In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Божествени знаци на вистината

Денешната хутба Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја одржа во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. По ташахуд и сура Ал Фатиха Хузур рекче дека на оној кому очите му се прекриени нема да верува или да сведочи за Аллаховата помош и за знаците.

Ова се навистина карактеристики и дела на луѓето кои не веруваат во пратениците. Овие луѓе, дури и кога се сведоци на чуда, бараат други знаци кои вистината за нив ќе ја направат очигледна. Бидејќи ги пречекориле границите Аллах им ги запечатил срцата. Потоа изгубиле прилика да ја досегнат вистината. Понекогаш, за да ја покаже вистинитоста на пратениците, Аллах овие луѓе ги прави олицетворение на опомена и предупредување. Противниците на Ветениот Месија а.с. биле токму такви што и по сведоштвата на многуте знаци за вистинитоста на Ветениот Месија а.с. поради својата тврдоглавост и упорност не верувале во нив. Некои само се оддалечувале од знаците кои Аллах им ги покажувал, но Аллах навистина направил некои од нив да станат знак на предупредување. Ветениот Месија а.с. навел многу знаци кои ја покажале неговата вистинитост и кои дури и пред луѓето го откриле знакот на Ветениот Месија а.с., токму онака како што тоа го објаснил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Но, овие верски оџи не верувале во нив дури и другите ги одговарале од верувањето во вистината. И тие и понатаму продолжуваат тоа да го прават. Ветениот Месија а.с. многу пати ги наведувал разните вистинити чуда и знаците на Аллах кои ќе ја обележат вистината за Ахмадијатот. Наведувајќи ги, Ветениот Месија а.с. рекол дека тие знаци ги навел и предвидел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Меѓу нив е и знакот на помрачувањето на Сонцето и на Месечината. Кога овој знак не бил исполнет верските оџи покажале вознемиреност и немир. Но кога нив им било покажано, не само еднаш туку два пати, еднаш во Индија и друг пат во Америка, овие луѓе покажеле само невнимание. Не можеле да го свртат грбот на знакот бидејќи и самите го чекале, но кога тој се појавил тие го напуштиле поради тврдоглавоста и разузданоста.

Ветениот Месија а.с. кажува како еден од неговите пријатели му рекол дека еднаш кога овој знак ќе се исполни, Гулам Муртаза, кој бил верски оџа ќе покаже крајно разочарување и тага кажувајќи дека сега светот ќе залута. Ветениот Месија а.с. вели дека мисли на фактот дали тој (Гулам Муртаза) бил подобар и по верен добро намерник на луѓето одошто Аллах? Исто така, чумата била еден од многуте казнени знаци кои биле предвидени. Понатаму, се јавувале знаци на создавање на потоците, на заедници кои почнуваат да се развиваат, планини кои се осипуваат, голем број на медиуми и развој на нови начини на превоз. Меѓутоа, постои голем број на знаци кои не се предвидени во Чесниот Кур‘ан или од страна на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, рекол дека наместо да се земаат во превид овие знаци кои биле предвидени, луѓето ставаат погрешни и неважни тврдења на Ветениот Месија а.с.. Постоеле луѓе кои кажувале како неговиот турбан не е вистински, па како тој може да биде Ветениот Месија? Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, рекол дека Ветениот Месија а.с. постојано им покажал знаци по знаци, но луѓето и понатаму доаѓале со нелогични изговори дека тој а.с. не може правилно на урду да ја изговори буквата ’каф‘. Ветениот Месија а.с. им ги покажувал ајети од Чесниот Кур‘ан еден по друг а луѓето сепак зборувале како тој може да биде Ветениот Месија кога на својата сопруга и подарува накит и користи бадемово масло. Потоа, хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, вели да не ги затвораме очите пред вистинските Аллахови знаци. Многу луѓе му приоѓале на Ветениот Месија а.с. и барале некаков знак од него. Тој, а.с., би им одговорил, дали си имал некаква корист од знаците кои се покажани во минатото па сега ти треба повеќе? Ако ништо не си добил од илјадниците знаци како тогаш сега ќе имаш корист ако јас ти покажам било каков знак? Овие луѓе навистина ќе останат лишени како што е и запишано во нивната судбина.

