 83 години

Денешната хутба Халифа-тул Месих V, нека Аллах џ.ш. биде негов помошник, ја одржа во Баит-ун-Ноор џамијата во Калгари, Канада. После ташахуд и сура Ал-Фатиха рече дека Ветениот Месија, нека е мир на него, го осветил предметот на финансиското жртвување велејќи дека човечките суштества толку го сакаат богатството, а тоа е запишано и во книгата за интерпретација на соништата, што ако некој го извади и го даде својот црн дроб тоа значи дека го дал своето богатство.

Затоа е кажано, да го постигнете својот вистински напредок и вера, и тоа е спомнато во Чесниот Кур’ан:

„Никогаш нема да постигнете праведност се додека не го жртвувате она што го сакате.“

Затоа, сочувството и гостопримството кон Божјите суштества преставува вториот дел без кој верата не може да биде совршена и цврста. Сè додека едната личност не се жртвува како другата личност може да има корист од неа. За благосостојбата и сочувството е потребно да се жртвува.

И во овој ајет:

„Никогаш нема да постигнете праведност се додека не го жртвувате она што го сакате.“

се дадени учења и упатства. На тој начин трошењето поради Возвишениот Аллах џ.ш. преставува критериум и нечија исправност.

Хузур а.т.б.а. рече дека ќе прочита уште една изрека од Ветениот Месија а.с. во која рекол дека прифаќањето од Семоќниот Бог, што всушност преставува причина за вистинската среќа, не може да биде постигнато сè додека не почнеме да ги поднесуваме моменталните страдања. Потоа рече дека се благословени оние кои поради прифаќањето на Семоќниот Бог не се грижат премногу за моменталните страдања бидејќи верниците својата вечна среќа и постојана утеха ја достигнуваат после привремените страдања.

Хузур а.т.б.а. рече дека денешните луѓе мислат само да натрупаат големо богатство и подоцна да го трошат на својот мир и удобност кои им донесуваат среќа и мир. Но, верникот кој има право сознание и свест за религијата разбира дека, иако Семоќниот Бог создал пристојност и удобност за луѓето на овој свет, сепак правата цел на животот е да го постигнеме прифаќањето на Семоќниот Бог.

Треба да се гази по патот на исправните и да се достават правата на Семоќниот Бог и правата на Неговите суштества. Семоќниот Бог овој предмет го спомнал во напред споменатиот ајет. Ветениот Месија а.с. понатаму објаснил дека правиот мир доаѓа со добрите дела а не со трупање на богатства. И добрите дела не можат да бидат прифатени се додека работата која најмногу ја сакаме не биде потрошена поради Семоќниот Бог и поради подобрување на Неговите суштества. Ветениот Месија а.с. рекол дека богатството е работа која човекот најмногу ја сака.

Хузур а.т.б.а. рече дека ако денес ја погледнеме светската ситуација ќе откриеме дека зад сите паники, нереди и вознемирувања стои љубовта и страста кон богатството.

Хузур а.т.б.а. спомна уште една работа, дека личноста која е посветена на материјалниот свет не знае како да го потроши своето натрупано богатство. Во овие западни држави кои се нарекуваат напредни држави постојат многу богати луѓе, но кои се нивните трошоци? Овде постојат места како што се коцкарниците во кои на големо се троши поради лично задоволство и се троши на коцкање. Муслиманските држави се наоѓаат во слична ситуација и луѓето доаѓаат овде и на големо трошат за лично задоволство. Сега муслиманските држави имаат места каде може раскошно да се трошат парите.

Хузур а.т.б.а. рече дека пред некое време во весниците прочитал оглас за сладолед во хотел во Дубаи. Цената во огласот за сладолед била $850 долари а имал само две или три кугли. Спомнато е дека содржи шафран од разни делови на светот. И да бил покриен со златен лист Хузур а.т.б.а. рече дека $850 долари се доволни за солиден живот на една фамилија во некоја посиромашна држава, а овие луѓе тоа го трошат само на една чашка сладолед.

Оние кои имаат неограничено богатство не знаат како да го потрошат и како да бидат задоволни од своето богатство. Нема сомнение дека тие трошат, но поради лично задоволство трошат на луксуз а не поради Семоќниот Бог, или поради правење на добри дела. Но Семоќниот Аллах џ.ш. вели, а тоа го објаснил и Ветениот Месија а.с., дека за право воздигање и барање на верата, за задоволството на Семоќниот Бог, за подобрување во верата, наместо трошење на луксузни и раскошни работи потребно е да се троши на сочувство и благосостојба на суштествата кои се создадени од Семоќниот Бог.

Ако не ја практикуваат оваа причина тогаш не можат да ја постигнат љубовта на Семоќниот Бог. За сочувство кон суштеството, каде е потребно да се задоволат светските потреби на оној кој има било какви потреби, потребно е да се грижиме за неговата вера и верувања и да се приближиме до Семоќниот Бог.

