In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифа-тул Месих II: Бисери на мудроста

Денешната хутба е продолжение на кратки морални приказни кои хазрети Муслех Мауд (нека е Аллах задоволен со него) запомнил дека му ги раскажал Ветениот Месија, нека е мир на него. Овие древни приказни од Индонезија се раскажани благодарејќи на доблестите на Ветениот Месија, нека е мир на него. Да не биле запишани во литературата на Џемаатот одамна би биле заборавени но поради нивното спомнување во хутбите во петок сега се преведени на неколку јазици.

Некои од овие приказни можеби изгледаат смешни но секогаш со себе носат морална поука. Ветениот Месија, нека е мир на него, често раскажувал приказна за жената на градинарот која имала две ќерки. Едната се омажила во семејство на грнчари а втората во семејство на градинари. Секогаш кога се наоблачувало таа почнувала да крева паника и да зборува како едната од ќерките ќе има мака. Кога би ја запрашале таа објаснувала дека доколку падне дожд ќе се мачи ќерката која е мажена во семејството на грнчарите а доколку не падне дожд ќе се мачи ќерката мажена во семејството на градинарите. Ако врне дожд, глината на лонецот на првата ќерка ќе се оштети а ако не падне дожд ќе има шета во градината на втората ќерка.

Исто така, Ветениот Месија а.с. раскажал приказна за двајца од Кадијана кои се скарале. Нивните пријатели се обиделе да ги смират но и двајцата инсистирале предметот да биде даден пред Британскиот суд. И двајцата биле следбеници на Ветениот Месија а.с., и од него барале дови. Соочен со дилема Ветениот Месија а.с. рекол дека ќе се моли да победи оној кој е во право. Барањето дови на овој начин е исто како во приказната за мајката која стравува дека од дождот или без него ќе настане штета кај едната или другата ќерка бидејќи некој мора да изгуби.

Од оваа приказна не треба да претпоставуваме ако во времето на Ветениот Месија а.с. предметот бил изнесен пред суд дека со самото тоа е оправдано и денес да се направи така. Да, барањето правда е оправдано, но секогаш е подобро ако проблемот можеме да го решиме со заеднички договор и надвор од судот.

Хазрети Муслех Мауд, нека е Аллах задоволен со него, рекол дека љубезноста и добротворството кон родителите за нас е задолжително но се случува помладите тоа да не го почитуваат. Ако добијат високи функции одредени луѓе се срамат да се видат со родителите кои се по скромни во својот живот.

Ветениот Месија, нека е мир на него, раскажал приказна за еден хинду кој минал низ големи тешкотии за да му обезбеди на синот високо образование. Синот се вработил во државна служба и имал висока позиција. Таткото му дошол во посета во време кога тој бил во друштво на правници и адвокати. Таткото бил облечен во својата селска неуредна облека. Некому не му се допаднал неговиот изглед. Кога прашал која е таа разбушавена личност синот се засрамил и не кажал дека тоа е неговиот татко. Таткото се налутил ги собрал работите и заминал. Пријателите на синот биле разочарани и му кажале дека ако тој им кажал дека тоа е неговиот татко тие со него би се однесувале со почит.

Ветениот Месија, нека е мир на него, рекол дека не треба да присуствуваме на некоја случка само поради добриот говорник туку треба да видиме дали од говорот можеме да имаме некаква корист. Ветениот Месија, нека е мир на него, раскажал како еднаш еден свештеник одржал говор кој бил полн со милост. Еден земјоделец застанал за да го слушне свештеникот. Бидејќи публиката не биле допрена со говорот на свештеникот земјоделецот почнал да плаче. Свештеникот претпоставил дека неговиот говор толку го допрел земјоделецот што и тој заплакал. Обраќајќи и се на публиката тој рекол дека различите срца различно чувствуваат. На една страна сте вие кои толку долго ме слушате а од друга страна е овој човек кој се расплака на мојот говор. Затоа го прашал земјоделецот што толку го допрело во неговиот говор. Земјоделецот одговорил дека вчера му починало телето правејќи исти звук како свештеникот и кога го слушнал се сетил на телето и тоа го расплакало. Свештеникот поради ова се чувствувал посрамено и понижено.

