In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифа-тул Месих II – Бисери на мудроста

Ветениот Месија а.с. рекол дека Возвишениот Аллах е скриен но дека можеме да Го препознаеме низ Неговите моќи. Личноста, Неговото битие може да го открие низ ибадетот. Секое човечко суштество, вклучувајќи ги и кралевите и владетелите, се соочуваат со тешки времиња кои ги принудуваат на понизност и конфузија што да направат. Во таквите времиња тешкотиите можат да бидат решени низ ибадет.

Ветениот Месија а.с. на многу места и во разни контексти зборувал за значењето на довата. Неговите асхаби низ него развиле проникливост во тоа и другите луѓе признале дека нивните дови биле прифатени.

Еднаш на Ветениот Месија а.с. му било пренесено едно кажување кое го насмеало. Тоа било кажување за Мунсхи Ароора Кхан сахиб кој во раните денови многу често ја посетувал Кадијана но подоцна, поради обврските на работа, немал толку слободно време како порано. Хазрети Муслех Мауд р.а. се сеќава дека тоа било во текот на неговото детство кога Мунсхи сахиб по пристигањето во Кадијана топло ги поздравувал другите, како брат кој отсуствувал долго време. Мунсхи сахиб бил вработен во канцеларија на еден висок судија. Тој еднаш, за да ја посети Кадијана, побарал слободно време но судијата тоа го одбил бидејќи имало многу работа. Мунсхи сахиб тогаш му кажал: ’Добро‘ но додал дека од тој ден па понатаму ќе почне да привикува проклетство на неговата работа. Судијата почнал да поднесува големи загуби  кои го предупредиле и како резултат на тоа секоја сабота од своите вработени барал да ја завршат работата за да Мунсхи сахиб не задоцни на воз. И самиот му предлагал да земе слободно време. Таков бил впечатокот за искреноста на Мунсхи сахиб.

Хазрети Муслех р.а. рекол дека луѓето во различни степени се чувствителни на топло и на ладно но се разликуваат кога е во прашање острината на нивното сетило за мирис. Ветениот Месија а.с. раскажал како некои луѓе во градот се собрале и зборувале за топлотните својства на семето на сусамот. Тие рекле дека никој не може да изеде 230 грама сусам а да не се разболи. Еден од нив се приклучил и рекол дека ако некој изеде 230 грама од семето на сусам тој ќе му даде 5 рупии. Еден груб земјоделец поминувал покрај нив и кога ги слушнал луѓето бил изненаден како некому може да му биде платено за да јаде нешто толку вкусно. Тој ги запрашал: ’Треба ли семето да го изедам сосе растението?‘  Тој тоа го прашал бидејќи не можел да верува дека некому ќе му биде дадена награда само за да го изеде семето а не и растението. Од една страна биле луѓе кои мислеле дека е невозможно да се изедат 230 грама семе на сусамот а од друга страна бил некој кој бил подготвен тоа да го изеде заедно со растението. Истиот принцип делува и во духовниот свет. Ибадетот на некои луѓе делува повеќе одошто на другите, бидејќи другите се духовно по препознатливи.

Верски зналец по име маулви Кхан Малик бил прочуен во Индија во времето на Ветениот Месија а.с.. Тој изгледал исклучително едноставно и лесно можеле погрешно да го сметаат за физички работник. Еднаш бил во посета на Кадијана и откако ги слушнал зборовите на Ветениот Месија а.с. тој го прифатил. Подоцна отишол во Лахор и го посетил маулви Гхулам Ахмад, зналец кој имал стотици ученици и кој некогаш бил студент на маулви Кхан Малик. Учениците на маулви Гхулам Ахмад не знаеле ништо за положбата на маулви Кхан Малик, која од неговиот надворешниот изглед не можела да се забележи. Кога рекол дека бил во Кадијана и дека го прифатил Ветениот Месија а.с., Гхулам Ахмад бил изненаден и рекол, да бил толку голем зналец каква одлика видел во Ветениот Месија а.с.? Маулви Кхан Малик му рекол да си ја гледа својата работа бидејќи сепак не знаел многу. Тоа ги разлутило неговите ученици но маулви Гхулам Ахмад ги смирил и рекол дека маулви Кхан Мали бил во право.

