In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Опростување и помирување

Ветениот Месија а.с. во својата книга Касхти Нух (Нуховата лаѓа) вели:

„Бог сака потполна преобразба во твоето битие и Он од вас бара смрт после која Он ќе ве оживее. Побрзајте да склопите мир  едни со други и да му опростите на својот брат за неговите гревови. Оној кој не е наклонет да склопи мир со својот брат е зол и ќе биде искоренет бидејќи тој е причина за смртта.“

Ветениот Месија а.с. продолжува со зборовите:

„Разделете се со своето его на секој начин и избегнувајте взаемни обвинувања. Бидете понизни како оние кои направиле погрешни работи иако вистината е на твоја страна, и тоа на начин да може да ви биде опростено. Не хранете ја вашата празнина, оние кои се борат со егото не можат да влезат на вратата на која ти си повикан. Оној кој најмногу ги опростува грижите на својот брат тој е најчесниот помеѓу вас.“

Во претходната хутба јас, исто така, зборував за Кадха и споровите. Кога некој прочита дел од „Нашето учење“ во Касхти Нух во целина, личноста до срж станува потресена. Оние кои го одлагаат опростувањето, за нив Ветениот Месија а.с. вели дека:

„… Ќе бидат искоренети.“

Понатаму вели дека:

„Несреќен е оној кој е тврдокорен и кој не опростува.“

Ова однесување не е во склад со условите за Баи’ат (завет на верност).

Ветениот Месија во една прилика рекол:

„Нашиот Џемаат треба да биде таков да не се задоволува само со искажување на зборови.“

Тоа значи дека не треба да се докажува дека Ахмади муслиманите се ослонуваат само на зборовите и кажувањата.“

Тој вели:

„Напротив, тие треба да бидат оние кои ја исполнуваат вистинската намера и цел на баи’атот.“

Значи, Ветениот Месија а.с. многу јасно кажал дека Возвишениот Аллах џ.ш. не може да биде задоволен без исполнување на условите за баи’атот. Значи, како да направиме за Возвишениот Аллах џ.ш. да биде задоволен, со исполнување на правата на Неговите слуги и потполниот мир со Него е од исклучителна важност.

Ветениот Месија а.с. рекол дека тој воопшто не би ни помислил да ги отфрли широко раширените раце на мирот и дури тоа се однесува и за својот лукав непријател кој го нарекол Антихрист.

Ветениот Месија а.с. не советувал говорејќи:

„Мој совет е да ги имате овие две работи на памет. Првата е, плашете се од Единствениот Бог. Втората е, покажете сочувство со своите браќа на ист начин на кој сочувството го покажувате кон самите себе.“

Ветениот Месија а.с. вели дека:

„Ако некој направи превид или грешка ние треба да му простиме. Неговите превиди или грешки не треба понатаму да се спомнуваат. Личноста не треба да стекнува навика на покажување на мудрост.“

Во овој свет на хаос и неред ние се сметаме за среќни доколку се наоѓаме во некоја заштитена тврдина на баи’атот (завет на верност) на Ветениот Месија а.с., но нашата заштита е условена со правилото кон другите да се однесуваме со нежност. Ние мораме да ги поставиме темелите на мирот, во спротивно ние напразно ќе тврдиме и нема да добиеме никаква корист од влегувањето во Џемаатот на Ветениот Месија а.с..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Силна личност не е онаа која може да се бори и да порази некој друг, напротив, силна личност е онаа која може да го контролира својот темперамент во моменти на бес и лутина. Хазрети Али р.а. објаснил дека се борел против своите непријатели од причина што непријателот напаѓал и се борел против исламот. ’Но, кога плукна во моето лице го предизвика моето внатрешно его; а јас не сакам да убијам никого само поради самиот себе‘.“

Ова се високи стандарди кои ни ги преставуваат нашите старешини. Вистинските исламски учења се тие кои го шират знаењето за опростувањето и трпението.

