In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Стварноста во врска со магијата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Каис бин Михсан бил асхаб Енсарија. Учествувал во Битката на Бедр и Ухуд. Умми Са’ид бинт Каис била една од неговите ќерки. Неговите деца живееле во Медина кога тој умрел.

Следниот асхаб бил хазрети Ѓубеир бин Ијаас. Негов татко бил Ијаас бин Халид. Тој учествувал во Битката на Бедр. Му припаѓал на огранокот Бену Зурак на племето Хазраѓ.

Во еден хадис е спомнато дека некој евреин пробал да му фрли магија на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.; тој ставил дел од коса од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. заедно со лук и урми и ги фрлил во бунар.

Запишано е дека хазрети Ѓубеир бин Ијаас ги извадил овие работи од бунарот.

Многу е важно да го знаеме нашиот став во врска со магијата. Јас ќе ви преставам некои детали кои се поврзани со овој инцидент, кои се наоѓаат запишани во литературата од нашата Заедница.

Хазрети Ајша р.а. пренесува:

„Еден ден, или една ноќ, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.му се молеше на Семоќниот Аллах, и потоа повторно се молеше и повторно се молеше, а потоа ми рече:

’О Ајша, Семоќниот Аллах ми даде сè за што се молев‘.“

Хазрети Ајша р.а. продолжува:

„Јас го прашав: ’О Аллахов Пратениче, за што се молеше? Што ти подари Аллах џ.ш.‘?

Тој ми одговори: ’Два човека дојдоа кај мене. Едниот од нив седеше близу мојата глава, а другиот близу моите нозе. Оној кој седеше блиску до мојата глава на ној што седеше близу до моите нозе му рече …‘.“

Односно хазрети Ајша р.а. кажа:

„Или оној кој седеше блиску до моите нозе на оној кој седеше блиску до мојата глава му рече:

’Од што боледува овој човек, односно Мухаммед?

Човекот му одговорил: ’Фрлена е магија на него.“

Другиот го прашал: ’Кој фрлил магија на него?‘

Тој одговорил: ’Еден евреин кој се вика Лабид бин Асим.‘

Другиот прашал: ’На кој начин тоа го направил?

Тој одговорил: ’Земал чешел и коса, ги завиткал во гранки од урма и ги фрлил во бунар.‘

Другиот прашал: ’Каде се наоѓа тоа место?‘

Тој одговорил: ’Во бунарот Зхи Арван‘.“

Хазрети Ајша р.а. кажува:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отиде кај тој бунар заедно со своите асхаби. Кога се врати рече:

’О Ајша, жими Аллах! Водата во бунарот имаше црвенкаста боја која личеше на бојата на кана‘.“

Вредно е да се спомне дека тоа било пракса кај евреите да додаваат кана, или нешто слично во водата, кога фрлаат магија на некого. Ова го правеле за да покажат дека преку моќта на магијата водата ја правеле црвена. Гранките од дрвото од урма требало да преставува глава од змија. Тоа бил нивниот начина да ги престрашуваат неуките луѓе.

Во врска со овој хадис кој го пренесува хазрети Ајша р.а. хазрети Муслех Мауд р.а. кажува:

„Изгледа дека двете лица кој дошле кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. биле мелеки. Тие, да биле луѓе, хазрети Ајша р.а. сигурно би ги видела. Понатаму, тој кажува дека Возвишениот Аллах го информирал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. преку мелеките дека евреин фрлил магија на него. Овде не се спомнува дека таа магија влијаела на Пратеникот с.а.в.с., на начин на кој луѓето веруваат во делувањето на магијата.“

Овој хадис го манифестира непријателството меѓу Евреите и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., но, од тука и произлегува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил вистински Пратеник на Возвишениот Аллах. Ова се гледа од фактот дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил предупреден од Семоќниот Аллах за овие сплетки кои Евреите ги планирале против него. Значи, Чесниот Пратеник с.а.в.с. добил информации за нешто невидливо и поради тоа плановите и целите на Евреите пропаднале, и тоа се очигледни знаци дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил вистински Пратеник.

Хазрети Мирза Башир Ахмад сахиб оваа случка ја објаснува во текот на Худејбија:

„Лицемер со Еврејско потекло, по име Лабид бин Асим, фрлил магија на Чесниот Пратеник Мухамме с.а.в.с., чувај Боже. Оваа магија била фрлена со врзување на коса во чешел, биле изговорени магични зборови, и тоа било фрлено во бунар.“

Приказните и хадисите околу овој случај не се автентични и тие се само отежнувачки околности да се дојде до правата вистина. Меѓутоа, ако ги анализираме случувањата и размислуваме рационално за нив, станува јасно дека привремениот период на заборавање на фактите било резултат на на прекумерните стресови и физичките напори. некои фактори тоа го искористиле и ширеле гласини дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил под дејство на магија, чувај Боже. Без оглед на сè, Семоќниот Аллах брзо му го вратил здравјето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и ја уништил лажната пропаганда на непријателите и лицемерите.