In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Особеноста на искрените верници

По ташахуд, тавуз и сура Ал Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V рече дека прво сака да спомне нешто во врска со ова место кое Џемаатот го добил за одржување на џума намаз, и како што велат место во кое ќе се одржи и следната џума. Поради близина на местото до аеродромот и поради доаѓањето и заминувањето на авионите, можно е понекогаш да има бучава и да биде силно бучно.

Хузур а.т.б.а. рече дека и наспроти таа бучава, тој ќе се обиде да зборува доволно гласно за сите присутни да можат да ги разберат неговите зборови. Ако звукот на авионите остане на моменталното ниво тогаш тоа е подносливо. Во секој случај, џума намаз не може да се одржува во Баит-ус Субух, бидејќи местото е премало.

Понатаму кажа дека тие не можеле да добијат ниту една друга сала или пак по пристојна цена да изнајмат друго место. Меѓутоа, Хузур а.т.б.а. кажа дека сепак можела да се најде сала на друго место ако на време биле направени напори за тоа. Нашите луѓе имаат навика работата да ја започнуваат по последна минута и посакуваат таа да биде завршена до крајот на денот. Со Аллаховата милост задачите во Џемаатот често се завршуваат во итни ситуации и начин на кој ние ги исполнуваме тие задачи помалку или повеќе не може да се спореди со другите. Меѓутоа, ова не значи дека не треба однапред да планираме. Поради премногу размислување, невнимание и не обрнување на внимание сè уште не сме добиле дозвола за одржување на џума намаз или на другите програми во новите згради од друга страна на Баит-ус Субух, Баит-ул Афијат.

Хузур а.т.б.а. понатаму рече дека веднаш штом бил купен Баит-ул Афијат требало сериозно да се започне со добивањето на дозвола за да се направат било какви измени за неговото користење. Ако веднаш било започнато со работа, тогаш денес не би се соочувале со вакви големи препреки.

Хузур а.т.б.а. рече дека можеби Амир сахиб и управата ќе кажат дека тоа не е темелна причина или пак дека тоа е неизбежно. Во секој случај, тоа е нивната слабост, бидејќи по навика работите ги оставаат за подоцна, поради што денес се соочуваме со тешкотии.

Нека Возвишениот Аллах џ.ш. и даде мудрост и разум на управата, нека ги сочува од непромислено однесување и нека им овозможи своите должности да ги извршуваат правилно, разбирајќи ги фактите и стварноста. Бидејќи вие сте ги избрале своите раководители, вашата должност е постојано да се молите за нив својата работа да ја извршуваат мудро и одговорно.

Хузур а.т.б.а. рече дека втората опција е на џума намаз да присуствуваат само мажи, но не и жени. Во Пакистан и во некои други места, каде постои спротивставување кон Ахмадија муслиманската заедница, жените се ограничени во поглед на присуството на џума намаз. Во Алжир за нас е строго забрането одржување на џума намаз. Но, таму постојат ограничувања поради неправедните закони и поради стравот од противниците, додека овде постои верска слобода така да било какви ограничувања се само поради слабоста во организацијата и невниманието во одредени работи.

По овие зборови, Хузур а.т.б.а. рече дека за денешната хутба избрал поинаква тема. Меѓутоа, бидејќи требало да предводи џеназа намаз за починатите, некои од нивните приказни се откриле и поради тоа одлучил да каже нешто за нив. Приказните ги вклучуваат шехид, мисионер, и внуката на Ветениот Месија а.с.. Некои од особеностите кои тие ги поседувале се пример на милост за сите луѓе во Џематот, пример за сите нас и од нив можеме да извлечеме поука.

Потоа, Хузур а.т.б.а. рече дека смета како е примерно детално да зборува за нив а не само на кратко да ги спомне. Сите тие го исполниле својот завет и своите намери, и дале предност на вера над световни работи и во таа состојба се вратиле на својот Создател.

