In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

ВИСТИНА И ЛАГА

Во текот на животот на Ветениот Месија а.с. некој во својот говор на Џалсата спомна дека единствената разлика помеѓу мисијата на Ветениот Месија а.с. и останати муслимани е во тоа што другите прифатиле дека Иса а.с. жив се воздигнал на небесата додека ние веруваме дека умрел од природна смрт. Тоа не ја разјаснило целта на доаѓањето на Ветениот Месија а.с. и тој, иако бил со слабо здравје за во целост да ја објасни оваа работа, станал и одржал говор.

Тој рекол дека неговото доаѓање не било само поради разликите кои се однесуваат на животот и смртта на Иса а.с. туку со себе носело и многу други нешта. Тој изнел детално излагање за нештата кои  предизвикале пропаѓање на муслиманите за чие подобрување тој бил пратен. Една од овие работи била и избегнувањето на лагата и подржувањето на вистината. Тој го советувал својот Џемаат да го воздигне стандардот на вистинољубивоста додавајќи дека едноставното прифаќање на неговото доаѓање не е доволно.

Кога пораката на Ветениот Месија а.с. со негови зборови биде пренесена (во оваа хутба во петок), оние кои не го задоволуваат бараниот стандард тоа ќе го увидат.

Чесниот Кур‘ан вели:

„И оние кои не сведочат лажно…“                               

     (25:73)

Ширк (припишување на партнери на Бог) и лага, заедно се спомнати во Чесниот Кур’ан бидејќи и лагата e толку голем грев колку што е ширкот. Во напред спомнатиот аjет за да ја означи лагата употребен е Арапски збор ’зоор‘. Тоа значи лажење, припишување на партнери на Бог, собири или местата каде што е раширена лагата, собири каде што се пее и собири на празни лекомислени работи, итн. Божјите луѓе не зборуваат лаги и не присуствуваат на местата каде што лагата и лекомисленоста се вообичаени, ниту одат на местата каде се прават идолопоклонички дејствија и тие не даваат лажни сведочења. Оние кои ги избегнуваат ваквите ситуации се вистински верници.

Во својот говор Ветениот Месија а.с. рекол дека љубовта кон светот е причина за внатрешниот раздор меѓу муслиманите. Тој рекол дека, ако нивната цел била Божјата љубов, тие лесно би разбрале која вера меѓу сите секти е правилна и би ја следеле. Сепак, како луѓето кои не ги следат стапките на Чесниот Пратеник с.а.в.с. можат да се наречат муслимани?

Бог рекол:

„Ако го сакате Аллах тогаш следете ме мене: тогаш Аллах ќе ве сака и ќе ви ги опрости гревовите…“                           

      (3:32)

Ако наместо тоа, на светот му се даде предност, може ли тоа да се смета за следење на Чесниот Пратеник с.а.в.с.? Дали Чесниот Пратеник с.а.в.с. бил светски човек, дали тој земал камати? Дали тој му дал предност на световното пред верата? Треба да се замисли над ова и треба да се следат стапките на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и да откриеме како после ова ќе следи Божјата милост! Асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. сигурно ги следеле правилните патишта и Бог ги променил нивните животи. Тие потполно биле оддалечени од световните нешта. Споредете ја вашата ситуација со нивната; го правите ли она што тие го правеле?

Луѓето сметаат дека не е нешто важно ако во замена за мал износ на пари лажно сведочат во судските процеси. Можат ли адвокатите да кажат дека сведоците во судските процеси се вистинољубиви? Во овој поглед ситуацијата е многу кревка. Не само дека се предочени лажни сведоци, поднесени лажни судски предмети, туку се направени и лажни документи и во сè е заобиколена вистината. Можат ли оние кои расправаат дека мисијата на (Ветениот Месија) не била потребна да кажат дали е ова учењето кое Чесниот Пратеник с.а.в.с. го донел? Бог лагата ја нарекол гнасна и тоа го споредил со идолопоклонство. Кажано е:

„….Затоа чувајте се од гнасотијата на идолопоклонството, чувајте се од лажниот говор.“                                        

  (22:31) 

Токму како што неразумните го напуштаат Бог и се свртуваат кон идолопоклонството, слично е на оние кои ја отфрлаат вистината и се ослонуваат на лагата, и затоа Бог направил врска помеѓу идолопоклонството и лагата. Токму како што идолопоклоникот бара спас во идолите, оној кој се ослонува на лагата бара решение во тоа.

