In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Џалса Салана – ГЕРМАНИЈА ЖРТВУВАЊЕ ЗА РЕВОЛУЦИОНАЕРНО ЛИЧНО ПОДОБРУВАЊЕ

Со Божја милост во Германија започна Џалса Салана. Џалса Салана е важен дел од програмата на Џематот каде и да е основан во светот.

Се случувало дури и на луѓето од Индија да им биде тешко да си дозволат патување до Кадијана заради Џалса Салана. Поради тоа, Ветениот Месија а.с. ги поттикнувал луѓето во текот на годината да штедат пари за да можат да ги поднесат трошоците за патувањето во Кадијана заради Џалса Салана. Денес, бројот на автомобилите во кои Ахмади муслиманите од развиените земји патуваат на Џалса е толкав што организацијата мора да направи посебни аранжмани за паркирање на автомобилите. Предците на присутните на сегашната Џалса имале тешкотии да отпатуваат на собирот, но дали денес некој воопшто чувствува благодарност кон Бог за удобноста и благосостојбата која ја има и дали за возврат увидува дека тоа му ја зголемува верата?  Дали го имаме тоа ниво на вера и врска со Бог кое нашите татковци го имале? Некои наши предци кои биле тука во времето на Ветениот Месија а.с. кои го прифатиле и сакале да го посетат тоа, не можеле да го направат поради финансиски тешкотии. А луѓето на сопствен трошок патуваат од странство на денешниве Џалси на кои присуствуваат робовите на Ветениот Месија а.с.. Покрај тоа, и трагачите на вистината кои уште не го прифатиле Ахмадијатот од разни земји патуваат за да учествуваат на Џалса.

Охрабрувачко е дека нештата се промениле на подобро и дека Божјата порака брзо се шири во светот, но семејствата на овие предци треба да размислат за себе каде стојат во поглед на врската со Бог, верата и  придржувањето до сите Божји наредби. Ако овие нешта опаѓаат тогаш тоа е причина за загриженост. Ние можеби ќе бидеме успешни во световните работи, но нашата духовна состојба одѕвонува со празнина. Понекогаш човекот толку потонува во световни нешта што завршува во прегратката на шејтанот и доаѓањето на Џалса станува само навика.

Во текот на Џалсата треба да направиме напор да ги одредиме своите слабости и да се подобриме. Треба да го молиме Бог ниту ние ниту нашите идни генерации никогаш да не го заслужиме Божјиот бес.

Џемаатот постојано се шири бидејќи Бог ги отвора срцата и ги оспособува луѓето да му се придружат на Џемаатот. Нека Аллах им овозможи на оние кои му се придружуваат на Џемаатот да ја зацврстат својата вера и да ги исполнат барањата/условите за да присуствуваат на Џалса.

Ветениот Месија а.с. ни рекол дека целта на Џалса Салана е да ја развиеме врската со Бог, да живееме во склад со Божјите наредби, да ја исполнуваме должноста кон своите браќа и да ја шириме Божјата порака во светот. Сето ова бара чувство за жртвување. Џалса Салана не е световен саем и не е остварување на световни цели. Луѓето кои доаѓаат на Џалса треба да бидат обземени од спомнувањето на Божјото име и тоа треба да го прават сето време. Спомнувањето на Бог поединечно исто така има заедничко значење и ако поединецот има корист од тоа и Џемаатот има корист. Друга корист од спомнувањето на Бог е да им се сврти вниманието на останатите да се вдлабочат во тоа наместо да го трошат времето во бескорисни разговори. Со Божја милост, праксата формирана во текот на Џалса остава впечаток одредено време и кога се сосредоточиме на тоа, овој впечаток може да трае долго време. Деновите на Џалса треба да се искористат така како што тоа го објаснил Ветениот Месија а.с. и како што тој очекува од нас; да ја засилиме врската со Бог и да ги исполниме срцата со љубов кон Божјото создавање. Било какво неразбирање меѓу луѓето треба да биде отфрлено во текот на Џалса. Ние ќе бидеме во состојба во вистинска смисла да ја упатиме пораката кон другите само тогаш кога ќе ја развиеме врската со Него. Меѓутоа, сите овие патишта барат напор и крајна совесност.