Што се однесува до еден од најголемите знаци на Ветениот Месија а.с. кој секој ден е очигледен, а како што пишува во книгата Брахеен-е-Ахмадијја, Аллах му ја открил оваа дова која вели:

„Не оставај ме сам и создади заедница.“

Следната објава подразбира дека Аллах ќе ги исполни сите твои барања и луѓето од оддалечените патеки и патишта ќе дојдат кај тебе. Ова е откриено и спомнато пред 26 години и ден денес се исполнува со голема величественост. Ова е знакот на развојот на Џемаатот кој се уште се случува. Развојот и напредокот на овој Џемаат во финансиското жртвување е едно од најдобрите знаци на вистинитоста на Ветениот Месија а.с.. Но тоа можат да го видат само луѓе кои имаат отворени очи а не се слепи.

Хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, вели дека Аллах многу пати му кажал на Ветениот Месија а.с. дека овој Џемаат ќе треба да се жртвува исто како што се жртвувале претходните следбеници на пратениците.

Така, тој а.с. еднаш во сон видел како влегува во куќата на Низаам-уд-Дин. Низаам-уд-Дин во превод значи ’патот на верата‘. Тој сон означува дека еден ден Ахмадија џемаатот ќе стане патот на верата и дека ќе ги преовлада меѓу сите системи во светот. Инша Аллах. Но, како ова ќе се случи? Во сонот е предвидено дека некои од нас ќе влезат во согласност со ’Хассани‘ начинот а други во согласност со ’Хуссани‘ начинот. Сите знаат дека успехот на хазрети Хассани р.а. е постигнат преку помирување и разбирање а хазрети Хуссаин р.а. го постигнал преку мачеништво. Така на Ветениот Месија а.с. му било кажано дека Џемаатот ќе го постигне ниво на  ’Низаам-уд-Дин‘ и тоа некои преку помирување, договор и љубов а други преку жртвување и мачење. Ако некој од вас мисли дека оваа Заедница ќе се развие чисто само преку договор, љубов и разбирање тоа не е точно. А ако некој мисли дека Џемаатот ќе се развие без мачење и жртвување тогаш и тоа исто така не е точно. Нашиот успех е можен само преку мир, љубов и во друга рака преку мака. Тоа значи дека ние ќе ги жртвуваме своите животи но нема да се одрекнеме од нашата вера. Ние ќе одиме по средниот пат. Едниот успех ќе биде преку мирот а другиот преку маката. По ова Џемаатот ќе влезе во куќата на Низаам-уд-Дин и ќе биде постигнат успех. И двете ситуации преку Џемаатот се очигледни. Љубов, мир и хармонија е пораката која ја шириме, на ист начин како што во истиот момент правиме жртви.

Хазрети Муслех Мауд р.а., вели дека кога го прашал Ветениот Месија а.с. за значењето на овој сон тој одговорил дека сега не го знае тоа но дека низ времето ќе се открие. На Ветениот Месија а.с. во времето кога никој не верувал во него, Аллах му рекол дека овој Џемаат ќе постигне толкав успех што другите нации во светот ќе останат номади во тоа време. Ние сме оние кои секој ден сведочиме на Аллаховите знаците и  благослови и Инша Аллах ќе дојде денот кога толку многу ќе напредуваме што другите заедници ќе ни изгледаат мали, а за да го постигнеме тоа мораме да го постигнеме духот на реформацијата и на религијата во нас и во нашите генерации. Уште одамна џемаатите на пратениците имале недоразбирања и спротивставувања. Но ти спротивставувања нас не нè плашат тука ја засилуваат нашата вера.

