In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Џалса Салана Канада 2016 година

Хазрети Халифа-тул Месих, нека Аллах ги засили неговите раце, денешната хутба ја одржа на Џалса Салана во Канада. После ташахуд и сура Ал Фатиха рече:

Со Аллаховата милост денес почнува Џалса Салана на Ахмадија муслиманскиот џемаат во Канада. Со Аллаховите благослови сите џемаати во светот нивниот годишен собир го одржуваат секоја година. Зошто? Тоа е затоа што Ветениот Месија, нека е мир над него, откако добил објава од Аллах почнал да одржува Џалса. Тој побарал собирот да се одржува три дена секоја година во Кадијана. Тој барал да се соберат, но не поради тоа да се одржува саем, да се вклучат во материјални работи, да се играат игри или да се постигнуваат некои световни цели. Всушност, се собираме заедно со цел да го подобриме своето верско знаење и да ги прошириме своите информации. Треба да се собираме за да напредуваме во религиското сфаќање. Што е тоа сфаќање? Тоа е да запознаеме нешто што е подлабоко а не површно. Во кој вид на сфаќање се бара да напредуваме? Тој од нас бара да не бидеме само површни муслимани и оние кои само изговараат: ’Никој не е вреден за обожавање освен Аллах и Мухаммед, нека е мир на него, бидејќи е Негов Пратеник.‘ Ние мора да ја зголемиме нашата духовна позиција после прифаќањето на исламот. Тој рекол дека ако учите келимеи шехадет тогаш настојувајте да дознаете кој е Аллах и што Он всушност бара од нас. Кои се Аллаховите права и како треба да ги исполнуваме. Како да ги разбереме Аллаховите наредби и како да делуваме според нив? Ако го прифативме Мухаммед с.а.в.с. како Негов Пратеник, тогаш треба да го знаеме неговиот суннет и да делуваме според тоа. Каков бил неговиот живот и како да го разбереме во длабочина? Во врска со тоа, одговорот на хазрети Ајша, нека Аллах е задоволен со неа, на една личност која прашала за животот и доблестите на хазрети Мухаммед с.а.в.с. ги објаснил сите детали. Таа рекла: „Зарем не сте го прочитале Чесниот Кур’ан?“ Значи, она што го кажува Чесниот Кур’ан ги дава деталите за неговиот живот и доблести.

Ова е длабочината на знаењата за Мухаммед с.а.в.с. која секој верник треба да тежи да ја постигне. Учењето и разбирањето на Чесниот Кур’ан е неопходно за тоа. Тогаш, Ветениот Месија а.с. рекол дека целта на Џалса е да се подобриме во духовноста. Кога се постигне ова сфаќање, тоа не треба да биде сведено само на знаење или длабоко знаење, туку тоа треба да значи напредување во духовноста и во делата. Тој рекол дека доколку нема духовен напредок тогаш е бескорисно да се присуствува на собирот.

Тој рекол дека друга предност на Џалса е таа што оние кои учествуваат на неа треба да се потрудат да се запознаат едни со други. Тоа не треба да биде површно запознавање како кај светските трговци. Секој Ахмади муслиман треба да напредува во однос на љубовта и братството помеѓу нив. Таа врска треба да биде јака и долготрајна и ништо да не може да ја прекине. Исто така, рекол дека треба да напредуваме во праведноста. Ова е една од важните цели на Џалса. Верникот не може да биде искрен верник без тоа. Праведност значи знаењето кое е постигнато, духовниот стандард кој е создаден, врската на љубов кон Бог и Неговиот Пратеник, убавото чувство во заедничките односи, сето тоа треба да биде трајно и да стане дел од нашите животи. Ова биле нештата поради кои Ветениот Месија а.с. ја востановил Џалса. Ова се целите поради кои, како што тој рекол, луѓето треба да доаѓаат во Кадијана секоја година.

