In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Добро и зло

О вие, кои верувате! Не следете ги чекорите на шејтанот, а оној кој ги следи чекорите на шејтанот (нека знае дека) тој, навистина, наредува срамно дело и зло. А кога не би била Аллаховата благодат и Неговата милост кон вас, никој од вас никогаш не би се очистил; но Аллах го чисти кого Он сака. А Аллах е Оној кој се слуша, Сезнаен.

  (24:22)

Шејтанот од почеток му бил непријател на човекот и така и ќе остане. Бог на шејтанот му дал можност да биде ослободен бидејќи Бог знаел дека Неговите искрени робови ќе бидат заштитени од неговите напади. Шејтанот не напаѓа отворено, туку луѓето кои се побожни ги вади со помош на лукавство, алчност и со нагласување на егоистичните тенденции кои водат кон зло.

Бог, исто така, го најавил доаѓањето на Пратениците, кои луѓето ги упатувале кон добрите нешта и ги подучувале на начините на реформација. Тие објасниле дека шејтанот е човековиот отворен непријател кој напаѓа под маската на наклонетоста што човекот го води кон злото и кон штетните патишта. Во времето на пресметката тој едноставно ќе каже дека, иако тој луѓето ги повикувал кон расипаност бидејќи тие не ги искористиле своите сетила, зошто не го избегнале.

Чесниот Кур‘ан на неколку места се занимава со триковите на шејтанот, предупредувајќи го човекот за тоа. Погоре спомнатиот ајет  исто така објаснува дека шејтанот секогаш го прогонува човекот. Тој му кажал на Бог дека човекот ќе го напаѓа од секоја агол и дека ќе го отстранува од вистинскиот пат. Затоа, кога човекот ќе помисли дека го нашол правиот пат и дека се спасил, тој е во заблуда. Кур‘анот спомнува луѓе кои го добиле Аллаховото задоволство и скршнале од правиот пат, односно луѓе кои го прифатиле хазрети Муса, а потоа и хазрети Иса, нека е мир на нив, но го изгубиле својот пат и го отфрлиле Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Бог вели дека шејтанот не нè остава на мира дури ни откако ќе ја прифатиме верата и ќе почнеме да веруваме. Ова е причина поради која дури и муслиманите одат во отпадништво. Посебна е милоста на Аллах кога човекот е спасен од нападите на шејтанот. На крајот, според порано спомнатиот ајет, Бог ветува дека Он сè слуша. Ако човекот решително го повика Бог и се сврти кон Него и Го моли, Бог гледа дека човекот е искрен и Он му дава сила во верувањето, што човекот го чува од нападите на шејтанот.

Шејтанот кажува дека сите, освен Божјите искрени робови, ќе го пратат, и затоа верниците треба да бидат мудри во размислувањето  како да станат искрени Божји робови. Со избегнување на неморалот и злобната личност духовно се очистува со помош на Божјата милост и, оној кој со помош на Бог е очистен, тој е чист.

Нападите на шејтанот се постепени, прво се предизвика мало зло мислејќи дека тоа е само мало зло, и тоа мало зло станува поттик за голем грев. Човекот го губи чувството за добро и лошо и не сфаќа што прави.

Бог вели дека, ако човекот сака да биде чист, тој од злото мора да се заштити со решителност и постојаност, и тогаш кога ќе дојде во Божјото засолниште повторно се потребни решителноста и постојаноста за да се остане цврст во побожноста.

Како одговор на прашањето кое понекогаш се поставува, зошто Бог го создал шејтанот и дозволил да биде силен, Ветениот Месија а.с. објаснил дека сите признаваат како постојат две склоности/привлечности; привлечноста кон доброто и привлечноста кон злото. Кога е привлечен кон злото човековите мисли стануваат зли, а кога е привлечен кон доброто неговите мисли стануваат добри. Понекогаш човекот прави некое зло а потоа се враќа кон доброто.

Бог, вдахновението кон доброто го нарекол мелеки или чесниот дух, а вдахновението кон злото го нарекол шејтан. Секој ги поседува и двете карактеристики, а причината зошто Бог и двете ги ставил во човекот е затоа тој да работи добро и да ја заслужи наградата. Ако човекот бил создаден само со можноста да прави добро, тогаш побожноста не би била ништо посебно за него. Сега, кога човекот има две склоности или две привлечности , добро и зло, соодветно на тоа ќе одговара за изборот на едното или другото. Сите религии го прифатиле двојното постоење, на шејтанот и на мелеките (ангелите). И секој оној кој не се оддалечи од злото станува шејтан.

Како одговор на прашањето зошто Бог не го казни шејтанот, Ветениот Месија а.с. вели дека Чесниот Кур‘ан кажува дека Бог одредил време кога ќе го казни шејтанот. Бог казнил многу луѓе со шејтанска нарав,  додека многумина ќе бидат казнети во иднина.

Ветениот Месија а.с. вели дека шејтанот поттикнувал кон лагата, суровоста, неправдата, страста, убивањето, лицемерството и ароганцијата. Од друга страна Бог не повикува кон трпението, побожност, искреност, вера и духовен просперитет. Наспроти многуте поттици на шејтанот, благословите на поседувањето на побожната природа човекот го водат кон Бог.

