In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Желба кон децата и нивно правилно воспитување

Многу мажи и жени ми пишуваат и бараат дови за нивното неродено дете и бараат совет за дова за нивното очекувано дете. Понекогаш родителите бараат упатство за деца кои се приближуваат кон адолесценција и одраснување. Со Аллаховата милост, мнозинството од Заедницата мисли на овој начин и насочени се на тоа како да се преземе тарбијат (морално усовршување) на нивните децата. Ова е голем благослов и милоста на Возвишениот Аллах џ.ш. кон Ахмади муслиманите поради прифаќањето на Ветениот Месија а.с.. Во времето во кое световните желби завладеале над сите, ние не сме загрижени само за световното добро на нашите деца, туку настојуваме да се грижиме и за подобрување на нивната вера.

Возвишениот Аллах џ.ш. исто така ставил милост на нас муслиманите – во Чесниот Кур‘ан постојат јасни упатства за морално усовршување на децата дури и пред нивно раѓање. Чесниот Кур‘ан подучува на молитви за оваа цел. Ако ги извршиме овие намази, и животот го проведеме на тој начин и го свртиме вниманието кон трабијјат на нашите деца, тогаш понатаму праќаме побожно потомство.

Нема сомневање дека трабијјат не е лесна работа посебно во ова време, каде на секој чекор шејтанот се обидува на најразлични начини да не заведе. Бидејќи искрениот верник е близок до Возвишениот Аллах џ.ш. од него се очекува од нападите на шејтанот да се спаси самиот себе како и своите деца, а не да паѓа во очај со негативни чувства полни со страв.

Еднаш кога една личност ми пишуваше за неморалноста која владее во светот и за генералната морална изопаченост видов пример на негативно размислување, бидејќи беше решена да нема потомство кога ќе се омажи.

Ова навистина е песимистичен поглед. Тоа е слично на прифаќањето на пораз од шејтанот, земањето на шејтанот како краен авторитет и однесување кое кажува дека Возвишениот Аллах џ.ш. нема моќ да ги спаси нашите деца од нападите на шејтанот, без оглед колкав напор покажуваме и колку намази извршуваме.

Со други зборови, ова е како давање апсолутна слобода на следбениците на шејтанот, што во скоро време доведува до уништувањето на потомството на верниците. Значи, тој начин на размислување е навистина разочарувачки и не им прилега на следбениците на Ветениот Месија а.с.. За да учествуваме во револуција поради која Ветениот Месија а.с. бил испратен од страна на Возвишениот Аллах џ.ш. ние до крај мораме да ги користиме нашите способности и вештини, и тој дух мораме да го всадиме во нашето потомство. Ние мораме да се молиме за нашите цели и децата да ги одгледаме на начин на кој, наспроти нечистотијата на општеството, нема да дозволиме да победи шејтанот, иншаАллах. Мораме да настојуваме да го воспоставиме Божјото кралство на Земјата. Така нема потреба да бидеме тажни. Наместо тоа, мораме решително да делуваме согласно на пропишаниот пат на Возвишениот Аллах џ.ш..

Како што спомнав, Возвишениот Аллах џ.ш. во Чесниот Кур‘ан не научил на молитви за да бидеме благословени со чесно потомство. Ова е молитва на пратеникот Зекерија:

„Господару мој, подари ми од Самиот себе чисто потомство; сигурно Ти си Слушател на молитвите.“

Така, треба да молиме за чесно потомство како што и треба да се однесуваме чесно и побожно, што се и карактеристики на чесните луѓе и пратеници. За да своето потомство го сочуваме од зли влијанија неопходно е и мажот и жената да се однесуваат и да делуваат на чесен начин.

Мунши‘Ата Мухаммад сахиб, собирач на приходи, кажува како тој бил не Ахмад, не ја практикувал верата, многу сакал да пие и земал мито. Во Ахмадијатот бил повикан од страна на некој пријател. Ветениот Месија а.с. се молел тој да добие син, под услов да се покае како што и Зекерија се покајал. Мунши сахиб вели дека каењето на Зекерија значело воздржување од неверувањето, законска заработка, редовно клањање, пост и често одење во џамија. Вели дека откако го слушнал ова го оставил алкохолот, не земал мито и станал редовен во намазот и во постот. Тој рекол дека поминале три, четири месеци кога жената (најстарата жена, ги имал три) му кажала дека е бремена. На луѓето им кажал дека ќе биде благословен со здрав и убав син. И навистина му се родил син. Запомнете, дека кога за нашите деца ја учиме молитвата на Зекерија, неопходно е да и во нас самите развиеме чиста промена.

