In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифа-тул-Месих II: Бисери на мудроста

Постојат родители кои сериозно ги предупредуваат своите деца на одредени работи а постојат и оние кои се толку благи кога децата ќе направат нешто лошо поради што децата го губат чувството за доброто и лошото. И двата начини имаат многу лошо влијание на воспитанието на децата. Преголемата строгост и постојаните прекорувања доведуваат до тоа децата да станат бунтовни и да престанат да се грижат за тоа што е во ред. Непотребното повладување исто така има негативно влијание на децата, посебно на адолесцентите. Ставот на таткото најчесто работите ги прави полоши. На децата во тие години нештата треба да им се објаснат со разбирање, особено во периодот кога не се само под влијание на средината околу нив туку се подложни и на национално и на меѓународно влијание.  Во такви услови татковците посебно треба да поведат грижа кога да се однесуваат строго а кога е неопходен благ однос. Ова е одговорноста на таткото и не треба да се остава само мајките да водат грижа за тоа.

Раскажувајќи ја приказната за тоа како Ветениот Месија а.с., морално ги подучувал децата Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Бог создал различни животни за различни цели. Има животни кои убаво изгледаат, постојат и оние со убав глас додека пак другите се за исхрана. Не мора да се јадат сите алал (дозволени) животни. Како пример навел дека е можно животното да јаде штетни инсекти и месото на тоа животно иако е дозволено и безопасно не би било корисно за човештвото.

Тој се присетил на лекцијата која ја научил во детството. Уловил папагал и го однел дома. Ветениот Месија а.с. рекол: “Да се јаде месото на ова животно не е забрането, но не е секое животно  за (човечка) употреба. Објаснил дека некои животни се убави за гледање додека другите имаат убав глас кој е пријатно да се слуша. Така различни животни ни се допаѓаат поради различноста на сетилата и не мора за секое животно да го користиме сетилото за вкус. Папагалите се убави и преубаво изгледаат кога стојат на врвот од дрвото.

Децата се инспирирани кога ќе им се објасни на вака убав начин и тоа исто така во нив внесува Божја заповед дека тоа што е алал и здраво, дозволено е да се јаде но треба да се направи со должно внимание. И значењето на здравото може да варира. Животните и птиците кои се корисни на поинаков начин можеби не се здрави иако се алал, бидејќи нивната предност се наоѓа во нешто друго.

Што се однесува до отстранувањето на штетните обичаи, Хазрети Муслех Мауд р.а. ја раскажува случката со сликата на Ветениот Месија а.с.. Кога му била покажана разгледница со неговата слика на неа, рекол дека тоа не може да го дозволи. Наредил никој да не смее да ги купува тие разгледници и никој не се осмелил тоа да го прави.

Хазрети Халифа-тул-Месих V  го рекол следното:

„Меѓутоа, овие денови забележав дека на Твитер и Уотсап поедини луѓе се обидуваат да ја објават таа стара разгледница. Можеби ја добиле од постарите или ја купиле во антикварница. Ова е погрешно и треба да се престане со тоа. Ветениот Месија а.с. ја имал оваа слика за луѓето од далечните места, посебно Европејците кои судат за карактерот по цртите на лицето, да ја видат сликата и тоа да ги поведе кон барањето на вистината. Меѓутоа, кога Ветениот Месија а.с. увидел дека тоа може да стане извор на штетни промени тој строго ја забранил употребата на сликата. Дури и побарал разгледниците да бидат уништени.“

Луѓето кои имаат бизнис во продажба на фотографии и за кои бараат висока цена треба да обрнат внимание на овој проблем. Има и такви кои ги обоиле сликите на Ветениот Месија а.с. иако негова слика во боја не постои. Ова е потполно погрешно и треба да се избегнува. Исто така, неправилната употреба на сликите на Халифата треба да се избегнува.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека не е точно кога велиме како киното и фонографот сами по себе не се нешто лошо. Навистина, Ветениот Месија а.с. напишал песна за фонографот. Така, киното само по себе не е лошо но тоа што овие денови низ него се претставува не е морално. Нема ништо лошо во филмот кој учи на верата (таблигх) или пак има образовни аспекти и нема елементи на позирање и музика. Рекол дека музиката е погрешна дури со цел на таблигх.