Божјата милост е врз нас што ни овозможила да го прифатиме Ветениот Месија, нека е мир на него, инаку и ние ќе бевме дел од светот каде Пирси живеат во името на исламот. Ветениот Месија, нека е мир на него, раскажал приказна за човек кој мислел дека има голема духовна позиција. Човекот отишол кај еден од своите следбеници и побарал данок. Следбеникот му одговорил дека времето е тешко, дека е суша и дека нема што да даде. Сепак Пирот бил неумолив и на крајот го натерал сиромашниот човек да продаде нешто и да му плати.

Хазрети Муслех Мауд, нека е Аллах задоволен со него, рекол дека Ветениот Месија, нека е мир на него, објаснил како Чесниот Кур‘ан ги содржи сите правила на медицината и третмани за земските болести.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека е можно неговото духовно знаење се уште да не е на висок степен но сепак може да ни каже дека ништо што е надвор од Чесниот Кур‘ан не ни треба.

Понекогаш луѓето си замислуваат дека откако стекнале одредено знаење немаат потреба од ново искуство или совет кој се однесува на тоа. Всушност, неопходно е да се води сметка дека искуството е важно колку и знаењето. Знаењето на лекарот не е потполно се додека не го примени во пракса. Ветениот Месија а.с. раскажува како еден високо образован лекар отишол на дворот на Махараџата Ранјит Сингх и се сретнал со советникот кој бил муслиман и побарал да му препорача на Ранјит Сингх да се сретне со него. Советникот се посомневал дека можеби ќе ја изгуби позицијата кај Ранјит Сингх ако овој доктор има преголемо влијание. Тој му предложил на Рајнит Сингх да се сретне со докторот и рекол како тој е многу образована личност. Рајнит Сингх  рекол: „Добро, но има ли тој искуство од полето на медицина?“ Советникот рекол дека искуството ќе го стекне покрај Махараџата. Ранјит Сингх  ја разбрал ситуацијата и рекол: „Дали Рајнит Сингх му бил единствениот за стекнување на искуство? Дај му некаква награда и испрати го.“

Ако знаењето не е надополнето со искуство тоа човекот не го прави стручен во некоја област и ако некој замислува дека е стручен само со стекнување на знаењето тој ќе добие одговор каков што го дал Ранјит Сингх. Исто така за општото напредување на Џемаатот е важно младите луѓе да стекнат искуство после стекнувањето на знаења од модерните предмети. Понекогаш за одредени прашања само преку искуството може да се најде решение.

По примањето на Ахмадијатот својата вера можеме да ја сочуваме  само со чување и одржување на постојана врска со управата на Џемаатот и со Халифатот, како и да ги употребуваме средствата за комуникација кога сме географски оддалечени. Хазрети Муслех Мауд  р.а. рекол дека нема да постои напредок во Џемаатот доколку личноста не е поврзана со главниот извор. Тој дал пример од своето време и рекол дека весниците биле начин да не држат во контакт. Рекол дека благодарејќи на разгласот на Џалса можел да им се обрати на жените. Исто така, оние кои биле далеку преку весниците го одржувале контактот со заедницата. Ветениот Месија а.с. дека весниците Ал Хаким и Бадр биле неговите раце. Во времето на Ветениот Месија а.с. весниците на Заедницата биле многу популарни меѓу членовите на Џемаатот и иако Џемаатот бил бројно мал продажбата на весникот Бадр била голема. Дури и необразованите Ахмади го купувале овој весник  и им  давале на другите да го читаат и тоа бил еден од начините на ширење на пораката. Еден неписмен Ахмад кој возел коњска носилка секогаш го купувал Ал Хакм и кога имал фини патници им го давал весникот и од нив барал да му читаат. Така на своите патници им го претставувал Џемаатот. Се вели дека во своето време иако бил неписмен бил повод за најголемиот број на баи‘ати.

Времињата се сменија и сега на располагање ни се многу повеќе средства. Прво, секој Ахмад мора да ја всади праксата на гледање на МТА поради личното воспитание и поради основање на силна врска со Халифатот. Ние на пријателите треба да им кажеме за интернет страница на Џемаатот. Многумина пишуваат и ни велат дека откако на МТА почнале редовно да ја следат хутбата во петок ја засилиле својата вера и чувствуваат дека нивната врска со Џемаатот станала посилна. МТА и интернет страницата на Џемаатот се многу добри средства за пренесување на пораката и исто така средства за воспитание на Ахмади муслиманите и за нивното поврзување со Халифатот и Џемаатот.