Прв од починатите е нашиот брат шехид, професор во пензија др. Асхфак Ахмад Сахиб, кој во минатиот петок станал шехид. Бил син на Шеикх Султан Ахмад Сахиб од Лахор и имал 68 години. Минатиот петок седнал во својот автомобил и тргнал на кај Баит-ул Таухеед џамијата на џума намаз. На патот еден непријател на Ахмадијатот, кој бил на мотор, пукал во него и го убил. Сигурно сите му припаѓаме на Аллах џ.ш. и Нему ќе Му се вратиме.

Ахамдијатот во неговото семејство започнал преку дедото на неговиот татко, Шеикх Абдул Кадир Сахиб, кога Ветениот Месија а.с. бил во Лудхијана. Неговото семејство е по потекло од Сангроор, Источен Пенџаб во Индија. Откако старешината на тоа подрачје, Пир, Меераан Бакш Сахиб го прифатил Ахмадијатот, го повикал дедото на шехид истото да го направи. Дедото заедно со своето семејство му се придружил на Ахмадијатот.

Со Аллаховата милост починатиот бил Мооси. Имал огромна љубов кон Халифатот. Бил редовен во извршувањето на Тахаџуд намаз. Бил многу гостољубив и им помагал на луѓето. Секогаш им се придружувал на оние кои вршеле должност и бил силно побожна и искрена личност. Секогаш бил на чело на служењето на Заедницата и имал висок морален стандард. Бил ентузијаст во повикувањето на другите кон Бог. Бидејќи имал висок морален стандард и бил силно пријателски настроен и дружељубив, секогаш бил прифаќан од страна на студентите и колегите. Често ги повикувал колегите дома на вечера, каде на добар начин ја претставувал Ахмади заедницата. Поради тоа понекогаш добивал по нешто благо но тој не се грижел за такви работи. Од детството имал голема страст да и служи на Заедницата. Работел во разни оддели на Џемаатот. Откако се сместил во Сабсазаар, одлично служел како Садр и Наиб Зеем-е-Ааала. Оваа година бил поставен  за секретар на Даваталиллах во АламаИкбал Град во Лахор. Одлично ја започнал оваа задача и формирал програми.

Неговиот брат вели дека шехидот имал сон во времето на Хазрети Халифа-тул Месих IV р.а.. Неговиот брат вели дека наеднаш на сонот се сетил после два дена. Рекол дека во сонот видел како во џамијата во подрачјето кое не им припаѓа на Ахмадијатот се известува дека Хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. се преселил. Во сонот видел дека во сандачето пред куќата стои нож. Тој ова го толкувал, во тоа време, дека вадењето на ножот се всушност жртвите кои Џемаатот ќе мора да ги претрпи.

Во сонот најавувањето на смртта на Хазрети Халифа-тул Месих IV р.а.. значело дека во текот на неговото време Заедницата ќе напредува до таков степен што неговата смрт ќе биде посебно прогласувана од говорниците.

Според неговото мислење овој сон бил исполнет преку прогласи кои се емитувани на МТА а ножот укажувал на убиството на овој убиен (шехид). Ова било негово толкување кое се чини дека е точно – односно убиство кое токму и се случило.

Вториот починат за кој ќе зборувам е почитуваниот х. Насир-уд-Дин сахиб, мисионер на должност во источна Годовара, Индија, кој починал на 7 април 2017 година поради давењето во Годовара реката. Имал 42 години – Навистина на Аллах џ.ш. му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.

Таткото на починатиот, уважениот А. Схахил Хамеед, бил прв Ахмад во својата област, додека неговата мајка, уважената Цхила Кероби сахиба била меѓу пионерите на Ахмадијатот (во таа област). Починатиот дипломирал во 2000 година во школото (Џамија Ахмадија)  во Кадијана и служел во разни области на Теленган и Ахдхра провинцијата како исклучително успешен мисионер. Исто така служел во еден од поголемите Џемаати во Схинта Конта. Тој на сите џемаати внимавал така што ги обучувал со голема мудрост. Во времето на неговата смрт служел како мисионер на должност во Годавара областа.