Хазрети Халифа-тул-Месих V рекол дека ова треба да го разјасни прашањето на оние кои зборуваат дека е во ред ако се користи малку музика на МТА програмите или дека е во ред ако се слушне малку музика на радиото Гласот на Исламот, кое штотуку започна да емитува програма.

Ветениот Месија а.с. дошол  да ги отстрани овие штетни не исламски обичаи. И ние нашите мисли мораме да ги обликуваме во согласност со тоа. Не е забрането да извлечеме корист од новите пронајдоци но нивната погрешна употреба ги прави штетни.

Постојат луѓе кои сметаат дека учењето на верата треба да биде драматизирано. Треба да запомниме, ако воведеме нешто што не е во ред, илјадници штетни неисламски обичаи по некое време ќе го пронајдат својот пат.

Еден човек кој не е Ахмад напишал нешто смешно што го открива незнаењето на еден верски зналец. Тој напишал како некој верски зналец се нишал на пеењето на некоја арапска пеачка и по пат изговарал СубханАллах и МашаАллах. Кога некој го прашал зошто така се ниша тој одговорил: „Зарем не гледаш колку таа преубаво го учи Кур‘анот!“ Вака мислите се менуваат со ширењето на штетните неисламски обичаи.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека докторите, посебно индиските доктори, сметаат дека не треба со никого да се советуваат и можат самите да ги лечат болните и дека 99% од докторите ќе се навредат ако се советуваат со другите. Тој рекол дека др. Хасхмат Уллах сахиб бил подобар лекар од другите но не мислел дека не треба да се посоветува со другите. Рекол дека Ветениот Месија а.с. имал обичај да зема лекарства и од лекарите но и од оние кои лечеле со природни средства.

Понекогаш лечењето со тревите делува подобро од класичната медицина. Постојат луѓе кои имаат формули за лечење со трева кое многу добро делува. Хазрети Муслех Мауд р.а. раскажува како Сазед Ахмад Ноор сахиб имал рана на носот која не зараснувала и покрај користењето на разни лекарства. На крајот отпатувал Пешевар и некој бербер му дал лек кој по три дена му ја залечил раната. Постојат многу луѓе кои своите вештини и знаења треба да ги унапредуваат, но не го прават тоа. Професионалните бербери и борачи можат да лечат болести на коските, стари удари и болки. Овие вештини треба да се учат и шират но луѓето не ги пренесуваат своите ’занаети‘ и тие занаети изумираат. Од друга страна Европејците ги шират своите вештини. Ветениот Месија а.с. кажал како некој бербер знаел за некој лек кој ги лечел компликуваните рани. Неговиот син побарал рецепт за овој лек и му кажувал дека најмалку два човека треба тоа да го знаат но берберот одбил да му ја пренесе тајната формула. Кога бил стар и многу се разболел синот повторно го прашал за рецептот. Берберот рекол: „Ти мислиш дека јас ќе умрам и дека ќе ти ја пренесам тајната? Но што ако оздравеам?“ Тој не ја пренел тајната на својот син и ја однел со себе во гробот. Кога вакви нешта не се пренесуваат тие стануваат повод на немилост а не на напредок.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека Ветениот Месија а.с. примил многу објави во врска со земјотресот на 4 април 1905 година и, од почит кон Божјата Реч, Ветениот Месија а.с. се преместил во градината. Некои неразборити луѓе рекле дека Ветениот Месија а.с. во градината се преместил поради стравот од чума која во тоа време се ширела. Зачудувачко е што и некои Ахмади имале такво мислење иако Ветениот Месија а.с. никогаш поради чумата не отишол од дома. Тој во тоа време примил многу објави за земјотресот и сметал дека е потребно за некое време да се префрли во градината. И од своите пријатели барал да се преместат таму. Бидејќи се случувало набрзина некои пребивале во шаторите додека другите ставале душеци на врвот на циглите и правеле колиби.

Сеќавајќи се на времето кога Ветениот Месија а.с. ја одржал својата Објавена хутба, хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека тогаш Бог на Ветениот Месија а.с. му кажал оти оваа бајрамска хутба ќе биде на арапски јазик и дека за тоа ќе му биде дадено знаење. Тој навистина никогаш порано формално не го зборувал арапскиот јазик. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека во тоа време бил дете и дека воопшто не ја разбрал хутбата но се сеќава дека внимателно целата ја слушал поради високата духовна состојба на Ветениот Месија а.с.

