In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Целта на вакф-е-нау

Хазрети Халифа-тул Месих V, нека Аллах го засили, одржа хутба на 28 октомври 2016 година во Баит-ул Салам џамијата во Торонто, Канада. По ташахуд и сура Фатиха, Хузур рече:

Со Аллаховата милост, посветеноста на децата кон Џемаатот се зголемува. Катадневно добивам писма од родителите, понекогаш и 20 до 25 писма дневно. Во нив родителите бараат нивните се уште неродени деца да бидат вклучени во вакф-е-нау. Кога хазрети Халифа-тул Месих IV го започнал овој проект тој не бил постојан, но подоцна станал постојан. И Џемаатот, посебно мајките во секоја држава велат: ’Тука сме.‘ Пред дванаесет до тринаесет години, според евиденцијата на Џемаатот, бројот на вакф-е-нау изнесуваше 28 илјади. Со Аллаховата милост овој број сега изнесува околу 61 илјада. Од тоа 36 илјади се момчиња а останатото се девојчиња. Така, со време се зголемува бројот на децата кои се даваат во вакф-е-нау дури и пред да се родат.

Меѓутоа, одговорноста на родителите не завршува со давањето на децата во вакф-е-нау пред нивното раѓање. Всушност, таа станува многу поголема. Без сомневање воспитанието на секое Ахмади дете зависи од родителите, а секој родител го сака најдоброто за своето дете. Родителите кои се свртени кон верата сакаат световно образование, но исто така сакаат и обука во верското образование. Но, она што треба да се запомни е дека секое дете, посебно вакф-е-нау дете претставува доверба на Џемаатот. Одговорноста на родителот е поради неговата обука и напор да го направат најдобар дел на Џемаатот и на општеството. Но, обуката на вакф-е-нау децата, нивното профано и религиско образование со посебно внимание и давање во Џемаатот откако ќе бидат подготвени, станува одговорност од уште една причина. Значи, пред раѓањето родителите даваат завет, без оглед на полот на детето, дека ќе го дадат во служба на Аллаховата вера за исполнување на мисијата на искрен слуга на Чесниот Пратеник с.а.в.с., а тоа е мисија на завршување на ширењето на водството, што всушност е мисија на ширење на исламското образование во светот, што е пак мисија на свртување на вниманието на светот кон исполнување на Божјото право и што исто така е мисија на ширењето на исламското образование или исполнување на правата на секоја личност во светот.

Ова не е обична одговорност бидејќи родителите и пред раѓањето, посебно мајката, детето го заветува на Бог. И тие му пишуваат на Халифата на времето дека своето дете го даваат во вакф-е-нау програмата со заветот на Бог, како мајката Мерјем.

„Господару мој, што и да е во мојата утроба, јас Тебе ти го предавам. Затоа прими го од мене, навистина Ти единствено сè слушаш и сè знаеш.“

(3:36)

Да, о мој Боже, што и да е во мојот стомак јас Тебе ти го давам. Јас не знам дали е девојче или е машко, но што и да е желбата е моја и јас ќе се молам да стане слуга на верата. Прифати ја оваа моја желба. Ти си Оној кој се слуша, Сезнаен, па прифати ја оваа моја понизна молба. Ти знаеш дека оваа молитва е гласот на моето срце.

Тоа е предвремениот копнеж на мајките за нивните деца, и така треба и да биде кога една Ахмади мајка го дава своето дете во вакф-е-нау. Се разбира, и таткото треба да биде вклучен во тоа.

Значи, кога мајката го вклучува своето дете во вакф-е-нау се моли на тој начин. Треба да се има на ум одговорноста која е на мајките и татковците за да може да се исполни заветот и молитвите да бидат прифатени.  Детето се дава во вакф-е-нау програмата со договор и на двата родители. Возвишениот Аллах оваа молитва не ја сочувал во Чесниот Кур‘ан со цел за раскажување на приказни од старите времиња. Напротив, Аллах толку ја сака оваа молитва што ја сочувал за идните мајки за да нивните деца станат извршители на ваквите извонредни жртвувања за верата, токму со оваа молитва.

