In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Џамијата во Регина (Канада)

Денешната хутба Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја одржа во Махмоод џамијата во Регина, Канада. По ташахуд и сура Фатиха Хузур го проучи следниот ајет од Чесниот Кур‘ан.

„Единствено оној кој ги одржува Аллаховите џамии, кој верува во Аллах и во Судниот ден, и оние кои намаз извршуваат и кои зекат даваат и кои само од Аллах стравуваат; поголема можност е дека овие луѓе се меѓу упатените.“

(9:18)

Хузур, а.т.б.а. рече дека сета благодарност му припаѓа на Аллах затоа што алхамдулиллах го воспоставил Ахмадија џемаатот и благодарение на Возвишениот Аллах изградена е џамија. Машаа Аллах, тоа е многу убава џамија.

Моменталниот број на членови на Џемаатот овде и во околината е 160, додека капацитетот на џамијата во сите сали изнесува 400 места. Може да се соберат и додатно 100 луѓе. Ако биде потребно може да се направи поголем простор во соседното подрачје. Сега, со оглед на бројот на луѓето, џамијата е три пати поголема одошто е потребно. Ми беше кажано дека сите трошоци ги поднел локалниот Џемаат, односно дека ветиле како ќе платат за трошоците.

Две личности ветиле дека ќе дадат за третина од трошоците. Едната од нив е вдовица на др. Шамс-ул-Хак Шахеед. Во времето на изградбата една градежна фирма дала најниска понуда од 2,8 милиони долари. На крајот сето тоа изнесувало 3,5 милиони долари вклучувајќи ги и останатите трошоци. Но, сите трошоци кои се појавиле при завршувањето на работата изнесувале 1,6 милиони долари.

Една световна личност слушајќи го ова била изненадена со тоа како е можно вкупниот трошок да е помал од минималната понуда која ја дал градителот. Тоа е затоа што тој не знае што сè било жртвувано. Тој не ги знае високите стандарди кои ги воспоставил Џемаатот на Ветениот Месија а.с., примерите на жртвување на животот за богатството и потрошеното време се наоѓаат само во Џемаатот на Ветениот Месија а.с.. Овој темперамент на членовите на Џемаатот се препознава насекаде. Било да се работи за Пакистан каде живеат Ахмади муслимани кои се подготвени да го жртвуваат својот живот и богатство, или за Африка каде луѓето можеби немаат богатство но го жртвуваат своето време и го даваат и она малку што го имаат за изградба на џамиите на Џемаатот. И кога се работи за Индонезија или Европа, или Канада, или за било кој дел од светот Аллах им дава прилика да се жртвуваат, бидејќи тие како цел во животот ги избрале Аллаховата среќа и задоволство.

Во изградбата на оваа џамија половина од износот е сочувана благодарејќи на напорите на тројца браќа кои се занимаваат со градежништво, и моментално живеат во Саскатун. Исто така, и останатите членови на Џемаатот учествувале во работата. На овие браќа им помогнал и друг изведувач на работите кој дошол од Торонто, а кого всушност Аллах го пратил. Сите тие работеле како тим со членовите на Џемаатот од Сасктоон, Едмонтон и Торонто. Овие тимови ги вклучуваат Кхуддам и Ансар организациите. Поголемиот дел од работата ја извршувале членовите на Џемаатот, освен во оние работи кои не ги знаеле.

Световните градежници не би размислувале на овој начин. Но, овие луѓе не биле загрижени за своето богатство и време. Исто така и Лаѓна организацијата освен финансиското жртвување учествувала и со подготовка на храна за овие тимови. Кажано ми е дека приближно 41.5 илјади часа се потрошени во изградба на џамијата. Многумина во изградбата учествувале многу часови во текот на денот или повеќе дена во неделата. Сигурно стално работеле. Ентузијазмот е очигледен кај Ахмади муслиманите во светот.

Од една страна постојат муслимани кои се зафатени со ширење неред во светот, додека Ахамди муслиманите се преокупирани со жртвување на времето и богатството за да во развиениот свет ги изградат своите џамии. Ова е затоа што Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека кој и да изгради Аллахова куќа исто е како да изградил сопствена куќа во Џеннетот. Ова е така бидејќи Ветениот Месија а.с., послушен слуга на Чесниот Пратеник с.а.в.с., ги учел следбениците да градат џамии за да ја шират пораката на мирот и убавите учења на исламот. Така, жртвувањето се прави во изградба на џамии најпрво поради Аллаховото задоволство а потоа и заради искоренување од човечкиот ум на погрешниот впечаток за исламското учење, и на светот да му се каже дека муслиманските џамии и учењето на исламот не покажуваат омраза, немир и хаос, туку се извор на добронамерност за овој свет и за светот потоа. Исто така се извор на создавање на Аллаховата љубов и Неговото создавање во човечките срца. Со изградбата на оваа џамија Џемаатот на Канада ја има таа чест што Ахмади членовите заштеделе пари учествувајќи во работата. За прв пат ова се случило овде. Нека Аллах ги награди оние кои го жртвувале своето богатство, било да се работи за маж или жена, кои дале или ветиле паричен надомест. Нека Аллах ги прифати нивните жртви и нека уште повеќе ги благослови.

