In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Суштината на Истигхфар и (зборот) Саттар

Хузур а.т.б.а. рече дека не постои ниту едно човечко битие во светот кое нема некакви недостатоци и мани. Аллаховиот атрибут Саттар е она што ги покрива слабостите. Кога човековите грешки, недостатоци и гревови би биле откриени за него би било невозможно да го сочува образот воопшто пред било кој.

Тој рече дека ние треба да се заземеме за истигхфар (барање прошка од Бог за своите гревови) и Он ќе ги прости нашите гревови, ќе ги сокрие нашите мани (недостатоци) и ќе ги послуша нашите дови.

Значењето на зборот ’Гхафр‘ (изворен збор на Арапски јазик за истигхфар) е да прекрие и сокрие и повеќе или помалку истото значење вреди и за зборот ’Саттар‘.

Ветениот Месија а.с. рекол дека Бог се ракува со Божјиот атрибут на преминување преку грешките на другите, иако Бог и забележува, гледа и ги прати човековите грешки и гревови, ги прикрива неговите грешки сè додека човекот не направи грешки кои ги преминуваат границите на умереноста. Понекогаш, дури и ако не е очевидец на правењето на престап од страна на друго лице, човекот почнува да го критикува другото лице.  Затоа размислете колку е величествен Божјиот атрибут на милост и великодушност. Кога Аллах џ.ш. би барал одговорност од човекот за сè она што го работи Он би требало да го уништи целото човештво. Меѓутоа, Неговата милост и наклонетост е сеопфатна и го надминува Неговото казнување.

Помеѓу нас има многумина кои наместо да ги прикријат грешките на другите тие одат наоколу и ги нагласуваат недостатоците кај другите. Во спротивно, доколку некој зборува лошо против нив или од некои други извори дознаат дека некој рекол нешто за нив, тие стануваат разјарени и бесни до ниво што се подготвени да ја тепаат или дури и да ја убијат таа личност. Меѓутоа, кога тие лично зборуваат лоши работи за другите они едноставно ќе кажат дека тоа го кажале само туку така и дека тоа ништо не значи.

Ние постојано треба да ја имаме на ум следната изрека на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.:

„Вие треба да го посакувате на другите она што го сакате за себе.“

Затоа, кога некој забележи слабост кај некој друг, наместо неговите мани да ги изнесува во јавноста тој треба да се концентрира на тоа да се зафати за истигхфар (барање прошка од Аллах џ.ш. за своите гревови). За да ги привлече Аллаховите благослови личноста треба да избегнува постојано да бара мани кај другите и наместо тоа треба критички да ја разгледа својата сопствена состојба. Само во такви ситуации може да постигне милост и благослови од Аллах џ.ш..

Секогаш имајте на ум дека ако нечии грешки предизвикуваат штета на системот на Џемаатот (низам-е-Џемаат) или сериозно делуваат негативно на дел од луѓето во него, тогаш таквите работи треба да бидат пренесени на соодветни луѓе и организации, како што се Амир (национален претседател), или Сад (локален претседател), или можете да ми пишувате директно на мене за да може благовремено да се влијае на тие луѓе да ја поправат својата состојба. Семоќниот Аллах џ.ш. не сака системот на оваа Заедница која Он ја основал да биде упропастен.

Хузур а.т.б.а. рече дека сака да обрне внимание на оние на кои им е поверна работа во Џемаатот, посебно на одделенијата кои имаат задача да вршат реформа. Тие мора да го спроведуваат процесот на реформа постапувајќи исклучително внимателно и со огромна посветеност и наклонетост. Никој не треба да има чувство дека нивните недостатоци и мани биле изложени и откриени во јавноста од страна на луѓето кои се вршители на должност. Семоќниот Аллах џ.ш. на таквите луѓе им дал прилика да му служат на Џемаатот на начин на кој можат да ги одржуваат и потврдуваат Аллаховите атрибути колку што е можно повеќе. Меѓутоа, таквите луѓе во стварноста ќе се однесуваат спротивно на постапките на ’Саттар‘ (прикривање на недостатоците на другите) и со тоа ќе станат средство за создавање на загриженост и нереди.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека муслиманот е брат на друг муслиман и не може да направи никаква суровост или неправда против него, ниту може да го напушти или да се одрекне од другиот. За жал, сега можеме да заклучиме дека поголем дел од суровостите и неправдите против муслиманите ги сториле самите муслимани и тие меѓусебно пролеваат крв. Никој од нив не обрнува внимание на оваа наредба на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека оној кој ќе продолжи да биде на услуга на своите браќа Семоќниот Аллах џ.ш. ќе продолжи да ги задоволува неговите потреби, и за оној кој ги олеснува тешкотиите на другите муслимани Семоќниот Аллах џ.ш. ќе го ослободи од една несреќа на Судниот ден.

