In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Искрените Аллахови слуги: Башир Ахмад Рафик и Др. Нусрат Јехан

Денешната хутба Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов помошник, ја изврши во Баит-ул Ислам џамијата во Торонто, Канада. После ташахуд и сура Ал-Фатиха Хузур рече:

Денес ќе зборувам за двајцата слуги на Џемаатот кои умреа неодамна. Едниот од нив е Башир Ахмад Рафик Кхан Сахиб а другиот е Др. Нусрат Јехан од Фазл Умар болницата во Рабва. Кој дојде на овој свет мора да го напушти. Но, благословени се оние на кои Аллах им овозможил да и служат на религијата и на човештвото.

Башир Ахмад Рафик Кхан Сахиб беше стар слуга на Џемаатот и беше мубалигх. Беше на разни положби во управата на Џеамаатот. Умре на 11 Октомври во Лондон, во 85-та година од животот. Завршил студии на универзитетот во Пенџаб а потоа своето школување го завршил во јамиатул Мубасхеерен во Ахмади џамијата во Рабва, во 1958 година. Тој му припаѓаше на семејство кое одамна и припаѓа на Ахмади муслиманската заедница. Неговата мајка, Фатима Биби Сахиб, била најстара ќерка на следбеникот на Ветениот Месија а.с. , Мухаммед Илијас Кхан Сахиб р.а.. Неговиот татко, Данисхманд Кхан Сахиб, примал вистински соништа и духовни искуства. Тој е роден во 1890 година. Башир Ахмад Рафик Сахиб бил роден како Ахмади муслиман. Неговиот татко Ахмадијатот го прифатил во 1921 година поради што луѓето од неговото село го отфрлиле. Хазрат Халифа-тул Месих IV на Башир Ахмад Рафик Сахиб во своето обраќање му рекол: „Твоите писма секогаш ми го освежуваат сеќавањето на твојот побожен татко, и ме поттикнуваат да се молам за него. Тој беше ослободен од сите варијации помеѓу она што се кажува и она што се работи, и беше одраз за вистински и искрен човек.“

Ова е симбол за вистинскиот верник.

Понатаму рекол: „Имав длабока поврзаност со него и се уште ја имам и секогаш е изразена преку молитви за него.“

Нека Аллах го благослови со Својата Милост и нека го направи неговото семејство како прави наследници.

Башир Ахмад Рафик Сахиб се оженил во 1956 година со Салеем Нахеед Сахиб која била ќерка на Абдул Рахман Кхан Сахиб, син на Кхан Амееруллах Сахиб, следбеник на Ветениот Месија а.с.. Тој имал три сина и три ќерки. Во 1945 година Кхан Сахиб бил примен во Талеемул Ислам, средно училиште во Кадијана.

Во тоа време имал 14 години. Во тој период, за време на хутба, Халифа-тул Месих II р.а. ги повикал младите луѓе да ги жртвуваат своите животи во служење на исламот. Веднаш после хутба неколку младинци ја понудиле својата преданост. Помеѓу тие благословени младинци бил и Башир Рафик Сахиб. После тоа, додека системот на Џемаатот се уште бил во фаза на воздигање, добил писмо од Хазрети Халифа-тул Месих II р.а. во кое му напишал дека вакф е прифатен. До 1947 година го продолжил образованието во Кадијана. Откако ја завршил матурата се вратил во селото на своите предци. Кога бил примен на колеџ рекол дека добил писмо од приватниот секретар во кое пишувало дека Халифа-тул Месих II р.а. се распрашува за патан студентот кој се пријавил за вакф во Кадијана во 1945 година, но дека не се сеќава на неговото име. Извештајот бил изгубен. На ова Халифа-тул Месих II р.а. веднаш го упатил да се пријави во Талиму Ислам колеџот во Лахор и да ги заврши своите студии по уметност. Ова е времето кога Хазрети Халифа-тул Месих II р.а. бил директор на колеџот.

Во 1953 година, кога се подготвувал за испити, се разгорела анти-ахмади кризата. Тој рекол дека ги работел своите испити во такви услови.

„Но, кога резултатите беа објавени бев многу тажен бидејќи не ги поминав испитите. Бев навистина збунет, бидејќи ако не требаше да го положам испитот зошто во сон ми беше покажан тестот за испитот. Покрај тоа и Халифа-тул Месих II р.а. ме увери дека ќе го положам испитот. Тие денови мојата вера стана несигурна. Во весниците беа објавени резултатите и се чувствував многу бедно. Седев тажен дома кога мојот татко ме праша зошто сум тажен. Кога му кажав рече дека тоа е во ред и дека можам повторно да се подготвувам за испитите. Рече дека можеби не сум можел добро да се спремам поради ситуацијата во Пенџаб. Неколку дена потоа мојот татко ми рече дека секогаш се моли за мене за да чуе глас кој му вели дека Башир умрел. Кога му ги покажав резултатите тој замолкна. После неколку дена би ја кажал истата работа дека му е кажано дека сум мртов. Еднаш примивме неколку писма од поштата. Едно од писмата беше адресирано од универзитетот во Пенџаб. Во писмото е кажано дека дошло до грешка во резултатите. После инспекцијата е одлучено дека сум го поминал испитот. После неколку дена отидов да го посетам Халифа-тул Месих II р.а. и да му го раскажам целиот случај. Откако го слушна рече: ’Јас веќе ти кажав дека ќе го положиш испитот после моите молитви за тебе. Сега овие резултати се јасни и дека Божјата пресуда не може да се изврти‘.“

Би било исмејување Аллаховите зборови да не бидат исполнети. Аллах ја кажал истата работа на Хазрети Халифа-тул Месих II р.а. како и на неговиот татко. Значи, така требало да се случи.