Колку многу биле благословени тие собири на кои учествувал Ветениот Месија а.с. и му давал совет на Џемаатот. Тој ги подготвувал членовите на Џемаатот и ја гасел нивната духовна жед. После него ништо не може да биде исто бидејќи статусот на пратеник му припаѓа само на него. Оној кој дошол во согласност со претскажувањата на Чесниот Пратеник с.а.в.с. е оној кој дошол со Божјото ветување. И оној кој е пратен да ги заживее упатствата следејќи го хазрети Мухаммед с.а.в.с. дефинитивно ја има својата позиција. Ова е Аллахов благослов, Оној кој го известил и му рекол дека ќе биде воспоставен систем на други манифестации, а тоа е системот на Халифат. На тој начина Халифат е воспоставен преку него и работата, неговата мисија да се исполни, продолжува. Одржувањето на собири е дел од тоа.

По смртта на Ветениот Месија а.с. во Кадијана, во присуство и водство на воспоставениот систем на Халифат, собирите се одржувале 40 години. По преселбата на Халифатот во Пакистан собирите се одржувале во Рабва а покрај тоа Џемаатот се проширил во многу други држави. Иако воспоставувањето на мисии во странство започнале пред заминувањето од Кадијана, посебно во Африка се основани многу силни Џемаати, но, и понатаму се продолжува со основање и ширење на Џемаати надвор од Пакистан, секој ден, секој месец и секоја година. Тоа се проширило толку што кога непријателите го виделе напредокот на Џемаатот донеле многу строг закон кој бил прифатен од владата. Од тие причини Халифатот и голем број на Ахмади муслимани морале да ја напуштат државата.

По преселувањето на Халифа-тул Месих IV (Рахмуллах) во Лондон почнале да се одржуваат собири, и во исто време собири почнале да се одржуваат и во други земји и на тој начин продолжиле да напредуваат. Сега секое место има свои карактеристични собири. Сега не е можно голем број на Ахмади муслимани да патуваат во Кадијана на Џалса, ниту голем број на Ахмади муслимани можат да присуствуваат на секоја Џалса на која е присутен Халифата. Начинот на кој Џемаатот се шири и напредува е битен и потребно е да се одржуваат собири на начин како што биле одржувани во времето на Ветениот Месија а.с.. Ветениот Месија а.с. барал од нас да се собираме барем еднаш годишно поради напредок и поради донесување на промени.

Ние се собираме на Џалса како би ја исполниле единствената цел која ни ја кажал Ветениот Месија а.с.. Секоја година се собираме на Џалса поради таа цел и посебно бидејќи поминале 50 години откако Џемаатот е воспоставен овде. Поминаа 50 години откако Џемаатот е регистриран овде. Амир сахиб бараше од мене да дојдам овде бидејќи Џемаатот слави 50 години постоење и извршува многу функции во тој контекст. Ова ќе прерасне во голема Џалса. Како што реков, кога е присутен Халифата доаѓаат многу поголем број на луѓе. Оваа година поради моето присуство пристигнаа многу луѓе и доаѓаат уште повеќе Ахмади муслимани кои живеат овде и даваат голем придонес и важност на собирот.

Секој Ахмади муслиман треба да запомни дека ќе се добие вистинската важност кога секоја Ахмади муслиман кој живее овде во Канада ќе обиде, по прифаќањето на Ахмадијатот, да ги исполни обврските на баи’ат. Мора да ги исполниме очекувањата на Ветениот Месија а.с., инаку не се  гледа која е разликата дали постоиме 50 години или повеќе, или не.

Како што веќе реков, поради ситуацијата во Пакистан многу Ахмади муслимани заминале во други држави, и многумина од нив дошле овде. Се преселиле овде за да добијат верска слобода. И овдешната влада им дала државјанство како би можеле да делуваат според своите верски уверувања. Покрај ветувањето дека ќе и дадеме предност на верата над земските работи, секој Ахмади муслиман има дополнителна одговорност да ја исполни целта поради која дошол овде. Пренесете им на своите генерации дека околностите во кои сте го напуштиле Пакистан во потрага по подобри услови овде се такви што треба да им се заблагодариме на Божјите луѓе и да делуваме според Неговите наредби. Треба да го исполниме ветувањето кое сме го дале во времето на баи’ат на Ветениот Месија а.с., а еден дел од тоа е во целост да ги примениме учењата на Чесниот Кур’ан на себе.

