In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Карактеристиките на Мумин

По учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го проучи ајетот од сура Ха Мим Ал-Сеџда, и тој гласи:

„А кој е подобар говор од оној кој луѓето ги повикува кон Аллах и добри дела и вели: ’Јас сигурно сум од оние кои се покоруваат‘.“

Овој ајет истакнува три атрибути на верникот. Тие три атрибути се: повикување кон Аллах, правење добри дела и после покажувањето на послушност, прогласување:

„Јас сум оној кој се однесува согласно на наредбите на Возвишениот Аллах и на Неговиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..“

Првата работа верникот го води кон постигање на верско знаење кое понатаму треба да го шири. Човекот може да ги подучува другите ако во срцето чувствува болка за другите, и целосно е насочен кон тоа да ги ослободи луѓето од канџите на шејтанот. Во исто време е загрижен за зголемување на бројот на робовите на Милостивиот Бог.

Втората одлика е исполнување на наредбата на Аллах да правиме богобојазливи дела. Со други зборови, да посветиме внимание на исполнување на правата на Возвишениот Аллах, и покрај тоа да имаме однесување кое ќе биде пример за другите.

Потоа, третата одлика се состои во прогласувањето на верникот дека:

„Јас сум од оние кои потполно се покоруваат“,

односно:

„Јас целосно им верувам на наредбите на Возвишениот Аллах и Неговиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.“

Послушноста исто така ја вклучува и потчинетоста кон системот на Џемаатот (Низам-е-Џема‘ат), како и кон Халифата на времето. Возвишениот Аллах прогласил дека покрај повикувањето на Аллаховото добро дело неопходно е да се прогласува и:

’Јас сум меѓу верниците‘,                                                    (АРАПСКИ)

со други зборови:

’Јас прогласувам дека сум покорен сè додека ги исполнувам и ги одржувам највисоките стандарди на покорноста.‘

Освен тоа, овие стандарди на потполна послушност ќе бидат втемелени во нашата проповед на вистинската порака на исламот, и нашите доблести ќе се сметаат за чесни дела кога ќе покажеме потполна покорност на Халифатот на Ветениот Месија а.с., и кога ќе соработуваме со систем кој е под надзор на Халифата.

Нема сомневање дека Возвишениот Аллах го пратил Ветениот Месија а.с. согласно со своето ветување и согласно со претскажувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ветувањето со кое тој бил пратен, или со други зборови, задачите кои би требало да ги изврши и исполни ќе бидат исполнети, ИншаАллах (Ако Бог даде).

Возвишениот Аллах во Чесниот Кур‘ан вели:

(АРАПСКИ) (Ал-Муџаадилах:23) Аллах одредил:

„Навистина Јас и Моите Пратеници ќе превладееме.“

Возвишениот Аллах на Ветениот Месија а.с. оваа објава му ја објавил неколку пати; тој на нас јасно ни ја објаснил пораката на исламот во светлината на Чесниот Кур‘ан. Таа порака се шири до секој агол на земјината топка и тој бил привлечен кон преубавото учење на исламот.

Според тоа, нема сомневање дека преубавата порака на исламот ќе се рашири со посредство на Ветениот Месија а.с.. Таа навистина и се шири. Воопшто нема сомнеж дека оваа порака ќе стаса до целиот свет и светот ќе дознае за него како за вистински поборник и верен поклоник на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. И пораката навистина стасува насекаде.

Затоа, ова е работа на Семоќниот Бог која и понатаму ќе се исполнува, ИншаАллах (Ако Бог даде). Тоа не е поради некаква наша активност, туку всушност, Семоќниот Аллах рекол дека најдобра одлика на верникот е неговиот повик на другите кон Бог.

Според тоа, Семоќниот Бог од нас бара да учествуваме во оваа работа, која всушност Он Лично ја работи и веќе одлучил така да работи. Така, Он сака ние да учествуваме во благословите. Затоа, секој Ахмади муслиман мора на ова да му посвети внимание.