Хузур а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил загрижен и во Чесниот Кур’ан е спомнато:

„… Зарем ќе се убиеш самиот себе поради овие луѓе …“

Каква била состојбата на тие луѓе кои ја предизвикале неговата загриженост? Тие биле оддалечени од Семоќниот Бог и од верата. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил загрижен поради тоа, и се плашел дека ќе се најдат во ситуација да бидат обземени од гневот на Семоќниот Бог поради тоа што не веруваат во Него.

Освен поради материјалната безбедност, за која е потребно да се трошат пари, за Ахмади муслиманите е потребно да трошат пари и за духовната безбедност.

Сега, крајот на ширењето на водството е поверено на Ветениот Месија а.с.. Тоа се упатствата кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги донел на целиот човечки род и поради кои бил загрижен во ширењето на пораката. Ова е време на нејзиниот крај кога се достапни сите извори. Хузур а.т.б.а. рече дека тоа му било поверено на Ветениот Месија а.с., а нешто слично им било поверено и на неговите следбеници. Поверено им е на оние кои и даваат предност на верата над светските работи.

Богатите луѓе трошат на раскош и имаат толку пари што не знаат како и каде да ги трошат. Откако потрошат за задоволување на личните потреби и желби тие не знаат како да ги потрошат останатите пари. Нивните духовни и хуманитарни погледи обично се празни и освен раскошот и апсурдите тие не знаат за ништо друго. Но, верникот е оној на кој Семоќниот Бог му кажува дека не треба да троши само од дополнителните пари туку да чини добри дела и како резултат на тоа да ја добие љубовта на Семоќниот Бог и себе си да не се стави во немирна ситуација, и да троши од она што најмногу го сака.

Иако, некои луѓе трошат во хуманитарни цели но она што го трошат е многу малку во однос на тоа што го поседуваат. Притоа, тоа не го прават постојано. Верниците се оние кои редовно трошат за да ги исполнат своите благородни цели и поради благосостојба.

Во ова време Ахмадија џемаатот преставува група на верници кои трошат според системот, кои трошат поради ширење на исламот. Тие трошат на разни начини. Тие трошат на ширење на исламот и на сочувството кон суштествата сметајќи дека имаат право да трошат на нив. И многумина од нив трошат ставајќи се себе си во непријатна ситуација. Тие трошат со таква сигурност што веруваат дека тоа ќе ги доведе поблиску до Семоќниот Бог и до Неговата милост, и тие го чувствуваат тоа задоволство и дека исправно ги трошат своите пари. Дури и оние кои не се во Ахмадија џемаатот признаваат дека системот на финансиско работење и системот на трошење на тие средства во нашиот Џемаат е најдобар.

Хузур а.т.б.а. рече дека нашиот мисионер од Кабабир пишувал за еден настан и рекол дека два професора во пензија од универзитетот во Ерусалим со други свои два госта ја посетиле мисионерската куќа на Џемаатот во Кабабир. „Имавме состанок и дебата и им го покажавме системот на нашиот Џемаат. Еден од гостите од Австрија на крајот од состанокот рече дека најдобрата работа која ја увидел во Ахмадија џемаатот е неговиот финансиски систем. Потоа рече дека е наша судбината да донесеме револуција со чисто богатство и ни честиташе на тоа.“

Хузур а.т.б.а. рече дека за донации е потребно чисто богатство. Семоќниот Бог рекол да трошиме од чистото богатство, од она кое е заработено на чесен начин а не преку измама. Тоа не се средства кои останале од данокот. Или не со оние пари кои се заработени на нечесен начин. Донациите се прифатени само од оние чија заработка е чиста, или барем да е познато дека не е заработена на нечесен начин. Ако овие пари се заработени на нечесен начин тогаш системот на Џемаатот не ја прифаќа нивната донација.      

И, ако нечесната донација свесно е прифатена тогаш парите или се вратени или оние од управата кои ги примиле се сменети од своите позиции. На тој начин вистинската работа е да даваме донации само од чисто заработеното богатство. На овој начин ќе стигнат благословите.

Хузур а.т.б.а. нагласи дека тоа го признале и оние кои не се во Џемаатот, исто како што тоа го признале спомнатите професори. Овие нешта им станале очигледни и на оние кои веруваат во материјалниот свет дека Ахмади муслиманите се луѓето кои можат да донесат револуција. Сè додека нашите намери бидат чисти и сè додека заработуваме на чесен начин и трошиме на патот на Семоќниот Бог сè до тогаш сигурно можеме да донесеме револуција во таа област. Оваа револуција е одредена за нас. Тоа било и едно од ветувањата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на Ветениот Месија а.с.. Не треба да направиме револуција која ќе го потврди и воздигне материјалниот свет туку треба да направиме духовна револуција. Мора да продолжиме да ја шириме пораката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ширум светот. Треба да се воспостави единство со Семоќниот Бог и да им се даде правото на Неговите суштества. И, ова не се само световни слогани. Семоќниот Бог му ветил на Ветениот Месија а.с. да создаде групи на искрени и чисти верници кои ќе ја исполнат оваа задача. Верници кои ќе поднесат секаква жртва за да ја исполнат таа задача.