Еден Арап дошол да го посети Ветениот Месија а.с.. Кога решил да се врати Ветениот Месија а.с. му понудил пари за патни трошоци но тој одбил и рекол дека во Кадијана дошол бидејќи слушнал за неговите тврдења а не за да прими нешто. Оние кои претходно доаѓале од таа област во Кадијана секогаш имале потреба од помош и ова за Ветениот Месија а.с. била потполно нова ситуација и тој од него побарал да остане уште неколку дена и одредил човек кој ќе му ја пренесува пораката. Меѓутоа, пренесувањето на пораката на него немало никакво дејство. За него зборуваат дека бил многу нежен човек и сосема поинаков од оние кои имаат потреба и бил во потрага кон вистината. Од Ветениот Месија а.с. побарале да прави дови за него. Ветениот Месија а.с. правел дови за него и ги известил дека ќе биде упатен. Следното утро тој го дал заветот на баи‘атот. Подоцна хазрети Муслех Мауд р.а. дознал дека овој човек бил на аџилак каде ја пренесувал пораката на луѓето. Толку многу го истепале што дури се онесвестил но тоа сепак не го одвратило и тој повторно почнал со пренесувањето на пораката.

Во времето на Ветениот Месија а.с. еден Американец по име Александар Расел Веб го прифатил исламот. Тој се допишувал со Ветениот Месија а.с. што довело до неговото прифаќање на исламот. Тој понатаму својот живот го посветил на пропагирање на исламот. Тој ја посетил Индија и сакал да се сретне со Ветнеиот Месија а.с., но оџите го одвратиле говорејќи дека ако се сретне со Ветениот Месија а.с. муслиманите нема да му дадат придонеси. Со тоа тој бил изигран и ја напуштил Индија без да се сретне со Ветениот Месија а.с. но исто така бил разочаран бидејќи не добил ниту помош ниту поткрепа. Пред да почине Ветениот Месија а.с. тој му пишувал и рекол дека многу претрпел бидејќи не го примил советот на Ветениот Месија а.с.. Тој напишал: ’Ти ми кажа дека муслиманите немаат интерес за служењет на верата но јас не те послушав и како резултат на тоа не се сретнав со тебе.‘ Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека (во тоа време) Џемаатот повеќе напредувал во Америка одошто во Европа.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека моралната обука на децата треба релаксирано да се прави, на пример, во текот на играта. За малите деца тоа треба да се спроведе низ приказна. Не е неопходно овие приказни да бидат невистинити. Тој рекол дека во текот на неговото детство Ветениот Месија а.с. му ги раскажувал приказните за хазрети Јусуф, Нух и Муса а.с., и за него, како дете, овие вистинити кажувања биле како приказни. Ветениот Месија а.с. исто така ги раскажувал приказните од Арапските ноќи. Тоа можат да бидат приказни кои имаат морална порака. Кога децата се по возрасни моралната обука може да биде спроведена преку игра и спорт.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека кога Ветениот Месија а.с. им ги раскажувал приказните тоа кај нив предизвикувало чувство на опуштеност и дека приказните ги успивале, со што Ветениот Месија а.с. можел да си ја врши работата. Децата не ја увидуваат сериозноста на природата на работата на своите родители и затоа раскажувањето на приказни ги умирува бидејќи внимателно слушаат и заспиваат. Се разбира, треба да се раскажуваат добри, корисни приказни.

