In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

ЏУМА – ЏАЛСА САЛАНА

Откако сите ги поздрави со ’Ассаламуаликум ве рахматуллах‘ – нека е мир над вас и милоста на Аллах – и го проучи келимеи шехадет: сведоштво на потполна Аллахова Единственост и дека Мухаммед е Неговиот пратеник и роб, и откако на Аллах му ја упати довата со молба да не заштити од шејтанот, Хузур а.т.б.а. ја проучи сура Ал-Фатиха и тогаш кажа:

„Денес, ако Бог даде, по џума намаз ќе започне Џалса Салана. Петок и ибадетот во петок исто така се важни. Ние треба да сфатиме колку петокот е важен и треба да ја исполниме должноста кон овој ден. Поради Џалса, исполнувањето на должноста подразбира правење дови за Џалса да биде благословена. Во поглед на значењето на ибадетот во петок, Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека петокот е најдобар ден. На големо повикувајте ги Аллаховите благослови на мене во овој ден бидејќи тие овој ден ќе ми бидат поднесени.“

Во поглед на значењето на џума во петок во хадисот е речено дека доаѓа еден момент кога секоја дова која ќе ја направи мумун (верник) бива примена – а тоа е многу краток момент во тоа време. Ако во текот на хутбата, или во текот на ибадетот во овој ден се сосредоточиме на учењето на салаватите, односно, на повикување на Аллаховите благослови на Чесниот Пратеник с.а.в.с., тоа треба да го правиме со разбирање и со знаење и да му се молиме на Аллах да ја втемели верата која на светот ја донел Чесниот Пратеник с.а.в.с. и да ја втемели нејзината величественост и вистината меѓу луѓето; и давајќи ни ја способноста да бидеме дел од овој труд, да направиме сé да бидеме меѓу оние кои учествуваат во наградите кои се одредени за оние од умметот на Чесниот Пратнеик с.а.в.с. – за луѓето кои ги прават овие напори.

Кога учиме ’Аллахуме барик Алла Мухаммед‘ ние молиме величественоста на Пратеникот да биде сочувана и заверите на непријателот да ги снема. Нека сите завери на непријателите им се вратат. Вака собрани денес кога го молиме Аллах на овој начин ја привлекуваме Божјата благонаклонетост кон нас. Ние ќе учествуваме во овие благослови со примање на довите. Кога на Чесниот Пратнеик с.а.в.с. му бидат поднесени овие салавати и дови, нам од Пратеникот ќе ни бидат признаени сопствените дови.

Една од големите цели на Џалса е да бидеме сигурни во тоа да љубовта кон Бог и Пратеникот ги облее нашите срца. Ние оваа цел можеме да ја исполниме само кога од длабочината на своето срце го упатиме салаватот на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и кога ќе се подобриме во склад со сите Божји наредби и со примерот кој пред нас го поставил Чесниот Пратеник с.а.в.с..  Упатувањето на салаватите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. преку неговата љубов ќе ни помогнат да ја постигнеме љубовта кон Бог.  Во текот на ибадетот во петок, потоа и во наредните два дена, учете ги салаватите со големо внимание така што Аллах, давајќи ни ја својата милост на непријателите, ќе им го врати злото на нивните планови кои тие ги направиле против нас.

Во благословениот пример кој Чесниот Пратеник с.а.в.с. го поставил пред нас ги гледаме величествените примери на исполнување на должноста кон луѓето. Ние тој пример треба да го всадиме во себе. Бог ни кажал да бидеме љубезни и сожаливи еден кон друг. Дури и во овие нешта ние го гледаме примерот на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Тој не можел да поднесе никаква тешкотија која ќе ги снашла верниците.

Аллах во Чесниот Кур‘ан ја спомнал оваа состојба на Чесниот Пратеник с.а.в.с.:

„Нему му е тешко кога запаѓате во тешкотии.“

(9:128)

По примерот на Чесниот Пратеник тешкотиите кои ги има некој од нас треба да не направат неспокојни.

Една од целите на Џалса е да го зголемиме взаемното единство. Тоа е можно само кога човекот ќе направи големи жртви.