После тоа хазрети Халифа-тул Месих II р.а. го упатил да се пријави во Ахмадија џамијата и да ги заврши студиите на шахид бидејќи потоа планира да го прати на полето на таблигх. Рече дека нашиот час во џамијата имал посебна чест бидејќи не посетувал хазрети Халифа-тул Месих II р.а. и не упатувал како да бидеме вешти во разни предмети. Хазрети Халифа-тул Месих II р.а. исто така го свртуваше нашето внимание на тоа дека секој мураби треба да има своја библиотека и да создаде навика за купување книги. И ова е нешто што секој мураби треба да го има на ум. Сега постојат неколку џамии во светот и голем број на мурабии. Сите тие треба да го запомнат ова. Пред неколку дена имаше состанок на мурабии во Лондон, на кој и јас ги советував да направат лични библиотеки. Не треба да се ослонуваат само на библиотеките на Џемаатот. Откако доби шахид образование во Јамиа-тул Мубашереен, јас за тоа го известив Вакилут Табшир. Вакилут Табшир беше Мирза Мубарак Ахмад, кој ме одведе кај хазрети Халифа-тул Месих II р.а.. Ми кажа дека треба да одам во Англија. И кога дојде време, Вакилут Табшир сахиб повторно ме одведе кај хазрети Халифа-тул Месих II р.а. кој молеше за, мене ме прегрна и ми опрости.

Во 1959 година, го напуштил Лондон каде беше започнал служба како заменик на Имамот на Фазл џамијата.

Во 1959 година пред заминувањето во Лондон, тој отишол да го види хазрети Маулана Јалал-уд-Дин Шамс за да побара совет. Шамс сахиб исто  така долго време служел како Имам на Фазл џамијата. Шамс сахиб рекол дека има еден посебен совет кој сака да му го даде а кој му донел голема корист во неговиот вакф. Шамс сахиб на Башир Ахмад Рафик сахиб му ја раскажал следната случка:

„Еднаш, додека бев мисионер во Сирија, еден многу богат човек преку мене го прифати Ахмадијатот. Неговото име беше Мунирул Хасани сахиб. Тој беше еден од пионерите на Џемаатот и преку него Џемаатот се ширеше во Сирија кода даде баи‘ат, и неговата страст кон исламот и Ахмадијатот растеше од ден во ден. Секоја втора вечер доаѓаше во мисионерската куќа за да учи за Џемаатот. Тие денови немаше никакво ограничување во врска со Џемаатот. Самиот подготвуваше храна и заедно јадевме.

Еднаш седнавме да вечераме и јас се пожалив дека храната е пресолена. Му кажав во иднина да биде повнимателен. На ова Минирул Хасани сахиб замолча. По неколку минути одговори: ’Шамс сахиб, како што знаеш јас имам слуги за мојата работа (беше многу богат човек). Кога доаѓам дома слугите врвците на кондурите ми ги одврзуваат. Никогаш не направив ниту чај за себе. Што и да правам за тебе е да го добијам Аллаховото задоволство. Инаку јас не правам ништо во врска со подготовка на храната. Затоа, ако забележите било каков недостаток во врска со солта и други зачини, ве молам да ми опростите бидејќи подготовката на храна не е моја работа.‘

Маулана Јалал-уд-Дин Шам сахиб рекол: ’Тоа што го разбрав од оваа случка е дека сите оние кои со љубов не служат, како тоа што го правел Мубалегхеен, не го прават тоа за нашето добро туку да го добијат Аллаховото задоволство. Тоа го прават поради љубовта кон Џемаатот. Така секогаш треба да имаме на ум дека кога луѓето не служат тоа е нивната љубезност кон нас. Затоа, ако некогаш згрешат, ние немаме право да им приговараме.‘

Всушност, Возвишениот Аллах Ветениот Месија а.с. секогаш го благословувал со исклучителни луѓе кои се исполнети со вера и искреност.“

Во 1964 година, Чаудру Рехмат Кхан сахиб поради болест се вратил во Пакистан. Така Башир Рафик сахиб бил именуван за Имам на Масјид Фазл џамијата. Во 1960 година Башир Рафик сахиб основал англиски весник по име ’Муслиман Хералд‘ кој на почетокот имал 10 страни. Тој самиот бил уредник и новинар. Во 1962 година, по препорака на хазрети Мирза Башир Ахмад сахиб р.а. започнал со работа весникот ’Акхбаре Ахмадија‘. Весникот излегувал двапати месечно. Тој бил негов втемелувач и долго време бил уредник. Исто така пишувал за него бидејќи и самиот бил учен човек. Имал чест да биде уредник на весникот ’Преглед на религиите‘ кој бил основан од страна на Ветениот Месија а.с..

