In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Клуч до мирот и хармонијата

Денешната хутба во петок Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја изврши во Баит’ул Футух џамијата во Лондон. После Ташахуд и учењето на сура Ал-Фатиха, Хузур рече:

Чесниот Пратеник с.а.в.с. во една прилика рекол дека прав верник е оној кој и на другите им го посакува она што го посакува на самиот себе. Ова преставува мисла водилка која ги поставува темелите на љубовта и помирувањето на сите нивоа, од домашните до меѓународните односи. Ги запира конфликтите, ги омекнува срцата и ни привлекува внимание да ги почитуваме туѓите права. Многу пати кога оваа тема ја елаборирав пред другите, тие беа силно импресионирани. Наша намера е не само да ги импресионираме другите зборувајќи им за таа тема туку и да им ја докажеме убавината на секоја исламска наредба преку нашите дела. Други можат да кажат дека тоа е само убав говор, но колкумина од нас делуваат според тоа и не покажуваат себичност при искушението.

Раскошот на предметот може да се види единствено кога личноста го покажува преку своите дела.

Во текот на моето патување во Германија на последната хутба во петок јас спомнав дека локалниот раководител забележал дека ние покажуваме чуден однос кон жените со тоа што не се ракуваме со нив. Кога му дадов детален одговор за нашиот однос таа личност рече дека навистина е точно оти секој може да делува онака како што неговата религија и традиција тоа му го наложува, посебно кога тоа не и штети на државата и јавноста. Тој понатаму потврди дека тоа го изјавил и нашиот Халифа, но дека таа реалност ќе биде очигледна само ако видиме како млада или постара ахмади личност делува или не делува според тоа. Така, кога зборуваме за врвно морално однесување осврнувајќи се на верските заповеди, нас не посматраат другите луѓе. Никој не може да негира дека она што Чесниот Пратеник с.а.в.с. го кажал за воспоставувањето на високо морално однесување на верникот е дека неговото право верување ќе биде препознаено кога ќе покаже високи морални квалитети и дека стандардите на неговите емоции и сочувства се зголемат.

Кои се тие стандарди? Она што го посакуваш за себе посакај го и за другите. Да не бараме правда за себе а да покажуваме негативно однесување кон правата на другите. Значи, кога сме вознемирени при постигнување на нашите права треба да ги воспоставиме истите стандарди и за другите. Кога направиме нешто погрешно сакаме да ни простат и да не нè казнат. На тој начин, кога некој ја направи истата грешка, а обично не греши, тогаш треба да се однесуваме онака како што се однесуваме кон самите себе и да му простиме. Ако тој прави прекршок против заедницата или националните интереси тогаш тоа станува злочин против нацијата и поради тоа таа институција, а не индивидуата, одлучува за тоа. Во секој случај, она што јас го кажувам е дека во поглед на дневните заеднички односи во општеството треба да мислиме дали им ги даваме истите права на другите како на себе, или не ги даваме. Нашиот дом е главната единица во овие предмети, потоа доаѓаат нашите пријатели, познаници, браќа и сестри и останатите роднини.

Кога сето ова се пренесе во помали рамки или во помал круг, во ограничен круг, тогаш истото мислење ќе преовлада во општеството и во пошироки рамки. Себичноста ќе заврши, ќе се дискутира за проблемот на давање права на другите, ќе се зголеми нивото на проштавања и трендот на казнувања или намалување на казните.

Аллах во Чесниот Кур’ан нагласил дека треба да ја застапуваме склоноста кон проштавање имајќи ги на ум, во исто време, очигледните права и потреби. Аллах во Чесниот Кур’ан вели:

„… Оние кои трошат кога се во благосостојба и во беда, и оние кои ја потиснуваат лутината и им опростуваат на луѓето; а Аллах ги сака оние кои се добродетели.“  

(3:135)

Во овој ајет најпрво е постигнато внимание на давање на права на оние кои се во неволја. Оној што прави добро е оној кој им помага на другите поради благородни дела и извршување на таква. Оној кој им е од полза на другите поради Аллах и извршува таква тој сигурно е несебичен во давањето на права на другите Божји суштества. Тој троши видливо и невидливо за да ја исполни Аллаховата наредба, и кога оваа состојба ја достигне човековото битие тоа не покажува себичност, не му мисли зло на својот брат, и таквите луѓе започнуваат духовен напредок и им се придружуваат на оние кои Аллах ги сака.

