In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Ветениот Месија и Мехди а.с.

Хузур а.т.б.а. рече дека вчерашниот ден, односно 23 март, е клучен ден за историјата на Џемаатот, бидејќи тоа е момент во историјата кога Џемаатот бил воспоставен на раката на Ветениот Месија а.с.. Ветениот Месија а.с. најавил дека очекуваниот Месија и Мехди (оној кој е упатен) кого го прорекол Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., се исполнил во неговата личност. Ветениот Месија а.с. понатаму рекол дека неговата мисија е да воспостави Божјо Единство и Божја љубов во срцата на луѓето.

Ветениот Месија а.с. рекол дека положбата и статусот кој ги добил е поради неговата искрена и вистинска љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хузур а.т.б.а. рече дека оние луѓе кои мислат како ние сметаме дека статусот на Ветениот Месија а.с. е поголем о статусот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (не дај Боже), се виновни за сериозна неправда.

Хузур а.т.б.а. рече дека денес овие наводи кои се користат против Ахмади муслиманите во Алжир, ја достигнале таа мера што и жени со мали деца се затворат и се водат со милји далеку во прогонство. Меѓутоа, пораката која јас ја примам од тие жени е идентична и сите тие изјавуваат дека го нашле Божјото Единство и вистинската љубов на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. преку прифаќањето на Ветениот Месија а.с.. Така, за нив е невозможно да се повлечат.

Хузур а.т.б.а. рече дека додека се молиме Ахмади муслиманите да се ослободат од тешкотиите, ние исто така го молиме Возвишениот Аллах џ.ш. да им даде прилика на муслиманите да го прифатат искрениот поклоник на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хузур а.т.б.а. рече дека човекот може да ја процени агонијата на луѓето кои го препознаваат Бог од следниот извадок:

„О Боже, мојата душа лета кон тебе со крајна сигурност, онака како што птицата лета кон своето гнездо. Така, јас од тебе барам доказ за твоето постоење, не поради мојата чест или поради било кои лични причини, туку за луѓето да те препознаат и да ги откријат твоите патишта на доблеста, да не отстапуваат од водството изјавувајќи дека оној кој е пратен е лажен.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Колку е несреќен човекот кој дури ниту сега не знае дека постои Бог, Оној кој има моќ над сите работи. Нашиот рај лежи во нашиот Бог. Нашата најголема сласт е во нашиот Бог, ние Го видовме и ги најдовме сите убавини во Него. Ова богатство е вредно, иако некој ќе треба и животот да даде за да го добие. О, вие кои сте лишени! Побрзајте кон овој извор кој ќе ве напои. Ова е извор на живот кој ќе ве спаси. Што треба да направам? Како да ги допрам срцата на луѓето со овие добри вести? Кои тапани треба да удирам по улиците за да објавам дека ова е вашиот Бог, а вие да слушнете? Каков лек треба им ставам на ушите на луѓето, за да слушнат?“

Хузур а.т.б.а. потоа рече дека ова е врската која мораме да ја создадеме помеѓу Возвишениот Бог и ова е стандардот кој Ветениот Месија а.с. го очекувал од своите следбеници.

Во една прилика Ветениот Месија рецитирал строфа во Мубарак џамијата и солзите му кренале на очи. Строфата во честа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с ја напишал Хасаан бин Саабит и таа гласела:

„О, Мухаммед ти беше зеница на окото мое која ослепе по твојата смрт. Нека сега умре било кој, јас од твојата смрт стравував.“

Ветениот Месија а.с. рекол дека додека ја читал оваа строфа посакал тој да ги напишал овие стихови.

Оние кои изнесуваат тврдења против Ветениот Месија а.с. дека тој, не дај Боже, себе си се гледа на повисока положба од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не можат да бидат дури ниту близу до љубовта која Ветениот Месија а.с. ја имал кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во поглед на овој настан, хазрети Мирза Башир Ахмад р.а. вели дека Ветениот Месија а.с. се соочувал со разни тешкотии но никогаш не покажал тага или жалост на своето благословено лице. Меѓутоа, кога станувало збор за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тој бил силно емотивен и солзи течеле од неговите очи.