Ова е посебен случај на човек со доблесни потенцијали, меѓутоа прифаќањето на Ахмадијатот не смее да биде условено од било какви желби или лични придобивки. Да се стане Ахмади муслиман под одредени услови не значи и прифаќање на верата. Тоа би било присилување Возвишениот Аллах џ.ш. да ги прифати нашите услови. Ние сме должни да го следиме Неговото упатство, Он не е должен да ги следи нашите желби. Сепак, како што спомнав, додека се молиме за нашите деца мораме да развиеме чиста промена и во нас самите.

Молитвата на Зекерија се спомнува во сура Ал Анбија во Чесниот Кур‘ан:

„Господару мој, не оставај ме сам, Ти си подобар од сите наследници.“                                                     

             (21:90)

Бидејќи Возвишениот Аллах џ.ш. бил наречен:

’Најдобар од сите наследници‘,

и очигледно од оваа молитва произлегува дека личноста не треба да моли за потомство кое ќе стане наследник во неговите световни работи, туку наместо тоа Возвишениот Аллах џ.ш. да подари потомство кое ќе и даде предност на верата над световните работи.

Желбата за деца е легитимна желба, но покрај тоа мора да се моли за побожно потомство.

Ветениот Месија а.с. на едно место вели:

„Судењето кое ги опкружува децата е навистина големо судење. Ако децата се побожни зошто тогаш некој треба да се грижи.“

Возвишениот Аллах џ.ш. Самиот вели:

„Самиот Бог станува Пријател и Заштитник на побожните.“

Потоа на едно место, давајќи совет во врска со деца Ветениот Месија а.с.. рекол:

„Потребно е да се стане побожна личност и пример за побожност и исправност на своите деца, да се прави напор и да се моли тие да бидат богобојазливи и побожни. Најмалку што може човекот да  направи при одгледувањето на децата е да ги научи на вера и да остане цврст во верувањето, со ист напор кој го прави за нив во световните работи.“

Семоќниот Аллах џ.ш. не подучил на следната дова во Чесниот Кур‘ан:

„И направи ги исправни потомците мои. Јас Тебе ти се обраќам; и навистина јас сум од оние кои се покоруваат.“

        (Ал-Акаф, 46:16)

Тоа е дова за реформа на децата, и покрај тоа било потврдено дека човекот ќе тежнее да биде меѓу оние кои му се покоруваат на Семоќниот Бог.

Семоќниот Бог потоа во Чесниот Кур‘ан не подучил на една сеопфатна дова:

„О Господаре наш, подари ни од брачните другари и децата наши радост во очите и одреди да бидеме водачи на богобојазливите.“                                        

   (Ал-Фуркан 25:75)

Оттаму, со секоја дова, Семоќниот Бог во Чесниот Кур‘ан постојано не советувал дека мораме да внимаваме на своите дела ако сакаме да имаме богобојазливи потомци.

Ветениот Месија а.с. објаснува дека желбата за децата не треба да биде само поради тоа што сакате да оставите наследници на овој свет, туку треба да имате наследници кои ќе продолжат со побожни дела на своите постари.

Ветениот Месија а.с. вели:

„… Човекот исто така треба да води сметка за морално подобрување на децата. Семоќниот Аллах џ.ш. човекот го создал за да тој Него го обожава, токму како што Семоќниот Аллах џ.ш. вели:

„А Јас не го создадов човекот и џиновите освен Мене да Ме обожаваат.“

Меѓутоа, ако човекот не стане мумин (верник) и не се предаде на служењето на Бог, не ја исполнува вистинската цел на своето создавање. Според тоа, додека човекот не посакува религиозни потомци, полни со побожност и верни на служењето на верата, покажувајќи потполна послушност кон Аллах џ.ш., таквата желба е потполно бескорисна (бесплодна), всушност е форма на грев.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Ако човекот каже дека копнее кон честити и побожни потомци кои ќе и служат на верата (што навистина е голема желба), ќе биде само тврдење доколку не го направи тој напор да ја подобри својата состојба.“

Ветениот Месија а.с. вели дека моралната обука и довите мора да бидат наш приоритет.

