In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. – милост на сите светови

Денешната хутба Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник ја одржа во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. После ташахуд и сура Ал Фатиха Хузур рече:

Моментално се наоѓаме во месец Раби-ул Авалу. Во исламскиот свет, посебно кај муслиманите Индо Пак, овој месец има голема важност. Суштински е за целиот исламски свет, но со поголема жар се слави на потконтинентот. На дванаесеттиот ден од месец Раби-ул Авалу е роден Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Фактот се должи на едно истражување.

Али хазрети Башир Ахмад Сахиб во својата книга ’Сеерат Кхатамун Набијјеен‘ напишал дека, според еден египетски зналец, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е роден во деветтиот ден од месец Раби-ул Авалу. Што и да е вистинито од тоа во овој месец нашиот водач и учител Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дошол на овој свет. Меѓутоа, како состојбата на денешниот муслимани не е ни малку среќна, тие овој ден го посветуваат на славење на роденденот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кој бил во милост на целиот човечки род, но всушност тие се олицетворение на ајетот:

„… нивните срца се поделени …“ (59:15)

Меѓусебниот однос на муслиманите Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го опишува во ајетот:

„… се натпреваруваат помеѓу себе …“ (48:30)

Меѓутоа, оваа благост од Него е спротивна на нивното однесување бидејќи поголемиот дел од нив ја сакаат крвта на другиот. Секој ден има вести дека илјадници муслимани се убиени од страна на други муслимани. Ова е таква ситуација која лично е презрена од страна на Аллах и на Неговиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тие меѓу себе се убиваат во името на Бог – Бог кој е Господар на сите светови, Возвишениот, Милостивиот, и во името на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој бил во милост на целиот човечки род. Во нивно име тие убиваат жени и деца, ги исфрлаат од нивните домови и им нанесуваат зло и штета. Значи, сето тоа тие го работат во името на Аллах и на неговиот пратеник со дрскост и без срам.

Аллах вели:

„Намерното убивање на муслимани води кон Џехеннемот. Доколку убиеш било која невина личност нема да побегнеш од вратите на пеколот.“

Меѓутоа, овие верски бизнисмени и водачи, кои се грижат само за себе, во огнот на пеколот ги фрлаат глупите лица наведувајќи ги дека ќе добијат место во рајот.

Тие го клеветат исламот во толкава мера што сега оние кои не се муслимани штом се спомне исламот тие брзо го поврзуваат со неправда и престапи. Да, пости една работа која муслиманските оџи и така наречените водачи работат заедно и заедно ја преставуваат заедницата – нешто што Аллах и Чесниот Пратеник Мухамед с.а.в.с. рекле да не го прават. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека муслиманите ќе бидат во таква состојба што ќе се свртат едни против други и ќе се оствари ајетот:

„… нивните срца се поделени …“ 

и тие едни на други ќе си ги сечат грлата и тогаш ќе појдат кај своите таканаречени зналци за водство. Меѓутоа, нивните зналци исто така ќе бидат во слична или полоша состојба од обичните муслимани.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Побожните ќе бидат најлошите луѓе под ова небо. Зошто? Бидејќи ќе прават неред и караници ќе избиваат помеѓу нив.“

Ова е токму тоа што денес го гледаме кај денешните верски зналци, кои наместо да го гасат огнот тие го потпалуваат огнот.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека оние луѓе кои многу се грижат за исламот не треба да очајуваат. Тој предвидел дека Ветениот Месија и Мехди а.с. ќе дојде во тоа време. Тој бил во потполна послушност кон својот учител и водач Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и тој ќе ги извести муслиманите и оние кои не се муслимани за исправните учења на исламот. На овој начин тој ќе направи муслиманите да станат една заедница. Ова е работата која овие муслимани одбиваат да ја прифатат. Тие ќе ги разбеснат муслиманите со своите не втемелени лаги и ќе се обидат да создадат неред.

Тие си поигруваат со човечките чувства и ги известуваат за работи кои воопшто не постојат. Секој муслиман го има ова верување и без цврсто прифаќање на ова верување ниту еден муслиман не може да се смета за муслиман без да прифати дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Кхатамун Набијјеен, и дека Шеријатот е завршен со него.

