In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Благословите на Џалса Салана во Велика Британија

Благодарејќи на големата Милост и Доброчинство на Возвишениот Аллах џ.ш. минатата недела успешно заврши Џалса Салана (годишен собир) на Ахмадија муслиманската заедница во Велика Британија. Во текот на сите три дена на Џалса Салана имавме прилика да видиме примери на милоста и благословите на Возвишениот Аллах џ.ш. и секој учесник чувствуваше дека Помошта и благословите на Возвишениот Аллах џ.ш. беа непрекинато испраќани.

Така, колку и да му се заблагодаруваме на Возвишениот Аллах џ.ш. за тоа никогаш не е доволно. Вистинската благодарност може да се постигне ако непрекинато настојуваме да го постигнеме задоволството на Возвишениот Аллах џ.ш..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вели дека оној кој не им е благодарен на луѓето тогаш тој не му благодарен ниту на Возвишениот Аллах џ.ш..

Така, поради ова сите учесници треба да им бидат благодарни на работниците кои ги извршуваа должностите на Џалса Салана. Исто така, работниците треба на секој начин да му бидат благодарни на Возвишениот Аллах џ.ш., бидејќи Возвишениот Аллах џ.ш. им овозможил да им служат на гостите на Ветениот Месија а.с., гости кои дошле поради верата и поради постигање на верското знаење. Секој, од мало дете до возрасен човек, служеше со потполна искреност. Исто така, учесниците на Џалса Салана учествуваа мирно, без немир или некакво зло придобивајќи корист од програма.

Таков практичен пример претставува глетката на стравопочит за световната личност. Гостите кои дојдоа од другите држави исто така го изразија своето мислење. Јас сега ќе раскажам за нивни одредени мислења кои ги искажаа по доживувањето на оваа атмосфера. Тие отворено кажаа дека ако е ова учењето на исламот, тогаш тоа учење треба да се шири ширум светот.

Бившиот министер за надворешни работи на Бенин и советник на претседателот, Мирзам Бони Јиало сахиб, која моментално е виш министер, напиша:

„Преку оваа Џалса Салана јас добив прилика длабоко да го разберам Ахмадија џемаатот. Јас сум силно импресионирана со управата на Џалса Салана. Сите го жртвуваа своето сопствено удопство и беа подготвени да овозможат удопство на другите. Никогаш во животот нема да ги заборавам насмеаните лица кои беа радосни служејќи ги другите гости.“

Таа вели дека на жените им е даден висок статус и дека единствено преку ова може да се воспостави здраво и мирно општество.

Потоа, членот на Парламентот од Гватамала, Илиена Каллес, ги изрази своите чувства зборувајќи дека присуствувањето на Џалса Салана било единствено и прекрасно искуство. Кажа дека глетката на волонтерите кои служат илјадници гости била зачудувачка. Исто така, го спомна обраќањето кон жените, положбата на жената и спомнувањето дека рајот е под стапалата на мајките и жените. Таа исто така кажа дека, во однос на шаторите на мажите, таа чувствувала големо задоволство, леснотија и слобода под шаторот на жените.

Слично на тоа, Серџио Моза, професор на Националниот универзитет на Коста Рика, исто така присуствуваше на Џалса Салана. Тој кажа:

„Преку оваа Џалса Салана сведочев на новата слика на исламот. Видов заедница на муслимани кои се посебни во односот и меѓусебната љубов и наклонетоста, и кои претставуваат практичен пример на својата вера.“

Потоа, Доглас Монтеросо, советник на членот на Парламентот на Коста Рика рече:

„Јас со посебно внимание  ги слушав говорите кои ги одржа Имамот на Ахмадија муслиманската заедница. Бев многу импресиониран со советот дека ако некој им опрости на своите непријатели и моли за нив, неговото срце станува очистено од непријателство и злоба.“

Џозеф Пиерер Дуплан, претставник на претседателот на Хаити рече:

„Секоја личност покажа едноставност и трпение. Во атмосферата владееше аурора на братство.“

Понатаму кажа:

„Јас не сум религиозна личност но по присуствувањето на Џалса Салана и по состанокот со Имамот на Ахмадија муслиманската заедница моето срце ми вели дека доколку постои искрена вера тогаш тоа е исламот и Ахмадијатот.“

Зоукоморе сахиб, претседател на комисијата за човекови права на Буркина Фасо, исто така присуствуваше на Џалса Слана и кажа:

„Порано слушав многу обраќања од страна на верските водачи. Тие зборуваа како да се единствените луѓе кои се на вистинскиот пат и се играат со верските чувства. Меѓутоа, со големо внимание го слушнав и обраќањето на Имамот на Ахмадија џемаатот. Главната точка на сите негови говори е воспоставување на мирот во светот. И тоа е учењето.“

Тој рече:

„Тоа може да доведе до воспоставување на светскиот мир. И можеме да ги победиме тероризмот и неправдата.“

Тука беше и жена по име Катрина Цељак сахиба од хрватската делегација. Таа рече:

„Претходно бев чесна сестра во црква, но сега сум во потрага по вистината.“

Понатаму кажа:

„Џалса Салана, опкружувањето, изложбите и останатите информации го осветлија мојот ум. Чувствувам дека моето патување кон вистината наскоро ќе стаса до својата дестинација.“

Студент на интернационален бизнис менаџмент, кој исто така беше од хрватската делегација, вели дека бил силно импресиониран од љубовта и посветеност на организацијата на Џалса Салана.