Ветениот Месија а.с. рекол дека овој свет проаѓа и дека еден ден ќе го снема. Тој е ограничен со планот. Затоа треба да одиме кон разбирање и поврзување со Бог. Ако само малку се движиме кон Бог, Неговото движење кон нас е поголемо, меѓутоа, првото движење мораме ние да го направиме. Некои луѓе приговараат дека се обиделе со сè, од постот до намазот и со другите облици на ибадетот и духовни вежби, но ништо не постигнале. Невозможно е Бог да дозволи нешто што е направено поради Него да биде загубено, или тоа да не го награди на овој свет. Ако нашата пракса е да бараме Божјо задоволство, тогаш ќе ја добиеме Божјата милост. Ние треба да се обидеме и да излеземе од мракот на материјализмот и да настојуваме искрено да го бараме Божјото задоволство.

Божјата наклонетост е таква што Он ги праќа Своите одбрани, драги луѓе на Земјата и навистина сме среќни што го прифативме оној кој во сегашното доба е пратен од Бог. Тој дошол и нè подучил за должностите кон Бог и должностите кон Божјото создавање и ни го свртел вниманието да избегнуваме и да отфрлиме поединечен и заеднички грев. Ако со давањето на баи‘ат не се насочиме на овие нешта нема да ги исполниме своите должности. Божјите пратеници доаѓаат на светот за да направат револуционерни промени. Бог во визија му покажал на Ветениот Месија а.с. дека тој направил нова Земја и ново небо и тогаш побарал да направи нов човек. Ова навистина била манифестација на револуционерна промена која требало да ја направи.

Совршениот пример на создавање на нова Земја и ново небо го покажал Чесниот Пратеник с.а.в.с.  Тој дошол меѓу луѓето кои немале поим за Едниот Бог и поради револуционерната промена која тој ја извел, за овие луѓе обожавањето на Бог станало повеќе  од храна. Жените од тоа време исто така самите себе се надминале во обожавањето на Бог. Една жена, асхаб, го обесила јажето од плафонот за да ја предупреди да се разбуди за да направи ибадет. Асхабите го нуделе својот имот на другите кои тоа го одбивале и повеќе сакале напорно да работат за да ги осигурат средствата за животот. Тие исто така покажале зачудувачки примери на искреност. Сето ова се случувало поради револуционерната промена која ја остварил Чесниот Пратеник с.а.в.с. Тој навистина им оддал почест на жените и ги втемелил нивните права и им дал положба во општество во кое немале никакво право.

Хазрети Муслех Мауд р.а. денешното општество го споредил со општеството од тоа време. Тој рекол дека во старо време мажите ги вознемирувале жените, ги мачеле и тоа го сметале за оправдано. Мажите и понатаму ги вознемируваат жените, дури и во Европа каде толку многу се зборува за слободата. Разликата помеѓу старите времиња и сегашноста е дека и наспроти вознемирувањето и физичко измачување на жените, мажите сега тврдат дека таквото однесување не може да се оправда. Така нивната пракса останува иста иако нивните привидни тврдења се промениле.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. направил револуционерна промена надвор од границите и во секоја сфера. Навистина било големо чудо тоа што тој го направил кога безбожните луѓе станале длабоко побожни луѓе. Тоа била нова  Земја и ново небо кои настанале по неговото доаѓање. Во тоа доба Бог од слугата Чесниот Пратеник с.а.в.с. побарал да направи нова Земја и ново небо. Дали состојбата на денешниве луѓе е иста со онаа на луѓето кои биле околу Чесниот Пратеник с.а.в.с.  Сигурно не; всушност изгледа дека незнаењето пред исламот повторно испливало и поради тоа Бог го пратил Ветениот Месија а.с. во склад со Своето ветување. Постоело време кога исламот се следел и практикувал во сета негова слава, но денес се наведнуваат на гробовите. Тие сепак исповедаат: „Никој не е вреден за обожавање освен Аллах…“ но тоа сега не предизвикува никаква позитивна промена во нив бидејќи не ја разбираат неговата содржина и значењето. Тие се муслимани, но само по името. Многу од нив пет пати дневно исповедаат дека се Божји робови но во пракса тие се идолопоклоници. Формирани се екстремистички групи и организации во името на исламот кои изгледа занаат само за еден збор ’џихад‘ и тоа во погрешен контекст  што луѓето ги свртува од религијата. За тоа време било критично да се појави Месија и да направи нова Земја и ново небо, што тој навистина и го покажал.