Но овие верски зналци ги разбеснуваат муслиманите со лаги дека Ахмади муслиманите не веруваат во Кхатамун Набијјеен, или крајот на пратеништвото. На ваквите сфаќања ние единствено можеме да го покажеме нашето разочарување и можеме да го повикуваме проклетството врз овие лажговци. Личноста која вели дека е Ахмади муслиман а не верува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е последниот пратеник, таа личност е неверник и нема никаква врска со Ахмади муслиманската заедница. Меѓутоа, вистина е дека Ахмади муслиманите го дефинираат крајот на пратеништвото, како што тоа го објаснил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и Чесниот Кур’ан. Ова подразбира дека ниту еден пратеник не може да се појави кој е надвор од учењата и од Шеријатот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека Абу Бакр е најдобриот од неговите луѓе се додека не дојде пратеник. Тоа значи дека пратеник не може да дојде кој е надвор од сферата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., ниту може да дојде нов Шеријат.

Иако ние Мирза Гулам Ахмад а.с. го сметаме за пратеник, а покрај тоа и за Месија и Мехди, ние тоа го правиме сметајќи на тоа дека е подреден над пратеништвото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Всушност, ова било и вистинското верување на поранешните муслимански мудреци и мислители.

Схах Валиуллах во својата книга ’Тафхеемате Илахија‘ вели дека изреката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. – „Пратеништвото е завршено со мене‘ – не значи дека сега не може да постојат и други  пратеници. Тоа значи дека не може да постои пратеник кој ќе донесе нов закон, но дека може да дојде друг пратеник кој нема да носи нов закон.

Слично на тоа рекла и хазрети Ајша р.а.: „Кажи дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Печат на Пратеништвото но немој да кажуваш дека нема да има пратеници после него.“

Значи, ако сметаме дека хазрети Мирза Гулам Ахмад е пратеник поради неговата титула Ветениот Месија а.с., ние тоа го правиме во потполна покорност и послушност кон учењата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Така верските зналци само поради неслога продолжуваат да инсистираат на овој чувствителен проблем дека Ахмади муслимани или како тие не нарекуваат Кадијани (погрден назив за Ахмади муслимани), го сметат Мирза Гулам Ахмад а.с. за пратеник.

Владата на Пакистан е силно горда што го решила проблемот кој постои веќе 90 години (во време на донесувањето на одлуката на Народното собрание биле 90 години, а сега се 125 години). На ова пакистанските верски зналци и владини повереници постојано ги засилуваат чувствата на муслиманите. Всушност, ова е нешто што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. веќе го предвидел. И, овие муслимани наместо да ги слушаат овие таканаречени верски зналци треба да анализираат и да сфатат како моменталната ситуација има потреба од реформатор и воспоставување на една заедница на муслиманите. Сигурно во ова доба и во овие години Аллах го исполнил ветувањето и она што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го предвидел се остварило. Но, овие верски зналци тоа не го прифаќаат бидејќи оваа омразена компанија им дава финансиска сигурност. Тие ќе продолжат да ги лутат муслиманите. И повеќе од тоа, пакистанскиот закон им дал одврзани раце. Така, тие постојано се однесуваат насилно кон Ахмади муслиманите, што вклучува насилни прогони и клетви против Ахмади муслиманите. Таквите неморални начини им прилегаат само на таканаречените верски зналци и Ахмади муслиманите не можат со нив да се натпреваруваат со нив во врска со тоа.

Пред четири дена поради ден 12-ти од месец Раби-ул Авалу и во чест на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. оџите од Пакистан и некои други злобни луѓе организирале поворка во Дулмиал, град во Пакистан. Ја нападнале нашата џамија. Ахмади муслиманите кои биле во џамијата ја држеле вратата затворена. Тие на поворката и забраниле влез во џамијата но бидејќи имале гаранција дека полицијата ќе ја обезбеди сигурноста на џамијата ја отвориле врата. Но кога насилниците влегле во џамијата предизвикале хаос, ги уништиле сите работи во џамијата и ги запалиле.

Ова е нивниот начин на кој на големо му служат на исламот. Меѓутоа, ние не се грижиме за она што му припаѓа на светот. Да, направена е штета и има големи загуби, но сето тоа е безначајно. Сè додека нашите верувања ги вклучуваат верувањата и честа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и единството на Бог, ние сме подготвени да ги жртвуваме нашите животи за тоа. Секогаш сме зборувале и сме се жртвувале за тоа дека нема да отстапиме од кажаното дека „Нема друг Бог освен Аллах“.