Имајте на ум секогаш дека џамиите се многу важни за нашето учење и за ширење на Аллаховиот збор. Така, јас побарав од Амеер сахиб да изгради мала џамија но да биде изградена во сите џемаати. Тој кажа дека тие веќе планираат и сакаат да изградат мали џамии во сите џемаати. Сакам да кажам дека, иако имаме план да градиме мали џамии, се уште немаме финансии со кои би можеле да ги изградиме насекаде. На тој начин да се обидеме да го прифатиме овој добар пример на волонтерска работа и да заштедиме пари.

На едно место Ветениот Месија а.с. зборувајќи за значењето на џамиите рекол:

„Во ова време нашиот Џемаат има прека потреба за изградба на џамии. Џамијата е Аллаховата куќа. Каде и да се изгради во градот или селото, сметајте дека е изградена за развој на Џемаатот во тоа подрачје. Ако постои село или град каде нема муслимани или се само неколку, изградете тука џамија. Аллах навистина Сам на тоа место ќе ги привлече луѓето. Но постои услов џамијата да се гради со чесни и искрени намери. Треба да биде изградена само поради Аллах и не треба да има никакви лични и политички цели. Само тогаш Аллах ќе ја благослови.“

Многу треба да работиме за да ја исполниме желбата на Ветениот Месија а.с.. И исто така треба да и дадеме значење на состојбата која тој ја навел. Треба да постои верност и искреност, а не моментален ентузијазам и чувства. Тоа треба да биде единствениот мотив за изградба на џамијата, и битно е да ја исполни моменталната намена. Џамиите не треба да бидат изградени само за да се покаже градбата или архитектурата, или пак да се покаже финансиското жртвување или потрошеното време. Сето тоа треба да биде само поради Аллах.

Како што веќе спомнав четвртиот изведувач кој беше вклучен вчера се сретна со мене и беше среќен што Аллах му ја дал таа можност. Исто така ми спомна дека во меѓувреме добил многу нови договори. Аллах секогаш доброто го наградува, било тоа да се случи во ист момент или подоцна, Аллах секогаш возвраќа. Еден од браќата, Мансоор сахиб, ми пишуваше за едно момче кое било примено на факултет и ја напуштило работата. Потоа тој сонувал како добива работа од некои изведувачи. Така добил работа и почнал да работи.

Нивната финансиска состојба не била добра и сопругата кажала дека нема пари за домаќинството. Аллах ги благословил и веќе следниот ден му бил вратен данокот кој претходно го платил повеќе. Подоцна добиле пари од Одделот за деца и така примиле околу 13000 до 14000 илјади долари. За сето тоа се потребни искрени и чисти намери и Аллах за возврат благословува.

Во Африка многу луѓе преку Аллаховата милост учествуваат во изградбата на џамии. Се сеќавам кога бев во Гана, во градот Тамала, беше изградена џамија од цигли на која и беше додаден цемент за да се зацврсти. По Халифатот, кога за прв пат отидов во Гана и ја посетив Тамала, видов дека постои голема џамија на два ката. Приближно три пати е поголема од оваа џамија. Исто така има и канцеларии. Ми кажаа дека еден член на Џемаатот ги платил сите трошоци. Јас исто така знам дека тоа не било лесно за тој член на Џемаатот. Плаќал во период од 3-4 години но истрајал. На тој начин ваквото однесување на Ахмади муслиманите се наоѓа насекаде.

Луѓето можеби мислат дека граѓаните на Африка се лакоми поради неповолната економска ситуација, но секогаш кога имаат финансии тие поставуваат исклучително високо ниво на жртвување, што навистина е реткост.