Мораме да ги проучиме на разбирлив начин работите кои се дадени како наредби а кои ги претставил Ветениот Месија а.с., бидејќи никој освен него не може подобро да ги разбере зборовите и пораките од Бог и Неговиот Пратеник с.а.в.с.. Можеме да ги просветлиме нашите умови и да ја засилиме нашата вера следејќи ги упатствата кои ни ги дал Ветениот Месија а.с., и се повеќе да размислуваме за нив. Во тој поглед, Ветениот Месија а.с. ни дал многу совети за да го зацврстиме знаењето и праксата. Тој сака да не види како сме постигнале одреден стандард после давањето на баи’ат. Целта на Џалса е да се потрудиме да го постигнеме овој стандард. Така, оваа работа треба да ја има на ум секој Ахмади муслиман.

Во денешно време некои Ахмади муслимани ќе дојдат на собир но нема да го пратат внимателно, или ќе бидат изморени од поминатиот пат и можеби ќе задремат. Јас сакам на сите нив да им кажам дека треба внимателно да го слушаат она што јас го зборувам и да бидат внимателни додека присуствуваат на собирот. Половина час или 45 минути не е долго време што човек не може да го поднесе да биде внимателен. Целта на доаѓањето на овој собир ќе биде исполнета единствено ако внимателно го пратите она што ќе го кажат соговорниците. Ќе бидат изречени многу работи како би ја засилиле нашата вера и би ја зголемиле духовноста. Не дигајте ги рацете високо кога зборувате. Однесувајте се така во својот живот. Како што кажав, јас некои теми ќе ги објаснам преку зборовите на Ветениот Месија а.с. за да овие зборови допрат директно до вашите уши, вашата глава и вашето срце и да го подигнат степенот на духовни промени кои Ветениот Месија а.с. ги очекува од нас.

Ветениот Месија а.с. кажува дека во повеќе наврати на својот Џемаат му рекол да не се ослонуваат само на баи’ат. Нема да има слобода се додека не се постигне неговата стварност. Оној кој е задоволен со лушпата ќе биде лишен од јадрото. Залудно е ако бидете среќни само со лушпата  од овошјето. Ќе бидете лишени од правото овошје. Интелигентен е оној кој се потруди да го добие овошјето а не само лушпата. Тој понатаму вели дека ако ученикот не ја практикува тогаш е бескорисна мудроста на учителот. Тоа значи да дадете баи’ат но да не го практикувате. Среќниците го прифатиле оној кој го пратил Бог. Високиот статус на она што го пратил Бог е искрен и исправен сам од себе. Верникот ќе има корист од тоа единствено ако неговите дела бидат во согласност со она што тој го рекол.

Понатаму, рекол дека ако докторот му даде рецепт на некој и ако таа личност го остави на страна тој рецепт тогаш нема да има никаква корист од тоа. Лекот од тој рецепт ќе биде корисен единствено ако се купи и користи. Со други зборови, по добивањето на рецептот самиот на себе си ја скратува ползата од лекот ако не го користи.

Рекол да го проучуваме Нуховиот лук повторно и да се однесуваме во согласност со тоа. Потоа рекол:

„… навистина, ќе успее само оној кој ја зголемува (богобојазливоста).

(91:10)

Потоа рекол дека постојат илјадници крадци, блудници, злотвори, пијаници и лицемери кои изјавуваат дека му припаѓаат на умметот на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Но, дали е навистина така? Воопшто не, само оние кои во целост ги следат учењата на Чесниот Пратеник с.а.в.с. му припаѓаат на неговиот уммет. Потоа, во една прилика подетално го објаснил стандардот на баи’атот зборувајќи дека оној кој го прифатил баи’атот и верата треба да се преиспита дали ја прифатил само лушпата или и јадрото. Не е искрена верата, љубовта, послушноста, баи’атот, верувањето и следењето на исламот ако нема права суштина во тоа. Имајте не ум дека времето на смрт не е познато, но дека сигурно ќе дојде. Затоа не завршувајте само на изјавата и на тоа да бидете среќни. Тоа воопшто не е корисно и човекот не може да ја досегне целта на човештвото доколку не искусил смрт на многу блиски, поминал низ многу трансформации и револуции.

