In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Исламски начин на славење на Нова година

Денешната хутба, Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја одржа во Баит-ул Футух  џамијата во Лондон. По ташахуд и сура Ал Фатиха Хузур рече:

Новата година  иншаАллах започнува за два дена. Ние муслиманите, новата година ја започнуваме според лунарниот календар дури и по грегоријанскиот календар. Лунарната година не ја пратат само муслиманите, туку уште во старите времиња почнале да ја употребуваат и другите нации, како што се Кинезите и хиндусите и други, за да ја започнат нивната нова година. Истото може да се пронајде и кај многу други вери. Пред исламот, Арапите го користеле лунарниот календар за да ги бројат деновите. Во светот, грегоријанскиот календар на големо се користи, така што секоја нација и секоја држава го избрала броењето на деновите.

Исто така, 31 декември е последен ден од претходната година а први јануари се слави како почеток на Новата година. Во секој случај, годините доаѓаат, 12 месеци минуваат било да се работи за лунарен или грегоријанска календар и световните луѓе ги минуваат деновите, месеците и годините во светските работи и интереси. Тие личности било да се муслимани или не, почетокот на Новата година го слават со ентузијазам. Во развиениот западен свет Новата година се слави со многу активности. Луѓето остануваат будни цела ноќ и времето го минуваат во забава и консумирање на алкохол. Така претходната година завршува а Новата година започнува со такви неморални светски активности. Многумина луѓе немаат верски грижи и поради тоа не можат да дојдат до длабочините кои вистинскиот верник ги постигнува. Величественоста на вистинскиот верник не е само поради изразувањето на очајот поради таквите активности, туку треба самиот себе да се погледне и процени каква била годината која поминала. Што сме заработиле а што изгубиле во текот на оваа година? Дали искрениот верник годината ќе ја процени преку световниот објектив или преку верската и духовната перспектива? И, ако тоа треба да биде на духовната скала, тогаш мора да погледне преку стандардот за тоа, за да навистина открие што е изгубено а што постигнато.

Ние Ахмади муслиманите силно сме среќни што Аллах ни дал упатство да го пратиме Ветениот Месија а.с., кој ни претставил резиме на Аллаховото учење и на Неговиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и кој исто така ни ги покажал високите стандарди за проценување на нашите дела и нашата духовност. Ако овој стандард го имаме како задача тогаш ние можеме да го постигнеме стандардот на искрени верници. Ова се условите со кои можеме исправно да судиме за стандардите на добрите дела. Секој Ахмади муслиман дал баи‘ат и преку тоа ветување Ветениот Месија а.с. ни дал упатство за следење, и исто така очекувал од секој Ахмади муслиман самиот себе си да се проценува секој ден, секоја недела, секој месец и секоја година. Така, ако последната ноќ од минатата година и новиот ден од Новата година го поминеме размислувајќи за нашите духовни состојби и во потрага по проштавање од Аллах, тогаш ќе бидеме од оние кои работиме за добриот живот потоа. И, ако исто така се вклучиме во светските желби и работи тогаш многу ќе изгубиме а ништо нема да заработиме. Ако слабоста сепак превлада и само оценувањето не ни даде мир тогаш мораме да го молиме Аллах следната година да не покаже недостаток на духовно подобрување. Наместо тоа, секој наш чекор треба да води кон постигнување на Аллаховото задоволство. Нашето секојдневие треба да биде одраз на добриот модел на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Нашите денови и наште ноќи треба да бидат проведени во исполнување на нашиот завет кон Ветениот Месија а.с.. Заветот кој прашува дали сме го направиле гревот на ширкот, и тоа не ширк на обожавање на идолите, туку е во согласност со она што го кажал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а тоа е недостаток на добри дела или правење на добри дела. Ширк е уживање во скриени копнежи. Дали нашиот намаз, нашето финансиско жртвување, односот кон човештвото, жртвувањето на време за работа во Џемаатот навистина се поради Аллах или само за покажување пред луѓето?

