In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Шехиди од Буркина Фасо – Ѕвездите на Ахмадијатот

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) ги проучи следните ајети:

„И за оние кои ќе загинат на Аллаховиот пат, не велете дека се мртви; напротив, тие се живи, но тоа вие не го чувствувате. А ние сигурно ќе ве искушуваме со страв и глад, и со губење на имотот и животот и летнините; и дај им радосни вести на трпеливите на оние кои, кога ќе им се случи несреќа, велат: ’Навистина, ние на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме‘.“

(Чесниот Кур’ан 2:155-157)

Нова страница во историјата на Африка и Ахмадијатот

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека тоа е она што Семоќниот Аллах го рекол за оние кои своите животи ги жртвуваат заради Аллах џ.ш. – дека не се мртви, туку се живи.

Повеќе од еден век Ахмади муслиманите ги жртвувале своите животи заради Аллах џ.ш..

Дали нивните жртви биле залудни?

Не. Напротив, Аллах џ.ш. не само да го воздигнал името и статусот на тие шехиди, туку ги направил средство за континуиран напредок на Ахмадија муслиманската заедница.

Тоа се луѓе кои им овозможуваат успех на оние кои останале; како тогаш можат да се сметаат за мртви?

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека смртта на шехидите започнала со хазрети Сахибзад Абдул Латиф шехид р.а..

Потоа, во Африка, постоел искрен Ахмад во Конго кој настрадал во 2005. година.

Во последните денови љубовта, верноста, искреноста, цврстата вера и решителност, кои Ахмади муслиманите во Буркина Фасо ги покажале, се исклучителни и нивниот пример е истакнат.

Кога им било кажано да ги спасат животите, да се одрекнат од Ветениот Месија а.с. и да потврдат дека Иса а.с. е жив на небото, тие одговориле дека нивниот живот, како и да è, еден ден ќе заврши и своите животи нема да ги изгубат напуштајќи ја верата.

Потоа, еден по еден ги дале своите животи поради Аллах џ.ш.. Нивните жени и деца биле натерани да гледаат, но никој не се расплакал, никој не викнал, туку покажале крајно трпение.

Тие се здобиле со вечен живот. Ја исполниле својата заклетва дека ќе го жртвуваат животот, богатството и времето во најголема мера.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да ги направи приматели на награди ветени на оние кои своите животи ги жртвуваат поради Аллах џ.ш..

Девет шехиди од Буркина Фасо на Аллаховиот пат

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на 11. јануари во Заедницата, Махди Абад во Дора, Буркина Фасо, биле убиени 9 Ахмади муслимани бидејќи не се одрекле од својата вера.

Според извештаите, 8 луѓе и 4 мотори дошле во Ахмади џамија во време не јација-намаз. Побарале сите бргу да влезат во џамијата. Потоа, прашале кој е имамот на џамијата и кој му е помошник. Поставувале разни прашања за верувањето на Ахмади муслиманите, на кои имамот самоуверено им одговарал. Прашале дали Иса а.с. е жив или починал, на што имамот одговорил дека верувањето на Ахмади муслиманите е дека Иса а.с. починал.

Потоа, исто така им кажал за доаѓањето на Ветениот Месија а.с.. Донеле слики на Ветениот Месија а.с. и на Халифите и имамот ги раскажал деталите за сите.

Потоа кажале, чувај Боже, Ветениот Месија а.с. бил лажен во своето тврдење.

Терористите формирале групи од присутните во џамијата раздвојувајќи ги децата, младите и постарите. Во џамијата имало околу 11 или 12 жени.

Терористите ги извеле старешините во дворот на џамијата. Во тоа време имало 10 старешини, меѓу кои и еден болен, на кого терористите му кажале да остане внатре.

Додека биле надвор, терористите зборувале дека оној кој ќе се одрекне од Ахмадијатот ќе биде спасен. Имамот одговорил дека, ако сакаат да му ја скинат главата тогаш можат, но тој нема да се одрекне од вистината.

Тогаш го положиле на земја со нож на вратот, но тој рекол дека ако веќе планираат да го убијат, да го остават исправена состојба.

Потоа, терористите го стрелале, така што прв шехид бил Имам Хаџиј Боуреим Бидиг.

Извонреден пример на цврстината во својата вера

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по ова терористите помислиле дека другите кои тоа ќе го видат, ќе се исплашат и ќе се одрекнат од верата.

Поминале на следниот старешина, меѓутоа и тој кажал дека никогаш нема да се одрекне од Ахмадијатот и дека е задоволен со следењето на патот на имамот. После тоа му пукале во глава.

Потоа, терористите еден по еден отишле кај останатите поставувјаќи им го истото прашање, добивајќи ист одговор, и сите дочекале иста и чесна смрт.

Сите покажале највисоко ниво на трпение и упорност.

Ниту во еден момент нивната вера не била поколебана, наспроти тоа што ги виделе своите браќа, сите дале ист одговор. Секој шехид издржал околу 3 куршуми.