Потоа, Аллах вели дека друг знак кој ги карактеризира оние кои чинат добро е тој тие да ги контролираат своите емоции. Тоа е таква контрола што тие се воздржуваат во својата лутина кога е природно да бидат лути, и ова е можно кога се создаде состојба на проштавање после потиснувањето на лутината. Ова не е обична работа дека емоциите за сите видови на лутина и одмазда ги избришеме од срцата. Голема работа е не само да ја потиснеме лутината туку и да му направиме услуга на сторителот. Аллах сака овие работи да се развијат кај верникот.

Има една случка за хазрети Хасан, р.а., дека тој толку се налутил што бил спремен да го казни својот роб за неговата грешка. Робот го проучил делот од ајетот кој значи: „… И оние кои ја потиснат својата лутина …“  На тоа хазрети Хасан р.а. задоволен од него ја спуштил својата рака, односно, никогаш повеќе не ја подигнал својата рака. Охрабрен од тоа робот продолжил со другиот дел од ајетот: „… И оние кои му опростуваат на човекот …“. После ова хазрети Хасан р.а. му простил на овој човек во склад со Аллаховата наредба. Робот после таа постапка бил уште по охрабрен и рекол дека Аллах ги сака оние кои им прават добро на другите. На тоа хазрети Хасан р.а. задоволен од неговиот однос му рекол дека го ослободува и дека може да оди каде што сака.

Оние кои сакаат Бог да ги сака треба да ја усвојат неговата таква, да имаат такво однесување не само да им простат на оние кои грешат туку и да им направат услуга. Осврнувајќи се на горе наведените ајети Ветениот Месија а.с. во една пригода рекол:

„Запомнете дека личноста која е остра и лута не може да изрече мудри и смислени зборови. Срцата кои стануваат бесни и брзо ја губат контролата се лишени од мудрите работи. Устите од неконтролираното и грубото стануваат несреќни и оддалечени од длабочините на пролетта.“

Понатаму рекол:

„Бесот и мудроста одат заедно.“

Оној кој постапува со лутина има нејасен и тап мозок. Никогаш не победува на ниту едно поле. Лутината е половина лудило. Кога стане доволно голема може да се претвори во потполно лудило.

Понатаму рекол:

„Кога се појави емоција и лутина разумот не може да опстане, но, оној кој е стрплив и упорен добива светлина во своите способности за размислување и перцепција. Срцето и умот се мрачни во состојба на лутина и бес така што темнината создава темнина.“

Учењата на исламот се полни со мудрост. Дури и кога некој е против нешто или некој, и кога казната е во прашање, одлуката треба да биде донесена после длабоко размислување а не со силни бесни емоции.

Понекогаш личноста мора да биде строга, но тоа да не се работи во состојба на бес. Исламот има концепт на казна, но постојат правила и прописи за тоа. Казнувањето во состојба на лутина не оддалечува од мудроста и правдата. Од тие причини Ветениот Месија а.с. рекол дека доколку казнувате додека сте бесни тоа ќе го стврдне вашето срце и со такво тврдо срце зборовите на мудрост и длабоко разбирање не можат да бидат изговорени и размислувањето е потиснато. Затоа Аллах наредил да ја потиснеме лутината, умот да го одржиме ладен и тогаш да одлучиме дали сакаме или не сакаме да казниме, ако имаме авторитет тоа да го направиме. Нема секој право да казнува. Ветениот Месија а.с. рекол дека треба да ја поседуваме таа особина да бидеме трпеливи и дека треба да го зголемиме нивото на трпеливост. Оние кои се трпеливи ќе бидат просветлени и ќе примат упатства од Бог. Ако верникот користи мудрост за да одлучи тогаш нема потреба од брзање во донесувањето на неговата одлука, дури и ако е тоа работа која не ја сака, треба да се доработи за да се достигне тоа длабоко размислување и трпение, да се посматраат сите детали и да се земат во предвид сите детали, предности и мани. Треба да ни биде јасно дека нема секој право да казнува.

Во денешно време казнувањето е работа на институциите. Поединците можат простат за навредата која им била нанесена, но за да казнат потребна им е законска помош и помош од институциите кои се бават со тоа. Ако ова го имаме во предвид караниците кои се однесуваат на малите работи, губењето на пари и губењето на време за судските постапки веќе нема да се случуваат.