Неговата жена вели дека морале да живеат на одредени места каде бил само центарот на Џемаатот и затоа со жената и децата клањал намаз во Џемаатот и им држел дерс (предавање за Чесниот Кур‘ан) и со таа пракса продолжил сè до денот на смртта. Во тоа е големата поука за членовите на Џемаатот, посебно за оние кои живеат далеку и никој не им доаѓа поради намазот, но и тогаш намазот мора да се клања макар и така што ќе го соберете семејството да направи собир. Наспроти острото спротивставување тој останал верен на својот вакф (завет дека животот го посветил на служењето на верата) и никогаш не му пишувал на Центарот и барал да биде преместен.

Неговата едноставност била таква што неговата жена кажува како тој никогаш не купил мебел и во домот воопшто немале личен мебел. Секогаш зборувал дека тие животот го посветиле на верата и дека ќе одат каде и да им одреди Џемаатот, и затоа нивниот личен мебел и личните работи не треба да им бидат препрека при преместувањето од едно место на друго. Според она што Џемаатот им го дал спрема тоа тие треба и да се управуваат и снаоѓаат. Ова е исто така пример за вакф-е-зиндаги (за тие кои животот го посветуваат на верата).

Минатата година бил преместен во Амла Порум и таму толку бил предаден на подучувањето на Чесниот Кур‘ан на децата што секој ден по еден километар одел пеш или на велосипед, ги подучувал децата и се враќал назад. Ова е исто така пример за мисионерите.

Исто така зборувал дека често во сонот го гледал хазрети Муслех Мауд р.а. и својот татко и секогаш неговиот татко му давал знак и го повикувал. Според тоа, од таа точка на гледиште тој го стекнал статусот на шехид, и поради тоа што бил отсутен служејќи и на верата и во текот на тоа време го загубил животот му дава форма на шехид. Тој бил исклучително верен, извршувал тахаџуд (доброволни намази пред зората) и бил исклучително храбар муџадид (оној кој се бори) на полето на проповедувањето и многу пати бил фатен од страна на противниците кои физички го прогонувале.

Еден муалим, Вазир сахиб кажува дека починатиот бил редовен во извршувањето на тахаџуд намаз, дека своите намази ги клањал со крајна понизност и жар, секојдневно го учел Чесниот Кур‘ан, дека бил со исклучително добра нарав и примерна личност. Имал посебна љубов кон Халифатот и на големо водел грижа за клањањето намаз во Џемаатот. Бил исклучително гостољубив, ја сакал едноставноста и се воздржувал од расипништво.

Нека Возвишениот Аллах џ.ш. ја воздигне неговата положба и нека им даде трпение на неговите деца.

Следната личност е почитуваната Сахибзади Аматул Вахид Бегхум сахиба, која била жена на Сахибзада Мирза Кхусхид Ахмад сахиб. Таа починала на 10 април 2017 година околу 22 часот. Имала 82 години – Навистина на Аллах џ.ш. Му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.

Таа беше  најмлада ќерка на хазрети Мирза Шариф Ахмад сахиб и исто така беше моја тетка по татко. По линија на таткото беше внука на Ветениот Месија а.с., а по линија на мајката беше внука на хазрети Наваб Мухаммед Али Кхан сахиб. Погребана е во Бахисхти Макбрах во Рабва.

Др. Нури сахиб напишал дека последните дванаесет години боледувала од канцер но болеста ја поднесувала со големо трпение и сила. Др. Сахиб пишува дека весело продолжувала со своите активности и немала никаков страв и била задоволна со волјата на Семоќниот Аллах џ.ш.. Сè до последните денови продолжувала со домашни работи и исто така внимавала на својот маж. Нејзиниот однос со мажот бил за пример. Иако и самата била болна кога нејзиниот маж, Сахибзада Мирза Кхурсхид Ахмад сахиб имал операција на срцето, таа потполно ја занемарила својата болест и помагала во грижата за него.

Хузур а.т.б.а. рече дека после неговиот избор за Халифа таа прв пат со него се сретнала во Кадијана а потоа уште два пати во Лондон. Иако била постара секогаш кон него се однесувала понизно. Хузур а.т.б.а. рече дека иако била золва на неговата мајка, но бидејќи била најмлада ќерка на хазрети Мирза Шариф Ахмад сахиб, била скоро на иста возраст со неговата најстара сестра. Затоа неговата мајка секогаш кон неа се однесувала како кон своите сопствени деца и никогаш не ја сметала за золва, и тој вели дека видел како таа кон неговата мајка покажува голема почит и како многу ја цени што претставува однос за пример.