Од 1976 до 1982 година, хазрети Халифа-тул Месих III р.а. по осми пат ја посетил Европа. Од тие осум пати седум пати бил присутен Башир Ахмад Рафик сахиб. Во текот на две посети на хазрети Халифа-тул Месих III р.а. имал чест да служи како Хузуров приватен секретар.

Во 1970 година се вратил во Пакистан и станал приватен секретар на хазрети Халифа-тул Месих III р.а.. Во 1971 година се вратил во Лондон и повторно станал Имам на Фазл џамијата. Во 1976 година имал чест да го прати хазрети Халифа-тул Месих III р.а. како негов приватен секретар на неговите патувања во Америка и Канада. Во мај 1987 година Хузур го посетил Лондон поради меѓународната конференција Касра Салееб (кршењето на крстот). За да го довршат проектот членовите на Џемаатот во Велика Британија работеле цел ден и цела ноќ и покажале сјаен пример на тимска работа. Сè било одработено под управа на Башир Ахмад Рафик сахиб.

Од 1964 до 1970 година, а потоа од 1971 до 1979 година бил Имам на Масјид Фазл џамијата во Лондон. Од 1961 до 1979 година бил уредник на весникот ’Муслиман Херолд‘. Како приватен секретар на хазрети Халифа-тул Месих III р.а. служел од 1970 до 1971 година. Потоа во ноември 1985 година бил именуван како Вакилут Тасниф во Рабва. Станал Вакилут Тасниф за Рабва во период од 1983 до 1984 година. Служел како уредник на весникот ’Преглед на религиите‘ од 1983 до 1985 година. Бил претседател на одбор на уредници на  весникот ’Преглед на религиите‘. Од 1971 до 1985 година бил член на Садр Анјуман Ахмадија на Џемаатот на Пакистан, од 1971 до 1973 година бил член на Уфта комитет а од 1984 до 1987 година бил член на Каза одборот. Исто така имал прилика да се најде и на одредени светски позиции. Бил член на Вандсворт Ротари клуб во 1968 година и тоа по налог на претседателот на Либерија, господинот Тубман, и  бил повикан како државен гост. Бил именуван за почесен шеф на Либерија.

Неговиот син пишува дека редовно го извршувал тахаџуд намаз и со многу подготовка се молел. Молел по имиња за да не заборави некого. На големо правел дуроод. Ни го објаснил значењето на ќанда. Неговиот брат Кол. Назир сахиб пишувал за една случка која порано веќе накратко ја спомнав.  Рекол дека кога хазрети Халифа-тул Месих II р.а. го повикал за вакф, тој веќе бил пријавен за колеџ. Така, кога неговиот татко го примил писмото од хазрети Халифа-тул Месих II р.а. во кое се барало да го прати за вакф, Башир Рафик сахиб рекол дека е подобро прво да заврши право бидејќи потоа подобро ќе служи.

Хазрети Халифа-тул Месих II р.а. како одговор на ова кажал дека нам ни се потребни адвокати за религија повеќе одошто световни адвокати. Положба, чест, богатство и слава можат да се видат во светот, но Аллах ќе го дарува со сето тоа преку благословите на вакф. Понатаму раскажува дека кога нивниот татко му го прочитал писмото тој веднаш го земал куферот и тргнал во Рабва. Сега погледнете како Возвишениот Аллах ги исполнил двата збора. Ако станел световен адвокат би добил само световни статуси но поради вакф добил и верски и световни статуси. Неговиот брат пишувал дека што и да предвидел хазрети Халифа-тул Месих II р.а тој сето тоа со благословот на вакф го постигнал, како што се статусот, високата положба и славата. Со Аллаховата милост животот му бил исполнет. Бил исклучително верен на Халифатот. Имал срцеви проблеми и имал операција на срцето и во еден момент бил во состојба на безнадежност. Меѓутоа, Возвишениот Аллах му дал нов живот и состојбата му се подобрила. Поради здравствената состојба бил исклучително слаб, но редовно не само што мене ми пишуваше писма во кои ја искажуваше својата искреност и верност кон Халифатот, туку и се трудеше да присуствува на сите настани на кои бев присутен и јас. Исто така со помош на помагало за одење се обидуваше да присуствува и на џума намаз. Нека Аллах му подари опростување и нека го возвиши неговиот статус. Нека возвишениот Аллах исто така направи неговите деца да останат поврзани со Џемаатот, искрено и верно и нека ги пратат неговите чекори. Амин.

