In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Разбирање за вистинското учење на исламот

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека е голем Аллахов благослов на оние кои дошле во Соединетите Американски Држави и се населиле тука.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека во последните неколку години многу Ахмади муслимани од Пакистан се доселиле во САД и продолжуваат да се доселуваат, затоа што условите во кои живеаат во Пакистан се сè потешки.

Ахмади муслиманите би требало да се благодарни на таквите држави кои им даваат засолниште.

Меѓутоа, најголема Божја благодет за нас е тоа што ни овозможил да го прифатиме Имамот на ова доба и најискрениот слуга на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Тогаш, ако навистина сакаме да му бидеме благодарни на Аллах џ.ш., на нас е да ги почитуваме Неговите наредби, да ја исполнуваме должноста кон Неговото обожавање и да ги исполнуваме правата кон Неговите суштества.

Разбирање на вистинското учење на исламот според упатствата на Ветениот Месија а.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во оваа ера Ветениот Месија а.с. е вистински водич, како што претскажал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и треба да не упати на вистинскиот пат на исламот. Мора да признаеме дека точното учење на исламот денес може да се разбере само преку Ветениот Месија а.с., бидејќи Аллах џ.ш. му дал вистинско разбирање на значењето на Чесниот Кур’ан. Тој е прав, искрен и скромен слуга на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и тој сакал својата Заедница да ја подучи според пркасата и учењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Тоа значи, дека животот треба да го живееме согласно на начинот на кој не подучил Ветениот Месија а.с., и дека мора да прифатиме тој да биде судија и праведен арбитар на ова доба и мора да имаме цврста вера оти ако некој сака да оди по вистинскиот пат на исламот, тогаш мора да го прифати и следи Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. подучувал дека не смееме само да го прифатиме и да го дадеме Баи’атот (заклетва), туку мора да разбереме зошто тоа сме го направиле и причините кои стојат зад него.

Обичниот сомнеж или погодување не можат да бидат доволни во животот, туку мора да се има цврсто уверување.

Така, треба да се земе во предвид дека, откако ќе го прифатиме Ветениот Месија а.с., ако чувствуваме било каква спротивност во нешто што тој подучувал, тогаш треба да размислиме за состојбата на својата вера.

Ако некој го прифати Ветениот Месија а.с. како судија и праведен арбитар на ова доба, тогаш мора да се прилагоди на неговото учење и да се однесува со почит.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се уверил дека во последните денови ќе постои Имам кој ќе биде судија и праведен арбитар.

Тогаш, какво сомневање може да остане во сите тие аргументи и вистини?

Ветениот Месија а.с. рекол дека оние кои го прифаќаат, и сепак наведуваат приговори, се повеќе несреќници од оние кои едноставно не го препознале, бидејќи таквите луѓе се слепи и покрај тоа што добиле знаци во врска со него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, не само Ветениот Месија а.с., туку и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. претскажал дека ќе постои систем на наследство по Месијата а.с., кој ќе остане до крајот на времето. Овој систем на наследување не е ништо друго освен Ахмадија Халифатот кој продолжува со подржување на учењето на судијата и праведен арбитар на ова доба.

Секој Ахмади муслиман се заколнува на лојалност и послушност кон Халифатот, и тогаш, обврска на секој Ахмад е да го држи ова ветување за да го одржи својот Баи’ат (заклетва) на Ветениот Месија а.с..

Ширењето на светлината на вистината преку Чесниот Кур’ан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол дека оваа Заедница е основана за да се открие вистината бидејќи без тоа светлината не може да се рашири низ светот.

Тој рекол дека светлината на исламот се шири преку прктични докази. Им наредил на Ахмади муслиманите, не само да го читаат Чесниот Кур’ан, туку да го разберат и да го практикуваат.

И, ова е целта за доаѓањето на Ветениот Месија а.с., бидејќи му е дадено подлабоко разбирање на Чесниот Кур’ан.

Чесниот Кур’ан не е книга на приказни, туку е кодекс на однеусвање за целиот живот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, ако по доаѓањето во овие развиени змеји го заборавиме овој кодекс на однесување и не се фокусираме на својата вера, тогаш нашите идни генерации ќе отстапуваат од верата.

Наместо да му бидат благодарни на Аллах џ.ш., такви луѓе ќе ги напуштаат Божјите благослови.

Нашата главна цел треба да биде воспоставување на врска со Аллаховото проучување, размислување и делување според Неговата Книга. Кога тоа ќе го направиме, ќе ја оправдаме својата заклетва на верност.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека оние кои се доселиле тука и го избегнале светскиот прогон, ако не чекорат по патот на верата и не се обидуваат да го разберат Чесниот Кур’ан не можат да ги очекуваат Аллаховите благослови.