Што е смрт? Тоа значи да и дадеме предност на верата над световните работи. Сиот сјај на овој свет се гледа во овие држави. Светските случувања се такви што одвлекуваат од патот на Возвишениот Аллах. Мора да ги избегнуваме. Он не повикува да ја погледнеме моменталната состојба во светот. Чесниот Пратеник с.а.в.с. со свој личен пример ни покажал дека неговиот живот и смрт биле посветен само на Аллах. И сега постојат муслимани кои кога ќе ги прашате дали се муслимани тие ќе речат ’фала му на Бога‘. Оној чии стихови тој ги изговара неговите правила му припаѓаат на Аллах, но тој (сега муслиман) живее и умира за светот, се додека не дојде време за последната воздишка и за смртта. Не е мудро да бидеш среќен. Муслиман го повикал Евреинот да го прифати исламот. Му рекол да не биде среќен само поради името дека е муслиман. Потоа Евреинот рекол дека го повикал својот син ’Кхалид‘ и дека го погребал пред да падне ноќта. Тој станал вечен поради името. Тој живеел подолго од детето и го погребал. Не бидете задоволни само од имињата. Голем срам е некој да се повикува во умметот а животот да го проживее како неверник. Треба да го земете примерот на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Еднаш дошле некои луѓе да се сретнат со Ветениот Месија а.с. и после тоа дале завет на баи’ат. Тој ги советувал дека при давањето на баи’ат личноста не треба да го прифати само тоа дека тој систем е вистинит бидејќи нема да добива благослови поради тоа што само го прифатил. Тој побарал од нас да бидеме благородни, да бидеме богобојазливи (праведни) и постојано да се интересираме за ибадет. Тој не советувал дека Аллах богобојазливите (праведните) дела ги споил заедно со  верата. Богобојазливите дела се оние кои немаат ни најмала недоследност нити противречност. Запомнете дека човековите дела постојано се предмет на напад од крадците. Кои се тие? Тоа се ’покажување и истакнување‘ на тоа дека личноста чини некое дело за да го покаже пред другите и во себе чувствува радост дека со тоа прави некое големо благородно дело. И најчесто постапките биваат поништени со многу лоши дела и гревови кои тој ги прави. Вистинските дела не содржат ниту помисла за суровост, покажување и истакнување, горделивост или погазување на човечките права. Тој објаснил дека човекот, кога ќе биде спасен со правење праведни дела на другиот свет, тој на ист начин ќе биде спасен на овој свет. Ако во домаќинството има само една личност која чини добри дела, целото домаќинство ќе биде спасено. Примете го советот дека самото верување не е корисно доколку не правите добри дела. Кога лекарот напише рецепт тој смета на тоа дека треба да го земете лекот кој ви го препишал. Нема полза ако лицето не го користи тој лек и го отстранува рецептот.

Тој вели:

„Вие овој пат направивте покајание и сега Бог сака да види колку сте се очистиле себе си.“

Тоа е доба кога Бог сака да разликува според богобојазливоста. Има многу луѓе кои му приговараат на Бог а не се преиспитуваат самите себе. Луѓето се сурови спрема себе, но Бог е многу милостив и сомилосен. Сите човекови загуби се само поради него самиот. Аллах никогаш не е суров кон било кој, Он е многу милостив и сомилосен. Он рекол дека има луѓе кои знаат за својот грев. А некои се толку навикнати на тоа што дури и не се свесни за тоа. Аллах советува секогаш да бараме прошка. Треба да чиниме дова за прошка. Овој собир има атмосфера на ибадет, затоа кога учите салавати од се срце молете за прошка. Он рекол дека поради гревот, без оглед на тоа дали е очигледен или скриен, дали е познат или непознат, било да е грев предизвикан од рацете, стапалата, јазикот, носот, увото или окото – продолжете да чините дови за прошка на сите видови на грев.