Пред неколку дена Тахрик-е-џадид и Зиуал ислам канцелариите беа нападнати од страна на терористички одред на полицискиот оддел во Рабва. Два мисионери и неколку службеници беа уапсени. Во врска со тоа неколку луѓе од Рабва, вклучувајќи ги и жените, ми пишуваа за тоа дека не се плашат од овие активности бидејќи се силни во своето верување и нивната вера ќе се зголеми после овие случки и тие се подготвени да се соочат со било какви тешкотии и да платат било каква жртва. Ова е духот кој треба да биде  присутен кај членовите на Џемаатот. Ова се работи кои ги предвидел Ветениот Месија а.с.. Навистина, последната победа ќе биде кај Џемаатот на Ветениот Месија а.с. а противниците и непријателите секогаш биле тука и ќе бидат. Овие несреќни луѓе кои извршиле напад навистина се во голем страв од страна на Ахмади муслиманите, бидејќи Ахмади муслиманите секогаш им зборуваат дека се плашат од Аллах.

И каков може да биде поголем страв од оној кој од другите бара да се плашат од Аллах. Затоа тие сакаат да ги апсат и убиваат Ахмади муслиманите. Нека Аллах им даде мудрост да ја разберат вистината и нека Аллах ја заштити државата од овие верски екстремисти и оџи кои во вистинска смисла се терористи. Тие всушност шират неред во земјата и никој од нив не е сигурен.

Нека Аллах им даде сила на овие терористички одреди да се борат со луѓето кои се вистинска закана за нацијата, кои во вистинска смисла ги уништуваат корените на државата а не да ги апсат мирните Ахмади муслимани кои се вистински добронамерни кон државата и се граѓани кои го почитуваат законот. Ахмади муслиманите треба да се молат Аллах да го заштити Пакистан од нередите и неволјите кои ги предизвикуваат оџите. Амин.

Што се однесува до жртвувањето, Ахмади муслиманите се жртвувале во минатото а и понатаму ќе се жртвуваат, и Аллах наскоро ќе им даде награда за тоа. И владата на Алжир слично ги малтретира Ахмади муслиманите. Нека Аллах ги заштити и нека им даде сила да ги поднесат овие злосторства и нека Аллах и помогне на нивната власт да ги разбере намерите на Ахмади муслиманите кои навистина се многу мирни и кои го почитуваат законот. Тие наводно се деструктивни и прават планови против власта но во целиот свет не постои ниту еден Ахмади муслиман кој се бори против законите на државата во која живеат. Ние сме луѓе кои шириме љубов, мир и хармонија и ние нема да се двоумиме дали да се жртвуваме ако тоа е потребно за постигање на целите, Инша Аллах.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека најопасното и најголемото спротивставување доаѓа од сонародниците и локални жители. Тие не можат да го поднесат фактот дека некои од нив постигнале голема почит и значење во светот. Оние кои со секој дел од имотот се борат против него, како можат да се соочат со фактот дека толку голем број луѓе го прати и почитува. Така тие даваат сè од себе да го угнетуваат. Оние беспомошните кои не можат да направат многу, дури и таквите луѓе се обидуваат да пронајдат и извадат омраза од своите срца на овој или на оној начин.

Хазрети Халифа-тул Месих I, нека Аллах биде задоволен со него, раскажува за еден богат човек од Шапхур кој добил титула ’Кхан Бахадур‘. Потоа од редот на истото семејство една жена на синот му дала име  ’Кхан Бахадур‘. Кога ја прашале од која причина го сторила тоа таа рекла дека не знае со што нејзиниот син ќе се занимава кога ќе порасне но барем ќе го носи името на богат човек. Така, луѓето кои не можат да направат многу сакаат да бидат именувани како некои други.

Кога хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с. тврдел дека е Ветениот Месија на времето, еден од неговите роднини исто така тврдел дека е Имам Мехди. Тој тоа го направил откако сфатил дека многу луѓе го пратат Ветениот Месија а.с. така што и тој би можел да добие исто внимание и важност.

Хазрети Муслех Мауд р.а. дава пример на еден Персиец кој рекол: „Сечие размислување е во согласност со сопствените сили и изгледи.“

Тој вели дека Мирза Гулам Ахмад а.с. рекол дека е пратен како водач за целиот свет и дека не треба да го следат само сиромашните туку и кралевите. Роднината кој тврдел дека е Имам Мехди рекол дека е пратен како водач на одредени општествени класи, додека хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с. дури од кралицата на Англија барал да го прати, и дури и писмо и напишал. Кога роднината кој изнел лажно тврдење бил доведен во полициска станица и бил запрашан за тоа а тој негирал и рекол како некој со тоа тврдење лажно го обвинил. Така најблиската роднина е и најголем противник.