Оние кои се собираат за да го слават роденденот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. најчесто држат насилни говори против Ахмади муслиманите. За сега тие ги покажуваат сите свои фрустрации изговарајќи ги своите омразени забелешки и мислат дека со тоа добро му служат на исламот. Но Ахмади муслиманите вистинската задача на служење на исламот ја прифатиле уште од почетокот кога Ветениот Месија а.с. изјавил дека ќе го заживее исламот. Тој рекол дека Аллах го одбрал за да го всади единството во Бог и да ја воспостави честа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Заживувањето на исламот ќе дојде преку мене (Ветениот Месија а.с.).

Подоцна Ахмади муслиманите ја прифатиле задачата да му служат на исламот иако во времето на вториот Халифа некои автори почнале со објавување на навредливи книги и списи против Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Во тоа време хазрети Халифа-тул Месих II р.а. почнал да прави собири и да држи предавања во врска со животот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. На предавањата тој повикувал Ахмади муслимани и луѓе кои им припаѓале на различни секти да говорат и да пишуваат за животот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тој нагласувал дека сега е време да ги отфрлиме сите различности и да се собереме и да ја браниме честа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Таквата кампања тој ја водел интензивно и неуморно. Дури повикувал и луѓе кои не се Ахмади муслимани да пишуваат за животот и карактерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Всушност, за муслиманите дел од нивното верување е да веруваат и да ја бранат честа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Но, како што хазрети Халифа-тул Месих II р.а. рекол дека милоста на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му била наменета на целиот свет, и дека тој е милост на целото човештво, потребно е и оние кои не се муслимани да го осветлуваат неговиот карактер. Така, неколку хинду високо образовани личности ги прочитале своите есеи за животот и карактерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

На првиот собир од ваков вид, кој бил одржан во 1928 година во Кадијана, биле рецитирани две поеми во чест на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои биле напишани од една хинду личност. Такви средби биле одржувани насекаде во Индија. И покрај теолошките разлики многу од нив кои не биле муслимани заедно со нивните зналци помогнале овие средби да бидат успешни. Но, имало и онакви кои се противеле на таквите активности. Многу весници ги прателе тие средби и објавувале извештаи за она што се случувало на нив. Весникот ’Масхрик Горакхпур‘ во своето издание од 21 јуни запишал дека овој ден засекогаш запаметен во историјата на Индија. На овој ден Неговото Величество, најпочитуваниот учител на светот Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на овој или на оној начин бил фален од страна на членовите на сите муслимански секти. Секој град настојувал да ги победи другите градови во три настојувања. Сепак постоеле и такви кои објавувале плакати и доставувале говори во кои се противеле на ваквите собири. И тие ни праќале написи како доказ на спротивното, но тие биле посебно неразборити. Тоа биле луѓе кои постојано сакале да се спротивставуваат на сè. Тие не се свесни за нашите верувања. Нашето верување е дека секој оној кој верува во „Нема друг Бог освен Аллах“ ќе биде спасен.

Затоа, по успешната Џалса на 17 јуни му честитавме на поглаварот на Ахмадија муслимански џемаат бидејќи ако шиити, сунити и Ахмади муслимани можат да се соберат заедно неколку пати годишно на такви собири, тогаш никаква сила не може да влијае на исламот во Индија.

Тие се оние кои го подучуваат светот за вистинскиот углед на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Тоа е затоа што нас не известил Имамот на ова доба, Ветениот Месија а.с.: „Ако сакате да го запознаете Семоќниот Аллах тогаш морате да се држите до учењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., бидејќи единствено тој е патот кон спасот. Ветениот Месија а.с. рекол:

„Тој е целата моја вредност“,

и тој секогаш него го сметал за подобар од себе и секогаш се сметал за потчинет на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Со цел да го отстрани погрешното сфаќање – дека ние не сметаме како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е последен пратеник, тој вели:

„Морате да запомните дека оваа критика кон мене и кон мојата заедница – дека ние Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не го сметаме за Кхатаман Набијјеен е потполно лажно обвинение за нас и ние веруваме во конечноста на пратеништво на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со толку силно уверување и точност што другите не веруваат во тоа и милон пати помалку од нас. Тие дури немаат храброст да ја разберат стварноста и тајната на конечноста на пратеништвото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Тие за овој термин само слушнале од своите предци но со вистината за него не се запознаени. Тие не знаат што е конечното пратеништво и што од нас се бара за да веруваме во него. Но поради крајна прецизност дека Аллах знае подобро, ние сметаме дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е конечен пратеник. И Аллах ни ја открил стварноста за конечноста на пратеништвото на таков начин што од оваа фонтана на сознанието  втемелена за нашата потреба, ние постигнуваме единствена восхитеност. Никој не може да имаа било каков поим за тоа освен оние кои се натопени од оваа фонтана.“