Постар пар од Хрватска, муслимани, кои беа и минатата и ова година, на приватниот состанок ми кажаа:

„Минатата година присуствуваме како нормални муслимани а ова година присуствуваме како Ахмади муслимани.“

Така, на Џалса Салана постои голема награда од Возвишениот Бог, бидејќи истите луѓе го дадоа и Баи‘атот.

Конгресменот од Филипини, Салвадор Беларо Јуниор, беше присутен на Џалса Салана. Тој кажа:

„Беше тоа искуство кое ми ги отвори очите, искуство од кое имав прилика многу да научам. Најубавата работа за мене беше средбата на членовите на заедницата, средба исполнета со посебна љубов и внимание и настојувањето да помогнат еден на друг колку што е можно повеќе.“

Еден гостин од Ирска, Даррен Ховлетт Ковентрз, кој е водач на Ирската национална полициска служба рече:

„Ова е мое прво присуство на Џалса Салана. Во текот на Џалса Салана имав прилика да сретнам луѓе решителни, подготвени да помогнат и луѓе со добра нарав од Ахамдија муслиманската заедница.“

Потоа, еден гостин од Холандија, господинот Арнауд Вон Дорн пишува:

„Атмосфера во текот на Џалса Салана беше многу срдечна и јас од тој настан научив многу.“

Потоа, виш адвокат на Кралското собрание, господинот Давид Мартин вели:

„Што и да кажам, тоа не се мои зборови туку гласот на моето срце. До сега јас немам присуствувано на сличен настан. Луѓето се толку фини и Заедницата е прекрасна. Јас со полно уверување ќе кажам дека никогаш во мојот живот не сум видел нешто како што е Џалса Салана.“

Гостот од Сиера Леоне, Абдул Каба Карго, ги изнесе своите впечатоци:

„Бев исклучително одушевен кога ја видов организацијата на Џалса Салана. Ако не дојдев овде и ако некој ми кажеше дека повеќе од 37 илјади луѓе се собрале на едно место во текот на три дена и дека немаше никакво недоразбирање, јас тоа немаше да го поверувам. Меѓутоа, гледајќи го сето ова со свои очи изненаден сум како не видов ниту еден човек да приговара и дека секој работење и служеше со голема понизност и скромност.“

Алхај Мамаду Салем Ба сахиб, заменик на претседателот на Национално собрание на Гвинеја Конакри, односно заменик на потпаролот, вели дека организацијата и дисциплината на Џалса Салана му оставила посебен впечаток.

Потоа, го имаме Хасан Гита сахиб, кој е национален директор на полицијата. Тој вели:

„По слушањето на говорот на поглаварот на Ахамдија муслиманската заедницата се чувствував поносен што сум муслиман.“

Потоа, членот на Парламентот на Сиера Леоне, господинот Алие Калоко, вели:

„Ахмадијатот е вистински претставник на исламот. Силно ги почитувам напорите кои Ахмади муслиманите што ги прават за ширењето на мирот.“

Еден гостин од Туркменистан, господинот Абдур Рашед, вели:

„Од денот кога стасав во Лондон окружен сум со љубов и наклонетост, како да сум кај своите родители и роднини. По присуствувањето на Џалса Салана разбрав дека целиот живот трагав кон Семоќниот Бог и дека Го најдов по доаѓањето токму овде.“

Кога новите Ахмади станат сведоци на атмосфера на љубов и братство тоа понатаму ја зголемува нивната вера.