Насекаде преовладува тој став за изградба на џамии и за жртвување. Во Пакистан ние не можеме да градиме џамии. Луѓето со голема болка ми пишуваат да се молам за да им биде дозволено да изградат џамии. Поради тамошниот закон ние не можеме да градиме џамии, но барем да ни биде дозволено да изградиме сали за заеднички намаз. Невозможно е да се размислува за изградба на минаре или купола, но не може да се направи ниту михраб за означување на насоката за молитвата. На одредени места е толку строго што не е дозволено да се направи дури ниту зграда во правец на Кибла. Но надвор од Пакистан Аллах изобилно не наградува. Тоа се благословите на Аллах и ние сме полни со благодарност кон нашиот Господар.

Денес жителите на ова место треба да му се заблагодарат на Аллах што им дал џамија, Аллахова куќа наменета исклучително за молитва. Ова е Аллахова куќа но Он не ја направил за Себе. За оние кои доаѓаат во неа тоа навистина е голем благослов. Тоа навистина е голема Аллахова услуга на која не можеме доволно да и бидеме благодарни. Начинот на благодарноста кон Аллаховиот благослов е спомнат во ајетот кој порано го проучив. Аллах вели:

„Единствено оној кој ги одржува Аллаховите џамии, кој верува во Аллах и во Судниот ден и оние кои намаз извршуваат, и кои зекат даваат и кои само од Аллах стравуваат; поголема можност е дека овие луѓе се меѓу упатените.“

(9:18)

Така, верувањето во Алллах и во Судниот ден е нужен услов муслиманот да биде ’момин‘. Потоа, Аллах вели дека е важно да се извршува намаз пет пати дневно во Џемаатот. Потоа да даваме зекат.

Што е тоа зекат? Тоа е жртвување на имотот на Аллховиот пат со што всушност го прочистуваме. Со Аллаховата милост Ахмади муслиманите се посветени на ова учење.

Но постојат многу недостатоци во извршувањето на намаз и посебно во извршувањето на намаз во Џемаатот. Така, ова е главен и основен услов кој треба да се исполни. Што се однесува до зекат сакам да кажам дека постои зекат кој е задолжителен за секоја богата личност која има пари кај себе или во банка, или пак има злато или сребро. Потоа, оние кои поседуваат фарми со млечни производи мора да дадат зекат. Тоа ги вклучува сите мажи и сите жени. Постои точен износ кој го одредил Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Сакам да нагласам дека посебно жените треба да го земат во предвид плаќањето на зекат. Доаѓајќи во овие држави тие се збогатуваат и имаат многу злато. Тоа ги вклучува постарите жени а и оние помлади кои носат златни нараквици бидејќи Аллах тоа го дозволил како начин на разубавување, но сепак неопходно е да се плати зекат за тоа. Потоа, тоа исто така ги вклучува и финансиските жртвувања кои се направени за ширењето на зборот на исламот и на неговите поврзани делови како што е исполнувањето на правата на луѓето.

Со Аллаховата милост Ахмадија џемаатот троши на Аллаховиот пат за да ја шири пораката на исламот. Ова вклучува трошење за изградба на џамии и мисионерски куќи, институции за зналците, изградба на школи и болници.  Потоа, Аллах вели дека не треба да стравуваме од никого освен од Аллах. Ако човекот стравува од Аллах само тогаш е спасен од бројните болни дејствија кои превладуваат во овие држави во име на независноста. Секогаш запомнете дека е потребен тој страв од Аллах и тоа е ’таква‘, која повеќе пати е спомната во Чесниот Кур‘ан. Доколку некој ги прати овие наредби тогаш може да се смета за исправен. Овие дела и вистинската постојаност во верата ја исполнуваат целта за изградбата на џамиите.

Ова е благодарноста кон Аллах. Ако бидеме среќни само поради изградбата на џамија а потоа ретко доаѓаме на намаз и чувствуваме повеќе страв од луѓето одошто од Аллах, и чувствуваме алчност кон световните задоволства, и даваме значење на световни работи и ја забораваме вистинската цел на џамијата, можеби тоа ќе ни помогне во постигнувањето на моменталното добро но нема да ни донесе успех во освојување на постојаните Аллахови благослови. Затоа Аллах вели дека вистинскиот број на жители на џамијата е бројот на луѓе кои напредуваат преку верата и добрите дела.