Ако судот му прости на прекршителот противникот е бесен поради помилувањето или помалата казна и тој го дава предметот на повисок суд, иако предметот е едноставен и не е сериозен. Некои Ахмади муслимани инсистираат на давање на предмети пред суд, наместо да донесат некоја одлука во Џемаатот. Тие поради тоа и трошат пари на судските постапки за решавање на предметите. Аллах бара од нас да ја потиснеме лутината и да проштаваме, а да не продолжуваме да опростуваме без било какви причини. Мораме мудро да одлучуваме за казнувањето и проштавањето.

Аллах во Чесниот Кур’ан вели:

„А злото може да се врати со иста мерка; а ако некој прости и тоа доведе до поправање, неговата награда е кај Аллах. Навистина, Он не го сака престапниците.“

(42:41)

Суштината на предметот е да станеме свесни поради својот злочин и да го реформираме, да не одиме на парници и да губиме време и пари. Кога се работи за помилување подобро е да опростиме. Ако е потребна казна, мудроста бара предметот и казната да се предадат на институциите кои се бават со тоа.

Ветениот Месија а.с. зборувал за овој указ повеќе пати и на повеќе места. Во Триакул Кулубу (Tryaqul Qulubu) рекол:

„Во склад со законот и правдата секој порок има пропорционална награда, но ако личноста е повредена поради помилување на погрешно лице, под услов да се побара подобрување во однесувањето на сторителот а не тој да биде охрабрен повторно да направи лоша работа, тогаш оној кој опростил ќе добие големи награди од Бог.“

Во Брахеен-е-Ахмадијја (Braheen-e-Ahmadiyya) тој рекол дека правдата бара оној кој направил злочин добива пропорционална казна за тоа, но, ако помилувањето подразбира подобрување на умот и не донесува лоши резултати, тогаш Аллах вели дека оној кој ќе прости добива онолку награди колку што ќе посака.

Се опростува тогаш кога е очигледно дека сторителот нема да ја повтори истата работа. Некои криминалци постојано бараат опростување после секој направен злочин. За таквите луѓе казната е неопходна. Целта на казната е да води кон подобрување. Според Чесниот Кур’ан дури и казната во сите случаи не е за пофалба, како што ни опростувањето во сите случаи не е за пофалба. Секој случај зависи од различни околности. Тоа е и намерата на Чесниот Кур’ан, одмаздата и проштавањето да бидат остварени според дадената ситуација и внимателно. Ограничувањата во однос на проштавањето и казнувањето, според исламот, од нас бараат на ум да ни биде подобрувањето.

Во денешни услови имаме прилика да видиме дека секој злочин се казнува и дека криминалците се наоѓаат во затвори за да до подобрат своето однесување, но, аналитичарите од напредните земји забележале дека криминалците чинеле уште повеќе злочини после казнувањето. Причина за тоа е дека и оние кои казнуваат и криминалците делуваат според законите и никој од нив  на ум не го има стравот од Бог. Во секој случај, на верниците име кажано да внимаваат во навиките за проштавање и да донесат одлуки во склад со природата на злочинот, односот и претходното однесување на оној што направил злочин. Постојаното казнување создава неслога и лутина, подига ѕидови на омраза и го шири нарушувањето на мирот. Кога ја посматраме нашата општествена атмосфера ќе забележиме дека жртвите на злочините силно бараат кривецот да биде казнет, што ќе претставува пример за другите и ќе ги одврати од намерата на направат друг злочин. А сторителот бара помилување.

Денес постојат многу организации за човекови права. Тие се вклучени во многу добри дела но во исто време се обидуваат да добијат помилување за секој сторен злочин. Слично на тоа, оние криминалци кои знаат некои Божји наредби бараат да им биде простено бидејќи Бог им простил. Без оглед на користа на заедницата тие бараат на секој да му биде простено и индивидуално и од страна на заедницата.