Двајца шехиди биле браќа близнаци. Кога пострадале 8 луѓе, останал АГ Адраман Агоума, кој имал 44 години и бил најмлад меѓу шехидите. Терористите кажале дека е најмлад и дека треба да му го поштедат животот. Тој храбро одговорил дека е подготвен да го жртвува животот на начин како што тоа го направиле неговите постари колеги, и потоа бил убиен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. кажува дека Аллах џ.ш. ќе прати други како него.

Сигурно дека настаните во Буркина Фасо се исполнување на тоа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека целото искушение  траело околу час и половина.

Човек само може да се чуди на тешкотиите кои децата и останатите присутни ги поднесувале гледајќи како нивните постари ги губат животите.

Терористите не заминале веднаш туку продолжиле со закани, зборувајќи дека и останатите ќе се соочат со истото ако не се одрекнат од Ахмадијатот.

Основање на заедницата Махди Абад во Буркина Фасо

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Заедницата ’Махди Абад‘ е основана во 1989. година, а во 1999. година мнозинството жители на околното село го прифатила Ахмадијатот.

Имам на тоа подрачје бил аџија Ибрахим Бидиг, кој бил вехабиски имам. Во Ахмадијатот поминал после долго истражување и проучување. Тогаш станал бестрашен војник на Ахмадијатот.

Кога бил соочен со опцијата да се одрекне од Ахмадијатот, кажал дека по тоа што ја видел вистината за која сведочат Чесниот Кур’ан и хадисите, како тогаш може да ја напушти?

Во 2004 година, поради пронаоѓањето на злато во нивното село, рударска компанија ги раселила луѓето во друго подрачје. Повеќето од тие луѓе биле Ахмади, и по писмото до Халифата оваа подрачје добило име Махди Абад.

ИАААе во 2008. година изградил прво примерно село во оваа област, прво од тој вид.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека терористите внеле страв во луѓето, и се плашеле ако ги извлечат телата терористите ќе се вратат. Воен камп, кој се наоѓал близина бил известен за ситуацијата, но и покрај тоа што биле известени обезбедувањето стасало дури следното утро.

Шехидите биле погребани на 12. јануари следното утро.

Девет сјајни ѕвезди на Ахмадијатот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе ги наведе деталите за секој шехид.

Аџија Боуреим Бидиг

Тој некое време живеел во Саудијска Арабија поради студирањето. Бил познавач на јазикот на Тамашеки, посебно на коментарите на Чесниот Кур’ан на овој јазик.

Пред да го прифати Ахмадијатот, бил главен имам во разни области, а многу зналци доаѓале и останувале кај него за да учат, и имале корист од неговото знаење. Понекогаш, тој број достигал и до петстотини луѓе, и истите останувале кај него и по недела дена.

За Ахмадијатот прв пат слушнал на пазар. Кога дознал дека Ахмади муслиманите веруваат во смртта на Иса а.с., и во доаѓањето на Ветениот Месија а.с., отишол во мисионерската куќа во Дорија за да дознае повеќе.

Ахмадијатот го прифатил по големо истражување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека некои противници велат дека Ахмадија заедницата цели на сиромашните, меѓутоа, овие шехиди тоа го негираат, бидејќи тој бил пример на оние кои Ахмадијатот го прифатиле по големо истражување и проучување.

Во 2000. година отпатувал за Велика Британија за да присуствува на Годишната конвенција (Џалса Салана).

Имал огромна волја за пропагирање на исламот. Изгледало како за ништо друго да не се грижи, освен за ова. Издржал многу закани за смрт, но никогаш остро не  одговорил. Многу големи зналци од тоа подрачје го прифатиле Ахмадијатот поради неговите напори, а и многу села влегле под закрила на Ахмадијатот поради неговите напори.

Имал длабока љубов спрема Халифатот; седел и внимателно ги слушал часовите кои Халифата ги држел со децата, иако, воопшто не го знаел Урду јазикот.

Рекол дека му е чест само да седи и да го слуша Халифата.

Многумина од неговите ученици сега работат како локални мисионери во разни подрачја во Буркина Фасо.

Редовно во џамија ги клањал петте дневни намази.

Имал две жени и 11 деца.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја потврди неговата цврста вера и решителност, и исто така, изнесе лични извештаи од многумина на кои тој позитивно влијаел.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, во врска со искреноста на луѓето од Буркина Фасо, рекол оти, додека тој бил на патување таму, забележал дека кога и да го сретнат луѓето секогаш се обидуваат да го гушнат.

Дури и четвртиот Халифа р.х. еднаш изјавил дека утврдил како почвата на Буркина Фасо е подготвена да ја прифати вистината.

АГ Маниел Алхассане

По занимање бил земјоделец. Во 1999. година го прифатил Ахмадијатот и бил меѓу најистакнатите Ахмади муслимани во селото.

