In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Раза Саллеем: Пример за младите

Денешната хутба во петок, Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја изврши во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. По ташахуд и сура Фатиха, Хузур рече дека секој кој дошол на овој свет еден ден ќе го напушти и не постои ништо вечно на светот, и никој нема да остане засекогаш. Некои му се враќаат на Возвишениот Аллах уште како  деца, други во раната младост, а останатите ја доживуваат староста. Меѓутоа, постојат и луѓе кои врвот на годините го доживуваат, што Аллах тоа го спомнал во Чесниот Кур‘ан, како ’Арза-ул-Умер‘. Во тие години тие се враќаат во состојба на зависност и го губат знаењето слично на состојбата на децата, и конечно му се враќаат на Создателот.

Без оглед во кои години душата ќе го напушти телото, роднините чувствуваат голема тага и жалост. Меѓутоа, сигурно постојат луѓе кои кога ќе го напуштат овој свет оставаат голем круг на луѓе кои тагуваат, и, ако драгата личност наеднаш и во младоста се пресели, тагата е уште поголема. Возвишениот Аллах ги советувал оние кои доживуваат загуба да го учат Ина Лилах е Ваина Алла-е-Рајеехоон. Тоа значи дека му припаѓаме на Аллах и дека на Аллах ќе му се вратиме. Учејќи го ова, и покажувајќи трпение во загубата, Аллах не само што го возвишува статусот на починатиот туку со утеха и мир ги благословува оние кои тагуваат.

Неодамна, сакан млад студент на Џамијата, Раза Салеем во дваесеттата година од својот живот се преселил (Ина Лилах е Ваина Алла-е-Рајеехоон). Еден од неговите роднини рекол дека откако ја слушнал веста отишол да го изрази своето сочувство на неговите родители, и бил изненаден кога мајката на починатиот кажала дека синот и е многу драг, но му е подраг на Оној кој го повикал кон себе. Ова е пример за одговорот и честа на муминот, што може да се види кај следбениците на Ветениот Месија а.с.. Немало плачење и жалост иако тагата била огромна. Кој може да чувствува поголема тага од мајката и таткото поради загубата на детето? Што се однесува до состојбата на таткото, дознав дека кога ја примил веста тој плачел и се молел, но кога добил целосна информација, тој го учел ’Ина Лилах е Ваина Алла-е-Рајеехоон‘ и се смирил. Така, ова е пример за муслиманите каде што толку голема загуба не може лесно да се заборави, но верниците својата тага ја ставаат пред Возвишениот Аллах и се молат за мир на починатата личност.

За оваа случка дознав непосредно пред заминувањето за Германија и додека патував ја добив веста за смртта на овој млад човек. Во текот на патувањето неговото лице неколку пати ми доаѓаше пред очите и имав време да се молам за него. Тој беше прекрасно дете и јас, со оглед на тоа дека често ме посетуваат, имам лична врска и знаење за сите студенти на Џамијата во Велика Британија. Во текот на состаноците, доколку имам време ја започнувам програмата на прашања и одговори. На последниот состанок со овој млад човек се сеќавам дека тој ми постави неколку прашања и јас детално одговорив на нив. Неговиот татко подоцна ме извести дека тој по состанокот кој траеше 15 до 20 минути бил многу среќен и дека во него дошло до одлична размена на знаење. Во текот на состанокот во неговите очи имаше длабока љубов и почит. Кога беше примен во Џамија имав чувство дека можеби повеќе ќе биде заинтересиран за спортот и дека ќе има слична посветеност како сите останати млади луѓе на негови години.

Но ова момче покажа дека мојата проценка беше погрешна. Тој беше многу активен во учењето, без оглед на неговата заинтересираност за спортот, и поседуваше високо ниво на верност и почит кон Џемаатот. Ја имаше страста да стане мечот на религијата и Халифатот. И всушност, практично докажа дека е токму онаков каков што всушност и го  прикажувале неговите пријатели и колеги студенти. Главни карактеристики, кои се очигледни од бројните пишувања на неговите пријатели од џамијата на студентите и неговото семејство, се дека тој бил многу скромен и гостољубив, дека поседувал многу убави манири и исклучителна посветеност кон Халифатот и Џемаатот. Таквите луѓе во сообразност со зборовите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. се вклучени меѓу луѓе за кои Џеннетот е сигурен и тие се пофалувани од сите. Овој млад човек кој поседувал исклучителна посветеност кон верата спортувал за да се чувствува здрав и со сите свои потенцијали да му служи на Џемаатот.