Луѓето кои претерано се вклучени во вакви работи или се криминалци или се оние кои сакаат одлуките да се во нивна корист, надвор од правдата. Од една страна тие чинат злочини а од друга страна сакаат да ја избегнат казната зборувајќи за Божјите наредби. Таквите луѓе никогаш не им проштаваат на другите кога е во прашање некој злочин кој е направен над нив. Тие се себични бидејќи ги кршат правилата и го забораваат принципот на другите да им го посакуваат она што го посакуваат за самите себе. Исламот го отфрла што го кажуваат овие себични луѓе и одлучува врз основа на крајната правда дека, доколку се случи некое подобрување после помилувањето тогаш е подобро да простиме, а доколку е јасно дека не постои ниту еден друг пат освен казнувањето, тогаш казната станува неопходна.

Ова е филозофијата на исламското учење. Сега гледаме колку далеку Чесниот Пратеник с.а.в.с. отишол во проштавањето и како ги советувал своите асхаби, нека Аллах е задоволен со нив, за таа работа. Ние го посматраме највисокиот момент на проштавања во животот. Тој им проштавал на луѓето дури и кога била донесена одлука тие да се казнат. Не им проштавал на другите злочинци но им проштавал на оние кои згрешиле кон него, дури и на оние кои ги убиле неговите деца, бидејќи тие се поправиле.

Се раскажува дека човек по име Хаббар бин Асвад ја нападнал ќерката на Чесниот Пратеник с.а.в.с. со копје во текот на нејзиниот премин од Мека во Медина, додека била бремена. Таа била повредена, нејзината бременост била прекината и на крајот умрела од предизвиканите рани. За тој злочин Хаббар бин Асвад бил осуден на смрт. После освојувањето на Мека побегнал, но покасно повторно се вратил во Медина. Дошол кај Чесниот Пратеник с.а.в.с. и го молел за негова милост. Тој рекол: „Избегав од страв, но твоето проштавање и твојата милост ме вратија назад. О, Божји Пратениче! Ние сме неуки и обожаватели на идоли. Преку тебе Бог не спасил од смрт, јас се чувствувам виновен и прости ми, прости му на моето незнаење.“ Чесниот Пратеник с.а.в.с. му го опростил ова убиство на неговата ќерка и рекол: „Иди Хаббар, ти проштевам, ова е услуга од Аллах за тебе бидејќи го прифати исламот.“ Кога видел каква промена се случила кај убиецот тој сепак му простил за убиството на неговата ќерка.

Хазрети Ајша р.а. рекла дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. никогаш не се осветил за ништо што му било направено. И простил на една жена, еврејка, која го хранела со отровна храна, иако отровот делувал на неговите асхаби.

Са Хинд, жената на Абу Суфијан, која била крива за сакатење на мртво тело и жвакање на црниот дроб на хазрети Хамза, дајѓа на Чесниот Пратеник с.а.в.с., и тој после освојувањето на Мека заедно со некои други жени и дал баи’ат. Бидејќи таа поставувала некои прашања Чесниот Пратеник с.а.в.с. ја препознал и прашал дали е таа Хинд лично. Таа одговорила дека исламот го прифатила од сè срце и побарала проштавање за своето минато. Чесниот Пратеник с.а.в.с. и простил на Са Хинд. Таа била толку импресионирана од неговото однесување и проштавање што кај неа предизвикало потполна промена на нејзината природа и таа станала верна. Го поканила Чесниот Пратеник с.а.в.с. на вечера и поставила две парчиња печено месо од јагне говорејќи дека немало доволно месо и дека можела само толку да си дозволи. Чесниот Пратеник с.а.в.с. го молел Аллах да го благослови нејзиното стадо и како резултат на тоа стадото станало огромно.

Абдуллах бин Аби Салоолу, кој на сите им бил познат како водач на лицемерите, без оглед на неговите подли работи Чесниот Пратеник с.а.в.с. извршил џеназа во негово име, и покрај постојаните протести на хазрети Омер да не клања џеназа за него.

Ка’аб бин Заир, познат поет кој бил обвинет за некои дела, неговиот брат му пишувал дека треба да бара прошка од Чесниот Пратеник с.а.в.с.. После освојувањето на Мека дошол во Медина и клањал сабах намаз зад Чесниот Пратеник с.а.в.с.. После намазот рекол дека Ка’аб се кае и дека бара прошка. Бидејќи Чесниот Пратеник с.а.в.с. не го препознал Ка’аб го прашал дали може да му се престави. Кога му било дозволено тој рекол дека тој е Ка’аб. Во тој момент еден енсарија станал да го убие (бидејќи Ка’аб веќе бил осуден на смрт) но Чесниот Пратеник с.а.в.с. го запрел бидејќи Ка’аб дошол за да бара прошка. Ка’аб му преставил една поезија на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и тоа му се допаднало поради што на Ка’аб му ја дал својата сопствена облека да ја облече. Чесниот Пратеник с.а.в.с. проштавал на тој начин. Постојат неброени примери на негово проштавање. Поседувал толкава доблест на проштавање што луѓето биле запрепастени од тоа.

