In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Саканиот Мухаммед Осман Чоу (Чини сахиб)

По учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

„Пред неколку дена ценетиот член и зналец на Заедницата, почитуваниот Осман Чини сахиб почина. Инна Лиллах Инна Илејхи Раџи‘уун (Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме).

Семоќниот Аллах преку Своја посебна одредба го довел во Пакистан од далечните делови на Кина, и го оспособил да го прими Ахмадијатот. Тој напишал автобиографија во која го расветлил својот однос со Семоќниот Бог, за тоа како Он го упатил кон прифаќањето на Ахмадијатот, стекнувањето на знаење и посветување на животот на служење на вера.

Ова се настани кои дават вдахновение за верата. Таму се наоѓаат многу информации за неговите околности, неговиот живот и неговото служење, како и на карактерот, што според тие особини може и книга да се состави. Според моето мислење, Мајлис Кхудан Ахмадија на Пакистан оваа задача може да ја исполни на соодветен начин.

Осман Чини сахиб бил познат како ’Осман Чини‘, а неговото полно име било Мухаммед Осман Чунг Саи Чоу. Починал на 13 април 2018 година. Роден е во муслиманско семејство на 13 декември 1925 година во кинеската провинција Анхуи. По завршувањето на висока школа во 1946 година завршил и година за напредни студии на Нанчанг универзитет пред да продолжи со школување и да се стекне со диплома за политика на Нанчанг националниот централен универзитет. Меѓутоа, во 1949 година доаѓа во Пакистан. Откако лично ги истражил околностите дал завет на баи‘ат (завет на верност), и му се придружил на Ахмадија џемаатот. Во април 1957 година го положил Шахадатул Аџаниб испитот. Тоа бил краток курс за мисионери. Животот го посветил на служењето на верата на 16 август 1959 година и неговото прво поставување било во јануари 1960 година. Со цел да го заврши курсот за обука на мисионери тој повторно во 1961 година се запишал во Ахмадија Џамија и во 1964 година ја завршил по стекнување на Шехид степенот.

Имал прилика да служи во Пакистан, во Вакалат-е-Таснееф, Тахрик-е-Џадид, во Рабва како вакф (оној кој животот го посветил на служење на верата) и исто така бил во служба како мисионер во Карачи и Рабва. Во 1966 година имал прилика да служи во Сингапур и Малезија. Во Сингапур останал околу три години, а во Малезија поминал скоро четири месеци. Во 1970 година се вратил во Пакистан и бил во служба на разни места како мисионер. Исто така, имал чест да изврши умра и аџилак на Аллаховата куќа.

По преселувањето на хазрети Халифа-тул Месих IV р.х. во Лондон основани се многу служби. Со зголемен напор основан е кинески отсек кој работел на преведување на литература за Заедницата. Потоа бил повикан во Велика Британија. Имал прилика да преведува книги на кинески јазик. Посебно вредно за спомнување е кинескиот превод на Чесниот Кур‘ан. Исто така, напишал книги за верувањата и учењето на Заедницата. Зад себе оставил жена, син и две ќерки.

Англиски наслови на литература која ја подготвил Чини сахиб и кои се подготвени под неговиот надзор се:

’Мојот живот и потекло/предци‘ на кинески;

’Вовед во смртноста‘ на кинески.

Тој напишал седум книги. Покрај тие тука се и отприлика триесет и пет книги кои тој ги превел или се преведени под негови надзор. Тој ја напишал:

’Преглед на Ахмадија муслиманскиот џемаат‘ во која го претставува на Џемаатот;

’Прегледот на исламот‘ во која го претставува исламот;

’Темелни прашања и одговори за исламот‘ која опфаќа основни прашања за исламот;

’Исламскиот концепт на џихад и Ахмадија муслиманскиот Џемаат‘ книга напишана на кинески јазик;

’Придонес на Ахмадија муслиманска заедница кон светот‘.

Исто така пишувал за потреба од исламот и религијата во личниот живот. Ова се негови научни остварувања кои на кратко ги спомнав.

Што се однесува до неговиот семеен живот неговата жена пишува:

„Кога од Пакистан примив предлог за мажење со Осман сахиб на почетокот мојот татко не се согласуваше поради разликата во годините.“

Неговата жена исто така Кинескиња вели:

„Јас имав дваесет и три години а Осман сахиб скоро педесет години. Мојот татко неколку месеци молчеше за предлогот. Кога конечно ми кажа го стави писмото пред мене за да можам сама одлучам.“

Потоа таа вели:

„Јас во сон видов како стојам на големо поле во страна земја со празни раце. Наеднаш низ мојот ум помина мисла за тоа што ќе се случи со мене. Во исто време во далечина видов личност облечена во бело и слушнав глас кој ми велеше дека сите мои барања токму преку оваа личност ќе бидат исполнети.“

Таа понатаму вели:

„Откако го видов писмото (предлог за брак) во сон го видов и Осман сахиб облечен во бело како стои покрај мене додека јас лежам. Кога подоцна ми беше покажана слика на Осман сахиб се уверив дека ова е токму човекот кого јас го видов во сон. Како резултат на ова го прифатив предлогот. Четири години бевме верени.‘

Понатаму таа вели:

„Осман сахиб во сон видел дека неговата жена ќе дојде кога Мао Це Тунг ќе умре.“

Во тоа време Мао Це Тунг, кој бил претседател (на комунистичката партија) на Кина, не бил болен и всушност бил со добро здравје и живеел удобен живот. Сепак, на ова таа кажала:

„Се чинеше дека засекогаш ќе чекаме во несигурност. Чини сахиб решил да напише писмо на Мао Це Тунг и вели:

„Бев на пат да го пратам писмото кога ги примив вестите за смртта на Мао Це Тунг.“

Потоа неговата жена пишува:

„Неколку дена по неговата смрт јас добив пасош.“

За Осман сахиб таа пишува:

„Тој беше добар маж, всушност, беше и мој духовен водач. Беше трпелив човек и нештата ги објаснуваше со длабочина користејќи разни примери. Водеше грижа за своите роднини. Неговата мајка доаѓаше од Кина во Пакистан и тој се грижеше за неа.“

Таа вели дека времињата биле тешки и тие можеле да си дозволат  само по едно шише млеко на ден. Сепак, тој тоа шише го давал на мајка му. Кога и да одел на пат тој ја водел и мајка му. Чини сахиб цело време се грижел за мајката.

Таа вели:

„Неговиот живот беше оцртан од неговата преданост на работата. Кога беше со добро здравје до доцна вечер работеше во канцеларија, а понекогаш и цела ноќ до сабајле. Дома најмногу се грижеше за воспитувањето на децата. Во изборот на облека и храна беше многу едноставен.“

Неговата постара ќерка, др. Курратул-Аин пишува:

„Тешко ми е со зборови да ги опишам атрибутите на мојот татко. Тој беше љубезен, вреден, неуморен, понизен и човек со оптимистички дух. Во нашето детство не помнам дека не прекорувал туку секогаш нежно ни објаснуваше за сè. Единствено, строгоста ја покажуваше кога во прашање беше редовното извршување на сите дневни намази.“

Многу се грижел дали неговите ќерки се покриени додека се на универзитетот. Им наложил да бидат покриени додека се на универзитетот и само ако е неопходно да ги симнат марамите во текот на часот, но тогаш не смееле да имаат било каква шминка.

Неговата помлада ќерка Мунезеха пишува:

„Покрај петте дневни намази во Џемаатот, тој своите деца ги поттикнуваше да извршуваат и тахаџуд намаз (доброволен намаз пред зора). Тој не будеше поради намаз така што не прскаше со малку вода. Тој бараше да читаме книги од Ветениот Месија а.с. и од Халифата. Тој со нас со часови седеше трпеливо одговарајќи на нашите прашања и се возбудуваше и на најмали работи.“

Ова е пример за сите родители.

Неговиот син Давуд сахиб пишува:

„Кога бев млад и кога одев во канцеларијата на мојот татко ако сакав да употребам пенкало или молив оттаму, тој тоа не ми го дозволуваше. Тој на мојата мајка и зборуваше: ’Купи му пенкало бидејќи му треба‘. Ако некогаш имавме потреба нешто да копираме, тој ни наредуваше од дома да донесеме хартија и само тогаш можевме да го користиме фотокопирот.“

Тој  понатаму вели:

„Бараше од нас да ги научиме сите Божји атрибути и да ги научиме сите Божји имиња кои ги одразуваат Неговите атрибути. Напиша поема на кинески јазик која ги воздигаше сите сто Божји атрибути. Тој оваа поема ја рецитираше секоја ноќ. Исто така, знаеше да направи натпревар помеѓу нас децата за тоа кој најмногу запомнил Божји атрибути и за тоа ни даваше награда.“

Чини сахиб напишал дека кога од Кина дошол во Рабва старешините на Рабва намазите и ибадетот го извршувале со голема жар и страст, постеле, останувале во итикаф (се повлекувале во осаменост), упатувале дови кон Семоќниот Бог а тој ги слушал нивните дови и молби. Тоа имало големо влијание на него, и тој ветил и се заколнал дека ќе оди по нивните стапки.

Хузур а.т.б.а. прочита многу писма од неговите пријатели и другари кои одале почест на неговите извонредни одлики.

Атал Мујееб Рашид сахиб дал кратка содржина за вистинитоста на неговиот живот. Тој пишува:

„Тој беше човек со возвишен карактер. Јас размислував за атрибутите на Чини сахиб. Меѓу нив се наоѓа и тоа што тој секогаш беше зафатен со ибадет и неговите дови беа примани. Исклучително беше точен во извршувањето на намазите. И наспроти болеста и слабоста тој секогаш одеше во џамија. Беше побожен човек, верен на Бог, човек кој никого не би повредил. Секогаш за секого сакаше сè најдобро и на сите им даваше корисни совети. Беше едноставен и искрен човек. Беше многу гостопримлив и секогаш покажуваше голема великодушност кон своите гости. Беше исклучително храбар. И наспроти слабоста секогаш беше активен во служба на верата. Своите должности максимално ги исполнуваше искрено и со љубов. Неговата желба и преданост да и служи на верата беа очигледни. Беше понизен и вистински верен слуга на Хилафет-е-Ахмадија. Со секого се сретнуваше со отворена и сјајна насмевка како и со безброј други позитивни особини.“

Сето што е спомнато досега е вистина.

Нека Семоќниот Аллах продолжи да ја воздига положбата на Осман Чини сахиб и нека на неговата жена и подари трпение и цврстина, и исто така нека стане нејзиниот помошник и старател. Понатаму, Нека Семоќниот Аллах ги оспособи неговите деца да станат приматели на неговите дови и доблести и нека ги оспособи да ги следат неговите стапки.

По џума намаз јас ќе клањам џеназа, иншаАллах.