Тој имаше два брата и две сестри. Хафиз Ијаз Ахмед сахиб, кој е учител во Џамијата и кој е задолжен за одделот за планинарење (кој исто така бил со нив) додека ги пишувал деталите од случката, рече дека ден пред да пристигнат на врвот на планината, тие ноќта ја поминале во колиба приближно 500 метри под ридот. Веќе се спуштивме долу на една многу тешка патека и имаше уште десет планинари со нас. Го започнавме патувањето надолу во 8 часот наутро додека времето се уште беше убаво. Одевме надолу кога Раза наеднаш се преврте преку каменот, или пак се лизна, и не можеше да задржи рамнотежа. Падна доле на главата. Иако носеше кацига имаше многу повреди на главата. Докторите веруваат дека бил во несвест или изгубил здив пред добивањето на повредите. Хафиз Ијаз сахиб рече дека тој и уште еден студент на Џамијата, господинот Хумаззун, се обиделе да го фатат (иако го допреле со рака) но за жал не успеале и тој паднал во дупка. Останатите студенти се обидуваа да го спасат тргнувајќи кон дупката но јас не им го дозволив тоа бидејќи беше опасно и можеше уште некој да настрада. Се обидов да им помогнам на останатите студенти и планинари повторно да се искачат со оглед дека веќе беа тргнати кон дупката и никој немаше сила да продолжи поради шокот. Итната служба веднаш по несреќата беше повикана и спасувачки хеликоптер дојде во рок од 20 минути.  Раза беше веднаш тука пред нашите очи и на спасителите им ја дадовме точната локација. Не ни кажаа дека е мртов се додека целата група не стаса до хелидромот. Во рок од еден час сите студенти беа превезени до најблискиот град. Времето, тој ден кога се качувавме, беше ведро и патеката по која одевме кон врвот се нарекуваше ’нормална патека до врвот‘. Таткото на Раза отиде таму и локалните жители му рекоа дека патеката е во ред и дека на неа планинарат и млади и стари.

Еден постар човек му пријде и му кажа дека тој по таа патека шета секој ден. Рече дека сите ја користат таа патека и дека на неа нема ништо опасно, но дека сепак тоа била Аллахова одредба. Го раскажав целиот настан бидејќи луѓето праќаат пораки и даваат погрешни коментари, како тој бил сам, како времето не било за планинарење или пак како немале доволно опрема за таков потфат. Локалните весници спомнаа дека тој ја имал сета потребна опрема и дека ги носел сите работи кои се потребни за планинарење. Сите луѓе кои прават такви болни коментари треба мудро да постапуваат и наместо коментари треба да изразат сочувство кон семејството. Немало грешка во организацијата или во било кој друг, тоа навистина била Аллахова одредба и тие години му ги одредил неговиот Создател. Пријателите кои биле со него силно се потресени и нека Аллах ги утеши, и нека им даде сила да се вратат на своите нормални животи. Сеќавањето на него засекогаш ќе остане но тоа не смее да создаде никаков страв во срцата на студентите на Ахмадија Џамијата.

Салеем Зафар Сахиб пишува дека тој бил негов сакан син и момче со извонредни особини. Бил силно искрен и не би скрил било каква грешка од стравот дека ќе биде укорен. Тој ги прифаќал грешките и бил полн со љубов и грижа за децата. Ако неговата сестра викала по децата тој поради својата чувствителна природа почнувал да плаче и зборувал дека децата не можат да се одгледуваат со тепање и викање.

Тој, со многу среќа на родителите го спомнувал нашиот состанок и така ги вклучувал во својата среќа. Пред состанокот, секогаш ги сечел ноктите од стравот при ракувањето да не ме повреди. Колку луѓе постојат кои толку длабоко и внимателно размислуваат. Секогаш бил среќен, давајќи им ги нештата на другите. Уште од детството кога му давале слатки тој ги чувал и ги делел на своите пријатели и колеги. Секогаш студентите кои патуваат надвор од Лондон ги водел дома на ручек или вечера. Ако храната била подготвена само за него, тој не ја носел се додека не било доволно направено и за другите со кои ја делел собата. Зборувал дека не може да јаде криејќи се од другите. Исто така, облеката на колегите ја носел дома на перење. Имал многу убав однос со своите браќа и сестри, и со полна одговорност работел со нив. Не трошел многу на себе но со отворено срце трошел на другите.