Според тоа, со цел да се постигне милост и добродетелство на Милостивиот и Добротворниот Бог неопходно е да се прекријат и сокријат пропустите и гревовите на другите. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. исто така рекол дека на оној кој прикрие и сокрие грев на некој муслиман Семоќниот Аллах џ.ш. ќе му покрие негов грев на Судниот ден. Со други зборови, Семоќниот Аллах џ.ш. сигурно ја наградува личноста која ги прикрива и сокрива гревовите на другите.

Според тоа, ако бараме да извлечеме благослови од атрибутот Ал-Саттар на Семоќниот Аллах џ.ш. (Оној Кој ги прикрива маните, недостатоците и грешките на другите), тогаш е важно ние да го присвоиме овој атрибут и да ги прикриеме маните, грешките и недостатоците на другите. Никој не треба да мисли дека другите се полни со мани а тој е ослободен од нив. Само поради Својата милост Семоќниот Аллах џ.ш. ги прикрива нашите гревови.

Човекот треба длабоко да се замисли за својата сопствена состојба и да се труди да не ги изнесува слабостите на другите. Треба секогаш да се проценува самиот себе и треба секогаш да памти:

’Како што Семоќниот Аллах џ.ш. ги прекрил неговите мани на ист начин тој треба да ги прикрие недостатоците на другите.‘

Ветениот Месија а.с. кажува дека совршенството во верата се постигнува со прифаќање на Божјите атрибути. Семоќниот Аллах џ.ш. е Саттар и затоа човекот треба да земе удел во овој атрибут Саттар и треба да ги прикрива грешките на своите браќа.

Еднаш, во текот на некој собир во присуство на Ветениот Месија а.с. се зборувало за грешките на некои одредени личности. Ветениот Месија а.с. го ислушал тоа и осврнувајќи и се на личноста која тоа го говорела и рекол:

„Ти со одушевување ги спомна и ги опиша неговите слабости, меѓутоа зарем не би било подобро наместо тоа да ги спомнеше неговите доблести.“

Затоа, со цел општеството да го втемелиме без несреќи и да ги унапредуваме мирот и љубовта неопходно е да ги прикриваме грешките на другите и наместо маните, грешките и недостатоците да ги кажуваме нивните добри одлики и доблести.

Голем грев е во јавноста да се изнесуваат и шират грешките на другите и тоа е нешто од кое секој Ахмади муслиман треба да се воздржи. Ние сме влезени во завет за баи’ат на Ветениот Месија а.с. и дадовме ветување дека нема да предизвикуваме никаква штета на другите, било со своите раце или со својот јазик и затоа е неопходно стриктно да се држиме до тоа. Раната која е предизвикана од нечиј говор долго време не зараснува.

Ветениот Месија а.с. кажува дека ако секоја личност забележи слабост кај некој друг тогаш треба насамо да го советуваме за неговите постапки но ако тој не го послуша добронамерниот совет тогаш треба за него да чиниме дови. Ако ниту една од овие работи нема влијание на личноста тогаш тоа сметајте го за Божја одредба и дека Семоќниот Аллах џ.ш. лично ќе дејствува на неговото подобрување.

Ако личноста го прифатила Ветениот Месија а.с. и дала завет на баи’ат тогаш тоа покажува дека Семоќниот Аллах џ.ш. ја прифатил таа личност. Затоа, никој нема право да ги истражува неговите мани, недостатоци и грешки и да ги изнесува пред другите.