Луѓето велат: како можеме да ја напуштиме лагата, едноставно не можеш да поминеш без тоа! Но, Ветениот Месија а.с. рекол дека само вистината доведува до успех. Ветениот Месија а.с. го навел своето искуство. Еден адвокат христијанин, по име Рајла Рам, покренал судски спор против Ветениот месија а.с.. Ветениот Месија а.с. напишал едно излагање и ракописот до издавачот го пратил по пошта. Покрај тоа, во пакетот ставил писмо со упатства адресирано до управителот. Според прописите на поштата било незаконито писмото да се става во пакет и казната за тоа била 500 рупии или шест месеци затвор. Ветениот Месија а.с. не бил запознаен со тие прописи. По примањето на пакетот Рајла Рам веднаш за оваа неправилност ја известил управата на поштата. Против Ветениот Месија а.с. бил покренат судски спор и тој во сон видел како Рајла Рам му пратил змија но Ветениот Месија а.с. ја спржил и му ја вратил назад.

Кога дошло до судски претрес, адвокатот на Ветениот Месија а.с. му советувал дека единствениот начин да ја избегне осудата бил да каже како тој не го ставил писмото во пакет туку тоа го направил Рајла Рам со цел да му предизвика проблеми. Ветениот Месија а.с. го одбил овој совет и рекол како е факт дека тој лично го ставил писмото во пакет и тоа нема да го одрекува. Неговиот адвокат рекол дека во тој случај ќе нема прилика за ослободување, на што Ветениот Месија а.с. рекол: „Што и да се случи“, дека тој нема да ја напушти вистината.

Ветениот Месија а.с. се појавил пред Британски судија. Во текот на сослушувањето судијата го прашал Ветениот Месија а.с. дали тој го ставил писмото во пакет на што тој одговорил дека го ставил но не бил запознаен дека со тоа ги прекршува прописите и не му била намера да ја изигра поштата. Објаснувајќи понатаму рекол како не сметал дека писмото е одвоено од пишаниот говор. Бог во корист на Ветениот Месија а.с. го свртел срцето на судијата, иако претставникот на поштата одржал долг говор, судијата тоа го одбил и рекол: „Не, не“, и чесно го ослободил Ветениот Месија а.с.. Ветениот Месија а.с. рекол: „Како можам да кажам дека не постои избор, не е работа да се каже лага кога единствениот начин е да се каже вистината“. Тој рекол дека со огромно задоволство се сеќава на оваа случка бидејќи со задоволство се држел до она што Бог го наредува и Бог за него направил отстапка на начин што тоа станало знак!

„…А на оној кој се надева на Аллах – он нему му е доволен…“

(65:4)

Ветениот Месија а.с. рекол дека ништо толку не е опасно како што е лагата. Световните луѓе велат дека оние кои ја зборуваат вистината завршуваат со казна. Тој рекол:

„Како јас ова да го прифатам кога бев на неколку судски спорови и ниту во еден од нив не ја користев лагата и ниту во еден од нив со Божјата милост не го изгубив случајот. Како Бог може да ја казни вистинољубивата личност?“

Тој објаснил дека кога некои луѓе биваат казнети поради зборување на вистината, нивната казна не е поради тоа што биле искрени. Всушност, причината за тоа е некој скриен, непознат грев, или нивното безобразно однесување кое на Бог му е познато. На пример, еднаш некој човек го истепал својот готвач бидејќи во јадењето ставил премногу зачин. Кога му свртеле внимание дека тоа сепак е несразмерна казна тој рекол дека овој готвач со нив е долго време и дека добро внимавале на него. Исто така, понекогаш повеќето лоши работи доведуваат до тоа да еднаш човекот биде фатен и казнет.

Оние кои секогаш се држат до вистината не стануваат понижени бидејќи се во Божјата заштита. Меѓутоа, делумната добрина не е доволна и доколку праксата на личноста не е извонредна тоа не може да донесе посакувани плодови. Бог не е задоволен со нецелосна пракса. Сигурно е погрешно кога луѓето зборуваат дека лагата е нужна. Тоа се замислени идеи кои потекнуваат од недостаток на духовна проникливост и произлегуваат од расипаноста. Ако некој направи неколку раба на обично парче ткаенина тој не станува кројач и не значи дека исто така може да ја шие фината свила. Од фалсификувана побожност нема корист. Навистина, Бог ниту минута не ја отфрла од добрината која е базирана на искреноста.

„Па, било кој да направи и трошка добрина ќе го видат“    

(99:8)

Според тоа, кога нешто не се остварува тоа е поради тоа што му недостасува искреност бидејќи искреноста е секогаш услов за добри дела:

„…покажувајќи се искрени кон Неговата вера…“              

 (7:30)

Ветениот Месија а.с. со голема болка го дал овој совет. Тој сакал да го вреже фактот дека верувањето е во тоа што, освен мислењето дали Иса а.с. ќе се врати или нема да се врати во (физичкиот) свет, најзначајно е да се ослободиме од ширкот и во пракса да не дозволиме ниту најмала појава на ширкот. Тој нагласил, да ја основаме вистината а да ја мразиме лагата.