Имал високо ниво на љубов и посветеност кон Ветениот Месија а.с. и Халифатот и никогаш не кажал ниту збор против нив. И не молчел кога би слушнал било какава неправда во врска со нив. Ако слушнал глуп коментар против Ахмадијатот неговото лице се вцрвувало. Бил трпеливо момче и се грижел за своите потреби. Секогаш им помагал на колегите, посебно на оние кои патувале надвор од Европа. Многу луѓе и студенти ми пишуваа дека им помагал со испитите по англиски јазик. Лутењето не било дел од неговата личност и секогаш бил насмеан. Раскажувал пристојни шеги и луѓето тоа го сакале. Бил исклучително точен во намазите и неговиот татко вели дека Аллах му ја дал таа можност својот живот да го посвети на верата. Секогаш ја зборувал вистината и неговиот татко вели дека отсекогаш сакал да стане верски зналец и мисионер. Неговиот татко ме праша и јас му реков дека тој и пред завршувањето на образование во Џамијата станал мураби. Неговото патување навистина било религиско патување. Нека Аллах го возвиши неговиот статус. Амин.

Еднаш отишол за Манчестер поради вакф-е-аарзи и по враќањето некој му дал плик. Откако го отворил видел дека во него има пари. Пликот со парите ги вратил на лицето и рекол дека не му е дозволено да прифати такво нешто. Истата личност ми напишала писмо за едно младо момче кој станал мураби и чие однесување изненадувало, и ако таквите луѓе својот живот го посветуваат на служење на исламот тогаш Џемаатот навистина ќе доживее духовно подобрување.

Неговата мајка рече дека нејзиниот син бил послушен и во Џемаатот и на родителите. Иако постои љубов кон секое дете неговата љубов кон мене беше посебна. За се водеше сметка, ме слушаше, убаво зборуваше за секој проблем, беше полн со љубов кон децата и полн со почит кон старите. Ми помагаше во домашните работи, и од време на време ме прашување дали сум уморна. Никогаш не можеше да поднесе да ме види загрижена и велеше дека не сака да гледа солзи во моите очи. После враќањето од Џамија се интересираше за сите и за сите случувања во текот на неделата. Кога беше дете после доаѓањето од училиште секогаш кога ќе дознаеше дека Халифа-тул Месих IV стигнал во Исламабад одеше да го посети. Велеше дека мора да го види Хузур и дека некое време ќе биде отсутен.

Докторката Нусрат Јахан Сахиб од Рабва овие денови е овде, таа е болна. Ми велеше да се молам за неа и Аллах да и подари здравје. Нека Аллах ги чуе неговите молитви за неа. Ми пишуваше дека сонувала како во петок навечер многу луѓе доаѓаат во нејзината куќа и како отвораат некои слики. Таа се уплашила, се разбудила и на својот маж му рекла да даде садака кога тргне на работа. Меѓутоа, ние лошите вести ги примивме пред тоа.

Неговата мајка вели дека секогаш кога му купувала облека тој тоа многу го ценел и со задоволство ја носел облеката. Бил многу познат по своето гостопримство. Ако некој би го поканил на ручек или вечера тој тоа никогаш не го заборавал. Секогаш кога некој од нив доаѓал во Исламабад тој би ги канел во својата куќа. Пред да тргне на ова патување ја научил својата мајка како на урду јазик да ракува на мобилен телефон за да не зависи од други, да пишува пораки, да знае како е и да може постојано да комуницира со него. Таа рекла дека тој давал се од себе да дејствува во согласност со советите кои му се дадени и истото би го делел со своите пријатели. Тој во една прилика и рекол на својата мајка дека многу сака да стане извонреден мураби, кон сите да го шири зборот на вистината и да им помага на луѓето кои влегуваат во Џемаатот и да бидат горди на него.

Неговата сестра вели дека тој бил многу драг брат. Иако бил млад имал многу возвишено и длабоко размислување. Водел грижа за секој и постојано разговарал со луѓето на теми кои биле во согласност со нивните години. Тој никогаш никој не повредил. Сè би слушал покорно и би одговарал со почитување. Посебна грижа водел за луѓето кои доаѓале во Исламабад поради работа. Тој би им правел чај и друга храна. Секогаш би им служел и луѓето зборувале дека само тоа момче им помага.

Неговиот брат вели дека тој е личност со многу едноставна природа. Тој сите работи ги поедноставува. Неодамна купиле нов автомобил за него и го изненадиле. Првата работа за која праша кога влезе во автомобилот беше колку е неговата цена. Тој рече дека ќе живее многу едноставно бидејќи е мураби и дека не треба да купува и користи скапи работи.