Постојат луѓе кои водат сметка да се поправат во поглед на извршувањето на намазот. Меѓутоа, тие стануваат немарни во тоа кога се во друштво со оние кои се безгрижни. Затоа е важно да имате врска со оние кои се духовно цврсти. Посебно за оваа работа им свртено вниманието на Ахмади муслиманите во Рабва и во Кадијана. Тие имаат локални организации во близина и треба да ги исполнат џамиите. Луѓето од надвор кои ја посетуваат Рабва пишуваат и велат дека треба да се посвети внимание на извршувањето на намаз во Рабва.

Во објаснувањето за тоа како општеството во кое се наоѓаме влијае на нас, Ветениот Месија а.с. раскажал приказна за тоа како ментално болен/манијак нагло го зграбил Гален (Грчки лекар). Кога го пуштил Гален побарал некој да му пушти малку крв. Кога го прашале зошто бара такво нешто Гален одговорил дека начинот на кој лудакот му пришол и го грабнал изгледало како и тој во себе да има елемент на манија со која лудакот бил привлечен.

Наместо да бидете наклонети кон луѓето кои се немарни и мрзеливи за намазот треба да се наклоните кон активните луѓе и кога бројот на таквите луѓе ќе порасне дури и мрзеливите ќе бидат поттикнати да бидат активни.

Еднаш некој човек дошол на собирот на Ветениот Месија а.с. и барал тој да му покаже чудо за да го прифати. Ветениот Месија а.с. одговорил дека Бог не е акробат и не поставува претстави. Се што е од Бог, полно е со мудрост. Ветениот Месија а.с. го прашал овој човек: „Од кое чудо порано си имал корист, па сега ти е потребно свежо чудо?“ Вака едноставно своеглавите луѓе кога не сакаат да прифатат ги следат стапките на шејтанот и изнесуваат вакви барања. Овие бесмислени барања немаат никаква вредност во Божјите очи или за Божјите пратеници. За оние кои се побожни постојат безброј знакови.

Кога хазрети Муслех Мауд р.а. ја започнал програмата Тахрик-е-џедид (кога дословно ќе се преведе тоа значи нова програма) имало луѓе кои изнеле приговори (поради зборот џедид – нов) дека тоа е можеби ново – воведена програма. Тој објаснил дека оваа програма всушност била стара програма и дека ништо не е ново. Рекол дека употребата на  зборот џедид (нов/модерен)  била од посебна причина. Како пример раскажал дека тоа е како кога еден доктор долго време лечи некој и болниот мисли дека лекувањето не делува. Докторот му предлага на пациентот да му даде нешто ново а всушност се што направил е само тоа што додал некој нов елемент во претходниот лек и тоа со право го нарекол нов лек.

Еднаш една постара жена дошла кај Ветениот Месија а.с. и се жалела за продолжен напад на маларија. Тој и советувал да земе кинин но таа кажала дека ако земе само четвртина од таблетата ќе има температура цела недела. Ветениот Месија а.с. увидел дека таа не е подготвена да земе кинин. Во Индија за кинин се употребувал збор кој имал и други значења. Така Ветениот Месија а.с. и дал кинин но и кажал дека лекот се вика поинаку. Старицата со задоволство го земала лекот и подоцна го известила дека само две три таблети ја смириле болеста.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека слично на тоа ја нарекол оваа програма или пракса која била стара и едноставно ја нарекол ’ново‘  или ’модерно‘ (џедид) но луѓето го критикувале дека започнал нешто ново. Тие лицемерно велат дека се воведени ново – смислени идеи и дека учењето на Чесниот Пратеник с.а.в.с. е посрамотено.

Во времето на Ветениот Месија а.с. еден просјак просел по улиците на Кадијана. Кога би видел некој како приоѓа ја започнувал својата понуда и молел за одреден износ. Како минувачот се приближувал просјакот ја спуштал понудата и постепено така ја намалувал се додека минувачот минувал покрај него и отишол на друга страна.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека оние кои му служат на Џемаатот исто така треба да имаат вакво размислување да стекнат нешто важно или нешто друго. Ако на почетокот има само една личност, постепено со напор ќе се зголеми. Ние треба да ги извршуваме своите задачи и да видиме какви се резултатите! Кога дури и световните нешта не се без резултат, како моралните и духовните задачи можат да бидат без резултат? Оние кои погрешно мислат велат: Ние правиме што треба но резултатот е во Божји раце. Од ова тие мислат: Ние се обидовме сè што можевме но Бог не е на наша страна. Како е глупаво сопствените слабости и неуспеси да ги поврзуваме со Бог. Божјиот закон е дека што и да направиме има одредени последици. Добрите или лошите последици зависат од нашата сопствена задача. Што се однесува до тешката работа и напорот, резултатот е во нашите раце. Потребно е да направиме напор за да имаме сигурни резултати и не мируваме додека не постигнеме резултати!