Како што спомнав ќе зборувам и за Нусрат Јехан Малик сахиба, која беше ќерка на Абдул Малик Кхан сахиб. Таа почина на 11 октомври во Лондон. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Таа живееше во Рабва но беше британски државјанин. Така секоја година доаѓаше за да напредува во своите професионални вештини работејќи во разни болници но и исто така доаѓаше бидејќи веќе извесен период беше болна и овде се  лекуваше. После Џалса Салана во Велика Британија доби инфекција на белите дробови која се повеќе земаше мав. И така белите дробови престана да функционираат. Но со Аллаховата милост добро закрепна и докторите имаа надеж за неа. Сепак се стравуваше дека инфекцијата повторно ќе се врати поради што ќе биде тешко да преживее. Меѓутоа, Аллаховата одредба беше посилна и еден ден наеднаш имаше напад и за неколку часа почина. Родена е на 15 октомври 1951 година во Карачи. Нејзиниот татко, Абдул Малик Кхан сахиб, исто така веќе подолго служеше во Џемаатот. Бил син на Кхан Зулфика Али Кхан сахиб. Селото на нивните предци било Најееб Абад кое беше сместено во дистрикт Бујнор. Дедото на докторката Нусрат Јехан бу дал баи‘ат на Ветениот Месија а.с. преку писмото во 1900 година. Потоа во 1903 година ја посетил Кадијана и имал чест да го запознае Ветениот Месија а.с.. По желба на Ветениот Месија а.с. хазрети Кхан Зулфикар Али Кхан сахиб р.а. го дал синот во служба на Маулана Абдул Малик сахиб и тоа уште пред неговото раѓање. Тој е роден подоцна во 1911 година.

Откако ја завршил Ахмадија медреса, Абдул Малик Кхан сахиб завршил Молви Фазил на Универзитетот во Пенџаб. По ова добил примамлива бизнис понуда но таткото му напишал дека тој не го образувал за да заработува за светот туку дека некој мора да заработува и за верата. Штом го добил писмото Абдул Малик Кхан сахиб дал отказ на оваа работа, се вратил во Кадијана и се приклучил на часовите за Мубалигхеен. Истиот дух на искреност и верност се наоѓал и кај докторката Нусрат Јехан. Откако завршила медицина во Пакистан и Велика Британија можела да заработува и стотици илјади рупии дневно каде и да посакала. Но, за да и служи на човечноста и на верата таа останала во малиот град Рабва. Нејзината стручност исто така била потребна во болница, и ги исполнила и тие потреби. И потоа низ својот живот службата ја извршувала и го достигнала врвот. Голем број на луѓе споделија чувства во врска со неа, кои тешко можат да се опишат но јас ќе се обидам да спомнам неколку. Имаше ќерка Ајесха Нудрат која живее во Велика Британија со мажот и три деца. Како што кажав докторката Нусрет Јехан своето образование го заврши преку Фатима Јинах Медицински факултет во Лахор и потоа во Кралскиот колеџ за опстретичари и гинеколози, специјализираше на гинекологија. Во 1985 година ја започна службата во Фазл Омер болницата во Рабва и од 20 април 1985 година се до сега службата ја извршуваше во болницата. Како што кажав таа боледуваше од одредени болести – имаше болен црн дроб. И на 5 април 2016 година земала боледување и дојде во Лондон на лечење. Беше подобро но по Џалса доби инфекција на белите дробови и повторно беше болна. По ова повторно закрепна но и повторно имаше напад и не можеше да преживее. Нејзиниот зет, Макбоол Мубашер сахиб вели дека потполно се ослонувала на Аллах. Била наклонета кон ибадетот, имала длабока љубов кон Кур‘анот и длабока врска со Халифатот. Таа со најголема вистинољубивост му била послушна на Халифата. Нејзиниот приоритет и бил служењето на луѓето и доброто на пациентите. Хузур вели дека е сведок на сето тоа што го спомнал. Тоа не е преувеличување туку овие одлики таа навистина ги имала. Таа довите ги учела пред секоја операција и пред секое лечење. Секој ден давала садака. Доаѓала кај постарите во Рабва поради довите за своите пациенти. Често плаќала или барала од своите пријатели да платат за третман на сиромашни пациенти. Исто така била многу внимателна со парите на Џемаатот. Секогаш настојувала да потроши што помалку. Не дозволувала ниту еден пени да биде изгубен. Тој (Макбоол Мубашер) работел во приватна болница во Лахор. Така, др. Нусрат Јехан често го испрашувала колку пари потрошил на таа и таа опрема. Го испрашувала и за лекарствата, од каде ги набавил и колку платил за нив. Тогаш ако било пристојно, таа за Фазл-е-Омер болницата од тие места ги купувала истите работи по пониска цена. Таа ги сакала своите пациенти и исто така добро им служела. Водела сметка за својата мајка наспроти тоа што и самата била болна. Таа сепак ги исполнила своите должности кон мајка ѝ и убаво и служела. Исто така својата последна болест ја поднела со големо трпение. Во болница останала два месеца. Во последните денови сакала да го слуша Кур‘анот. Дома ги советувала децата да извршуваат намаз и да го учат Кур‘анот. Секој пат кога видела како некое дете прави нешто добро, на пример учи Кур‘ан, била многу задоволна и секогаш нешто му подарувала и правела дови. Нејзиниот зет, Мубашер сахиб вели дека кога нивната ќерка имала 12 години неговата тешта почнала да и зборува за носењето на шалот и за покривањето. Раскажувала за кратки но интересни случки од животот на Ама Јан и од други благородни личности. Лично била многу внимателна во врска со покривањето. Затоа, ако родителите и постарите ги советуваат децата за покривањето тие нема да чувствуваат срам поради тоа и ќе се чувствуваат храбри.