Во однос на тоа во една прилика во текот на еден од неговите собири Ветениот Месија а.с. рекол:

„Нашата Заедница не ја бара снагата на силен човек или војник (ние немаме потреба од силни луѓе или борачи) туку ги бара оние кои се моќни и кои настојуваат да го унапредуваат својот морал и да го постават на високо ниво. Така да, имајте на ум дека својата снага треба да ја искористите во напорите на менување на својот морал бидејќи тоа е правата снага и храброст.“

Значи, ова треба да биде нашата цел.

Ветениот Месија а.с. вели дека напуштањето на злото и прифаќањето на добри навики е чудо и феномен за него. После прифаќањето на заветот за верност постигнувањето на морална совршеност е чудо само по себе.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Ако постои вечно чудо тогаш тоа е ова чудо, феномен и преобразба која мора да ја всадите во себе (да го напуштите гревот и лошиот морал и да ги усвоите високите морални стандарди). Верникот го покажува чудото на духовните квалитети пред очите на суштествата и Создателот. Квалитетот во моралот може да и помогне и на најнеморалната личност и да ја натера да стане уверена во вистинската вредност на пораката, и многу луѓе ја прифатиле исправната вера преку сведочења на моралните чуда.“

Ветениот Месија а.с. преставил практичен пример, кој во случајов се однесува на двајца сики кои доаѓале на неговите собири и притоа користеле лош и навредлив говор. Никој не им одговарал на таквите вербални пропусти и сите допуштале ова да се случува без било каков приговор. Значи, од ова може да заклучиме дека ова преку ваквото ниво на однесување Ветениот Месија а.с. на своите следбеници им дал прекрасен пример на примерно однесување.

Објаснувајќи за тоа дека, доколку црвот на себичност не го напушти човекот, тогаш тој не верува во Единственоста на Бог, Ветениот Месија а.с. вели:

„Во стварноста, овие црви на себичност не можат да си отидат без милоста на Возвишениот Бог. Поради тоа, ние мора да се трудиме да ја постигнеме милоста на Возвишениот Бог… Јас тоа го кажувам со најголема увереност дека ако личноста ја препознае вистината за Калима Таууиба (изјава за верност) и тоа тоа да почне да го практикува, тогаш ќе може да направи голем напредок и да сведочи за најчудесните моќи на Возвишениот Аллах џ.ш..“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Еве, јас не стојам на оваа станица како врховен заповедник или да зборува разно разни приказни, јас стојам за да сведочам. Морам да ја пренесам пораката која ми ја дал Возвишениот Бог. Јас морам да ја исполнам својата должност. Разбирам дека многу луѓе се приклучиле во мојата Заедница и го исповедале Божјото Единство, но за жал морам да го кажам и тоа дека тие не веруваат во тоа. Секој оној кој го злоупотреби правото на својот брат или не се воздржи од други зла, јас не можам да верувам дека тој верува во Божјата Единственост.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Некој се однесува без идолите во облик на омраза, горчина, љубомора, празнина итн., и тој се приближува кон Семоќниот Бог. Оваа преобразба и искреното верување во Божјата Единственост може да се случи единствено доколку се оттргнат внатрешните идоли кои се појавуваат во облик на  ароганција, помисли со задни намери, празнина, злоба, љубомора, лицемерие, неверност итн.“

Ветениот Месија а.с. вели дека личноста мора да ги отфрли лошите навики  и само тогаш може да верува во Божјата Единственост (Единственоста на Семоќниот Бог) и да го развива вистинското сфаќање на верата:

’Никој не е вреден за обожување освен Аллах.‘

Ветениот Месија а.с. вели:

„Сè додека овие идоли постојат во личноста таа личност не може да биде вистинита во својот проглас за верата:

’Никој не е вреден за обожување освен Аллах.‘

Затоа што (присуството на такви болести, зла) придонесуваат личноста да не верува во Бог. Според тоа, неоспорен е фактот дека самото едноставно изговарање за верување во Божјото Единство не е од никаква корист.“

Накратко, без милоста на Семоќниот бог личноста не може да се ослободи од болеста на своето ’јас‘ и да се ослободи од своето его, нити може да биде вистински втемелена во Тевхид (Божјото Единство) без Неговата милост. Неопходно е Семоќниот Аллах џ.ш. да се смета за Најмоќното Битие и за Оној Кој вистински е вреден за обожавање, и само тогаш личноста може да се воздржи од користење на разни световни трикови, измами и средства за да им ги одзема правата на другите.