Ветениот Месија а.с. кажува дека не е наша навика да брзаме и брзо да напуштиме некого. Ако некое дете има лошо однесување родителот превзема секакви мерки да го подобри неговото однесување. Слично на тоа, не треба набрзина да ги напуштиме своите браќа.

Ветениот Месија а.с. вели дека учењата на Чесниот Кур’ан не го  подржуваат однесувањето на личноста која во јавноста ги изнесува и потенцира маните, слабостите и грешките на другите и со другите дискутира по тие работи. Всушност тој вели:

„Тие еден на друг си советуваат смиреност, трпение и милост.“

Ветениот Месија а.с. вели дека Мархама (милост) е кога личноста ја препознае маната (недостатокот) кај некого и тој треба да го советува и да чини дови за него.

Ветениот Месија кажува дека довата содржи во себе голема сила. Многу е бедна состојбата на оној поединец кој ја изнесува и истакнува грешката на другиот и до стотици пати а сепак и покрај тоа не чини дови за него.

Какви сакал да станеме ние Ветениот Месија а.с.? Тоа е дека треба да ја прифатиме милоста еден кон друг, да чиниме дови еден за друг и да ги прикриваме недостатоците еден на друг.

Во една прилика Ветениот Месија а.с. рекол дека членовите на Ахмадија Џемаатот кога препознаат грешка кај друг треба да чинат дови за таа личност. Меѓутоа, ако тие не чинат дови за другите и наместо тоа ја изнесуваат таа грешка на начин да ја потенцираат и истакнуваат јавно, тогаш тие ќе бидат виновни за грев. Затоа секоја личност секогаш треба да им помага на своите блиски браќа молејќи го Бог за нив. Кога си помагаме еден на друг на овој начин наместо да ги излагаме и потенцираме слабостите на другите и да ги откриваме грешките на другите треба да почнеме да чиниме дови за нив, само во таква ситуација ќе бидеме искрена заедница која Ветениот Месија а.с. од нас сакал да станеме.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не поучил на дова која може да ни подари заштита од Семоќниот Бог и да станеме приматели на Неговите Божји благослови, и поради тоа треба постојано да ја учиме. Оваа дова го содржи следното:

„О Аллах! Јас Те молам да ме заштитиш во овој живот и на Ахирет. О Господару мој! Подари ми сигурност и заштити ме во мојата вера, световните работи, имотот и мојот дом. О Аллах! Сокриј ги моите мани и подај ми мир, вклучувајќи ги и моите стравови. О Аллах! Заштити ме од сите опасности и опфати ме во Сојата сигурност од сите страни, пред мене, зад мене, од мојата десна и лева страна и од она што иде над мене. Јас барам засолниште и заклон во Твојата Возвишеност за да не станам жртва на било каква скриена тешкотија.“

После џума намаз Хузур а.т.б.а. клањаше џеназа намаз, во отсуство на телото, за Малик Салим Латиф сахиб кој бил адвокат и садр на Ахмадија Џемаатот Нанкана во Пакистан. На 30 март 2017 година тој го напуштил својот дом заедно со својот син во 9 часот наутро за да појде на суд. На патот до судот непријателите на Ахмадијатот отвориле оган и тој бил убиен на лице место.

Инна лиллахи ве инна илејхи радџуун (На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме).

Починатиот имал многу доблести. Бил многу дружељубив и гостопримлив. Освен неговото големо гостопримство кон гостите од Центарот тој имал големи сочувства кон сиромашните и многу им помагал. Секогаш бил подготвен да му помогне на било кој. Бил редовен во намазите и имал посебна врска со Халифатот. Бил храбар и достоен поединец. Заедно со другите членови на Џемаатот се соочувал со остри и сурови прогони. Во 1989 година противниците ограбиле и запалиле многу куќи на Ахмади муслимани помеѓу кои била и куќата на починатиот. И покрај ваквите околности тој бил и останал цврст и храбро се соочувал со противниците. Во 2010 година имал прилика да помогне и учествува во изградба на локалната џамија.

После починатиот останале два сина и една ќерка. Нека Аллах џ.ш. ја воздигне положбата на починатиот и нека ги оспособи неговите деца да ги зголемат своите честити дела. Нека Аллах џ.ш. помогне да се пронајдат тие злочинци.