Откако ја раскажал оваа случка хазрети Муслех Мауд р.а. рекол дека ние имаме многу роднини кои поради Ахмадијатот не напуштиле. Не затоа што ние не сакавме да се сретнеме со нив, туку затоа што тие не сакаа да бидат во контакт со нас. Нашите роднини не злоставуваа со зборови. Нашата тетка која подоцна го прими Ахмадијатот лошо се однесуваше со нас.

Хазрети Муслех Мауд р.а. се сеќава дека еднаш кога сум имал шест или седум години сум се качувал по скалите и таа едно по друго повторувала на пенџаби јазикот … „Токму како што е таткото лош, така е и синот“. Таа тоа го кажала толку многу пати што на памет сум се сеќавал на тоа и кога сум стасал дома сум барал да ми кажат што тоа значи.

Во Кадијана Ветениот Месија а.с. бил бојкотиран. Никому не му било дозволено поради било каква работа да оди во неговата куќа. Многу блиски браќа и снаи и роднини од страна на мајката по име Али Шер многу лошо го понижувале.

Еднаш од подрачјето Гујрат, седум браќа пријатели на Ветениот Месија а.с. дошле во Кадијана. Оделе на кај градината на Ветениот Месија а.с. кога ги пресретнал еден од роднините кој работел во градината и ги прашал која е причината за нивната посета на Кадијана. Тие одговориле дека дошле од Гујрат само поради хазрети Мирза сахиб.

Тој им кажал: „Јас сум роднина по мајка на хазрети Мирза сахиб и сигурно знам колку тој е лош,“. Кога го слушнал ова еден од браќата цврсто го фатил и ги повикал и другите браќа. Роднината се загрижил за тоа што се случило но Ахмади кој го држел рекол: „Јас нема да те удрам само затоа што си роднина на хазрети Мирза сахиб. Јас само сакам на браќата да им го покажам твоето лице бидејќи до сега само слушавме дека шејтан постои но никогаш го немаме видено.“

Потоа хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека Аллах му рекол на Ветениот Месија а.с. дека само неговото потомство ќе продолжи а потомството на другите ќе заврши. Токму така и се случило. Сега покрај неговото семејство живеат само оние кои го прифатиле Ахамдија џемаатот а генерациите на сите други завршиле. Кога хазрети Мирза сахиб а.с. тврдел дека е Имам Мехди на ова доба, во семејството имало околу 70 мажи. Но сега, освен оние кои биолошки или духовно се поврзани со Ветениот Месија а.с. никој од нив нема деца. Тоа се луѓе кои се обиделе да го избришат името на хазрети сахиб но како резултат на тоа тие биле уништени и нивните генерации не растеле. Ова исто така е еден од најголемите знаци на вистинитоста на Ветениот Месија а.с..

Хазрети Муслех Мауд р.а. додека ја наведувал случката со баи‘атот на ’Тајее сахиба‘ кажува дека некои претскажувања и докази можеби изгледаат мали но кога еднаш ќе се замислиме над нив скриените значења во нив ни помагаат повеќе да ја воздигнеме нашата вера. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека за претскажувањето дознал дури претходниот ден додека другите знаеле пред тоа. Претходниот ден во времето на смртта на ’Тајее сахиба‘ Шеикх Јакооб Али сахиб рекол дека претскажувањето за  ’Тајее сахиба‘ на Ветениот Месија а.с. е старо. ’Тајее‘ била тетка на хазрети Муслех Мауд р.а.. Таа била жена на братот на Ветениот Месија а.с.. Старите Ахмади рекле дека во времето кога ова претскажување му било објавено на Ветениот Месија а.с. било тешко да се разбере неговото значење. Некој зборувал за една работа а друг за друга. Но, едноставното значење на претскажувањето било тоа дека доаѓа жена која е ваша тетка (’Тајее‘). Значењето на доаѓањето може да има две различни детални разјаснувања. Едното е дека таа се доближува или другото е дека таа влегува во Ахмадија џемаатот. Едноставно доаѓањето не може да биде никакво претскажување затоа што роднините често доаѓаат. Во нашето семејство многу постара жена на постариот брат на хазрети Мирза сахиб ја нарекувале ’Тајее‘.