Слично на тоа, новите Ахмади муслимани, или оние Ахмади кои скоро се придружиле, треба добро да имаат на ум дека самото давање на Баи’ат (заклетва) на верност не е доволно. Нивната вистинска цел ќе биде исполнета дури кога ќе го прифатаат учењето на исламот, што не може да се случи сè додека на ја прочитаат и ја сфатат Аллаховата книга, Чесниот Кур’ан.

Верата мора да биде испратена со дела

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с. кој рекол дека, прифатајќи го него, човекот може да се доближи до изворот кој Аллах џ.ш. го создал за вечен живот, меѓутоа, сè уште мора да се пие од овој извор.

Човекот мора да го моли Аллах џ.ш. за да може да пие од овој извор, бидејќи, без Аллаховата помош ништо не може да се направи.

Како може да се пие од овој извор? Мора да се исполнат двете најважни должности; должност кон Аллах џ.ш. и должност кон Неговите суштества.

Ако некој, не само што ќе се доближи до овој извор туку ќе му биде и овозможено да пие од него, тогаш сигурно неговата вера за секогаш ќе биде сочувана.

Суштински е да се сфати дека Би’ат (заклетва) не е доволен, туку мора да биде испратен со дела. Дури тогаш можат да се постигнат Аллаховите благодети.

Не смее само да се прогласи:

„Сведочам нема никој достоен за обожавање освен Аллах“,

туку тоа мора и да се покаже.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека секоја личност треба да се анализира и да размисли дали кога ќе ја потврди исламската вера, дали навистина дава предност на Аллах џ.ш. над сите останати? Дали се придржува до Божјите наредби? Дали се свртува на молитвата кога е време за тоа?

Ако тоа не е случај, тогаш, иако го прогласува Аллаховото единство, во неговите постапки постои скриен облик на ширк (припишување на партнер на Аллах).

Луѓето дават предност на световните работи, додека вистинскиот верник разбира дека вистински успех во световната работа може да се постигне само со Аллаховиот благослов.

Ветениот Месија а.с. рекол дека, ако некој не го досегне ова, тогаш не ја исполнил целта на Баи’атот (заклетва на верност).

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека одржувањето на световниот менталитет, Баи’атот (заклетва на верноста) го прави бескорисен.

Хузур а.т.б.а. рече дека со заклетва на верност (Баи’ат) потребно е на себе да се навлече некој вид на смрт, за да можеме да се преродиме во нов живот.

Со други зборови, по заклетватана верност, треба да се влезе во нов духовен живот. Ако тоа не е случај, тогаш таквиот Баи’ат не носи никаква корист.

Оној кој се заколнува на верност искрено, и вистински се покае, тогаш Аллах џ.ш. му се смилува и простува и како да му е подарен нов живот.

Светот кој води кон уништување и што мора да се направи за спасот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во ибадетот треба да се трудиме исклучиво поради Аллах џ.ш., и дека нашите постапки треба да бидат поради Аллаховото задоволство. Моменталната состојба во светот укажува на престојните темни облаци на уништување.

Вчера, американскиот претседател рекол дека Русија ќе возврати ако употребат атомско оружје.

Таквата одмазда сигурно би довела до уништувањето на светот. Затоа, оние кои живеат во развиениот свет не би требало да мислат дека се имуни на такви околности.

Ахмади муслиманите имаат одговорност искрено да му се молат на Аллах џ.ш. за светот.

Ветениот Месија а.с. рекол дека од љубов, кон своите искрени слуги, Аллах џ.ш. ги спасува и другите.

Затоа, не смее да се мисли дека со преселувањето сте ја осигурале вашата сигурност во светлината на иднината на своите деца.

Тоа не е случај, всушност, само Аллах џ.ш. може да не спаси, поради што мораме да се клањаме пред Него, додека и на идните генерации им наредуваме истото. Само тогаш можеме ние и нашите генерации да се спасиме.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека светот не може да не спаси.

Дури, и кога ќе ја практикуваме исламската вера, Аллах џ.ш. ќе се смилува и ќе не спаси и нас и остатокот на светот. Мора да обрнеме внимание пред светот да се уништи.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол дека ако бродот тоне сите плачат, но тоа е природна реакција и од неа нема корист. Само тоа што е направено порано, во времето на мирот, може да биде корисно.

Таков е случајот со пронаоѓањето на Аллах џ.ш., бидејќи секогаш треба да се внимава, како громот дека ќе не удри.