Секоја искрена личност дава завет дека ќе и даде предност на верата над светските работи но вакф-е-нау треба да оди до крајни граници во овие стандарди.

Она што родителите треба да го всадат во свеста на нивните деца од почеток е дека тие се вакф-е-нау деца и дека тие (нивните родители) ги посветиле чисто за служење на верата. И ова е целта на нивните (детските) животи, и дека ќе се молат, и дека подоцна децата ќе одраснат со начин на размислување дека ќе и служат на верата. Нема да пораснат со мислата да станат бизнисмени или играчи, или да напредуваат во некоја одредена сватовна работа. Наместо тоа, тие ќе го поставуваат прашањето дека се вакф-е-нау и Џемаатот или Халифата ќе им кажат во кој правец да одат. Тие немаат ништо заедничко со светот. Заветот кој нивната мајка го дала пред нивното раѓање, молитвите кои ги изрекла пред да бидат родени ги обликува на начин дека треба да ја следат верата наместо материјалниот свет. Тој е среќен дека Бог ги слушнал молитвите на мајката и тоа што таа направила напори во неговото оформување.

Сега без било какви алчности и желби тој дава завет дека ќе и служи на верата, и само на верата.

Објавувањето на оваа намера од вакф-е-нау децата е неопходно во 15-та година кога тие го објавуваат својот завет. За таа цел јас и издадов упатства на управата за тоа дека треба да добијат на писмено од нив кога дојдат до 15-та година дека ќе го продолжат вакф-е-нау. Во 15-та година или во 21-та година оние кои не се приклучиле на образованието во џамија откако го завршат образованието потребно е за сите нив повторно да се напише завет. И, ако се побара од нив да работат на обука во одредена област тие тоа повторно треба да го запишат. Така, на сите полиња, во согласност со неговата искрена желба, вакф-е-нау детето треба да изрази заинтересираност да го продолжи својот вакф-е-нау.

Во тој поглед, како што веќе детално објаснив, вакф-е-нау децата не треба да мислат за тоа бидејќи дале завет дека ќе живеат материјално, ниту треба да се грижат за тоа како ќе ги подржат своите родители материјално. Преде неколку дена имав час со вакф-е-нау децата. Едно момче ме праша доколку потполно и се посветат на службата во Џемаатот како тогаш ќе можат да им помогнат на своите родители финансиски, физички и на било кој друг начин. Поставувањето на ова прашање всушност преставува израз на фактот дека родителите ова не го всадиле во срцата на вакф-е-нау децата, ги дале во Џемаатот а тие довербата во Џемаатот заедно со нив ја дале на родителите. Нивните браќа ќе ги заменат. Тие треба самите себе да му се престават на Халифата и да делуваат според неговите упатства. Во молитвата на Мерјем користен е зборот ’навистина‘ што значи дека таа го одвоила детето од светските одговорности и се молела верските одговорности да му бидат приоритет.

На сите мајки и татковци сакам да им кажам дека само по себе името вакф-е-нау не е доволно. Вакф-е-нау преставува важна одговорност. Некои момчиња и девојки кои добиле световно образование покажале голем ентузијазам во извршувањето на службата. Подоцна ја напуштиле службата бидејќи не можеле да преживеат со парите кои Џемаатот им ги давал. Кога треба да се постигне повисока цел мора да се жртвуваме и да го поднесуваме товарот. Така уште од детството овој предмет им се всадува во срцата на вакф-е-нау децата дека ништо не е повредно од вакф-е-нау животот.

Наместо да размислува за тоа како неговиот другар од одделението заработува стотици илјади долари со исто ниво на образование како него (вакф-е-нау) а тој (вакф-е-нау) не може да заработи за еден месец онолку колку што неговиот другар заработува за еден ден, размислувањето треба да биде такво што положбата која Бог му ја дал е многу подобра од светските богатства.