Еднаш се случило луѓето, поради плакатот за Објавената хутба, да не бидат сигурни за која џамија тоа се однесува и хазрети Муслех Мауд р.а. побарал да му се донесе плакатот и откако го прочитал објаснил дека плакатот упатувал на џамијата месџид Мубарак која Ветениот Месија а.с. ја изградил. Потоа пренел како еднаш хазрети Уммул Муминеен се разболела и скоро четириесет дена била болна. Хазрети Муслех Мауд р.а. (бидејќи во врска со тоа постоела објава) одлучил во оваа џамија да се обиде да и даде лек на хазрети Амман Џан. Два дена откако го направил тоа хазрети Амман Џан се чувствувала подобро!

Хазрети Муслех Мауд р.а. на докторите им советувал да и служат на верата. Тој рекол дека вистината многу побргу делува кај луѓето кои се болни. Кога некој доктор го прашал Ветениот Месија а.с. како може да и служи на верата тој рекол на пациентите да им пренесува порака бидејќи болните се со меко срце.

Овие денови на Западот многу се расправа за покривањето на жените, било тоа да е во врска со правата на жените, екстремизмот или воопшто со критиката на исламот. Бог во Чесниот Кур‘ан, што се однесува за покривањето, вели:

„… освен она што се гледа …“

(24:32)

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека тоа значи оти појавата (надворешноста) на телото која во секој случај е очигледна и која не може да се сокрие, на пример, некој е повисок од друг или кога докторот треба да прегледа одреден дел од телото. Ветениот Месија а.с. зборувал дека е можно докторот да и каже на жената дека покривањето на лицето и штети на здравјето и дека надвор треба да оди без покривање. Во таквите примери за жената е оправдано да го остави лицето непокриено и да оди надвор. Ветениот Месија а.с. исто така кажал дека, ако постои критична потреба маж доктор да ја породи жената, тоа треба да биде направено. Одбивањето на оваа можност во таков процес во Божјите очи е еднакво на самоубиство. Исто така, во земјоделието жените работат на полето со своето семејство. Сето ова е вклучено во;

„… освен она што се гледа …“

(24:32)

Еднаш Ветениот Месија а.с. рекол дека, ако човекот се однесува богобојазливо, може да се ожени и стотици пати. Подоцна ова станало познато, дека по верувањето на Ветениот Месија а.с. оваа наредба била дека мажот може да ожени не само четири жени туку може да ожени колку сака. Тоа му било пренесено на Ветениот Месија а.с. и тој објаснил дека тоа значело, ако на човекот му умре жена или се разведе, тој повторно може да се ожени. Во некои области мажот воопшто не може повторно да се ожени и Ветениот Месија а.с. оваа работа ја објаснил од таа причина. Ако неговите зборови не биле објаснети, за кратко време можело да биде прифатено дека мажот може да се жени колку пати сака се додека се држи до богобојазливоста!

Во раните денови на основањето Џемаатот бил мал и кога членовите се состанувале расправале за такви нешта. Еднаш хазрети Халифа-тул-Месих I р.а. рекол дека женидба со само четири жени не била докажана од Шеријатот. Тој навел хадис од книгата на Абу Давуд дека хазрети имам Хасан имал осумнаесет или деветнаесет никахи (верски женидби). Затоа одлучиле проблемот да го изнесат пред Ветениот Месија а.с.. Еден од нив, одушевен со книгата во која бил содржан овој хадис, отишол кај Ветениот Месија а.с., и кога хазрети Муслех Мауд р.а. го прашал каде оди тој му кажал каде оди. Хазрети Муслех Мауд р.а. одлучил да почека човекот да се врати и да го слушне одговорот. Кога се вратил расположението му било сменето и тој бил со наведната глава. Во одговорот на Ветениот Месија а.с. стоело човекот да го праша маулви сахиб да каже каде во хадисот стои дека имам Хасан сите овие жени ги имал истовремено!