Неговата сестра Аматул Хаффеј сахиб вели дека една од неговите доблести е тоа дека не сака да слуша ништо против било која личност. Има способност да го промени негативното мислење на луѓето во добро мислење. Секогаш зборува дека треба да се концентрираме и да ги цениме добрите одлики и наместо да зборуваме за нивните негативни особености ние треба да чиниме дови за нив.

Еден од примерите за неговата едноставна природа е тоа што кога за бајрам мајка му давала нова облека тој секогаш се грижел тоа да не му се отслика како материјално задоволство. Од тие причини секогаш го носел својот стар капут преку новата облека.

Кудоос сахиб, учител во Џамијата, вели дека го познава Раза од самото детство. Кога момчето кренало на училиште во Џамијата Кудоос бил Шахид на одделението. Иако не поминале многу време заедно во Џамијата често биле заедно во текот на други активност во Џемаатот. Тој работел на Иштемама Кхудам ул Ахмадија и земал учество во програмите на прашања и одговори. Постојано во класот ја имал должноста за чистење и одржување на хигиената. Никогаш не се запрашувал зошто од него постојано се бара да работи во овој клас и наместо тоа секогаш своите должности ги извршувал со преданост, одговорност и почит.

Кудоос сахиб вели дека бил извонредно интелигентен студент. Седел во првиот ред со големо внимание и говорел со насмевка. Тој не памти дека некогаш покажал лутина и секогаш им помагал на другите. Сакал да гледа крикет но секогаш прво го прашувал својот учител пред да оди на натпреварот. Во текот на некоја прошетка ноќта ја поминале во колиба во која не се затворала вратата на бањата. Вели дека од Раза побарале да стои пред вратата на бањата додека била зафатена и дека тој со задоволство ја извршувал оваа должност. Тој и самиот се понудил да ја извршува таа должност и во текот на ноќта ако некој би ја користел бањата.

После прошетката тој требало да замине за Хрватска заедно со својот другар Заафир Сахиб. Но, во текот на прошетката Заафир сахиб го повредил окото и Раза покажал голема загриженост и грижа. На својот колега му рекол дека после прошетката ќе оди заедно со него во болницата за докторот да му го прегледа окото. Заафир сахиб пишува дека Раза му бил многу верен на Ахмадијатот. Една од неговите позитивни особини била преданата работа и постојаната природа полна со почитување.

Захеер сахиб, учител во Џамијата, пишува дека имал прилика да го проучува класот на Раза од пред две години. Една од препознатливите одлики кои ги препознал кај него е таа што било каква работа да му била дадена тој со крајно вредна работа и одговорност ја завршувал. Ако други колеги би ја напуштиле работата тој би останал да работи до завршувањето на работата. Никогаш не поставувал несоодветни прашања. Неговите прашања секогаш се вртеле околу критиките на исламот во западниот свет и тие прашања се поставувале затоа што претходно тој ги дискутирал со некој кој не е муслиман или не е Ахмади муслиман.

Аллах го благословил и посебно во него ја всадил желбата да го брани исламот и Ахмадијатот од секоја критика. Захеер сахиб вели дека двапати го понудил да го вози и тој секогаш го земал својот стап за шетање во автомобилот. Неговиот уред секогаш во себе ги имал снимено аудио верзиите на книгите на Ветениот Месија а.с. и никогаш не содржел никаков несоодветен материјал.

Саед Масхоод сахиб, учител во Џамијата, вели дека бил член во групата на учители. Освен студирањето Раза учествувал и во други дополнителни активности. Во споредба со другите студенти неговото општо знаење било извонредно. Во текот на минатата година тој напамет научил 500 строфи поезија за да може да учествува во натпревар во поезија. Тој не само што ги научил напамет овие строфи туку со помош на учителот го разбрал вистинското значење на истите. Бил многу наклонет во ширењето на пораката (Аллаховите Зборови) и во текот на минатата година бил пратен во Волвер Хамптон по некоја работа и тој не само што ја завршил работата туку и разделил литература/памфлети на Џемаатот и поставил паноа за известување. Во тој период се сретнал со некој христијанин кој Раза го информирал за Ахмадијатот и патувањата на Иса а.с. (Исус Христос) кон Кашмир. Овој христијанин со интерес го слушал и дури се согласил да појде во посета на Џамијата. Раза со група студенти бил и во посета на Шпанија каде поделил 50.000 памфлети.