Имајте ја на ум изреката на Чесниот Пратеник с.а.в.с. дека треба да размислуваме за оние кои се на пониско ниво од нас и оние кои духовно се на повисоко ниво од нас, за да можеме да постигнеме повисок духовен напредок од материјалниот напредок. Така, вакф-е-нау момчињата кои го завршиле своето образование треба да се потрудат да ја подобрат својата духовна состојба на повисоко ниво од надворешната и материјалната состојба. Хазрети Ветениот Месија а.с. очекува од секој Ахмади муслиман да има изразито висок духовен статус. Личноста која родителите ја подредиле на верата уште пред раѓањето се молеле за неа и за тоа колку треба да се труди за да ги постигне тие стандарди!

Ветениот Месија а.с. вели:

„Сметам дека моја должност е ова да го посакам за мојот Џемаат и да ја пратам следната порака … во иднина сите да имаат право тоа да го прифатат или не дека, ако некој сака ослободување и побожен и вечен живот, тогаш својот живот треба да го посвети на Бог. И сите треба да бидат вклучени во ова настојување да постигнат таков статус и чин каде можат да речат дека мојот живот, мојата смрт, моите жртви и моите молитви се за Возвишениот Аллах. Неговиот дух, како кај Ибрахим а.с., треба да гласи:“

„Јас му се покорив на Господарот на сите светови„

(2:132)

Тој вели:

„Се додека човекот не се изгуби во обожувањето на Бог, и не умре припаѓајќи му на Бог, не може да добие нов живот. Така, вие кои имате врска со мене вие гледате дека жртвувањето го сметам за животна суштина и цел на животот. Ова е основата а ова е крајот. Тогаш видете во себе кои од вас го посакуваат овој мој чин за себе и го направат помило жртвувањето на животот за Бог.“

Така, вакф-е-нау треба да се потруди да го достигне овој статус. Други пак треба да направат вакф-е-нау поради верата и не можат сите да бидат вакф-е-нау. Аллах рекол дека меѓу вас ќе се појави група која треба да постигне верско знаење и потоа ќе замине и своето знаење ќе го пренесува на оние кои се вмешани во земските работи. Ова го рекол и Ветениот Месија а.с. дека верата и стравот од Бог треба да имаат предност над земските работи. Вакф-е-нау треба доста да го подобри стандардот на задоволствата и жртвувањата. Не треба да се мисли дека ако финансиски се во полоша состојба тогаш неговите браќа ќе ги сметаат за пониски или родителите нема да им обрнат внимание како што тоа го прават кон другите.

На прво место родителите никогаш не треба да мислат дека животот го посветиле и поминале на пониско ниво. Тие треба да имаат таков поглед што стандардите и статусот на вакф-е-нау да бидат на многу високо ниво. Но вакф-е-нау секогаш треба себе си да се сметаат за нај понизни личности во светот. Вакф-е-нау треба да ги подобрат стандардите на жртвувањето, молитвата и преданоста. Тие треба сите свои способности да ги насочат на исполнување на заветите на своите родители и заветите кон самите себе. Треба да работат на тоа верата да ја одржуваат на нај високо ниво. Возвишениот Аллах благословува и не остава без награди.

Во однос на исполнувањето на заветот Ветениот Месија а.с. вели дека Бог го пофалил хазрети Ибрахим а.с. во Чесниот Кур’ан. Како што рекол:

„И Ибрахим, кој го исполни ветувањето.“

(53:38)

Дека ќе го исполни заветот кој го дал. Исполнувањето на заветот воопшто не е обична работа. И заветот на посветување на животот, за кој сме слушнале од чувствителните зборови на Ветениот Месија а.с., е совршен завет! Ако секое вакф-е-нау момче и девојче верно го исполнат овој завет можеме да донесеме промена во овој свет. Некои млади брачни парови доаѓаат кај мене и ми велат: „Јас сум вакф-е-нау, мојата жена е вакф-е-нау и моето дете е вакф-е-нау, или мајката вели дека е вакф-е-нау. Таткото вели дека тој е вакф-е-нау дека неговото дете е вакф-е-нау. Тоа е вредно за пофалба но ќе биде корисно за Џемаатот единствено ако тие верно ги исполнат своите завети.