Др. Нусрат Јехан Мајока сахиба од Фазл-е-Омар болницата пишува дека нејзиниот однос со Нусрат Јехан сахиба траел 18 години. Таа во Фазл-е-Омар болницата почнала да работи на гинеколошкото одделение, веднаш по завршувањето на специјализацијата. Целата своја професионална обука ја примила од др. Нусрат Јехан која била многу надарен учител. Таа кажува дека од неа добивале упатство за сите полиња на животот. Била цврста и усовршена. Семоќниот Аллах и дал извонредни способности. Била послушна и грижлива ќерка како и чувствителна мајка. Била дисциплиниран учител и тешител, сестра и пријател. Таа вели дека целиот нејзин живот бил обележан со жртвување. Нејзините приоритети биле поинакви од приоритетите на обичните луѓе. Др. Нусрат Јехан зборувала како има две деца: едното е нејзината ќерка а другото нејзината професија. Без престан работела за напредокот на гинеколошкото одделение. Секогаш им била достапна на пациентите, посебно на оние кои работеле за Џемаатот а кои не биле ситуирани. Често ги повикувала и прашувала за нивните жени. Секогаш била љубезна кон персоналот. Ако персоналот останувал прекувремено таа од дома им праќала јадење. Секогаш настојувала да им помогне кога тоа им било потребно. Секој пишуваше дека оваа почината докторка имала силна врска со Халифатот. И тоа е факт. Др. Нусрат Јехан Мајока вели дека имала извонреден однос со Халифатот. Др. Нусрат Јехан Мајока понатаму кажува дека од минатата година и неа ја вклучила во сите работи. „Продолжи да ме вклучува во сè и ме подучи на сите видови гинеколошки операции. Исто така стално зборуваше како нема доволно време. Во тоа време јас не обрнував внимание на значењето на тие зборови бидејќи таа беше многу активна. Но сега, по нејзината смрт јас увидев дека можеби нешто знаела.“ Таа исто така кажува дека оставила пребивалиште во Рабва. Направила многу за луѓето во Рабва и денес секое око е насолзено и срцето е жално. Јас примив многу писма за неа. И др. Мајока ги опиша фактите.

Др. Аматул Хаје е наша нова докторка во Гана. Таа исто така кажува дека почетната обука и ја дала др. Нусрат Јехан. Дури и по заминувањето во Гана останала во контакт со неа преку Ватцап и мејл и ја подучувала и понатаму. Кога и да имала некакво стручно прашање таа и помагала. Секогаш ја советувал да му пишува на Халифата на времето за довите. Таа исто така вели дека кога работела со др. Нусрат сахиба увидувала дека водела грижа за мали нешта. На пример, ако било запалено вишок светло таа го гасела бидејќи парите на Џемаатот ќе беа изгубени. Така тие што биле во брак ги советувала секогаш да настојуваат да го спасат бракот. Зборувала дека крвните врски никогаш не можат да се прекинат но односот на мажот и на жената е однос на љубов и наклонетост и ако тоа се прекине тогаш ништо не останува. Голема работа е ова што таа го кажала и секој брачен пар тоа треба да го има на ум. Таа вели дека пред да биде примена во болницата во Лахор, др. Нусрат ја повикала да и каже дека во Рабва е оформена нова гинеколошка операциона сала и дека не е сигурна дали ќе биде во состојба тоа да го види. Тоа и го спомнала со оглед дека можеби ќе биде предоцна. Таа му пратила барање на Назир Ала сахиб да отвори сала бидејќи не треба да ги попречува задачите на Џемаатот поради неговите членови. Др. Ноори сахиб, кој е на должност во Тахир институтот за срце во Рбва, вели дека имал прилика да работи со др. Нусрат Јехан 9 години во Зубаида Бани крилото. Тој рекол дека оваа докторка имала такви одлики кои е тешко да се најдат кај денешните доктори. Таа била побожна, правела ибадет, била професор со високи морални вредности, стравувала од Бог, правела дови за свои родители, била исклучително прецизна во покривањето, многу учена за Кур‘анот и била вистински следбеник на животот на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и на Ветениот Месија а.с.. Што се однесува до покривањето таа исто така се образувала овде во Велика Британија и често доаѓала на обуки во болниците, но секогаш го покривала лицето и носела полно покривало. Иако била покриена таа ги исполнувала сите свои задачи и немала комплекси. Затоа за жените кои приговараат дека не можат да работат покриени таа била пример на обратното. Др. Ноори вели дека оваа докторка била зналец на својата вештина. Била запознаена со напредниот технолошки развој и за новите движења на нејзиното поле и ги применувала во својата работа. Додека работела никогаш не водела грижа за времето и никогаш не ги злоупотребила своите можности кои и биле достапни. За тешко болните го жртвувала слободното време и работела и по 12 часа. Таа вели дека се сеќава како еднаш поради критичен случај на породување останала цела ноќ. Пациентите секогаш ги запознавала за сите можни исходи и затоа тие потполно и верувале. Била исклучително принципиелна и водела грижа за правилата и прописите. Своите должности ги исполнувала со крајна искреност. Понекогаш, дури и мене луѓето ми приговараа дека др. Нусрат Јехан е многу строга. Таа била строга поради правилата а инаку била со меко срце. Великодушноста и чувствителноста беа нејзини посебни особини.