Ако некој преземе превенција, тогаш нема да биде погоден, меѓутоа, по фактите, плчењето нема да користи.

Моментално, постојат знаци на разорнување во светот кое моментално може да се контролира, но, исто така, во секој момент може и да се измолкне од контрола.

Така, мора искрено да се молиме со чувство на болка за светот во нашите срца. Ако не внимаваме, тогаш е можно овој прекрасен свет да биде уништен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., понатаму, го цитираше Ветениот Месија а.с. кој рекол дека, како што некој е љубезен кон своите деца, друг облик на љубезност е молитвата за нив, да бидат заштитени од несреќата.

Оној кој се моли никогаш не се враќа неуспешен. Треба да се биде искрен во своите молитви.

Ветениот Месија а.с. ова го кажал во времето кога владеела чума, меѓутоа, како светот што самиот себе се води во уништување, сè поважно е да се фокусираме на молитвите за неговиот спас.

Потреба за усвојување на висок морал

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. ја советувал својата Заедница да го усвои високиот морал, бидејќи и тоа е Аллахова наредба.

Ако не размислуваме за тоа како ги поминуваме деновите, што добро сме направиле, каде сме згрешиле, тогаш не можеме да се подобриме. Употребата на неморален говор може да доведе до непријателство, ѝ, секогаш треба да внимаваме што зборуваме. Треба да ги користиме способностите кои Аллах џ.ш. ни ги дал и да покажеме највисоки стандарди на морално однесување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. кажал дека треба да се гордееме со својата вера.

Ако човекот е непријател на исламот и го пцуе Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., тогаш треба да покажеме незадоволство. Меѓутоа, ако човекот е самонезаинтересиран, тогаш со него треба да одржуваме добри односи.

Тоа значи, ако човекот отворено и нагласено се спротивставува и го проколнува исламот и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., тогаш, не е можно Ахмади муслиманите тоа да го поднесат и во такви случаи нашата верска гордост треба да реагира.

Ахмади муслиманите од Пакистан од прва рака виделе дека вулгарен и зол збор се користи за Ветениот Месија а.с..

Меѓутоа, дури и во таков случај ние никогаш не го земаме законот во свои раце.

Негување на атмосферата за меѓусебна хармонија и братство

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека уште еден квалитет кој, во своите говори го истакнал Ветениот Месија а.с. е меѓусебната хармонија и братство.

Ветениот Месија а.с. рекол дека оваа Заедница нема да процути додека сите не ја развијат меѓусебната љубов.

Наместо кон слабите да се однесуваме со презир и непријателство, треба да ги искористиме нивните способности и да ги третираме со љубов и наклонетост.

Ветениот Месија а.с. рекол дека Заедница се формира кога се кријат грешките на другите и се одгледува вистински дух на братство. Внатре, во Заедницата не би требало да постои недоразбирање.

И асхабите  ја развивале меѓусебната љубов и така станале Заедница. Високиот морал бара должно внимание кон чувствата на другите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тоа е високиот морал кој мораме да го усвоиме за да ги примиме Аллаховите благослови кои ги ветил на Заедницата на Ветениот месија а.с..

Без оглед на нашата раса, дали сме белци, Афроамериканци, Пакистанци, Индијци или Шпанци, по придружување на Ахмадија муслиманската заедница,  сите сме од еден духовен татко.

Ова била истата порака која ја дал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во својата проштална хутба.

Ветениот Месија а.с. сакал неговата Заедница да стане пример за целиот свет, но за тоа е потребен голем труд.

И ние ќе треба многу да се трудиме да ги зголемиме стандардите на нашето обожавање и нашето морално однесување. Овие работи можат да се постигнат само кога некој ќе ја усвои богобојазливоста.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, ако сакаме да му бидеме благодарни на Аллах џ.ш. мораме стално самите себе да анализираме.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше да се однесуваме согласно на желбите на Ветениот Месија а.с., да дадеме предност на нашата вера над светот, да го развиеме стравот спрема Аллах џ.ш. и, навистина да бидеме оние кои прават правдина на:

„Сведочам дека нема Бог освен Аллах.“

Нека станеме дел од оние во последните денови за кои Аллах џ.ш. му дал радосна вест на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека токму на денешен ден, пред 28 години, на 14 октомври е отворена оваа џамија (Баит-ур Рахман, Мериленд, САД).

Оние кои живеат во близина на оваа џамија треба да се анализираат и да видат колку нивната духовност напредувала во последни 28 години, и дали ги исполниле своите должности кон оваа џамија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече се молеше Аллах  џ.ш. да им овозможи на луѓето да бидат праведни кон оваа џамија и да ја чуваат во вековите кои доаѓаат.