Имал голема љубов кон Халифатот. Редовно ги клањал молитвите, давал парични прилози и секогаш се жртвувал за доброто на Заедницата. На сите им бил драг.

Тој секогаш бил на чело на исполнување на било каков повик на Заедницата.

АГ Малиел Оуссени

Тој бил брат близанец на гореспомнатиот шехид. Тој Ахмадијатот го прифатил во 1999. година.

Бил меѓу оние кои го прателе имамот Боуреим до мисионерската куќа во Дора за да дознаат повеќе за Ахмадијатот.

Редовно ги клањал петте дневни намази и доброволните молитви пред зора.

АГ Хамидоу Абдоураманае

Ахмадијатот го прифатил во 1999. година.

По занимање бил земјоделец.

Бил многу љубезен и секогаш бил на програмите кои ги организирала Заедницата.

Своето семејство го учел да остане приврзано за Заедницата. Секогаш редовноја гледал МТА.

АГ Ибхрахим Соулеј

Тој бил земјоделец. Секогаш клањал во Џемаатот и давал парични жртви. Поседувал големо знаење и учествувал во дискусии.

Бил многу љубезен и нежен, и со сите се однесувал љубезно.

АГ Соудеје Оусмане

Бил искрен Ахмад, секогаш жртвувајќи го своето време и богатство.

Помогнал во изградба на џамијата во Махди Абад.

Секогаш од своите приходи давал за доброто на Заедницата.

Во секој случај на другите им помагал колку што можел.

АГ Магуел Агали

Ахмадијатот го прифатил во 1999. година заедно со својот татко.

Бил многу искрен Ахмад. Редовно ги клањал молитвите и давал парични прилози.

АГ Идрахи Моусса

По занимање бил земјоделец. Бил активен Ахмад и редовно ги клањал своите молитви.

Времето го минувал во џамија додека бил зафатен со зикр. Редовно му пишувал писма на Халифата и се молел за него.

АГ Адрамане Агоума

Бил најмлад меѓу шехидите.

Ахмадијатот го прифатил со 20 години. После тоа, неговата приврзаност на Ахмадија заедницата само се зголемувала.

Кога терористите влегле во џамијата и прашале кој е помошникот на Имамот, храбро кажал дека е тој.

Секогаш меѓу првите доаѓал во џамија.

Своите деца ги носел во џамијата за и нив да ги врзе за верата. Професионално возел велосипед, дури и во Гана, во 2008. година.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека оваа се сјајните ѕвезди на Ахмадијатот. Тие ни оставиле пример.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да го зголеми нивното потомство и нивната искреност.

Непријателот може да мисли како со ова ќе ги елиминира Ахмади муслиманите од тоа подрачје, меѓутоа, ако даде Бог, Ахмадијатот само ќе се зголемува на тоа подрачје.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека локалната заедница треба внимателно да осмисли план за продолжување на пораката на Ахмадија заедницата.

Тој се молеше Аллах џ.ш. да им подари трпение на семејствата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека за помош на семејствата на шехидите е оформен фонд во времето на Четвртиот Халифа р.х., под име ’Сједна Билал Фонд‘.

Хузур а.т.б.а. рече дека по овој инцидент луѓето праќаат донации директно за овие луѓе, меѓутоа, средствата треба да ги донираат во фондација ’Сједна Билал‘ и прецизираше дека тие донации се посебно наменети за семејствата на шехидите во Буркина Фасо.

Тоа не е услуга која се прави, туку одговорност на Заедницата да се грижи за нив.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да продолжи со подигање на статусите на овие шехиди.

Нека нивната шехидска смрт вроди со плодовите, и нека биде средство пораката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. брзо да се рашири во светот.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека покрај деветте шехиди ќе предводи џеназа во отсуство и на следните искрени членови на Ахмадија заедницата.

Др. Каримуллах Зирви

Др. Каримуллах Зирви бил од Соединетите Американски Држави и бил син на Суфија Кхуде Бакш Зирви.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Др. Каримуллах Зирви починал на 4. јануари во 2023 година.

Тој бил зет на малик Сауфура Рахман. Бил голем зналец; напишал разни книги и на разни начини и служел на Заедницата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му подари прочка и да биде милостив.

Аматул Латиф Зирви

Аматул Латиф Зирви била сопруга на  Др. Каримуллах Зирви и ќерка на Малик Саифура Рахман.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Починала на 6 јануари во 2023 година, два дена по сопругот.

Името на нејзината мајка било Аматул Рашид Шаукат и била уредник на весникот Ал-Мисбах во Рабва. Поседувала голема интелектуална сила и имала прилика да и служи на Заедницата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и подари прочка и милост.

Нејзиниот брат пишува дека мажот и жената имале голема љубов еден кон друг. Трпеле големи тешкотии, но никогаш не се жалеле.

И двајцата биле океан на знаење и за сите околу себе се грижеле со љубов сè до своите последни денови.