Според тоа, суштината на ова размислување (од пишувањата) на Ветениот Месија а.с. е таа што оној кој не ги исполнува правата на другите, не се труди да побара помирување и не престане со своите непријателства со другите, и не го исповеда вистинското верување во Тевхид (Божјото Единство). Ова е многу важна работа и ако тоа вистински го разбереме тогаш ќе можеме да бидеме од оние кои секогаш ќе ги полагаат темелите на помирување и мир и ќе ни помогнат да ги исполнуваме правата на другите.

Затоа, секој од нас ова треба да го разбере и да се процени самиот себе, инаку, ова ќе биде повод за голема загриженост за нас ако тврдиме дека го исполнуваме верувањето во Тевхид (Божјото Единство) а нашето однесување е, всушност, потполно спротивно на тоа.

Ветениот Месија а.с. на разни начини и постапки ни укажал да го отфрлиме ширк (придружување другари на Бог) во својата книга ’Филозофија на учењето на исламот‘. Таму се објаснети разни методи како личноста може и треба да се воздржи од ширк.  Во еден од тие објаснети методи се вели:

„Преку воздржувањето од нанесување на физичка болка на било кој друг, и да имате простодушно и мирољубиво однесување.“

Еден од начините за отфрлање на ширк е тој личноста да води живот во кој не прави никакви неправди кон некој друг или на било кој начин го повредува. Всушност, личноста треба да стане потполно простодушна и треба да се труди да го втемели мирот и помирувањето, и многу е важно меѓу себе да ја подобрите љубовта и наклонетоста.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Без сомнение, мирољубивоста е висока морална одлика и е неопходна за човештвото… Тоа станува морална одлика кога личноста намерно себе си се направи простодушна и покажува одлики на мирољубивост во соодветни прилики и се воздржува тоа да го направи неумесно. Што се однесува до тоа, Божјото учење е:

… и уредете ги меѓусебните односи …

(8:2)

„… (во секој случај) помирувањето е најдобро …

(4:129)

Ако тие бидат склони кон мир биди и ти.

(8:62)

А робови на Милостивиот Бог се оние кои со покајание одат по Земјата.“

(25:64)

… и кога поминуваат покрај нешто бесмислено поминуваат достоинствено.

(25:73)

Потоа, Ветениот Месија а.с. го навел следниот ајет од Чесниот Кур’ан:

„Забранувајте (зло) со она што е најдобро. И гледај, наеднаш – непријателот твој ќе ти постане близок пријател.“

(41:35)

Ветениот Месија а.с. вели:

„Значи, настојувајте да го унапредувате мирот помеѓу себе; мирот е најдобар; кога тие се приклонат кон мирот и вие исто така ќе се приклоните кон мирот. Вистинските робови на Милостивиот Бог по Земјата одат понизно; и кога наидат на нешто безвредно што може да предизвика кавга, тие преку тоа поминуваат достоинствено.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Ако некој биде злонамерен кон вас вие треба да пробате тоа да го одбиете мирољубиво, и со тоа однесување оној кој бил ваш непријател може да ви стане близок пријател.“

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Причината за основање на Заедницата е во тоа нашиот јазик, очи и, всушност, во секој дел од нашето тело да биде вткаена Таква (богобојазливост).“

Сјајот и светлината на богобојазливоста треба да бидат видливи во нив и да го истакнуваат нивниот изглед (надворешност). Тие треба да станат извонреден и истакнат пример за чиста доблест и морал.