Ветениот Месија а.с. раскажувал приказна за една мечка. Некој човек имал мечка миленик и биле најдобри пријатели. Ова е приказна која е наменета за пренесување на фактите. Било која приказна која ја раскажувал Ветениот Месија а.с. во себе имала морална поука. Приказната понатаму оди вака: мајката на човекот со мечката била болна и тој еднаш седел покрај неа помагајќи и да ги растера мувите околу неа. За тоа време требало да оди до некаде и ја замолил  својата пријателка мечка да седне покрај неговата мајка и да ги растерува мувите. Мечката од мајката на пријателот ревносно почнала да ги растерува мувите но тие и понатаму доаѓале. Мечката помислила дека на старицата ова сигурно и досадило и терањето на мувите не и изгледало природно како што им изгледало на луѓето. Затоа одлучила во врска со тоа да направи нешто на свој начин. Земала голем камен и ги удрила мувите но при тоа ја пукнала и главата на мајката на пријателот. Моралната поука од оваа приказна е дека некои неразборити луѓе склапаат нови пријателства а не знаат како самото пријателство да го сочуваат. Тие можеби ќе направат нешто добронамерно за пријателот но од друга страна ќе предизвикаат голема штета.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. ја објаснил добрата форма на пријателство говорејќи дека треба да му помогнете на својот брат без оглед дали вашиот брат е угнетувач или жртва. Кога некој ќе го сопре пријателот угнетувач не треба да биде суров, што значи дека му помага. Вистинско пријателство значи дека човекот понекогаш мора дури и да оди против својот пријател со цел да му биде од корист.

Хазрети Муслех Мауд р.а. раскажувал за расправија помеѓу двајца. Пријателот на едниот од нив потполно се заплеткал во расправија за да ја покаже својата поткрепа како добар пријател. Поради својата добра нарав човекот кој се расправал се смирил со човекот со кој бил во судир но пријателот кој се вплеткал во расправија завршил со одрекување од својата вера. Пријателите, човекот можат да го одведат поблиску до Бог но исто така можат и да предизвикаат негова пропаст. Помагањето на пријателите треба да значи разборитост и контрола на чувствата.

Ветениот Месија а.с. ја раскажуваше и оваа приказна: еден човек бил пријател со мечка и неговата жена се подбивала со него и го исмејувала. Еден ден отворено го омаловажувала и мечката сето тоа го слушнала. Мечката на својот пријател му ја дала сабјата и побарала од него да ја удри по главата. Човекот тоа го одбил но мечката инсистирала и на крајот човекот ја удрил со сабјата со што мечката почнала да крвави и заминала во шумата. По една година мечката се вратила и го замолила пријателот да провери дали раните оставиле некаков белег. Човекот проверил и рекол дека нема ниту еден белег. Мечката раскажала како во шумата нашла некакви растенија кои и помогнале да ги залечи раните но дека раната која ја оставиле исмејувањата на жената останала се уште свежа. Понекогаш емотивната повреда станува поголема од било каква физичка повреда и за да се одржи општествениот мир мораме да водиме сметка за тоа. Треба да бидеме внимателни за тоа што кажуваме еден на друг.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Ветениот Месија а.с. многу пати ја раскажувал приказната за хазрети Муса а.с.. Кога хазрети Муса а.с. го напуштил Египет се сретнал со спротивставеното племе. На кралот на племето му се заканувал пораз и од еден побожен човек побарал да се моли против хазрети Муса. Овој побожен човек го молел Бог и Бог му објавил дека Муса е Божји пратеник и дека против него не се прават молитви. Побожниот човек тоа му го пренел на кралот. Кралот се обидел со истата измама која шејтанот ја употребил за да го намами Адем и дал многу накит на жената на овој побожен човек но тој сепак рекол дека не може да го моли Бог против хазрети Муса а.с. бидејќи тој е Божји миленик и рекол дека токму Бог тоа му го кажал.  Меѓутоа, неговата жена инсистирала да го моли Бога бидејќи кралот така сакал. Тие побожниот човек го одвеле на некое место за да моли против хазрети Муса но тој рекол дека неговото срце не се отворило така што го воделе на уште неколку места. На крајот човекот ја изгубил верата бидејќи го молел Бог против хазрети Муса а.с.. По неговото проклетство поради неговите сопствени неостварувања настанале нереди меѓу народот на Муса а.с. а и верата на побожниот човек била изгубена и неговата духовна положба била завршена. Оваа приказна објаснува дека, токму како што птицата одлетува од нечии раце така и верата го напуштила срцето на овој побожен човек. Развојот на човековата духовност и вера изискува тешка работа но сето тоа може да биде загубено со сосема нешто малечко!