Хузур а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. зборувал за верноста на својот Џемаат дека се следбеници на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и дека покажале таков пример на верност и посветеност што досега сличен пример не се појавил во светот. Лесно прифатиле секаков вид на страдање, ги напуштиле своите сакани татковини и биле одвоени од сето она што им припаѓа, семејството и пријателите. На тој начин јас го гледам својот Џемаат, дека Семоќниот Бог во склад со нивото и статусот воспоставил ентузијазам и во склад со тоа тие ја покажуваат својата посветеност и верност.

Хузур а.т.б.а. рече дека зборувајќи за финансиското жртвување Ветениот Месија а.с. изјавил дека верските цели и целите на членовите на мојот Џемаат секогаш давале донации со отворени срца. Понатаму рекол дека сите учествувале во склад со своите можности. Бог најубаво знае со каква верност и посветеност тие учествуваат во донациите. Тој рекол дека јас најдобро знам дека мојот Џемаат покажал таква посветеност и верност каква што следбениците на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. покажале во негово време и во време на постојани страдања.

Хузур а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. гледајќи го нивото на жртвувања на своите следбеници ја спомнал високата состојба до која тие стигнале. Ветениот Месија а.с. во своите следбеници внел таква револуција што тие ги отфрлиле своите желби во материјалниот свет и ѝ дале предност на верата. Но, духот кој тој го пренел на своите следбеници, оние следбеници кои земале завет на неговите раце, дали тој дух умрел, дали се завршил, дали постоел само во тоа време, и ако е тоа вистина тогаш не би имало напредок во Џемаатот. Семоќниот Бог му ветил дека ќе му даде углед и чест во сите делови од светот. И поради тоа е потребна  голема посветеност и жртвувања во Џемаатот.

Слично на тоа, примајќи ја оваа радосна вест од Семоќниот Бог тој ја пренел оваа радосна вест на Џемаатот, дека после него почнува системот на Халифат кој ќе ја заврши неговата задача после него и заедно со искрените членови кои ќе помогнат да се исполни оваа задача. Денес гледаме како Семоќниот Бог ги исполнува Своите ветувања. Имаме Џемаат со искрени членови кои заедно со Халифата ги жртвуваат своите животи, богатство и чест.

Хузур а.т.б.а. рече дека кога ја најавува новата година на Тахрик-е-џадид ќе најави некои настани во врска со жртвувањето кои се однесуваат на финансиското жртвување.

Хузур а.т.б.а. рече дека овие настани не се случиле во богатите држави туку во многу сиромашни држави и посебно кај оние кои само што го прифатиле Џемаатот. Прекрасно е да се види како Семоќниот Бог ги променил нивните срца. Иако се многу сиромашни тие се големи во своите жртвувања.

Хузур а.т.б.а. рече како еден мисионер пишувал дека еден Имам му се приклучил на Ахмадија муслиманскиот џемаат заедно со неговата џамија. Кога му било објаснето за финансиското жртвување во Џемаатот и Тахрик-е-џадид тој рекол дека и он самиот држел предавања за донациите и зекатот. Но, рекол дека никогаш не сретнал толку јак финансиски систем и ниту слушнал за сличен систем. Поради тоа тој дал донација и ветил дека секој месец тој и неговиот џемаат редовно ќе даваат парични донации. Хузур а.т.б.а. рече дека ова се најсиромашните луѓе но нивното жртвување стигнува до највисокиот врв.

Оваа приказна не доаѓа само од една држава. Хузур а.т.б.а. рече дека ваков ветер дува во многу држави во светот.

Хузур а.т.б.а. рече дека еден мисионер од Брегот на Слоновата Коска пишувал за настан кога отишле во некое село за да ја шират пораката и каде ја пренеле пораката на Џемаатот. Сите мажи и жени внимателно слушале. Еден од нив рекол дека многу пати пред тоа доаѓале луѓе кои пренесувале некакви пораки но дека досега никогаш не слушнале толку добра порака. Во секој случај, во таа област околу триста луѓе го прифатиле Ахмадијатот. После тоа им било кажано за финансискиот систем и за другите системи на Џемаатот. Во текот на дискусијата е спомнато дека тој ден бил последен во годината на Тахрик-е-џадид програмата. Дознавајќи за тоа поглаварот на селото и имамот на џамијата рекле: „Иако денес го прифативме Ахмадијатот сепак секој од нас ќе земе учество во оваа благословена програма.“ Луѓето од ова село веднаш собрале 10.000 франци и платиле за Тахрик-е-џадид.

Хузур а.т.б.а. спомна и друг настан кој се случил во Танзанија. Таму еден член ветил донација од два Лацкс шилинзи. Тој веќе платил еден Лацк шилинг и требало да плати уште еден. Тие велат дека во октомври месец го потсетиле овој човек дека треба да плати уште еден Лацк и дека годината се завршува. Тој одговорил дека е на пат но дека ќе среди парите да се достават на време. Парите ги пратил преку возач на автобус и на возачот му рекол дека тоа е неговиот придонес и дека тоа мора да го достави истиот ден. Возачот, кога стигнал на автобуската станица, го повикал локалниот мисионер и му кажал дека кај себе го има придонесот од човекот и дека тој може да дојде да го земе. Кога мисионерот дошол да ги земе парите возачот му соопштил дека и тој сака да стане Ахмади.

