In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Нова Џамија во Далас

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) ги проучи следните ајети од Чесниот Кур’ан:

 „Ти кажи: ’Мојот Господар наредува праведност.‘ И, насочете го целото ваше внимание (на Аллах) во секоја џамија, и повикувајте го Него, покажувајќи се искрено кон Него во верата. Како Он прв пат ве создал, така (по смртта) ќе се вратите.“

„Една група Он ја упатил, а една заслужила заблуда. Сигурно се тие кои за пријателите ги земале шејтани наместо Аллах, и тие мислат дека правилно се упатени.“

„О деца Адемови! Земете ги вашите украси (богобојазливоста) во секоја џамија, и јадете и пијте, но не ги преминувајте границите; сигурно Он не ги сака оние кои ги преминуваат границите.“

(Чесниот Кур’ан: 7:30-32)

Нова џамија во Далас, Тексас

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека Возвишениот Аллах на Џемаатот во Далас му дал прилика да отвори џамија.

Иако оваа џамија веќе била отворена, денес тоа свечено се прави. Порано тоа била сала која служила како џамија, а сега е изградена преубава институција.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за оние кои учествуале во изградба на џамијата да ја исполнат должноста кон неа;

’Дека оваа џамија е направена само поради Возвишениот Аллах и нека се меѓу оние, за кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека тие кои ќе изградат џамија поради постигање на Божјото задоволство, ќе бидат наградени со куќа во Џеннетот.‘

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека целта при изградба на џамијата не се постигнува со завршување на градбата, туку, Аллаховото задоволство може да се постигне само кога сме послушни на Неговите наредби, Го обожаваме, ги исполнуваме должностите кон Неговите суштества, даваме предност на верата над световното и го исполнуваме Баи’атот (заклетва).

Благословени сме затоа што сме го прифатиле послушниот слуга и вистинскиот следбеник на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Давањето на Баи’ат на Ветениот Месија а.с. остава на нас голема одговорност.

Да се заколнеш на верност не е доволно, мораме да се придржуваме до неговите упатства и неговото учење.

Потоа, исто така е важно да ги сфатиме нашите должности.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека нашата должност е да доаѓаме во оваа џамија, да живееме во хармонија едни со други и да пропагираме единство и братство во светот.

Нашата должност е да ја шириме и пропагираме пораката на исламот во светот, да се фокусираме на личната реформа и молитва и да се фокусираме на реформата на нашите идни генерации. Кога ќе ги исполниме овие услови тогаш можеме да кажеме дека сме ги исполниле нашите должности.

Претставување на исламот, внатре и надвор

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш, Ветениот Месија а.с. рекол оти ако сакаме исламот да го воведеме во некое подрачје, тогаш треба да изградиме џамија.

Иако изгледот на оваа зграда и структурата на џамијата свртува внимание и делува како вид на претставување на исламот, разни комшии доаѓале во посета, меѓутоа наша одговорност е да се грижиме за комшиите.

Значи, секој Ахмад мора да биде пример за исламот. На другите треба да им покажеме дека Ахмади муслиманите се оние кои, наспроти тоа што живеаат во материјален свет, и даваат предноста на верата. Кога луѓето тоа ќе го видат, стануваат љубопитни, и тоа ја отвора вратата за дијалог и запознавање со исламот.

Должности кои доаѓаат со изградба на џамија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во ајетите кои ги прочитал на почетокот, Аллах џ.ш. ги истакнува должности кои се поврзани со џамијата.

Прва работа која Аллах џ.ш. ја наредува е воспоставување на правдина.

На друго место, Аллах џ.ш. во Чесниот Кур’ан вели дека не треба да се однесуваме неправедно, дури ниту кон своите непријатели. Апсолутно нема место за нанесување штета на било кого, а оние кои доаѓаат во џамија мора да водат сметка за правата на другите и праведно да постапуваат.

Ако сакаме на таков начин да се однесуваме со другите, тогаш замислете го степенот на сочувство со кој мораме да се однесуваме едни со други.

Сепак, постоеле случаи во кои мажите не се однесуваат пристојно со своите жени и секогаш ги критикуваат, што на децата негативно се одразува. Работата во Џемаатот или ибадетот на таквите луѓе не им носи никаква корист кај Аллах џ.ш..

Нивната дволичност не измамува никој друг, освен нив самите. Оние кои ги исполнуваат должностите кон џамијата се луѓе кои воспоставуваат правда, и од внатре и од надвор, и нивните зборови се согласни на нивните постапки.

Значи, ова се стандардите кои мора да се исполнат, инаку, самото доаѓање во џамија за да се изврши намаз не носи никаква корист.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека вистинските слуги се оние кои ја исполнуваат должноста кон џамијата, оние кои се придржуваат на Алалховите наредби, оние кои ја имаат богобојазливоста во своите срца.