Ветениот Месија а.с. рекол дека оние кои му се блиски на Бог се нарекувале со погрдни имиња и кон нив се однесувале лошо, но им е доделена една титула – ’оние кои ги избегнуваат неуките‘. Совршеното човечко битие, нашиот Чесен Пратеник с.а.в.с. бил обвинет за лоши работи, псуење, непримерен јазик и зли дела. Аллах му ветил дека ако ги игнорира неуките тогаш Он ќе ја заштити неговата чест и неговиот живот. Така и се случило, и неговите противници не можеле да ја уништат неговата чест туку и самите биле понижени или уништени пред него. Како совет тој на своите асхаби дека треба да постигнат високо ниво на проштавање? Јас ќе преставам една или две од многубројните приказни.

Еден човек дошол кај Чесниот Пратеник с.а.в.с. и го прашал дали може физички да го казни својот роб за грешките кои ги направил. Чесниот Пратеник с.а.в.с. му одговорил: „Прости му многу пати“.

Ова е стандардот кој го поставил Чесниот Пратеник с.а.в.с. кога се однесува на работниците и надредените. Треба да ни биде јасно дека во тоа доба не постои ропство, така што еден верник како работник треба своите должности да ги извршува правилно. Одговорноста лежи и кај вработениот и кај работодавачот. Работодавачот не треба да се лути поради мали работи а работникот треба да биде одговорен во исполнувањето на своите должности.

Советувајќи не за проштавањето и заборавањето Ветениот Месија а.с. рекол:

„Целта на подготовките на Џемаатот е таква да надвладее над јазикот, ушите, очите и секој дел од телото. Светлината на таква треба да биде во телото и надвор од него, треба да биде пример за убаво однесување и треба да биде лишено од лутина, бес и др.“

Понатаму рекол:

„Јас забележав дека лутината е се уште присутна кај голем број на луѓе во Џемаатот.“

Бесот и болеста резултираат зад ситни работи и доаѓа до конфликт помеѓу нив. Таквите луѓе не се дел од Џемаатот. Јас разбирам за каква тешкотија станува збор ако некој на некого му се обрнува со погрдно име а другиот молчи и не одговара. Секоја промена во заедницата најпрво почнува со почитувањето. Потребно е стрпливо да се направи напредок во текот на вежбањето. Најдобар начин за тоа е ако некој зборува непримерно тогаш другиот треба да го моли со болно срце. Прво треба себе си да се извежбаме а потоа и останатите. Начинот на кој тоа се постигнува е преку молитвите кон Бог да ја промени таа личност и да не ги зголемува лошите намери во неговото срце.

Аллах не сака зрелоста на срцето, трпението и проштавањето, кои се извонредни доблести, да се заменат со лошо однесување. Ако постигнеме подобрување во однесувањето тогаш бргу ќе ја стекнеме близината на Бог.

Во Чесниот Кур’ан е кажано:

„Ти кажи: ’Секој работи според својата природа, а вашиот Господар најдобро знае кој е најисправен на правиот пат.“

(17:85)

Ветениот Месија а.с. вели:

„Некои луѓе се одлични во одредени однесувања а некои лоши во други“.

Ако едно однесување е добро а друго лошо тоа не значи дека не може да дојде до промени. Луѓето имаат различна природа. Имаат доблести и имаат мани, но немаат само слабости без доблести. Ветениот Месија а.с. сака да се обидеме да се поправиме самите себе придржувајќи се кон Аллаховите наредби, и да усвоиме високи стандарди за нашето однесување кое што им е својствено на верниците. Треба постојано да се трудиме да ги решаваме слабостите и секогаш да ја дотеруваме атмосферата да биде мирна. Затоа, принципот кој ни го даде Чесниот Пратеник с.а.в.с. е на својот брат да му го посакаме она што го посакуваме на самите себе. Нека Аллах ни овозможи да ги достигнеме овие стандарди.

Амин!