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Ветениот Месија а.с. стално изговарал една Персиска пословица која значи: едната рака нека биде зафатена со работа но вашето срце мора да биде исполнето со спомнувањето на Саканиот (Бог). Еднаш некој ја прашал побожната личност колку пати треба да се спомне Бог. Побожниот човек одговорил: ’Вие сакате да изброите колку пати го спомнувате Саканиот? Вистинското спомнување на Бог не може да се изброи.‘ Добро нешто во спомнувањето на Бог во одредени часови е тоа што човекот напуштајќи се друго го одредува ова време исклучиво за Бог. Бидејќи и двете ситуации се важни, спомнувањето на Бог во одредено време како и цело време, вистински начин е Бог да го спомнуваме и во одредено време и во другите времиња, додека стоиме, седиме и правиме нешто друго. Целта на Ахмади муслиманот треба да биде внимателно да ги слуша нештата за верата и да настојува да ги запомни и потоа да ги практикува.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Ветениот Месија а.с. еднаш започнал низа на предавања за жените. Одлучил да ги испита и ја прашал една жена која дошла надвор од Кадијана да раскаже што тој во овие предавања кажувал во минатите осум дена. Жената одговорила дека тој зборувал за Бог и за Неговиот Веровесник. Ветениот Месија а.с. бил многу разочаран од овој одговор и рекол дека меѓу нашите жени има многу невнимание. Рекол дека се чини како ним да им е потребно основно (религиско) знаење и дека немаат способност да ги разберат фините точки на духовноста.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека тоа треба да се спореди со асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. кои го слушале по цели денови и ноќи и потоа неговите зборови практично ги применувале. Тие се придржувале до сето она што тој го зборувал без оглед колку малечко или значајно да било за да потоа тоа го рашират во светот.  Користењето на книгите на Ветениот Месија а.с. се една од најистакнати обврски на Џемаатот. Овие книги не треба едноставно да се читаат само поради задоволство од читањето туку во целост треба да се извлече корист од нив и да се применуваат во пракса. Дури и ако целиот Чесен Кур‘ан се проучи едноставно само од задоволство, ништо нема да се постигне. Меѓутоа, ако човекот изговори СубханАллах (Возвишен е Аллах/величањето на Аллах)  само еднаш додека размислува за Божјите атрибути тоа може да го доведе до духовно патување. Ветениот Месија а.с. еднаш на еден собир рекол дека ако и еден единствен пат го величаме Бог тоа ќе не однесе на духовно патување. Хазрети Муслех Мауд р.а. не бил на овој собир но било некое момче кое го познавал. Ова момче дошло кај него и ја изразило својата загриженост за тоа што го слушнал. Иако во тоа време хазрети Муслех Мауд р.а. и сам бил момче (17 или 18 години) тој имал такво духовно искуство што успеал да го убеди момчето дека тоа навистина се случува. Тој прашал: ’Како‘ а хазрети Муслех Мауд р.а. одговорил дека многу пати само со изговарањето на СубханАллах искусил духовно воздигање. Момчето сепак со исмејување одговорило на тоа. Причина за ова е тоа што тој никогаш СубханАллах не го изговорил со полно значење и не се замислил над тоа.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. извонредно ја објаснил оваа ситуација. Тој рекол дека постојат две фрази кои му се многу мили на Милостивиот Бог. Тие се многу лесни на јазикот но на Судниот ден кога делата ќе бидат вагани на вагите овие фрази ќе бидат важни. Чии ваги ги  имаат овие фрази, неговите ваги ќе преовладаат. Овие фрази се: Возвишен е Аллах, вреден за пофалба, Возвишен е Аллах, Велик. Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол:  ’Јас многу често ги изговарам овие фрази и нивното изговарање човекот го води кон возвишено духовно воздигање.‘

Главниот аспект е да се замислиме над Божјите наредби и да настојуваме да ги примениме во пракса. Ако Бог го величаме со искрено срце, впечатокот за тоа е очигледен. Нека Аллах ги оспособи сите тоа да го доживеат, да ја всадиме внатрешната сила да го практикуваме и да го бараме Божјото задоволство и да Го величаме за да нашите души се вивнат и да ја стекнеме Божјата близина.