Хузур а.т.б.а. рече дека жената и децата на тој возач веќе го прифатиле Ахмадијатот но тој не го прифатил бидејќи не бил задоволен. Возачот рекол дека бил допрен од овој случај и дека живееме во материјален свет каде човекот го сака богатството а тие живеат во сиромашна област – Како Семоќниот Бог создал такви луѓе кои трошат на патот на Семоќниот Бог и добиваат вистински мир.

Хузур а.т.б.а. рече дека на овој начин давањето на придонес на еден Ахмади муслиман станало повод некој кој не бил Ахмад да го прифати Ахмадијатот. На тој начин придонесите кои се дадени во добра вера донесуваат моментални резултати. Финансиското жртвување кое е дадено од богатството кое го сакаме станува повод за упатство на добрите души. Вака Семоќниот Бог користи разни извори да награди со плодови.

Хузур а.т.б.а. рече дека слично на тоа Амир сахиб на Сенегал пишува оти таткото на еден од членовите на Џемаатот, Омар сахиб, кој не бил Ахмад дошол од друг град сериозно болен. После основниот преглед докторите предложиле операција на простата. Меѓутоа, Омар сахиб немал доволно пари за операција. Таму било и многу тешко да се подигне толку голем заем. Бил многу загрижен. Амир сахиб пишува дека во првата недела од октомври месец во текот на хутба во петок ги потсетил членовите на Џемаатот за Тахрик-е-џадид годината која се завршува и наредниот ден Омар сахиб дошол и побарал да му се направи признаница за неговиот придонес кој сакал да го плати. Бидејќи Амир сахиб ја знаел неговата финансиска ситуација го прашал Омар сахиб како во таква ситуација ќе направи толкава жртва бидејќи татко му е тешко болен и дека му требаат пари за неговото лекување. Омар сахиб рекол: „Во претходната хутба рече дека ова е спогодба со Семоќниот Бог и јас дојдов да направам спогодба со Семоќниот Бог, затоа дај ми ја мојата признаница.“

Амир сахиб понатаму пишува дека два дена покасно отишол кај Омар сахиб да го посети неговиот татко. Го сретнал татко му како седи на стол пред куќата. Покасно дошол Омар сахиб и рекол дека неговата спогодба со Семоќниот Бог станала успешна и дека неговиот татко веќе нема никакви болки и дека се чувствува подобро. После два дена го одвеле кај лекар на преглед и лекарот рекол дека сега веќе нема потреба од операција. После овој настан неговиот татко го примил Ахмадијатот.

Хузур а.т.б.а. рече дека ова се чисти трансакции кои понекогаш Семоќниот Бог ги чини. Хузур а.т.б.а. рече дека претходната седмица на отворањето на џамијата спомнал за случајот на личноста која и дала предност на служење во џамијата и Семоќниот Бог средил тој да прими голема сума на пари. Световната личност тоа може да го смета за случајност, но верникот верува дека за сигурно бил благослов од Семоќниот Бог.

Хузур а.т.б.а рече дека сличен настан се случил и во Џемаатот во Конго. Киншаса, место каде Ајуб сахиб, член на Џемаатот, рекол дека претходно не учествувал во активностите на Џемаатот. Тој рекол дека неговиот син бил постојано болен и дека се потрошени многу пари за неговото лечење. Тој кажал дека му била доделена должноста секретар за финансии и мислел дека неговото финансиско жртвување треба да биде пример за Џемаатот.

Хузур а.т.б.а рече дека во оддалечените и мали места во разни делови од светот кога на личноста и биде доделена должноста секретар за финансии неговото финансиско жртвување станува примерно. Овој човек рекол дека почнал редовно да дава придонеси и благословен од тоа неговата финансиска состојба почнала да се подобрува. Животот продолжил да му биде мирен и среќен. И состојбата на неговиот син значајно се подобрила. Тој рекол дека смета оти ваквата подобрена ситуација е резултат на служењето на Џемаатот и на финансиското жртвување.

Хузур а.т.б.а. рече дека сигурно сме го чуле идиомот ’жртвување со намалување на својот стомак‘, но тешко е да го доловиме неговото подлабоко значење доколку тоа не го искусиме. Но, посматрајќи го жртвувањето на сиромашните станува лесно да се разбере значењето на тој идиом.