Ветениот Месија а.с. понатаму објаснува како треба да му одговориме на оној кој кон нас се однесува со навредлив јазик и со неправедни тактики против нас, и вели:

„Најдобар начин за поправање е тој да ако некој употребува навредлив јазик против вас тогаш вие треба да му се молите на Семоќниот Бог со искрено срце за Семоќниот Бог да ја поправи таа личност. Во исто време не смеете да помислувате ништо злобно против таа личност.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Семоќниот Бог никогаш не сака личноста да ги напушти извонредните морални одлики, како што се нежноста, трпението и попустливоста и потоа да ги надомести со тврдокорност и без чуствителност. Ако направите напредок во унапредувањето на своите морални доблести тогаш бргу ќе го најдете патот кој води кон Семоќниот Бог.“

Во една прилика, додека не советувал, Ветениот Месија а.с. рекол:

„Ако некој основал врска со мене и тврди дека станал дел од мојата војска, тогаш тој мора да ги поседува највисоките морални одлики и да ги напушти навиките за побуна и сплеткарење… Вие треба да ги исчистите своите срца, да го зголемите сожалувањето и сочувството со оние на кои тоа им е потребно. Треба да обезбедите во светот да бидат втемелени мирот и складот. Како одговор, ова ќе ви помогне вашата вера да цвета и исламот ќе се шири бидејќи ќе се отворат нови патишта за пропагирање на пораката.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Затоа станете, побарајте покајување и задоволете го својот вистински Создател со своите честити дела.“

Во друг пример, додека не советувал да ја отфрлиме својата злоба и пакост од своите срца, да имаме сочуство со другите луѓе, и да основаме темели за мир, Ветениот Месија а.с. рекол:

„Понекогаш јас сакам да ја советувам мојата Заедница – оние кои ме прифатиле како Ветениот Месија а.с. – секогаш треба да останат подалеку од неморалните обичаи. Бог мене ме пратил како Ветениот Месија а.с. и ме облекол со мантија на Месија, синот на Мерјем. Јас затоа ве советувам и ве предупредувам: Воздржете се од злото и вистински бидете сожаливи кон луѓето. Очистете го своето срце од злоба и пркос, бидејќи преку оваа навика ќе станете како мелеките …  Бидете сожаливи кон сите поради Бог и на тој начин да ви биде покажана милост од Бог. Дојдете, и Јас ќе ве поучам на начинот кој ќе допринесе вашата светлина да преовлада над сите други светлини. Отфрлете ги сите ниски пркоси и љубомората, бидете сожаливи кон луѓето и изгубете се самите себе во Бог. Битисувањето со Бог постигнува највисок степен на чистење. Ова е патот на кој можат да се случат чуда, може да им се одговори на довите и мелеките се спуштаат да и помогнат на личноста. Меѓутоа, тоа не е работа од еден ден. Напредувајте и продолжете да напредувате. Научете од примерот за поединецот кој ги пере алиштата. Тој ги става во врела вода додека топлината не допринесе гнасотијата и нечистотијата да се одвојат од алиштата. Потоа, тој алиштата ги удара во камен. На тој начин нечистотијата која била на алиштата постепено се отстранува. Овој процес на загревање на водата и на алиштата, и подоцна удирањето на алиштата од камен продолжува сè додека алиштата не станат чисти како да се нови. Ова е единствената вештина за чистење на човековата душа. Целото ваше спасение зависи само од оваа чистота. Ова е баш тоа што Највозвишениот Аллах џ.ш. го рекол во Чесниот Кур’ан:

„… Само онаа душа ќе постигне спасение која ќе биде исчистена од сите видови на гнасотии и нечистотии.“

Нека Семоќниот Аллах џ.ш. ни даде прилика да постапуваме според учењата на Ветениот Месија а.с. и преку тоа да покажеме сожалување кон човештвото. Да ги положиме темелите на мирот со разбирање за вистинското значење на Тевхид (Божјото Единство). Да шириме љубов и сочуство во општеството во кое живееме. Да се воздржуваме од подлегнување кон световните желби, и всушност, секогаш да го бараме патот кој води кон постигнување на Божјото задоволство, и нека ова биде нашата основна цел.