Мансоор Зиа сахиб, инструктор во Џамијата, пишува дека Раза бил студент со блага природа, дека на неговото лице не се покажал знак на лутење освен кога некој го критикувал Халифатот или Ахмадијатот. Ова е одраз од фактот дека неговото срце било полно со љубов кон Халифатот. Тој знаел многу за работите кои се кажувале при одржувањето на хутба во петок и тој активно учествувал во дискусиите на таа тема во класот. Заедно со своите учители често ги ширел Аллаховите зборови и го бранел Ахмадијатот на општествените медиуми со подготвени одговори на сите обвинувања.

Неговиот школски другар Сафеер Ахмад сахиб пишува дека, бидејќи бил од Белгија, Раза знаел дека за времето на викендот патува. Затоа Раза секогаш го водел дома на јадење. Секогаш му помагал со англискиот јазик бидејќи тој бил слаб во тоа. Друг школски колега вели дека бил со блага природа и секого го сретнувал со радост. Секогаш бил подготвен да им помогне на другите. Кога се поставувале маси со книги и информации за Џемаатот Раза секогаш активно се зафаќал со луѓето кои доаѓале да добијат информација. Тој имал многу знаење и ги собирал и другите поради рекреативни активности. Тој се сеќава на една случка во август во 2014 година, кога поставувале маса за пренесување на пораката една група на Британци дошле први до нив и почнале на Раза налутено и грдо да му поставуваат прашања. Меѓутоа, Раза им одговорил многу трпеливо и љубезно така што овие биле импресионирани и се увериле дека Ахмади муслиманите не се екстремисти.

Заафар сахиб вели дека еден ден додека биле во Џамија тој станал и земал маркер во рака. На колегата му викнал како губат многу слободно време во Џамија и овој пат мора да испланираат да бидат многу по продуктивни. Исто така планирале со учителите да се договорат во текот на слободно време да проучуваат други предмети. Во текот на минатата програма на пешачење, секогаш кога Заафар сахиб би се сопнал на планината, Раза сахиб бил многу загрижен и му зборувал дека мора да оди со полно внимание. Минатата година во текот на една прошетка Заафар сахиб кој се плашел од височини постојано бил прашуван од страна на Риза сахиб за неговата состојба и редовно го тешел не знаејќи што било запишано во неговата судбина. Во викендите ги проучувал нападите врз Џемаатот и од учителите ги барал одговорите.

Хафиз Таха сахиб, студент во Џамијата, вели дека Раза со целото срце му бил предаден на Халифатот и ја сакал оваа институција. Тој не поднесувал било кој да каже нешто против институцијата на Халифатот.  Еднаш некоја личност (која се оддалечила од Џемаатот) рекла нешто против Халифатот. Раза му рекол дека може сè да поднесе освен лоши забелешки против институцијата на Халифатот.

Даијал, друг студент во Џамијата, вели дека по минатогодишното патување сите ги слушале поуките за овогодишно пешачење од страна на Хафиз Илијас сахиб и Раза бил задоволен. Сите правеле видео снимки на телефон и ги праќале на другите колеги. Тој секогаш настојувал колку што може да ги развесели другите. Настојувал што помалку да губи време. Секоја недела проучувал некоја нова книга и настојувал да не го пропушти тахаџуд намаз. Од своите пријатели барал да го разбудат ако веќе не се разбудил.

Освен студиите на Џемаатот сакал да ги проучува и другите предмети. Многу сакал поезија и имал големо општо знаење. Луѓето му пишувале на Хузур за неколку случки кои ги одразуваат неговите доблести. Нека Аллах ја воздигне положбата на починатата душа и нека му даде место меѓу Своите омилени. Амин.

Како што порано спомнав, овој млад човек веќе беше верски зналец и мисионер иако се уште ги немаше завршено студиите во Џамијата. Имаше посебна љубов, чест и почит за институцијата на Халифатот. Нека Аллах го благослови секој студент на Џамијата секаде во светот да напредува во искреноста и верноста на своите должности кон Џемаатот. Пријателите на Раза нема само да ги спомнуваат неговите добри одлики туку барањето на добро пријателство е да и тие ги прифатат истите одлики и да ги употребуваат во служењето на религијата. Нека Аллах на мене и на Халифите им овозможи така предадени помошници. Амин.

Нека Аллах им подари мир во срцето на родителите, браќата и сестрите на Раза. Амин.

Нека бидат приматели на Аллаховите благослови и нека Аллах ги заштити од голема загуба и тешки ситуации во иднина. Амин.

После џума намаз Хузур предводеше џеназа за Раза Салеем.