Др. Ноори сахиб вели дека една постара жена која поради проблеми со срцето била примена во Тахир институтот, пренела една случка. Таа раскажува како еднаш др. Нусрат Јехан одела на кај дома и ја видела оваа жена на Акса патот блиску до болницата. Таа сопрела и ја ставила раката на вратот на жената и ја прашала како се чувствува. И потоа токму тука и препишала лек. Нејзината елоквентност исто така била изненадувачка. Нејзиниот татко исто така бил исклучителен говорник. Фозиа Шамим, претседателка на Лаѓна во Лахор, и кажала на Нори сахиба дека секогаш кога таа била повикана да зборува на собирите нејзиниот говор и нејзината личност имале еднакво делотворно влијание на сите присутни. Центарот на нејзиниот говор бил Ахмадијатот, Халифатот и набројувањето на Аллаховите благослови. На неа можел да се види одразот на способност за говорење на нејзиниот татко. Нејзиниот однос со Халифатот бил однос на преданост и искреност. Во текот на состаноците, семинарите, дури и во текот на обиколката на одделенијата таа продолжувала да го повторува говорот на Халифата. Преданоста кон Халифата не била само на зборови. Всушност, и нејзините постапки тоа го одразувале. Таа била пример во вистинска смисла. Др. Мухаммед Асраф вели дека на докторката Нусрат Јахан, Семоќниот Аллах и дал искреност и способност за набљудување. Понекогаш кога лечела некого ја одлагала постапката и подоцна тоа се покажувало како исправна одлука. Била извонреден организатор. Имала полна контрола во работата. Имала навика нештата во целост да ги испита за подоцна да ги користи како упатство. Наспроти нејзината строгост во организационите работи таа била многу љубезна и полна со љубов кон својот персонал. Таа им се придружувала и во среќа и во тага. Нејзиниот круг на емпатија и љубезност не бил ограничен само на роднините, соседите, персоналот и пациентите, туку бил проширен и на роднините на пациентите и на персоналот.

Ние видовме дека сите стекнувале корист од нејзината љубезност. Почитувајќи ја самопочита на сиромашните не дозволувала да се дознава кога им помага. Таа вели дека секогаш водела евиденција, и колку таа знае одделението на гинекологија има најуредна евиденција.

Фузаи Ајаз сахиб, кој е мураби силсила, пишува дека оваа почината докторка била многу љубезна личност. Тој вели дека во 1989 година, кога служел во Џамија Ахмадија во Рабва, се преселил таму со жената и ќерката. Др. Нусрат ја лечела неговата жена. Била многу љубезна и сожалива во текот на лечењето. Била многу љубезна кон неговата жена и неговите деца поради фактот дека тие биле семејство на Вакф Зиндаги (човек кој животот го посветил на религијата). Тој кажува дека неговите деца се родиле под грижа на др. Нусрат сахиба во Фазл-е-Омар болница.

„Секогаш гледавме како се грижи за здравјето на мојата жена и на моите деца. Кога имавме три ќерки, еднаш третата ќерка, која имаше само четири години, отиде кај докторката дома и кажа: ’Ве молам дајте ни брат‘. Докторката кажала дека прави дови и дека Аллах ќе и подари брат. Така, кога повторно чекавме дете, др. Нусрат лично правела дови за нас и за довите му пишувала на хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. и рекла дека сите нејзини пријатели прават дови за нас. Така Семоќниот Аллах не благослови со машко дете. Кога бебето се роди таа лично дојде кај нас дома, ја зема нашата ќерка и го покажа бебето и кажа: ’Овде е твојот брат бебе‘. Потоа мојата жена ја донесе дома.“

Многумина не-ахмади пациенти исто така доаѓале кај неа. Еднаш таа сама кажа дека не-ахмад оџа ја довел својата жена кај неа. Биле во брак неколку години но немале деца. По лечењето неговата жена забременила. Затоа таа кажала дека сега кога добила прилика полни девет месеци ќе ја пренесува пораката. Токму тоа и го направила без било каков страв и двоумење.