Кога започнала Џалса одредени поединци не направија револуционерна промена. Ветениот Месија а.с. бил многу разочаран и година дена не дозволил да се одржи Џалса. Ветениот Месија а.с. очекува братство, љубов и сожалување од членовите на својот Џемаат. Зошто оние кои веруваат во Ветениот Месија а.с. не се во состојба да ги разберат тешкотиите на другите?  Ние треба да ја зголемиме взаемната љубов. Треба да напредуваме во своето образование во поглед на верата. Сите пријатели само поради напредувањето треба да дојдат на оваа Џалса. Овие Џалси се неопходни за духовен напредок и развивање во верата. За да ја привлечеме Божјата љубов треба да се преземат долги чекори.

Оваа Џалса исто така ќе ни помогне во создавањето на взаемни врски. Секој од нас треба да ја запомни целата на оваа Џалса. Ние треба да ги исполниме барањата на овој собир. Ова не е обично собирање. Нашето внимание треба да биде насочено кон верските учења. Ние не смееме да го губиме времето, настојувајте да го зголемите верското образование.

Настојувајте да ги помните Аллаховите наклонетости и тоа како Аллах ги исполнува ветувањата кои му ги дал на Ветениот Месија а.с.. Како Бог направил неговата порака да стаса до сите краишта на светот. Правете дови за шехидите на Џемаатот. Нека Аллах го сочува Џемаатот од сите завери и безредија на непријателот.

Погледнете ги денешните весници и литература. Редакцијата на магазинот ’Review of Religions‘ (Прегледот на религиите) на својот изложбен простор ја изложила обвивката на Иса а.с. (Исус Христос). Гледајќи ги таквите изложби човекот ја увидува вистинитоста на тврдењето на Ветениот Месија а.с.. Направете средби еден со друг. Многу Ахмади сведочат за голема љубов при средбите со другите Ахмади од разни земји.

Ветениот Месија а.с. рекол дека треба да ги зголемуваме взаемните врски и да станеме духовно единствени. Скршете ги сите културни препреки.

Правете дови еден за друг така да биде втемелен величествен стандард. Овие взаемни односи треба да бидат единствено поради Аллах. Сите треба да се бориме да изнајдеме и други придобивки од оваа Џалса. Во текот на овие денови правете дови и борете се да учествувате во целите кои Ветениот Месија а.с. ги поставил.

Посветете го вниманието на програмите на Џалса и потоа применувајте го тоа. Внимателно слушајте ги говорите, не покажувајте мрзеливост.

Тие кои говорите не ги слушаат внимателно ќе немаат придобивки од нив. Потсетете се дека сé што е спомнато треба да се слушне со големо внимание, инаку никаква корист од тоа нема да имате. Слушајте со намера не само да учите туку исто така да се повинувате (да се покорите), напредувајќи во верата и правејќи го тоа корисно за себе.

Не посветувајте внимание само на стилот на говорот туку насочете се кон суштината, сржта на тоа што е кажано. Повеќето, само се насочуваат на начинот на говорот но не успеваат да разберат што всушност е кажано. Ветениот Месија а.с. не го сакал насочувањето кон начинот на говорот. Муслиманите на своите собири не доаѓаат со потребната преданост. Каква смисла има трошењето на голема сума пари кога луѓето не го посветуваат вниманието на суштината. Нека Аллах ги оспособи сите учесници да се здобијат со корист од оваа Џалса. Почитувајте ги работниците и покорувајте им се. Волонтерите се тука за да ви помогнат. Ако упатството се однесува макар и за храната или седењето, послушајте ги. Одредени луѓе од различни причини бараат посебно внимание. Според тоа, за цело време храната треба да биде достапна. Секој поединец треба да разбере дека треба да се здобие со придобивки од оваа Џалса. Мајките треба да донесат храна за своите деца.

Доцнењето во сообраќајот предизвикува доцнење на Џалса програмите. Покорувајте им се на луѓето кои се задолжени за безбедноста, останете внимателни. Напредокот на Џемматот кај многумина предизвикува завист. Џалса програмите имаат разни упатства кои треба да се прочитаат и почитуваат.

Ветениот Месија а.с. рекол дека треба да се потсетиме на оние кои починале во оваа година бидејќи и тоа е една од целите на Џалса.