Хузур а.т.б.а. рече дека една жена од Гамбија го прифатила Ахмадијатот и кога и било кажано за Тахрик-е-џадид програмата таа рекла дека има само една стотина даласи за да може да купи ориз и дека моментално воопшто нема ориз. Таа кажала дека нејзиниот единствен син исчезнал пред две години и дека нема никакви вести за него. Таа ги понудила парите кои ги чувала за Тахрик-е-џадид програмата и рекла дека Семоќниот Аллах џ.ш.  ќе и овозможи други работи за неа. После три дена од овој настан нејзиниот син се вратил и со себе донел десет вреќи со ориз и голема сума на пари. Тој кажал дека за време на неговото отсуство учел за градежништвото и дека сега во градот добива големи договори за градење. После тоа жената рекла дека сето тоа се случило поради нејзиното жртвување и дека од сега тоа постојано ќе го прави.

Хузур а.т.б.а. рече: „Зарем тоа не е револуција дека со прифаќањето на Ветениот Месија а.с. Семоќниот Аллах џ.ш.  го создал тоа кај луѓето кои живеат на така оддалечени предели?“ Хузур а.т.б.а. рече дека тоа сигурно е револуција. Понатаму рече: „Погледнете ја оваа жена, колкава височина достигнала нејзината верност. Таа рекла дека не се грижела за нејзината глад и тогаш Семоќниот Бог ја благословил со Своите благодати.“

Хузур а.т.б.а. рече дека нашиот мисионер од Мали пишувал како една жена, стара осумдесет години, редовно давала придонеси. Еднаш поминала пешки еден километар по многу топло време да даде придонес. Мисионерот и рекол дека тој би дошол да го земе придонесот но таа рекла дека не сакала да ги изгуби благословите од давањето кога слушнала за важноста на финансиското жртвување и сметала дека треба лично да дојде и да го даде придонесот. Таа пешачела до мисионерската куќа на топлото сонце за да ја заштеди сумата која би ја платила за превоз и таа сума ја додала на својот придонес.

Хузур а.т.б.а. рече дека ова е ситуацијата во која живеат луѓето во оддалечените области. Тој рече дека е очигледно оти во секој од овие настани и случаи Семоќниот Аллах џ.ш. ја засилува верата на Ахмади муслиманите преку личното искуство.

Хузур а.т.б.а. рече дека мисионерот од Бенин, Закри сахиб пренесувал еден настан и кажува дека претседателот од еден оддел го загубил работното место и дека поради тоа бил многу загрижен. Во текот на овие денови го потсетиле за Тахрик-е-џадид програмата. После неколку дена го повикал седиштето на мисионерот и рекол дека бил многу загрижен кога го потсетиле за Тахрик-е-џадид обврските и молел Аллах џ.ш. да му овозможи некој извор за да може да го даде својот придонес.

Рекол дека ноќта ја поминал многу вознемирен. Наутро, после фаџр (сабах) намаз отишол до соседното село да бара работа. Рекол дека таму не нашол никаква работа но дека сретнал некој човек кој одел на пазар да ја продаде својата стока. Тој кажал дека му помогнал на тој човек и дека за возврат добил 500 франци. Од тоа 200 франци потрошил за храна, на своето дете му дал 100 франци за училиштето а останатите 200 франци ги дал за придонесот за Тахрик-е-џадид програмата. Рекол дека поради давањето на своите придонеси го благословил Семоќниот Бог и точно после четири дена добил работа. Тој рекол дека тоа не може да биде само случајност и тоа мора да се благослови од Семоќниот Бог.

Хузур а.т.б.а. рече дека освен во Африка слични настани се случиле и во Индија. Нивниот инспектор Схахаб-уд-Дин сахиб, кој е инспектор за Тахрик-е-џадид програмата за Талангану и Андхру пишува дека некој пријател од Худербад, кој бил од сиромашно семејство, почнал работа со 20.000 Рс. Тој имал мала продавница. Во времето за намаз тие ја затварале својата продавница. Хузур а.т.б.а. рече дека тоа е величествена одлука на верните. Тој дал придонес од заработката за цел месец за Тахрик-е-џадид. Оваа година дал 60.000 Рс за Тахрик-е-џадид. Тој инаку живее во изнајмена куќа. Инспекторот сахиб рекол дека еден ден го прашал зошто не купи куќа за себе. Тој одговорил: „Нека работите одат онака како што одат до сега бидејќи светот и онака оди кон уништување …“, и зошто тогаш да се собираат пари кога е подобро истите да се потрошат на Божјиот пат.

Хузур а.т.б.а. рече дека сличен настан се случил и во Пакистан. Наиб Вале ул Маил пишува дека се сретнал со Кхадимот од Саилкот кој ветил 20.000 Рс. Тој вели дека од момчето побарал да го зголеми тој износ на 100.000 Рс и дека тој се согласил на тоа. Кога започнала работата со извоз плаќал по 5.000 Рс, потоа по 10.000 Рс, и потоа по 15.000 Рс и на крајот тоа го зголемил до 100.000 Рс. Тој кажал дека поради благословот од тие придонеси дошол до состојба да ја купи фабриката која ја користел како изнајмена.