Ветениот Месија а.с. го кажува следното:

„Прогласувањето на Аллаховото единство не се постигнува само со кажувањето на ’Ла илаха илаАллах‘ а во срцето да се чуваат безброј идоли.“

Секоја личност која на својата работа, на своето непочитување и  даде важноста која треба да му ја даде на Аллах, или за било каква потреба зависи од било која личност наместо од Аллах, или самиот себе се слави наместо да го слави Аллах, тогаш таа во сето ова прави ширк. Затоа, треба да ги погледнеме овие стандарди и пота да направиме само оценување.

Потоа, треба да се замислиме дали минатата година сме биле подалеку од лагата и сме чекореле по патот на вистината? На пример, ако сме се нашле во ситуација во која зборувањето на вистината би не довело до лична загуба сепак не сме се послужиле со лага. Ветениот Месија а.с. ги поставил овие стандарди зборувајќи дека сè додека човекот не се оддалечи од личната психичка состојба која го попречува да ја кажува вистината, сè до тогаш никој не може да биде вистински искрен.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Зборувањето на вистината има многу висока цена и вистинитото сведочење е време кога човечкиот живот, имот и чест се во опасност.“

Потоа, тука се поставува прашањето дали се држевме оддалечени од  случките кои водат до болни мисли? На пример, на овој свет постои телевизија и интернет кои имаат програми кои водат до развој на болни и непријатни мисли, дали сте се спасивте од тоа? Ако гледаме непристојни филмови и програми тогаш сме се оддалечиле од заветот кој сме го дале и нашата состојба е загрижувачка. Овие нешта човекот го водат кон ’зина‘.

Потоа, тука е и прашањето дали сме се заштитиле од погледите и дали сè уште се штитиме? Што се однесува до погледите наредбата стои и за двата пола, и за мажите и за жените. И на мажите и на жените им е кажано да ги спуштат своите погледи и да ја чуваат скромноста.

Потоа, тука е прашањето дали сме се заштитиле од општествените судири и невниманија? Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека користењето на насилни зборови со искрениот верник е ’фиск‘. Во период на борба или лутење човекот тоа го прави, но кога два искрени верници тоа го прават тогаш тоа се нарекува ’фиск‘.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека сите трговци не се чесни. Следбениците му рекле: „О Пратенику, но алал е да се започне трговија.“ Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека кога овие луѓе тргуваат тие лажат и цената ја креваат со пцуење. Исто така Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. изјавил дека неблагодарните луѓе се ’фаасик‘. Така, оваа е длабочината на заштита на самите себе од ’фиск‘.

Потоа, мораме да се запрашаме дали сме се сочувале од било каков облик на злоставување? Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека заробувањето на нечија земја, макар мала како шака или земањето и на најмалиот камен на незаконит начин е суровост и болно однесување. Така, ова се стандардите според кои треба да се само оценуваме.

Уште едно прашање кое треба да си го поставиме самите на себе е дали сме се заштитиле од подмолни дела? Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека не смееме да измамиме дури ниту личност која била неверна кон нас. Ваков стандард е пред нас!

Потоа, мораме да се заштитиме од било каков вид на палавост. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека луѓето кои многу се шегуваат се непослушни. Постојат луѓе кои шират пркос преку лошо озборување. Тие ги откриваат тајните на други луѓе и ги озборуваат другите. Луѓе кои поттикнуваат недоразбирање помеѓу луѓето, кои инаку се во добри односи, се зли. Луѓето кои се обидуваат да им попречат на послушните слуги на верата и на Џемаатот, навистина се зли.

Тука е и прашањето дали сме се сочувале од било каков облик на неред? Во денешниот свет, кога дрскоста е насекаде околу нас, тогаш држењето подалеку од тоа е еден облик на џихад.

Потоа, самите треба да процениме дали во минатата година редовно сме извршувале намаз, пет пати дневно? Аллах во Чесниот Кур‘ан тоа ни го наредил многу пати. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека напуштањето на намаз човекот го води кон идолопоклонство и неверство.