На друго место, кое се однесува на Ибрахим а.с., Ветениот Мсија а.с. понатаму ја објаснил темата за верноста. Тој рекол дека начинот да се постигне Аллаховата близина е таа ние да Му покажеме верност и постојано да бидеме искрени. Твојата верност кон Него треба да биде искрена. Причината поради која Ибрахим а.с. му станал близок на Бог е иста. Затоа Он рекол:

„И Ибрахим, кој го исполни ветувањето.“

(53:38)

Значењето на тоа е дека Ибрахим è тој Ибрахим а.с. кој покажал верност. Да се покаже верност, преданост и искреност кон Аллах бара ’смрт‘. Оваа доблест не може да се создаде се додека човекот не биде спремен да се одрекне од сите свои задоволства и раскоши на овој свет. И сè додека не стане подготвен да ги поднесе сите срамови, несреќи и недостатоци поради Бог. Обожавањето на идоли не е само човекот да обожава дрво или камен. Сето тоа ја спречува Аллаховата близина и на идолопоклонството му дава предност пред Него.

Во ова време на некои места драмите станале идоли (кипови), некаде интернетот е идол, некаде материјалната заработка станала идол и понекогаш желбите на другите стануваат идоли. Човекот не знае дека се впушта во обожавање на идолите и тога го прави невидливо. Затоа, тој (Ветениот Месија а.с.) рекол:

„Доколку тој (човекот) сето тоа што го прави го прави поради Бог и е подготвен да се соочи со сите искушенија на Божјиот пат, тешко е да се создаде нијанса на вредности и вистинољубивости. Ибрахим а.с. своето име не го добил само така. Гласот: ’И за Ибрахим кој ги исполни наредбите‘ не дошол додека тој не бил подготвен да го жртвува својот син. Аллах бара дејствување и е задоволен од делото; делото доаѓа од болката. Човекот треба да се жртвува и да чини богобојазливи дела и дела со кои Бог е задоволен. Личноста мора да помине низ болка и страдања.“

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Иако постојат тешкотии во делата, сепак, човекот не останува постојано да страда.“

Тој понатаму рекол дека кога човекот е подготвен за страдање тогаш Аллах не му дозволува да страда.

Покорувајќи и се на Аллаховата наредба, кога Ибрахим а.с. бил потполно подготвен да го жртвува својот син, Бог го спасил неговиот син. Животот на синот бил спасен и таткото бил ослободен од страдањата кои би ги предизвикале жртвувањето на неговиот син. Тој бил фрлен во огнот но огнот не можел да му нанесе никакви повреди. Ако човекот е подготвен да поднесе тешкотии на Аллаховиот пат, тогаш Аллах го спасува од страдања. Ова е стандардот кој ни го дал Ветениот Месија а.с. за да можеме да ја впиеме Аллаховата љубов и да ги примиме Неговите благослови и тој очекувал од нас тоа да го постигнеме. Ова е стандардот кој секој вакф-е-нау треба да се потруди да го постигне и да го запомни, дека се додека нашата мерка на жртвување не порасне на повисоко ниво нашите тврдења за посветување на животот ќе бидат празни. Некои мајки зборуваат дека тие дошле во Канада но дека нивниот син е мураби или вакф-е-зинадаги во Пакистан и јас да го пратам или да го доведам овде – овде да им се придружи. Кога луѓето животот го посветат (на служење на верата) зошто тогаш постојат вакви барања, зошто постојат такви желби? Со желбите е завршено.

Како што реков, наклонетоста на придружување кон вакф-е-нау постојано расте. Ова е доста пријатна ситуација. Унапредете ја оваа наклоност и тоа правете го само заради Бог и не станувајте дел од оние кои ги кршат или ослабуваат своите ветувања заради промена на околностите. Ветениот Месија а.с. рекол дека не може да се жртвува без болка и страдање. Ако се промениле околностите ние тоа мора да го поднесеме, посебно за оние кои себе си се предале на тоа; или родителите ги предале своите деца и децата тоа го обновиле за да го продолжат нивното ветување. Ветениот Месија а.с. рекол дека човекот е подготвен да ги направи сите видови на жртвувања поради Бог и после тоа Аллах го благословува. Аллах никого не напушта и богато благословува. Нека Аллах направи сите вакф-е-нау и нивните родители да бидат оние кои ја разбираат стварноста на вакф-е-нау и да ги исполнат своите ветувања и оние кои постојано ги воздигаат стандардите на вредностите.