Семоќниот Аллах вели дека, ако некој не се придржува до Неговите наредби и не се фокусира на барање прочка и покајување, шејтанот ќе ги победи.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека вистински слуги се оние кои ја исполнуваат должноста спрема џамијата, оние кои се придржуваат до наредбите на Аллах џ.ш., оние кои имаат богобојазливост во своите срца.

Семоќниот Аллах вели дека, ако некој не се држи до Неговите наредби  и не се фокусира на барање прочка и покајание, шејтанот ќе ги победи.

Овие денови, во световното општеството во кое живееме, вниманието на овие работи е од најголема важност.

Пропаста на муслиманскиот свет се случил кога муслиманите својата правдина и ибадет ги претвориле во обична претстава и не ги исполнувале своите должности.

Отсекогаш се правеле убави џамии, но причината за уништување на Ахмади џамиите во Пакистан е поради поинаквиот изглед на нашите џамии.

Меѓутоа, вистински, тие не успеале да создадат вистински Аллахови робови, бидејќи нивните џамии се исполнети само за покажување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, онака како што претскажал Чесниот Пратеник с.а.в.с. и се случило. Меѓутоа, ерата на просветителството, која уследила по доаѓањето на Ветениот Месија а.с. и давањето на предност на верата над световното, бара од нас внимателно да го преиспитаме сопствениот морал.

Не смееме да дозволиме нашите џамии да станат како останатите, за кои се пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека наскоро од исламот нема да остане ништо друго освен името, од Чесниот Кур’ан ништо освен текстот, џамиите ќе изгледаат полни, но ќе недостасува упатството и нивните водачи ќе бидат најлоши суштества на земјата. Зад нив ќе останат пореметувања и ќе им се вратат.

Токму таква состојба ја гледаме во џамиите на таквите луѓе.

Ова би требало да биде повик сите да се разбудиме. Нивниот фокус е само на рушење на минарињата на Ахмади џамиите и тие веруваат дека тоа е нивната служба во верата. Меѓутоа, џамијата треба да не насочи на исполнување на правата на другите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, ако како следбеници на Ветениот Месија а.с. не го исполниме својот Баи’ат (заклетва) и ако не се реформираме според учењето на Чесниот Кур’ан, тогаш нема да се најдеме меѓу оние кои треба да бидат дел од препородот на исламот.

Мораме да се насочиме спрема Аллах џ.ш. и да се молиме за спасот на светот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш, еден млад човек го прашал како да се бори против луѓе кои не навредуваат. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. му одговорил дека мораме да бидеме уверени како спасот на светот е во нашите раце и дека сме го прифатиле Ветениот Месија а.с., кој бил пратен да го спаси светот и да го шири вистинското учење на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Човечкиот живот на овој, и на оној свет, може да се спаси само со неговото прифаќање. Кога светот ќе го направиме свесен за тоа, нашите зборови и дела треба да се согласат, нашите стандарди на обожавање и исполнување на правата на другите мора да бидат високи.

Обнова на исламот и Ветениот Месија а.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека треба да бидеме благодарни што сме покрај личност која е пратена да ја исправи паднатата состојба на исламот.

Муслиманите одиграле улога во деградираниот поглед на исламот. Меѓутоа, денес ние сме тие кои мораме да воспоставиме врска на лојалност со Аллах џ.ш. и мораме искрено да се придржуваме до Неговите наредби.

Ние сме тие кои мораме да ја шириме љубовта и да ја искорениме омразата во светот. Мораме да имаме полна доверба во Аллах џ.ш., бидејќи Он е тој кој ја има моќта сè да направи.

Исламот е права и потполна религија во светот која ќе превладее, и за таа вера мораме да ги потрошиме сите свои способности и да станеме вистински помагачи на Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ветувања кои Аллах џ.ш. му ги дал на Ветениот Месија а.с. мора да бидат исполнети; на нас е дали ќе учествуваме во нивното исполнување или нè, инаку Аллах џ.ш. ќе прати други луѓе кои ќе ги исполнат тие ветувања. Ако сакаме тоа да го направиме, мораме да работиме на отстранување на нашите слабости и недостатоци, како што се гордоста, ароганцијата и останатото на кои Ветениот Месија а.с. не предупредил дека мора да се искоренат.

Секој од нас треба да се анализира и да види дали ја игра улогата во мисијата на Ветениот Месија а.с. отстранувајќи ги недостатоците, и да настојува да ги усвоиме доблестите и да ги зголемуваме нашите стандарди на обожавање.

Чекорење на Аллаховиот пат и пронаоѓање на Неговата љубов

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека стално треба да бараме прочка и да се однесуваме на начин кој го привлекува Аллаховото задоволство.

Ветениот Месија а.с. рекол дека, ако сакаме да го постигнеме тоа, мораме да ја усвоиме искреноста и да му се обратиме на Аллах џ.ш., бидејќи само Он може да ни даде способност тоа да го направиме.

