In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Осврт на Џалса Салана во Велика Британија, 2018 година

После проучувањето шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Елхамдулиллах, со Аллаховата помош, Џалса Салана во Велика Британија заврши минатата недела, на која благословите и милоста на Аллах џ.ш. се истурија.

Трите дена беа полни со благослови. Иако подготовките за Џалса Салана траат цела година менаџментот и волонтерите во последните четири месеци земаа полн замав. Бројот на волонтерите во последните две недели од Џалса Салана интензивно се зголемуваше.

За да ги задоволат сите потреби во Хадика-тул Махди, работниците правеа сè што можат. Не е лесно да се изгради привремен град со сите потреби на место кое е како џунгла. Уште поважно е да се спомне дека тие работници не се професионалци за работата која ја извршуваат во текот на Џалса Салана.

Сето тоа што го постигнуваме е резултат на Возвишениот Аллах и на Неговата милост. Сите овие работи единствено Возвишениот Аллах ги благословува.

Гостите кои присуствуваа на овогодишната Џалса Салана изразуваат одушевување кога ќе ја видат мотивираноста на овие работници. Бројот на работниците во текот на Џалса Салана се зголемува и меѓу нив има и млади, и стари, и жени и деца. Гостите кои не се Ахмади муслимани кога ќе видат како и младите и старите се предадени на своите должности имаат чувство на нешто нестварно. Начинот на кој овие луѓе ги изразуваат своите чувства е исклучителен.

Не само што даваат позитивни коментари за работниците, туку исто така кажуваат дека Џалса Салана донела голема промена во нивните животи.

Така, од една страна, Џалса Салана е место каде што верата и братството меѓу луѓето се зголемуваат, а од друга страна, служи како место за пренесување на вистинската порака на исламот.

Сега ќе спомнам одредени коментари за тоа како благословите на Џалса Салана влијаат на другите.

Хазрети Халифатул Месих V (нека Аллах ги зацврсти неговите раце) наведе многу коментари од страна на почитуваните гости, кои ги спомнале организацијата на Џалса Салана, мирот, смиреноста и атмосферата.

Хузур а.т.б.а. спомна дека 149 Худами од Канада дошле да помогнат во работата на Џалса Салана и своите должности ги исполниле на највисоко ниво.

Освен на нив, Хузур а.т.б.а. им се заблагодари и на сите работници од Велика Британија.

Табликх одделот од Велика Британија имаше прилика да држи повеќе семинари, состаноци за прашања и одговори на различни теми, а имаше и пет изложби;

Ал-Кур’ан изложба на која преубавото учење на Чесниот Кур’ан беше изразено со повеќе различни изданија.

Се одржа и натпревар во говори на тема за животот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во него се содржеше одговорот на говорот на омраза кој го започна холандскиот политичар Герт Вилдерс.

Многу не Ахмади и не муслимани од Европа учествуваа во овој натпревар.

Емитувањето на Џалса Салана се вршеше преку различни медиуми:  Алислам страницата беше посетена 862 000 пати, видеата беа прегледани 218 000 пати.

Педесет и три пати Џалса Салана беше покриена преку интернет и преку печатот, на радиото Џалса Салана беше спомната на 20 вести и беше пренесувана 4 пати на телевизија.

Вкупниот број на извештаи е 70, кои ги опфатија 26 милиони луѓе ширум светот.

Познати телевизии кои ја спомнуваа Џалса се:

Истакнати медиуми кои дале извештај за Џалса Салана се: ББС телевизијата (BBC ТV), ББС Арабик сервис (BBC Arabic service), ИТВ (ITV), , Економист (The Economist), Експрес весниците (The Express), Индипендет (The Indenpendant), Хуфингтон Пост (Huffington Post), ЛБС (LBC), Капитал Радио (Capital Radio), Алтон Хералд (Alton Herald), Лондон Лајв (London Live), и освен нив уште 19 регионални станици имаа интервју со нашите претставници, што всушност значи големо локално покривање.

Беа присутни новинари од цел свет и по враќањето во своите држави тие ќе објават вести и документарни програми во врска со Џалса Салана.

Зборувајќи во врска со просториите во кои се наоѓаа жените една новинарка изјави:

„И минатата година присуствував на Џалса Салана и не ги посетив просториите кои беа одредени за жените, но затоа оваа година добив прилика да одам и таму. Морам да признам дека твоите (Ахмади) жени се покомуникативни и многу повеќе образовани од мажите. Имаат потполна слобода и многу се искрени кон својата заедница. Ова искуство тотално ми го промени гледиштето на целата дадена ситуација на Џалса.“

Џалса Салана беше емитувана и на африканскиот континент, и тоа 15 канали ја емитуваа Џалса Салана вклучувајќи ги: Гана, Нигерија, Сиера Леоне, Гамбија, Руанда, Буркина Фасо, Бенин, Уганда, Мали, Конго-Базавил, и по прв пат Бурунди Телевизијата ја емитуваше Џалса Салана.

Секој новинар за својот телевизиски канал напишал приказни во врска со случувањата на Џалса  Салана.

Тотал каналот, кој ја покрива цела Африка, ја претставил Џалса Салана на 50 милиони луѓе. Илјадници луѓе пратија свои коментари што е показател дека ја гледале програмата. Луѓето коментираа за изложбата на сликите Преглед на религии, Архиви, Ал Хакам изложбата и преку нив сигурно научиле за историја на Џемаатот.

Сите овие изложби исто така се организирани од страна на волонтерите. Како што ни кажуваат коментарите на различни луѓе кои присуствувале на Џалса Салана, сите волонтери правеле тивок Таблигх (ширење на верата), вклучувајќи ги тука и децата, жените и мажите, и по благодарноста на Возвишениот Аллах, сите кои присуствувале на Џалса Салана треба да им бидат благодарни на сите работници и треба да се молат за нив. Нека Милиот Аллах им овозможи и во иднина да служат.

Сакам да им се заблагодарам на сите работници, мажи и жени. Нека Аллах џ.ш. ги награди и нека им овозможи и поголемо жртвување во иднина; нека ги направи помошници на Хилафет-и-Ахмадија. Сите работници треба да му се заблагодарат на Возвишениот Аллах, Кој им овозможил да ги исполнат своите должности. Без помошта на Возвишениот Аллах не би било можно ова да се постигне.

Нека Аллах џ.ш. на сите им овозможи  да ја зголемат својата понизност и да бидат заштитени од секаков вид на ароганција, која би можела да се појави после ваквата работа која ја извршуваа и после пофалбите кои ги добија за завршената работа.

Амин!