Накратко сакам да го свртам внимание на одредени работи во управувањето и исто така во насока на делување на вакф-е-нау. Луѓето поставуваат прашања и припадниците на вакф-е-нау во своите умови имаат одредени погрешни сфаќања дека со придружувањето кон нив имаат нов идентитет. Без сомневање направен е нов идентитет, но со тој идентитет тие нема да го примат извонредниот повластен третман. Некои луѓе во умовите на вакф-е-нау деца им вливаат мислење дека тие се посебни деца. Резултат на тоа е што тие и кога ќе пораснат во умот го имаат тоа дека ’се посебни‘. Вакви прашања дојдоа и до мене. Тие ја втурнуваат суштината на вакф и титулата на вакф-е-нау ја прават цел на својот живот и сметаат дека се посебни. Некои од нив во своите срца развиле идеја дека бидејќи тие се вакф-е-нау ако се девојки не треба да присуствуваат на програмите на Насират и Лаѓна а момчињата пак не треба да присуствуваат на програмите на Афтал и Худам затоа што имаат одвоена организација. Ако некој има таква идеја треба да знае дека ова е погрешно. Било кој вршител на должност, дури и Амирот на Џемаатот, е член на одредена помошна организација.

Затоа секое вакф-е-нау момче или девојче треба да запомнат дека според годините се членови на своите организации и дека за нив е задолжително да присуствуваат на нивните програми а ако некој не присуствува тогаш претседателот на соодветната организација треба да извести за тоа. Ако тој вакф-е-нау не се поправи, тогаш таквото дете, момче или девојче ќе биде отстрането од вакф-е-нау програма. Да, тука се програмите на Џемаатот, вакф-е-нау програмите и програмите на другите помошни организации, но со взаемно разбирање времето на одржување на овие програми може да се усогласи така што сите одвоено ќе се спроведат и ќе нема судир.

Вакф-е-нау, како што веќе кажав, се посебни. Но, само тогаш кога ќе докажат дека се пред другите во својот однос со Аллах ќе можат да се наречат ’посебни‘. Тие ќе се наречат посебни ако имаат повеќе страв од Бог во однос на другите. Тие ќе се наречат посебни ако нивните стандарди на ибадетот бидат многу повисоки од стандардите на другите. Тие ќе се наречат посебни ако прават доброволни намази заедно со задолжителните. Знак дека некој е посебен е ако нивниот степен на општо однесување е исклучително висок, ако постои забележителна разлика во нивниот јазик и во начинот на говорот. Ако јасно се гледа дека тоа е обучена личност која повеќе ја сака верата одошто световните работи. Тогаш тие ќе бидат ’посебни‘.

Кога се во прашање девојчињата, нивната облека и покривањето ќе бидат симбол на вистинското исламско образование. Кога тоа другите ќе го видат ќе им завидуваат и ќе речат дека нивната облека и покривањето и наспроти на ваквото опкружување се извонреден пример. Тогаш тие ќе бидат посебни.

Кога се во прашање момчињата, тогаш нивните очи ќе бидат оборени поради срамот и правилно ќе се однесуваат. Тогаш тие ќе бидат посебни. Тие ќе  бидат посебни ако времето го трошат во стекнување на религиско знаење, наместо да гледаат бескорисни работи на интернет. Ако изгледот на момчето биде таков што ќе се издвојува и разликува од другите тогаш тие ќе бидат поинакви.

Момчињата и девојчињата вакф-е-нау можат да се наречат посебни ако го учат Чесниот Кур‘ан, ако ги бараат неговите наредби и откако ќе ги најдат се однесуваат според нив. Ако повеќе од другите редовно земаат учество во програмите на помошни организации и на Џемаатот, тогаш ќе бидат посебни. Посебен статус е кога тие ги надминуваат своите браќа и сестри во убаво однесување кон родителите и во правење дови за нив.