Овие денови треба да ја учиме довата на Адем а.с.:

„Наш Господару, ние на своите души насилство им нанесовме; и ако Ти не ни дадеш прошка и не би имал милост кон нас, ние сигурно ќе бидеме од оние изгубените.“

(7:24)

Он вели дека оваа дова е прифатена од првиот ден. Оваа дова е прифатена откако Бог ја проучил. Немојте да водите немарен живот. Оваа дова е проучена за да биде прифатена. Ние оваа дова сериозно треба да ја учиме. Треба да се надеваме дека личноста која својот живот не го живее немарно нема да се соочи со поразителна несреќа. Никаква несреќа не доаѓа без пристанување.

Јас сум поучен на оваа дова:

„О мој Господару, сè е потчинето на Тебе. Затоа, заштити ме Мој Господару, помогни ми и имај милост кон мене.“

Оваа дова исто така треба да ја учите.

Во една прилика маулви Абдул Керим Сиалкот р.а. од Ветениот Месија а.с. побарал да му каже нешто за единството и солидарноста. На ова барање Ветениот Месија а.с. го советувал соговорникот и јас ќе изнесам дел од тој совет. Тој рекол дека дошол со два предлога. Едниот е да ја прифатиме Божјата Единственост. Другиот е да покажеме љубов и сочувство едни кон други. Овој пример покажувајте им го и на другите. Ова бил доказот кој е создаден во асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

„… кога бевте непријатели едни со други а Он ги обедини вашите срца (во љубов) …“

(3:104)

Запомнете дека оваа љубов е чудо. Запомнете, доколку секој од вас на својот брат не му го посакува она што го сака за себе, тој не е во мојот Џемаат. Запомнете дека прекинувањето на злобата е знак на Мехди. Зарем тој знак нема да се покаже? Злобата и злонамерноста ќе исчезнат во времето на Мехди. Тоа ќе се покаже вистинито. Зошто вие сте нестрпливи? Како што лекарот рекол дека некои болести, доколку не се искоренат, нема сами да исчезнат. Инша Аллах, ќе биде создаден праведен Џемаат поради моето присуство. Што е причината за взаемното непријателство? Тоа е скржавоста, надменоста и гордоста. Овој Џемаат ќе се формира поради Божјата милост, и многумина кои се верни се родени во светот. Оние кои не можат да ги контролираат своите и не можат да живеат во љубов и солидарност треба да запомнат дека се гости за мал број на денови, доколку не покажат убав пример. Јас не сакам да бидам обвинет поради некого. Таквата личност која е во мојот Џемаат а не постапува според моите намери е како сува гранка. Што градинарот може да направи освен да ја отсече? Сувата гранка впива вода од зелената гранка бидејќи се поврзани но водата не може да ја поврати во зелено. Наместо тоа, таа ја уништува и зелената гранка. Затоа, ве предупредувам дека оној кој не се излекува самиот себе нема да остане со мене. Затоа, оние кои го поттикнуваат непријателството помеѓу себе, тие во моментот се во голем страв. Кога го прифативме оној кој дошол да не подобри, ние треба да настојуваме да се подобриме поради него. Потребно е да слушате и да постапувате според неговите зборови.

Повикувајќи се на човечноста тој вели:

„Што е човечноста и кои се нејзини стандарди? Каков верник треба да се биде?“

Во контекст на тоа вели дека зборот ’инсан‘ е изведен од зборот ’унсаан‘., На тој начин личноста треба да има два вида на вистински однос: Еден со Бог и другиот е да има сочувство со човечката врста. Тој е наречен човек во време кога во него ќе се создадат двете врсти на љубов. Ова е тоа што е наречено јадро на човештвото. Ова е тоа што е наречено суштина на човештвото која создава два вида на односи. Создадете однос со Бог и исполнувајте ги правата еден на друг. Тој рекол дека во тоа време човекот е наречен ’мудар‘. Вие можете да имате илјадници тврдења но тие се безвредни во Божјите очи, во очите на Неговиот Пратеник с.а.в..с. и мелеките.