Хузур а.т.б.а. рече дека постои сличен случај во Индонезија за кој му пишувал тамошниот мисионер. Бил некој човек кој кажувал дека многу полесно ќе му било ако имал мотор да оди на џума намаз со својот син. Хузур а.т.б.а. раскажува како мисионерот му кажал да прави дови и да биде редовен во давање на придонесот. Човекот редовно го плаќал својот придонес и придонесот на своето семејство. По неколку дена Семоќниот Аллах џ.ш. го благословил и тој бил во состојба да купи мотор. Неговата финансиска ситуација се подобрила и тој ветил и пари за програмата за Завештание и сега тој дома има три мотори.

Хузур а.т.б.а. рече дека овде во Канада исто така постојат луѓе кои го зголемуваат својот придонес. Еден човек придонесот го зголемил од 1.000 долари на 5.000 долари и за да ги собере благословите на Семоќниот Аллах платил на почетокот на годината. Тој исто така за изградба на џамијата уплатил 20.000 илјади долари.

Хузур а.т.б.а. рече дека овде постојат примери кои вдахнуваат со вера. Постои жена која ветила дека ќе даде 1.000 долари но немала. Вечерта мажот ја повикал и кажал дека некој му дал чек. Таа прашала дали чекот е на 1.000 долари? Тој одговорил дека е токму на толку пари и ја прашал од кај знае за тоа. Таа рекла дека била загрижена бидејќи требало за Тахрик-е-џадид да плати 1.000 долари. Затоа сметала дека сето тоа мора да дошло од Семоќниот Бог и чекот морал да биде токму во тој износ.

Хузур а.т.б.а. рече дека во европските земји се основани нови џемаати. Мисионерот од Микронезија пишува дека поради сиромаштијата таму нема доволно работа. Постојат луѓе кои немаат никаков извор на приходи. Тие зависат од роднините или од работата за неколку дена. Меѓу нив се наоѓа и една постара личност која сака да работи за Џемаатот и сето свое време го користи да му служи на Џемаатот. Дури и да нема работа во Џемаатот таа сепак настојува да направи нешто корисно за Џемаатот. Претходната година собирал празни конзерви да ги продаде за рециклажа за да земе нешто пари. Цела година ги собирал и за нив земал 30 долари. Потоа отишол во мисионерската куќа и дал 10 долари за својот Тахрик-е-џадид придонес. Тоа што го заработил во текот на годината една третина ја дал за Џемаатот.

Хузур а.т.б.а. рече дека од Германија му пишувал секретарот на Тахрик-е-џадид за некоја жена која не сакала да и се знае името, како дошла во канцеларијата на Тахрик-е-џадид и го дала својот накит во име на придонес. Накит имало толку многу што цела маса биел прекриена со него. Тука биле ѓердани, прстени, нараквици и многу други видови на накит. Не сакала да и се открие името бидејќи сметала дека тоа жртвување е поради Семоќниот Бог.

Хузур а.т.б.а. рече дека жените сакаат накит но Ахмади жените се жртвуваат кога е во прашање нивниот накит.

Една жена имала средба со Хузур а.т.б.а. и му кажала како таа својот накит го дала за придонес но дека тој чин не му се допаднал на семејството на нејзиниот маж и дека тие ја обвинуваат и прекоруваат. Хузур а.т.б.а. рече дека Семоќниот Аллах ги благословува оние кои трошат на Неговиот пат и дека Он сигурно ќе ја благослови оваа жена. Но оние кои ги попречуваат луѓето во финансиското жртвување се тие кои треба да бидат загрижени. Аллах е Тој Кој дава и Он е Тој Кој тоа може да го земе назад од неблагодарните – тоа секогаш треба да го запомните. Според тоа, оние чии срца имаат такви помисли треба да се покајат и да барат проштевање.

Хузур а.т.б.а. рече дека и во Русија постојат многу примери. Еден пријател раскажува како бил многу сиромашен. Живеел во изнајмен стан и имал многу финансиски проблеми, но сепак според своите можности го давал пропишаниот придонес за Тахрик-е-џадид. Тој кажува како поради благословите на овие придонеси неговата жена добила државна работа веднаш по завршувањето на медицинското училиште. Покрај тоа владата им дала станбен кредит. Сега веќе имаат два автомобили. Тој рекол дека сето тоа се случило поради благословот на придонесот. Порано им било тешко да ги плаќаат придонесите но сега е многу полесно.

Хузур а.т.б.а. рече дека Семоќниот Бог ги благословува луѓето и во Русија, Африка, Индонезија како и во Европа. Сите овие благослови на Семоќниот Аллах џ.ш. се доказ на ветувањето кое Он го дал на Ветениот Месија а.с., во кое вели дека ќе му даде група на верни и исто така ќе им ја зголеми верата. На оние луѓе кои маршираат кон Семоќниот Бог, Он  ја зголемува верата.

Хузур а.т.б.а. рече дека меѓу извештаите за финансиското жртвување му било тешко да избере кои да ги издвои.