Луѓето кои ги прочитале книгите за Ахмадијатот се запознаени со фактот дека ’Тајее‘ била строг противник во време на претскажувањето за ’Мухаммеди Бегум‘. Бидејќи таа била најстара во семејството а претскажувањето се однесувало за нејзината внука, таа сметала дека има обврска да го сопре овој однос бидејќи мислела дека тоа е срам за семејството. За неа било обврска да работи на тоа. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека во согласност со женската природа, за постара жена, почитта и достоинството кон семејството е над сите верски односно политички работи. Во тоа време тврдењето на хазрети сахиб дека е Ветениот Месија а.с. за ’Тајее‘ не било толку важно колку што било важно семејното достоинство. ’Таје сахиба‘ себе си се сметала за добротвор кон Ветениот Месија а.с. затоа што била постара и затоа што му праќала ручек и вечера бидејќи тој не барал дел од имотот. Жените општо го имаат ова чувство и затоа таа сметала дека Ветениот Месија а.с. зависи од неа.

Ветениот Месија а.с. во една арапска строфа вели:

„Постоеше време кога за храна бев зависен од другите но сега Аллах ме благослови со такво достоинство што многу луѓе јадат од мојата кујна.“

Во оваа строфа исто така е очигледно дека Ветениот Месија а.с. не го барал својот дел одвоено од имотот туку му го дал на својот брат. Таткото на Ветениот Месија а.с. исто така зборувал дека тој нема да биде во состојба да се грижи за имотот. Според тоа, земајќи ја внатрешната ситуација, било невозможно ’Тајее‘ да влезе во кругот на Ахмадијатот. Таа подоцна го прифатила Ахамдијатот. Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека тоа не било поради логика или поради религиски причини туку поради семејни околности бидејќи таа себе си се сметала за сопственик а Ветениот Месија а.с.  го сметала за слуга (неузубиллах). Таа го сметала за сиромашен човек кој не работел и живеел од тоа што таа ќе му подготви да јаде. Во овие околности за неа никогаш не било прифатливо тој да ја ожени нејзината внука. Како таа била најстара нормално е дека за оваа работа најмногу се противела.

Во тоа време спротивставувањето било големо. Роднините на Ветениот Месија а.с. го напуштиле и тој воопшто не се гледал со нив. Хазрети Амма Јаан р.а. открива дека спротивставувањето било толку големо што постоела една постара жена роднина на мајката на Ветениот Месија а.с. која плачела над фактот како никој не им дозволува дури ниту да го видат синот на Чирагх Биби. Ветениот Месија а.с. бил изолиран токми како крадец затоа што тие го сметале за срам во семејството. Во тоа време било невозможно и нереално да се очекува ’Тајее‘ да го прифати Ахмадијатот. Срцата на луѓето можат да се променат но ние треба да ја погледнеме ситуацијата. Ветениот Месија а.с. претскажувањето за ’Тајее Ајее‘ го примил во тоа посебно време. Ова претскажување уше кажувало дека таа во Џемаатот ќе влезе во време кога нејзиниот однос кон личноста која ќе прима баи‘ат биде однос на ’Тајее‘ или тетка. Ако требало да го прифати Ахмадијатот во времето на Ветениот Месија а.с. тогаш зборовите на ова претскажување би биле:’Бхавај Ајее‘ (дојде снаа). Ако требало да го прими Ахмадијатот на раката на хазрети Халифа-тул Месих I р.а. тогаш претскажувањето ќе гласело: „Жената од семејството на Ветениот Месија а.с. дојде“, но посебно зборот ’Тајее‘ означува дека таа ќе го прими Ахмадијатот на раката на синот на Ветениот Месија а.с.. Ако синот на Ветениот Месија а.с. не бил одреден да биде Халифа на времето тогаш зборот ’Тајее‘ ќе бил бескорисен.