Така оние кои сметаат дека ние не веруваме во конечноста на  пратеништво самите се слепи и нивните срца се завиткани. Тие немаат ништо друго освен слогани, бунтовност и уривање. Зарем пораката на исламот која Ахмадија муслиманската заедница ја шири не е јасен доказ дека довите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. за својот уммет се примени само во корист на заедницата на Ветениот Месија а.с..

За стварноста за конечноста на пратеништвото Ветениот Месија а.с. вели:

„Семоќниот Аллах и дал таков пратеник кој бил најдобар од верниците, најдобро известен и Печат на Пратеништвото. Согласно на тоа нему му е објавена книга која е резиме на книгите и печат на книгите. Така, пратеништвото е завршено со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој е конечноста (крајноста) на пратениците. Но тоа не завршило како пресекување на грлото. Таков крај не е вреден за гордост. Завршувањето на пратеништвото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. значи дека атрибутите на пратеништво природно завршиле со него. Ова се разни чуда кои поединечно им биле дадени на пратениците, од Адем а.с. до Иса а.с. синот на Мерјем,  а сите заедно се собрале во личност на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Според тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. автоматски станал заслужен за титулата на конечноста на пратеништвото. Слично на тоа збирот на учењето, упатството и знаењето кои се наоѓаат во претходните книги завршиле со објавата на Чесниот Кур‘ан. Така, Чесниот Кур‘ан се пријавува како Најдобра/Конечна Книга.“

Потоа, за положбата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., Ветениот Месија а.с. вели дека е жив пратеник за Абду Абад на Мухаммед с.а.в.с. и вели:

„Постои ли еден пратеник меѓу Евреите, синовите на Израел или меѓу оние христијани кои Исус го нарекуваат Бог, кои можат да се натпреваруваат со мене во овие знаци? Јас прогласувам дека нема ниеден, дури ниеден. Ова е доказ за способноста на нашиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да покаже чуда кои се направени можни поради неговото управување. Затоа што добро позната работа е дека чудата на пратеникот кој се следи се наречени вистински чуда кои се случуваат од страна на еден од неговите поклоници. Извонредни чуда и исклучителни знаци а претскажувањата кои јас ги примив, во стварноста се живи чуда на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Денес ниту еден друг следбеник од било кој друг пратеник не поседува таква самодоверба за да може отворено да покаже дека и тој исто така е во состојба да ги покаже овие исклучителни знаци за божествената моќ на својот пратеник. Само исламот ја има таа самодоверба. Ова објаснува дека вечно жив пратеник може да биде само Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со чиј чист здив и божествена моќ, Божјиот човек го покажува Божјото лице во секое доба.“

Потоа, додека ја објаснува положбата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., неговата понизност и неговата опиеност од љубов кон Бог, Ветениот Месија а.с. пишува:

„Според хадисот, спасот не постои без благословот. Благословите на Семоќниот Аллах го овозможуваат спасението. Исто така во хадисот стои дека хазрети Ајша р.а. го прашала Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. следното: „О Пратенику, дали и твојата состојба е исто таква?“ Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и ставил рака на главата и рекол: „Да“.

Ова бил израз на крајна состојба на ибадетот кој ги впивал атрибутите на Семоќниот Аллах, создателот. Ние исто така искусивме и неколку пати анализиравме и видовме дека секој пат состојбата на понизноста и кроткоста го достигнува својот врв и мојата душа се топи во оваа состојба на ибадетот и понизноста доаѓа до градината на Бог Кој дава, и потоа светлината и сјајот се спуштаат одозгора. Се чувствува како чиста вода да се префрла од една чешма во друга. Затоа, во некои случаи се чини дека состојбата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го достигала врвот на понизноста и кроткоста. Тоа изгледа како сразмерно на тоа дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил примател на помош и бил осветлен со светлината на Возвишениот Дух. Нашиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ова го покажал со своите постапки и практични примери. Кругот на неговата светлина и на неговите благослови е толку широк што неговите примери и сенки се вечно видливи. Добротворство и благословите кои се дадени во ова време и доба направени се можни поради послушноста и покорноста кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. јас со уверување велам дека ниту една личност не може да ја направи стварна доблеста и не може да го постигне Божјото задоволство и не може да има корист од овие наклонетости и благослови, и сфаќања и факти и визии – кои се наоѓаат на високо ниво на чистотата на срцето, се додека не се изгубат во послушноста кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Доказ за тоа се наоѓа во Божјата реч. Семоќниот Аллах во Чесниот Кур‘ан вели:

„Кажи: Ако го сакате Аллах следете ме; потоа Аллах ќе ве сака и ќе ви ги опрости гревовите. А Аллах најмногу опростува и е Милостив.“

(3:32)

Затоа Семоќниот Аллах му дал на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да каже:

„Ако мене ме следите тогаш ќе ја постигнете Божјата љубов.“

Додека ја опишува причината за доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и ги опишува објавите на Чесниот Кур‘ан, Ветениот Месија а.с. вели:

„Јас тоа неколку пати веќе го спомнав но и сега е корисно да се спомне. Затоа сакам да ја анализирам причината зошто Семоќниот Аллах ги праќал пратениците и на крајот го испратил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за упатство на човештвото и го објавил Чесниот Кур‘ан. Секој кој нешто направил имал причина за тоа. Оваа идеја – дека немало никаква цел во доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и во објавата на Чесниот Кур‘ан е нечесна и е голем срам. Во тој случај се покажува дека постапката на Бог била залудна. (Чувај Боже). Меѓутоа, Он е Возвишен, ’Возвишен е Он и Неговата слава е далеку над‘. Затоа запомнете дека со објавата на Чесниот Кур‘ан и со доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Семоќниот Аллах сакал да ја покаже величествената слика на Милоста на овој свет како што Он вели:

„А ние тебе те пративме само како милост за сите луѓе.“

(21:108)

На ист начин Он го опишал начелото и логичкиот темел зад објавата на Чесниот Кур‘ан:

„Ова е совршена Книга; нема никакво сомневање во неа; таа е упатство за богобојазливите.“

(2:3)

Ова се толку извонредни цели што не им постојат равни.“

Потоа за возвишената слава на Чесниот Кур‘ан – дека тој ги содржи сите атрибути на останатите книги и тие не се само приказни туку по нив треба да се однесуваме, Ветениот Месија а.с. пишува:

„Токму како што сите различни чуда кои се наоѓале кај разните пратеници биле соберени во Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. слично на тоа сите добра и атрибути кои се наоѓале во разни книги се соберени во Чесниот Кур‘ан. Слично на тоа, сите чуда кои се наоѓале кај разни луѓе се соберени во муслиманскиот уммет. Според тоа, Семоќниот Аллах сака ние да ги стекнеме овие чуда. Ние исто така не смееме да заборавиме дека Он ни дал способност во согласност со овие чуда да им бидеме приматели. Бидејќи, ако не ни биле дадени способности тогаш никогаш немаше да бидеме во состојба да ги разбереме овие атрибути. На пример, ако некој повика гости мора да набави храна според бројот на луѓето. Слично на тоа, неговиот дом треба да биде доволно голем за да ги смести гостите. Не е можно тој да повика 1000 луѓе а подготви малку место за седење. Не. Тој ќе го има на ум нивниот број и согласно на тоа ќе ги смести. Вака, Чесниот Кур‘ан е храна и гозба на која е повикан целиот свет. Местото кое е одредено за овој прием е човековата способност. Така, да се зборува како ние не можеме да исполниме одредени одредби од Чесниот Кур‘ан потполно е погрешно. Бог на луѓето им ги дал овие способности со кои можеме да се однесуваме според овие наредби. Овие способности им се дадени на оние луѓе кои му припаѓаат на овој уммет. На вистинските муслимани искрено цврсти во својата вера дадени им се овие способности. Без способноста ниту една работа не може да се направи. Сега, ако учењето на Чесниот Кур‘ан би се претставило на бик или пес или на некое друго животно, тие не би биле во состојба да разберат, бидејќи тие немаат такви одлики со кои можат да го разберат Чесниот Кур‘ан. Но, нам ни се дадени такви способности од кои можеме да имаме корист. Затоа луѓето не смеат себе си да се сметаат за животни кои немаат моќ да постапуваат според наредбите на Чесниот Кур‘ан. Семоќниот Аллах овие способности им ги дал на вистинските муслимани. Човекова работа е да ги зголеми овие способности за да може да ги исполни наредбите на Чесниот Кур‘ан.“