„Во секој случај, рече, јас ви раскажав само за неколку. Како што кажав, во сите земји однесувањето на Семоќниот Аллах џ.ш. е исто. Оние кои веруваат во Семоќниот Аллах џ.ш. обилно се благословени. За сериозна личност ова е доволен доказ за вистинитоста на Ахмадијатот и за тоа како Бог ги благословува оние кои се жртвуваат заради Него.“

Хузур а.т.б.а. рече дека тоа е од причина што овие придонеси се трошат за пропагирање на религија на Семоќниот Бог. Луѓето од сиромашните земји даваат придонеси но нивните трошоци се многу високи во споредба со придонесите и затоа Центарот придонесите кои ги даваат богатите земји ги троши во сиромашните, чии буџети не ги задоволуваат нивните потреби. Стотици училишта, десетина болници, стотици мисионерски куќи, стотици џамии се изградуваат секоја година и за нив се користат средства од Тахрик-е-џадид и Вакф-е-џадид придонесите. И за МТА се потрошени милиони долари. Постои посебна сметка за МТА на која луѓето уплатуваат, но сепак трошоците се поголеми и од тоа.

Хузур а.т.б.а. рече дека во поглед на МТА сака да каже како според извештаите гледаноста на МТА не толку голема како што би требало да биде и членовите неговата хутба не ја слушаат директно. Џематот во тоа вложува многу и ги обучува членовите. Ако постои разлика во времето тогаш треба да се погледне снимка од хутба.

„Многу луѓе од надвор ми пишуваат дека иако не се во Џематот сепак ги слушаат моите хутби. МТА е направена како посредник на Џемаат со Халифатот. Ако вие во своите домови не посветите внимание на ова тогаш вашите деца полека ќе се оддалечат: Аллах, иншаАллах, сигурно ќе ги исполни ветувањата кои ги дал на Ветениот Месија а.с. – и искрените ќе се придружат.“

Хузур а.т.б.а. рече:

„Вие ги видовте височините на искреноста во новите Ахмади муслимани. Да не се случи новодојдените да ги добијат сите благослови а старите да најдат засолниште во гордоста дека нивните предци и татковци биле асхаби на Ветениот Месија а.с., и дека тие се по потекло Ахмади. Семоќниот Бог нема личен однос со никого. Ако старите Ахмади се држат по страна тогаш не е важно што нивните татковци и предци биле асхаби на Ветениот Месија а.с.. Според тоа, пред да се покаете морате да се поврзете со Халифатот. И најдобар начин за тоа е МТА која Семоќниот Бог ја основал – користете го тоа. На МТА постојат и други многу добри програми, но барем слушајте ги хутбите во петок а не само мисионерот да ви ја прочита кратката содржина и вие да мислите како сега знаете што било кажано во хутбата. Голема разлика  е во слушањето на целата хутба и во слушањето на кратката содржина.“

Хузур а.т.б.а. рече дека минатата година за Тахрик-е-џадид завршила и започнала нова. И најавата за новата година на Тахрик-е-џадид започнува од Канада и тоа е Аллахов благослов на проширувањето на Џемаатот. Во 1934 година Ахрар секатата зборувала дека ќе го уништи Џематот и Кадијана ќе ја претвори во урнатини. Во тоа време хазрети Муслех Мауд р.а. ја најавил програмата на Тахрик-е-џадид и планирал да испрати мисионери ширум светот. Бил направен сеопфатен план за пропагирање на исламот. И денес, со Аллаховата милост, Џемаатот е познат секаде во светот. Тој е основан во 209 земји. Денес, над Џемаатот сонцето не заоѓа. Постоело време кога Ахрар зборувал дека ќе го избрише Џемаатот од Кадијана а денес, слугата на Ветениот Месија а.с. неговата порака ја праќа од другиот крај на светот. Ветувањето кое Семоќниот Аллах џ.ш. му го дал на Ветениот Месија а.с. се исполнило со уште поголема чест. Затоа секој Ахмад треба да запомни дека тоа му дава уште поголема одговорност. И должноста на секој од нас е да ги исполниме тие одговорности.

Хузур а.т.б.а. рече дека сега ќе најави нова година за Тахрик-е-џадид. Со Аллаховата милост годината која заврши на 32 октомври беше 82-та година на оваа програма и од 1 ноември веќе започна 83-та година.

Хузур а.т.б.а. рече дека со Аллаховата милост извештаите кои ги примил Џемаатот минатата година покажуваат дека финансиското жртвување било во износ од 1.933.000 фунти. Голема благодарност до Аллах џ.ш.. Ова во однос на минатата година е повеќе за 701.700 фунти.

Хузур а.т.б.а. рече дека во поглед на положбата Пакистан е на прво место, а инаку Германија е број еден додека Велика Британија е втора, Америка трета, Канада четврта, петта е Индија, шеста е Австралија, седма е една земја на Блискиот Исток, осма е Индонезија, деветти е еден џемаат на Блискиот исток, десеттата е Гана и единаесеттата е Швајцарија. Хузур рече дека листата вообичаено содржи десет земји но што се однесува до поединечното плаќање во Швајцарија тоа било многу високо и затоа таа е додадена на листата.

