In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Германска турнеја: Пренесување на вистинската порака на исламот

По учењето на ташахуд, та‘уза, тасмиа и сура Ал Фатиха, хазрети Амеер-ул-Му‘минеен (аба) рече:

Хузур а.т.б.а. рече дека кога и да имал прилика да седне со претставниците на медиумите, како и со не муслиманите, и кога и да имал прилика за прашања и одговори или за разговор со нив, тие задолжително поставувале прашање на овој или на оној начин, директно или индиректно, за причина на стравот од исламот во светот и за тоа како тој страв да се отстрани.

Хузур а.т.б.а. кажа дека тоа не е ништо ново и дека тоа прашање многу пати и порано се поставувало. Ова посебно прашање го отвара патот на Таблигх (ширење на вистинската порака на исламот). Стравот се зголемува поради таканаречените муслимански групи и индивидуи кои прават немилосрдни дела и вршат терористички напади во името на исламот. Реакциите и грижата на оние кои не се муслимани се оправдани и затоа чувствуваат страв од муслиманите. Меѓутоа, нашата реакција не е негативна.

Хузур а.т.б.а. рече дека тој секогаш им кажува оти таквите групи и поединци се појавуваат поради погрешна обука на зналците, и поради неразбирањето на вистинското учење на исламот. Ова е точно согласно со пророштвото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Во тоа време тој прорекол дека ќе се појави Ветениот Месија и Имам Мехди, кој во светот ќе го рашири вистинското учење на исламот и согласно со нашето верување основачот на Ахмадија џемаатот е Ветениот, на кого ова пророштво се однесува. Така, нашиот одговор е во согласност со учењето на Ветениот Месија а.с. кој не научил да ја шириме мирната и хармонична порака на исламот. На тој начин ние секаде во светот делуваме согласно со ова учење.

Ветениот Месија а.с. ни кажал дека било кој вид на екстремизам, тероризам и суровост е спротивно на учењето на исламот.

Ветениот Месија а.с. не известил дека:

„Од денот кога светот е создаден, искрените личности од секој народ сведочеле на фактот дека усвојувањето на атрибутите на Семоќниот Аллах џ.ш. е чудотворен напиток неопходен за човечкото постоење.“

Така, Возвишениот Аллах џ.ш., кој е фонтана на мирот, од муслиманите бара да ги усвојат Неговите атрибути и квалитети и во исто време тоа е и наредба на Чесниот Кур‘ан.

Ветениот Месија а.с. рекол дека Возвишениот Аллах џ.ш. е Господар на сите светови и дека Неговиот Рабубијјат (Господство) не е ограничен на ниту една нација, столетие или држава. Уште повеќе Он е Господар на сите нации, Господар на сите векови, Господар на секое место и Он е Господар на секоја држава. Он е Извор на сите благослови и секоја физичка и духовна сила потекнува од Него. Сè што постои, постои во Него, и Он е поддршка на секое суштество.

Тоа е сознанието и разбирањето на Чесниот Кур‘ан кое нам, Ветениот Месија а.с., ни го оставил. Ова е лек кој е неопходен за ширење на мир и хармонија во светот. Ова е посебен аспект кој може да ги постави темелите на помирувањето во светот и ова е порака која членовите на Ахмадија муслиманскиот џемаат треба да ја рашират до секој агол во светот.

Така, во светлината на ова учење кога на светот ќе му го објасниме патот кој води кон мир, братство, помирување и спокој повеќето природно побожни не муслимани недвосмислено тврдат дека ова учење на исламот е навистина убаво. Всушност, на разни состаноци во текот на турнејата во Германија тоа било објаснето и гостите присуствувале на отворањето на џамиите, а поставен е и камен темелник за уште две џамии.

Еден од гостите рекол:

„Јас исто така имав прилика да добијам одредени благослови од овој собир и ми беше чест што присуствував. Ако не дојдев денес, сигурно ќе бев лишен од нешто величествено. Исламот го запознав преку Ахмадија муслиманската заедница, кој е потполно спротивен на ’исламот‘ на омраза и екстремизам кои ги гледаме на Телевизија. Овде почувствував мир и љубов, не само преку зборови, туку запознав луѓе кои во себе немаат ниту трошка омраза.“

Така, личното однесување на секој Ахмади муслиман служи како Таблигх (пренесување на пораката).