Објаснувајќи го ова тој вели дека Аллах не забранува да се работи. Он ни наредува да работиме и да не бидеме мрзливи. Целта треба да биде Божјата волја а не материјалниот свет. Тоа секогаш треба да го имате во предвид. Таму каде што постои борба да се постигнат благословите на овој свет, во исто време човекот треба во целост да се бори да ги постигне благословите на Другиот свет.

Тој ја објаснил оваа тема во согласност со тоа што Аллах не подучил со оваа дова:

„Господару наш, подари ни добро на овој свет и добро на идниот свет…“

(2:202)

Во оваа прилика, светот е воздигнат но кој е тој вид на свет. Благословениот вид на свет кој ќе го благослови Идниот свет. Учењето на оваа дова покажува јасно дека, додека верникот го добива овој свет треба да го имаме благословот на Другиот свет. И, спомнувањето на сето она што е најдобро се мисли на тоа дека достигнувањето на овој свет доаѓа заедно со зборовите ’добро на овој свет‘ кои верникот муслиман треба да ги присвои при стекнувањето на овој свет. Здобивајте го овој свет на таков начин што неговото стекнување ќе донесе добро и подобрување а не повредување на другите и не одземање на ’правата‘ на другите и неправедно присвојување на имотот на другите… не на начин кој предизвикува болка на другите луѓе ниту на оние кои донесуваат срам на човечките суштества. Луѓето кои правилно го заслужуваат овој свет ќе бидат оние кои трошат на Аллаховиот пат и за Неговите суштества.

Во нашиот Џемаат влегува само оној кој нашите учења ги смета за свои правила и настојува да постапува според нив во склад со својата волја и сила. Но, оној кој само го задржува името и не постапува во согласност со овие учења треба да запомни дека Аллах намерил да создаде посебен и единствен Џемаат. Ако во стварноста тој не ги следи овие учења на Џемаатот тој не може да остане во Џемаатот со тоа што своето име го придружил на Џемаатот. Тој после некое време ќе го напушти Џемаатот. Поради тоа настојувајте да ги усогласите своите дела со учењата кои ви се дадени. Делата се како крила. Без дела човекот не може да полета поради духовните степени. Човечките дела чинат тој духовно да полета како што птиците навистина летаат. Тој не може да ги постигне целите кои Бог ги чувал под нив (делата). Птиците имаат сфаќање. Ако не го применат не можат да го прават она што го прават. На пример, ако пчелата нема сетило таа не може да извади мед. Слично на тоа се и гулабите поштари кои после обуката носат пораки од едно место на друго. Тие носат писма на големи растојанија во голема мера користејќи ги своите сетила. Тие се користеле во старите времиња. Слично се користеле и птиците за разни цели. Затоа е неопходно човекот да ги користи своите сетила и да размислува дали постапката која ќе ја направи е според овие наредби и Божјата волја или не. Затоа, пред што и да направи мора да размисли за тоа што ќе направи – дали тоа верата го одобрила или не, дали е законито или не, а не треба луѓето да почнат да ги користат сите недозволени средства за да го заслужат овој свет. Кога човек просуди и го користи своето разбирање тогаш е неопходно да ги користи своите раце. Тој не смее да биде немарен или мрзлив. Разумно е да се погледне дека ова учење е исправно. Понекогаш се случува учењето да е исправно но поради негова погрешна проценка и незнаење или поради нечии други погрешни постапки или однесувања човекот бива заробен во измама. Од тие причини треба да истражуваме со непристрасен ум.