Аллах џ.ш. е исклучително милостив и Он стално ни ги простува нашите грешки; нашата одговорност е да се трудиме и размислуваме како можеме да го постигнеме Неговото задоволство и да чекориме согласно на Неговите заповеди.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мораме стално да се трудиме да ги чуваме своите молитви, а тоа може да се случи само кога во срцата ќе ја воспоставиме љубов кон Аллах џ.ш..

Кога оваа љубов ќе се воспостви ќе донесе голема револуција во човекот. Оние, кои по некое време во намаз се изморат или велат дека довите не им биле прифатени, треба да размислат за тоа. Наместо да се молиме само во моментите на потреба, треба да воспоставиме стална врска со Аллах џ.ш. и тогаш Аллах џ.ш. ќе ја истури својата љубов на нас. Кога љубовта, од Неговата и од нашата страна ќе се сретнат, Аллаховата милост слегува на страни кои се надвор од секојдневното разбирање.

Вистинската цел на животот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со голема болка Ветениот Месија а.с. ја предупредил својата Заедница никогаш да не ја заборави вистинската цел на животот, а тоа е обожавање на Аллах џ.ш..

Ако ја заборавиме својата вистинска цел, тогаш нашата заклетва на верност нема вредност или корист и нашите зборови се празни.

Секој Ахмади муслиман треба да размисли колку минути во денот поминува во обожавање на Аллах џ.ш..

Можеме ли да ја исполниме целта на животот така што ќе се молиме неколку минути, и тоа без било какво разбирање за тоа што го правиме?

Семоќниот Аллах не го спречува човекот во световните обврски, туку Аллах џ.ш. очекува луѓето да постигнат највисоко ниво на успех во тоа што го работаат.

Во исто време, Он исто така очекува, покрај нашите световни потреби, никогаш да не ја заборавиме целта на нашиот живот или да се опуштиме во нашите молитви. Не е доволно само да изградиме убава џамија, туку треба да се насочиме џамијата да ја наполниме со вистински верници.

Мораме да стремиме кон достигање на највисоките нивоа на праведност и кога тоа ќе го постигнеме, можеме себе да се сметаме за вистински побожни луѓе. За ова, исто така, е потребна надворешна и внатрешна чистота, поради што верникот треба да земе абдести да облече чиста облека.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека исламот налага рамномерна исхрана без пречекорување на границите. Тоа, исто така, овозможува правилно клањање. Тоа значи дека целта на создавање на човекот не е само јадење, пиење и спиење, бидејќи тоа се квалитети на животните.

Во поширока смисла, тоа подразбира дека не треба едноставно само да се трчи за световните желби и задоволства, туку треба да се препознае вистинската цел во животот.

Вистинскиот Аллахов слуга извршува световна работа, но не до таа мера што потполно ќе го заборави своето обожавање и своите должности кон Аллах џ.ш..

Не само да се клања, туку тоа да се прави со внимание, наместо брзање во молитвата. Ако световната работа не попречува во обожавање на Аллах џ.ш., тогаш тоа значи пречекорување на границите, нешто што на Аллах џ.ш. не му е мило.

Баланс и рамнотежа во исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Аллах џ.ш. дал многу балансирано учење од кое можеме да имаме корист од овој свет, но, не смееме да дозволиме тоа да не одврати од нашиот ибадет или да не одврати од правата кои му ги должиме на Аллах џ.ш..

Кога некој ќе стане свесен за овие работи, тогаш Аллах џ.ш. отвора нови патишта на овој свет.

Кога некој ќе посвети големо внимание на својата вера, тогаш и тој ќе биде спасен да не биде обземен од овој свет, бидејќи неговиот приоритет нема да биде светот, туку воспоставување и одржување на рамнотежата.

Значи, вистинската цел на џамијата е да се исполни со верниците и да се добие Аллаховото задоволство. Тоа на луѓето им овозможува лична реформа и реформа на идните генерации.

Многу е важно идните генерации да бидат поврзани со џамијата и помош во сфаќањето на важноста на верата. Ова е одговорност на двата родители.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со изградба на оваа џамија се отвораат и патишта за ширењето на исламот.

Тогаш, ширењето на пораката на Ахмади исламот е одговорност која секој Ахмади муслиман мора да ја исполни.

Ветениот Месија а.с. вели дека џамијата треба искрено да се отвори и кога тоа ќе се направи се воспоставува темел за успехот на Џемаатот. Тогаш, мораме да ги подобриме нашите стандарди на обожавање и молитва, и така ќе сведочиме на револуција дури и во времето на материјализмот во светот.

Убавината на џамијата не е во нејзината структура, туку во верниците кои во неа доаѓаат да се молат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше оваа џамија да остане наполнета со оние кои прават ибадет и Аллах џ.ш. да ги прими нашите дови.