In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Целта на Џалса Салана

Денес почнува годишниот собир во Бангладеш. Јас нема да одржам говор во завршниот дел од програмата на Џалса Салана, меѓутоа присутните побараа да кажам неколку зборови во својата хутба во петок. Со милоста на Семоќниот Аллах, Бангладеш му е многу предан на Ахмадија муслиманскиот џемаат. Тие се соочуваат со прогони и многу членови ги жртвувале своите животи за целите на Џемаатот, нека Аллах продолжи да ја засилува нивната вера. Слично на тоа, денес почнува годишниот собир во Сиера Леоне и присутните таму исто така бараат дови.

Ветениот Месија а.с. во разни прилики зборувал за главните црти и цели на Џалса Салана (годишен собир). Меѓутоа, овие цели не се ограничени само на трите дена додека трае Џалса Салана туку, всушност, тие цели треба да се следат во текот на целиот живот на секој Ахмади муслиман и тие постојано мора да водат сметка за нив.

Тие цели се: да ја развиваат богобојазливоста (Таква), побожноста и самоодрекувањето (самовоздржувањето), да развијат страв од Семоќниот Бог и да всадат чувства на љубов и приврзаност едни кон други.

Ветениот Месија а.с. на своите следбеници им наредил да ја усвојат понизноста и да ја шират вистинската порака на исламот во секоја земја во која живеат.

Денес, кога исламот го клеветат во светот, одговорноста на Ахмади муслиманите е да ги унапредуваат вистинските учења на исламот. Меѓутоа, ова може да се постигне само со основање на силен однос со Семоќниот Аллах за нашите напори да бидат благословени, и треба да го втемелиме своето добро однесување.

Според тоа, годишниот собир се одржува за да имаме корист од тоа посебно окружување и да го исчистиме своето срце. Иако Ахмади муслиманите кои живеат во овие земји се цврсти во својата вера, и како што реков, дури некои од нив ги положиле своите животи на тој пат, сепак за оживување на исламот е неопходно да ги воздигнеме стандардите на своето практично однесување. Ние мораме да извршуваме намаз во склад со начинот кој е пропишан да го всадиме вистинскиот дух на ибадетот – јас ова го проучував и објаснував детално во моите претходни хутби. Ние исто така мора да се бориме да ги исполнуваме правата на другите луѓе.

Објаснувајќи за богобојазливоста (Таква), Ветениот Месија а.с. рекол дека богобојазливоста (Таква) значи дека треба да се воздржуваме дури и од најситниот аспект на злото. Меѓутоа, едноставното, да се воздржуваме од злото само по себе не е одлика доколку личноста покрај тоа не практикува добри дела.

Таква (богобојазливоста) е основниот стандард и може да се спореди со чинија која е детално исчистена така да на неа може да се принесе одлична и корисна храна. Меѓутоа, може ли таа чинија да го наполно човековиот стомак иако е добро исчистена, но на неа не е послужена храна?

Таква (богобојазливоста) само го чисти телото, но делата на побожноста се вистинската храна која го храни.

За вистинскиот муслиман ибадетот е клучниот фактор. Објаснувајќи го тоа, природата на чудата и примањата на довите, Ветениот Месија а.с. рекол дека упатувањето на молби во ибадетот ја понижува личноста до ниво на прашина. Кога личноста го моли Семоќниот Бог тоа делува како вода која ја мие нечистотијата. Кога душата на личноста падне како вода на прагот на Единствениот вистински Бог и се претставува себе си во разни положби на намазот, било тоа да е поклонување на рук’у или паѓање на земјата (сеџда), ова е вистинскиот приказ на намазот (ибадетот) како што го поучува исламот. Ако личноста сака да ја види вистинската форма на намазот тогаш мора да се поклонуваме и да паѓаме на земјата (сеџда) со крајна понизност, осигурувајќи дека Бог му е најдрагото Битие. Во тој момент човекот престанува да постои и станува дел од Семоќниот Бог.

Ветениот Месија а.с. објаснил дека постои врска помеѓу душата и телото. Кога душата е тажна личноста почнува да плаче. Кога душата е среќна насмевката се излива на неговото лице до таа мера што понекогаш прснува во смеа. Според тоа, физичките положби во намазот се поврзани со душата и мора да бидат доведени до такво ниво во кое душата се оспособува да се топи пред Семоќниот Бог. Физичките положби во намазот сами по себе не значат ништо додека душата не биде внесена во ибадетот.

Кога личноста прима вистинска мудрост од Семоќниот Бог, само тогаш поединецот извршува намаз во вистинска смисла; меѓутоа, за личноста тоа да може да го постигне мора постојано да се бори. Само кога личноста се бори и жртвува може да ја постигне целта на своето создавање.

Ветениот Месија а.с. рекол дека личноста не смее да го негува непријателството против никого, ниту треба да биде злопамтило поради лични причини. Навистина, кога е во прашање честа на Семоќниот Бог и Неговиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тогаш тоа преставува друга работа. Оној поединец кој негува непријателство против Семоќниот Бог и Божјиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тој преставува наш непријател и вие треба да се држите подалеку од него. Меѓутоа, дури и во такви случаи треба да правите дови за негово подобрување и никогаш не смеете да му се светите на недозволен начин.

Ветениот Месија а.с. го спомнал и случајот со хазрети Алија р.а. во текот на една битка кога тој го совладал својот противник и седнал на неговите гради. Кога тоа го направил неговиот противник плукнал во неговото лице после што хазрети Алија р.а. веднаш се ослободил и рекол: „До сега се борев против тебе на Аллаховиот пат, но бидејќи плукна во моето лице јас се плашам мојот гнев да не стане причина за борба. Затоа не сакам да те убијам поради некои мои лични причини.“

Според тоа, не смееме да бидеме гневни и да подржуваме непријателство кон никого од лични причини. Ако наидете на некој кој е отворен непријател на Бог и на Неговиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тогаш треба да се отстраните од него.

Нека Семоќниот Аллах ни овозможи да ја разбереме вистинската суштина на богобојазливоста и преку Неговата обилна милост нека не оспособи да чиниме ибадет на начин кој ќе ни овозможи поголема блискост до Него.