In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Вистинска послушност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

По учењето на ташaхуд, тауза и сура Ал-Фатиха, хазрети Амеер-ил-Му‘минеен а.т.б.а. рече:

Во претходната хутба јас прочитав извадок од текстот на Ветениот Месија а.с. во кој тој рекол дека било време за доаѓање на Месија за да се реформираат муслиманите, со оглед на тоа дека тие потполно се оддалечиле од суштината на исламот и станале потполно несвесни за значењето и целта на исламот. Точно е дека муслиманите учеле Калима, извршувале намаз, постеле во текот на пропишаните денови и плаќале зекат.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Јас, меѓутоа, велам дека сите нивни дела немале во себе богобојазливост. Спротивно, ако ова се богобојазливи дела, тогаш зошто тие не доведувале до чисти резултати?“

Денес можеме да видиме дека најлошите видови на неред се случуваат во муслиманските држави, гледаме дека материјализам е во предност секаде и луѓето името на религија го користат за своите сопствени цели во политиката и истата ја користат за да ја сочуваат својата моќ.

Меѓутоа, следната изјава на хазрети Ајша р.а. во поглед на животот и карактерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е вредна да се испише со злато. Тоа е ’каана кхулуку ал Кур‘ан‘, т.е. ’ако сакате да дознаете за неговиот карактер и неговите навики тогаш проучувајте го Чесниот Кур‘ан, кој детално го опишува неговиот живот и неговиот карактер.

Тоа е исто она што Возвишениот Аллах џ.ш. го рекол, дека не можете да воспоставите вистинска врска со Мене само учејќи ’Ла илахе иллАллах‘ (Не постои Бог освен Аллах). За да ја добиете Мојата љубов морате да го пратите Мојот сакан Пратеник и да го усвоите неговиот карактер, и тогаш ќе стасате до станицата која е означена како станица на Аллаховата близина. Во спротивно вашите слогани се залудни.

Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

„Кажи, ако го сакате Аллах, следете ме: тогаш Аллах ќе ве сака и ќе ви ги опрости вашите гревови. А Аллах најмногу опростува и Милостив е.“

                         (3:32)

Може ли денес муслиманска држава да биде држава која Возвишениот Аллах џ.ш. ја сака? Клериците се оние кои создаваат најголем неред во светот. Тие создале генерална состојба на страв, неред и корупција со издавање на уредби за ерес против оној кој дошол од Возвишениот Аллах џ.ш.. Секој ден, ова тврдење се крева против Ветениот Месија а.с. дека тој, не дај Боже, воспоставил џемаат за да ги исполни своите световни желби и да го воздигне својот личен статус. Сепак, ние сме свесни дека тој бил голем следбеник на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и дека Возвишениот Аллах џ.ш. го пратил за да го доврши (рашири) Шеријатот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

За да и понатаму го проучиме овој ајет:

„Кажи, ако го сакате Аллах, следете ме: тогаш Аллах ќе ве сака

…“,

јас избрав неколку извадоци од пишувањето на Ветениот Месија а.с..

Во една прилика Ветениот Месија а.с. рекол:

„Причина за внатрешната поделба на муслиманите е љубовта кон овој материјален свет.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Наместо љубовта на Возвишениот Аллах џ.ш. и наместо следењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тие и дале предност на љубовта кон овој свет. Дали тоа се нарекува следење на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.? Дали Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил световна личност? Дали тој, не дај Боже, учествувал или покажувал невнимание во исполнувањето на неговите одговорности кон Божјите наредби? Дали тој, не дај Боже, поседувал и барем мал дел лицемерие и преправање, и дали давал му предност на светот наместо на верата? Размислете за ова. Да се следи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. значи да се следат неговите чекори и потоа да се посматра како Возвишениот Аллах џ.ш. не опсипува со благослови.“