Тахир Надим сахиб од арапското одделение вели дека др. Нусрат сахиба повеќе се ослонувала на довите одошто на медицината. Тој вели дека кога дошол во Лондон, неговата жена останала во Рабва и требало да има операција но се појавиле одредени компликации. Др. Нусрат сахиба му кажала дека кога се појавиле компликациите таа плачела и во своите дови го молела Бог: „О мој Боже, ова е жена на Вакф Зиндаги, нејзиниот маж е отсутен, имај милост кон неа.“ Наскоро по тоа со Аллаховата милост крварењето престанало и повеќе не била потребна операција.

За гостопримството на починатата, Тахир Надеем сахиб вели дека еднаш поради Ал Хиварул Мубашер, Арапска програма, работеле Арапи Ахмади и престојувале во куќата за гости број 53 близу до Фазл џамијата. Таа исто така живеела таму. Еден ден со ќерката правела сладок леб во кујната. Рекла дека лебот го прави за Арапите кои се тука поради програмата и на тој начин и таа ќе му се придружи на овој џихад и ќе заработи голема награда.

Мубашар Ајаз сахиб, директор на џамијата во Рабва, вели дека нашата докторка носела покривало и била способна и активна како војник. Таа извршувајќи ги своите задачи покажувала најдобар пример за покривањето. Жените кои приговараат во врска со покривањето треба да се осврнат на неа и да се вдахнат со нејзиниот пример. Др. Нусрат Јехан долги часови работела во своето покривало и никогаш не покажала умор.

Др. Султан Мубашер вели дека и тој и таа живееле во квартот Садр Анџуман. Во тие денови во Рабва атмосферата била многу срдечна. Луѓето биле непосредни и секојдневно посетувале едни други. Тој е син на маулан Дост Мухаммед Шехид кој бил пријател на маулан Абдул Малик Кхан сахиб. Бидејќи синовите на маулан Абдул Малик Кхан сахиб во тоа време не биле таму, маулан Дост Мухаммед Шехид сахиб побарал од своите синови да ја посетат куќата на маулан Абдул Малик Кхан сахиб во случај на некаква потреба. Така и двете семејства биле непосредни едни со други. Тој кажува дека после тоа примил упатства од др. Нусрат Јехан сахиба и исто така работел како нејзин колега во Фазл Омер болницата. Тој кажува дека ако и направил нешто за неа, колку и да било малечко таа била исклучително благодарна и давала подароци и нему и на жената и на децата.

Тој вели дека рахметли докторката секоја година доаѓала во Лондон за да го усогласи своето одделение за гинекологија со врвната технологија на ОБГЈН. Самата го плаќала своето патување и не била на товар на Џемаатот. Исто така, со помош на другите нарачувала нови апарати. Тој кажува дека др. Нусрат Јехан сахиба работела многу напорно за конструкција на нова операциона сала во Зубаид Бани крилото но не можела да го користи. Нека Аллах ги оспособи другите доктори тоа да го користат како треба.

Во фазл Омер болницата одделението за гинекологија имало само една соба. Денес има цело крило што е жив доказ за напорната работа на др. Нусрат Јехан, на нејзина решителност, приврзаност и љубов.

Нејзината медицинска сестра, Џамила сахиба вели дека е многу тажна поради нејзината смрт. Зборува колку била фин и надарен лекар. За неа водела грижа како за нејзините деца. „Таа се грижеше за нас. Ако и дојдеше сиромашен пациент таа му ги враќаше пари и му даваше и за лекарства.“

Друга медицинска сестра, Мусарат сахиба, вели дека др. Нусрат била чувствителен учител и надарен доктор и таа под нејзиното водство работела повеќе од 31 година. Била полна со љубов, многу искрена и секогаш подготвена да ги пружи рацете за помош. Била тешител за постарите и покажувала љубов кон децата. Имала многу љубов за пациентите и секогаш и на нив и на персоналот им давала упатства за висок морал и добро владеење. Секогаш била подготвена да ги послуша наредбите на Халифата на времето.

Една нејзина пациентка раскажува дека ја лечела и бидејќи таа била жена на мураби била многу љубезна со неа. Требало да и направат ултразвук. „Докторката и кажа на помошничката да ме одведе на ултразвук но таму имаше голема редица и немаше каде да се седне. Една сиромашна жена седеше на столчето и помошничката се обиде да и го земе за да ми го даде бидејќи не се чувствував добро. Можеби таа сметала дека јас треба да седнам бидејќи бев со докторката. Но токму тогаш докторката донесе друго столче и ми го даде оставајќи ја кутрата жена да седи.“

Друга докторка раскажува како др. Нусрат Јехан имала многу почит за Џемаатот. „Таа имаше длабока љубов кон Халифатот. Своите колеги, доктори и персоналот ги советуваше да развијат личен однос со Халифа-тул Месих и што повеќе да му пишуваат. Секој пат кога му пишуваше на Хузур бараше дови за нас. Секој пат кога ќе примеше писмо од Хузур наглас го читаше. Среќата во нејзините очи беше неверојатна. Таа за нас беше ментор кој ни даваше вдахновение за верата. Посветувајќи го животот (на служењето на верата) таа ги жртвуваше финансиските и световните удобности. Ни даваше примери од својот живот и не мотивираше да правиме вакф и на разни начини да му служиме на Џемаатот. Работејќи со неа ние секој ден се чувствуваме вдахновени во верата и во нашите срца се палеше огнот за вакф.“

Абид Кхан сахиб, нашиот секретар за печат пренесе една случка за нејзината преданост кон Халифатот.