На прашањето што е најголема форма на ибадетот во ова доба и ова време, Ветениот Месија а.с. вели:

„За муслиманот е важно да земе учество во отстранување и решавање на борбата внатре во исламот. Ова е најголема форма на ибадетот каде што секој муслиман треба да настојува да ја отстрани оваа борба. Денес злото и немањето на чест се рашириле секаде во светот. Затоа тој својот говор и пишувањето, и останатите моќи кои му се дадени треба да ги стави во употреба и треба да настојува со најголема искреност да ги отстрани овие зла од светот. Каква е користа да се има удобноста и задоволството на овој свет? Каква е целта постигање на статус во овој свет? Стекнете ги наградите на Ахиретот кои немаат граници. Секој муслиман треба да има таква љубов за Единственоста на Семоќниот Аллах и посебноста која Бог ја има за Својата Единственост. Замислете се над прашањето кој бил повеќе угнетуван од нашиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с.? Не постои гнасотија која не му била направена. Дали е ова време во кое муслиманите треба да останат неми? Ако во ова време човекот не стане и не ги замолчи лажливците со вистински сведочења и ако смета дека треба да прифати неверниците да продолжат да го обвинуваат нашиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и да продолжат да ги застрануваат луѓето, тогаш имајте на ум дека тој е под големо испитување. Важно е човекот да го потроши своето знаење и свеста (не е важно колку ги има) во ова работа, и да ги спаси луѓето од овој проблем. Во хадисот се вели: ’Ако вие не го убиете Антихристот тој во секој случај ќе умре‘. На персиски се вели дека сè што се крева мора и да падне. Овие проблеми произлегле во 13-от век и сега можеби наскоро ќе завршат. Затоа, должноста на секој муслиман е да настојува колку што може и да ја покаже светлината и осветлувањето на луѓето.“

Како што кажав порано, за да ја покаже светлината и осветлувањето Семоќниот Аллах го пратил Ветениот Месија а.с.. Ние сме среќни што влеговме во баи‘ат со него и сега нашата работа е да напредуваме во неговата мисија.

Ветениот Месија а.с. во Брахеен-е-Ахмадијја во една од своите објави вели:

„Привикувајте ги благословите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на неговиот народ, кој е учител на Адемовите синови и Печат на Пратеништвото. Ова укажува на фактот дека сите статуси, благослови и добробит се поради него. Ова се награди поради љубовта кон него. Светот е тој. Како извонредна положба учителот на сите светови има во очите на Едниот Бог и каква близина тие имаат да оној кој е неговиот сакан станува Божји галеник и неговиот слуга станува учител на светот.“

Потоа, тој во персиските строфи вели:

’Никој не е како мојот сакан

Дури и Месечината и Сонцето пред него се безвредни

Каде е таквото лице да сјае како тој

И каде е таквата градина која ја има пролетта како мојот сакан‘

Свртувајќи го нашето внимание на она што треба да биде целта на учењето на салаватите, Ветениот Месија а.с. вели:

„Причина зад тоа треба да биде Аллах сите Свои благослови да ги даде на Чесниот Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. и Он да го направи главен вруток на благословите за целиот свет, и Он да ја направи неговата побожност и величественост на овој свет и на Ахирет. Оваа дова треба да ја учиме со најголемо уверување, токму како што личноста ги учи довите за своите лични потреби. Дури треба да се учи и моли со уште поголема концентрација и понизност и ништо свое не треба да се чува – дека ќе се добијат награди поради ова или дека ќе му биде дадена положба. Наместо тоа, треба да се има чиста наредба сите благослови да се спуштат на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и неговата слава да сјае на овој свет и на Ахирет.“

Затоа противниците можат да кажат што сакаат. Тие можат да не обвинуваат како и да посакаат но љубовта кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е во нашите срца. И ние ја препознавме конечноста на пратеништвото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. повеќе од сите други. И Ветениот Месија а.с. сето ова ни го дал. Нека (Аллах даде) да напредуваме во верата по секоја неправда и по секој напад од страна на противниците. Да ги учиме повеќе салаватите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. така да муслиманите добијат вистинско разбирање за неговата положба. Оние муслимани кои заталкале, кои се на погрешен пат да се вратат назад на Правиот пат. Убавите и вистинските учења на исламот да се рашират во светот.