Во време на наоѓање на партнерот ако бараат вера наместо световното, продолжуваат со своето однесување и постапуваат според верските наредби, ќе бидат наречени посебни. Тие се посебни ако се по трпеливи од другите во случај на расправија и неред, и не само што се воздржуваат од такви работи туку стануваат и миротворци. Ако на полето на ширење на пораката тие ја земаат водечката позиција за да ја исполнат должноста, тогаш тие се посебни. Ако се во првиот ред во послушноста кон Халифатот и постапуваат по неговите одлуки, тогаш се посебни. Тие сигурно се посебни ако се по пожртвувани од останатите. Тие се исклучително посебни ако се надминуваат во човечноста и несебичноста, ако мразат горделивост и ако водат џихад против тоа. Тие се посебни ако се меѓу оние кои ги слушаат моите хутби и ги гледаат останатите мои програми на МТА за да го добијат упатството. Ако постапуваат по нив и по сите оние работи кои Аллах ги сака и ако се држат подалеку од работи кои Аллах ги забранува тогаш тие се поинакви и всушност многу посебни. Инаку не постои разлика помеѓу нив и останатите.

Родителите исто така треба да запомнат дека децата треба да ги обучат во овие насоки: ако овие работи се таму, тогаш Аллах ве создал за револуција во светот. Ако тоа не е така тогаш светот на вас не гледа како на пример, и што да се каже дека сте посебни ако во Аллаховите очи бидете вбројани во неверните и оние кои не го одржуваат ветувањето. Затоа, додека ги спроведуваат во процесот на обуката, родителите се одговорни да ги направат посебни, а кога ќе одраснат вакф-е-нау лично ја достигнуваат оваа положба. Како што кажав, тие треба да одат преку различни степени на религиско и профано образование, да го прашуваат Џемаатот која линија да ја следат и самите да одлучат за тоа. Претходно кажав дека вакф-е-нау момчињата прво треба да одат во џамија да станат мурабби или проповедници. Тоа е прашање на моментот. Џемаатот се шири. Се формираат нови Џемаати не само во земјите во кои пред многу години е основан Џемаатот, Аллах на Џемаатот му подарува нови земји и нам ни е потребен голем број на мурабби и проповедници.

Потоа, нам ни се потребни лекари во нашите болници. Во Пакистан ни се потребни многу доктори кои се специјализирани во најразлични области. Во болниците во Кадијана исто така се потребни доктори. Ако тие не можат да заминат одовде – бидејќи луѓето ги слушаат моите хутби ширум светот во своите земји, вакф-е-нау треба да обрнат внимание на ова. Ние имаме потреба од доктори специјалисти. Тука е голем јазот, имаме многу мал број специјалисти и во Африка се потребни доктори од сите области. Бидејќи градиме болница во Гватемала, потребни се доктори кои би можеле да одат од Канада. Во иднина, потребни ни се доктори и во Индонезија. Оваа потреба ќе расте со ширењето на Џемаатот. Вакф-е-нау децата кои стануваат доктори, треба да истапат, да се специјализираат, да стекнат високо образование и искуство од овие земји и да одат во земји каде е полесно да се отиде. Понудете се и Џемаатот ќе ве испрати.

Слично на тоа, во училиштата се потребни учители. И момчињата и девојчињата можат да работат како доктори или учители. Затоа посветете внимание на тоа. Исто так потребни ни се архитекти, инженери кои се стручњаци во градежништво за да заштедат пари на Џемаатот со подобро планирање и надзор над работата при изградба на џамиите, мисионерските куќи, училиштата, болниците итн. Може да биде обезбедена подобра опрема со помали трошоци. Потоа, потребен ни е и болнички персонал. Тие исто така треба да се придружат. Ова се неколку важни одделенија кои сега му се потребни на Џемаатот. Идните потреби во согласност со околностите исто така ќе се променат.

Вакф-е-нау повеќе се заинтересирани во одредени области, и кога ќе ме прашаат јас им дозволувам да студираат, имајќи ги на ум нивните интереси. Но, овде јас ќе им советувам на студентите да одат во истражување на разни научни дисциплини. Во тоа воопшто се вклучени и вакф-е-нау како и други студенти. Ако во разни гранки на науката бидат создадени наши најдобри научници, тогаш во иднина, додека Ахмади ќе даваат верско образование и светот ќе зависи од нас во верата, таму ќе бидат и Ахмади кои ќе всадуваат и световно знаење. Во тој случај вакф-е-нау ќе работат во светот, но нивната цел ќе биде докажување на Божјото Единство и низ нивното знаење и работа ќе ја шират Неговата вера.