Нејзиниот никах (верско венчање) е одржано на 26 декември 1955 година и го одржал Халифа-тул Месих II р.а.. Со милоста на Семоќниот Аллах џ.ш. била благословена со шест сина, од кои четворица животот го посветиле на служење на религијата. Двајца работат како доктори во Фазл-е-Умар болницата, еден од нив докторирал и работи во Назарат-е-Талеем, а еден е адвокат и работи за правно советодавната служба во Садр Анџуман Ахмадија.

Нејзината служба во Лаѓна (женска помошна организација) се протега на повеќе од дваесет години во кои служела како: секретар за трговија и индустрија и исто така како заменик на садр (претседател).

Била исклучително послушна на својот надреден вршител на должност, без оглед на разликата во годините или на семејните врски.

Хузур а.т.б.а. исто така рече дека неговата жена го известила и кажала: „Кога во Рабва служеше како претседател на Лаѓна (садр на женската помошна организација) во текот на две години, починатата заедно со мене работеше во својство на секретар за индустрија и трговија и како заменик на претседател. Секогаш работеше со љубов и со голема понизност, сите работи ги завршуваше со голем жар и преданост.“

Нејзиниот маж, господин Мирза Кхуршид Ахмад сахиб вели: „Таа токму како што треба ги извршуваше своите должности како жена на оној кој животот го посветил на служењето на верата. Добро ги одгледала децата и резултат на нејзината обука е дека со милоста на Семоќниот Аллах џ.ш. од нив шестмина четворица животот го посветија на служењето на верата. Покрај нејзините сопствени деца таа исто така со голема грижа и внимание внимаваше на децата на работниците во куќата. Ако некое од нив немало прилика да научи да го учи Чесниот Кур‘ан таа заедно со своите деца и нив ги подучуваше. Голем е бројот на деца на одредена возраст кои од неа научија да го учат Чесниот Кур‘ан.“

Била редовна во своите намази и доследно го учела Чесниот Кур‘ан. Овозможила нејзините деца да развијат навика за извршување на намаз и ги праќала во џамија. По фаџр (сабах) намаз ги поттикнувала децата да го учат Чесниот Кур‘ан. Исто така внимавала на сиромашните како и на оние кои работеле за неа и се трудела да им биде удобно.

Во својата куќа подигнала многу девојчиња кои биле сиромашни и им обезбедила средства за нивното световно образование овозможувајќи им морална обука. Исто така ја одгледала и ќерката на еден од своите работници и кога требало таа да се мажи пратила порака на сите нејзини золви дека ако не дојдат на нејзино венчање таа нема да оди на венчање на нивните ќерки. Ова бил степен на нејзината блиска врска која ја имала со оние кои биле сиромашни.

Нејзината најмлада золва пишува: „Еднаш ја прашав на колку години станала редовна во извршувањето на тахаџуд (ноќниот) намаз. Таа прво не ми одговори и настојуваше да ја смени темата, меѓутоа бидејќи бев упорна таа кажа дека од дванаесеттата година редовно го извршува тахаџуд намаз. Покрај тоа сама преземаше одговорност да плаќа за венчалните дарови и за образованието на многу девојки. Исто така обезбедуваше финансии за многу девојки од Лаѓна Дасткари фондот  (почетен фонд). Организираше ронак (собир пред мажење кој се организира за младата) за сиромашни девојки кои инаку немаа средства за тоа и најчесто храната беше од нејзиниот дом.“

Сите овие одлики таа ги имаше. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. ги оспособи нејзините деца да ги посвојат овие атрибути и нека секогаш ја одржат врската на верноста со Халифатот. Нека Аллах џ.ш. ја воздигне нејзината положба.

Хузур а.т.б.а. рече дека по џума намаз ќе клања џеназа за сите тројца починати (чии тела не се присутни), токму како што спомнал порано.