Винсон Вилијамс, новиот Ахмади муслиман кој присуствуваше на Џалса Салана вели:

„Говорот на Халифа-тул Месих, и посебно интернационалниот баи‘ат (завет на верноста), беше за мене исклучително емотивно искуство.“

Еден од градоначалниците на Брегот на Слоновата Коска, Зракпа Допеу сахиб, вели:

„Кога го примив Ахамдија исламот морав да поднесам да слушам многу негативни коментари од страна на другите луѓе. Јас немав некое големо знаење за исламот и затоа станав загрижен како да одредам дали Ахмадиите се муслимани или не.“

Тој продолжува понатаму:

„Понекогаш мислев дали направив грев со прифаќањето на Џемаатот. Го контактирав Џемаатот и тие ме повикаа да присуствувам на Џалса Салана и од блиску да го посматрам Џемаатот.“

Тој вели:

„Кога дојдов овде бев во состојба да ја сведочам вистинската слика на исламот. Исто така, на сите мои прашања кои се однесуваат на тоа дали Ахмадиите се муслимани или не беше одговорено со посматрање на атмосферата на Џалса Салана. Сега јас со голема гордост кажувам дека тоа што сум го направил било сосема исправно.“

Калид Белисле, кој е градоначалник на Белмопан, главниот град на Белизе, вели:

„Присуствувањето на Џалса Салана беше извонредно искуство. Изгледаше како на секој член на Заедницата да му беше доделено само мене да ме служи. Организацијата на Џалса Салана беше со висок стандард и јас засекогаш ќе го запомнам начинот на кој ми беше изразено добредојде. Секогаш ќе бидам благодарен за тоа што ме повикавте.“

Интернационалниот баи‘ат исто така остава силен впечаток на луѓето надвор од Заедницата.

Еден член на Националното собрание на хрватскиот Парламент, господинот Ауч Коик Доманго, беше присутен на Џалса Салана и во врска со интернационалниот баи‘ат вели:

„Бев многу импресиониран од интернационалниот баи‘ат. Чувствата, искреноста и решеноста да се покаже верност на својата вера, во кои се осведочев во текот на интернационалниот баи‘ат, беше потполно нестварно и восхитуваќко искуство кое ќе го помнам целиот свој живот.“

Еден човек од Египет, доктор Ханј Рашван сахиб, рече дека на Џалса Салана стасал во време на интернационален баи‘ат. Откако бил очевидец на човечкиот синџир бил емотивно засегнат и запрепастен.

Џалса Салана привлече и многу внимание на печатот и на медиумите. Сониа Делесале, која е новинарка во еден француски весник, Либерасион, ги пренесува своите впечатоци. Таа вели:

„Кога стасав овде бев силно загрижена зошто се раздвоени мажите и жените. Меѓутоа, кога го посетив шаторот на Џалса Салана забележав дека храната ја подготвуваат мажи, наместо жени. Потоа, поминав некое време во шаторот за жени и видов дека токму поради оваа раздвоеност тие имаа повеќе слобода и над сè потполно независно работеа се што сакаа.“

Затоа, младите девојки кои овде живеат, кои во името на образованието и слободата тврдат дека кон нив се постапува неправедно, треба да се замислат над ова кое дури и на оние надвор од Заедницата ја почитуваат атмосферата на Џалса Салана.

Еден друг новинар кој работи за канал на националните вести во Боливија ги изрази своите впечатоци:

„Западот смета дека исламот ги ограничува жените и смета дека не им е дадено никакво значење. Меѓутоа, јас велам дека поглаварот на Ахмадија заедницата им даваше награди на жените кои постигнале големи успеси и секоја жена беше поединечно по име повикувана.“

Друг новинар почна да ги повторува зборовите кои беа изговарани во текот на интернационалниот баи‘ат. Откако го прашаа (за тоа) тој кажа:

„Јас не знам што ми се случи во тоа време и никогаш во својот живот не доживеав такви чувства и емоции и нагонски почнав да ги повторувам овие зборови.“

Друг новинар од Боливија, Карлос Џами Ориас сахиб, вели:

„Една работа која на мене остави најголем впечаток за Ахмадија заедницата е нивната страст и напор да го втемелат мирот. Исто така, беше пријатно да се види како Ахмади жените постигнуваат значаен успех и тоа докажува дека и мажите и жените имаат обврска да се борат за мир во светот, почнувајќи од семејството па понатаму во заедницата, земјата, и на крајот на интернационално ниво.“

Така, атмосферата на Џалса Салана која ја создале оние кои ја извршувале должноста остава впечаток на чесна личност. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. ги награди сите оние кои извршуваа должност, како и присутните кои беа дел од немото исповедување на исламските вредности. Ние мораме да се сетиме на илјадници мажи и жени, волонтери, вклучувајќи ги и момчињата и девојчињата. Јас, исто така, сакам да и кажам на управата дека сите приговори и нешта кои јас им ги испраќам бараат внимание и треба да бидат запишани во црвена книга, и тие треба да настојуваат во иднина да се подобрат.

Едноставно, печатот и медиумите многу добро известуваа. Преку медиумите беа објавени 358 извештаи за Џалса Салана и овој број се уште расте. Пораката (на исламот) е пренесена до 36 милиони луѓе преку онлајн медиумите. Мојот завршен говор во живо е пренесен преку МТА и околу 250 000 луѓе го слушале и го гледале. Така, според многу конзервативна процена, пораката е пренесена до преку 128 милиони луѓе.