Така, сите вие кои живеете во Шпанија треба да земете слободно време и барем два дена во месецот да ги посветите на проповедувањето на пораката.  Додека нашиот централен секретар за Таблигх (проповедувањето на пораката), Таблигх секретар на секој Џемаат и другите вршители на должноста треба да направат план според околностите, во исто време, должноста на секој Ахмади муслиман е да издвои време за тоа, било да е дел од Кхудам, Лаѓна или Ансара.

Овде, во Шпанија муслиманите пред седум осум века биле со сабја натерани да преминат во христијанство. На дипломираните студенти  (во школото Џамија) јас им наредував пред да почнат со работа преведената литература на шпански да ја делат по градовите. Постои една госпоѓа од Шпанија која го примила Ахмадијатот и сега живее во Лондон. Таа е сопруга на тамошниот секретар за новите Ахмади муслимани. Нејзиното семејство е овде во Шпанија, односно нејзините родители се овде. Таа посетува разни школи и колеџи за да ја пренесе оваа порака. Таа секогаш бара прилика да дојде од Лондон, овде да го претстави Џемаатот и да ја рашири пораката на исламот.

Зошто, тие кои живеат овде и мисионерите не се во состојба да најдат таква прилика? Затоа, Ахмади муслиманите кои овде живеат, вршителите на должност и мисионерите мора да направат решителен и конкретен план.

Националниот секретар за пренесување на пораката изразува желба за постигнување на соодветни услови за ширењето на пораката. Тој мене тоа не ми го кажал отворено, но изгледа дека секогаш се наметнува прашањето за буџетот и за соработка со членовите на Заедницата.

Затоа, ако постои проблем со буџетот тогаш Амирот на Џемаатот (национален претседател) тоа треба да го реши. Исто така, одговорноста на секретарот за ширење на пораката, на мисионерите и на членовите на Џемаатот е да соработуваат со Амирот на Џемаатот. Ова е начин на кој повторно можеме да ја втемелиме изгубената величественост на исламот.

Ова била целта на доаѓањето на Ветениот Месија а.с..

Сите ние сме сведоци на фактот дека Семоќниот Аллах денес продолжува да ја покажува оваа величественост. Многу внимание од страна на медиумите и на луѓето е насочено кон ова, и тоа во многу земји ширум светот е отворено изразено.  Затоа, според зборовите на Ветениот Месија а.с., и наспроти нашите слабости, треба да земеме учество во тоа бидејќи Семоќниот Аллах е тој Кој Лично ја извршува оваа работа. Затоа, земете учество во оваа работа и задлабочете се во тоа.

Кога пак зборувал како да доживееме длабока старост тој велел дека треба да ја шириме пораката. Тој вели:

„Ако некој сака долго да живее и да ги продолжи своите години, тогаш колку што може повеќе треба искрено да се посвети на служењето на религија. Запомнете, Семоќниот Бог не може да биде измамен со на ниту еден начин. Оној кој настојува да го измами Бог треба да разбере дека не измамува никој друг, туку самиот себе, и на крајот во таа желба и ќе пропадне.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Нека се знае дека не постои подобар начин за зголемување на долговечноста од оној искрено и верно да се зафатите во ширењето на Божјиот збор ѝ да и служите на верата. Овој начин навистина е најделотворен во ова доба, бидејќи верата има потреба од такви верни слуги.“

Додека го свртувал вниманието кон ширењето на пораката Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Алија р.а.му рекол:

„Се колнам во Бог, ако само еден човек преку тебе стекне упатство, тоа ќе биде далеку подобро одошто да стекнеш црвени камили.“

Во тоа време црвените камили биле многу скапи. Тој што имал црвени камили се сметал за исклучително богат и влијателен. Затоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека имотот и успехот на овој свет не ни се нам од никаква корист во споредба со работа на ширењето на пораката, и според тоа, ако човекот станал средство преку кој другиот добива упатство. Затоа, тие кои дошле овде несомнено дека треба да настојуваат да го заработат световното богатство, но исто така, дел од своето време треба да го посветат за ширењето на пораката.