Ние не треба да прифатиме дека полето на богобојазливоста е празно. Вие мора да бидете богобојазливи и да не ги кревате сабјите. Тоа не е дозволено. Ако сте богобојазливи целиот свет ќе биде со вас. Затоа, всадете си богобојазливост. За оние кои пијат земањето на алкохол е најголем дел од нивната вера, тие немаат ништо заедничко со богобојазливоста. Тие се во војна со благородноста. Затоа, ако Аллах нашиот Џемаат го направи среќен и го оспособи да се бори против простите дела, да напредуваме во богобојазливоста и побожноста, тогаш тоа е големо остварување и ништо не може да биде поделотворно.

Погледнете ги сите религии на светот –  дека нема стварна цел на богобојазливоста. Се обожава световната величественост. Стварниот Бог е скриен. Но сега, Бог сака да биде препознаен по Себе и светот да биде свесен за Него. Оние кои сметаа дека овој свет е Бог не можат да бидат доволни сами на себе. Во блиска иднина не очекуваат големи искушенија. Тоа е големо предупредување! И Он ќе направи разлика помеѓу непобожните и побожните. Он самиот ќе даде моќ на разликување кога нема да види никакви разлики во вашите срца. Ако некој потврди дека баи’атот ќе има предност на верата над световните работи но не ја покажува неговата вистинитост и искреност во одржувањето на тоа ветување, тогаш Бог не се грижи за него. Ако не само еден туку стотици умрат како него ние можеме да кажеме дека тој се држел далеку од Оној Кој со светлината на вистината и длабочината на знаењето го истерува мракот и на срцето му дава вера и сласт. Тој умрел од тие причини.

Ме загрижува ситуацијата во светот во ова време и каков ќе биде крајот на овој свет! Една личност пред неколку дена зборувала за тоа што ќе се случи со нас бидејќи светот забрзано се движи кон уништување. Ветениот Месија а.с. веќе дал одговор во една од своите строфи:

„Тоа е оган, но сите оние кои го сакаат Бог ќе бидат спасени од него.“

Затоа е стварно дека треба да го засилите својот однос со Бог. Кога ги исполнуваме Аллаховите права (должноста кон Него) во исто време треба да ги исполните правата (должност кон) на Неговите луѓе. Настојувајте да го постигнете она добро кое е добро во согласност со принципите кои Аллах ни ги дал, настојувајте да го избегнувате злото, она зло кое е зло во согласност со правилата кои Бог ни ги дал и кои ги направил очигледни во Чесниот Кур’ан. Ние треба да станеме се посилни во својата вера и дела после прифаќањето на Ветениот Месија а.с.. Ова се работи кои ќе ни донесат спасение. Ова се работи кои Бог ги сака. Годишнините, педесет, седумдесет и пет или стотина години кои Џемаатот ги достигнува се безначајни без оваа револуција. Световните луѓе без сомнение се среќни со овие работи но тоа не се случува со духовниот Џемаат. Ако покажувањето на среќа е поради фактите дека сме направиле напредок во постапките според Аллаховите наредби и ако се бориме за тоа уште повеќе во иднина тогаш тоа покажува благодарност кон Аллах и е за одобрување. Но, ако нашите чекори запреле да одат напред и се движат назад тогаш тоа е нешто за што треба да се загрижиме. Затоа, имајте го на ум говорот на Ветениот Месија а.с. и настојувајте да постапувате според наредбите на Аллах и Неговиот Пратеник с.а.в.с. и продолжете да ги надградувате своите дела. Ние постојано треба да си просудуваме. Кога ќе дојдеме до седумдесет и пет годишнината откако сме овде треба иншаАллах да бидеме во состојба да кажеме дека не сме само истрајни во своите ветувања оти и даваме предност на верата над световните работи, туку и навистина да правиме добар напредок во тој поглед. Нека Аллах не оспособи тоа да го правиме. Јас веќе реков дека затоа посебно овие три дена на Џалса треба да ги поминеме во учење на дови. Исполнете ја целта на Џалса посветувајќи го вашето внимание во целост на следењето на програмите. Нека Аллах ни подари можност тоа да го направиме. Амин!