Истакнати медиуми кои дале извештај за Џалса Салана се: ББС телевизијата (BBC ТV), ББС радиото (BBC radio), ИТВ (ITV), Индипендет (The Indenpendant), Тајмс (The Times), Сандеј Експрес (Sunaday Express), Лондон Ивнинг Сатндазијард (London Evning Standazijard), Њу Јорк Тајмс (New York Times), Фејсбук Лајф (Facebook Live), Асошиејтед Пресс (Associated Press), Пресс Асошиејтед (Press Assotiation), Спејшл Њус Ејџенси ЕФЕ (Special News Agency EFE), новинската агенција од Индија ПТИ (PTI) и француски новински агенции вклучувајќи го Либерасион (Liberation) и ИНИЛЕТ (UNILET).

Затоа, треба да ја изразиме својата благодарност на Семоќниот Аллах џ.ш. за ова опширно известување за пораката на Ахмадија муслиманската заедница и за вистинската порака на исламот преку медиумите.

За Џалса Салана исто така е известувано и во Африка. Освен МТА на Африка, десет други канали ја прикажуваа програмата на Џалса Салана, и вкупното известување во различни земји било околу 150 часа. Покрај преносот во живо за Џалса Салана, BBC на Уганда за Џалса Салана известуваше на свахили јазикот кој го испратиле голем број на гледачи.

Јас сум многу благодарен на нашето одделение за медиуми и печат од другите земји кои исто така направија голем напор. Нека Семоќниот Бог ги награди.

Токму како и минатата година, и оваа година младите (Кхудам) од Канада повторно дојдоа и земаа учество во расчистувањето (на местото на одржување на Џалса). Нека Аллах џ.ш. сите ги награди. Се надевам дека сите млади на Кхудам од Канада стасаа пред почетокот на Џалса Салана и ја слушаа целата програма на Џалса Салана. Ако не го направиле тоа тогаш сè е погрешно. Затоа, ако во иднина сакаат да дојдат, тие треба во текот на трите дена да ја слушаат програмата на Џалса Салана, а потоа да земат учество во расчистување. Нека Аллах џ.ш. ни даде прилика да ги усвоиме сите учења кои ги слушнавме на Џалса Салана и да ги вклучиме во нашите животи.

Јас, после џума намаз, ќе клањам џеназа за починатите чии тела не се присутни.

Првата се однесува за госпоѓата Сахибзада Закиа Бегум сахиба, која беше жена на Кол Мирза Ахмад сахиб. Таа беше ќерка на Наваб Аматул Хафеез Бегум Наваб Абдуллах Кхан сахиб. Таа починала во Тахир институт за кардиологија, вечерта на 23 јули 2017 година, на возраст од 94 години. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Со Аллаховата милост таа била Мусси (член на програмата на Завештание), и тоа долг период. Докторот Ноори сахиб пишува: „Гостопримството беше една од нејзините големи одлики.“ Доктор Ноори сахиб понатаму вели: „Кога својот живот го посветив на служењето на Џемаатот по пензионирањето таа ми кажа: ’Имав голема желба да ми биде подарен син за да го посветам (за служење на верата). Сега, кога ти својот живот го посвети на тоа, ја исполни ова моја желба‘.“ Нека Семоќниот Аллах џ.ш. ја воздигне нејзината положба и нека ја опсипе со Својата милост и проштавање.

Другата џеназа се однесуав на Тарик Масоод сахиб, кој бил мисионер и служел во Назарет ’Ислах-о-Ирша Мараказаиа‘, и е син на господинот Масоод Ахмад Тахир сахиб. Тој починал во Рабва на 24 јули 2017 година на 27 години, откако бил погоден од жица со висок напон. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Тој имал голема љубов кон Халифатот и бил многу побожна личност. Бил редовен во извршувањето на намаз во Џемаатот. Дури и пред да  стане мисионер своето семејство го поттикнувал да биде точно во извршувањето на намаз. По намазот во петок редовно го учел Чесниот Кур‘ан.

Третата џеназа се однесува за уважениот Шакил Ахмад Мунир сахиб кој бил бивш мисионер на должност во Австралија и моментално пребивал во Карачи.  Починал на 31 јули 2017 година на возраст од 85 години. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Имал прилика да го преведе Чесниот Кур‘ан на Маори јазикот. Бил многу понизна и несебична личност. Немало никакви навестувања на гордост поради неговите интелектуални способности, ниту поради фактот дека го превел Чесниот Кур‘ан и не очекувал да му биде даден никаков вид на предност. Бил многу влијателен во световниот аспект и како мисионер служел без било каков надомест. Нека Семоќниот Аллах џ.ш. и даде трпение и цврстина на неговата жена.

Нека Семоќниот Аллах џ.ш. продолжи во иднина да дава мисионери кои се потполно несебични и понизни во секој поглед.