Голем е број на примери во книгите и во големиот број на изреки од Ветениот Месија а.с. кои ја покажуваат неговата длабока љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ветениот Месија а.с. еднаш рекол дека дури и целиот негов род да биде убиен пред неговите очи, и да му ги отсечат раце и стапала, и да му ја извадат зеница од окото, не би му било толку болно колку што би му било болно да ја нападне благородната личност на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ветениот Месија а.с. љубовта кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не ја исповедал само преку зборување туку во секоја работа која ја вршел ја покажувал таа длабока љубов која ја негувал кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ветениот Месија а.с. рекол дека сè што постигнал го постигнал поради Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., следејќи го неговиот благороден пример.

Во една прилика, тој рекол дека се колне со Возвишениот Аллах џ.ш. токму како што Возвишениот Аллах џ.ш. им зборувал на Ибрахим, Исак, Исмаил, Јакуп, Јусуф, Муса и Иса, синот на Мерјем, и потоа и на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на кого ставил најсветла и најчиста објава, дека и него исто го дарувал. Меѓутоа, тој рекол дека ова е само поради неговата покорност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ветениот Месија а.с. рекол дека ако тој не бил меѓу следбениците на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и ако не го следел неговиот благороден пример, дури и да имал доблести како голема планина никогаш Возвишениот Аллах џ.ш. не би му дал објава. После сето ова ако некој изнесува тврдења против Ветениот Месија а.с. тогаш тоа е чиста неправда од нивна страна и сè поради нивната глупост и незнаење.

Ветениот Месија а.с. не дошол само да ја втемели Божјата Единственост (Таухид) и да го извести светот за вистинскиот углед и положба на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., туку исто така дошол да го исполни правото на Аллаховите суштества и исто така да всади љубов и сожалување кон нив. Според тоа, во десетте услови на баи‘атот се наоѓаат и два услова кои директно се поврзани со следното:

Услов број 4:

Дека под нагонот на било која страст тој/таа нема да предизвикаат никаква штета на било кое Божјо суштество, а на муслиманите посебно – ниту со јазикот, ниту со рацете, ниту на било кој друг начин.

Услов број 9:

Дека тој/таа нема да останат зафатени во служење на Божјите суштества само поради Него и дека ќе настојуваат да бидат корисни за луѓето најдобро што можат со способностите кои Бог им ги дал.

Во поглед на ова Ветениот Месија а.с. рекол дека постојат два аспекта на верата:

’Првиот е да веруваме во постоењето на Семоќниот Бог и да покажеме  целосна љубов и преданост кон Него.‘

’Вториот е да ги вложиме сите свои напори да служиме во Божјото создавање и кон него да се однесуваме со сочувство.‘

Во врска со ова Ветениот Месија а.с. рекол дека сака да ги извести сите муслимани, христијани, хинду и арии, дека не постои никаков вид на непријателство кон било кој. Ветениот Месија а.с. исто така кажал дека љубовта која тој ја има кон целото човештво е поголема од љубовта која мајката ја има кон децата. Меѓутоа, неговиот единствен непријател е лажното начело кое ја поништува вистината. Тој исто така рекол дека негова должност е да покаже сожалување кон луѓето и дека за него е главно да ја отфрли невистината, ширкот, суровоста, неморалот и неправдата.

Објаснувајќи го оваа понатаму Ветениот Месија а.с. рекол дека секој вид (на живи суштества) ја сака својата раса. Затоа станува должност на оној кој другите ги повикува кон Семоќниот Бог дека тој и треба најмногу да ги сака. Оттаму Ветениот Месија а.с. рекол дека тој луѓето ги сака најмногу и дека кон никого не чувствува лично непријателство туку дека ги презира нивните лоши постапки, неправди и суровости.