Хузур рече дека во поединечно плаќање на прво место е Америка, потоа Швајцарија, Велика Британија, Финска, Сингапур, Германија, Норвешка, Јапонија и Канада. Но пред тоа се петте Џемати на Средниот Исток чии имиња не ги објавуваме. Во Африка редоследот по собраниот износ е следен: Маурициус, Гана, Нигерија, Гамбиа, Јужна Африка, Буркина Фасо, Камерун, Сиера Леоне, Либерија, Танзанија и Мали.

Хузур а.т.б.а. рече дека во поглед на учесниците 90.000 нови влегле во оваа програма и вкупниот број на учесници е 1.404.000. Најголем напор за зголемување на учесниците направил Бенин, потоа Нигер, Мали, Буркина Фасо, Гана, Либерија, Сенегал и Камерун. На ова сите треба да обрнете внимание секаде ширум светот.

Хузур а.т.б.а. рече дека со милоста на Семоќниот Аллах џ.ш., Дафтар Авал се уште е отворен и продолжува, и уплатите доаѓаат, некои од преживеаните потомци а некои од се уште живите. Во Пакистан постојат три големи џемаати. Меѓу нив број еден е Лахор, број два е Рабва и број три е Карачи.

Потоа, во поглед на жртвувањето првите десет града се: Исламабад, Мулта, Куета, Пешавар, Гујранвала, Хидерабад, Хафиз Абад, Мианвали, Котли, Каневал и Бахавалпур.

Хузур а.т.б.а. рече дека во поглед на жртвувањето првите десет области се во Пакистан – наспроти сиромаштијата жртвувањата во Пакистан се на високо ниво и тоа по следниот редослед: Сиалкот, Фаисалабад, Саргода, Гујурат, Омер Кот, Окара, Наровал, Мирпур Кас, Тоба Таке Синг, Манди Бахауддин и Мирпур Азад Кашмир.

Хузур а.т.б.а. ги спомна десетте џемаати во Германија кои се на врвот и десетте области во Германија кои исто така се на врвот.

Хузур а.т.б.а. ги спомна петте области во Британија по следниот редослед: Лондон А, Лондон Б, Мидланд, Норт Ист, Саут областа. А првите десет џемаати се: Фазл џамија, Ворчестер парк, Глазгов, Бирмигем Саут, Норт Вест, и Вимблдон парк. Хузур а.т.б.а. рече дека според поединечното плаќање петте први области се: Сот Вест, Исламабад, Шкотска, Мидланд и Норт Ист. Исто так ги спомна и десетте големи џемаати.

Хузур а.т.б.а. рече дека во Канада следните емирати се на врвот: Пис Вилиџ, Ваугхан, Калгари, Брамптон, Ванкувер, Мисисага. Се подобриле следните: Едмонтон Вест, Пелекадерм, Сакстон Саут, Сакстон Норд, Милтон Ист, Отава Вест, Отава Ист и Регина. Хузур рече дека џематот на Лојминистер не добил никаква положба иако изгледало дека претседателот на џемаатот бил активен и дека вкупната финансиска положба на членовите била добра.

Хузур рече дека според вкупно собраниот износ на прво место во САД е Џемаатот во Силикон Вилиџ, потоа во Оскхосх, Оскхосх два, Детроит, Сиетл, Јорк, Централ Вигинија, Лос Ангелес, Силвер Спринг, Централ Џерси, Чикаго Саутвест, Лос Ангелес Вест.

Хузур а.т.б.а. рече дека првите десет џемаати во Индија се следните: Каралие, Карала, Каликат Карала, Хидерабад, Андра, Прадеш, Патепраме Карала, Кадијана, Кенаноор Град Карала, Чингари Карала, Делхи, Колкота Бенгал и Салоре Тамал Надо. Хузур а.т.б.а. рече дека првите десет покраини од Индија се: Карала, Кернатак, Андра Прадеш, Тамил Надо, Јаму Кашмир, Уреса, Пенџаб, Бенгал, Делхи и Махараштра. Хузур а.т.б.а. рече дека Индија, која инаку била многу назад, многу се подобрила.

Хузур а.т.б.а. рече дека со милоста Семоќниот Аллах џ.ш. во Австралија има некои џемаати кои добро се поправиле. Првите десет Џемаати во Австралија се: Мелбурн, Бервиц, Кастле Хил, АЦТ Канбера, Маестан Парк, Брисбејн, Логанбазвицк, Лонг Борне, Клаптон, Мелбурн Ист. Постојат и десет Џемаати кои се на врвот во поглед на придонестие соберени по глава: Тасманиа, Брисбејн Норт, АЦТ Канбера, Сиднеј Метро, Дарвин, Парамата, Мелбурн, Бервиц, Маестан Парк и Кастле Хил.

Хузур а.т.б.а. направи дова за членовите на Џемаатот кои се жртвувале во Тахрик-е-џадид програмата: ’Нека Семоќниот Бог ги благослови нивното богатство и луѓето, да ги прими нивните жртвувања и да им даде прилика обилно да учествуваат во жртвувањето и да одржат силен однос со Халифатот.‘ Амин.