Нашите добродушни Ахмади деца исто така покажуваат позитивно влијание врз својата околина.

Во врска со тоа една госпоѓа кажала:

„Ви должам благодарност што моите деца имаат Ахмади пријатели. Откако моите деца добија Ахмади пријатели забележав позитивни и добри промени кај нив. Поради тоа почнав да се интересирам за вашето учење. По моето доаѓање денес се уверив дека моите деца се во друштво на добри пријатели и дека се сигурни.“

Така, тивкиот Таблигх (пренесување на пораката) кој се одвива благодарејќи им на децата, пред родителите става одговорност да продолжат да го креваат нивниот стандард за морално воспитување, како и да молат за нив за да Ахмади децата секогаш покажуваат побожно влијание на другите и да се сочуваат од злото на општеството. Тоа побожно влијание, ако даде Бог, во иднина ќе игра голема улога во ширењето на исламот. Кога не муслиманските деца одраснат во друштвото на Ахмади деца и кога ќе го сменат својот склоп на умот во согласност со исламското учење, тогаш многумина од нив, ако даде Бог, ќе го прифатат Ахмадијатот.

Госпоѓата Џулија, една од присутните гостинки кажала:

„Целиот собир беше прекрасен. Уживав во делот од говорот во кој беше спомнато дека, ако личноста не ги исполни правата на другите, тогаш самото обожавање на Бог нема вредност.“

Понатаму рекла:

„Пред доаѓањето овде мислев дека исламот е религија која ги поддржува фундаментализмот и екстремизмот. Меѓутоа, собирот ги отстрани сите мои негативни чувства кон исламот. Јас сега повеќе сум запознаена за исламското учење кое се бори за мир и љубов.“

Така, некој може дури до таа мера да биде вдахновен, но дали е ова само поради човековиот напор? Навистина Семоќниот Аллах џ.ш. е тој Кој ја вдахнува оваа преобразба во нечија нарав и сега ние имаме должност да извлечеме корист од тоа и да се бориме луѓето да ги донесеме поблиску до Семоќниот Бог. Меѓутоа, пред да го направиме тоа мораме да ја процениме сопствената состојба и да правиме сè што можеме за да се доближиме до Семоќниот Аллах џ.ш..

Хузур а.т.б.а. рече дека постојат безброј коментари (од овие настани) и тој одбрал неколку од нив. За овие програми на широко е објавувано во печатот и медиумите. Вкупното медиумско известување од сите џамии, преку ТВ канали, радио станици и весници изнесува 54 изданија и 136 извештаи. Според една пресметка, вкупно известувањето стасало до 39 милиони луѓе.

Хузур а.т.б.а. рече дека со милоста на Семоќниот Аллах џ.ш. одделението за пренесување на пораката во Германија  е доста активно и дека другите помошни организации работат многу добро во текот на целата година. Бројот на луѓето кои ја примиле пораката на исламот во текот на годината се однесува на милиони. Како резултат на тоа на некои места постои и спротивставување, посебно  во источниот дел од Германија. Меѓутоа, и покрај тоа ние мора да продолжиме да ја шириме својата порака, ако даде Бог.

Кога одам на патување јас редовно поднесувам извештаи за случувањата во тие земји. Со милоста на Семоќниот Аллах џ.ш. и овде, во Велика Британија, се подготвуваат и одработуваат многу работи. Бидејќи овде јас не одам на некои посебни патувања и поради тоа не поднесувам посебни извештаи од тие престои можеби некои луѓе дека тие патувања се безвредни и дека на нив не се одработуваат никакви работи. Всушност, на тие, на око, незабележителни  патувања се вложуваат големи напори  за ширење на вистинските учења на исламот. Одделението за ширење на пораката и останатите помошни организации работат напорно на таа задача, со милоста на Семоќниот Аллах џ.ш..

Со милоста на Семоќниот Аллах џ.ш. на овие простори се сработени многу добри работи и се постигнати добри резултати. На пример, овде во март е одржана Конференција за мир и преку тој настан  пораката на исламот е пренесена не само на луѓето во Велика Британија туку и во целиот свет. Јас мислам дека коментарите и размислувањата на луѓето (кои присуствувале на тој настан) треба да се прегледаат и прочитаат бидејќи претходно не се спомнати.

