In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Постигнувањето на Таква

Во претходна хутба спомнав дека целта на постот и Рамазан, како што Возвишениот Аллах џ.ш. тоа го навел, è во срцата да развиеме Таква (богобојазливост).

Ветениот Месија а.с. рекол дека за да се стане Муттаки (исправна личност) не е доволно само да го обожаваме Бог или да го исполниме правото на Божјите суштества, всушност, богобојазлива личност е онаа која усвојува висок стандард на морал и има позитивно влијание на другите преку својата побожност.

Така, во една прилика Ветениот Месија а.с. рекол:

„Високиот морал е знак на побожна личност.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Таква е склоп на многу нешта и воздржувањето од гордост, себичност, незаконито богатство и разни видови на неморално однесување е дел од Таква (богобојазливост). Личноста која покажува добар морал непријателите ги прави пријатели.

Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

„Отерајте го злото со она што е најдобро.„

Ветениот Месија а.с. вели дека Таква значи воздржување од сите болни навики и покажување на добар морал е исто така Таква со помош на која и наши непријатели стануваат пријатели. Тоа значи дека ако со другите се однесуваме со добрина тогаш дури и странците ќе станат блиски со нас и ќе станат дел од нашата заедница на пријателите. Така ова станува основно учење кое секогаш мораме да го имаме на ум, во кое ќе покажуваме добар морал, држејќи се до Таква преку секое наше делување.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Така, под морал се подразбира барање на Аллаховото задоволство.“

А што се мисли под барање на Аллаховото задоволство? Тој вели:

„Тоа е она што го наоѓаме во практичниот живот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..“

„Што е морал?“

„Тоа е она што Возвишениот Аллах џ.ш. го посакува. А што е тоа што Возвишениот Аллах џ.ш. посакува? Тоа е она што го гледаме во секој дел од животот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Затоа е неопходно личноста да се обидува својот живот да го обликува согласно со животот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Овој морал е како темел. Ако темелот е нестабилен не можеме да изградиме зграда. Моралот е слагање на цигли една врз друга. Ако една цигла е положена надвор од линијата целиот ѕид останува искривен.“

Понатаму, во поглед на моралните квалитети на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., Возвишениот Аллах џ.ш. рекол:

„И тој навистина поседува високи морални особини.“

Во секој аспект од животот Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. покажувал највисок пример на своите морални квалитети, и за секој верник е задолжително тоа да го прати согласно на своите капацитети и способности.

„Најхрабар во битка се сметал оној кој бил најблиску до Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., бидејќи тој самиот бил во најголема опасност. Субханаллах (Возвишен е Аллах), колку висока положба.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Дошло време кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. поседувал големо стадо на овци, кои дури ниту Цезар и Кхосров не ги имале. Сите ги дал на просјакот. Ова е доказ на неговото морално однесување.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Сè додека личноста не се труди и не извршува молитви несреќата која го погодила срцето не може да биде отстранета…“

„Филозофите имаат два става во поглед на моралната реформа. Постојат такви кои мислат дека човекот може да направи морална реформа и оние други кои мислат дека не може. Факт е дека моралот може да се промени ако личноста не е задоволна и ако направи напор тоа да го промени.“

Не покажувајте самозадоволство, попрво обидувајте се и со време моралот може да се промени.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Во овој момент, се сетив на една приказна која иде вака. Еден човек дошол да го види познат грчки филозоф Платон и барал дозвола да влезе. Платон имал закон по кој тој на посетителите не им дозволувал да влезат сè додека не го проучил нивниот изглед и цртите на лицето. Создавал мислење за личноста врз основа на нивниот изглед. Како по обичај дошол слугата и го опишал човекот, и врз основа на тоа Платон рекол дека не сака да го види бидејќи тоа е личност со голем неморал. Кога човекот го слушнал одговорот на Платон му рекол на слугата да оди и да каже дека што и да рекол бил во право.

’Меѓутоа, јас ги избегнав своите неморални навики и направив реформа.‘

На тоа Платон рекол дека тоа навистина е можно и го повикал да влезе внатре и го примил со најголема чест и почит‘.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Тие филозофи кои мислат дека моралот не може да биде реформиран не се во право.“

Во поглед на постигање на висок морал, Ветениот Месија а.с. го свртува нашето внимание кон покајание.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Во стварноста покајанието навистина има ефект и помага во постигање на моралот.“

Ако личноста сака да постигне висок морал тогаш е потребно да се покае. Меѓутоа, покајание не значи дека само треба да бараме покајание за гревовите, туку исто така е важно да постигнеме висок морал. Треба да имаме на ум дека постојат три услови за покајание без кои не можеме да постигнеме искрено покајание.

