In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Џалса Салана, ВБ 2017 – Нашите должности

Џалса Салана (годишен собир) во Велика Британија инша Аллах ќе започне во наредниот петок. Со милоста на Семоќниот Аллах џ.ш. гостите веќе започнаа да пристигнуваат од другите земји за да учествуваат на Џалса Салана. Покрај Ахмади муслиманите, кои доаѓаат за придобивките од благословите на Џалса Салана, меѓу гостите се наоѓаат и такви кои не се Ахмади и муслимани, кои доаѓаат не само од Велика Британија туку и од многу други земји. Овие гости ги вклучуваат владини претставници или јавни работници на одредени земји и влијателни луѓе, како и академици. Исто така, сега се зголемува бројот на луѓето кои се поврзани со печатот и медиумите. Сите овие гости, кои се надвор (од Заедницата) детално го следат собирот и се импресионирани од случувањата на него. Според тоа, во текот на овие денови нашите волонтери, меѓу кои има мажи, жени, девојки, момчиња и деца, служат како неми проповедници и преку печатот Ахмадијатот во светот бидува претставен од сите страни во голем размер. Така, работниците волонтери имаат огромна улога и каде и да се или во кое и да се својство тие работници имаат свое сопствено значење. Оваа ситуација секој поединец треба да го има на ум, од обичен помошник до службеник. Постапките и однесувањето на секој работник остават впечаток на посматрачите надвор од Заедницата.

Водачите на тимовите треба да настојуваат да работат понизно и да бидат пример работејќи како обични волонтери. Знаците на понизноста и благоста треба да бидат видливи на нивните лица. Нивниот тон треба да биде благ и треба да бидат покажани највисоки морални стандарди. Тие треба да запомнат дека гостопримството е многу важен момент во целата ситуација. Во поглед на ова Ветениот Месија а.с. на едно место ги изразил своите чувства кои за нас се водечки принцип.

Во една прилика Ветениот Месија а.с. рекол:

„Јас секогаш сум загрижен ниту еден гост да не искуси било каква тешкотија или неудобност. Всушност, јас секогаш истакнувам дека на гостот треба да му биде овозможена најголема можна удобност.“

Потоа кажал:

„Срцето на гостот е кршливо стакло кое може да се скрши и од најмала повреда.“

Затоа ова треба да го запомниме и треба ако некогаш се појават такви околности да настојуваме да им овозможиме удобност и олеснување на гостите. Понатаму, јас ова го кажувам на надзорниците во секое одделение, дека ако нивното однесување биде благо, нивниот морал биде добар, ако се трпеливи и имаат храброст да толерираат неугодни зборови, подоцна и нивните претставници и помошници исто така ќе покажат такво однесување кон гостите и ќе втемелат извонреден пример на гостопримство. Меѓутоа, ако надзорниците грубо се однесуваат, ако се обраќаат со груб тон и ако не се во состојба внимателно да слушаат и да толерираат, нивните претставници и помошници исто така ќе покажат такво однесување.

Според тоа, со цел да ги втемелат највисоките стандарди на гостопримство, надзорниците од секое одделение непрекинато треба да се само преиспитуваат и да настојуваат да ја унапредат својата скромност и понизност до највисоки стандарди. Како што веќе спомнав, во гостопримството не спаѓаат само неколку одделенија. Всушност на Џалса Салана сите одделенија се одделенија за гостопримство. Оние кои делат храна, кои директно работат, оние кои меѓусебно работат со гостите, сите тие јас секогаш ги потсетувам дека во времето кога делат храна и ја ставаат во чинии, треба да го имаат во предвид што е тоа што гостите најмногу го сакаат. Иако ова одзема многу време и, всушност, преставува тешка задача, сепак, настојувајте колку што е можно што повеќе да водите сметка за тоа. Освен тоа, ако не постоти друг избор тогаш извинете се на убав начин и не бидете лути за да не ги повредите чувствата на гостот.