Тој ми кажа дека Нусрат Јехан му рекла да дури и ако само ’по пат‘ слушне нешто од Хузур, дури и да не е наредба, тој сепак треба да постапува според тоа. Толку многу имала почит за Халифата. Ова бил стандард на послушност која таа го имала.

Постојат многу приказни кои овде не можат да се прочитаат. Една жена раскажува како еднаш одела во канцеларијтаа на Лаѓна која се наоѓала зад болницата. „Докторката ме сретна и ме праша каде одам, јас и кажав дека одам во Лаѓна салата поради обврски. Таа на својот возач му кажа да ме однесе до Лаѓна бидејќи одев поради работата за Џемаатот. Потоа кажа дека автомобилот на Џемаатот го користи само во служба на Џемаатот.“

Нејзината ќерка Нудрат Ајша сахиба вели: „Мојата мајка беше извонредна мајка и многу нежна личност. Секогаш правеше дови за нас. Секој пат кога имав проблеми нејзе ја повикував и бев безгрижна. И потоа, со Божјата милост, сè доаѓаше во ред. Потоа таа бараше од мене да клањам сеџда шукур (сеџда на благодарноста). И наспроти многуте одговорности таа имаше животна улога во моето воспитание. Беше толку силна жена што ме негуваше и како мајка и како татко. Понекогаш кога не можеше да ми обрне доволно внимание брзо реагираше и ми кажуваше дека работата која ја работи во служба на луѓето е многу поважна. ’Нека Аллах Лично се грижи за потребите на мојата ќерка.‘

Секогаш ми зборуваше дека мојот дедо (нејзиниот татко) и зборувал за две работи: едната е ослонување на Бог, а другата е врската со Халифатот. ’Јас тебе ти ги советувам и двете работи. Секогаш ослонувај се само на Аллах и чувај го силниот однос со Халифата, и исто така своите деца поврзи ги со Халифатот‘.“

Таа вели дека нејзината мајка му пила исклучително верна на Халифатот. „Кога се разболе и кога требаше да биде ставена на вентилатор, клањаше намаз и го учеше Чесниот Кур‘ан од мојот мобилен телефон. После тоа побара хартија и молив. На него беше напишано: ’Продолжи да бараш дови од Халифата на времето‘.“ Таа вели дека нејзината мајка била искрена и исполнета со љубов за да му служи на Џемаатот.

Во Фазл-е-Омер болницата таа започнала да работи во мала соба за консултации каде на една страна се наоѓал каучот а на друга страна столчето. Поради нејзините дови и љубов за служење Семоќниот Аллах прво ги наградил со одделение за пород а потоа и со одвоена зграда на одделението за гинекологија. Ова крило стана успешна единица благодарејќи на нејзината напорна работа како и благодарејќи на напорот на персоналот. Таа одела во Лахор и во Фаислабад да купува опрема. „Јас исто така неколку пати одев со неа и ја гледав како собира цени од разни фирми и настојува колку што е можно повеќе да ги заштеди парите на Џемаатот.“

Еднаш кога мојата ќерка Алиа беше во посета на Рабва на две недели таа и дозволи да работи за нејзиното одделение. И кажа да и помогне во куцањето бидејќи таа брзо куцаше. И рекла дека служењето на Џемаатот е привилегија и дека треба да го земе својот дел од таа привилегија. Нејзината работа беше нејзината љубов. Дури и во своите последни денови, кога и да се спомнеше болницата, таа се насмевнуваше. Во периодите кога беше во без сознание ги изговараше имињата на болничките сали за операција и компаниите кои продаваа опрема, на што британските медицински сестри беа изненадени и ме распрашуваа за тоа.

„Таа потполно се ослонуваше на Аллах. Во текот на тешката болест не можеше да зборува. Кога докторите ја ставија на апарат за говор прва реченица која ја изговори беше: „Ќерко моја, препушти го тоа на Аллах.“ И кога јас почнував да плачам таа со очите ми зборуваше да се свртам кон Бог.“

Нека Аллах на нејзината ќерка и подари трпение и цврстина. И нека Аллах даде да го исполни советот кој нејзината мајка и го дала. Нека Аллах секогаш ја чува нејзината ќерка и нејзините деца во Својата заштита. Нека Аллах ја воздигне нејзината положба. И нека Аллах на Фазл-е-Омер болницата и подари повеќе доктори кои служат со љубов и верност на Џемаатот и со послушноста кон Халифатот. И на оние кои веќе служат, нека Аллах им ја подобри работата.

По џума намаз јас ќе клањам џеназа намаз во отсуство на овие двајца починати.