Иако кажав дека треба да посветите два до три дена, всушност на тоа треба да посветите многу повеќе време од тоа. На овој начин ќе бидете во состојба да го стекнете својот световен имот и Семоќниот Аллах ќе биде задоволен со вас.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Семоќниот Аллах сака да направи разлика помеѓу вистинитите и неверниците. Ова е време да покажете искреност и верност, и за тоа е дадена последна прилика. Ова време нема повторно да дојде; ова е време кога претскажувањата на поранешните пратеници го досегнале својот крај, ја досегнале својата завршница. Затоа, е ова последна прилика која им е дадена на луѓето за да ја покажат својата искреност и да направат служба (на верата). Човекот нема да има прилика и нај несреќен е оној кој ќе ја пропушти оваа прилика.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Едноставно, изговарањето на зборовите, прогласувањето дека сте го дале заветот на баи‘атот (завет на пристапување) нема никаква вредност. Всушност, човекот мора да направи напор и да го моли Семоќниот Аллах, Он да направи вие да бидете меѓу вистинитите. Затоа, не покажувајте тромост и мрзеливост туку станете активни и настојувајте да се држите до учењето кое јас ви го претставив и одете по патот кој јас ви го покажав.“

Како што спомнав во претходна хутба во петок, во врска со книгата ’Нуховата лаѓа‘, секој Ахмади муслиман треба да го чита делот од книгата под име ’Нашето учење‘. Всушност, Ветениот Месија а.с. рекол дека треба целата книга да ја читаме. Упатствата и налозите кои се наоѓаат во делот ’Нашето учење‘ ќе служат како упатство во прилики кога луѓето ги повикуваме кон Бог и кога правиме добри дела. Учењето содржано во овој дел е такво што може да не оспособи да станеме исклучителни верници.

Насочувајќи го нашето внимание кон богобојазливи дела, Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„…Запомнете, додека овие дела не бидат направени со вистинска искреност во срцето и духовноста тие не се корисни и не помагаат. Богобојазливите дела можат да бидат вбројани во богобојазливи само кога се исчистени од сите видови на неред.“

Додека спомнувал дека човекот непрекинато треба да прави богобојазливи дела (Амаал-е-Салиха) Ветениот Месија а.с. вели:

„Тие кои сакаат да ја сочуваат својата вера треба да настојуваат да се одликуваат во правење добри дела. Ова се духовни нешта кои имаат длабоки последици и дејство на човековата вера.“

Оттаму, делата можат да бидат сметани за честити само ако личноста покаже потполна послушност и кога се има ова на ум тоа делува и го стекнува Божјото задоволство.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Оружјата кое ќе не доведат до победата се: истигхфар (барање проштавање), тевба (покајание), зголемување на верското знаење, разбирање на величественоста на Семоќниот Аллах и извршување на петте дневни намази. Ибадетот е клуч за примање на дови. Кога правите ибадет бидете сигурни дека тоа го правите така што не покажувате невнимание во таа работа. Воздржете се во целост од секој вид на порок, без оглед на фактот дали е поврзан со исполнување на должноста кон Аллах џ.ш. или кон исполнување на должноста кон Неговото создание.

Нека Семоќниот Аллах не оспособи да ја шириме пораката на Ветениот Месија а.с. и нека не  направи дел од неговата победа. Нека Он не оспособи да ја рашириме неговата порака и нека не направи дел од неговата власт. Додека правиме теуба и истигхфар, и исто така правиме и ибадет и упатуваме дови, нека ја исполниме должноста на ширењето на оваа порака. Нека ги исполниме должните права на Семоќниот Аллах  и на Неговото создание. Исполнувањето на овие права не оспособува да правиме добри дела. Нека Аллаховото задоволство го имаме на ум во сите свои постапки и нека му станеме потполно покорни на Семоќниот Аллах. Кога ќе ги имаме на ум овие работи тогаш, ако Бог даде, ќе бидеме во состојба да ја видиме победата на исламот согласно на ветувањето на Семоќниот Бог. Нека Семоќниот Аллах не оспособи така да правиме.