Слично на тоа, вакф-е-нау можат да одат и во други одделенија, но нивната цел и на сите други треба да им биде познато дека вие сте вакф-е-зиндаги (дека животот сте го посветиле на верата), и ако во било кое време од вас се побара да ја напуштите световната работа и да се понудите да работите за религијата, тогаш морате да дојдете без било каков изговор. Важна работа е дека вакф-е-нау треба да запомнат оти иако им е дадено одобрение да работат световна работа, таа не смее да биде нешто што ќе ги попречува во ибадетот на Аллах и во служењето на верата; всушност, нивната главна цел треба да им биде токму тоа. Проучувањето на коментарите на Чесниот Кур‘ан и книгите на Ветениот Месија а.с. неопходно е за секој вакф-е-нау. Програмата за вакф-е-нау е до 21 година и после тоа неопходно е да го зголемите вашето религиско знаење.

Сакам да им кажам на родителите дека не е важно колку многу обука ја всадуваат преку зборовите, тоа нема да биде делотворно додека нивните зборови и дела не бидат еднакви. Родителите ќе мора да направат пристојна состојба на својот ибадет. Тие ќе мора да ги втемелат примерите на учењето на Чесниот Кур‘ан. Тие ќе мора да станат пример на висок морал. Лично ќе мораат да се свртат кон стекнување на религиско знаење. Мораат да втемелат високи стандарди на омраза кон лагата. И ако некому му е нанесена повреда од страна на вршителот на должноста тие ќе мора да се воздржат од коментарите дома и не смеат да зборуваат против системот на Џемаатот или против вршителот на должноста. На МТА ќе мора да ги слушаат моите хутби. Овие работи не се неопходни само за родителите на вакф-е-нау. Всушност, секој Ахмад кој сака неговите идни генерации да бидат врзани со Џемаатот, треба да направат нивниот дом да биде Ахмади дом а не дом на световни профитери. Инаку, новите генерации, задлабочени во материјалниот свет не само што ќе се оддалечат од Ахмадијатот туку ќе се свртат од Бог и ќе го уништат овој свет и Ахирет. Ако Бог даде, не само вакф-е-нау децата ќе бидат оние кои ја постигнуваат близината на Аллах и одат по патот на богобојазливоста туку и делата на нивните блиски исто така ќе бидат такви што ќе ги спасат од лошото име. Секој Ахмад треба да стане Ахмад за кој стално зборувал Ветениот Месија а.с. за да наскоро го видиме знамето на Ахмадијатот и на вистинскиот ислам како се виори во светот.

Ветениот Месија а.с. во еден момент вели:

“Човек, направувајќи само едно или две дела смета го задоволил Аллах. Всушност, тоа не е така. Послушноста е многу тешка задача. Послушноста на асхабите р.а. била вистинска послушност. Дали послушноста е лесна работа? Оној кој не е потполно послушен му нанесува лошо име на системот. Тука не е само една наредба. Тука се многу наредби. Постојат многу врати кон Џеннетот, некој влегува преку едни а некој преку други. Слично на тоа и Џехеннемот има многу врати, не треба да затворите една од вратите на Џехеннемот а да отворите други.“

Тој понатаму вели:

„По давањето на баи‘атот, човекот не само што треба да верува дека овој систем е вистинит, туку треба да знае дека и со самото верување ќе биде благословен. Аллах не е задоволен само со верувањето се додека делата не се добри. Бидејќи сте се придружиле на овој систем настојувајте да бидете благородни, да бидете богобојазливи, воздржувајте се од пороците, нека јазикот ви биде благ, барајте проштевање и во своите дови молете: ’Мој Аллах Возвишениот, подари ни способност да постапуваме по овие совети. Нека ние и нашите потомци бидеме оние кои ќе се држат до добрите дела и до богобојазливоста и оние кои ја довршуваат мисијата на Ветениот Месија а.с.‘ Амин.“