In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Одговорност во време на пандемијата

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека поради корона вирусот сите во светот се нервозни. Хузур (нека Аллах биде негов помагач) рече дека многу загрижени луѓе му пишуваат и бараат од него молитви. Луѓето се загрижени за своите семејства и за саканите кои се со нарушена здравствена состојба, и со тоа повеќе се изложени на ризик од вирусот.

Хузур (нека Аллах биде негов помагач) рече дека луѓето во оваа ситуација се збунети.

Уште повеќе зборувајќи за условите кои денес преовладуваат, Смеоќниот Аллах во Чесниот Кур’ан вели:

„А човекот вели: Што и е нејзе (на земјата)“? 

(Чесниот Кур’ан 99:4)

Осврнувајќи се на зборовите на хазрети Муслех Мауд р.а. од 1920 година, Хузур а.т.б.а. објасни дека по доаѓањето на Ветениот Месија а.с. во светот дошло до зголемување на епидемии, земјотреси, глад и бури. Тоа значи дека светот е предупреден оти треба да ги исполнува должностите спрема Аллах џ.ш. и да ја исполни должноста спрема Аллаховите суштества. Деновите на катастрофи и епидемии не потсетуваат дека треба да ја кренеме својата предаденост кон Бог и свеот да го повикаме да го препознае и обожава својот Создател.

Потоа, Хузур а.т.б.а. рече дека постојат луѓе кои велат како оваа епидемија е Божји знак и дека не треба да преземаме мерки на внимание или да се лечат.

Хузур а.т.б.а. рече дека, иако катастрофите на небото и на земјата се зголемиле по доаѓањето на Ветениот Месија а.с., сепак не знаеме дали ова е специфичен знак.

Хузур а.т.б.а. рече дека, сепак, за разлика од кугата во времето на Ветениот Месија а.с., оваа епидемија не е таков знак како претходниот кој бил знак за неговата вистинитост.

Хузур а.т.б.а. објасни дека законот на природата во текот на тешкотии, како што се епидемии и глад, не ги заштитува ниту вистинските заедници, кои исто така не се потполно иземени. Верниците низ овие тешкотии минуваат со молитва барајќи ја Божјата милост.

Ветениот Месија а.с. рекол дека се молел за својата заедница, но законот на природата сепак вели дека и побожните луѓе ќе бидат погодени со епидемии и Смеоќниот Аллах ќе им суди согласно на нивните дела.

Ветниот Месија а.с. ова го објаснил со примерот од џихад во време на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и во време на неговите Халифи, дека, иако муслиманите победиле, некои од нив, исто така, станале шехиди.

Хузур а.т.б.а. објасни дека во време на природни катастрофи треба да дадеме сè од себе за да ја исполниме должноста спрема Бог и неговите суштества. Мораме понизно да се молиме за да ја добиеме Божјата милост.

Хузур а.т.б.а. советуваше дека треба да се држиме по препорачаните мерки на претпазливост, да покажуваме љубезност и сочувство со оние кои се погодени од епидемијата, но не и непотребно да рескираме.

Хузур а.т.б.а. советуваше дека луѓето не треба безпотребно да се посетуваат едни со други, да седат по парковите и било какви дека  вежби треба да се прават во близина на домот.

Понатаму, Хузур а.т.б.а. наведе дека треба да бидеме внимателни со непотребни ризици и рече дека сè што е спротивно на ова не треба да се смета за храброст, туку за незнаење.

Хузур а.т.б.а. повтори дека одржувањето на хигиената во домот е задолжителна, а и хигиенската пракса и одржување на облеката. Покрај физичката чистота, потребно е и чистењето на срцето. Човек треба во целост да ги усогласи своите дела со Божјите желби.

Хузур а.т.б.а. го потенцира вниманието на потребата од молитва говорејќи дека треба да се има на ум како молитвата е најмоќното средство. Треба да се моли со уверување дека Бог ги слуша молитвите.

Молете се за себе, за своето семејство и за целото човештво.

Хузур а.т.б.а. рече дека постојат луѓе кои во време на епидемија имаат недостаток од храна, заштитна опрема и лекување.

Ахмади муслиманите им помагаат на луѓето со носење храна и медицинска помош, но, за жал поради извршувањето на оваа хуманитарна работа противниците изнесуваат лажни оптужби против нас тврдејќи дека тоа го правиме само од интерес.

Хузур а.т.б.а. рече дека не треба да се грижиме поради таквите зборови бидејќи само Семоќниот Аллах ги знае вистинските намери на оние кои што тоа го прават.

Хузур а.т.б.а. ни советуваше да обрнеме внимание на молитвите. Тој рече да се молиме Аллах џ.ш. на сите да им овозможи да бидат сведоци на прифаќањето на нивните молитви.

Хузур а.т.б.а. ги предупреди Ахмади муслиманите, кои се стопанственици, дека во ова доба на епидемија не треба да прават голема заработка. Објасни дека тоа е против учењето на исламот и дека мораме да бидеме милостиви кон човештвото. Аллаховата милост треба да ја добиеме поради внимание кон човештвото.

Потоа, Хузур а.т.б.а. го спомна почитуваниот Насир Ахмад Саид сахиб – долгогодишен и искрен слуга на Џемаатот – кој починал на 5 април во 2020 година.

’Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.‘

Служел од Халифатот на хазрети Халифа-тул Месих III р.а., хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. и сегашниот Халифа. Бил горд слуга на Ахмадијатот. Зад себе остава жена, син и внуци. Бил вистински верник вакф е зиндаги.

На Хузур  а.т.б.а. многумина му пишувале за неговите квалитети и го опишувале како љубезен, грижлив, прврзан, корисен, послушен и искрен човек. Исклучително и бил предаден на својата должност и служел на примерен начин. Меѓу многуте негови квалитети било и тоа што секогаш ја почитувал доверливоста на работата на Џемаатот и секогаш мудро ги советувал другите.

Неговата љубезност била мотивирачка и луѓето зборуваат дека другите ги тренирал со љубов, предаденост и молитви. Искажувал посебна почит кон гостите во текот на Џалса и добро внимавал на нив. Бил пример за луѓето кои животот го дале во служба на верата. Во Халифатот служел до последен здив. Дури, и кога бил многу болен после срцев удар, неговата единствена грижа била како да присуствува на својата смена. Кога го добил корона вирусот веќе се лечел од инфаркт.

Насир Ахмад Саид сахиб секогаш се молел Аллах да го сочува да не биде зависен од другите; Аллах џ.ш. бил милостив кон него и тој останал активен до последниот ден од својот живот.

Хузур а.т.б.а. му ја доделил честа на шехид и рекол дека ќе му клања џеназа во отсуство кога ќе се подобри ситуацијата.

На крајот, Хузур а.т.б.а. се помоли Аллах џ.ш. да му подари милост и опрост на сите.