Од овие три услови, првиот услов кој во арапскиот јазик е позната како ’икла‘, значи да ги отстраниме злите фантазии кои предизвикуваат зло. Така, главниот услов за покајание е отстранување на лошите мисли и фантазии.

Следниот услов е покајание. Тоа значи дека грешникот треба да се покае поради своите гревови и злите дела, и треба да размислува дека задоволството кое го добива од нив е моментално и краткотрајно.

Третиот услов е силната одлука дека нема да им се врати на пороците. Ако се придржува до тие одлуки Бог ќе му даде сила за искрено покајание и ќе се ослободи од сите пороци, кои ќе ги замени со добар морал и со дела кои се за пофалба. Ова е морална победа.

Ветениот Месија а.с. објаснува различни причини за постигање на верата. Чудесниот морал може да има такво влијание кое не можат ни чудата да го постигнат. Самиот себе проучи се и види како постојаноста и цврстата одлука произведуваат огромен ефект и чуда.  Ако луѓето откријат дека личноста има добар морал тогаш не се прикрива вниманието кое и се дава.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Мојот совет повторно е дека покажувањето на добар морал е сродно на покажувањето на чуда. Ако некој каже како не сака да стане работник на чудата тогаш тој е заведен од шејтанот. Можноста за покажување на чуда не значи само пофалба или арогантност, бидејќи со сведочење на чудата луѓето стануваат свесни за вистината и за стварноста на исламот, и добиваат упатство.“

Потоа, додека објаснува дека концептот на морал е сличен на ’ризк‘ (обезбедување), и дека неговото изразување значи трошење способности кои Семоќниот Аллах џ.ш. ги овозможил.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Врвната власт и имањето на најдобар морал се нешта кои се вбројани во ’ризк‘.“

Ветениот Месија а.с. објаснува понатаму и вели:

„Воздржувањето од пренесување на знаење на другите, од причина да не се стане безначаен или дека нема да се заработи доволно, се смета за идолопоклонство.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„(Добар) морал не значи само зборување со мек тон или користење на пристоен јазик. Наместо тоа, атрибутите како што се храброста, великодушноста и честитоста се морална сила и нивното користење во вистинско време ги прави дел од човековиот морал.“

Додека ги советува членовите на заедницата да усвојат највисок морал, Ветениот Месија а.с. го кажува следното:

„Кој и да му покаже на својот комшија промена кон подобро во моралното однесување тоа ќе биде како да е направено чудо. Тоа ќе му остави траен впечаток на комшијата.“

Според тоа, секоја наша постапка по влегувањето во баи‘ат (завет на верност) со Ветениот Месија а.с. треба да покаже дека сме направиле честити морални промени, и потоа треба да ги известиме луѓето бидејќи тоа е патот на ширењето на пораката. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. не оспособи да направиме честити промени во себе, согласно на богобојазливоста и имајќи го на ум примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Нека своите животи ги проведеме на начин каков од нас го посакувал Ветениот Месија а.с..

После џума намаз јас ќе клањам џеназа намаз за двајца починати, чии тела не се присутни.

Првата е за господинот Лутф-ур-Рахман сахиб од САД. Тој бил син на Миан Ата-ур-Рахман сахиб. Починал на 27 мај 2017 година. На Аллах му припаѓаме и на Него ќе му се вратиме. Долг период тој подучувал наука во Талим-ул-ислам училиштето. Јас исто така во текот на школувањето бев еден од неговите студенти. Нека Аллах џ.ш. му подари проштавање и нека му покаже милост воздигајќи  ја неговата положба. Нека неговите потомци ги продолжат неговите честити дела.

Другата џеназа е за Мирза Умар Ахмад сахиб, синот на Сахибзада др. Мирза Мунавара Ахамд сахиб, кој починал на 5 јуни 2017 година Во Тахир институтот за срце, во Рабва. Починал на 67 години. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Тој беше на мои години и ми беше пријател од детство. Имаше многу доблести. Нека Аллах џ.ш. ја воздигне неговата положба и нека на неговите деца им подари способност да продолжат со неговите добри дела останувајќи цврсто врзани за Халифат. Амин!