Врската помеѓу ароганцијата и шејтанот е таква што и Адам и шејтанот згрешиле. Адам не бил арогантен и го признал својот грев и поради тоа во човекот вечно цути надежта дека Бог ќе му опрости. Шејтанот, од друга страна, бил арогантен и поради тоа е проколнат. Божјите пратеници имаат многу доблести а една од нив е и одрекувањето и рушењето на своето ’јас‘. Ароганцијата незабележливо влијае на човекот и поради тоа внимателно треба да размислиме за своето однесување и верување.

Ако човекот се обиде да ги отстрани гревовите од своето живеење, шејтанот сака да влијае на неговите сетила и на тој начин да се обиде повторно да ја добие контролата. Ако ништо друго не успее тој се обидува да го фрли гревот во срцето на човекот. Моќта на шејтанот не може да делува на срцето кое има страв од Бог. Тоа шејтанот го доведува до очај и тој заминува.

Понекогаш шејтанот ги наведува луѓето да го пратат праќајќи им побожни мисли. Некои луѓе не можат да ја разликуваат објавата, дали е од Бог или е плод на мечтата или мислата на шејтанот. Мелеките поттикнуваат кон доброто, а шејтанот поттикнува на зло.

„Тоа што е од Бог е пријатно и големо и удара во срцето тешко како железо. Како што е кажано: ’Навистина ќе ти пратиме тежок Говор‘.“

   (73:60)

Плодот на мечтата и шејтанската мотивација се една те иста работа. Човекот го пратат две моќи, мелеките и шејтанот. Мелеките наведуваат на добро, шејтанот поттикнува на зло.

Овие две моќи не можат да се одрекнат. Светлината и мракот постојат едно покрај друго. Ако немаме знаење за нешто не мора да значи дека тоа не постои, бидејќи постојат илјадници чуда покрај универзумот кои ги знаеме.

Ветениот Месија а.с. рекол дека довата: „Барам засолниште кај Господарот на луѓето “ (114:2),  укажува на шејтанскиот поттик кој тој го шири меѓу луѓето. Најголемиот поттик е да создаде погрешно разбирање за Божјиот атрибут дека Он го храни и одржува (Рабубијјат). Говорејќи за шејтанското поттикнување, Ветениот Месија а.с. вели дека треба да правиме дови за да дојдеме под заштита на вистинскиот Владетел на луѓето. Навистина, постојат оние кои сметаат дека се влијателни и богати и затоа е подучувано: „Владетелот на луѓето“ (114:3). Како резултат на шејтанскиот поттик луѓето се прават еднакви на Бог, и затоа е подучувано: „Господарот на луѓето“ (114:4). Овие три поттика се од шејтанот и одбраната против нив се наоѓа во овие три дови.

Ветениот Месија а.с. рекол дека постојат два вида на луѓе. Оние кои го прифаќаат исламот но се зафатени со световните нешта и трговијата. Шејтанот ги фаќа овие луѓе. Навистина, и асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. исто така се занимавале со трговија но по прифаќањето на исламот стекнале вистинско знаење кое ги довело до сигурност и тие никогаш не паднале на нападите на шејтанот. Оние кои се световни и наклонети само на световните нешта, тие се под влијанието и контролата на шејтанот. Другиот вид на луѓе секогаш е загрижен за победата на верата и ја совладуваат сета сила на шејтанот. Богатството расте со трговијата и затоа Бог барањето на верата го нарекол трговија која ќе биде од корист на Ахиретот. Навистина, тоа е најдобрата трговија која човекот го спасува од Божјата казна.

Објаснувајќи го концептот на скриениот/невидливиот грев, Ветениот Месија а.с. рекол дека човекот тешкотиите ги доживува поради сопствените грешки а не поради Бог. Некои луѓе изгледаат многу побожно но се чудиме кога ќе ги видиме во маки. Вистина е дека нивните маки потекнале од нивните невидливи и скриени гревови. Божјото сочувство е другите да не ги знаат човековите скриени гревови. Токму, како што нечија болест е очигледна, болеста на некој друг е толку скриена што дури ни болниот не се свесен за неа. Слично на тоа, човековите внатрешни гревови ја предизвикуваат неговата пропаст.

Прочистувањето  е тешко, како на себе да наметнуваме некој вид на смрт. Доколку сиот неморал не биде напуштен, не може да дојде до прочистување. Секој пооседува по некој елемент на зло во себе и доколку тоа не биде искоренето (доколку не се ослободи од тоа) шејтанот продолжува да напаѓа.

Ветениот Месија а.с. рекол дека вистински муслиман е оној кој сака да биде манифестација на Божјите пратеници. Асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. ја разбрале оваа тајна загатка и ја следеле така што го следеле благословениот пример на Чесниот Пратеник с.а.в.с., и тоа со таква совршеност, што ништо нивно не останало. Тие биле потполни предадени на Бог и го прифатиле овој благословен пример. Доколку овој вид на преданост и послушност не биде всадена, бесмислено е некој да тврди дека е следбеник. Треба да запомните дека се додека Бог не се спушти во срцето на човекот и Неговите знакови не бидат видливи во него, шејтанскиот поттик ќе продолжи,

Нека Аллах даде секогаш да гледаме во Бог и Он да биде нашиот Господар и нека не заштити да не одиме по стапките на шејтанот!