Ова претскажување навистина има три значења:

  1. Синот на Ветениот Месија а.с. ќе стане Халифа,
  2. Таа ќе влезе во Џемаатот кога синот на Ветениот Месија а.с. стане Халифа и нејзиниот однос со него ќе биде тетка по таткото,
  3. Таа долго време ќе биде жива.

Тоа е затоа што таа кога Ветениот Месија а.с. го примил претскажувањето имала 70 години и ова претскажување било за некој кој е постар од него.

Тоа е голема работа некој да има толку години бидејќи човечкиот мозок не може да предвиди за млада личност колку долго ќе живее.

’Тајее‘ починала во 1927 година. Затоа ова е голем знак за потврда на вистинитоста на Ветениот Месија а.с. и ова претскажување има бројни скриени знаци во себе. По прифаќањето на Ахмадијатот ’Тајее‘ ја прифатила програмата на ’Завештание‘.

Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека земајќи ги во вид овие видови на преданија и чувства кои се наоѓале кај луѓето од традиционалните семејства навистина е голема промена тоа што таа одлучила да ја прифати програмата на ’Завештание‘. Пред сè таа се противела зошто Ветениот Месија е закопан на семејните гробишта а таа треба да биде погребана на друго место. Но подоцна го прифатила ’Завештание‘ и била погребана на гробиштата ’Башти Макбара‘. За мудрата личност тоа е знак од голема важност. Може да изгледа дека тоа е мала работа но тука има ногу знаци за вистинитоста на Ветениот Месија а.с..

Хазрети Муслех Мауд р.а. додека ги опишува случките од патувањето на Ветениот Месија а.с. во Делхи, вели да кога личноста својата доверба ја предаде на Аллах никогаш не може да замисли за работата која Аллах ја направил дека нема да има плодоносни резултати. Ако се ослонувате на Аллах тогаш и вие имајте доверба дека Аллах ќе ги направи плодоносни резултатите на Својата работа.

Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека бил момче кога Ветениот Месија а.с. патувал во Делхи. Ветениот Месија а.с. патувал до светилиштата на разни побожни луѓе и долго време учел дова и рекол дека го молел Аллах за нивните потомци затоа што не сакал да бидат лишени од вистината на Ветениот Месија а.с. кој бил пратен во ова доба поради нивното подобрување. Понатаму, Ветениот Месија а.с. рекол дека навистина ќе дојде денот кога Аллах ќе ги просветли нивните срца и тие ќе ја прифатат вистината.

Хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека бил многу младо момче кога ова било кажано но дека се уште има влијание на неговото срце. Според тоа, ако Џемаатот на Делхи сака да ги види плодоносните резултати на своите напори треба својата доверба да ја ставаат во Аллах. Ќе дојде денот кога ќе превлада работата за која Аллах сака да превлада. Ветениот Месија а.с. го рекол сето ова кога му се обраќал на Џемаатот во Делхи. Затоа и денес должноста на Џемаатот во Делхи е најголема мудрост да ја шират пораката на Ветениот Месија а.с. Ма шаа Аллах овој процес на ширење на пораката е забрзан преку изложби. Но тука е исто така и спротивставувањето на другите муслимани, така што се уште останува потребата да им се пренесува оваа порака. И најважна работа е довата и треба да и се посвети многу внимание.

Потоа хазрети Муслех Мауд р.а. исто така го изнел сонот на Ветениот Месија а.с. во кој тој гледа долг ендек во кој се положени овци и над секоја овца виси месар со нож во рака и со кренат поглед во небото како да очекува Божја наредба. Ветениот Месија а.с. вели дека и себе се гледа во тоа место и во тоа време како шета наоколу. Им приоѓа и го проучува ајетот од Чесниот Кур‘ан:

„Кажи им дека на мојот Господар не му е грижа за вас, ако вие не Го обожавате и не ги слушате Неговите наредби.“

Во моментот кога тој го кажува ова месарите кои всушност биле мелеки разбрале дека им било дадено одобрение и тие ги заклале овците зборувајќи: „Вие не сте ништо повеќе од овци кои јадат ѓубре“.