Првата џеназа е за еден шехид. Мукаррам Икрамуллах сахиб, шехид од Таунс Шариф, Дера Гхази Кхан. Тој бил погоден во својата продавница за медицинска опрема на 19 август 2015 година. Напаѓачите додека заминувале гордо изјавиле дека убиле неверник. Икрамуллах сахиб по образувањето отворил продавница за медицинска опрема. Продавницата ја отворил пред девет години. Се оженил во 2009 година. Бил многу побожен и многу предаден. Помагал во поплавите. На сиромашните им обезбедувал бесплатни лекарства. Бил муси и имал разни служби во Џемаатот. На 11 јули во 2015 година била нападната џамија и тој ја водел истрагата и добивал закани. Неговата жена вели дека во сон го видела Ветениот Месија а.с. кој му кажал веднаш да дојде. Тој зад себе оставил две деца: ќерка од 4 години и син од 2 години. Неговите деца се Вакф е нау. Нека Аллах ја воздигне неговата положба и нека на неговото семејство му подари трпение. Амин.

Втората џеназа посветена на професорот Мухаммед Али сахиб, кој починал на 14 август 2015 година. Тој во младоста го прифатил Ахмадијатот и извршувал различни служби за Џемаатот. Бил единствен Ахмад во своето село. Положил магистерски труд по филозофија. Хазрети Халифа-тул Месих II р.а. ја примил неговата молба животот да го посвети на служењето на верата. Подучувал разни предмети на колеџ. Работел како приватен секретар на Халифа-тул Месих III р.а.. Исто така бил професор по англиски јазик во училиштето Ѓамиа. Ги превел книгите на Ветениот Месија а.с.. Мухаммед Али сахиб бил прв службеник на Вакф е нау програмата. Поради неговиот голем интерес за преведување бил главен преведувач за Џемаатот. Работел долго време во сенатот на Пунџаби универзитет.  Напишал величествена поезија на урду и пунџаби јазик. Бил многу вреден работник. И бил многу побожен. Дури и на 13 август пред смртта работел во канцеларијата. Имал срцев удар. Зад себе оставил две сестри и двајца браќа.

Хазрети Халифа-тул Месих II р.а. вели дека Мухаммед Али сахиб бил од Јаландар и дека Шаудхру Мухаммед Али сахиб бил од Јаландар. На Шаудхру Мухаммед Али сахиб му била дадена способност да преведе повеќе од другиот Мухаммед Али сахиб. Но тој многу точно преведувал. Мујееб ур Рахман сахиб, адвокат, рекол дека Шаудхру сахиб е голем вљубеник во Халифатот. Неговата љубов кон Халифатот на секого му оставала впечаток.

Дури и неговите студенти сведочат дека Мухаммед Али сахиб подучувал на соодветно однесување. Тој на еден од нив рекол дека во секој момент можат да ги посетат членовите на Џемаатот и поради тоа не треба да покажуваат било каква мрзеливост или замор. Многумина ќе се обидат да ги препознаат вашите слабости. Прифатете ги. Ако некој му приговори на Џемаатот или Халифатот не толерирајте ги. Др. Ноор сахиб вели дека кога пред многу години имал срцев удар се насмевнувал и го спомнувал Бог. Секогаш го молел Аллах да му овозможи да ги исполни своите должности кои тогашниот халифа му ги давал. Имал голема љубов за секого и за сите халифи. Вистинскиот Ахмад ги сака сите халифи. Неговата единствена цел била да му биде предан на Халифатот. Нека Аллах продолжи да го дарува Џемаатот со така предани и верни поединци.

Сета благодарност му припаѓа на Аллах. Ние Него Го фалиме, ние бараме помош од Него и ја бараме неговата закрила; ние Нему му се доверуваме, ние само на Него се ослонуваме и бараме заштита од злото. Оној кој Он ќе го упати на правиот пат, никој не може да го заведе. Он е Еден и нема партнер. Ние сведочиме дека Мухаммед е Негов роб и Пратеник. О, робови на Аллах! Нека Аллах биде милостив кон вас. Навистина, Аллах ви наредува праведно да се однесувате. Забранувајте зло кое се однесува на вас и зло кое влијае на другите. Тој ве предупредува да не бидете немарни. Сеќавајте се на Аллах; Он исто така ќе се сеќава на вас. Призивајте го Него и Он ќе одговори на вашиот повик. Навистина спомнувањето на Аллах е најголема доблест.