Меѓутоа, практичната состојба на муслиманите во овие денови, уште повеќе, практичниот пример кој го покажал Возвишениот Аллах џ.ш. сведочи за фактот дека нивната состојба станува се полоша. Државите се борат едни со други. Муслиманските држави се приближуваат и ги молат другите да се борат против останатите муслимански држави. Во последните неколку години претседателот на Соединетите Американски Држави уште еднаш најавил ограничувања кои ќе бидат поставени против Иран, и ова се случува во спротивност на верувањето на цела Европа, Европската Унија и останатите, кои се исто така против ваква одлука. Дури и во Велика Британија еден новинар напиша дека целиот свет се бори против одлуката на Претседателот на САД. Сепак, постојат три држави кои велат дека Соединетите Американски Држави правилно постапуваат. Едната од нив се самите Соединети Американски Држави, втората е Израел и третата е Саудиска Арабија. Сега, Саудиска Арабија дозволува на нè муслиманска држава да се бори против муслиманска држава. Всушност, таа тоа го поддржува. Значи, ова е состојбата на муслиманите и ова е точно она што Ветениот Месија а.с. го прикажал кога спомнал дека муслиманите се поделени. Како тогаш ќе ги добијат благословите од Возвишениот Аллах џ.ш.?

Ветениот Месија а.с. вели:

„Јас искрено велам, и тоа го правам врз основа на своето искуство, дека никој не може добро да делува, да го постигне задоволството на Возвишениот Аллах џ.ш. или да добие корист од наградите, благословите, длабоката мудрост, вистинитоста и визијата кои се постигнуваат на највисокото ниво на чистењето на душата…“

(Кога човекот ќе го постигне највисокото ниво на чистењето на душата само тогаш тој ги добива благослови и награди на Возвишениот Аллах)… (Кога човекот ќе се покори на следењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.)…

Понатаму, доказите за ова се наоѓаат во самите зборови на Возвишениот Бог, кога Он вели:

„Ако го сакате Аллах, следете ме, тогаш Аллах вас ќе ве сака        .“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Јас сум практичен и жив доказ на оваа изјава. Во ова време и во ова доба Возвишениот Аллах џ.ш. го дели заедништвото со мене бидејќи јас нурнав во битието на Возвишениот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и целосно го следам. После тоа, Возвишениот Аллах џ.ш. ја покажа Својата љубов кон мене.“

Така, како одговор на оние кои подигаат обвиненија против Ветениот Месија а.с. дека тој го намалил статусот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., Ветениот Месија а.с. самиот потврдил дека статусот кој го постигнал е поради љубовта и искреноста во следењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во поглед на задачата која му е доделена поради неговата потполна преданост кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., Ветениот Месија а.с. вели:

„Испратен сум за да уште еднаш ја воспоставам големината на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на светот да му ја покажам вистинитоста на Чесниот Кур‘ан. Меѓутоа, оние кои имаат покров на очите не можат да го видат тоа.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Вашите тврдења како имате љубов кон Возвишениот Аллах џ.ш. може да бидат докажани како веродостојни и потполни само ако го следите Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..“

Тој вели:

„Од овој ајет е јасно дека човек не може да стане  Божјиот миленик и да ја заслужи Неговата близина со никакви само измислени вежби и напори. Божјиот сјај (величество) и благослови не можат на никого да се спуштат сè додека човекот не биде потполно задлабочен во послушноста кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Личноста која себе си ќе се изгуби во љубовта кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и која поднесува секаков вид на жртва, го прима сјајот на верата која ја ослободува од сè друго освен од Бог и ја избавува од грев, и станува повод за спас. Тој живее морален (невин) живот на овој свет и избавен е од тесните гробови на телесните желби. Ова е спомнато во еден хадис, каде Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол: (АРАПСКИ ТЕКСТ)

’Јас сум оној кој ги воздига мртвите и тие ќе бидат оживени преку мене‘.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги оживеал духовно мртвите и неговите следбеници станале миленици на Семоќниот Аллах џ.ш.. Според тоа, оние кои се вистински послушни ги вивнуваат своите стандарди на ибадетот. Секој од нас треба да размисли за ова и ние мораме да се подобриме во тој поглед, инаку нашите тврдења за преданост и послушност ќе бидат празни.