Додека го свртува вниманието на ова и на правењето на анализа, Ветениот Месија а.с. во една прилика рекол дека надзорникот и кујната мора непрекинато да ги набљудуваат потребите на гостите, но бидејќи надзорникот е сам понекогаш можеби не може да биде во состојба сите нешта воопштено да ги надгледува. Некои работи можеби ќе избегаат од неговото внимание и затоа треба на некој друг да се додели задача и да го потсети за недостатоците, а за потсетувањето на оние кои се на должност најдобар начин е поставување на некој кој ќе испита каде се пропустите. И сиромашните и богатите треба да бидат дочекани на ист начин.

Како што кажав, на нашата Џалса Салана присуствуваат гости кои не се Ахмади, како и претставници на печатот, и тие често го оценуваат нашето однесување. Затоа, моралниот стандард на работникот во секое одделение мора навистина да биде голем.

Потоа во една прилика Ветениот Месија а.с. рекол:

„Според моето верување ако некој гост дојде во ситуација да каже вулгарности и навреди тогаш ние и тоа мора да го толерираме.“

Кои упатства ни ги дал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во поглед на тоа колку е важно да му искажеме почест на гостот?

Постојат наводи дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во слични прилики рекол:

„Со цел да веруваме во Бог и во Другиот свет неопходни се три работи – да кажеме добар збор или да молчиме, да го почитуваме својот сосед, и трето, да искажеме почит кон своите гости.“

Јас исто така ќе спомнам дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. водел грижа за духовен напредок на своите гости. Затоа, во едно од преданијата читаме дека откако ги нахранил примените гости ги пратил да спијат во џамија, како што била нивната желба. Потоа сите ги разбудил за утринскиот намаз. Поради тоа, во текот во текот на Џалса Салана е поставено одделение за воспитание со цел гостите да ги потсети на намаз и сите да ги разбуди поради фаџр (сабах) и тахаџуд (ноќниот) намаз, но нежно и со љубов.

Нека Семоќниот Аллах џ.ш. ги оспособи сите работници на најдобар начин да им служат на гостите на Ветениот Месија а.с..

По џума намаз јас ќе клањам џеназа за две личности чии тела не се присутни.

Првата е за господинот Сајјед Мухаммед Ахмад сахиб, синот на др. Мир Мухаммед Исмаил, кој починал во Лахор на 13 јули на 92 годишна возраст. Инна лиллахи ве инна илејхи раџиуун. Тој бил најстар син на др. Мир Мухаммед Исмаил и на тој начин хазрети Уммул Му‘миниин Амман Јаан (чесната жена на Ветениот Месија а.с.) била негова тетка по татко. Бил оженет со најмалата ќерка на хазрети Мирза Башир Ахмад. Од таа врска тој бил негов најмлад зет. Хазрети др. Мир Мухаммед Исмаил два пати се женел. Прво се оженил со хазрети Шаукат Султан сахиба во 1906 година. Тие немале деца. Вториот пат се оженил со Аматул Латиф Бегум сахиба во 1917 година, ќерка на хазрети Мирза Мухаммед Шафи сахиб Делви, ревизор (надзорник) на Садр Анџуман Ахмадија. Со неа со Божјата милост му се родиле 7 ќерки и три сина. Хузур а.т.б.а. навел настани кои исполнуваат со вера и кои се од историјата на Ахамдијатот во кои тој учествувал. Бил многу побожна личност предадена на своите намази. Нека Аллах џ.ш. ја воздигне неговата положба и нека има милост кон него. Нека Аллах џ.ш. ги оспособи неговите деца да ги продолжат неговите чесни дела.

Втората џеназа се однесува за госпоѓата Махмоод Бегум сахиба, жената на Чаудри Мухаммед Сидик сахиб Батти. Таа е мајка на Асгар Али Батти сахиб, кој е мисионер и служи во Нигерија. Таа починала на 16 јули на 73 годишна возраст. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Починатата била мууси (член на програмата на Завештание) и покрај мажот зад себе оставила две ќерки и шест сина. Нека Аллах џ.ш. им подари на нејзините деца прилика да ги продолжат нејзините добри дела.