Како прво, вршителите на должност мора со своето присуство да ги исполнуваат џамиите. Со цел да добиете постојан благослов од жртвувањето на имотот и времето кое Џемаатот го дал, вршителите на должност и секој член треба да настојуваат оваа џамија (која моментално е три пати поголема од овдешниот Џемаат) да стане мала за нивните потреби. Џамијата станува мала кога бројот на оние кои клањаат се зголеми и кога бројот на членовите на Џемаатот се зголеми. Ако вашата цел е да го зголемите бројот на членовите на Џемаатот неопходно е да ја пренесувате пораката на (Таблигх) на Ахмадијатот. Ако вашата цел е да му заблагодарите на Аллах на благословот за џамијата треба да ја пренесувате пораката и треба да го ширите овој збор на Ахмадијатот на секој оној кој живее овде. Сето тоа заедно со благодарноста на Аллах навистина го исполнува правото на овие луѓе. Луѓето овде имаат право да им биде пренесен вистинскиот збор на исламот и да им помогнеме да се ослободат од сите лоши постапки. Наша должност е да им кажеме на луѓето за нивниот Создател.

Во ова време повеќето луѓе се наклонети и изгубени во световните работи и развојот но тие не знаат дека таму се наоѓа мрачен крај за целиот  световен блесок и сјај. Во ова време одговорноста на членовите на Џемаатот е да им го покажат патот кој ќе доведе до нивниот посветол крај. Кажете им дека нивниот световен сјај е само за ограничено време но дека светлината на добрината ќе сјае засекогаш. Ова се постигнува со обожавањето на Аллах. Ова ќе се постигне кога ќе бидеме повеќе загрижени за нашиот Ахирет одошто за светот. Ние нема да бидеме оние кои само ги извикуваат слоганите на љубовта и мирот, туку всушност, ќе ги исполнуваме правата едни на други и ќе ги воздигаме стандардите на својот ибадет и ќе настојуваме да ја стекнеме Аллаховата љубов. Секој наш говор и секоја наша постапка нема да има само љубов кон Аллах туку ќе има и љубов кон Неговото создание.

Кога луѓето ќе ни се доближат откако ќе ги слушнат нашите слогани и станат импресионирани од исламското учење, кое ние им го проповедаме, никогаш нема да бидат разочарани од нас. Никогаш не смееме да дозволиме да им дадеме прилика да кажат како не сме онакви какви што се претставуваме. Ние треба да настојуваме овој свет да го направиме место на Џеннетот преку нашиот ибадет и преку нашите дела.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека исто така јадеме и пиеме од градините на Џеннетот додека минуваме покрај нив.

Хазрети Абу Хуреира р.а. го прашал Чесниот Пратненик с.а.в.с.:

„О Аллаховиот Пратенику, што се градините на Џеннетот?.“ Чесниот Пратеник с.а.в.с. одговорил дека џамиите се градините на Џеннетот. Потоа прашал:

„Што се мислело со тоа дека јадеме и пиеме од градините на Џеннетот?“ Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека тоа е спомнувањето на Аллах, ’теспих‘, повторувањето на кратките реченици за пофалба и величање на Аллах, изговарањето на стихови за Аллах и изговарањето на СубхаанАллах, Алхамдолиллх, Ла иллахе иллел Аллах, Аллаху Екбер.

Изговарањето на сето ова е како јадење и пиење во Џеннетот. Така, заедно со извршувањето на намаз во џамија, рецитирањето на овие зборови е еднакво на јадењето плодови на Џеннетот во овој свет. И човекот кој ги рецитира овие зборови и прогласува дека Аллах е најголем и низ овие стихови го спомнува Аллах ќе постигне не само Џеннет, туку во стварноста со следењето на Аллаховите наредби ќе го исполни правото на луѓето. Настојувајте да ги усвоите неговите постапки согласно на Аллаховото учење. На тој начин се благословени луѓето кои ги јадат плодовите на Џеннетот на овој свет и кои исто така ќе го стекнат Аллаховото задоволство на Ахирет. Тие се вклучени во групата на луѓе кои работат поради Аллаховото задоволство и живеат согласно на ’Таква‘ (богобојазливоста).

Ветениот Месија а.с. вели дека во Чесниот Кур‘ан во споредба со сите други наредби, големо значење и е дадено на богобојазливоста (’Таква‘), и тоа е затоа што ’Таква‘ (богобојазливоста) дава сила да се воздржиме од правење грев и не присилува да правиме добри дела. Навистина е амајлија за сигурност и за лек да се биде заштитен од секакво искушение. Тоа е силна тврдина која човекот го штити од зло.