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека повикот на луѓето нема значај во споредба со повикот на Имамот. Задолжително е во моментот кога верниците го слушнат зборот на Божјиот Пратеник веднаш да одговорат и да побрзаат практично да делуваат. Дури и ако некој извршува намаз, треба да се прекине намазот и да му се одговори на Божјиот Пратеник. Со Божја милост такви примери можат да се најдат во нашиот Џемаат. Еднаш хазрети Халифа-тул-Месих I р.а. го прекинал намазот и на повикот на Ветениот Месија а.с. веднаш дошол. Во некое друго време и други асхаби тоа го направиле. Кога некој дал приговор на тоа, Ветениот Месија а.с. го навел следниот ајет од Чесниот Кур‘ан:

„Повикот на Пратеникот меѓу вас не сметајте го како повикот ваш кој го упатувате едни на други. Аллах секако ги знае оние меѓу вас кои бегаат кришум. Затоа оние кои се против Неговата   наредба ќе ги снајде искушение или казна болна.“

(24:64)

Тука исто така е и ајетот:

„О вие кои верувате! Оѕвијте се на Аллах и на Пратеникот кога ве повикуваат зашто тоа ќе ве заживее.“

(8:25)

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека оваа пракса е голем знак меѓу знаците на верата. Тој рекол дека всушност верникот за да послуша нема потреба од премногу уверувања и за него и едно движење на раката е доволно. А луѓето ги сметаат за луди оние чија вера е совршена. Асхабот на Ветениот Месија а.с. маулави Заар Мухаммед сахиб имал толкава преданост кон Ветениот Месија а.с. и таа преданост и љубов биле толку силни што тој замислувал дека е ветениот син и ветениот реформатор. Кога Ветениот Месија а.с. инспиративно зборувал тој рацете ги движел како да повикува некого. Во една таква прилика маулави Заар скокнал и отишол да седне до Ветениот Месија а.с.. Подоцна некој го прашал зошто тоа го направил и тој одговорил дека Ветениот Месија а.с. го повикал да дојде. Неговата опсесија да биде верен останала позитивна и не попримила никаков негативен облик.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол како некогаш Вехаби сектата верувала дека во Индија џума намаз (намаз во петок) може да се клања но Ханефи сектата верувала дека не може. Тие верувале дека џума намаз во петок може да се клања само кога владеењето на земјата е во муслимански раце а во тоа време Британија управувала со Индија. Тие увиделе што Кур‘анот кажува за клањањето на џума намаз во петок и не биле сосема задоволни со таа ситуација. Затоа некои луѓе во петок клањале џума намаз а потоа клањале зухр (пладне) намаз за да ги опфатат и двете гледишта. Нивното објаснување било, ако Бог не го прифати нивниот џума намаз тие ќе Му претстават намаз на ’претпазливост‘ и обратно.

Ветениот Месија а.с. рекол дека еднаш во петок патувал во Гурдаспур и било време за намаз, така што тој отишол во џамија да клања намаз. Маулви Гхулам Али бил со него и бил непоколеблив вехабија. Тие и двајцата го клањале џума намаз но потоа маулви Гхулам Али продолжил да клања четири рекати намаз. Кога бил запрашан, тој на Ветениот Месија а.с. му рекол дека вехабијата не ги клањал овие четири додатни рекати во страв неговиот џума намаз да не биде примен, туку ги клањал поради страв од луѓето!

Некој еднаш му рекол на Ветениот Месија а.с. дека луѓето од нашиот Џемаат ги бричат брадите. Ветениот Месија а.с. одговорил дека најважното нешто е љубовта кон Бог. Кога овие луѓе ќе имаат вистинска љубов кон Бог тие вистински ќе не следат.

Потоа е најавена џеназа во отсуство за Абдул Ноор Јаби сахиб од Сирија. Тој е роден во 1989 година. Во декември 2013 некој од него позајмил телефон за да повика некој. Како резултат на тој повик Јаби сахиб бил уапсен затоа што човекот кој го позајмил телефонот бил Сириски бунтовник кој преку телефонот со соработниците зборувал за некакви финансиски трансакции. Сириската влада го мачела Јаби сахиб и по третиот ден од апсењето го убила.

Треба да се учат довите за ситуацијата во Сирија. Диктатурата довела до појава на бунтовниците и тие сега ја преминуваат секоја мера во суровоста, а таму постои и трета група Даеш која врши терор во името на исламот. Нека Аллах има милост и нека земјата ја спаси од теророт.