Луѓето пишуваат и велат како прават големи напори во ибадетот на Бог но не ја постигнуваат целта и дека нивните дови не се примени. Не само дека начинот на постигнување на нашата цел мора да биде исправен туку треба да бидеме подготвени да вложиме потребена напорна работа.

Ветениот Месија а.с. рекол дека кога алхемичарот е неуспешен (од прашина да добие злато) тој не го напушта овој процес и продолжува да ја намалува температурата. Односно, тој не ја губи надежта во алхемијата туку тоа го припишува на својот сопствен неуспех. Иако во алхемијата нема изглед за успех, во врската со Бог потекнува вечна надеж. Алхемичарот кој целиот живот го троши во работата со најмал  ефект сепак не ја губи надежта наспроти неуспехот. Меѓутоа, ако некој кој сака да ја постигне Божјата близина не е успешен, тој тоа не го припишува на било каков недостаток во својата пракса туку ја губи надежта во Бог и престанува да прави напор.

Навистина, истражувачката работа зема многу години пред да се постигне целта.

Потребно е постигање на духовноста, близината на Бог и ако сакаме да ни се примат довите треба да внимаваме на сопственото однесување и да го подобриме и поправиме. Самите себе треба да се  анализираме, да внимаваме на ибадетот на Бог и да се држиме кон сите Божји наредби да ги поправиме своите мисли и интелектот. Бог вели дека е Он блиску и Он го слуша молителот. Според тоа, ако некој не чувствува дека Бог е близу и не го искуси примањето на довите, тогаш нешто недостасува во човековиот напор.

Ветениот Месија а.с. зборувал дека постојат два вида на просјаци. Едниот вид на просјаци повикува и зема што ќе му биде дадено, а ако ништо не му се даде повикува два три пати и потоа оди понатаму. Другиот вид се оние кои не можете да ги откачите доколку не го добијат тоа што го бараат. Овој вид е многу мал.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека се сеќава како некој просјак доаѓал на вратата на Ветениот Месија а.с. и не се поместувал се додека Ветениот Месија а.с. не би излегол и му дал нешто. Понекогаш барал одреден износ на пари и ако му било дадено помалку тој едноставно не ги примал. Многу пати гостите на Ветениот Месија а.с. го надокнадувале бараниот износ. Во деновите кога Ветениот Месија а.с. бил болен и не излегувал надвор тој седел надвор и чекал се додека Ветениот Месија а.с. не се почувствувал подобро и не излегол надвор.  Ветениот Месија а.с. кога зборувал за примањето на довите велел дека е важно човекот да биде како вториот вид на просјаци. И треба да продолжи да бара и да не застанува се до времето додека Божјата постапка не покаже дека довата е примена. На пример, сега може да се открие полот на нероденото дете и во подоцнежната бременост тоа може да се потврди со сигурност. Ако продолжите да се молите детето да биде машко (ако е потврдено дека е женско) противно е на Божјата постапка.  Може да се прават дови во иднина да имате машко дете. Понекогаш Бог ја открива Својата волја и ако во таква ситуација продолжите да Го молите против Неговата волја тоа е неубаво.

Исто така треба да се запомни дека планирањето и довите идат заедно. Треба да планирате и потоа решително да правите дови бидејќи ова ја привлекува Божјата милост. Многу е важно да планираме но и да преземеме практични чекори заедно со довите. Ветениот Месија а.с. зборувал дека е погрешно довите да се прават без планирање и во тој случај довите биваат вратени назад затоа што против Божјиот закон сме молеле но не и планирале. Тоа е слично на искушенијата и спротивно е на Божјото достоинство човекот да го искушува Бог.

Нека Аллах ни даде со решителност да ја обликуваме својата состојба во единството со Божјото задоволство  и да правиме ибадет со јасните барања на ибадетот.

Потоа е најавена џеназа во отсуство за шехид Камар Зиа сахиб кој е убиен во својот роден град во областа Шиекупура, Пакистан, на први Март 2016 година, кога го нападнале со ножеви надвор од неговиот дом.