Потоа, треба да се запрашаме дали сме го извршувале тахаџуд намаз? Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека треба да се обидеме да ја развиеме редовноста во извршувањето на тахаџуд молитвата, бидејќи тоа е чинот на побожните и честитите. Ова ќе ви помогне да се здобиете со Аллаховата љубов. Навиката според тоа ќе ве спречи да правите погрешни дела, ќе ги избрише вашите гревови и исто така ќе ве заштити од болести.

Исто така, треба да се запрашаме дали сме биле редовни во правењето на ’дуроод‘ (привикување на благословите) на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., бидејќи тие се едни од главните наредби на Аллах и тоа е начин на кој молитвата се слуша. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека ако нешто молите без да го рецитирате ’дуроод‘ тогаш молитвите остануваат некаде помеѓу небото и земјата. На тој начин вашите молитви нема да стасаат до Бог, доколку не се надополнети со ’дуроод‘.

Ние исто така треба да се запрашаме дали многупати сме барале проштавање од Аллах. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вели дека личноста која редовно се покајува пред Аллах и бара опростување, Аллах за неа наоѓа начин да ја извлече од било какви тешкотии и животот и го прави полесен и на таков начин и дава нешто што не може да се замисли.

И треба да се замислиме дали сме биле концентрирани на тоа да се зафатиме во пофалбите кон Аллах. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека било каква работа започната без пофалба на Аллах останува непотполна. Таа работа нема никаков благослов или добро во себе.

Исто така, дали сме останале внимателни во тоа да не ги повредиме другите било да се во врска со нас или не. Дали нашите раце и јазиците се воздржале да не ги повредуваат другите? Дали им опростивме на другите и дали поминавме преку нивните грешки во минатата година? Дали понизноста и скромноста беа главен дел на нашиот карактер? Дали му останавме верни и предадени на Аллах во времето на среќа, тага, благосостојба или сиромаштво наместо да бидеме застрашени и збунети? Ако некогаш го прашате Аллах за проблем кој ви е наметнат тогаш не сте вистински верник. Дали се сочувавме од сите неморални и лоши обичаи и практикувања? Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека таквите обичаи и неисламското однесување водат во одвратност. Чувајте се од нив.

Дали од длабочината на душата сме се обиделе да ги следиме наредбите на Чесниот Кур‘ан и учењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.? Дали потполно сме се обиделе да се сопреме во гордоста, дрскоста и арогантноста? По идолопоклонството, еден од најголемите гревови е гордоста и вообразеноста. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека горделивата личност нема да влезе во Џеннетот а горделивост е кога личноста ја негира вистината, другите луѓе ги смета за пониски и со нив лошо се однесува.

Дали сите така сме настојувале да ги постигнеме високите стандарди на доброто однесување? Дали сме настојувале да ги посвоиме едноставноста и кроткоста? Значењето на кроткоста може да се земе од фактот што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја правел следната дова:

„О Аллах, чувај ме во животот во состојба на кроткост, подај ми смрт во состојба на кроткост и вклучи ме меѓу скромните на Судниот ден.“

Дали секојдневната состојба не направила повеќе религиозни и дали ја почестило и величало нашата религија? Може ли секој ден да сведочи дека предност сме и дале на верата над световните нешта онака како што ветивме? Дали се боревме да напредуваме во љубовта кон исламот до мера што ќе им дадеме предност пред нашиот имот и нашата чест и дали ја сметавме подрага од нашите деца? Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека Аллах го пратил со религијата ислам и исламот е потполна покорност на Аллах. Напуштете ги сите видови на идоли, втемелете го намазот и давајте зекат.

Потоа, треба да се запрашаме дали сме напредувале во сочувството и љубезноста кон Аллаховите суштества? Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека сè што постои е Аллахово создание. Затоа меѓу Своите суштества Он силно ја сака личноста која Неговите суштества ги третира љубезно и води грижа за нивните потреби.