Личноста која го следи патот на ’Таква‘ (богобојазливоста) може да биде заштитена од многу зли дејствија кои други луѓе ги прават и кои ги водат кон нивниот разорен крај. Секој поединец треба да ги запомни примерите на жртвувањето кои се покажани и треба да биде поврзан со богобојазливоста инаку ќе биде само привремено добро. Како што кажав, благодарноста е начин да го исполниме оваа право на проповедање. Но, после изградбата на џамија тука ќе се најдат многу луѓе кои ќе бидат привлечени кон неа и на крајот ќе бидат заинтересирани за вас и за Џемаатот. Во тоа време постапките на секој Ахмади муслиман и нивната побожност со страв од Бог ќе им овозможат упатство на тие луѓе. Така, оваа џамија го прави одговорен секој Ахмад кој овде живее и секој Ахмади муслиман треба да биде пример со цел да ги исполни своите одговорности.

Ветениот Месија а.с. вели дека луѓето во нашиот Џемаат треба да бидат пример за други луѓе. Било која личност која припаѓа на нашиот Џемаат а покажува расипан пример и покажува слабост во добрите дела навистина е сурова личност затоа што донесува лошо име на Џемаатот и на нас. Лошиот морал всадува омраза додека моралниот карактер и постапките доведуваат до наклонетост кон доброто.

Ветениот Месија а.с. вели дека примал многу писма во кои луѓето кажуваат дека иако не се членови на Џемаатот сепак гледајќи ги неколкуте негови членови развиле идеја дека учењата на овој Џемаат се базирани на побожноста. Дури и денес многумина и мене ми пишуваат и во текот на средбите со мене велат дека средбата со членовите на Џемаатот им остава впечаток дека нашето учење е базирано на мир, љубов и грижа. Затоа е неопходно секој Ахмад да се држи до таквите карактери и да ги следи таквите учења за да го всади доброто во себе.

Ветениот Месија а.с. вели дека Аллах исто така води дневник за секојдневните дела и постапки на човекот. Така и секој поединец тоа лично треба да го прави со цел секојдневно да ги анализира добрите и лошите постапки. Анализата треба да му покаже дали добрите дела се во пораст или не се. Тој рекол дека вчерашниот ден и денешниот ден во животот на човекот не смеат да бидат исти. Кога човекот го анализира минатиот и денешниот ден и доброто му е на истото ниво тогаш од него нема корист. Не бидете задоволни добрите дела да бидат секогаш на исто ниво туку секој ден зголемувајте ја својата добрина за да оној кој навистина го сака Аллах не биде изгубен. Наместо тоа многу животи ќе бидат спасени само со верувањето на една личност.

Затоа, должноста и одговорноста на Ахмади муслиманите е да го спасат светот од несреќата и уривањето. Но услов за тоа е секој ден да го воздигнуваме нивото на својата доброта. Овој свет кој го заборава постоењето на Бог има потреба од нашата помош за спас.

Иако постојат луѓе кои имаат добар морал од друга страна постојат луѓе кои на темелот на независноста го изгубиле моралот. Светот потполно го заборавил Аллах. Ако во таква ситуација следбениците на Ветениот Месија а.с. ги заборават овие вредности, го заборават Аллах и учењето на исламот и тргнат по погрешен пат, кој тогаш ќе го поправи светот? Одговорноста на секој Ахмади муслиман е согласно со говорот на Ветениот Месија а.с. да направи секојдневна анализа и својата цел да ја исполни максимално. Не треба да бидеме среќни само со изградбата на џамија туку наша цел треба да биде зголемен број на луѓе кои веруваат во Аллах и во нашиот сакан Чесен Пратеник с.а.в.с.. Тоа не може да се исполни се додека не се потрудиме секој ден да одиме напред во правење на добри дела се додека секој од нас не биде пример за друг, се додека има некој кој ги мачи луѓето наместо да ги исполнува правата на другите.

Ветениот Месија а.с. вели дека е неопходно за себе, за своите деца и жена, роднини, да бидеме извор на благослови. Неопходно е на своите противници да не им дадеме прилика за критика. Според тоа, секој од нас треба да ја чувствува оваа болка на Ветениот Месија а.с. и треба да бидеме пример за извор на добри зборови за Џемаатот и за Ветениот Месија а.с.. Нека Аллах ни помогне ова да го постигнеме. Нека нашето утре биде подобро од нашето денес. Нека нашите деца и нашите генерации разберат дека жртвите кои ги правеле нивни родители, џамиите кои тие ги граделе и проповедите кои ги направиле преставува вдахновение да ја сакаат повеќе религијата одошто светот и е вистинско богатство кои тие им го оставиле. Нека овие генерации бидат во состојба да ги всадат овие вредности и размислувања на своите идни генерации. И нека со волјата на Аллах сето тоа засекогаш продолжи. Нека нашите идни генерации бидат приматели на Аллаховите благослови. Нека сето тоа се случи со волјата на Аллах. Амин.