Додека го коментирал совршеното верување на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во Бог, Ветениот Месија а.с. кажал:

„Ако го сакате Аллах џ.ш., следете ме мене, тогаш Аллах џ.ш. вас ќе ве сака.“

Човек може да стане Божји миленик со покажување на потполна послушност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ова не води да веруваме дека тој бил пример на совршено верување во Бог.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Човекот не може да развие потполна љубов кон Семоќниот Аллах џ.ш. без користење на морал и без користење на атрибутите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сметајќи го за својот водач.“

Семоќниот Аллах џ.ш. вели:

„Кажи, ако го сакате Аллах, следете ме: тогаш Аллах ќе ве сака и ќе ви ги опрости вашите гревови. А Аллах најмногу опростува и Милостив е.“                                                                   (3:32)

Послушноста кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е во тоа да го посвоиме неговиот морал.

И така, овде е првиот тон на ибадетот, а вториот е тонот на високите морални стандарди. Да се биде вистински следбеник значи да се всадат во себе морални одлики кои се изложени и дадени во главни црти во Чесниот Кур‘ан. Поради тоа, исто така, за нас е неопходно да го учиме Чесниот Кур‘ан. Пред да ги советуваме другите ние треба да ја процениме сопствената состојба за тоа до која мера, по прифаќањето на Ветениот Месија а.с., сме направиле Чесниот Кур‘ан да ни биде правилник на однесување и до која мера сме го вградиле во својот завет на баи‘ат. До кој степен остануваме цврсти во вистината и правдата? До која мера правиме напор да ги втемелиме правата на другите?

Потоа, Ветениот Месија а.с. вели:

„Еден од начините да го задоволиме Семоќниот Бог е да ја покажеме вистинска послушност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ние гледаме дека луѓето се заплеткале во сите видови на обичаи и обреди. Овие нови обичаи не само да се изумени за да ги кршат наредбите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., туку во одредена смисла се и навреда за него. Оние кои тоа го смислиле не го сметаат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за доволен и се наведнале кон овој низок степен на создавање на обичаи и обреди.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Осврнувајќи се на овој ајет е очигледно дека, додека човекот потполно не го следи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тој не може да ги постигне милоста и благословите на Семоќниот Аллах џ.ш., ниту ќе му биде дадена проникливост и мудрост кои можат да го победат неговиот живот во грев и силната природа на неговите внатрешни желби. Изразот:’Улема (зналци) на мојот Уммет’ се однесува на таквите луѓе.“

На друго место Ветениот Месија а.с. вели:

„Оној кој тврди дека спасение може да се постигне без Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. изговара лага, бидејќи ова е потполно спротивно на она што нас не подучил Семоќниот Бог.“

Семоќниот Бог вели:

„О Пратенику Мухаммед с.а.в.с.. Нека луѓето знаат: Ако го сакате Семоќниот Бог, тогаш следете ме; тогаш Аллах и вас ќе ве сака. Без следењето на Чесниот Пратеник с.а.в.с. никој не може да се спаси. Оние кои чувствуваат непријателство кон Чесниот Пратеник с.а.в.с. исто така ќе бидат одговорни. Ова е дел од нашата вера.“

Во една прилика Ветениот Месија а.с. имал расправа со некој христијанин во форма на поставување прашања и давање на одговори. Христијанинот изнел навод за положбата на Иса а.с., во кој Иса а.с. рекол:

„Дојдете кај мене сите вие кои напорно работите и кои сте тешко натоварени и јас ќе ви дадам одмор и поддршка.“

Иса а.с. исто така кажал:

„Јас сум светлина и јас сум пат, вистина и живот.“

Со други зборови,  рекол дека тој е светлина, оној кој покажува пат и кој дава живот, и затоа треба да дојдете кај него. На ова христијанскиот зналец поставил прашање:

„Дали основачот на исламот, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. некогаш за себе зборувал со овие термини?“

Ветениот Месија а.с. на ова одговорил:

„Чесниот Кур‘ан јасно вели:

„Кажи, ако го сакате Аллах, следете ме: тогаш Аллах ќе ве сака и ќе ви ги опрости вашите гревови.“

Ветениот Месија понатаму вели:

„Ова ветување – дека со следењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. човек може да стане Божји миленик, го надминува сиот говор на Иса а.с. (Месија), бидејќи не може да постои поголема положба од постигањето на Божјата љубов.“

Иса а.с рекол:

„Дојдете и стекнете се со светлина.“

Семоќниот Бог овде на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му вели оти треба да прогласи дека оној кој него го следи може да стане миленик на Семоќниот Бог и дека исто така ќе му бидат опростени гревовите.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Кој е по вреден да се прогласи за светлина од оној кој води кон Божјата љубов.“

Ветениот Месија а.с. тогаш претставил многу убав доказ од ајетот:

„Кажи, ако го сакате Аллах, следете ме …“,

со цел да докаже дека Иса а.с. починал.“

Смртта е вклучена во суннетот (пракса) на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (т.е., Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. исто така починал). Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. умрел, и кој затоа може да посакува да живее засекогаш или да се согласува дека некој може вечно да живее …

Вистинската љубов бара човекот потполно да се задлабочи во покорноста кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и да има потполна контрола над своите внатрешни желби, и да одразува став на чиј уммет (заедница) му припаѓа.

Во таков пример каде личноста одржува верување дека Иса а.с. се уште живее на небесата, може ли вистински да се исповеда, сака и следи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.? Бидејќи тој прифаќа дека Иса а.с. е супериорен и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е меѓу мртвите и задоволен е во верување дека Иса а.с. се уште живее.

Од една страна тие тврдат дека го сакаат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и ги следат неговите наредби, а сепак, од друга страна, со прифаќањето дека Иса а.с. е жив на небото тие, всушност, прифаќаат дека тој е и супериорен. Според тоа, во ова доба и во ова време, единствено Ветениот Месија а.с. е тој кој од секој напад го брани исламот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и ја воздига неговата положба. Ова била целта на доаѓањето на Ветениот Месија а.с., но сепак муслиманските верски водачи само изнесуваат обвиненија против него.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Моето цврсто верување е несреќата и неволјата (за муслиманите кои веруваат дека Иса а.с. е жив) е поради фактот што тие се свештеници и имале можност да го клеветат и да го валкаат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..“

Оваа состојба на муслиманите е всушност од оваа причина.

Ветениот Месија а.с. понатаму објаснува:

„Од една страна тие со зборови прогласуваат дека Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. е највозвишен од сите пратеници, т.е. дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е супериорен над сите пратеници, додека од друга страна веруваат дека починал на 63 годишна возраст, но веруваат и дека Иса а.с. (Месија) се уште е жив. Колку е несреќно да луѓето кои себе си се поврзуваат со Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. лично прогласуваат дека тој е мртов (Боже сочувај).“

Откако го спомнал фактот дека после Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не може да дојде никаков претходен пратеник, т.е. бидејќи Иса а.с. бил пратеник од поредок (Божествениот закон) на Муса а.с. и починал, дека затоа сега никаков пратеник на законот на Муса не може да се појави.

Ветениот Месија а.с. тогаш вели:

„Овој благослов може да се бара преку потполна послушност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. затоа што Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. е единствен пратеник кој е жив пратеник.“

Оттаму, поради потполната послушност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Семоќниот Бог го испратил Ветениот Месија а.с. во ова доба како очекуваниот Маехди и Месија. Неговата положба е потчинета  – пратеник кој не донел закон.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Кога личноста го сака Семоќниот Бог со целото свое срце над сите световни работи, тогаш величественоста и возвишеноста на сите други суштества, освен на Бог, биваат отстранети од неговото срце  – всушност, тој сè друго го смета слично на мртов инсект – тогаш Семоќниот Бог се спушта на неговото срце со величествена манифестација, токму како што чисто огледало се става пред Месечината и поради одразот во огледало може метафорички да се каже дека истата Месечина на небото е претставена во огледало. На ист начин Бог се спушта на срцето, и срцето го прави Својот престол. Оваа е причината поради која човекот е создаден.“

Според тоа, Ветениот Месија а.с. му бил потполно предан на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и од таа причина Семоќниот Бог го сакал и му ја дал честа прогласувајќи го за Ветениот Месија и Мехди, како и за потчинет пратеник. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. не оспособи да, после прифаќањето на Ветениот Месија а.с., бидеме во состојба да го почитуваме и нека исто така не оспособи да станеме потполно предани на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Нека Он, секој од  нас, не оспособи да го следиме примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. според сопствените способности и можности и нека Он ги оспособи муслиманите да го прифатат и да го следат поклоникот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..