Еден надзорник на црква кој присуствувал на конференцијата за мир рекол:

„Ова беше исклучително занесна и снажна порака. Тоа беше порака за единството и ова е нешто што му треба на нашиот свет.  Мене ми се допадна фактот дека поглаварот на Заедницата наведувајќи го Чесниот Кур’ан рекол дека следбениците на разни религии треба да се концентрираат на оние работи кои ги обединуваат. Ова нешто е навистина е можно и треба да се постапува по него, и луѓето кои не следат ниту една религија би можеле да се вклучат во тоа. Денес ги научив сличностите кои постојат помеѓу исламот и христијанството. Ми се допадна и значењето на молитвата кај која петте дневни намази се задолжителни, меѓутоа, дека од нив нема никаква корист доколку личноста не и служи на човештвото.“

Друг гостин рекол:

„Јас се надевам дека нашата влада ќе ги земе во предвид овие работи, и станав посебно емотивен откако ги слушнав зборовите и молитвата на Халифата кое се однесуваа на иднината на светот во кои тој рече дека после нас треба да оставиме свет полн со благосостојби, но тука сепак постоење чувство на грижа за тоа дека после нас ќе остане свет во кој ќе живеат генерации на деца кои ќе бидат инвалиди.“

Овде јас сакам да ги потсетам членовите на Ахмадија муслиманскиот џемаат дека ситуацијата во светот нагло се влошува и дека за тоа се потребни многу искрени дови. Главните сили, а дури и мали земји се закануваат дека ќе водат војна. Водачите, политичарите и новинарите кои некогаш биле оптимисти дека нова светска војна не е на видик сега говорат дека тоа е неизбежно, и всушност станува се поверојатно и истите тие што претходно ги спомнав едни на други се закануваат со нуклеарна војна.

Ние треба да го молиме Семоќниот Бог да им помогне да ги видат причините за таквата ситуација.

Хазрети Халифа-тул Месих IV еднаш на времето препишал хомеопатски лек кој помага во случај на нуклеарна војна. Членовите на Џемаатот овој лек треба да го земаат најмалку шест седмици. Треба да земаат еден лек а после тоа треба да земаат и друг лек, и тоа ќе се најави покасно: карциносим и радиум бромиде.

Хузур а.т.б.а. рече дека ова биле некои од неговите чувства кои ги преставил. На овој собир присуствувале повеќе од шест стотини луѓе и сите имале прекрасен прием и потоа извонреден одговор. Од собирот известувале и многу медиуми. Преку 9 милиони луѓе биле информирани за случувањата на собирот преку објавување на вести на домашните и странските медиумски извори.

Преку социјалните мрежи информации од собирот стигнале до 3.8 милиони луѓе. Таму биле претставници од десет до дванаесет земји.

Паралелно со ширењето на пораката на Ахмадија муслиманскиот џемаат се шири и спротивставеноста против него, посебно во муслиманските земји. Посебно во Алжир се појавуваат многу противници на Џемаатот и спротивставувањето и понатаму расте. Јас веќе побарав да учите дови за нив.

На 24-ти овој месец се одржа конференција во Алжир. На конференција бил повикан министерот за религиски задужбини кој на Џемаатот му рекол да го изнесат своето мислење кое тој ќе го престави на претседавачот на конференцијата. На почетокот тие овој семинар го организирале со цел да се запознаат со Џемаатот. Меѓутоа, покасно одлучиле да не се занимаваат со запознавање на Ахмадија муслиманскиот џемаат и наместо тоа почнале да зборуваат против Џемаатот. Но, поради спротивставувањата во Алжир локалните луѓе говореле дека се зголемила свеста за Ахмадија заедницата како резултат на известувањата на медиумите и некои луѓе се заинтересирале да откријат нешто повеќе за Ахмадија муслиманскиот џемаат. На тој начин нашите противници ја рашириле нашата порака до места до кои ние немавме никаква шанса да стигнеме.

Големи спротивставувања и противници има во Пакистан и затоа чинете дови за Ахмади муслиманите кои живеат во Алжир и за Ахмади муслиманите кои живеат во Пакистан. Правете дови за сите Ахмади муслимани кои живеат во земји во кои има доста противници на Ахмадија муслиманскиот џемаат, и нека Семоќниот Аллах џ.ш. ги заштити сите нив, а посебно оние кои живеат во Алжир а кои не се Ахмади веќе подолг период. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. им даде цврстина и сила и нека брзо ги отфрли тешкотиите за нив.