Дали сте упатувале дови и дали сте ги потсетувале своите деца да му  бидат покорни на Ветениот Месија а.с. и исто така да напредуваат во тоа? Дали сме го достигнале стандардот на послушност кон Ветениот Месија а.с. до таква мера што сите други релации останале споредни? Дали сме правеле дови (и го молеле Аллах) да останеме верни и послушни на институцијата на Халифатот? Дали сите родители ги потсетиле своите деца за важноста на Халифатот и дали ги упатиле да му останат верни на Халифатот и дали сте правеле дови Аллах да ја всади оваа сосредоточеност во нив? Дали редовно сме го молеле Аллах за Халифата на Џемаатот?

Ако одговорите на напред спомнатите прашања е позитивен тогаш и покрај одредени слабости во текот на минатата година сме постигнале многу. Но, ако на поголемиот дел од прашањата одговорот е негативен тогаш тоа е повод за голема загриженост и треба да се замислиме над себе. Затоа правете дови и молете го Аллах во текот на овие последни ноќи и направите завет за себе и правете дови во почетокот на новата година Аллах да ни ги опрости гревовите кои сме ги направиле и да ни помогне да ги отстраниме своите слабости, и да ни помогне да го достигнеме максимумот во наредната година и да бидеме вклучени меѓу ’мумини‘ кои се подготвени да жртвуваат сè што имаат само поради Аллаховото задоволство.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Целиот мој Џемаат кој е присутен овде а и вие другите, слушнете го внимателно овој совет: ’Оние кои влегле во Џемаатот и се поврзани со мене како следбеници, наменето им е да стекнат добри дела и да ги достигнат највисоките стандарди на богобојазливата побожност и никаква интрига или лошо дело не можат да дојдат близу нив. За тие да  бидат луѓе кои прават намаз пет пати дневно се воздржуваат од неискреноста, никогаш никого не повредуваат со јазик, никогаш не прават лоши дела, дури немаат ниту помисла да направат штетно дело, затоа тие себе си се спречуваат од секој вид на престапнички и злосторнички дела, лоши зборови, штетни постапки и сите психички чувства и неморални дела. И да кажат дека вие сте Аллахови чисти луѓе кои не шират никаква караница и кои се понизни, љубезни луѓе и не смеете да имате никаков вид на лоши мисли во своите души. Нивниот принцип треба да биде помош на луѓето и да се плашат од Аллах и тие треба да ги заштитат своите раце и јазиците и срцата од неморалноста и треба да прават намаз пет пати дневно со крајна искреност и треба да се заштитат од злоставување, незаконитост, поткуп и пристрасност. Не треба да седат во лошо друштво. И затоа од вас се бара да немате никакви релации со личност која не ги исполнува Аллаховите наредби или која не се грижи за исполнување на правата на луѓето, или која по карактер е интригантна, или која во своето однесување е неморална или нема добро мислење за Ветениот Месија а.с., и која преку делата нанесува повреда на други луѓе.‘ Затоа останете подалеку од било каков вид на пријателство или врска со личност која нема почит кон Ветениот Месија а.с. и грдо зборува за Џемаатот, и е непопустлива во тврдењето дека Ветениот Месија а.с. е Месијата на ова доба.

Ветениот Месија потоа кажува:

„Никогаш не посакувајте штета на било кој од било која религија или било која нација или племе. Бидете вистински помошник на секого и не дозволувајте да било какви интригантни луѓе со лошо однесување влезат во вашето окружување или домот, бидејќи ако тие престојуваат близу вас и вие исто така ќе страдате од тоа. Ова се условите кои јас од почеток ги повторувам. Од секој член на мојот Џемаат се бара да ги следи и вашите собири не смеат да имаат било каков вид на нечистотија или неважен говор (дрдорење) или исмејување и одете со чисто срце и чисти мисли. Запомнете дека не треба да се одговори на секоја интрига и настојувајте да избегнувате одредени ситуации и научете да проштавате и покажувајте трпение. Никогаш не напаѓајте било кој незаконито и бесправно. И настојувајте да ги контролирате своите емоции. Ако се вмешате во расправија или верска дискусија тогаш тоа правете го на многу учтив и едноставен начин. Ако некој кон вас се однесува грдо (ве злоставува) или ве навредува тогаш кажете само ’селам‘ и напуштете го тој собир. И не навредувајте и за возврат не однесувајте се лошо бидејќи тогаш нема да постои разлика помеѓу вас и другите. Аллах сака да ве направи таков Џемаат кој ќе стане пример за правилност и доблест за секој. Отстранете ги сите такви луѓе меѓу вас кои се пример за интрига, лошо однесување и лоши дела. Личноста која во нашиот Џемаат не може да живее кротко, доблесно, цврсто (истрајно) според добрите дела, со благ говор и побожен карактер не и дозволено да биде дел од нас. Нашиот Аллах не сака таква личност да живее меѓу нас. И таква личност сигурно нема да го заслужи добар Другиот свет затоа што не го следела правилниот пат. Затоа бидете свесни и имајте чисто и отворено срце и понизна природа и ќе бидете препознаени преку точноста кон намазите и преку добриот карактер. Кој и да во своето срце има всадено семе на лоши работи нема да може долго да се дружи со нас. Неопходно е вашите срца да бидат чисти од измама, вашите раце да бидат заштитени од било какво лошо однесување и вашите очи да бидат сигурни од било каква нечистотија во себе и не смеете да имате ништо друго освен богобојазливост и емпатија за Аллаховите суштества. Јас од сите свои пријатели кои се со мене во Кадијана очекувам да бидат пример во сите нивни човечки работи. Јас не сакам личност со сомнителен карактер или било каков вид на нечистотија да биде дел од овој Џемаат. Така, ако добиеме приговор против било кој дека намерно  ја арчи должноста кон Аллах, или е дел од непристојни собири или има било каков вид на лоши одлики, тогаш тој ќе биде отстранет од Џемаатот. Со голема работа се обработува полето, но во неговите плодови често се наоѓа коров кој мора да биде отстранет. На ист начин е втемелен сличен таков природен процес. Но, нашиот Џемаат не може да биде отстранет и јас познавам луѓе кои се вистински дел од мојот Џемаат чии срца се обликувани од Аллах на таков начин што тие навистина се воздржуваат од погрешни работи и ја сакаат богобојазливоста. И јас очекувам дека тие на другите ќе им остават многу добри примери.“

Нека Аллах ни помогне своите животи да ги обликуваме согласно со учењето на Ветениот Месија а.с.. Амин!

Нека Аллах ни помогне да ги исполниме заветите кои сме ги дале и да бидеме во состојба своите животи да ги проведеме согласно на желбата на Ветениот Месија а.с. и да бидеме пример за другите. Амин!

Нека Аллах ни ги опрости нашите гревови и нека на нас истури неброени благослови. Нека Аллах ни ги покаже достигнувањата кои му биле судени на Џемаатот на Ветениот Месија а.с..

Нека наредната година биде полна со благослови (Амин!) и нека плановите на непријателот бидат неуспешни (Амин!).

На оние Пакистанци кои не биле во состојба да дојдат на Џалса Салана во Кадијана нека Аллах во иднина им ги исполни желбите. Нека Аллах им помогне на сите Ахмади муслимани на Арапскиот полуостров против кои се поднесени обвиненија и на оние кои веќе се во затворите. Нека Аллах им ги олесни тешкотиите и нека наскоро бидат ослободени. Амин!

Кога непријателот го зголемува своето непријателство тогаш ние мораме што повеќе да му упатуваме молби на Аллах и да се зафатиме со ибадетот. Нека Аллах ни даде сила и храброст така да се однесуваме. Амин!