„Мојата сопствена состојба е таква што нема ниту еден намаз (ибадет) во кој јас не Го молам (Аллах) за своите пријатели, деца, жена …“

Ветениот Месија а.с. понатаму зборува за деца кои во раното детство прават грешки и вели:

„Ако во детството децата не се сопрат и не упатат со љубов во текот на раните години тогаш тие постепено ќе ги зголемат своите лоши постапки.“

На друго место Ветениот Месија а.с. вели:

„Исто така е важно децата да ги подучувате на нивната вера. Да не се случи тие потполно да бидат обземени од желбата за нивното световно образование и од световните настојувања, како и родителите да не посветат внимание да ги подучат за нивната вера и да не направат никаков обид тие да бидат поучени. Исклучително е важно да ги подучите за нивната вера и верувањето.“

Семоќниот Аллах џ.ш. вели:

„О Господаре наш, подари ни од брачните другари и децата наши радост во очите и одреди да бидеме водачи на богобојазливите.“

Ова може да е можно само кога тие (т.е. самите родителите) не спроведуваат живот во непослушност и невистина, туку спроведуваат живот како робови на Милостивиот Бог. Тие му даваат предност на Бог над сè друго.

По ова Семоќниот Бог протолкувал и рекол:

„И направи не пример за богобојазливите.“

Ако нечии потомци се честити и богобојазливи тогаш навистина тој ќе биде нивниот Имам (главатар). Затоа, ова е дова со која личноста станува богобојазлива и го моли Семоќниот Аллах џ.ш. да направи да оди по патот на богобојазливоста, и потоа неговата дова вклучува децата да станат богобојазливи. Затоа, што се однесува до децата, секогаш треба да посакувате вашите деца да и служат на верата. Довата за Вакф-е-Нау децата (програма со која децата се посветуваат на служењето на верата уште пред раѓањето) треба да обезбеди децата да се упатат кон верата.

Меѓу муслиманската заедница ова станало секојдневна работа и од таа причина тие посебно настојуваат да имаат машки потомци. Мажите за возврат не даваат дел од наследството на своите сестри. Родителите не оставаат дел од имотот на своите ќерки и наместо тоа сè оставаат на своите синови – што е спротивно на учењето на исламот – мажите за возврат го расипуваат тој имот.

Наспроти тоа, како што веќе претходно спомнав, родителите на Вакф-е-Нау децата треба да посветат посебно внимание на моралната обука на своите деца и заедно со тоа мораат да прават дови за нив за да ја постигнат целта: Нивните деца одраснат за служење на верата, да и дават предност на верата над сите световни работи. Според тоа, секој мора да го моли Семоќниот Аллах џ.ш. за своите деца, за тие да бидат богобојазливи и да развијат чиста природа.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Помошта на Семоќниот Бог се спушта на оние луѓе кои се истакнуваат во честити дела и остануваат на едно место. Ова се луѓе кои имаат успешен крај.“

Со цел личноста да добие успешен крај, Ветениот Месија а.с. рекол:

„Човекот непрекинато треба да го моли Аллах џ.ш. за себе, како и за својата жена и за децата.“

Потоа, советувајќи нè Ветениот Месија а.с. вели:

„Правете дела кои претставуваат најдобар и совршен пример за вашите деца.“

Тоа е одговорноста на родителите, Ветениот Месија а.с. понатаму објаснува и вели:

„Затоа е неопходно прво себе да се подобрите. Ако вие станете богобојазлива и умерена личност и се борите Бог да биде задоволен, тогаш Семоќниот Аллах џ.ш. секогаш ќе покажува благонаклонетост и на вас и на вашите потомци.“

Во Чесниот Кур‘ан е спомнат случај на Кизра и пратеникот Муса а.с. во кој тие заедно изграделе ѕид кој им припаѓал на некои сирачиња. Во поглед на тоа Семоќниот Аллах вели:

„Нивниот татко е богобојазлив човек.“

Состојбата на самите деца не е спомната, туку всушност се спомнати родителите. Ветениот Месија а.с. објаснува и вели:

„Затоа секогаш посакувајте вашите потомци да станат побожни и за возврат Семоќниот Бог ќе ви подари средства и ќе ви обезбеди напредок.“

Според горе наведеното, ова се темелни принципи за кои Ветениот Месија а.с. постојано не советува. Ова е всушност толкување на принципите на Чесниот Кур’ан, дека однесувањето на мајката и на таткото играат голема улога во одгледувањето на децата.

Нека Семоќниот Аллах џ.ш. секому од нас ни подари да станеме најдобар пример за нашите деца. Нека го исполниме заветот дека ќе и дадеме предност на верата над световните работи. Наместо да гледаме на другите и да ја набљудуваме нивната состојба – како што е пракса на одредени луѓе – ние треба да гледаме на сами себе. Само тогаш ќе бидеме во состојба да оставиме побожни потомци за иднината кои ќе одат по патот на богобојазливоста. Нека непрекинато го молиме Аллах џ.ш. за своите деца така што Семоќниот Аллах џ.ш. ќе ги направи радост за нашите очи.