Еднаш прашале некој човек кој некогаш бил крадец за знакот на Ветениот Месија а.с. и тој одговорил дека тој лично (Ветениот Месија а.с.) бил знак, бидејќи неговиот живот се преобразил по прифаќањето на Ветениот Месија а.с. Навистина, Ветениот Месија а.с. направил нова Земја и ново небо во ова доба и преобразил стотина илјади животи кои покажале како можат да бидат направени нова Земја и ново небо. Меѓутоа, неговата визија исто така го свртува вниманието на неговиот Џемаат да покажат какви напори и настојувања прават во овој поглед на давањето на заветот на баи‘атот. Се обидуваме ли да го постигнеме нивото на нова Земја и ново небо кои асхабите го направиле со прифаќањето на вистинските учења на исламот? Дали нашите души се раздвижени со позитивни промени кои ги поттикнуваат луѓето да кажат дека овие луѓе направиле нова Земја и ново небо? Ако сакаме да ја покажеме новата Земја и новото небо кои Ветениот Месија а.с. ги направил  најголем доказ треба да бидат нашите поединечни примери! Нашето верување во Ветениот Месија а.с. не треба да биде ограничено на вера,туку всушност позитивната промена во нашата пракса исто така треба да биде очигледна.

Хазрети мусех Мауд р.а. рекол дека постојат два вида знаци на Ветениот Месија а.с. Исполнувањето на едниот вид е кај Бог, додека другиот вид има мера на нашиот удел и ќе биде исполнет преку нас. Навистина, ние треба да вложиме најголем напор за нивното исполнување.

Постојат многу нешта кои само Божјите пратеници ги разбираат. Ветениот Месија а.с. објаснил многу нешта кои постоеле по 1400 години, но муслиманите немале вистинска слика за нив. На пример тоа дека сите светски религии се вистинити, иако нивните учења биле погрешно толкувани во подоцнежните стадиуми. Буда, Заратустра и Кришна биле вистинити. Луѓето кои ги следат вистинските учења на своите водачи  се во многу подобра состојба од останатите. Ветениот Месија а.с. објаснил дека учењето на раните Божји пратеници било против шејтанот, бидејќи ако било поинаку никој не би ги следел. Ова точка е спомната во Чесниот Кур‘ан.

Муслиманите денес признаваат дека сите светски религии се базирани на вистина иако тие не го прифаќаат Ветениот Месија а.с. ним им е драго да ги известат луѓето од другите религии дека исламот ги прифаќа основачите на нивната вера. Некои муслимани исто така сега ја признаваат смртта на Иса а.с. што е дел од новата Земја и од новото небо кое Ветениот Месија а.с. го направил.

Тоа се нешта кои треба да ги внесеме во пракса. Ние ја направивме новата Земја со менувањето на својата вера и со прифаќањето на Ахмадијатот и со давањето на баи‘ат. Сега создавањето на новата Земја вклучува вложување и напор. Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека срцето на верникот е како земја. Ние треба да направиме нашите срца да бидат корисни не само во термините на верата туку и во термините на праксата.

Со Божјата милост ние го прифативме Ветениот Месија а.с. и сега Бог сака нашето практично делување да стане подобро, преку Ветениот Месија а.с. да ја направиме добра земјата на своето срце. Ветениот Месија а.с. ни го овозможил барањето/условот поврзан со ова и на нас е тоа да го користиме.

Ние треба да размислуваме за себе. Темелно е дека секоја наредба од Чесниот Кур‘ан треба да направи позитивна промена во нас и како што Ветениот Месија а.с. објаснил ние треба да направиме нова Земја и ново небо.

Ветениот Месија рекол дека луѓето прават планови и преземаат практични чекори но го занемаруваат ибадетот. Луѓето претерано се потпираат на материјалните средства додека го исмејуваат ибадетот. Ова е опасен отров кој се шири во светот. Тој вели дека Бог сака да го отстрани овој отров и од таа причина Бог ја основал мисијата на Ветениот Месија а.с. Ветениот Месија а.с. рекол дека ова е време на духовен судир. Шејтанот ги напаѓа тврдините на исламот но Бог го основал Ахмадијатот за да го брани.

Секој Ахмади муслиман за оваа цел треба да истапи напред и да направи нова духовна Земја и ново духовно небо. Ветениот Месија а.с. рекол дека Божјите наредби се двоструки. Прво, да не припишуваме друг Бог во Неговото Битие, Неговите атрибути, и Неговото обожавање и втор да бидеме чувствителни кон луѓето, не само кон своите ближни и драги туку кон целото човештво без оглед на раса или религија. Бог сака Нему да му ја довериме работата на непријателите и да не бараме сопствена осуда. Колку повеќе човекот е понизен толку е поголемо Божјото задоволство.

Нека (Аллах даде) да ги исполниме очекувањата на Ветениот Месија а.с. во вера и во пракса и да направиме нова Земја и ново небо и да му помагаме на Ветениот Месија а.с. со својата нова Земја и со новото небо!