Ветениот Месија а.с. вели како ова го протолкувал дека ќе се случи тешка епидемија и околу 70 000 илјади луѓе ќе умрат од колера. Затоа, ако некој не обрнува внимание Аллах не се грижи за него и никој не може да ја сопре Аллаховата работа.

Тој вели дека 300 години по Иса а.с. (Исус Христос) христијанството се зголемило. Но, ако се замислиме над нашата состојба ќе видиме дека ќе треба многу помалку време кога Ахмадијатот ќе биде благословен со огромен раст и со проширување, Инша Аллах. Било тоа да е некој пакистански свештеник или врски водач или тоа да е некаква светска моќ, за Аллах немаат никаква важност. Тие се само како овие овци. И овие луѓе никогаш не можат да го спречат растот и развојот на Ахамдијатот. Но поради тоа не смееме да се ослониме само на нашите мисионери како само да е нивната должност да го шират Ахмадијатот. Ако сакате да бидете дел од овој развој, а треба да бидеме, тогаш мораме да се свртиме кон дова. Мораме да ја зголемиме нашата духовност. Треба да го засилиме нашиот однос со Аллах. Ова се работи кои ќе го уништат спротивставувањето кон Ахмадијатот и ќе ни помогнат да дадеме свој удел во развој на нашата религија. ИншаАллах. Нека Аллах не благослови со таква состојба, Амин.

По џума намаз Хузур најави дека ќе клања џеназа намаз во отсуство за Мукаррам Суфни Зафар Ахмад сахиб кој бил мисионер во Индонезија. Имал 71 година кога починал од срцев удар, на 8 ноември, Ина Лиллахи ве ина илјехи раџиуун. Роден е на 18 август 1945 година во Суматра. Заини Далаан сахиб дал завет на баи‘ат на раката на хазрети Муслех Мауд р.а. во 1923 година. Тој заедно со двајца други луѓе основал мисионерска куќа во Јава и Суматра. Така неговиот татко бил меѓи пионерите мисионери на Индонезија. Заини Дилаан сахиб имал три деца и откако Суфни Зафар Ахмад сахиб животот го посветил на служењето на религијата го пратил во Ахмадија џамијата во Рабва со цел да се стекне со верско образование. Суфни Зафар Ахмад сахиб во Рабва отпатувал на 17 јули 1963 година и таму поминал околу 11 години. Во 1974 година се вратил во Индонезија каде првата должност ја извршувал во Калимантана. Подоцна бил одреден за подрачен мисионер на подрачен Амир во западна Јава. Подоцна исто така служел во источна Јава и Папуа. Од 1985 до 1987 служел во Јава а од 1987 до 1991 го предавал предметот ’Фикха‘ во Ахмадија џамијата во Индонезија. Во текот на ова време исто така бил избран на должност во одделението за поучување на нови Ахмади членови. Од 1997 до 2001 служел како подрачен мисионер во Лампунга во Индонезија. Со неговиот напор основани се многу џемаати во Индонезија и изградени џамии и мисионерски куќи. Тој исто така ја имал честа да  преведе неколку книги на индонезиски јазик. Филозофијата на зекатот, Жртвување на Аллаховиот пат, Џеназа и вистинското значење на џихад во исламот се неколку книги кои тој ги напишал. Во пензија заминал во 2001 година по разболувањето. Имал посебен однос на љубов и верност со Халифатот и длабока поврзаност. Бил многу искрен слуга на Џемаатот. Зад себе оставил жена, една ќерка и два сина. Нека Аллах ги чува поврзани со Џемаатот токму како што бил и нивниот татко, и нека им помогне да напредуваат во правењето на добри дела, и нека и тие ја изразат својата искреност и верност кон Џемаатот, и нека Аллах им помогне да станат активни Ахмади. Амин.