Секој Ахмади муслиман треба да размисли за себе и да согледа колку одговара на очекувањата. Дали ја користиме лагата во судските спорови или пак зборуваме лага поради финансиска добивка? Дали ја зборуваме ли вистината кога ги договараме брачните парови и не го следиме ’кавл е седеек‘ (qawl e sadeek) (точниот збор)?  Дали  се служиме со лагата за да добиеме социјална помош од државата?  Во овој поглед многу луѓе се покажуваат во лошо светло. Исто така, не ја покажуваат добивката за да остварат државни олеснувања или надоместоци или не плаќаат, односно, ја проневеруваат таксата. Треба да биде јасно дека секоја влада, поради општите финансиски текови, доживува проблеми и било која влада која моментално не е  во таква ситуација не значи дека во иднина нема да биде. На тој начин владите детално мора да ги пратат работите во социјалната помош и добивката. Сè што е негативно во овој поглед создава, не само лични тешкотии туку, исто така, може да биде повод за лошото мислење за Џемаатот. Оние кои за ваквите цели се служат со лага не смеат да ги имаат во вид световните предимства туку треба да настојуваат Бог да биде задоволен со избегнување на лагата и со скромниот живот. Водете сметка да не се служите со лагата во молбите за азил. Сигурно адвокатите ги поттикнуваат таквите нешта, како што Ветениот Месија а.с. исто така кажал. Вршителите на должност исто така треба да размислат за тоа дали известуваат лажно. Тие можеби не зборуваат лага но дали се држат до ’кавл е седеек‘ (qawl e sadeek) (точниот збор) и дали ја известуваат/зборуваат недвосмислената вистина? Со нештата треба да се однесува со исправноста. Секоја личност со нештата треба да постапува без лична добивка, без егоизам, и во вид да го има само стравот од Бог. Ако тоа не е така тогаш, како што Ветениот Месија а.с. рекол, се е само израз на љубовта кон светот! А тоа води кон поделби, нереди, и единството и хармонијата барем во еден дел од заедницата се губат. Единството поради кое дошол Ветениот Месија а.с. се изгубува. Исламот, на сектите им бил поделен поради љубовта кон светот, и се ова за што зборувавме може да доведе до понатамошни поделби. Според тоа, едно зло раѓа многу зла. Ние како Ахмади муслимани имаме големи одговорности и вистинските Ахмади муслимани се оние кои настојуваат да го следат благословениот пример на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Ветениот Месија а.с. рекол дека треба добро да запомниме, оној кој станува Божји Бог станува негов. И никој не може да го измами Бог. Сосема е глупо ако некој помисли дека со измама може да му се измолкне на Бог. Тој самиот себе се измамува. Љубовта и украсите на светот се корен на сите престапи. Тоа го заслепува човекот, прави да се заборави човештината и човекот не гледа што прави и што треба да прави. Најголема причина за уривањето на муслиманскиот свет е гревот на љубовта кон светот. Луѓето се задлабочени во љубовта кон светот, и сите нивни будења, и времето на спиењето, се без помисла за она што ќе се случи после смртта. Тие се претпазливи и свесни во поглед на своите вработувања но мрзеливи се кога е во прашање ибадетот кон Бог. Многу наши грешки Он ги занемарува, но кога казнува Он е остар, како што е кажано:

„И Он не се грижеше за нивните последици.“             

(91:16)

Оние кои сакаат да се свртат кон Бог и да ја стекнат Божјата близина често брзаат и не увидуваат дека нештата на верата бараат големо трпение и истрајност. Луѓето поради световните цели деноноќно работат и со години ги чекаат резултатите но, кога се работи за верата, тие во еден здив би сакале да станат евлии и да доживеат високо духовно искуство. И сето тоа да го постигнат без вложување на било каков напор и да не доживеат никакви тешкотии и искушенија. Духовниот развој е постапен и човекот Божјото задоволство не може да го постигне само со зборови. Кажано е:

„Дали луѓето мислат дека ќе бидат оставени затоа што велат: ’Ние веруваме‘ и дека нема да бидат искушувани?“

(29:3)

Навистина, секој благослов изискува напорна работа. И исламот не бара толку големи напори, како на пример, напорите низ кои минуваат монасите и пустиниците во другите вери. Учењето на исламот е:

„Навистина, ќе успее само оној кој (богобојазливоста) ја зголемува“                                                                     

 (91:10)

односно, оној кој ќе ја напушти секоја штетна новост како и себичните желби и ќе го поприми Божјиот пат!

Нека Аллах овозможи практично да се подобриме, да го разбереме значењето на вистината и да го дадеме предимството на верата над световните нешта. Па давањето на баи‘атот вистински, а не само со зборови, да го разбереме доаѓањето на Ветениот Месија а.с. и да настојуваме што повеќе да го следиме благословениот пример на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и Божјото задоволство да го сметаме за најважно.

Најавена е џеназа за Касим Тоуре сахиб, мисионер од Брегот На Слоновата Коска. Тој починал на 25 јануари. Бил Муси и на Џемаатот му служел од 1986 година. Меѓу неговите заслуги е и преводот на хутби на Јоомла јазикот.