Ветениот Месија а.с. понатаму рекол:

„Мене ми е кажано дека од сите религии исламот е вистинската религија. Од сите упатства само упатството на Чесниот Кур’ан останува во совршена состојба и без мешање на човекот. Мене ми е објаснето дека од сите Веровесници оној кој ги донел учењата кои се совршени, на највисок степен (ненадминливи) и беспримерни во мудроста, учења кои покажуваат одлики на најдобар пример на човековиот живот не е никој друг туку Одбраниот, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..“

Ветениот Месија а.с. покажал големо жалење дури и кон своите противници – на начин кој бил за восхит. Маулви Абдул Кареем сахиб кој живеел во еден дел од куќата на Ветениот Месија а.с., пренесува:

„Во текот на деновите кога имаше чума и секој ден безброј луѓе умираа од зараза, јас слушнав како Ветениот Месија а.с. прави дови и бев зачуден. Во неговите дови имаше толку жар, занес и тага кои го топат срцето и оние кои тоа го слушаа ги ставаше во исклучително емотивна состојба. Тој плачеше и липаше на сеџда на Божјиот праг, и неговиот глас беше исполнет со таква болка што личеше на болката на жената при раѓањето.“

Маулви сахиб вели:

„Јас внимателно слушав и чув дека го моли Аллах џ.ш. луѓето да бидат спасени од казната на чумата и молеше со следните зборови: ’О, Боже! Ако сите луѓе умрат од бесот на чумата кој ќе остане Тебе да те обожава‘?“

Слично на тоа, кон жесток противник на Ветениот Месија а.с., маулви Мухаммед Хуссеин Баталви, кој правел сè што можел против него да запали пламен на омраза насекаде во земјата, Ветениот Месија а.с. сепак дури и кон него покажал сочувство. Во текот на еден судски процес адвокатот на Ветениот Месија а.с. сакал да употреби погрдни зборови за семејството на маулви Хусеин Баталви но Ветениот Месија а.с. тоа строго му го забранил. Адвокатот кој не бил Ахмади муслиман рекол дека бил изненаден што тој се обидувал да го ослаби противникот а Ветениот Месија а.с. сепак поради своите високи морални стандарди тоа не му го дозволил.

Учењето на Ветениот Месија а.с. ги оспособил Ахмади муслиманите никогаш да не отстапуваат од високи морални стандарди дури ниту кога ќе се соочат со спротивставување. Луѓето треба само да можат да разберат дека Ветениот Месија и Мехди а.с. стасал и дека мисијата на ширење на исламот ќе биде постигната преку оваа заедница а не преку сабја, оружје, сила или убивање на невини луѓе. Ние само ќе ги придобиеме срцата на луѓето и нема да освојуваме територии или земји.

Ѕверства се случуваат во Европа и тоа во името на исламот, било од страна на поединци или групи. Во Лондон пред некој ден беа нападнати невини луѓе и беа убиени на крајно ѕверски и суров начин. Луѓето едноставно одеа по улица и беа турнати со автомобил а беше убиен и полицаец. Сето ова се случи затоа што таканаречените муслимански зналци ги завеле луѓето. Наместо во нив да го всадат преубавото учење на исламот тие во нив влеале мисли и намери на суровост и ѕверство. Хузур а.т.б.а., како што и порано кажуваше, рече дека во оваа ситуација задачата на Ахамди муслиманите е на светот да му ја изложи убавината на исламот.

Хузур а.т.б.а. заврши наведувајќи ги зборовите на Ветениот Месија а.с. кој рекол дека лажното верување дека Иса а.с., синот на Мерјем, физички ќе се симне од небесата наскоро ќе го отфрлат и христијаните и муслиманите. На крајот луѓето ќе видат дека тоа никогаш нема да се случи. Чесниот Кур’ан вели дека без исклучок сите пратеници биле исмејувани. Ако Иса а.с. требало дословно да се симне од небесата со поткрепа на два мелека, кој би го исмејувал? (бидејќи ако некој се спушти од небесата тоа би било очигледно на сите). Ветениот Месија а.с. го исмејувале но тоа сепак не ја спречило неговата мисија. Ветениот Месија а.с. рекол дека нема да поминат три века од времето кога тој ова го пишувал, кога христијаните и муслиманите ќе се ослободат од овој лажен поим кој се однесува на синот на Мерјем и ќе остане само една вистинска религија.

Ветениот Месија а.с. дошол да го посее ова семе, и тој рекол:

„Вие ќе видите дека ова семе расте и цути.“

Хузур рече дека ние денес гледаме како ова семе цутеше, цути и ги собира плодовите, и стана слатко и сочно дрво.